![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 84> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До крајот на ноември ќе биде комплетно реконструиран патот Гостивар – Кичево
Последната нереконструирана делница од патот Гостивар – Кичево ќе биде готова во текот на ноември. Трасата од Здуње до Гостивар е со должина од 4,6 километри, за чија обнова од Јавното претпријатие за државни патишта имаат издвоено 520.000 евра. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во реконструкцијата на оваа делница. Тие информираа дека во наредните десет дена ќе биде комплетно затворен за користење патот меѓу Здуње и Гостивар, со цел побрзо да се постави нов асфалт на овој патен правец. Во изминатиов период беше извршена етапна реконструкција на патот меѓу Гостивар и Кичево, а беа санирани и мостовите долж оваа траса. Министерот Горан Сугарески посочи дека активно се работи на изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. – Досега изградивме и реконструиравме 770 километри патна мрежа со вкупна вредност од преку половина милијарда евра. Годинава ќе ја завршиме со преку 500 километри реконструирани патишта, од кои најголем дел биле заборавени и не беа реконструирани со децении – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. https://meta.mk/do-kraјot-na-noemvri-ќe-bide-kompletno-rekonstruiran-patot-gostivar-kichevo/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАГЛАВЕНА ПОПРАВКАТА НА ПАТОТ НА ИСТОЧНИОТ ВЛЕЗ НА ВЕЛЕС
Ако до пред три месеци Велешани се потсмеваа, сега се крајно револтирани што и по година и пол од одронот на десетици тони камења, оштетениот пат на источниот влез на Велес сеуште не е поправен. За тоа е свесен и градоначалникот Аце Коцевски, но се правда дека патот не е општинска надлежност. Вели дека единствено што можел да направи, е да инсистира кај јавното претпријатие за државни патишта, во еден проект да го санира и патот, но и опасната карпа, која повторно се заканува да се урне врз него. Од Јавното претпријатие за државни патишта уште пред четири месеци изјави дека санацијата била предвидена во планот за јавни набавки за годинава, а во постапка била изработка на техничка документација, по што требаше да се распише тендер за изведувач. Но, на два месеци пред крајот на годината, градежни работи сеуште нема. „Јавното претпријатие за државни патишта објави јавна набавка за избор на изведувач за санација на предметното свлечиште (одрон). Во тек е евалуација на доставените понуди.“ Луѓето кои живеат во близина на ова место коментираат дека со падот на температурите, во опасност од мрзнење се главните доводни цевки за вода, кои ја снабдуваат блиската фабрика за кожи и уште неколку куќи, а кои од оштетувањата на патот, се изложени на секакво атмосферско влијание. Во меѓувреме и сообраќајот на оваа делница се одвива отежнато, посебно во вечерните часови. Одронот се случи во март минатата година, а оваа делница беше во прекин повеќе од еден месец, бидејќи толку време се чекаше да се исчистат карпите од патот. Оттогаш до денес помина една и пол година, а државата сеуште ја чека документацијата. https://24.mk/details/zaglavena-popravkata-na-patot-na-istochniot-vlez-na-veles |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Рехабилитација на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Пречекорен рокот за асфалтирање на последниот километар Тетово – Попова Шапка
![]() Иако на 5 септември годинава, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека во рок од две недели последниот километар од патниот правец Тетово-Попова Шапка ќе се асфалтира, ова ветување не е одржано и патот до денес остана неасфалтиран. Од министерството известуваат дека министерот Бектеши во текот на неделата ќе ја посети Попова Шапка за да ги следи работните активности на реконструкцијата на патниот правец, пренесува „Порталб.мк“. Патот Тетово-Попова Шапка требаше да се асфалтира во должина од 18 километри, меѓутоа последниот километар од истиот остана не асфалтиран. После неколку недели нејаснотии околу тоа под чија надлежност е овој правец, министерот Бектеши рече дека делот кој е регионален пат ќе се асфалтира во целост во рок од две недели од датумот 5 септември, но истиот се уште не е асфалтиран. Од министерството за економија велат дека за идните активности министерот ќе известува лично во текот на увидот на градежните работи. „Министерот Бектеши во текот на оваа недела ќе врши увид врз градежните работи за реконструкција на патниот правец Тетово -Попова Шапка и ќе ве информира за следните активности“, велат за „Порталб.мк“, од министерството за економија. Рехабилитацијата на патот Тетово-Попова Шапка започна во мај годинава и треба да заврши во септември. Патот до сега е асфалтиран до еден километар од влезот во ски-центарот. Од Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ побараа додека машините стојат на место, да се продолжи патот за уште еден километар. https://meta.mk/prechekoren-rokot-za-asfaltiraњe-na-posledniot-kilometar-tetovo-popova-shapka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Распишан тендерот за реконструкција на патот Куманово – Страцин на Коридорот 8
Јавното претпријатие за државни патишта догодина планира да ја комплетира реконструкцијата на магистралниот пат Куманово – Ранковце, како еден сегмент од проектот за модерно патно поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Распишан е тендерот за реализација на втората фаза од санацијата на делницата меѓу Куманово и Страцин долга 16,6 километри, која што е дел патот Куманово – Ранковце долг 31,8 километри. Понудите од градежните компании ќе се собираат до крајот на октомври, по што ќе се избере најповолниот понудувач што ќе ја изведува втората фаза од реконструкцијата на патниот правец меѓу Куманово и Страцин. Преостанатите километри од оваа траса ќе се санираат преку посебен тендер на Делегацијата на ЕУ, бидејќи станува збор за проект финансиран од ИПА средства. Во насока на целосна санација на патот меѓу Куманово и Крива Паланка, ЈП за државни патишта веќе ја финишира обновата на патот од Ранковце до Крива Паланка со должина од 21 километар. Во претстојните недели треба да биде познат и изведувачот на проширувањето на патот меѓу Крива Паланка и граничниот премин Деве Баир, каде во должина од 13 километри треба да се реконструира коловозот и да се изгради трета коловозна лента. Целта на македонските државни власти е до крајот на 2021 година да биде целосно модернизирано постојното патно поврзување со Бугарија, како и да биде изграден новиот експресен пат меѓу Ранковце и Крива Паланка. Средствата за реконструкција на патот од Куманово до Страцин се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и од ИПА програмата на ЕУ. Дополнително, за проширувањето на последната делница од Крива Паланка до Деве Баир е земен кредит од ЕБОР во висина од 10 милиони евра. https://meta.mk/raspishan-tenderot-za-rekonstrukcziјa-na-patot-kumanovo-straczin-na-koridorot-8/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Од фб на ЈПДП
Куманово-Опае ![]() ![]() ... Берово-Граничен премин Клепало ![]() ![]() |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Во веста од денес беше наведено дека наредната година ќе се продолжи со обнова на кракот Бунец-Леуново, а исто така беше споменато и дека ќе се работи на Маврово (брана)-Жировница ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
И патот кон Леуново е во очајна состојба, треба да се обнови.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Реконструкција на патот Маврово-Никифорово(од фб)
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Vasilij ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jun-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 339 |
![]() ![]() |
Завршена е реконструкцијата на 15км од патот Делчево - Пехчево и на патот Берово - Клепало (граничен премин). Извршена е реконструкција на најоштетените 15км од вкупно 40 од патот Виница - Берово. Во сите три случаи се гребеше асфалтот па се нанесоа 2 нови слоја, беше извршена замена на еластичните огради и беше поставена нова сигнализација.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Завршена е и обновата на регионалниот пат Драчево-Зелениково, односно до кракот кон селото Таор. Патот беше во катастрофална состојба, па така конечно доживеа обнова. За жал слики немам, ама е добар за возење.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() Ако е навистина до граничниот премин, тогаш браво. Инаку, ова на фотографиите и пред оваа реконструкција беше во добра состојба. Ужасот почнуваше по селото Старо Нагоричане. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Завршивме со рехабилитација на регионалниот пат Р1207, делница Младо Нагоричане – Пелинце, инвестиција од 1,2 милиони евра.
![]() ![]() ![]() ![]() фото: фб профилот на Горан Сугарески |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Мислам дека се работи за темелна реконструкција. Овој пат беше многу оштетен ,а веројатно и никогаш не бил саниран од неговата изградба (односно не вака реновиран). Лани често минував по него (додуша не до Фурка бидејќи не ме водел патот таму, ама Валандово и Дојран ), не беше премногу лош за возење но сепак налик Гевгелија - Богданци, односно лоша состојба, со многу оштетена подлога.
|
|
![]() |
|
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
Ова мене како нов пат ми изгледа, а не реконструкција.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Реконструкција на патот Богданци-Фурка (извор: фб профилот на Горан Сугарески)
![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Здуњската крстосница – нерешлив сообраќаен јазол
ТЕСНИТЕ ГРЛА ЛОШИ ЗА ИМИЏОТ НА ДРЖАВАТА Домашни гости, странски туристи и други патници што со возило се враќаат од Охрид или од Струга кон Скопје се револтирани од долгото чекање, застојот што се создава во сообраќајот и од тесните грла на магистралниот пат Кичево – гостиварска обиколница, што секако фрла лоша слика и за државата воопшто. Возачите велат дека за толку време, изгубено во чекање, се стигнува до која било дестинација, односно дека повеќе време потрошиле во чекање отколку во патување до Скопје или до Солун на пример Неколку стотини возачи и нивните сопатници во неделата во доцните попладневни и вечерни часови беа нервозни чекајќи во неколкукилометарската колона што се создаде пред здуњската крстосница на западната магистрала Кичево – гостиварска обиколница. Тесното грло се создало уште кај церската крстосница со вклучувањето на возилата од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови – Гостивар. Ова ни го потврдија неколкумина гостиварци што се вклучиле во сообраќајот во неделата навечер и долго чекале за да се вклучат во сообраќајот на магистралниот пат, а чекањето потоа дополнително се развлекло уште еден час и повеќе за да ја минат крстосницата. Домашни гости, странски туристи и други патници, кои се враќаат од Охрид или од Струга, се револтирани од долгото чекање и од застојот што се создава во сообраќајот што, секако, фрла лоша слика и за државата воопшто. Велат за толку време, изгубено во чекање, се стигнува до која било дестинација, односно дека повеќе време потрошиле во чекање отколку во патувањето до Скопје на пример. Жителите од гостиварските населби Здуње, Равен, Вруток и Речане со овој проблем, пак, се соочуваат секој ден. – За да се вклучиме во сообраќајот на магистралниот пат од нашите села чекаме по десетина минути, а во шпицовите на денот, особено во овие летни месеци кога печалбарите се дојдени во родниот крај и двојно повеќе – ни објаснуваше Асан Реџепи од селото Равен. Ако се земе предвид дека има денови кога по овој пат минуваме по неколкупати, може да замислите колку време губиме непотребно. За да се надмине овој сообраќаен проблем, треба да се проектира ново сообраќајно решение, што ќе обезбеди побрзо и побезбедно движење на возилата, велат нашите соговорници. Токму утрово, од Скопје телефонски ми се јави пријателот Стево Јошески и револтиран ме замоли да напишам текст (без да знае дека веќе работам на темата) за хоророт што неколку стотини граѓани го доживеале пред два дена, во неделата навечер, чекајќи во долга, непрегледна колона за да го минат семафорот на магистралниот пат Кичево – гостиварска обиколница. Крајно време е да се разбуди свеста на надлежните и на актуелната власт. Жалосно е да се чека по час-два да се мине еден семафор, а потоа во Скопје да се стигне за двојно помалку време – искоментира мојот соговорник Јошевски. Но како да се надминат овој сообраќаен проблем и хаос, кои особено се присутни во празничните и викенд-деновите, во летниов период кога за неколкупати е зголемена фреквенцијата за разлика од другите месеци од годинава. Во овој период од годината во родниот крај присуствуваат и неколку илјади нашинци, кои се наоѓаат на привремен престој и работа во западноевропските држави и претежно од нив доаѓаат со автомобили. Во потрага по одговори од надлежните институции и органи за посочениот проблем добивме објаснување од урбанисти и архитекти, на кои оваа проблематика им е добро позната, и кои велат дека уште многу години семафорот на здуњската крстосница, на западната магистрала – гостиварска обиколница – Кичево ќе биде проблем. Според нив, овој проблем е предочен уште пред дваесетина години кога учествувале во објаснување со надлежните на тогашниот Фонд за патишта на Македонија, кога на населението им ги претставиле трите варијанти, односно трите можни проектни решенија за изградба на автопатот Гостивар – Кичево. Поради немањето средства не се пристапило кон изградба на автопат на гостиварската обиколница. На проектното решение според кое требало да се гради автопатот, на трасата се изградени објекти за бизнис и за домување и гробишта. Според мислењето на поранешните архитекти и урбанисти вработени во Секторот за градежништво на општината Гостивар, кои се вклучени во оваа проблематика, проблемот ќе се реши кога ќе започне да се гради автопатот Гостивар – Кичево. – Се планираше да се изгради кружен тек и на тој начин да се реши здуњското патно тесно грло, а дотогаш овој проблем ќе биде уште поизразен. Возачите ќе се нервираат, залудно непотребно ќе губат време, пари. Дали надлежните министерства, институции, агенции, ќе го согледаат проблемот и ќе се преземат активности или ќе чекаат да започне изградбата на автопатот Гостивар – Кичево останува нејасно – велат нашите соговорници. Сите тие се согласни дека тесното сообраќајно грло негативно се одразува врз стопанството, во развојот на езерскиот, планинскиот, зимскиот и бањскиот туризам во овој дел на Македонија. Секој викенд физичка регулација на сообраќајот Од СВР-Тетово побаравме одговор што преземаат за побрз протокот на сообраќајот на оваа крстосница. За „Нова Македонија“, Марјан Јосифовски, портпарол на СВР-Тетово, даде одговор за проблемот. – Од почетокот на летната туристичка сезона, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи – Тетово, полициска станица Гостивар, секој петок, сабота и недела редовно се присутни на здуњската крстосница и вршат физичка регулација на сообраќајот од 18 часот и 30 минути до 23 часот и 30 минути, со давање предност на минување на возилата што се движат од Кичево кон Гостивар, а потоа повремено се пропуштаат и другите возила, кои кон крстосницата наидуваат по улицата ЈНА. Истото е практика и во другите денови, доколку има поголема фреквенција на возила.Во текот на викендите, исто така, посебно внимание ѝ се посветува и на забраната за движење на тешки товарни возила, во согласност со важечките знаци и прописи. Меѓутоа, како резултат на значително зголемениот број возила по магистралата кон Охрид и Маврово и обратно, повремено се создаваат застои во одвивањето на сообраќајот, посебно во доцните попладневни и вечерни часови. Секторот за внатрешни работи – Тетово вложува максимални напори да обезбеди непречено и безбедно движење на возилата на целото подрачје, особено и на оваа крстосница – велат од СВР-Тетово. За привремено, брзо и евтино ублажување на овој проблем, за намалување на времето на чекање пред здуњската раскрсница, според мислењата на стручњаците, потребно е да се направи реконструкција на стариот пат, кој се одделува од близината на мостот на реката Вардар, кај селото Здуње и по него би се движеле возилата за Гостивар, а со тоа ќе се растовари од возила обиколницата. Инаку, за целосно решавање на овој сообраќаен проблем се потребни огромни парични средства, време и ќе се реши со изградбата на автопатот на гостиварската обиколница од наплатната рампа кај Гостивар, до здуњската крстосница, од каде што треба да се гради автопатот Гостивар – Кичево. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/здуњската-крстосница-нерешлив-сообр/?fbclid=IwAR35I2AfZpNEFzxaqC3L1ofmXobJVyA5SFVYXS9g_dNKkE10cg2R3R7jiXk |
|
![]() |
|
WolfLeader ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Aug-2015 Online Status: Offline Posts: 694 |
![]() ![]() |
Da na mnogu mesta se postaveni takvi induktivni jamki za merenje na intenzitetot na vozilata niz drzavata ...
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ги забележал ли некој индуктивните сензори кој се поставени на повеќе патишта низ Македонија. Деновиве возејќи на повеќе патни правци забележав индуктивни сензори поставени во асфалтот и куќарки покрај нив.
Дали конечно во државава се бројат возилата на еден пат без користење на работна сила по патишта?! |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |