build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Фасади (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 163164165
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #3281 Posted: 05-Feb-2008 at 23:27

Сепак ќе светнат кулите на Партизанска

Убавиците дочекаа дотерување


Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината


Трите сини кули на "Партизански одреди" спроти бензинската пумпа на "Макпетрол" во Карпош 1, конечно ќе добијат нови фасади. Финансиските средства ќе ги обезбедат Општина Карпош и Град Скопје, а станарите ќе партиципираат преку фирмата "Еуро кидс", која се рекламира на зградата и која за возврат ќе обезбеди бесплатни часови по странски јазици и компјутери за 50 деца од општината.

Договорот паднал завчера доцнапопладне, на средбата меѓу претставници на Општина Карпош со куќниот совет на кулата број "10", на која биле расчистени сите нејаснотии што во изминатиов период ги кочеа активностите. Имено, на неколкуте барања на станарите, Општина Карпош им нудеше да им помогне ако самите партиципираат со една третина од вкупниот износ, или пак средствата да си ги обезбедат сами од издавањето на рекламниот простор. Овие опции беа неприфатливи за станарите од финансиски причини.

По средбата, претставникот на куќниот совет Александар Коневски, изјави дека е задоволен што конечно на своите соседи им соопштил добра вест.

- Многу сме благодарни што градоначалникот Андреј Петров пројави добра волја да се реши овој за нас навистина голем проблем. Ние му презентиравме дека има фирми кои фасадите ќе можат да ги изработат за цена од 40 до 60 илјади евра, што се речиси за двојно пониско од понудите кои пристигнале во Општината, така што Петров прифати и се обврза во најкус можен рок да го распише тендерот за избор на изведувачот - рече Коневски.

Реконструкцијата на надворешниот изглед на некогашните "скопски убавици", кои по катастрофалниот земјотрес беа гордост и украс на Партизанска, беше неопходна не само од естетски аспект, туку парчињата од фасадата паѓаат и се опасни за минувачите. Токму затоа, вели градоначалникот Петров, нема да се чека ниту еден ден за започнување на тендерските процедури. Ќе се распише и конкурс за идејно решение и избор на бојата на фасадата за трите кули, кои и натаму ќе останат симбол на овој дел од градот.

- Некогашните општествени станови во кулите сега се во приватна сопственост, па согласно со Законот за домување, трошокот би требало да падне на грбот на сопствениците. Бидејќи тие самите не беа во можност да издвојат толку средства, неколку пати бараа да им помогнеме во решавање на проблемот. Сега кога конечно се договоривме, можеме да очекуваме дека градежните работи ќе почнат до почетокот на април - рече Петров.

Фасадите ќе се работат истовремено на трите кули.

Извор: Вечер


Edited by UrbanFreak - 05-Feb-2008 at 23:28
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #3282 Posted: 01-Feb-2008 at 14:31

Да браво за постот ова е без сомнение точно! Значи на крај сепак целта е да се заработи. Поразителни факти. Инаку се согласувам само со тоа дека и општината треба да помогне во реконструкцијата на фасадата.

NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #3283 Posted: 31-Jan-2008 at 18:59
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E3E288C112EFC1428B3612D1D8783C4B


ОД КУЌНИОТ СОВЕТ НА КУЛИТЕ ВО КАРПОШ 2 СЕ ЖАЛАТ ДЕКА СЕ ИГНОРИРАНИ

Градоначалникот Петров ги одбегнува станарите од излупените кули


Куќниот совет од вториот влез на сината кула со излупена фасада, која се наоѓа на „Октомвриска револуција“, број 10 не може да најде разбирање со општинските власти од Карпош за обнова на фасадата. Претседателот на куќниот совет, Миле Златевски, вели дека единствената причина поради која не може да се обнови фасадата е немањето комуникација со општинските власти. - Во два наврата се обидував да стапам во контакт и да бидам примен кај градоначалникот Андреј Петров, но не успеав. Комуникацијата засега се сведува само преку медиумите. Од нивните информации ние знаеме дека е донесена одлука фасадата на кулите да се обновува со пари од Општината и од Градот и тоа по половина од потребната сума - објаснува Златевски.Тој вели дека повторно преку средствата за јавно информирање дознале за новата одлука, според која за обновата на фасадите, освен Градот и Општината, треба да плаќаат и станарите, односно сите по една третина од потребното.

- Ние сме обични луѓе, во нашата зграда 70 отсто од станарите се пензионери и немаме пари за учество. Од каде да најдеме 50.000 евра, од вкупно потребните 150.000 евра за една фасада - вели Златевски.Од куќниот совет бараат средба со градоначалникот Петров за да најдат заеднички јазик. Тие би сакале да учествуваат во конкурсот за изведувач и да имаат одреден увид и влијание врз изборот.

- Иако првично одредената цена од Општината е 150.000 евра за обнова на фасадата, од кои само за поставувањето на скелето се потребни 100.000 евра, ние разговаравме со луѓе што ни потврдија дека целата работа може да се заврши и за 100.000 евра. За се' може да се договориме со Општината, но немањето комуникација е единствениот курцшлус во случајов - тврди Златевски и додава дека недоразбирањата со останатите куќни совети од кулите се надминати.Од Општина Карпош велат дека се подготвени веднаш да реновираат две од трите сини кули, што се наоѓаат на булеварот Партизански одреди, само чекаат да се усогласат куќните совети.

- Еден од куќните совети бара да стопанисува со фасадата, односно да наплатува за поставување реклами. Тогаш, зошто и тие да не учествуваат во обновата со одредена сума - велат во Општина Карпош. Според Законот за домувањето, обврската за одржување и обнова на фасадите е на куќните совети. Фасадите на сините кули во населбата Карпош 2 се комплетно руинирани и ја нагрдуваат околината во тој дел од градот.

 (А.П.)


Нема да навлегувам во другите аспекти на ова (кое патем се најавува веќе цела година), туку сакам само да се задржам на резонирањето и свеста на нашите граѓани. Според болдираните делови може да се заклучи дека:

1. Обврската за одржување на фасадата е нивна, значи тие се и одговорни за моменталното ругло.
2. Сепак не сакаат ни делумно финансиски да учествуваат во обновата.
3. Ама затоа сакаат да имаат увид и влијание во целата работа.
4. Како капак сакаат тие да стопанисуваат со фасадата како рекламен простор.

Ако е ова навистина вака, тогаш е поразително. Не знам веќе како да се работи на свеста за заеднички интерес...

Еве се согласувам дека учеството што се бара од нив е преголемо, но тоа можам да го прифатам само ако не се толку нападни во другиот дел - профитниот. Како тоа друг да инвестира, а они да печалат?

Crazy

Навистина сум изреволтиран од вакви „финти“. Не дека ради овој конкретен случај ќе пропаднеме, ама сепак пропаѓаме затоа што вакви примери има премногу...


Edited by Cloverstack - 31-Jan-2008 at 19:00
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 163164165

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.551 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.