![]() |
![]() |
![]() |
Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 22> |
Author | ||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|||||
единствена предност на ЛРТ во Скопје е што ќе можеше да се интегрира во железничкиот сообраќај а предност на БРТ е што е потребна минимална инфраструктура и е полесно за правење измени и додатоци |
||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||||
![]() |
||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||
Идејниот проект во март, се чека на Собранието за потпишување на договорот за „трамвајот на тркала“
Градот Скопје во текот на март очекува да го добие идејниот проект и пропратната документација за првата линија на брзиот автобуски систем (БАС) во Скопје на потегот од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Градските власти за „Мета.мк“ велат дека немаат никакви најави за доцнење во изработката на идејниот проект, за кој беше склучен договор за проектирање минатата есен. По изработката на идејниот проект, градските власти ќе треба да ја стават на увид на јавноста документацијата за тоа како ќе изгледа функционирањето на првата линија од „трамвајот на тркала“, која ќе биде долга 12,81 километри, ќе има 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала. Откако ќе се изработи идејниот проект, следен за подготовка е основниот проект, коj ќе бидe стожер на изведбата на брзиот автобуски систем. „Распишувањето на огласот за избор на проектант за Изработката на основниот проект и целокупната пропратна документација за првата линија од БРТ Скопје, ќе го спроведува Европска банка за обнова и развој (ЕБОР)“, велат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Динамиката со која ќе се изготвува основниот проект зависи од реализацијата на кредитното задолжување кај ЕБОР, која пак во моментов се наоѓа на разгледување во Собранието на РСМ. Кредитот од 70 милиони евра за двете БРТ линии во Скопје се наоѓа пред собраниската Комисија за финансирање и буџет, а откога ќе го помине овој филтер, предложениот закон за должување кај ЕБОР во второ читање треба да се најде пред пратениците на некоја од следните собраниски седници. Документот што земјава планира да го склучи со ЕБОР може да се разгледа овде. Првата транша од кредитот на ЕБОР во висина од 47,6 милиони евра треба да се искористи за изработка на основниот проект, изградба на првата БРТ линија, но и за идните депоа во Ѓорче Петров и Ново Лисиче, реконструкција на булеварите и улиците по кои ќе минува трасата, набавка на нископодни автобуси на компримиран природен гас, систем за управување со сообраќајот, систем за управување со возниот парк, систем за информирање на патниците и систем за наплата на билети. Втората транша од 22,4 милиони евра ќе се реализира како подоцнежна фаза, и тоа за реализација на втората БРТ линија од Кисела Вода до Бутел. Покрај заемот од ЕБОР, банката ќе додели и неповратни средства за техничка поддршка за имплементација на двете линии од „трамвајот на тркала“. Од Град Скопје велат дека договорот за кредитот со ЕБОР ќе се потпише откога законот ќе биде изгласан од пратениците во Собранието. Инаку, со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се патувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Ова ново средство за масовен превоз во Скопје ќе биде физички одвоено од постојниот коловоз, а би се движело по средината на булеварите и улиците низ кои ќе поминува трасата. https://meta.mk/idejniot-proekt-vo-mart-se-cheka-na-sobranieto-za-potpishuvanje-na-dogovorot-za-tramvajot-na-trkala/ |
||||||
![]() |
||||||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|||||
Не може да ме убеди некој дека ЛРТ барем како што почна да го поректира Трифун од Ѓорче до Ново Лисиче е нешто непотребно или преамбициозно за град како Скопје. Ниту сумите за изведба не се нешто превисоки, ниту па тековното одржување за кое вреди да добива субвенција од градот ако треба.
Тоа што Коце не беше заинтересиран, а Шилегов неспособен да се избори за кофинансирање со Влада е огромен проблем. Ова е едно решение од типот на проширувањето на Гологанов. Не треба да се изведе затоа што на долг рок е нешто што ќе прави проблеми за понатамошниот развој за градов. Само што тука влогот не е една улица, туку цел јавен превоз. Се знае како и што треба и според ГУПови, а и дискутирано е на форумов со години. |
||||||
![]() |
||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|||||
па не мора да се форсира проектот, дел по дел, може да се направи таму каде што има можност и смисла, па во иднина да расте каде што треба
нешто слично како што можеше да се направи почетно ЛРТ кое ќе ја користеше железничката мрежа |
||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||||
![]() |
||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||
Без решавање на проблемот со тесните грла низ градот каде се создаваат големи гужви БРТ-то ќе биде осудено на доста импровизации и стеснување на другиот сообраќај а кај нас сите импровизации завршуваат доста лошо па така и со ова. Навиките на населението се менуваат но тоа е процес и не оди така брзо конкретно треба санкции за сите сегашни узурпатори на десната лента,за сите застанати на 2 минути а ги нема пола саат... Секако многу е важно како ќе го изведат проектот колку средишно зеленило ќе настрада,соодветна синхронизација на семафорите(која и сега е повеќе од потребна).
Како пример би ја земал раскрсницата кај Транспортен која секој работен ден е блокирана од возила(од 8 до 9 и од 15:30 до 17:00+ ако има некое пренасочување заради протест или слично е дополнителен хаос) така да тука и БРТ ќе заглавува и ќе губи време. Затоа ако сакаат овој проект да го истераат на вистински начин и да биде функционален тогаш следните 4-5 години треба да се позанимаваат и со изградба на нови улици,кружни текови и се што е потребно за да се растерети сообраќајот а исто така и извесни преусмерувања и синхронизации за брз проток(многу време се губи по семафори низ градот бидејќи се е на едно ниво). Што друго и да одлучат да направат само на прва ќе изгледа дека е ок но во пракса ќе создава нервози. |
||||||
![]() |
||||||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|||||
За мене е глупаво да се форсира овој проект кога во Скопје не е комплетирана примарната сообраќајна мрежа. Само дополнително ќе се компликува работата и ќе се појави потреба од некои нови импровизации, кои знаеме дека секогаш неславно завршуваат. Централното градско подрачје и натаму ќе си остне тесно грло, а ќе се појават и повеќе такви точки, како мост О.Н. Единствените два булевара на кои полесно може да се изведе БАП - Партизанска и Јане Сандански ќе се стесна за една лента, што особено ќе се одрази на крстосниците, и ќе изгубат доста од средишното зеленило. На крај вкупниот сообраќај ќе стане уште похаотичен. Сме решиле еден проблем (можеби), а се појавиле нови. А во бајките дека возачите ќе се демотивирале и ќе користеле повеќе јавен превоз не знам уште кој верува. И да има таков тренд, треба двојно да се намали бројот на возила за да се почувствува некоја реална разлика. Со овие пари би можеле да се изградата десетици километри нови улици и булевари, што не се адхок решенија туку се одамна планирани и осмислени да го опслужуваат растечкиот сообраќај на градот.
|
||||||
![]() |
||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|||||
![]() а да објаните сите зошто е глупост и импровизација да се направи БРТ во Скопје? овој систем го имаат воведено и градови кои во својот превоз имаат ЛРТ, метро и автобуси... зошто би било проблем кај нас? и зошто би инвестирале во ЛРТ мрежа, за која треба поскапа инфраструктура и поволем простор, кога може да имаме превозно средство со ист капацитет и функционалност? тоа што политичарите и медиумите се расфрлаат со неписмени помпезни наслови не треба да не засега, туку треба да не засега како ќе биде изведен проектот и дали ќе има кршп импровизации кои ќе му наштетат на сообраќајот, како што имало до сега инаку ЛРТ/БРТ би ви била скроз иста опција во поглед на капацитет, брзина и удобност Класично подземно метро е дискутабилно колку е исплатливо за Скопје и која е неговата поента со оглед на големината на градов |
||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||||
![]() |
||||||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|||||
Жива глупост е ова... неверојатно...
|
||||||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||||||
![]() |
||||||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|||||
Го има низ цел свет ама обично е најраспространето низ посиромашните земји како замена за вистинската работа,МЕТРО. Само кај нас нивото на популизам и новинарски клиентилизам е толку надвор од граници што БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ се нарекува "МЕТРОБУС" "Метро на тркала" се околу метро,доволно за просечниот граѓанин на карпош и центар(што нели сега не се замара со политика) да наслушне клучен збор МЕТРО и да си продолжи да заокружува. Ништо страшно не е ако кажеш или излажеш немаме пари за вистинско метро,грујо купуваше споменици,заев ги пикна в џеб шилегов ги испи....ќе ги модернизираме автобуските постојки и ќе земеме електручни автобуси. Како ќе биде одвоен од сообраќајот пример на булевар "Борис Трајковски" ? На колку места во градов ќе може да биде одвоен од сообраќај ? Кога ќе врне дожд и снег нема да влијае тоа на неговата брзина,пристапност ? Ќе градат тунели,ќе прошируваат улици, што е планот ?? 4 години поминаа до сеа ќе израдеа вистинско метро,само приказни од избори до избори,образ ѓон. Edited by David - 26-Jan-2021 at 10:17 |
||||||
![]() |
||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||||
![]() Уште една сликичка за албумчето. ![]() Edited by fichot - 26-Jan-2021 at 02:08 |
||||||
![]() |
||||||
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|||||
![]() На власт дојдоа со „популизам“ дека ќе го решаваат „Скопје2014“ а го легализираа со купување и препродажба на објектите што се направија тогаш, а сега им се уарни па си се сместија таму. Циркус. За Метро бус, не знам зошто толку се „палат“ граѓаниве на ова, секој кој што прошетал или бил на екскурзија во Запана Европа можел да види вако нешто, јас пред 2 години жиеев во Руан- Нормандија, град со околу 100к жители и имаше ваков транзит систем кој фукнционираше со оделени ленти онаму каде што можеше а онаму каде што немаше можност си одеше регуларно. Автобусите беа долги со четири влеза, на секои 5 мин нов автобус пристигаше, постојките беа обични но малку подигнати за да не мора да „рипаш“ или да се спуштиш на улица со една нога. Да напоменам градот беше од тип на „стар Париз“ со збутани улички а главната улица беше оставена само за овој транспорт. Скопје со широк булевар како Партизанска нема што да се грижи и не би требало да чини толку многу, е сега тоа физичко оделување не знам како ќе се врши. Како и да е, ако добие Шилегов пак избори ќе го одложи за таму при крајот на вториот мандат. Не верувам дека брзо ќе се направи ова. Edited by JovanOdGjorche - 20-Jan-2021 at 09:06 |
||||||
And something, somewhere was lost in 1938...
|
||||||
![]() |
||||||
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|||||
Зар има некој што сериозно верува во рализација на самопрогласеново "метро" ?
![]() Најголем проект им е што урбаната мафија тотално ја предадоа во рацете на албанските компании. Само треба да се пази тие 70 мил. кредит што ќе го земат да не си го поделат меѓу себе ко што направија за милијарда и пол последниве 6 месеци,а ако си го поделат да лежат в затвор. |
||||||
![]() |
||||||
Urbanista ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 28-Dec-2020 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 36 |
![]() ![]() |
|||||
Проект, проект, проект.. и толку, толку видовме од оваа градка власт во овие три години.
До каде е Универзална, до каде е реконструкција на ул.Орце Николов(требаше да е готова не е ни почната), до каде се катните гаражи во дебар маало. Само демагогија, размислуваме, анализираме, (крадеме) и толку. |
||||||
![]() |
||||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||||
Да не ширам скептицизам, ама решениево толку измени некако трпи во од додека се проектира, да дури мислам дека го љупат како кромид, слој по слој го љуштат од све што изгледало добро на почетокот на идејата "трамвај во Скопје" пред неколку години. Све што изгледало да потсеќа на трендовите во големите европски градови сега гледаме дека ќе остане за понака, за втора линија, за втора фаза итн...
Со појавата на гасните автобуси во сегашниот јавен автобуски превоз, и со враќањето на зглобните долги автобуси, некако како од две различни страни да се приближуваат ситуациите во сегашниот постоечки ЈСП од една страна, со идејата за Метро-бус од друга страна. И како што се приближуваат двете крајности ќе стигнат до една заедничка спојна точка што се вика "резервирана трета лента за јавен превоз" која би функционирала на Партизанска и на Јане Сандански, нормално зашто само и тамо има начин како да се постигне. И тоа е тоа basically она што ние што ќе го видиме во Скопје на темата јавен превоз од сите овие студии и еуфорија што ќе се крева до локални избори. И тоа ако имаме среќа да го видиме, зашто досега таквата идеја еднаш заврши со обични гумени прегради кои се распаднаа за неколку месеци без enforcement од полицијата и без оддржлив модел за тоа да остане трајна функционалност. Не очекувам овој пат да заврши ништо поинаку. За депото може и ќе видиме камен темелник и слични фанфари, не е тоа исклучено. Ама понатаму ќе се искористи практично за замена на едно од сегашните депоата на ЈСП во Автокоманда и Ѓорче, или двете, кои некој од сега си ги мерка и си ги таксал изгледа за изградба на згради, му се виделе како бадијала неискористен простор на кои супер ќе легнат грди поткровја П+7+Пк како што се упропасти цело Скопје. Или што би се рекло на македонски политички јазик, "бомбона бизнис". Ќе им земеме пари на ЕУ за да ни изградат ново депо, нема да треба да трошиме пари за реновирање на псотоечките, ќе купиме неколку зглобни автобуси што ќе ги викаме метро за пред народ, ќе наредиме гуми по Партизанска што ќе ја викаме трета лента и плус ќе си лапнеме простор за згради. Win-Win за сите инволвирани. Да не биде ширење скептицизам и дефетизам, ама ова е едно сосема можно изводливо сценарио имајќи на ум што све сме виделе досега во Македонија особено кога станува збор за урбаниот развој и управување со градот. Затоа, сите активисти и новинари што навратувате или читате воопшто тука по форумов, време е уште од сега да го потрупате градоначалникот и градската администрација со правите прашања и во ГУП-от од сега за ги натерате да зацртаат паркови, за да не биде после доцна! Од трамвај/метро/бус нема ништо во Скопје и не паѓајте на прикаскиве за мали деца. Доста навлажнување на глупи scetch-up-и, дури не се ни рендери. Доста потемкинови села, доста муви прелетување во кадарот, за да не се гледа вистинската сликата позади. Edited by user8642 - 20-Jan-2021 at 03:09 |
||||||
![]() |
||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||
![]() На првата слика се гледа како би изгледала некоја станица. Колку што можам да сфатам, има врати кои се дел од станичниот објект (на местата кедешто би стоеле возилата) и кои би се порамнувале со вратите на возилата. Ова е поскапо решение, особено ако вклучува автоматизација на застанувањето на возилото. Освен тоа, ова е проблематично заради тоа што мора точно да одговара на набавените возила, а секоја понатамошна дополна/поднова/замена на флотата ќе изискува набавка на идентични возила во овој поглед, или редизајн на станиците. Предност би била тоа што во ваков затворен систем ќе може да се спроведува одлична контрола на билети и сузбивање на „шверцање“. Но ако нема волја за строго спроведување на таква политика, џабе ќе биде оваа конфигурација. Инаку гледам би-артикулиран автобус и само три врати, што е тешка глупост (не знам ни дали постојат такви на пазарот), но во штурата документација што се наоѓа на нет некаде налетав на обични зглобни 18m автобуси, па не знам колку ова на сликата воопшто е меродавно, иако памтам и најава за биартикулирани возила. Во секој случај штета што Град Скопје за овој толку значаен проект продолжува да информира исклучиво на вакво мизерно ниво, а вистинска транспарентност нема воопшто. Edited by Cloverstack - 20-Jan-2021 at 02:00 |
||||||
![]() |
||||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||||
Популарното наречено #АвтобускоMетро годинава почнува да станува реалност. Екипи на Град Скопје деноноќно работат на овој долгогодишен скопски сон !!!
Со Бас Рапид Транзит ќе овозможиме траса која ќе биде физички издвоена од останатиот сообраќај. Ова е проект на Град Скопје, коj е финансиран од Владата, кој обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, и со тоа и намалување на загадувањето во воздухот ![]() ![]() https://www.facebook.com/p.shilegov |
||||||
![]() |
||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||||
Интересна идеја, иако не знам дали на урбаните булевари и внатрешниот прстен како главни сообраќајни артерии треба да има БРТ или не. Друга алтернатива е линија 3 да оди Ченто-Маџари-АСНОМ или Автокоманда-Бит Пазар-касарна Илинден. Линија 2 може да се помести на Втора Македонска Бригада и Лазар Трповски наместо БиХ (со што и железничката станица би се преместила западно, помеѓу Шутка и Бутел) и да се пушти линија 2А долж авенија Александар Ударевски како што вика Clover. На другиот крај, мислам дека терминалот не е на најдобро место. Подобро ќе беше да биде во Пинтија (каде што би било и поврзувањето со сите собирни автобуски линии од југ), но тогаш би бил далеку од ЖС Горно Лисиче (а сите други БРТ терминали, освен измислениов на 2А во Бутел, почнуваат и завршуваат на железничка станица). Во секој случај јавниот превоз во градов ќе стане многу подобар ако се изгради БРТ-во, но за целосна функционалност ни треба и приградска железница, барем на постојните пруги + аеродром. ![]() ![]() |
||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||
![]() |
||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||
Нели конечно за 2021 се најави формирањето на општинска полиција која ќе дели казни за вакви работи. Ете сега ги фузираа сите инспекторати во еден, а од догодина со амин на владата ќе започнат да функционираат и општинските полиции. _______________________________________________________________
Дел од BRT системот се уреди во автобусите кои го синхронизираат семафорот за да може автобусот да помине непречено на зелено. Во пракса ако сите возат со нормална брзина тоа ќе значи зелен бран, но ако си побрз од автобусот ќе начекаш црвени светла. _______________________________________________________________
И јас се прашував нешто слично пред некое време, и сфатив дека зависи и од формата на постојките:
_______________________________________________________________
Од сликава мислам дека супер би легнала една линија 1А (или линија 3) која ќе се дели од постојната и ќе го преминува Вардар кај мостот на АСНОМ, малку низ Ќерамидница и потоа на Никола Карев/Пластичарска, преку турбо кружниот тек кај Хубо на Скупи, па назад кон оригиналната траса преку мостот на Љубљанска кај City Mall. |
||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||
![]() |
||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||
Нема дилема дека од северната страна просторот е порелаксиран, но и од јужната страна изгледа дека може сето тоа фино да се изведе, со екстремно благи радиуси, и без импровизации. Причината поради која предлагам јужен мост е заради велосипедската патека. Особено во време на кога на радост на сите нас велосипедскиот превоз и разноразни електрични скаламуции за микромобилност почнуваат масовно да се користат, отсуството на велосипедска патека на овој толку важен мост, воопшто не е тривијална работа. Инаку дури и чирот што го насади Подржикоњ е на ~ 13m растојание од коловозот на Партизанска, што дава солиден маневарски простор. Со оглед дека до таму коловозите веќе би се спојувале и вкупниот профил на булеварот би се стеснувал, не ми изгледа дека би имало проблем. Во крајна линија, на тие што купиле станови во чир што штрчи вон воспоставените градежни линии, ние не им должиме дебел појас заштитно зеленило со двоен дрворед и слични луксузи. Ако има потреба да се редуцира заштитното зеленило пред оваа зграда, во полза на стратешките интереси на градот, не мислам дека треба да постои некаква дилема. Пред оваа зграда треба да има прописен тротоар и прописна велосипедска патека. Останатото е „по можност“. |
||||||
![]() |
||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||||
Како би се пренаменил сообраќајот на трет, јужен мост без сериозно вртење? Полесно би било да се изведе северен мост, ем Подржикоњ не насадил зграда на северниот дел од булеварот, ем закривувањето на бул. ПО е поприлагодливо. ![]() Со мостот на Љубљанска малку би се олеснил сообраќајот тука, но паралелно треба да се размислува за проширување на Васил Чакаларов сосе мостот. Вијадукт на Илинденска, сепак, во догледна иднина нема да има. Други потребни проекти се продолжување на Никола Парапунов до Чакаларов и евентуално поврзување на Воин Драшковиќ и Козле, со што би се добила директна врска од кружниот во Усје до кружниот во Ѓорче. Плус би бил и Јужен Булевар, кој би го преземал сообраќајот до Сарај и западниот дел од Македонија, како и мост од Лака до Хром. ![]() |
||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |