![]() |
![]() |
![]() |
Зеленило |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 43> |
Author | ||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Донекаде се и од Град Скопје виновни, Хаос како тирана и приштина мислам дека во иста кофа сме а ние плус дизниленд имаме тоа ни е големо плус.
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Во Чаир живеат како талибанци,не е од вчера тоа,секогаш било така.
Проблемот е што сега откако го запоседнаа Топанско Поле рамковниве,сега и на тој дел му се спрема судбина на Приштина,Тирана,Тетово..нулта зеленило и сеопшт урбанистички хаос. |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Ќе се сечат уште повеќе, сите дрва што се наоѓат покрај булеварот.
Општината зериозно да помисли са изградба на парк. |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
(ВИДЕО) Уште една сеча на дрвја во Чаир
![]() Четири дрвја се исечени утринава на улица „Цветан Димов“ во скопската општина Чаир.Сечата се спровела во раните утрински часови, а дрвјата беа повеќедецениски и витални.Зеленилото беше уништено според досегашната пракса на градските власти, во неработен ден, рано изутрина и без знаење на граѓаните од околните згради. http://a1on.mk/wordpress/archives/482671 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Заплакаа и труповите на бул. 11 Октомври
1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
барем така да беше,реалноста е полоша-парите ќе одат на тркалото
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
|
![]() Добро нели требаше да се купи ваква машина за пресадување, што се деси? Edited by mackomk - 20-Apr-2015 at 14:17 |
||
![]() |
||
kliment ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 18-Sep-2012 Online Status: Offline Posts: 55 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Шумите на Водно, Зајчев Рид и Гази Баба ја губат битката со пренамената во градежно земјиште
Сега Водно обезбедува само околу 35-40 отсто од потребното зеленило за чист воздух на скопјани. Одговорните во ЈП „Паркови и зеленило“ своевремено убедуваа дека белите дробови на Скопје секоја година мора да се освежуваат со најмалку 65 хектари нова шума. Но последниве 25-30 години се садени едвај по 2-3 хектари. Според шумско-стопанските основи, на секој хектар треба се садат по 2.500 садници, од кои, кога ќе пораснат, треба да се селектираат и да останат околу 400. Еден хектар шума апсорбира од 50 до 70 тони прашина и 15 тони јаглероден моноксид, а испушта 11 тони кислород. Сега претпријатието вели дека околу 47 отсто од целиот простор на Водно е обраснат и ја врши заштитната функција на шумата. „Според нормативите за потребниот квантум на зеленило за задоволување на еколошките барања, потребни се околу 120 квадратни метри зелена површина по жител, или за градот (околу 500.000 жители) најмалку 6.000 хектари зелени површини во него и во непосредната околина. Во сегашни услови, Водно обезбедува околу 35-40 отсто од потребното зеленило и претставува ’бели дробови’ на Скопје“, стои во План-документот за 2015 од „Паркови и зеленило“. Моментално градските власти во соработка со „Паркови“, граѓани, ученици и невладиниот сектор редовно пошумува по 2 до 2,5 хектари годишно. Преку акцијата „Ден на дрвото“ се засадени 35 хектари нова шума на повеќе локации во рамките на заштитеното подрачје. Меѓутоа, овие бројки се минимални во однос на планот што го изгласа градскиот Совет во 2009 година. Негувањето и заштитата на Водно до 2019 требаше да бидат реализирани со 454 хектари шума, на секој хектар по 2.500 садници, со што степенот на пошумување би се зголемил за 70 отсто. Притоа, да се изберат видовите дрвја што ќе се садат. Во боровите шуми идеално е да се насадат елки или буки, како видови што поднесуваат сенка. Дабовите, брезите, јаворите и липите, пак, би биле соодветни за површините што се наоѓаат на надморска височина пониска од 600 метри, а над 800 метри треба да се садат елки, смреки и слично. Ако се направи ретроспектива, сите ангажирани затвореници од „Идризово“, службеници, војници, скопјани од различни општествени слоеви ни на сон не можеле да замислат дека по Втората светска војна ќе пошумат огромен дел од голото Водно. Планината низ децениите станала белодробна оаза за Скопје, асоцијација за незаменливо вонградско зеленило. Уште повеќе не можеле да замислат дека по ударничките акции, со кои, практично, засилено се агитирало против индустријализацијата, одреден број индивидуалци ваквата питома „зелена“ идеја за ширење на шумскиот капацитет ќе ја претворат во идеја за непресушен туристички и урбанистички потенцијал. Првото официјализирање на парк-шумата „Водно“ во 1976 година е само логичен продолжен ефект од таа „зелена“ идеја. Многумина ќе кажат и дека денешната неорганизираност се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година, во кој се предвидувале пари за одгледување садници за масовно садење. Реформирањето на ваков фонд, можеби, ќе даде малку надеж за сите налети на урбанизација со кои се соочува планината. Заштитените подрачја сè повеќе ги губат шумската и рекреативната функција Иако најголемо, Водно не е единственото заштитено скопско подрачје со вонградско зеленило. Во изгласаниот План на „Паркови и зеленило“ за зелени површини за 2015 година е вклучен и Карактеристичниот пејзаж Гази Баба. Ова претставува вештачки подигната шума, сместена во градска урбана зона. Зеленилото на овој локалитет е интегрален дел на градот, бидејќи има хигиенско-санитарно значење, како и естетска вредност, а претставува атрактивен, интензивно пошумуван простор со површина од 105 хектари. Со цел да се сочува шумата, од „Паркови и зеленило“ сметаат дека е неопходно секоја година да се применуваат соодветни одгледувачко-мелиоративни мерки. „На локалитетот ’Гази Баба’ во последните неколку години се забележува масовно исушување на црниот бор, јасен, јавор и други видови, како резултат на дејствувањето на биотските и абиотските фактори. Со детални урбанистички планови изработени на ниво на соодветната општина (Гази Баба), делумно се влегува во атарот на шумскиот зафат, а се реализира и намалување по основа на враќање на земјиште преку денационализација“, стои во документ-планот на „Паркови и зеленило“. Градот Скопје неодамна почна со уредување на оваа парк-шума, но времето ќе покаже дали целосно ќе се оствари и планот за просторно обележување на заштитениот локалитет. „Француски гробишта“ е објект од 15 хектари што се наоѓа во централното градско подрачје и од сите страни е обиколен со главни магистрални и собирни улици. Во текот на 2005 година, како што информираат од „Паркови“, дел од просторот е пренаменет во градежно земјиште и е доделен за изградба на американската амбасада. Програмата на „Паркови“ ги опфаќа 6-те основни операции на значително намалената површина од (7 хектари) доколку, како што велат, и овој простор не добие друга намена, функција и третман. „Објектот ’Француски гробишта’ е делумно пренаменет во градежно земјиште. Не е познато каков третман ќе има новоизградениот простор, т.е. дали ќе се одржува од ЈП „Паркови и зеленило“ или од други сопственици“, потенцираат од јавното претпријатие. На Зајчев рид, во рамките на вонградското зеленило, се третира и просторот под Хидрометеоролошката опсерваторија, вештачки подигната површина, како и заштита од ерозија. Од периодот на првото пошумување во 1978 година, на овој локалитет е спроведувано минимално одржување, а во последните десет години работите се сведени само на физичка заштита. „Со оглед на тоа дека објектот ’Зајчев рид’ се наоѓа во потесното градско подрачје, во последните неколку години истиот беше изложен на интензивна градба со која се нарушуваат границите и стабилноста на просторот т.е. просторот е наменет за приближно 2 хектари, а уништени се 15 метри од постојната хидрантска мрежа“, информираат „Паркови“ во својот документ-план. СРЦ „Езеро Треска“ се наоѓа на излезот од Скопје и зафаќа површина под зеленило од 186.678 квадрати и 132.080 квадрати водена езерска површина. Во Програмата за 2015 е предвидено редовно одржување на зеленилото и на придружните објекти, чистење на зафатот, таложникот и самото езеро. Но како капачки објект тоа не е во употреба од 1998 година, освен краткото време од еден месец што функционираше 2003 година. Од „Паркови“ потенцираат дека интензитетот на одржување на зеленилото во РЦ езеро „Треска“ е идентичен со интензитетот на јавните зелени површини во Град Скопје. „Во текот на 2003 година изработени се и реализирани поголем број елаборати и проекти за ревитализација на езеро ‘Треска’ и со преземање на конкретни градежно-технички активности овозможено е ставање на езерото во функција. Неопходна е изградба на прочистителна станица со која проточната вода од реката Треска би се трансформирала од 4-та во 1-ва, евентуално 2-ра категорија, што е императив за ставање на езерото Треска во функција за капење“, напоменуваат од „Паркови“. СРЦ „Сарај“ е во непосредна близина на Скопје, лоциран помеѓу реката Вардар и Треска, а зафаќа површина од 240.000 квадрати. Основната композициона поставеност на вегетацијата е во слободен пејзаж, стил со парковски карактер со внесување на лисјарски видови и карактеристичен природен состав во зоната покрај реката. За „Сарај“, освен редовно одржување, како што велат, неопходно е да се повтори предлогот од 2005 година и да се подигне нивото и улогата на објектот во воведување на нови содржини - изработка на техничка документација за потребното градежно-партерно уредување, концепциско осмислување на просторот и правилен распоред на содржините. За полуавтоматската мрежа за полевање би се користела техничка вода од реката Треска или подземни бунари. „Важноста на редефинирањето на овој простор, како и на зголемувањето на неговата употребна вредност за граѓаните на Скопје и околните населени места е потенцирано уште повеќе со проблемите со враќање на земјиштето кое се наоѓа во границите на СРЦ ’Сарај’ преку процесот на денационализација“, стои во документ-планот за одржување и користење на јавните зелени површини за 2015 година. http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/shumite-na-vodno-zajchev-rid-i-gazi-baba-ja-gubat-bitkata-so-prenamenata-vo |
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Мда. Ме чуди што и Китка и СЦГ не ги додал во пресметката. Така сигурно и 1200 квадрати по човек би добиле. ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
„Обездрвениот“ двор на Света Софија во Охрид:
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Го спомнува и РАЈСКИОТ ПАРК од 9 хектари и вели дека истиот е во изградба. Знае ли некој каква е состојбата на терен?
|
||
![]() |
||
totobobo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 247 |
![]() ![]() |
|
Но, првиот човек на „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, тврди Скопје по глава на жител има 119 квадратни метри. Тоа е многу повеќе од она што го предвидува СЗО. Од друга страна, парковската површина се зголемува и со градењето нови паркови, како што е Рајскиот парк што го градиме на последна ’15‘ во општина Аеродром и има 9 хектари. А, паркот ’Македонија‘ спроти ’Алумина‘ е со површина од 2 хектара“, вели Авировиќ. За повеќе никој да не чепка во градското зеленило, во собраниска процедура е влезен предлог-закон за урбано зеленило. Во моментов „Паркови и зеленило“ има 680 решенија за сечење дрвја, но директорот вели дека тоа не значи оти треба да се исечат сите. А, за да не дојде до паѓање, во моментов треба да се исечат околу стотина тополи. |
||
Interceptor design
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Како 7 е повеќе од 9 не ми е јасно? Идиот!
Да не правиме муабет дека 9 квадрати по човек е минимум, а не стандард. Далеку погусто населени и поголеми метрополи во Европа имаат по барем 20-30 квадрати на човек. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За изјавата дека скопјани имале повеќе зеленило по глава на жител од предвидените стандарди типов заслужува една чворга по тиквата.
ОД 1 ЈАНУАРИ СЕ ИСЕЧЕНИ ВКУПНО 296 ДРВЈА ВО ГРАДОТ Откако Скопје го зафати градежна експанзија, скопјани имаат впечаток дека асфалтот буквално му го зема местото на зеленилото. Впечатокот станува посилен и поради интензивната сеча на многугодишни дрвја. Од 1 јануари до 17 април годинава во Скопје се искастрени 131 дрво, а вкупно се исечени 296 дрвја. Но, првиот човек на „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ, тврди дека не е така, бидејќи се подигаат нови тревни површини, а скопјани, според него, имаат дури повеќе зеленило по глава на жител од предвидените стандарди. Вкупната зелена површина на градот, за која е одговорно јавното претпријатие изнесува 51.110.295 квадратни метри, од кои градското зеленило опфаќа само 3.784.295, а вонградската зелена површина е распространета на 47.326.000 квадрати. „Според стандардите што ги пропишува Светската здравствена организација, во урбана средина треба да има по 9 квадратни метри зеленило по глава на жител. Според аналитичките податоци на Службата за развој при ’Паркови и зеленило‘ во урбаниот дел на Скопје секој жител има по 7 квадрати зеленило. Бидејќи во последниве шест години се грижиме и сме одговорни и за одржувањето на парк-шумата ’Водно‘, како и за ’Паркот на природата‘ на Гази Баба, кој претставува парк од посебен интерес, произлегува дека Скопје по глава на жител има 119 квадратни метри. Тоа е многу повеќе од она што го предвидува СЗО. Од друга страна, парковската површина се зголемува и со градењето нови паркови, како што е Рајскиот парк што го градиме на последна ’15‘ во општина Аеродром и има 9 хектари. А, паркот ’Македонија‘ спроти ’Алумина‘ е со површина од 2 хектара“, вели Авировиќ. За повеќе никој да не чепка во градското зеленило, во собраниска процедура е влезен предлог-закон за урбано зеленило. Донесувањето на еден ваков закон ќе значи дека оние што ќе сакаат да градат на урбана зелена површина, во иднина нема да можат да добијат одобрение за градба. Доколку, пак, некој добие такво одобрение, тогаш ќе треба да плати отштета според изготвен ценовник. А, ако на зелената површина има и одреден број садници, тогаш оној што го гради објектот треба да даде согласност по изградбата да се посадат двојно повеќе садници. Сечењето дрвја без дозвола ќе повлекува и затворски казни. Тоа, најверојатно ќе значи дека нема да има сеча на дрвја како до сега. Во моментов „Паркови и зеленило“ има 680 решенија за сечење дрвја, но директорот вели дека тоа не значи оти треба да се исечат сите. Последниве неколку години скопјани се сведоци како никнува зеленило на покривните конструкции на некои објекти, но, од друга страна пред нивни очи има и голема сеча на дрвја, кои се отстрануваат од различни причини, најчесто заради одредени градежни зафати, но според некои граѓани и без причина. Според директорот Авировиќ со Законот за зеленило и тоа ќе се регулира. Ако дрвото падне врз некој автомобил, а за него имало решение за кроење по кое не е постапено, претпријатието ќе си плати оштета. Во спротивно штетата ќе ја поднесе сопственикот на автомобилот. А, за да не дојде до паѓање, во моментов треба да се исечат околу стотина тополи. Скопското зеленило се наводнува од 17 бунари во Аеродром, 19 во Карпош, а Градски парк со површина од 47 хектари се наводнува од 14 бунари. Само булеварското зеленило се наводнува со вода за пиење, но системот капака по капка нема голема потрошувачка на вода, тврди Авировиќ. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
![]() Добро знам какви се, израснав покрај шума од тополи. Иначе алергија на полен може да има човек и од многу други дрва и цвеќиња, како и на прав и други материи.. така да ова не може да биде причина.. но добро, тополите брзо растат и имат краток животен век. Гранки паѓат и од други дрва, а и цели стебла. |
||
![]() |
||
totobobo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Apr-2013 Online Status: Offline Posts: 247 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
Interceptor design
|
||
![]() |
||
one1 ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 13-Mar-2013 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Софија од комунистичка дупка - велеград за Скопје по секоја основа, за зеленило да не држиме предавање, таму од времето сите алеи и булевари се со зеленило Борисовата градина е со површина поголема од мал ринг.
Белград го има Ушче и Калемегдан големи места близу централно градско подрачје и нема шанса да се шири мафија во тој дел Загреб град споредба Виена за Скопски услови во секој поглед, таму во центарот одамна не се гради ништо туку само се реставрира и се реконструира што значи центарот си има сјај и парковските површини се секако заштитени. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 43> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |