![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 86> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ЈСП ЗАРАБОТИЛО ПОВЕЌЕ ОД ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА ОД Е-КАРТИЧКИТЕ
Снежана Калабакова Како многу скап и комплициран за граѓаните беше оценет електронскиот систем на наплата во јавниот градски превоз. Секакви коментари можеше да се слушнат меѓу патниците кои се возеа со автобус во овие три дена откако стартуваше системот. Кај некои новиот начин на наплата предизвика паника и вознемиреност, особено кај оние кои останале неинформирани или заборавиле дека од 1 јануари нема повеќе возење со кеш пари. Неинформираните се најдоа затечени особено пред возачите на приватните автобуси, кога сфатија дека не можат повеќе да се возат за 25 денари, туку сега треба да платат 150 денари наеднаш за првичното купување на електронската картичка со која во старт добиваат и пет бесплатни возења и дека тоа им е најевтиниот начин за да фатат приклучок во новиот систем. На првиот и вториот јануарски ден имаше граѓани кои немаа 150 денари во паричникот, па се симнуваа од автобусите, иако имаше и возачи кои правеа отстапки и ги пропуштаа патниците. На некои линии, пак, возачите брзо ги продадоа сите електронски картички, па не можеа да одговорат на зголемената побарувачка. Веројатно не ни очекувале дека ќе продадат толкав број. А, од ЈСП денеска информираа дека досега се издадени околу 153.500 персонализирани и 31.500 неперсонализирани картички. Тоа значи дека од персонализираните картички, за чие првичното купување се плаќа 200 денари, ЈСП заработило 30.700.000 денари, додека, пак, од продажбата на неперсонализираните, за кои секој патник плаќа по 150 денари искеширало 4.725.000 денари. Значи, вкупно 35.425.000 денари, односно 576.000 евра само од продажба на електронските картички. Од претпријатието тврдат дека проблеми со системот нема. „Со оглед на фактот дека системот за електронска наплата во возилата на ЈСП стартуваше од 1 јануари 2016 година и евентуалните проблеми што се појавија на почетокот на воведувањето на системот се елиминирани“, беше кусиот одговор што го добивме. На стартот на новиот систем на наплата во сите автобуси беше евидентно дека и контролорите беа на терен и ги проверуваа валидациите на електронските картички. Во автобусите и вчера се слушаа разговори на патници кои покажуваа незадоволство од ваквиот начин на наплата, бидејќи од џеб им зема многу повеќе пари од претходно. Многумина дискутираа дека луѓето се сиромашни и немаат толку пари за да ги дадат наеднаш. Што кога и по тие 150 денари ќе завршат бесплатните пет возења, повторно трчање по билетарници, па да се става минимум 100 денари со кои не ќе можат ни три пати да се качат во автобус... Новиот систем на наплата многу патници на стартот го оценуваа не само како скап, туку и комплициран, затоа што им троши време и ги растрчува граѓаните по билетарници. Уште покомплицирано е за оние што не се од Скопје и доаѓаат од внатрешноста, па во трошоците за лекарски прегледи, на пример, не го пресметале купувањето електронски картички, за кои, пак, следниот пат ако заборават уште колку пари или возења им останале, ќе треба да проверат само кога повторно ќе дојдат во Скопје. Имаше и патници на кои валидирањето во автобус им беше само рутина. Но, со оглед на тоа дека се' уште се во тек празници, па голем дел од скопјани не се во градот, допрва се очекува да се јават проблеми кога граѓаните ќе се вратат на секојдневните работни обврски. Особено што сега веќе електронската наплата се применува и кај приватните превозници, а има промена и во возните редови меѓу приватните и ЈСП, што се чини создава дополнителни проблеми. http://www.utrinski.mk/?ItemID=177B2E0930B8FB4786B0ADE485F26162 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
или ако ништо друго, барем повратна карта да има, за две возења и да кошта некаде 60-70 денари, кога ете веќе морало да не рендаат, барем да биде со осет ова 150 денари за две возења што почнува од февруари е ретардирано и значи мора, потенцирам МОРА да направат повеќе билетарници и автомати! во цел град има вкупно пет билетари и два-три пункта на Скопска, аман нека бидат билетите хартиени, проблемот не беше во тоа што беа хартиени, туку во тоа што сите ги купуваа во автобус |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Ја не ја сфаќам поентата за едно возење да треба да земеш картичка од 150 денари... Малку не се арни...
|
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
ЈСП на веб-страната имаат најава дека ќе постават автомати за продажба на билети низ градов, е сега дали тоа ќе биде за две, пет или сто години, останува да видиме
до тогаш, научете си пензионерско кунг фу за во продажните места низ Скопје инаку, според мене проблемот не е во центата на билетите, туку во тоа што нудат и што плаќаш, стварно не знам каков е тој проклет билет за 90 минути, кога повеќе од половина од тоа време ви е потребно за да стигнете од точка А до точка Б со автобус во еден правец? и зошто ја форсираат само жичарата со гратиси? па барем едно возење во автобус гратис да дадеа место тоа... проблемот е што системот можеше да биде многу подобар, не сум се возел доволно во странство со јавен превоз за да знам, ама сигурно можевме да земеме добар пример од некаде, компатибилен за сообраќајот и патниците во Скопје и не сум користел никогаш слободна/месечна карта, па не сум во тек, ама слушнав за дебилна работа, дека тие карти не важат во рок од месец дена, туку во рок до крај на месецот во кој се купени... навистина е таков системот? посладок грабеж од тоа нема ![]() исто така грабеж се и ноќните линии кои ги поскапеа без апсолутно никаква причина и намерно ги отсекоа од сите видови на билети за да мораш да платиш... и тоа ме интересира, дали системот за ноќните линии останува ист? во поглед на линии, сите си знаеме какво фосилно претпријатие е ЈСП, со линии од титова младост и возен ред кој за прв пат го пишале во библијата... без никакви линии за викенди, ноќни линии и празници, од времето кога сите имале слободен викенд и празник ![]() Edited by zabegan - 04-Jan-2017 at 02:26 |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Види, како што реков, гужвите настанаа поради неорганизираноста на најголемото неодговорно јавно претпријатие во Македонија и тие само тоа си го покажуваат и докажуваат. Мислам дека ми ја сфати поентата на мојата објава.
Фактот дека јавниот превоз во услови на најголемата загаденост поскапе и тоа драстично не може да го смени ништо, дури ни написите на владејачката партија со текстови по порачка. Се сложувам со Бојан дека ова најмногу ќе ги погоди патниците кои само повремено го користеа јавниот превоз. Нема никаква логика во системот на ЈСП: дури ни новитетите за дневни билети, билет за 90 минути, плаќања преку мобилен, се ПОСКАПИ отколку да си извадиш обични билети. Која е таа обратна логика. Плаќањето со мобилен функционира, јас имам забележано, но која е логиката тоа да го направиш, навистина не ја гледам. Притоа каде се картите со фискална сметка кои исто така беа најавени за граѓаните од другите градови и туристите, кои можеби само еднаш ќе се качат во автобус, што ќе им е на нив Скопска, или пак да си ја чуваат како сувенир ![]() Да, морам да признаам дека во поглед на мрежата на ЈСП, јас немам проблем, бидејќи на мала одделеченост имам и билетарница и подружен пункт на ЈСП за Скопска, но верувам дека е лоша ситуацијата. ЈСП нема да се оправи се додека во најголемата гужва низ Скопје, нема да им текне дека е добро да се пуштат на пример, автобуси на секои 3-4 минути, отколку еден на 10-15, па потоа како стока да се бутка народот. |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Еднаш пробав да платам билет со мобилен, ама не работеше системот
![]() |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Се врти на некој број мислам.. Па во најмала рака, би требало да го има по автобусите некаде наведено? Не сум ич во тек со овие промениве... ретко се возам, ама ми се чини сега уште поретко.
![]() |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Се зборуваше дека и со мобилен ќе може да се плати. Знае ли некој ДАЛИ и како функционира оваа опција?
Edited by kultuzin - 03-Jan-2017 at 15:35 |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Нема никакво ограничување. Ако се купи во јануари за 150 денари добиваш 5 возења и потоа ја надополнуваш. По јануари, ваква неперсонализирана картичка ќе чини 150 денари, ама на неа ќе има само 2 возења како што си беше всушност и до декември. Некое друго ограничување нема, освен тоа што продажните места кои ЈСП ги рекламира како маалски продавници за надополнување на картичките во практика не функционираат. |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Според ова што го читам тука и на скопска.мк испаѓа дека за некој што не е ученик/студент/пензионер, наједноставно би било да се купи неперсонализирана картичка за 150 денари со 5 возења, па кога ќе ги потроши одново и одново. Во право сум или има некое ограничување кај неперсонализираните картички?
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Ehrlich, редовите пред билетарите на ЈСП-Скопје беа присутни барем неколку дена пред Нова Година, и тоа поголеми од оние на 2 јануари. Мрежата на приватни продавници кај што можеш да ја надополниш картичката едноставно е неупотреблива, бев во таква вчера и ми кажаа да одам во билетара на ЈСП да си ја надополнам картичката. Тоа значи дека организацијата им е нула.
Да бидам искрен, не секогаш билетара на ЈСП-Скопје се наоѓа блиску до твоето место на живеење. На пример, кога живеев во Козле, морав да пешачам околу 30 минути до Карпош 2 за да ја надополнам картичката за автобус! Тркало, кога ќе купиш неперсонализирана картичка, ти даваат две бесплатни возења. Само во јануари, ако ја купиш картичката во автобус, со „Скопска“ ти следуваат пет бесплатни возења. Откога ќе ги потрошиш, правилото гласи дека мора да ставиш на картичката минимум 100 денари, односно 105 денари, односно мора да купиш барем три билети кои имаат неограничена важност. Исто така, можеш да надополниш билет за 10 возења по цена од 250 денари, но ако не ги потрошиш за 15 дена автоматски ги губиш од картичката оние возења што не си ги искористил! Луѓето што немаат лична карта од Скопје може секогаш да си извадат неперсонализирана картичка, плаќањето со мобилен во автобус ЧИНИ 40 ДЕНАРИ! Фискална сметка, заедно со потврда дека си ја надополнил картичката, ти даваат во моментот кога ќе отидеш во билетара и ќе им кажеш на тетките каков билет сакаш. Јас секогаш си ја чувам оваа потврда, бидејќи знаеш како е кај нас со крадење. Кога ќе влезеш во автобус, картичката ја доближуваш до валидаторот, добро гледаш што ќе ти излезе на екранот (дека билетот е поништен и дека има останато уште толку и толку возења), нема тука фискална сметка. Да резимираме, со воведувањето на електронскиот начин на наплата автобускиот превоз во Скопје ПОСКАПЕ, наместо да поевтини. Второ, поскапувањето особено ќе ги погоди оние категории на граѓани кои поретко се возат со автобус, бидејќи ќе ги обесхрабри да се качат и да платат поскап билет. Покачување на цената од 25 на 35 денари Е РЕЧИСИ 50% ЗГОЛЕМУВАЊЕ!!! Како трето, во овој систем ги вклучија и приватните превозници, ќе биде многу интересно кога Градот Скопје ќе почне со доцнење на исплатата на сработеното, па кога ќе почнаат да го напуштаат системот и да организираат штрајкови. Четврто, ако нешто не се стори за да се надминат недостатоците во системот, верувајте дека јавниот превоз во Скопје ќе се најде во слична состојба со бројот на патници како Македонски железници откако го поскапе железничкиот билет пред некоја година. |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Ништо квалитетно не се говореше. Имам многу прашања, па се надевам дека некој скопјанец ќе успее да ги одговори деновите, бидејќи ќе ги искуси благодетите на новата електронска картичка. 1. Луѓето што немаат лична карта од Скопје дали може да извадат а) персонализирана картичка б) неперсонализирана картичка 2. Дали тие мора да плаќаат исклучиво со мобилен телефон? 3. Koj нема мобилен телефон, како ќе плати? 4. Дали се дава фискална сметка кога ќе се валидираш? 5. Ако не се дава фискална сметка, што добива патникот како потврда дека се валидирал? 6. Дали кога валидаторот е неисправен, кој сака да се вози ќе може да си плати со мобилен, иако има електронска картичка, а кој не сака, ќе си го чека следниот автобус? |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Можеби поради изборите недостигаше поголема кампања, НО сепак не треба да се заборави дека ова со картичките се говори повеќе од една година во неколку поголеми бранови на известување, меѓу кои последниот беше кога државните автобуси започнаа да ги употребуваат картичките Скопска, т.е. 1 септември 2016, кога и самиот си купив електронска картичка. Проблемот е до тебе, но и до сите нас, кои чекаме до последен момент за нешто што беше најавено многу одамна. А доколку истражиш кај може да си надополниш, и си ставиш доволно средства, немаш никаков проблем. Јас на пример, иако сум вработен, не ми се исплаќа да купувам месечна карта, па така си земам две карти со десет возења два пати во месецот и сум си раат.
П.С. Гужвите не се воопшто поради воведувањето на новиот систем, туку поради тоа што најнеодговорното претпријатие во државава заборави да ги извести пензионерите дека нема да можат да си ги искористуваат своето „од Бога ветено право“ на возење во автобус, ако не ги обноват картичките за 2017 година, при тоа известувајќи ги на 28 декември. П.П.С. Моментот дека реално се зголемува цената на билетот, никој не ја говори, иако сме во ек на најдраматичното загадување на Град Скопје. |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Оваа Скопска е минимум за неколку возења, така?
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Првиот ден го преспав, но се одлучив да го пробам јавниот градски превоз на 2 јануари. Општа катастрофа! Билетарите на ЈСП-Скопје (Карпош и Центар говорам) не работат, во автобусите ти туткаат картички „Скопска“ за 150 денари (две веќе имам!), а ако отидеш во некоја маалска трафика, иако има знак за надополнување, ти велат да одиш до билетара на ЈСП. Пред билетара на ЈСП денеска ред како во Романија од 80-ти за леб и млеко. Ако сакаш да фатиш грип, си чекаш 1-2 саати за да ја надополниш картичката. Епилог: влагаш во автобус, си купуваш трета картичка „Скопска“ и си среќен што Македонски Телеком и ЈСП заработуваат од тебе.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Малку подолг текст на тема јавниот превоз во Скопје...
Транспортен центар, Ѓорче Петров, Лепенец, Волково Александар Петров Доволен е само еден пороен дожд за да се увиди хаосот во кој колабира скопскиот сообраќај. Тоа e видливо особено последните години, кога му се уништи целокупната планска структура, густината му се прелеа, а сообраќајната инфраструктура остана непроменета. Таа е иста од 80-тите години, со исклучок на некој кружен тек подобен за одржување на политичката надмоќ (затоа и не издржа ни пар години). ГУП-от датира од 1964 година и во него сè уште стојат обележани пробиената сообраќајница под Калето и булеварот Крушевска република - два капитални крвотока кои до денешен ден недостасуваат во реалноста. Во недостиг на каква било идеја за содржина на потенцијалниот простор, сообраќајниот грч го нагриза ткивото со несразмерен волумен на транспорт. Во центарот, делумно се проширија само коловозите, колку да се исечат дрвјата и присилно да се издејствува изградбата на сомнителни катни гаражи за дополнително да се оптовари сообраќајниот доток. Во недостиг на каква било идеја за содржина на потенцијалниот простор, сообраќајниот грч го нагриза ткивото со несразмерен волумен на транспорт. За град како Скопје, кој е современо поставен, битно е главната носивост да ја имаат главните и широки соораќајни артерии со непречен доток, а целокупниот останат размер постепено да се дегрутира кон централното јадро. Ширум Европа, каде има подобро развиена административна култура, јавниот превоз се одделува од сопствениот превоз и со тоа се класифицира и заштитува централниот теснец кој најмногу трпи во текот на денот, и затоа тие зони се затворени за сообраќај. Се инвестира само во велосипедски и пешачки патеки, непрекинато поврзан јавен превоз, па дури и најразлични видови поволности за корисниците, со цел тие да ги искористат и да ги оттргнат од автомобилите. Двосмерните и едносмерните улици едноставно исчезнуваат, се користат само како рекреативни зони. Скопје бараше во неколку градоначалнички мандати да го реши и својот недооформен јавен превоз, дури и преку трамвајски и шинобуски превоз, за да на крај ја избере најнесреќната и неефикасна опција - преку катните кинески автобуси. Тоа беше само лифтинг, бидејќи во суштина тие само ги брендираа превозните средства, без притоа да воведат новитет или дополнителна опција за да се подобри возниот ред и размената помеѓу деловите од градот. Двокатниот автобус не ја подобрува градската инфраструктура, без разлика дали тој ќе помине покрај некоја нова барокна биртија или покрај некоја од надградбите во Лепенец. Денес повторно ни нудат субвенции за електронски возила како божемен новитет и нужно добро. Тие, како во горниот случај, не само што ќе ја докомплицираат сообраќајната пракса, туку и дополнително би го поддржале веќе натрупаниот обем на хистерија. Спротивно од тоа што насилно ни го сервираат, централното подрачје на Скопје ќе мора да се откаже од автомобилскиот сообраќај, во корист на поголема искористеност на градскиот партер и со тоа поголема јавна еластичност, а решението со јавниот превоз би можело да се решава етапно, преку растоварување, подземно или на спрат. На Скопје му е потребна дополнителна транспортна траса, со што постоечката би се растоварила, а тоа решение би можело да се понуди со дополнителен превоз преку монореил или подземно метроНа Скопје му е потребна дополнителна транспортна траса, со што постоечката би се растоварила, а тоа решение би можело да се понуди со дополнителен превоз преку монореил или подземно метро, на пример. На таа тема веќе има работено и една наша реномирана мултимедијална артистка, Кристина Пулејкова. Таа преку графичка игра има изработено мапа на сите метро-станици кои би го поврзувале Скопје од Ѓорче Петров до Аеродром и накрсно од Водно до Чаир. За град со големина на Скопје, доволно би била една скромна мрежа на подземен сообраќај во два правци, со пресечен чвор кај Транспортниот центар (железничката станица), со надеж дека во иднина ќе се вклопи и со предвидениот булевар на Крушевската република, каде би се расчленувале и пренасочувале градските густини и брзини. Со тоа градот ќе добие посебен урбан перформанс кој ќе ја олесни пешачката комуникација, концентрирајќи го ударниот метеж преку подземни канали. За овој тип интервенција градот е многу погоден, иако се работи за прескапа инвестиција. Можат да се искористат подземните скривници од зградите кои се градени за време на социјализмот, а денес се неупотребливи и нивното одржување е опасно. Преку нивната пренамена градот би добил полесно изводлива градежна операција, поврзувајќи ги овие точки кои по потреба би прераснале во метро-станици. На овој начин, метрото ќе ја намали временската поврзаност и нервоза помеѓу различните делови од градот, а со тоа и ќе го подобри и квалитетот на јавниот сообраќај. Градот ќе добие на ефикасност и рационалност. Идејата за монореил секако е интересна, иако како таква изумира по светските метрополи,(како неисплатлива). Можеби би имала атрактивно значење доколку би се поврзала со жичарата и би отворила воздушен простор за уште еден паралелен тек, каде во случајов би се добиле интересни и примамливи визури за движење по градот. Не верувам дека тоа би добило на значење, бидејќи Скопје со фаталниот проект Скопје 2014 е трајно осакатено од грди и неподобни видици. Во склоп на оваа тема за транспортот, кој деновиве актеулно се банализира преку програмата за електронските возила (кои секако се битни, но не во плански контекст), се занемарува и темата за Варадската долина. Таа беше атрактивна за електростопанството, а можеше да биде и оригинална за пловниот сообраќај со што Скопје дополнително ќе добиеше уште една развојна координата на подолг период. Вака, соочени со опасноста од труењето на реката, тотално расцепеното корито и узурпацијата на нејзиниот природен тек од тркала, бродови и што уште не, ќе мора да се бориме со основните проблеми за негова заштита, филтрирање и прочистување од фекалната зараза. Меѓународниот аеродром е исто така битен дел за севкупно заедничко поврзување и испреплетување на сиве овие сообраќајни опцииМеѓународниот аеродром е исто така битен дел за севкупно заедничко поврзување и испреплетување на сиве овие сообраќајни опции кои би биле во интерес на подобрувањето и модернизирањето, согласно со времето во кое живееме. Tоа е од посебно значење, бидејќи современиот глобализам бележи најголем раст токму на ваквите инфраструктури, бројчани матрици, лесно пресметливи блоб амеби кои постојано се прошируваат и доградуваат. Аеродромот во Петровец од осамостојувањето на Македонија до сега, за пет пати го има зголемено капацитетот на патници (од 312.000 во 1990 до 1,450,000 во 2015 година), а таков тренд прикажува и за во блиска иднина. Овој сателит сигурно би можел да биде вклопен во развојот на следното Скопје кое динамично ќе бара да дише и да се развива во слобода. Секако, тука има и многу други правци потребни за обмислување на прогресот и ширењето на градот, кои би пркоселе на неговата моментална клиничка смрт. http://okno.mk/node/59239 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
проблематиката е многу широка за да се донесе решение... како прво, Скопје во 2016 постои без неколку и тоа како потребни булеварски поврзувања во неколку предели еве и да не се гради било каква мрежа на јавен превоз во моментов, може барем да се даде основа за нејзе за некои подобри времиња... проблемот е во планирањето, односно непланирањето на градов на генерално ниво... со оглед на тоа колку многу станови масовно се градат со алармантно брзо ниво насекаде низ градов (па и во центарот, што е неприфатливо за 21-ви век), може да очекуваме само полошо но, отсекогаш кога се дискутирало за ЛРТ мрежа во нишкиве, многу ме иритирало тоа што се игнорира идејата железницата да се искористи во јавниот превоз... во Скопје, пругите покриваат повеќе од половина од периферните населби... кога би се намалил автобускиот превоз за тие населби и би се распределил посоодветно, би било многу подобро за ова не треба многу пари, само возен парк да се набави и постојки да се монтираат... ако можело да се потроши на многу други глупости, можело и на ова, сепак не е некоја масивна мегаломанска инвестиција како градење на нова ЛРТ мрежа во урбаните рамки на градот |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Не знам зошто се надрмудрувате за јавниот превоз кога ниту знаеме колку жители има градов (400.000? 600.000? 800.000?), ниту има јасен и вистинит план за неговиот иден развој и распределба на активност, ниту имаме способни претпријатија. Ако евентуалните трамвај/метро/приградска железница бидат раководени од ЈСП или не дај Боже МЖ, тогаш и 100 линии би биле џабе.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
![]() Luge jasno e kako bel den sto znaci demokratsko opstestvo. Koga se trosi golema suma na narodni pari za nekoj golem proekt, toa se pravi transparentno so javna rasprava i vklucuvanje na graganskiot sektor vo donesuvanjeto na odlukite. Vo golem broj zemji se pravat i referendumi kako npr. skopskiot od 1990. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |