![]() |
![]() |
![]() |
Патна мрежа (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 84> |
Author | ||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
|
ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ТЕТОВО-ПОПОВА ШАПКАВрз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг“ што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз. -Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг“ да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов. Градоначалничката Арифи потенцира дека е значајно што се соработува со Владата за вакви поголеми зафати. -Ове значаен пат како за општината, така и за цела околина, имајќи го во предвид туристичкиот аспект и големиот број места кои се поврзуваат. Тоа е инфраструктурна придобивка согласно концептот на децентрализација и партнертство на општини и Владата. Со средства на ИПА и на Светската банка од 1,5 милион евра ние и во викенд населбата ќе инвестираме во патната инфраструктра. Имаме информации дека првата фаза е прифатетна. Ќе се постават пропратно фекална и атмосферска канализација, рече Арифи. Министерите Сугарески и Бектеши на новинарски прашања дали се размислува за градба на нова жичарница, истакнаа дека во момнтов се размислува што треба приоритено да се направи. -Владата сериозно размислува и она што во моментов се случува е првиот показател. Минатиот период многу се зборувало дека се сака да се инвестира, но тоа треба да се случи на дело. Владата инвестира во делот на патот и не само во делот на патот и секаде каде е потребно, бидејќи Попова Шапка е еден од клучните туристички центри во нашата држава и тоа ќе се случи, рече Сугарески. Министерот Бектеши посочи дека во моментов се прават две анализи за економска оправданост за инвестирање во иднина што се под надлежност на Елем Турс. -До октомври консалтинг агенција треба да ја достави анализата по што ние како Влада ќе одлучиме дали ќе биде под концесија или преку јавно приватно партнерство. Мора да има детална анализа, рече Бектеши. https://glas.mk/2019/07/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D1%80%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%82-%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%BE/?fbclid=IwAR3C2AzxKeLiKQEnalv_mEt3AKcdqDGyU8AqhqlatOUpxsTjARkr1FGUTUc |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Што би можело да биде втората варијанта?
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Одлично, полн профил
![]() |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Тетово-Гостивар ќе биде стандарден автопат со по три ленти во правец Тетово-Гостивар ќе стане автопат со по три коловозни ленти во еден правец, најави директорот на Јавното претпријатие за државни патишат Зоран Китанов од Тетовско каде беше во посета за да изврши увиди како оди реконструкцијата на делницата од Тетово до Попова Шапка. Причината за проширувањето на патот од Тетово до Гостивар, како што рече, е големата фреквенција на возила. – Делницата А2 Тетово-Гостивар веќе е претесна. Дадена е проектната задача на Градежен факултет од каде имаат две алтернативни решенија. Двете се многу убави и на ниво на стандарден автопат, но ќе ја кажам само едната. Според тоа решение, лентите ќе бидат широки 3,75 метри со 3,5 метри и 2,5 метри. Градежен факултет има една опција со која може да тендерираме за главен проект да се обезбедат средства, па да се размисли втората варијанта која е многу интересна, рече Китанов. Тој најави целосна реконструкција на патарините долж коридор 8 и воведување електронско плаќање. Во тетовскиот регион освен Тетово-Попова Шапка, додаде, ќе се реконструираат и други патни правци. -Во тек е проектирање и во септември ќе започне рехабилитација на патот Карпалак-Желино во должина од 16 километри, потоа следи тендерска документација за патот Желино-Јегуновце. Со средства на Јавно претријатие за државни патишта се работи на делница Непроштено-Пршовце предвидени се осум милиони денари, Вратница-Јажинце премин со два милиона денари и во двата случаи подразбира гребење и нов асфалт. За делницата Тетово-Порој чекаме прво атмосферска канализација и водовод, па ние да работиме со асфалтирање на тој пат. Грпките нема да останат после реконструкција, рече Китанов. Досега е завршена делница Пирок-Боговиње-Врапчиште со инвестирање на 15 милиони денари. Вкупно низ Северна Македонија се работи на 400 километри регионални и магистрални патишта кои се реконструираат, но пари има и за други локални патиша, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. -Владата станува стратешки партнер на општините. Подготвуваме како Влада проект од 70 милиони евра од Светска банка поврзан со локалните патишта што ќе даде уште поголем бенефит за општините. Тие средства од наредна година ќе може да се користат не само за регионални и магистрални, туку и за локални патишта, рече Сугарески. Дополнително ќе се работи и на новите експресни патишта, како и на интензивирање на градбата на автопатот Кичево-Охрид. https://lokalno.mk/tetovo-gostivar-ke-bide-standarden-avtopat-so-po-tri-lenti-vo-pravets/ |
||
![]() |
||
Grunf ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Ако није проблем да се умешам, члан сам из Србије, овде сам већ годинама, али се нисам оглашавао...
Прошао сам кроз и боравио у Македонији много пута и нека моја оцена, као човека са стране, да вам је мрежа аутопутева у односу на величину земње, број становника, а највише у односу на саобраћај који циркулише вашим путевима прилично добра. Проблем, као и у Србији је стање и одржавање тих аутопутева, као и главних државних (магистралних, како су се некад звали). Конкретно, последњих неколико година летујем на Јонском мору, често свратим по 2-3 ноћи у повратку или одлсаку на Охрид и увек идем преко Прилепа и Битоле (не волим чекање на ГП Гевгелија/Евзони), 50км је дуже, занимљивије је и лепше преко Битоле и даље ка А2 у ГР. Пут Прилеп-Битола би био одличан и само да се одржава подлога и сигнализација у одличном стању, ја увек ту возим на темпомат 105-110км/ч, а то је довољан показатељ да ту нема ни довољно саобраћаја за аутопут. Од Градског ка Прилепу је већ друга прича и нова траса је баш потребна и драго ми је што видим да се ту нешто ради, а свакако би било потребно уредити део од Битоле ка Меџитлији и од Ресена ка Охриду. Поздрав и надам се да није проблем што сам писао на српском, ваш језик одлично разумем, али мислим да не бих могао да пишем на македонском а да не буде смешно, а вероватно ме не би ни разумели. |
||
![]() |
||
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
|
Во Грција автопатот е до самиот премин Меџитлија, значи 12 километри до Битола, ако чинеше патот од Росоман до Битола, сите (Срби, наши) кои одат кон Јонско море одовде доста поблиску е, ама овој дел од Македонија е слепо црево и затоа никој не транзитира, вака како шо стојат работите секоја наредна сондажа на сообраќај во овој дел ке испаѓа со се помала фреквенција
|
||
![]() |
||
Bakica ![]() Groupie ![]() Joined: 09-Feb-2016 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 93 |
![]() ![]() |
|
Avtopat Prilep-Bitola nema poenta bez Avtopat Gradsko-Prilep. ili bar avtopat Medjitlija-Bitola pa na toj nacin vo idnina da postoi avtopat Prilep-Kozani i od tamu do cela Grcija.
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Не, автопатот до Штип е врска за уште 8-9 града и 2 гранични премина со Скопје. Автопат до Прилеп-Битола во моментов нема поента.
|
||
![]() |
||
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
|
Значи испаѓа..
Зошто им е на Прилепчани и Битолчани автопат, не се навикнати они, главно Штип има, не ке се гради сеа и у провинција, пруга има Битола-Прилеп и доволно им е. |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Првото и најбитно прашање кон министерот треба да е кои се причините за подигање на патот од Прилеп до Битола на ниво на автопат наместо на проширен експресен пат со по две ленти во правец.
Јас лаички ако се прашам можам да претпоставам е дека има или предвидува поголема фрекфенција на луѓе и стоки помеѓу Прилеп и Битола како поголема стратешка определба за развој на пелагонискиот регион. Ако е тоа така сосема не е потребна инвестиција во проширување на патот до ниво на автопат туку едноставно воспоставување и субвенционирање на честа (секој пола саат во шпиц и секој саат преку ден) локална железничка врска Прилеп-Битола со 1-2 попатни стании како што се развиваат регионите во Германија. Ем парите можат да се потрошат на друго побитно место, ем ова е во насока на помало загадување, ем се искуристува потенцијалот на постоечката инфраструктура и со тоа се вади многу повеќе дополнителна вредност него тоа што се прави сега. Edited by mirakuliks - 21-Jun-2019 at 01:30 |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Ако се распише повик за проектирање за автопат, не значи и дека ќе се изгради автопат. ![]() |
||
![]() |
||
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
|
Од елементарна причина што таму нема зачестеност на возила (https://meta.mk/na-tri-od-desette-na-frekventni-patni-pravczi-vo-makedoni-a-nema-avtopat-infografik/ не е ни во врвните десет во Македонија) ни за експресен пат, но сепак...
|
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
Апсолутно погрешно и според мене, автопат Прилеп-Битола моментално е глупост, како прво автопатот ќе биди насредина неповрзан со друг автопатски коридор, протокот на возила не е толку голем за да се оправда таква делница, по логика ќе има две патарини, па најверојатно голем дел од граѓаните би го користеле стариот пат Битола-Прилеп(за кој е најавена реконструкција).
Проширување до експресен пат е идеално решение, би се вклопил во сликата експресен пат од Градско до Меџитлија. Поевтино и побрза реализација во секој случај, затоа што моменталната сосотојба на делницата е лоша на делови во катастрофална состојба. |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Од кои причини автопат Прилеп - Битола е целосна бесмислица?
|
||
![]() |
||
AmyntA ![]() Groupie ![]() Joined: 07-Nov-2011 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 91 |
![]() ![]() |
|
Автопат Прилеп-Битола е целосна бесмислица. Проширување на постоечкиот до експресен е сосема доволно
|
||
![]() |
||
bakigvg ![]() Newbiе ![]() Joined: 03-Nov-2015 Online Status: Offline Posts: 18 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Можеби треба и нова нишка да се отвори...
Сугарески најави автопат од Прилеп до Битола Рехабилитацијата на патниот правец Битола – Демир Хисар се одвива со забрзано темпо и се очекува да заврши до август, најавија денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов кои извршија увид на градежните активности. Станува збор за инвестиција вредна еден милион евра. Покрај ова, во моментот се работи и на изработка на проектната документација за изградба на експресниот пат Битола – Меџитлија која се очекува да биде готова следната година, а јавниот повик за изработка на проектната документација за автопатот Прилеп-Битола треба да биде распишан годинава. – Развојот на пелагонискиот регион е многу значаен за целата држава и заради тоа во овој момент инвестираме преку 18 милиони евра во рехабилитација на патиштата. Периодов нашиот фокус е ставен на подготовки за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија и изградба на автопат од Прилеп до Битола – изјави Сугарески. Тој очекува сериозен скок во реализацијата на капиталните инвестиции во вториот и третиот квартал од годинава. – Капиталните инвестиции се врвен приоритет. Во ресорот транспорт тие се реализираат со добра динамика. Имаме над 30 проценти реализација во патиштата, над 36 проценти во гасоводот, а во делот на комуналната сфера исто така има силен интензитет на реализација така што реално очекувам вториот и третиот квартал да имаме голем скок на капиталните инвестиции – изјави Сугарески. Според Сугарески, со забрзано темпо се одвива и изградбата на магистралниот гасовод од Неготино до Битола кој се очекува да биде завршен до крајот на годината. Од Јавното претпријатие за државни патишта најавуваат дека оваа есен ќе продолжи рехабилитацијата на останатиот пат од Битола до Кичево, а ќе се реконструира и постоечкиот пат од Битола до Меџитлија. – Исто така, ќе се реконструира уште еден многу значаен патен правец за овој регион – регионалниот пат Битола – Тополчани – Прилеп, а во тек е и јавен повик за поставување на заштитна ограда на обиколницата на Битола. Генерално, можам слободно да кажам дека оваа Влада досега најмногу вложува во Пелагонискиот регион – изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта. Одговорајќи на новинарско прашање за железничката пруга Битола-Кременица, кон Грција, министерот рече дека градежните работи се завршени, се инсталира оптички кабел и дека очекува да биде наскоро пуштена за сообраќај. https://plusinfo.mk/%D1%81%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B8-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF-%D0%B4%D0%BE/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Патарините се мал дел од инвестициите – патиштата ги градиме од кредити (инфографик) Најголем дел од средствата што се инвестираат во патната инфраструктура во земјава се средства добиени од кредити. Дури 57,4% од средствата во годинешниов буџет на Јавното претпријатие за државни патишта се позајмувања од кинеската Ексим банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Светската банка (СБ) и Европската инвестициона банка (ЕИБ). Наспроти нив, само 15,4% од вкупните приходи планирани за 2019 година доаѓаат од плаќањето патарина од возачите, се наведува во годишната програма за работа на ЈП за државни патишта. ![]() Вкупниот буџет на ова јавно претпријатие за 2019 година изнесува 289,1 милиони евра. Од нив, приливите од кредити учествуваат со 165,8 милиони евра, додека приходите од патарина, патна такса и акциза за нафтени деривати изнесуваат 123,3 милиони евра. Сопствените средства учествуваат со помалку од половина во вкупните приливи на финансии што ќе ги оствари ЈП за државни патишта годинава. Во изјава за „Мета“, директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, посочува дека без кредитни задолжувања тешко ќе може да се гради и реконструира патната инфраструктура во постојниот забрзан обем. – Ако не се кредитите од Светската банка и од Европската банка за обнова и развој, ние ќе можеме тука и таму да направиме некаква рехабилитација, нов пат да се изгради еднаш во 5 години бидејќи тоа се огромни средства – посочува Китанов. Но, од друга страна, дополнува тој, приходите од патарини, патни такси и акцизи за нафтени деривати се неопходни за навремена исплата на ратите од кредитите за патиштата што се веќе изградени. Предвидениот буџет на ЈП за државни патишта годинава ќе се полни и од нова наплатна рампа кај Гевгелија, која ќе се пушти во употреба за 10 – тина дена. Од неа ќе се собира патарината за користење на автопатот Демир Капија – Смоквица, по кој се вози повеќе од една година без плаќање на задолжителниот надоместок. До наредната пролет ќе бидат изградени наплатните рампи кај Демир Капија, заедно со наплатните рампи „Кадрифаково“ и „Преод“ на автопатот Миладиновци – Штип. Патарината кај селото Арбиново на идниот автопат Кичево – Охрид ќе се пушти во употреба заедно со неговото отворање до 2021 година. |
||
![]() |
||
Bistro ![]() Senior Member ![]() Joined: 16-Dec-2018 Online Status: Offline Posts: 101 |
![]() ![]() |
|
A Bitola i Prilep ne se poveke mesta
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Богами Св. Никола е име на место откако Св. Никола му изгради автопат на селото.
Туку дека Црна Гора и Србија не се поврзани со автопат? Не сум знаел. |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1516171819 84> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |