build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 29>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #301 Posted: 25-Feb-2011 at 23:55
Девизните резерви надминаа 1,7 милијарди евра
Александар Поповски -  23 февруари 2011   15:20 GMT

Девизните резерви на Македонија на почетокот на годината забележаа раст надминувајќи 1,71 милијарди евра и покрај очекувањата за нивно намалување во првиот квартал од годината.

Како што соопшти денеска Народна банка на Македонија (НБМ), дополнителните девизни приливи започнале во последниот месец од минатата година, кога биле компензирани  неповолните поместувања во периодот октомври-ноември.

„Поволните тенденции на девизниот пазар продолжија и во текот на јануари и февруари. Со исклучок на две интервенции со нето-откуп на девизи, Народната банка немаше трансакции со деловните банки. Притоа, девизните резерви забележаа мал пад во однос на крајот на претходната година, како последица на ефектите од вреднувањето, а без овој ефект девизните резерви забележаа раст“, стои во соопштението.

Притоа се истакнува дека ваквите промени отстапуваат од проекциите, според коишто во првото тримесечје се очекува намалување на девизните резерви.

НБМ констатирала стагнирање на кредитната активност на банките во јануари, наведувајќи дека состојбата на вкупните кредити одобрени на приватниот сектор е непроменета во однос на крајот на претходната година.

Од друга страна, мала позитивна месечна промена е забележана кај вкупниот депозитен потенцијал на банките, додека годишниот раст на депозитите изнесува 12,9 отсто

http://makfax.com.mk/30/246414/deviznite_rezervi_nadminaa_1_7_milijardi_evra
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #302 Posted: 25-Feb-2011 at 17:46
Малку позитивни вести

Ќе стане ли југоисточна Македонија рударски крај

Сузана Тасева Коментари (0)   
25.02.2011 12:00
 
 

Ќе добие ли рударството пошироки размери во југоисточна Македонија? Деталните геолошки истражувања кој продолжуваат и годинава даваат оптимистички надежи.

Површинските опсервации на македонските служби во изминатите четириесет, во последните неколку години се заменети со детално чешлање од странски компании. Досегашните резултати покажале значително присуство на бакарна руда. Кадиица кај Пехчево и Боров Дол кај Конче се локалитетите на кој рудникот Бучим од Радовиш ги насочи деталните истражувања.

Бакарот што го има на овие места ќе ги зголемат резервите на рудникот за уште дополнителни 10 години. Поради оваа од таму за годинава најавуваат инвестиција од 12 милиони евра.

„Тоа е лужење на бакарна руда која прв пат се воведува и во Бучим и во Македонија. На овој начин ќе биде остварено ново производство на катоден бакар за прв пат во Македонија кој ќе се продава како готов производ од Македонија во количина од околу 2 илјади и 500 тони на година. Таа инвестиција ќе изнесува некаде 11 до 12 милиони евра“, рече Николајчо Николов, директор на рудникот Бучим.

Надежи за нов рудник се раѓаат и во струмичко кај селото Иловица. Шест годишните истражувања на американската компанија „Фелпс Доч“ потврдиле дека на планината Огражден има големи резерви на бакарна руда со значителен процент на злато.

Истражувањата продолжуваат и годинава. Резерви од бакар се претпоставува дека има и во валандовско.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #303 Posted: 18-Feb-2011 at 13:55

Владата има милијарда евра во 68 компании


Станува збор за износ еднаков на 13,3 отсто од бруто-домашниот производ во Македонија

 
 
%20  

Државата не може да се ослободи од капиталот во Тутунскиот комбинат - Прилеп

Владата менаџира со капитал од 936,8 милиони евра во 68 компании, кои се во целосна или во делумна сопственост на државата. Станува збор за износ што е еднаков на 13,3 отсто од бруто-домашниот производ во Македонија.

Во целосна државна сопственост се 12 компании („Македонска пошта“, Македонска банка за поддршка на развојот, ЕЛЕМ, МЕПСО, МИА, „Еурокомпозит“, ТЕЦ „Неготино“, „Енергетика“ АД Скопје, „Агриленд“, „Државна лотарија на Македонија“, М-ХАБ и „Аеродроми на Македонија“). Државата има под 1 отсто акционерски капитал во 17 компании, а располага со капитал од 1 до 10 отсто во 20 акционарски друштва.

Искуствата покажуваат дека Владата, со ретки исклучоци, е лош менаџер, бидејќи голем број од друштвата во кои е доминантен сопственик со години бележат загуби, на вработените не им се уплаќаат законските придонеси, а голем дел од нив не земаат редовна плата. Интересно е што според Министерството за економија само акционерскиот капитал на државата во ЕЛЕМ, „Ти-хоум“, МЕПСО, „Тутунскиот комбинат – Прилеп“ и во ОХИС вреди над 735 милиони евра. Станува збор за дискутабилна процена ако се земе предвид дека Тутунскиот комбинат и ОХИС на пазарот не вредат речиси ништо, бидејќи на огласите за нивната продажба не се јавуваа заинтересирани купувачи. Инаку, во претпристапната економска програма што неодамна ја промовира Министерството за финансии може да се види дека Владата и понатаму останува на определбата за продажба на загубарите, со оглед на тоа што се најавува дека доколку на актуелните огласи не се јават заинтересирани купувачи, постои можност за повторно распишување огласи за продажба. Воедно, во програмата се најавува дека во текот на годинава врз база на претходни анализи ќе се решава кои други удели или акции на државата ќе се нудат на продажба.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=21811850175&id=10&prilog=0&setIzdanie=22210
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #304 Posted: 16-Feb-2011 at 16:54
Ем ја пумпаа просечната плата, ем сега и ја намалуваат потрошувачката кошничка. На крајот подобро преживуваме од Јапонците.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #305 Posted: 16-Feb-2011 at 15:43

Како само ја пресметаа кошничката од 12.000 денари за 4 члено семејство? Тука е проблемот. Реалноста е вероватно повеќе накај 20.000. Можеби ако јадеме само грав, леб, посебна салама и маргарин Кристал, се переме со домашен сапун од сало и заборавиме на козметички средства и пиеме чешмовача.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #306 Posted: 16-Feb-2011 at 14:50
LOL

Македонците со највисока платежна моќ во регионот

Бизнис | 16. февруари 2011 - 11:35
На четричлено босанско семејство му требаат две просечни плати за да ја наполни потрошувачката кошничка

ShareNew

Македонците и Словенците имаат највисока платежна моќ меѓу земјите од поранешна Југославија. Според официјалните статистики, ова се единствените земји од овој блок кои можат со просечната плата да ги обезбедат месечните потреби за храна на едно четиричлено семејство и да им остане дел од платата. Последните податоци на Заводот за статистика покажуваат дека во Македонија, просечната нето плата е околу 20500 денари, а цената на потрошувачката кошничка е околу 12000 денари. Во најлоша позиција се босанците на кои им требаат две просечни плати за една месечна потрошувачка кошничка. Босанците имаат просечна плата од 805 конвертибилни марки, а цената на просечната потрошувачка кошничка надминува 1500 марки.

Нешто подобри се Црногорците на кои им недостига 40% од платата за да ја наполнат потрошувачката кошничка.
На Србите им фали една третина од платата, а на Хрватите 20%.

http://daily.mk/cluster3/d750aa889504630f0f49b5724ae5581b/599403
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #307 Posted: 15-Feb-2011 at 14:21

Падот на Мубарак ја оживеа текстилната индустрија


Домашните компании јавуваат за зголемен број нарачки од странство и бран нови вработувања во текстилниот сектор, додека пораст бележат и рударството, градежништвото, металната индустрија и производството на енергија

 
 
%20  

Календарски среде зима домашната економија доживува охрабрувачки процут. Најголемите индустриски гранки, како текстилната индустрија, градежништвото, металургијата, производството на енергија, јавуваат за зголемен обем на работа и нарачки од странство, како и бран нови вработувања. Текстилните компании од Штип веќе објавиле оглас за вработување на 400 нови работници. Шнајдерки и кројачки се бараат и во Пробиштип, Кратово, Кочани, Македонска каменица и во други градови. До пред само неколку месеци од овој сектор се отпуштаа работници. На економската пролет на текстилната индустрија и годат и политичките потреси во земјите од Северна Африка и Блискиот Исток, каде што берзите бележат драматичен пад.

- Актуелната политичка ситуација во Египет, Тунис, Мароко, Алжир ги принудува странските компании да се повлекуваат од овие земји. Тие сега се обидуваат да преселат дел од своето производство.

Се повлекуваат и некои од компаниите што беа присутни во Кина. Во следниот период очекуваме зголемен обем на работа и доаѓање на извесен број компании во Македонија. Уште сега добиваме барања од нови странски компании за соработка и искористување на нашите капацитети - вели Владо Нетков, стопанственик и член на управниот одбор на кластерот за текстил.

Тој смета дека може да се јави и проблем со недостиг од работна сила, бидејќи во пикот на сезоната има потреба и од 1.000 нови работници. Освен придобивањето нови партнери, оптимизам кај текстилците влева и зголемениот број нарачки од земјите од ЕУ, како Германија, Грција, Холандија и други.

Во Државниот завод за статистика потврдуваат дека во декември 2010 година производството во главните индустриски гранки забележало пораст во однос на претходната година. Кај трајните производи за широка потрошувачка порастот е 25,7 проценти, кај енергијата за 7,6 проценти и кај капиталните производи за 24 проценти. Зголемен е бројот на работници и во секторот вадење руда и камен за 3 проценти и во секторот снабдување со електрична енергија, гас и вода за 2,6 проценти. И од Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија очекуваат засилена градежна активност и повеќе работа годинава од лани. Оптимизмот го темелат на најавените инвестиции на Владата од 300 милиони евра во сферата на градежништвото.

- Со законските измени, легализацијата на дивоградбите и забрзувањето на постапката за вадење градежни дозволи, очекуваме зголемување на извршените градежни работи и поголема урбанизација на државата. Со ова голем дел од објектите се симнуваат на локално ниво, каде што ќе се вадат и сите одобренија со што ќе се забрза работата - вели Марија Петроска од СКМ. Нагорна линија бележат и цените на металите на светските берзи. Најголем пораст има кај бакарот, кој доживеа фантастичен скок на близу 10.000 долари по тон, што е за трипати повеќе од пред неколку години. Со тоа значително се зголеми и интересот на домашните и на странски инвеститори за откривање нови наоѓалишта на бакар во државата. Во рудникот „Бучим“ од Радовиш планираат изградба и на нова фабрика, која ќе ја преработува јаловината и ќе произведува бакар.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2151184002&id=10&prilog=0&setIzdanie=22207
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #308 Posted: 14-Feb-2011 at 19:14

Нов обид за продажба на Поштенска банка

понеделник, 14 февруари 2011, 17:47

Грци сакаат да ја купат Поштенска банка - дознава Алфа. Претставници од Грчката банка ... пред Нова година веќе биле и во Народната банка, каде лично од гувернерот се информирале за перформансите на Поштенска. Преговори со Грците има, но договор тешко ќе падне - ни изјави Трифун Костовски, сопственик на Еуростандард банка, која има 66% од капиталот на Поштенска. Тој за Алфа откри дека понудата од Грците не е воопшто атрактивна и тешко да се постигне договор со нив.

За да се реализира продажбата, потребна е и согласност од Владата, која поседува златна акција во Поштенска и која во досегашните обиди за продажба играше клучна улога.

Локацијата на Поштенска банка но и современиот трезорски систем се главните работи кои ги привлекуваат странските инвеститори. Ова е трет обид за продажба на Поштенска банка. Претходните два завршија неуспешно. Иако се отиде најдалеку во преговорите со Холанѓаните од ИНГ, договорот за продажба пропадна во последен момент.

Како сериозен купувач пред точно две години се јави и Бугарската централна кооперативна банка од Софија, која требаше да го купи мнозинскиот пакет во Поштенска, но преземањето се проблематизираше, иако Бугарите уплатија банкарската гаранција од 9 милиони евра. Во банкарските кругови се коментира дека Владата купува време за да одлучи дали воопшто сега на Грците да им ја продаде банката или пак да најде нов купувач. Некои од плановите на Владата биле банката да се продава во пакет, заедно со Македонска пошта, која поседува 33 отсто во Поштенска. Така според банкарите би се постигнала повисока цена.

http://www.time.mk/read/dc2e05816e/89bbde5998/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #309 Posted: 14-Feb-2011 at 12:08
КОМПАНИИТЕ СО ПОМАЛКУ ПАРИ, А ГРАЃАНИТЕ СО ПОВЕЌЕ
Иселениците ги наполнија банките

Наталија Скалова

Штедните влогови на граѓаните во банките се зголемени, а на компаниите се истенчени. Тоа го покажува извештајот на Народна банка, според кој депозитите на населението во само еден месец се зголемиле за 69 милиони евра, а на компаниите се намалиле за 20 милиони евра. Според стручњаци, главната причина за огромниот пораст на депозитниот потенцијал на граѓаните во банките е огромниот прилив на пари што доаѓа од иселениците. - Иселениците што се вратија дома ги вложија парите тука бидејќи кај нас каматите се повисоки од западните земји. Ова се бели пари за црни денови. Депозитите на домаќинствата во овој период, исто така, растат поради одредени бенефиции што обично се добиваат на крај на годината како К-15 - вели професорот Тихомир Јовановски. Депозитите на домаќинствата во ноември изнесувале 2,306 милијарди евра, а во декември 2,375 милијарди евра. Но, сепак, долгорочно, за разлика од пред 20 години, според Јовановски, депозитите на граѓаните се намалиле. - Само во 2001 година, кога марките се префрлаа во евра, штедните влогови на населението беа 2,5 милијарди евра. Причината за тоа е што давачките постојано растат, а платите или остануваат исти или се намалуваат - објаснува тој. За разлика од депозитите на граѓаните, парите што компаниите ги чуваат во банка се намалиле од 870 милиони евра во ноември на 850 милиони евра во декември. Главната причина за намалување на депозитите на компаниите, според експертите, е високиот степен на неликвидност. - На крајот од годината треба да се издвојат повеќе пари за даноци за плати поради што компаниите вадат повеќе пари од своите сметки - објаснуваат познавачите на бизнисот. Од Сојузот на стопански комори велат дека не е направена анализа за таквата промена на состојбата на депозитите на компаниите. - Можат да бидат две причини за намалување на депозитите на компаниите во банките. Прво тоа може да е потребата од пари за одредени обврски кои треба да се исплатат, како и за тековни трошоци. И второ, тоа може да се намалените каматни стапки на штедните влогови. Но, за да може со сигурност да кажеме што е, треба да им се јавиме на сите компании за да видиме зошто дошло до намалување на нивните депозити во банките - објаснува Митко Алексов. Од банките, пак, не сакаа да коментираат која е причината за таквата тенденција. - Како котирана компанија на Македонската берза за хартии од вредност, Комерцијална банка има посебни обврски во поглед на известувањата, па затоа не сме во можност да објаснуваме состојби и трендови на депозитите со крајот на 2010 година - велат од Комерцијална банка.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2241&ArticleID=156317
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #310 Posted: 07-Feb-2011 at 01:25
Во денешен пазар треба да е слободен но денарот е македонска верзија на евро. Работата е прашање е колку држава како Македонија може сама да оодржува стабилна валута и дали воопшто има потреба да ја има. Друго е косовско или црногорско решение само во тој случај во лоши ситуации ќе немаме механизам наеднаш да се намалат сите плати давачки и цени во споредба со евро, како што на грција тоа денес и е неопходно а го нема како механизам. Да не е ваков денарот ќе пропадне, ќе почнеме со девизи да тргуваме и во трафики.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #311 Posted: 06-Feb-2011 at 22:50
Originally posted by lslcrew

Македонија досега го оддржала курсот и зашто би си скастрила сега. Ова се пушти како коска за глодње и како магично решение. Да беше така до сега ќе се спроведеше. Се пушти идејата без никакви економски подлоги туку чисто политички д се наведе нб да го смени курсот и потоа истото тоа да се искористи во политички цели. Немаше никаков разумно објаснување зашто Македонија би воведувала нов начин. Не мора да се фаќаме сега на јадицата, добро функционира досегашниот модел. Не е сјајно поради економската ситуација но не е ни точно дека фиксниот курс е решение за се. Исто се сервира како магично решение како што е и навондото зачленувањепо организации, како што е земање огромен кредит. Мгични репенија нема, сами треба да си одработиме развојот.
Никој не вели дека се работи за магично решение. Но ако си упатен барем малку во основите на економија и макроекономија и принципите на Адам Смит ќе знаеш дека пазарот оставен сам на себе секогаш наоѓа начин да ја доведе во рамнотежа цената на производот во зависност од побарувачката и понудата. Она што НБРМ 15 и повеќе години уназад го прави е вештачко држење на стабилен курс, од повеќе причини. Ти лсл, како поборник на слободниот тек на капиталот би требало да знаеш дека не е добро преголемото мешање на властите во цената на производите. Курсот на денарот во однос на странските валути треба да се сфати како цена на денарот. Секакво вештачко држење на висок односно низок курс прави одредена штета и не ја остава во целост природаната економска (невидлива) сила да си го одреди курсот. Да не ја должиме од каде мислиш дека се покрива трговскиот дефицит од 2,5 милијарди долари годишно? Тоа се огромни пари за нашата економија. Механизмот со кој со промена на курсот на локалната валута се стимулира извозот а дестимулира увозот е практика која речиси сите развиени капиталистички системи ја спореведуваат. Тоа што НБРМ во спрега со одредени бизнис стуктури се противи на тоа е само од лични интереси и ситни политички поени.
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #312 Posted: 06-Feb-2011 at 20:56
Македонија досега го оддржала курсот и зашто би си скастрила сега. Ова се пушти како коска за глодње и како магично решение. Да беше така до сега ќе се спроведеше. Се пушти идејата без никакви економски подлоги туку чисто политички д се наведе нб да го смени курсот и потоа истото тоа да се искористи во политички цели. Немаше никаков разумно објаснување зашто Македонија би воведувала нов начин. Не мора да се фаќаме сега на јадицата, добро функционира досегашниот модел. Не е сјајно поради економската ситуација но не е ни точно дека фиксниот курс е решение за се. Исто се сервира како магично решение како што е и навондото зачленувањепо организации, како што е земање огромен кредит. Мгични репенија нема, сами треба да си одработиме развојот.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #313 Posted: 06-Feb-2011 at 20:05


Во првиот (подолгиот) пост го споменав тоа. После не сакав да се повторувам и да се објаснувам по сто пати за истото.

Инаку девалвацијата на српската валута е лоша работа, но многу извезувачки капацитети се враќаат во полна форма по 10-тина години хибернација, па може ќе има враќање на курсот во нормала полека полека.

Edited by гитардемон - 06-Feb-2011 at 20:08
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #314 Posted: 06-Feb-2011 at 11:19
@Gitar
 
Па добро, јас онака без некоја посопфатна анализа го лупнав 10%. Во секој случај не мислам дека е многу, тоа би значело еврото да може да се движи помеѓу 55 и 67 денари. Инаку не го посочи и обратниот пример кој што е многу важен. Односно во твоето сценарио увозното млеко би чинело 160 денари, а со тоа значително би се намалила потрошувачката на увозното млеко кое би било неколку пати поскапо од домашното. Сепак не е ни тоа толку едноставно, бидејќи во цената на млекото значително влијание имаат и цената на нафтата, цената на добиточната храна, препаратите, механизацијата и слично кои пак се претежно увозни производи.
 
Србите имаат ваков движечки курс на динарот, па кај нив едно време пред 5-6 години беше 1 евро=60 динари, а денес е 104 динари.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #315 Posted: 06-Feb-2011 at 03:07

Истото што го споменав и јас погоре, односно дека ни треба floating курс. Ама десет проценти ми изгледаат многу

Не знам lsl што сфати, дека ние само ќе ги смениме курсовите за да прикажеме поголеми или помали бројки? Јас зборувам дека кога едно евро би било (скраја да е) 200 денари наместо 60, а млекото и понатаму би било 50 денари, автоматски место македонското млеко во ЕУ да чини 80 центи, ќе чини 25 центи. Епа со таква цена, веднаш стануваш поконкурентен, веднаш се зголемува извозот, расте БДП, се бара домашната валута сè повеќе во однос на девизите, и ред други позитивни последици. Нормално, системот supply and demand, односно невидливата рака на Адам Смит ќе си најде место и тука, во побарувачката и понудата на девизи, или денари. И тие долгорочно се стремат да се изедначат, впрочем така работи и floating курсот. И да го наместиме денарот на 65 денари, и поставиме floating курс, пазарот сам ќе си го намести на потребното ниво, онаму каде што се среќаваат побарувачката и понудата на денарот, и побарувачката и понудата на еврото.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #316 Posted: 05-Feb-2011 at 19:18
Или со други зборови тоа што го вели Гитар, поскапо евро (во однос на денарот) би значел поевтин македонски производ а поскап увозен производ. Со други зборови го стимулира извозот а го дестимулира увозот. Со воклу голем трговски дефицит, тоа дефинитивно е една од можните мерки кои треба да ги размислуваме.
 
Инаку ЛСЛ, далеку од тоа дека е така ти како што велиш. Па земи ја за пример Америка, која цело време калкулкулира со курсот на доларот. Во одреден период го поттикнува својот извоз и евтините енергенси (кои како берзански производи се врзани за доларот) а во друг ги стимулира другите економии да пласираат производи на американскиот пазар, а поради високиот курс на доларот врши поголема контрола над енергенсите.
 
Од друга страна, кај нас во регионот, се покажало дека земји кои неможат да го контролираат стабилниот курс на своите валути брзо влегувале во инфлаторни спирали. Тоа им се случи на Србија во времето на Милошевиќ, Албанија и на крај во Бугарија, која поради тоа доби валутен борд. Според мене, курсот на денарот треба да биде полиберален, со дозволени мали флуктации на курсот на денарот во однос на Еврото. Под ова мислам на малку помала контрола од страна на НБРМ и оставање на пазарот да го регулира до некаде курсот на денарот. Во секој случај до некаде контролирано (плус минус 10%) за да не излезе од контрола.


Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2011 at 19:19
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #317 Posted: 05-Feb-2011 at 14:36
Да, а ајде наједноставно да кажеме дека во овој момент не можеме рамноправно да играме на пазарен терен утакмица со многу појаки држави,натпревар за куп за победник на европско првенство затоа што мали ни се шансите да ги победиме сите. Вака ако ни е загарантирана дека нема да отпаднеме од лигата а тоа се вика фиксирани сме на 16 позиција од вкупно 18 па нека отпаѓаат последните две, кои се нафатиле да играат за бодови. Малку чудно но стварно нашата економија не е спремна за така наречен пливачки курс на пазарот затоа што многу брзо тие што се во директното производство ќе банкротираат а тие што се во трговијата и услугите ќе збогатат, па ќе се помери макроекономската политика и тогаш државата ќе треба да го заземе местото на производителите( како што се случува ) па таа да бара пари од банките за да отвара производствена економија а загубата да ја книжи на име долг на наредните генерации. Многу винимателно требе да се работи кај насм, и јас мислам дека нема никаква потреба за пливачки курс на денарот, нека се среди прво политиката и паметот на тие што ја водат државата другите држави околу нас, затоа што сега ние сме како јагне одвоено од стадо, па мора да сме бизу до кучето овчар за да не не изеде волкот. Ако сакаш стручни поими може да дискутираме што е тоа штедење, камати,инвестиции,државна интервенција,што е тоа политика, индиферентност,префрентност,вредност, и многу други параметри.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #318 Posted: 05-Feb-2011 at 14:26
Драган тоа истото го кажуваш. Никакво менување курс нема преку ноќ да ни донесе подобар стандард и нашите растоварачи да земаат плата колку тие во англија без разлика дали таа плата се викала 50 евра или 3000 денара.
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #319 Posted: 05-Feb-2011 at 14:12
Originally posted by lslcrew

Нема никакви магични решенија ни со зголемување ни со намалување курс. Има една природна работа, а тое фактичката вредност на производите и услугите што немо0же со ниедна маневра да се промени па макар у која и да било валута да се изразила. Според мене во заблуда е секој што мисли дека фиксниот или променливиот курс се изворот на сите проблеми и решенија.


Исл. Што е тоа вредност на производот. Дали е тоа само директниот вложен труд, основните средства,репроматеријалите,и на крај од продажната цена ќе се одбиат трошоците и еве ти вредност. Еее да е така, на економски факултет ги учат така. Законот за вредности колку што јас знам предвидува над 1000 варијабили кои учествуваат во стваранјето на вредноста на еден производ. Е сега ако 500 варијабили ( променливи фактори ) ги означиме како фиксни тогаш другите 500 незнаеме што додаваат и што одземаат за еден производ има вистинска реална вредност. Ако може само преку еден прост пример зашто има многу на оваа тема да се каже но за Исл. ако два работника растовараат 20-тонски шлепер рачно во Англија и 2 работника растовараат 20-тонски шлепер рачно во Виница, тие од Виница ќе добиат дневница најповеќе од 20 евра, а тие во Англија најмалку од 50 евра. Е сега понатака ќе кажеме зошто тоа таму има поголема вредност,а овде помала за сега толку
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #320 Posted: 05-Feb-2011 at 13:45
Абе не се контрам, тоа е само психолошка зафрканција. Место да се корегираат плати, цени цел пазар, се корегира курсот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1415161718 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.523 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.