Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#301 Posted: 17-Jul-2010 at 16:57 |
ВЛАДАТА СЕ МИСЛИ
ЗА ДОГОВОРОТ СО ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ КОНЗОРЦИУМ
„Хајер“
останува, „Тривју“ си оди?
Рада И. Маневска
Владата
се уште не решила што ќе прави со договорот потпишан со
кинеско-јужнокорејскиот конзорциум „Хајер и Тривју“ за изградба на
фабрика за компјутери и за ЛЦД во „Бунарџик“, истечен на крајот на
минатиот месец. Сепак, се надева дека инвестицијата нема да пропадне
бидејќи кинескиот производител на компјутери „Хајер“ најавил дека нема
да се откаже од инвестицијата. - Прво треба да се заврши процедурата
за веќе потпишаниот договор со конзорциумот, па потоа да се види што ќе
се прави со еден од инвеститорите. Владата се уште не решила што ќе
прави со договорот што истече минатиот месец – вели Виктор Мизо,
директорот на Агенцијата за странски инвестиции Од Владата
објаснуваат дека причината за пробивањето на рокот на изградба на
фабриката била што еден од инвеститорите, јужнокорејскиот производител
на ЛСД „Тривју“ имал финансиски проблеми, додека Кинезите биле
заинтересирани сами да градат во „Бунарџик“. Владата сега се мисли
дали да му даде втора шанса на кинескиот производител на компјутери
„Хајер“ и да ја спаси најавената инвестиција. Стручњаците толкуваат
дека според нашето, но и меѓународното законодавство, не може да се
поништи договорот ако еден од инвеститорите сака да ја реализира
инвестицијата. - Доколку инвеститорот што не сака се повлече од
најавената инвестиција е сериозен во намерата и при тоа нема суштински
промени во постојниот договор тогаш Владата и инвеститорот само треба да
се договорат за новите рокови на почеток и на крај на инвестицијата -
вели професорот Осман Кадриу. Според него, состојбата битно би се
променила ако Владата или инвеститорот бараат да се вметнат нови
содржини во договорот. Тогаш ќе треба да потпишат нов договор. Но,
вели тој, треба да се има резерва во сериозноста на инвеститорот. -
Досегашната практика покажа дека странските инвеститори, главно, се
повлекуваат поради правната несигурност и другите проблеми што ги имаат
во државава, кои ги спречуваат брзо да ја реализираат инвестицијата -
објаснува Кадриу. Аналитичарите коментираат дека одливот на
инвестициите се должи на тоа што во Македонија покрај продолжената
криза, постои и нееднаков третман на инвеститорите. Во Владата, пак,
објаснуваат дека такви движења биле разбирливи во година на економско
заздравување, каква што е оваа, но дека ќе има крупни инвестиции во
наредниот период. Нема од каде да дојдат нови инвестиции, а главната
причина за намалената активност на компаниите е економската криза и
состојбата во Грција, оцени деновиве и Виенскиот економски институти.
Тој прогнозира дека годинава во државава нема да дојдат повеќе од 150
милиони евра странски инвестиции.
Инвестиции само во најава
Податоците
на Народна банка на Македонија говорат дека во првиот четири месеци од
годинава во државава се остварени 20 милиони евра помалку инвестиции од
лани. До април годинава се остварени 70 милиони евра странски
инвестиции, а лани во истиот период биле остварени 90 милиони евра. Трендот
на одложување на инвестициите почна уште минатата година. Францускиот
„Монтипе“ ја одложи градбата на фабриката во „Бунарџик“, хрватски „
Агрокор“ не почна да гради, нема ништо и од изградбата на „Сончев град“
на Водно, а ТАВ само ги презеде аеродромите и се уште ништо не
инвестира. Турската „Шише џам“ неколкупати го одложува почетокот на
градбата на фабриката, а италијанската компанија „Текнохозе“, потпиша
договор за закуп на земјиште во слободната зона „Бунарџик“, но од
инвестицијата нема трага.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=2071&ArticleID=144772
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#302 Posted: 01-Jul-2010 at 15:38 |
Да имавме некој дефицит во градежно земјиште за индустриски објекти, и да има некоја гужва и тепачка за слободна маркица, па да разберам да треба инстантно да се реагира и да се раскине договорот. Ама нема потреба од брзање уште прв ден, има простор да бидеме пофлексибилни.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#303 Posted: 01-Jul-2010 at 14:52 |
cccc Рокот за изградбата на фабриката во Бунарџик е пробиен
30.06.2010 15:57
 | Виктор Мизо |
| |
Рокот е пробиен, инвеститорите ги нема, а Владата
допрва ќе одлучува што ќе преземе по пропаѓањето на Кинеско - Корејската
инвестиција на Бунарџик. На последниот ден кога Хаер и Тривју требаа да
ги постават темелите на фабриката за компјутери и ЛЦД монитори, на
Бунарџик ниту трага ниту глас од нив. Наместо фабрика, празна
ливада. Овде беше планирано да се гради производствениот погон на Хаер и
Тривју. Наместо тоа двете компании и се приклучија на непопуларната
група инвеститори кои се откажаа од Бунарџик. Македонските закони
предвидуваат раскинување на договорот веднаш штом ќе истечат роковите,
но официјалниот став на Владата е дека ќе чека заедничка информација за
случајот од Агенцијата за странски инвестиции и дирекцијата за слободни
економски зони. Врз основа на тие информации ќе одлучи што понатаму. Сепак
неофицијално се дознава дека пред две недели во Владата биле
претставници на кинеската Хаер кои кажале дека од нивна страна се уште
има интерес, но инвестицијата виси поради нарушени односи со нивните
јужнокорејски партнери од Тривју. Првиот човек на Агенцијата за
странски инвестиции вчера најави дека ќе се постапува според прописите. „Сето
она што е врз основа на договорот кој постои со таа или било која
компанија, ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси и ако
постои некакво прекршување, соодветно ќе се постапи“, рече Виктор Мизо,
директор на Агенција за странски инвестиции. Ако се реализираше
влезот на Хаер и Тривју ќе беше една од ретките инвестиции од далечниот
исток во Македонија. Кинеско-Корејската инвестиција во земјава беше
најавена на голема врата. Лани во септември гостите беа пречекани на
највисоко владино ниво. Со договорот со Владата за закуп на
локација во Бунарџик ветија инвестиција од девет милиони евра и
вработување на повеќе од 100 луѓе. Наместо тоа оставија само трева и
грмушки. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=124809
|
 |
Buliwyf
Senior Member
Joined: 27-Mar-2010
Online Status: Offline
Posts: 473
|
Quote Reply
#304 Posted: 29-Jun-2010 at 20:27 |
Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик?
29.06.2010 18:57
Пропаѓа Кинеско-Корејската инвестиција во Бунарџик. Утре е последниот ден кога Хајер и Тривју требаше да почнат да ја градат фабриката за компјутери и ЛЦД монитори во слободната економска зона.
Дека рокот истекува, за А1 потврдија и од дирекцијата за слободни зони. Од таму велат дека инвеститорот со кој е потпишан договорот требал да почне со градба во рок од девет месеци од денот на потпишувањето на договорот за закуп на локација во Бунарџик. Последниот ден истекува на 30 јуни.
Првиот човек на Агенцијата за привлекување странски инвестиции вели дека Владата ќе постапува по договорот, иако не обелодени детали за тоа дали Хаjер и Тривју ќе добијат друга шанса.
„Сето она што е врз основа на договорот кој постои со таа или било која компанија, ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси и ако постои некакво прекршување, соодветно ќе се постапи. До сега, немало прекршување“, вели Виктор Мизо, директор на Агенција за странски инвестиции.
Според македонските закони во ваков случај кога не се испочитувани роковите за почеток на изградба договорот треба да биде раскинат, а земјиштето повторно се враќа во рацете на државата. Влезот на Хајер и Тривју во Бунарџик со инвестиција од девет милиони евра и вработувања на повеќе од 100 луѓе, беше најавен на голема врата. Гостите беа пречекани на највисоко владино ниво. Еве што тогаш изјави еден од странските менаџери.
„Самото лоцирање на активностите овде во Македонија ќе ни овозможи непречен влез до европскиот пазар, за разлика од локацијата Азија. Исто така конкурентната цена на работната сила во РМ беше еден од решавачките фактори да ја пренесеме нашата активност и овде“, рече Џон Шен, потпретседател на Тривју, во септември 2009-та.
Слободните економските зони беа еден од главните адути за привлекување инвеститори. Во овие локации каде важат бесцарински правила и даночни ослободувања засега работат само две компании.
Празните зони се правдаат со економската криза и дома и во странство. Неодамна Владата фрли лопата на уште една зона во Скопје и на уште една во Тетово.
Браво за владата тооооо !!!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#305 Posted: 29-Jun-2010 at 17:11 |
лсл, проблемот овде е што повеќепати најавуваната инвестиција сеуште ја нема, а не дали таа ќе биде исплатлива за инвеститорот. Нема ама баш ништо спорно некој да искоментира за нереализирањето на политичките ветувања и најавените инвестиции, се разбира доколку тие коментари се без гола политичко-партиска заднина, но таквите тенденции во дискусиите секако треба да ги избегнуваат сите.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#306 Posted: 29-Jun-2010 at 17:08 |
pa i tuka zboruvame za industriski objekti i zoni.tocno e toa deka novi firmi se ragjaat i propagjaat ama kaj nas toa ne e slucaj.KAJ NAS SAMO PROPAGJAAT
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#307 Posted: 29-Jun-2010 at 17:03 |
Нишката е индустриски објекти и зони. Кој каде фрлал лопата не е предмет на расправа, а најмалку дали тоа се покажувале како успешни инвестиции или не. Во секое нормално општество, фирми нови се раѓаат и стари пропаѓаат. Така да, да не го почнуваме тој муабет ќе замолам.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#308 Posted: 29-Jun-2010 at 16:40 |
abe premierov nas neviden baksuz e  kaj kje frli lopata znaj deka tamu samo treva niknuva
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#309 Posted: 29-Jun-2010 at 16:32 |
Три вју
ги пробива роковите- наместо багери, рамно поле на Бунарџик
Дали е
пред пропаѓање инвестицијата на јужнокорејската Три вју? Утре истекува
рокот кога оваа компанија заедно со кинеската Хајер требаше да почне со
изградба на фабрика за ЛЦД монитори на Бунарџик.
Неофицијално дознаваме дека договорот со оваа компанија е потпишан
на 30 септември лани. Согласно законот за технолошки зони во наредните 9
месеци требало да стартува изградбата. Што значи рокот е 30 јуни
годинава.
Но на терен ништо не се гради. Три вју има потпишано само договор за
закуп на земјиштето.
- Сето она што е врз основа на договорот со таа или со било која
друга компанија ќе се постапи врз основа на сите тие договорни процеси. И
ако постои некакво прекршување соодветно ќе се постапи, досега немало
прекршување, вели Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски
инвестиции.
Влезот на јужнокорејско- кинеската компанија лани го најави Владата
заедно со кинескиот амбасадор во земјава. Првично требаше да се вложат 9
милиони евра, да се вработат 300 луѓе, а изградбата на фабриката се
најавуваше дека ќе заврши до мај годинава.
И додека грин филд инвестициите тешко се реализираат, се промовира
нова инвестиција од Бугарија во услужната дејност. Софика груп нуди
сервис за опслужување на компаниите преку кол центар, организирање
кампањи и други услуги. Најавува влог од 7 милиони евра и нови 100
вработени.
29.06.2010, 16:27
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=62206
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#310 Posted: 18-May-2010 at 17:58 |
Ќе тргне инвестицијата чим овој паднал. За среќа!
„Текно Хозе“ ќе инвестира 10 милиони евра во Бунарџик
18.05.2010 13:50
По две години откако ја купија празната тајванска хала
во Бунарџик денеска потпишаа договор за закуп на земјиштето во
слободната економска зона. Италијанците од „Текно Хозе“
конечно ги открија своите бизнис планови за инвестиции во Македонија.
Велат дека се повлекле поради кризата, но сега ветија дека догодина ќе
почнат со производството. „Нормално тоа ќе зависи од тоа кога ќе
успееме да ја прилагодиме халата за нашите потреби, меѓутоа можам да ви
гарантирам дека во текот на следната година, ние веќе ќе произведуваме“,
изјави Антонио Витило - „Текно Хозе“. „Се работи за површина од
два хектара, кое е земјиште кое се оценува под објектот кој го купија во
крајот на 2008 година“, рече Марјан Јованов - Дирекција за слободни
економски зони. Во својата прва инвестиција на странски пазар
„Текно Хозе“ се обврза дека за пет години во Македонија ќе инвестира 10
милиони евра и ќе вработи 150 луѓе. Во Бунарџик ќе произведува цевки и
спојки за висок притисок пред се за рускиот пазар. Дојде да инвестира,
но за малку ќе настрадаше. Главниот менаџер на „Текно Хозе“
денеска падна од бината на италијанско-македонскиот бизнис форум, но за
среќа се се заврши добро. Италија и Македонија денеска потпишаа
договор засилена економска соработка и меѓусебни инвестиции, а групи од
десетици бизнисмени од двете земји во текот на денот остварија меѓусебни
средби.
Makfax: Италијански инвеститор падна
од бина во Скопје Првиот италијански инвеститор, кој се
реши да гради фабрика во Македонија, вредна десет милиони евра, доживеа
непријатност денеска во Скопје, откако падна од бината при потпишувањето
на договорот. Незгодата се случи за време на
Македонско-италијански бизнис форум во Скопје, на кој присуствуваа
македонскиот министерот за економија Фатмир Бесими и италијанскиот
заменик-министер за економија, Адолфо Урсо заедно претставници на
триесетина италијански и над 90 македонски компании. Претставникот
на италијанската групација ВИТИЛО, Антонио Витило во еден миг го снема
од бината, при потпишувањето на Декларација за зајакнување на
регионалната соработка во значајни области. Витило се повлече
чекор наназад, најверојатно да направи повеќе простор, но незнаеше дека
стои на крајот од бината, која беше висока околу еден метар. За
среќа, италијанскиот бизнисмен мина без повреди и во манир на вистински
италијански шармер веднаш се крена на нозе и со насмевка на лицето се
врати на бината, каде што потпиша договор за инвестирање во Македонија. Компанијата,
која што ја застапува господинот Витило, наскоро ќе отвори фабрика во
Македонија, во која што е предвидено во првите пет години да инвестира
најмалку десет милиони евра.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123283 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#311 Posted: 15-May-2010 at 12:24 |
Италијанската „Текнохозе“ ќе
инвестира во БунарџикИталијанската компанија „Текнохозе“ ќе инвестира во производствен
капацитет во слободната зона Скопје 1- БунарџикЗа таа цел во вторник Антонио Витило, сопственик на компанијата, и
директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони
Марјан Јованов ќе потпишат договор за закуп на земјиште во слободната
економска зона. Според неофицијалните информации, „Текнохозе“ ќе
произведува армирани гумени црева, кои се употребуваат во автомобилската
индустрија и во градежништвото. Инвестицијата на италијанската
компанија беше најавувана од вицепремиерот Зоран Ставрески уште во
јануари минатата година. Според тогашните најави, италијанската фабрика
требаше да почне со производство во период од шест месеци.
Потпишувањето
договор за закуп на земјиште ќе биде во рамките на
италијанско-македонскиот бизнис-форум, кој идната недела ќе се одржи во
Скопје. На форумот ќе присуствува заменик-министерот за економија во
Владата на Италија, Адолфо Урсо, и ќе учествуваат 35 италијански и 60
македонски компании.
http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=515101031375&id=10&prilog=0&setIzdanie=21984 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#312 Posted: 05-May-2010 at 17:43 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#313 Posted: 14-Apr-2010 at 17:17 |
Не дека гледам црно ан работите, но што е толку одлично? 128-те вработени ли? Или веќе 12 годишните ветувања од страна на секоја влада за економски бум и зона покрај Скопје со 20 000 високо стручни вработувања? Што фактички би овозможило егзистенција на најмалку 40 000 души. Крајно време е народот да престане да се задоволува со трошки, а да ги подигне очекувањата во таа мизерна земја, тотално слепо црево на Европа и на Балканот!
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 366
|
Quote Reply
#314 Posted: 14-Apr-2010 at 12:54 |
Британската компанија „Џонсон Мети“ денеска ја отвора својата
фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“. Стартот
на производството официјално ќе го означи премиерот Никола Груевски. Почетната
инвестиција во фабриката е 34 милиони британски фунти. Ќе се користи
светска технологија за производство на катализатори за контрола на
емисии на гасови за возила на лесни и тешки дизел горива. Капацитетот
на фабриката е 4 милиони единици годишно, a производството е наменето
за европскиот пазар. Досега во фабриката се вработени 128 лица, со
тенденција тој број, како и инвестициите да се зголемуваат. Британската компанија „Џонсон Мети“ годишно остварува 12 милијарди долари приход и има 10.000 вработени во 50 земји. По
„Џонсон контролс“, ова е втора фабрика во економската зона Бунарџик. Се
работи на реализација и на корејско-кинеската инвестицијата за
производство на ЛЦД монитори. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=122037 Одлична вест! Иако мислев дека веќе подолго време оваа фабрика работи.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#315 Posted: 14-Apr-2010 at 06:14 |
Владата најголем
инвеститор во „Бунарџик“

За две години
Владата инвестирала најмалку 25 милиони евра во инфраструктура во сите
македонски слободни економски зони, во кои наместо странски
брендови, царуваат „шарените крави на големата ливада“
Владата е најголемиот инвеститор во слободните економски зони во
земјава, покажуваат пресметките. Но, освен владините инвестициите во
инфраструктурата и помпезните панделки и нови лопати, зоните останаа
празни, без фабрики. Само за две од вкупно 11 години, колку што
„Бунарџик 1“ постои, но само на хартија, инвестирани се речиси 25
милиони евра во слободните економски зони во земјава. Истовремено,
милиони евра се исцицани од буџетот за водоснабдување, електрификација,
гасификација, фекална и атмосферска канализација, проектни документи,
геолошки елаборати, улиците, придружни објекти, огради, сообраќајници,
терминал за товарни возила нивелација на парцели... се' тоа за пречек на
странските инвеститори кои никаде ги нема. Нема информации колку чинела
експропријација на земјиштето и други придружни работи за слободните
економски зони во земјава. За сето тоа време вкупно две странски
компании инвестираа во „Бунарџик 1“. По крахот со инвеститорите нема
информации кои странски компании Владата планира да ги смести во
„Бунарџик 2“, чија изградба почна завчера. Најавено е дека зоната може
да издржи изградба на 20 фабрики, кои би вработиле околу 5.000 луѓе. За
95 хектари слободна економска зона ќе се потрошат 3,5 милиони евра од
буџетот, а слична е цената и на најавените нови зони во Штип и во
Тетово.
За Марјан Јовановски од Дирекцијата за технолошки
индустриски развојни зони, не е веќе ова познатата ливада со шарени
крави: завршена е експропријацијата на земјиштето и изградена е
сообраќајна мрежа во должина од 7 километри. Единствено ги нема
инвеститорите. Факт е дека странските брендови не сакаат да чујат за
земјава и покрај големите бенефиции што им ги нуди Владата во слободните
зони. Во „Бунарџик 1“ се најавуваа француски „Монтипе“, словенечка
„Искра“, италијански „Орланди“, турски „Шишеџам“ и редица други, но сите
се откажаа. Како последен грандиозен проект што власта бомбастично го
најавуваше беше јужнокорејско-кинеската инвестиција на „Хаер и Тривју“,
но засега нема ништо од тоа. Премиерот Никола Груевски објасни дека
Корејците го пренасочувале производството од ЛЦД во ЛЕД-монитори, па
затоа доцнеле. Тој и министерот без ресор Веле Самак веруваат дека
следува голем инвестициски циклус во земјава, па затоа се гради нова
зона иако првата зјае празна.
- Полека кризата ќе се намалува,
ќе заминува и сакаме подготвени да го дочекаме тој период по една година
и да имаме доволен простор за располагање, да не се случи некој да не
можеме да го прифатиме само зашто нема изградено инфраструктура во
зоната - изјави завчера премиерот Груевски.

За експертите, најавата за нов инвестициски циклус кој ќе ја „снајде“
земјава е само нов крах на Владата за да се прикријат ефектите од
првиот циклус, кој не успеа.
- Го поздравуваме почетокот на
изградбата. Мислиме дека тоа е вистински потег во вистинско време,
имајќи предвид дека Владата очекува инвеститорски бум. Бумот почна со
поставувањето на Веле Самак и Глигор Ташковиќ како министри за
привлекување странски инвестиции. Потоа, визијата за инвестиции од 8
милијарди евра од март лани и најавата за инвестициски бум од 2011
година на премиерот Никола Груевски. Тоа реално не' доведува во опасност
да немаме доволно капацитети и инфраструктура да ги примиме сите
инвеститори. Под вакви околности прашање е дали и „Бунарџик 2“ ќе биде
доволен за да ги смести сите странски инвеститори што доаѓаат. Уште сега
треба да се размислува да се продолжи визионерството кон изградба на
„Бунарџик 3“ - изјави економскиот аналитичар Ден Дончев.
Според
него, треба сериозна анализа зошто и како земјите привлекуваат странски
инвестиции. За него е погрешно да се промовира евтината работна рака
како предност.
- Ако е така, тогаш зошто Сингапур и Хонг Конг го
привлекуваат најголемиот дел од инвестициите во Азија кога најевтина
работна рака има во Северна Кореја и во Лаос. Клучни се продуктивноста
на работната сила, капацитетот за иновација и реалното образование на
вработените. Ние заостануваме во овие три категории - Дончев.
Немањето
стабилна политичка клима и бизнис-клима за него се основните проблеми
што ги одвлекуваат странските инвеститори.
- По 20 години
независност немаме стабилна политичка клима и некои од главните
политички прашања се' уште се нерешени. Тоа не овозможува перцепција за
стабилен поврат на капиталот што се инвестира. Инвеститорите сметаат оти
е неисплатливо да се инвестира во земјава. А, перцепцијата за бизнисот е
побитна од реалноста. Потребно е да изградиме стабилен имиџ, кој е
побитен од 1.000 реклами. Само еден збор од менаџер на докажана
меѓународна компанија ќе направи непроценлива штета споредено со
добивката од рекламите - вели тој.
Според него, бизнис-климата
се' уште е лоша бидејќи постојат големи бирократски процедури, премногу
сложени законски прописи кои го отежнуваат бизнисот, економијата е
нелиберализирана и не е лесно да се води бизнис. Тој смета дека „прво
треба да ги решиме овие проблеми, а потоа да ги вознемируваме кравите на
ливадите околу Скопје“.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C8B06C117905C49AAB85183C2939443
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#316 Posted: 12-Apr-2010 at 12:16 |
Отворена нова индустриска зона - Скопје 2
12.04.2010 12:34
Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони,
денеска со поставување на камен темелник ќе го означи почетокот на
изградбата на инфраструктурата на технолошко-индустриската развојна зона
Скопје 2. Основач е владата, ќе се гради на земјиште во
сопственост на владата со вкупна површина од 95 хектари, на локалитетот
Бунарџик. На свеченоста се очекува да присуствува и премиерот
Никола Груевски, како и директорот на Дирекцијата за
технолошко-индустриска развојна зона, Марјан Јованов. Треба да пристигне
и Архиепископот г.г Стефан. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121963
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#317 Posted: 11-Apr-2010 at 19:27 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#318 Posted: 13-Jan-2010 at 00:51 |
Чисто да ја евидентираме агонијата.
Каде исчезнаа и Веле Самак и инвестициите
„Бунарџик“ уште чека на напливот на странски фирми, што веќе требаше да се случи
Маја Томиќ
Каде се инвестициите во земјава кои требаше да ги има толку многу што дури ќе ни станат здодевни? Овие оптимистички изјави ги даде министерот за странски инвестиции, Веле Самак, уште во почетокот на септември 2008 година, кога во зоната „Бунарџик“ се ставаа темелите на новата трафостаница на ЕВН. Тој тогаш додаде и дека во 2006 и 2007 година „Бунарџик“ бил ливада на заборавени ветувања и на скршени соништа, но дека таа ќе прерасне во модерен индустриски парк, какви што наскоро ќе никнат и во повеќе други градови во земјата. На сите тие места ќе се вработат неколку илјади лица.
Самак рече и дека ако се реализираат сите заложби и проекти на Владата, на кои се работи интензивно, „Бунарџик“ многу брзо целосно ќе се пополни со странски компании и во него за две-три години, ќе се вработат една-две илјади лица. За до крајот на 2008 година, пак, Самак рече дека ќе се финализираат преговорите за влез на уште две нови компании, чии имиња не ги кажа, едната била данска, а едната американско-тајландска фирма, кои биле подготвени во „Бунарџик“ да инвестираат околу 100 милиони евра. Тоа биле компании за производство на компјутери и на индустриски пумпи.
Меѓутоа, една и пол година подоцна, министерот Веле Самак никако го нема во јавноста. Веќе неколку месеци наназад тој не излегол со никаква изјава во која би не' информирал зошто не се остварија владините најави за инвестициите и има ли некои нови најави за вложувања во земјава. „Утрински весник“ вчера го праша министерот која е причината за молкот од неговиот ресор, но до затворањето на весникот не добивме одговор.
Неодамна, Самак само демантираше еден медиум во кој беше речено дека фирмите почнале да се откажуваат од „Бунарџик“ и дека освен американската „Џонсон контролс“ и британската „Џонсон Мети“, засега нема абер од другите најавени инвестиции. Тој изјави дека ниту една фирма која планирала или донела одлука да гради фабрика во „Бунарџик“ се нема откажано, иако поради ланската економска криза и финансиските проблеми на компаниите, многу од нив решиле да ги одложат инвестициите за некои подобри времиња.
Да се потсетиме, во изминатите две години повеќе фирми пројавија интерес, а некои потпишаа и меморандуми за разбирање со Владата, токму за инвестирање во „Бунарџик“. Придонес на тоа беа повеќето организирани, владини бизнис-посети на европски земји, како и на САД, особено во текот на 2008 година. Инаку, станува збор за француска „Монтипе“, словенечката „Искра“, италијанската „Орланди“, турските „Шише џам“ и „Отомотив“, како и „Техно Хозе“, „Еурохормонес“, до последната најавена инвестиција на кинеско-корејската „Тривју - Хаиер“...
Поконкретно, „Монтипе“ пролетта 2008 година најави дека до крајот на таа година ќе ја започне градбата на фабриката за делови за автомобили. „Отомотив“ есента 2009 година најави дека кон средината на 2009 година ќе започне со инвестицијата од 20 милиони евра за производство на алуминиум, а „Тривју - Хаиер“ првично најави почеток на инвестицијата за лани пролетта, за потоа минатата есен да каже дека до крајот на мај годинава ќе стави темели на објектот во „Бунарџик“. Претставници на компанијата, заедно со владиниот врв, во август лани во „Бунарџик“ официјално ја промовираа оваа нова инвестиција, вредна 9 милиони евра. Владата со компанијата се' уште нема потпишано договор за закуп на земјиштето, како и договор за инвестиции, што е основа за другата документација за да може да се започне со градбата. Премиерот Никола Груевски, по тој повод изјави дека „Тривју- Хаиер“ ќе биде новиот сосед на „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ и дека таа инвестиција е уште една сатисфакција за Владата, бидејќи доаѓа во време на економска криза, но е и поттик за неа, да продолжи со привлекувањето странски инвестиции. Инаку, „Тривју- Хаиер“ треба да произведува ЛЦД-телевизори, монитори и компјутери. Но, досега тие не стартуваа со изградба на најавената фабрика.
Според последните податоци на Народна банка, во септември минатата година странските директни инвестиции изнесуваат 103,4 милиони евра и тие бележат пад во однос на август од 2,8 милиони евра.
Стопирањето на инвестициите во „Бунарџик“, повеќе од сигурно, е еден од главните фактори за падот на вредноста на вкупните инвестиции, бидејќи станува збор за повеќе стотици милиони евра. Падот од 2,8 милиони евра за само еден месец, според Централната банка, покажал дека странските фирми одлеале пари од земјава, давајќи кредити во нивните мајки-фирми. Според НБМ, поради малиот прилив на инвестиции и одливот на средства, во земјава лани во септември имало процес на дезинвестирање.
Инаку, во цела 2008 година во земјава влегле вкупно 400 милиони евра странски директни инвестиции, при што најмногу пари легнале во банкарскиот сектор.
Најновите податоци за износот на инвестициите од странство за цела 2009 година, НБМ треба да ги објави наскоро. Со оглед на ниските инвестиции во деветте месеци, не би требало да се очекува дека тие ќе бидат на задоволително ниво. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=EEA39031FE472F44A6BADDFB62559A8A
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#319 Posted: 16-Sep-2009 at 11:27 |
Еве некој полурендер од МИА за ова Тривју фабриката.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#320 Posted: 16-Sep-2009 at 09:18 |
Ваквата индустрија пред десетина години беше маинстрим индустрија во чешка, полска и тој блок земји кога поголемите компании го запоседнуваа европскиот пазар за технологија. Ова време кај нас ќе се гради таква фабрика, што е добар сигнал. Сепак мислам дека земјите во развој секогаш биле попривлечни од оние што се високо развиените или па од оние што се скроз неразвиени.
|
 |