build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Скопје - Бунарџик

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #321 Posted: 16-Sep-2009 at 09:15
Cheers
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #322 Posted: 16-Sep-2009 at 09:12
Се надевам набрзо ќе бидат изградени и ќе почнат со работа Cheers

Хајер и Тривју почнуваат со изградба на фабрика во Македонија

Коментари (0)   
16.09.2009 09:57
Никола Груевски
 

Најголемиот кинески производител на компјутери Хајер и една од најголемите јужно-корејски компании за производство на ЛЦД екрани Тривју денеска започнуваат со изградба на фабрика во Македонија.

Камен темелникот за изградба на фабрика за производство на ЛЦД телевизори и монитори ќе биде поставен денеска во слободната економска зона Бунарџиќ, кај Скопје, а на свеченоста ќе присуствува премиерот Никола Груевски.

Владата пред речиси една година потпиша Меморандум за разбирање со Тривју, според кој погонот требаше да почне да се гради пролетта. Тогаш се споменуваше инвестиција вредна четири милиони евра.

Тривју во март годинава склучи договор за заедничка инвестиција во Македонија со кинескиот Хајер.

Кинеско-јужнокорејската инвестиција викендот ја најави премиерот Груевски, кој учествуваше на Светскиот економски форум во кинескиот град Далијан, додавајќи дека производството ќе биде наменето за европскиот пазар.

Тоа што Македонија е избрана за дестинација за инвестирање е добра препорака за кинеските компании бидејќи Хајер е најголем производител на компјутери на кинескиот пазар, а Тривју една од најголемите јужнокорејски фирми за ЛЦД екрани, рече Груевски.

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #323 Posted: 14-Sep-2009 at 09:10
Чекај чекај малку. Кина колку што знам и два региона што се индустриски зони, амам индустрискиве зони се масивни и се псебни федерални единици од што се огромни.
Back to Top
dacito View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 24-Sep-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 131
  Quote dacito Quote  Post ReplyReply #324 Posted: 14-Sep-2009 at 09:09
Македонскиот премиер во Далиан ја посети и Зоната за висока технологија, каде работат дури 2.300 компании меѓу кои е и "Хуалу-Панасоник електро-информатика ЛТД".


2300 компании?!??!!? Nuts ние иаме каде каде појаки бројки: 2-накај-3-фабрики-и-многу-000000-од-минатото Rollin
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #325 Posted: 13-Sep-2009 at 22:14
Хаиер и Тривју доаѓаат во Македонија

Еден од најголемите кинески производители на компјутери Хаиер и една од топ десетте компании за ЛЦД монитори, јужнокорејската Тривју во заедничка инвестиција ќе ја почнат неделава изградбата на новата фабрика во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје


Најголемиот кинески производител на компјутери Хаиер и една од топ десетте компании за ЛЦД монитори, јужнокорејската Тривју во заедничка инвестиција ќе ја почнат неделава изградбата на новата фабрика во земјава. Фабриката за висока технологија ќе биде лоцирана во слободната економска зона Бунарџик крај Скопје. Овие информации пристигнуваат од далечната Кина каде македонскиот премиер Никола Груевски деновиве учествуваше на состанокот на Светскиот економски форум во кинескиот град Далиан.

Според најавите на Груевски, Хаиер е најголемиот производител на компјутери во Кина, но и еден од најголемите светски производители. Што се однесува пак на компанијата Тривју, таа е една од најголемите јужнокорејски компании за производство на монитори, телевизори и ЛЦД телевизори. Во Слободната економска зона во Бунарџик веќе работи Џонсон Контролс, а Џонсон Мети започна со пробно производство на катализатори.

Премиерот од Кина информаше дека фабриката прво ќе почне со производство на ЛЦД монитори и телевизори, а потоа и на компјутери.
-Тоа е многу добра препорака за кинеските компании кога нивниот најголем производител на компјутери Хаиер ја избрал токму Македонија за европска дестинација, бидејќи тие нема да произведуваат само за Македонија, нашата земја ќе биде како база од каде што ќе се произведува за целокупниот европски пазар, изјави Премиерот од Далиан за Сител. Тој не криеше дека е задоволен што кинеските бизнисмени ја избрале токму нашата земја за ваква крупна инвестиција.

Инаку на летниот состанок на Светскиот економски форум во Далиан беа собрани водечки компании од светот. Токму поради тоа економскиот тим на владата на Груевски го искористи за средби, презентации и убедување дека Македонија е добар избор за инвестиции. Тимот им укажа на светските бизнисмени за ниските даночни стапки и ослободувањата кои Македонија ги дава за инвестиции во економска зона.

Македонскиот премиер во Далиан ја посети и Зоната за висока технологија, каде работат дури 2.300 компании меѓу кои е и "Хуалу-Панасоник електро-информатика ЛТД".
Во Далиан годинава тема на разговор била и светската економска криза и како таа се рефлектирала на различните аспекти на економијата и општеството. Македонскиот премиер зборуваше за влијанијата врз работната сила порачувајќи дека решението за невработеноста можат да бидат крупни инвестиции во енергетиката и еколошкиот развој.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=06AC0C1C59A3684EB394A68CDC13DE56
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #326 Posted: 23-Jul-2009 at 12:14

Џонсон Мети ќе почне да произведува во август


Британската компанија за производство на катализатори Џонсон Мети основа компанија во Македонија, а од крајот на август најверојатно ќе почне со производство во слободната економска зона Бунарџик

Според Централниот регистар, новата фирма за производство, трговија и услуги-Џонсон Мети е основана во Скопје, со седиште во технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Во уписот за основање не е наведено кој ќе биде директор на Џонсон Мети во Скопје.
Џонсон Мети темелите на фабриката во Бунарџик ги удри во септември лани. Но, поради негативните ефекти кои глобалната финансиска криза и ги нанесе на автомобилската индустрија во светски рамки, почетокот на работењето во Македонија беше неколку пати беше одложен. Владата потпиша Меморандум за соработка со Џонсон Мети пред повеќе од две години, во март 2007 г. Првичните вложувања на Британците во изградба на фабриката за катализатори во Бунарџик тежат 50 милиони евра, а во следните неколку години вкупната инвестиција треба да достигне 150 милиони евра. Според првичните најави во фабриката треба да бидат вработени 700 луѓе. Џонсон Мети има договор за закуп на 13,8 хектари земјиште во Бунарџик, кои му се дадени на користење за период од 50 години, со можност за продолжување од 25 години.
Џонсон Мети е британска компанија од областа на хемиската индустрија. Постои од 1770 година, а покрај тоа што произведува катализатори за автомобилската индустрија, компанијата ги има и следните оддели: Скапоцени метали, Фини хемикалии и Процесна технологија. Годишниот обрт на Џонсон Мети е околу 7,5 милијарди евра, а компанијата има 7.700 вработени во 40 земји од светот.

http://forum.com.mk/_tools/article/6138/view
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #327 Posted: 13-Jul-2009 at 12:25

Џон­сон Ме­ти стар­ту­ва од сеп­тем­ври

Ле­то­во во фаб­ри­ка­та ќе се нап­ра­ват кон­тро­ли за ква­ли­тет на про­из­во­ди­те

Фаб­ри­ка­та за ка­та­ли­за­то­ри на "Џон­сон Ме­ти" во "Бу­нар­џик" од сеп­тем­ври ќе стра­ту­ва со про­из­водс­тво­то, нај­а­ву­ва ге­не­рал­ни­от ди­рек­тор на прет­став­ниш­тво­то во Скоп­је Џас­тин Тар­кер. Ле­то­во во фаб­ри­ка­та ќе се нап­ра­ват кон­тро­ли за ква­ли­тет на про­из­во­ди­те, кои ако да­дат ус­пеш­ни ре­зул­та­ти од есен ќе стар­ту­ва и ре­дов­но­то про­из­вод­ство.
"Обеб­зе­див­ме па­зар за на­ше­то про­из­вод­ство, од­нос­но, од сеп­тем­ври има­ме на­рач­ки, но пр­во мо­ра­ме да ги по­ми­не­ме овие фа­зи на кон­тор­ла на про­из­во­ди­те", об­јас­ну­ва ге­не­рал­ни­от ди­рек­тор Тар­кер.
Џон­сон Ме­ти те­ме­ли­те на фаб­ри­ка­та во Бу­нар­џик ги пос­та­ви ла­ни во сеп­тем­ври, но гло­бал­на­та еко­ном­ска кри­за, ко­ја сил­но ја по­го­ди ав­то­мо­бил­ска­та ин­дус­три­ја, ин­ди­рек­тно вли­ја­е­ше и на стар­тот на про­из­водс­тво­то на ка­та­ли­за­то­ри­те во Тех­но­лош­ко ин­дус­трис­ка­та раз­вој­на зо­на Скоп­је, по­поз­на­та ка­ко Бу­нар­џик.
Џон­сон Ме­ти из­ми­на­ти­ве ед­на до две го­ди­ни по­ве­ќе­па­ти ја од­дло­жи ин­вес­ти­ци­ја­та без не­кои кон­крет­ни при­чи­ни и об­раз­ло­же­ни­ја. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ја­ви на ме­наџ­мен­тот, про­ек­тот се од­ви­ва­ше со нор­мал­на ди­на­ми­ка.
До­го­во­рот за за­куп на зем­јиш­те­то во еко­ном­ска­та зо­на е на пер­и­од од 50 го­ди­ни со мож­ност за про­дол­жу­ва­ње на уш­те 20 го­ди­ни, до­де­ка це­на­та на за­ку­пот за око­лу 13 хек­та­ри е сим­бо­лич­на и на­ме­не­та за одр­жу­ва­ње на зо­на­та.
Џон­сон Ме­ти во фаб­ри­ка­та за ка­та­ли­за­то­ри тре­ба да ин­вес­ти­ра 55 ми­ли­о­ни ев­ра, иа­ко вкуп­на­та ин­вес­ти­ци­ја фаб­ри­ка­та, пр­вич­но се нај­а­ву­ва­ше де­ка ова ќе би­де нај­го­ле­ма­та фаб­ри­ка на "Џон­сон Ме­ти" во Ев­ро­па, тре­ба да дос­тиг­не око­лу 150 ми­ли­о­ни ев­ра. Се про­це­ну­ва де­ка ќе би­дат вра­бо­те­ни око­лу 700 ли­ца. (Т. Ј.)


http://vest.com.mk/?ItemID=106A45BB1D0E2A479AA37AC0817B81B0

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #328 Posted: 09-Jun-2009 at 03:05
Нешто од по интернет ископано. Џонсон Мети...


  
www.llb.com.mk


Edited by lslcrew - 09-Jun-2009 at 03:06
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #329 Posted: 04-Jun-2009 at 21:43

Хаиер и Тривју основаа заедничка фирма во Македонија

Кинеската компанија Хаиер и корејската Тривју основаа заедничка фирма во Македонија, чија основна цел, според податоците од Централниот регистар ќе биде производство на електронски составни делови. Новата фирма Тривју Хит ДОО Скопје е основана со основачки влог од 5 илјади евра. Станува збор за фирма преку која ќе се реализира најавената инвестиција на корејската фирма Тривју во слободната економска зона Бунарџик во изградба на фабрика за електронски делови. Неодамна претставници на двете компании беа во Македонија, кога биле договорени и техничките детали околу изградбата на фабриката во Бунарџик. Во новата фабрика која треба да почне да се гради многу брзо освен ЛЦД монитори и електронска опрема ќе се произведуваат и десктоп и лаптоп компјутери. Станува збор за инвестиција од 4 милиони евра, со која треба да се отворат околу 100 нови работни места. Инаку, корејската Тривју е една од водечките производители на ЛЦД монитори во светот, додека кинеската Хаиер и е позната на македонската јавност како компанија преку која македонската влада ги увезе сите компјутери за да го реализира проектот “компјутер за секое дете”.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17722
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #330 Posted: 27-May-2009 at 17:00

„Монтипе“ се откажа од инвестицијата во „Бунарџик“

Избледоа потпишаните меморандуми, а нема ниту трага ниту глас од странските инвеститори

Соња Маџовска

Уште една бомбастично најавена инвестиција, на француската фирма „Монтипе“, го замрзнува својот влез во Македонија, а изговор е кризата. Ова вчера го соопшти директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Виктор Мизо, во Охрид. „Монтипе“ требаше да гради фабрика за производство на резервни делови за автомобилската индустрија во индустриската зона „Бунарџик“, но поради слабата побарувачка за нивни производи моментно не им е исплатливо да инвестираат во нова фабрика.

„’Монтипе‘ има потпишано меморандум за разбирање, но поради светската криза, како и поради намалената побарувачка за нивни производи и целосниот пад на производството на автомобили на светско ниво, тие ја ставија во мирување инвестицијата во Македонија “, изјави вчера Мизо. Одложувањето на инвестицијата на „Монтипе“ тој ја оправдува со внатрешните проблеми, со кои се соочува компанијата, поради што таа отпушта работници и тешко оти ќе се реши да инвестира во нови производства.

Слободната економска зона кај Скопје остана речиси празна, и покрај најавите од Владата дека во неа повеќе нема да има место за градење. Власта полека, но срамежливо прво ги одложува, а потоа на одредено време и ги замрзнува инвестициите, кои помпезно ги најавуваше и за нив потпишуваше меморандуми.

Мизо вчера, во изјава за „Утрински весник“, соопшти дека до крајот на јуни се очекува да почне изградбата на фабриката за производство на ЛЦД- монитори, заедничка инвестиција на јужнокорејската „Тривју“ и кинеската фирма „Хаер“. За оваа инвестиција директорот на Агенцијата, во март најави дека ќе стартува од мај, за на крај да се презакаже за јуни.

И за „Џонсон мети“ постојано се пролонгираат роковите за старт на производството во фабриката за катализатори. Од Агенцијата, исто така, тоа беше најавувано за мај, но вчера Мизо изјави дека дури кон крајот на летово „Џонсон мети“официјално ќе почне со производство. Засега нема ништо и од планираната инвестиција на словенечката фирма „Искра“.

Со ребалансот на Буџетот нема ниту проекција колку странски инвестиции се очекува годинава да влезат во земјава.

Според официјалните податоци на Народна банка на Македонија, пак, во првите два месеца од годинава, заедно со реинвестираната добивка, се забележани инвестиции од 53 милиони евра. Кои се овие инвестиции, никој не открива. Или можеби станува збор само за реинвестирана добивка на фирмите кои веќе се присутни во земјава?

Експертите ги загрижува и паѓањето на рејтингот на Македонија, објавен од страна на агенциите „Стандард и Пурс“ и „Фич“, што дополнително може да предизвика повлекување на инвеститорите, кои сега земјава ќе ја гледаат како ризична инвестициона дестинација. Според нив, Македонија тешко ќе закрепне по овој пад на рејтингот и ќе ни требаат години повторно да дојдеме до инвестициски рејтинг. Во такви услови ’Фич‘ не може да им препорача на инвеститорите дека вложувањето во земјава има позитивни предзнаци, туку напротив, станува уште поризично.

И во последниот квартален извештај на централната банка се вели дека нивото на странски инвестиции почнало драстично да опаѓа уште од крајот на минатата година. „За разлика од зголемената инвестициона активност на државата, влијанието на светската криза се одрази со значајно намалување на директни странски инвестиции, кои во последниот квартал од 2008 година беа за 55 отсто пониски во однос на истиот период од 2007 година“, се вели во извештајот на НБМ. (С.М.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=24348EE22E38404FAAE8D80E20B49B9B
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #331 Posted: 03-May-2009 at 21:58
Џонсон Мети Cheers

1

2

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #332 Posted: 28-Apr-2009 at 00:30
Previous
http://www.f.e.z.bunardzik.com.mk/vesti.asp
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #333 Posted: 28-Apr-2009 at 00:22
за овие прв пат слушам,но со оглед на тоа кога е објавена веста,би требало досега да почнат со производство

[13.01.2009]

"TEKNOHOSE" ЈА КУПИ ФАБРИКАТА ВО ТИРЗ СКОПЈЕ

Италијанската компанија "TeknoHose" купи фабрика во Технолошката индустриска развојна зона Скопје и во во рок од шест месеци ќе отпочнат со производство на армирани гумени црева кои се користат во автомобилската индустрија и градежништвото.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #334 Posted: 28-Apr-2009 at 00:03

„Џонсон Мети“ наскоро стартува со пробно производство во „Бунарџик“

Деновиве се очекуваат претставници на „Тривју“ и на „Хаер“ со кои Владата ќе потпишува договори за закуп и бенефиции

Маја Томиќ

Англиската „Џонсон Мети“ многу скоро ќе стартува со пробно производство, а ова лето од фабриката во зоната „Бунарџик“ се очекува да започне и редовното производство на катализатори за автомобили, наменето за странски пазари. Ова за „Утрински“ го изјави вчера Виктор Мизо, директорот на Агенцијата за странски инвестиции. Тој додаде дека објектот што го гради „Џонсон Мети“ е во завршна фаза, машините се донесени и поставени и многу скоро ќе има тестирање, за по неколку месец да започне редовниот процес на производство кое ќе се извезува во повеќе европски земји. Вкупната инвестиција на „Џонсон Мети“ се проценува на 150 милиони евра, од кои во првата фаза ќе се потрошат 55 милиони евра, а втората фаза „Џонсон Мети“ ја најави за по две години. Се проценува дека ќе бидат вработени околу 700 лица. Инаку, „Џонсон Мети“ има договор за закуп на 13,8 хектари од „Бунарџик“, дадено на користење од 50 години, со можност за продолжување од 25 години.

Уште една странска инвестиција наскоро се очекува во „Бунарџик“, а тоа е заедничката инвестиција на корејската „Тривју“ и на кинеската „Хаер“, кои според Мизо треба деновиве да испратат свои претставници во Македонија и да се потпишат договорите за закуп на земјиштето и за бенефиции за користење на зоната, согласно со Законот за слободни индустриски зони, со кои ќе се утврди динамиката на реализација на инвестицијата.

Инаку, компаниите неодамна склучија договор за заедничка инвестиција во „Бунарџик“. Минатата есен Владата потпиша меморандум за разбирање со „Тривју“, со кој компанијата најави инвестиција од 4 милиони евра. Како дополнителна поволност Владата ја оцени одлуката на компанијата да влезе во заедничка инвестиција со „Хаер“. Двете компании веќе имаат готов проект за производство на ЛЦД-монитори и опрема, и десктоп и лаптоп-компјутери. Планот е годишно да се произведуваат од 400 до 500 илјади парчиња.

Во зоната „Бунарџик“ моментално функционира само со една активна инвестиција, на американската „Џонсон контролс“, која стартуваше во почетокот на 2008 година.

Списокот на заинтересирани компании за „Бунарџик“ е голем, а на него се и словенечка „Искра“, која поради кризата, на крајот на 2008 ја одложи инвестицијата за неколку месеци. Фабриката требаше да произведува електроматеријали. Од истите причини и француската „Монтипе“, со која Владата непосредно пред вонредните парламентарни избори лани во Париз потпиша меморандум за разбирање, ја одложи за неколку месеци изградбата на фабрика за производство на алуминиумски глави за мотори. Таа инвестицијата беше околу 60 милиони евра.

Доколку се реализира барем дел од очекуваните инвестиции во „Бунарџик“ годинава, тие би можеле да ја подобрат лошата слика за директните странски инвестиции. Според податоците на Народна банка на Македонија, во јануари годинава имало 26,5 милиони евра директни инвестиции, што е помалку од истиот месец лани, 30,7 милиони евра. Досега голем број компании со Владата имаат потпишано само меморандуми за разбирање.

Како што неодамна за „Утрински“ изјави Веле Самак, министер за странски инвестиции, од почетокот на годинава досега, меморандуми за инвестиција се потпишани со: „Шише џам“, „Техно Хосе“, „Три вју“, „Хаиер“ и „Еурохормонес“. Според Самак, се подготвува инфраструктурата за француската „Монтипе“, кои од втората половина на годинава треба да започне со градба на објектот.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=97FDD87AF2B88A42AF8652208C13F69C

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #335 Posted: 21-Apr-2009 at 23:46

Иако веста има песимистички наслов,не е толку лоша!


Лопатите не заиграа во Бунарџик за „Тривју“

Во Владата велат дека до крајот на месецов ги очекуваат претставниците на корејската компанија за да го потпишат конечниот договор по што во најкраток можен период ќе почнат
со инвестицијата

Корејската компанија „Тривју“, која како што најави во предизборието, месецов требаше да ги удри лопатите на фабриката за ЛЦД-екрани во технолошко-индустриската развојна зона „Бунарџик“, се' уште не почнала со активности на терен. Во Владата велат дека до крајот на месецов ги очекуваат претставниците на корејската компанија за да го потпишат финалниот договор по што во најкраток можен период ќе почнат да ја реализираат инвестицијата.

- Се' оди според планот и очекуваме набрзо по потпишувањето на договорот да почне изградбата на фабриката. Подготвителниот процес не трае два-три дена, тоа е долг процес. Нивните подготовки се во тек, регистрирана е фирма во земјава и до крајот на месецов ги очекуваме претставниците на компанијата да го потпишеме финалниот договор - изјави Виктор Мизо, директор на Агенцијата за странски инвестиции

Според информациите од „Тривју“, со заедничко вложување со кинеската фирма „Хајер компјутерс“, кон крајот на оваа година ќе почне производството на телевизори, монитори и десктоп и лаптоп-компјутери, кои ќе бидат наменети за европскиот пазар. Според најавите, почетното производство е планирано да изнесува околу 200.000 ЛЦД-телевизори годишно врз основа на работа на една смена, а максималниот капацитет е 400.000- 500.000 апарати. Планирани се околу 200 вработувања при полн капацитет на производство.

Ова и влезот на турската компанија ТАВ, која треба да ги преземе скопскиот и охридскиот аеродром и да изгради нов во Штип, се единствени најавени големи инвестиција во земјава што треба да се реализираат годинава. Сите други инвеститори со кои владата потпиша бизнис-меморандуми, поради економската криза ги одложија инвестициите за подобри времиња. Најмногу од овие инвестиции беа најавени лани како резултат на владината кампања „Инвестирајте во Македонија“, со која државава беше рекламирана како нов деловен рај во Европа, кој на стопанствениците им нуди најниски даноци.

Неизвесна е инвестицијата на францускиот производител на автомобилски делови „Монтипе“ во „Бунарџик“ поради кризата во автоиндустријата. Французите најавија вложување од 60 милиони евра. Хрватски „Агрокор“ објави дека ја одлага за в година почетната инвестиција од 40 милиони евра, која во следните шест години требаше да се зголеми за уште 100 милиони евра во откупни центри за овошје и за зеленчук, како и синџир супермаркети. Не се остварија ниту плановите за инвестиции на словенечка „Искра“ и на турска „Боротекник отомотив“.

Закочена е и изградбата на Сончев град на јужните падини на Водно. Овој проект е вреден околу 100 милиони евра. Израелскиот инвеститор плати 3,6 милиони евра за локацијата, но се соочува со бирократски проблеми во процедурата за добивање на потребните дозволи.Инвестицијата на турската групација за амбалажни стакла „Шишеџам“ ќе се реализира в година. Турската компанија ќе гради фабрика за производство на стакло во индустриската зона „Бунарџик“, со што ќе инвестира 45 милиони евра.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=53681F251A896E4F9CD754D5A6F7D334

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #336 Posted: 09-Mar-2009 at 21:24

не знам како ова не сме го евидентирале,од официалната страна на зоната е

[11.11.2008]

"Intel" ќе инвестира во Македонија

Американскиот гигант во информатичката технологија "Intel" ќе инвестира во образованието во Македонија, за што синоќа во Сан Франциско Владата на Република Македонија и компанијата потпишаа Меморандум за разбирање.
Со овој Меморандум треба да имаме поддршка од "Intel" со одредени инвестиции во образованието, изјави премиерот Груевски по потпишувањето на документот со претседателот на Управниот одбор на компанијата на кого македонската владина делегација која престојува во САД му ги презентира можностите за инвестирање во Македонија.
Раководството на "Intel", јави известувачот на МИА, било запознаено со инвестициските можности од секаков аспект, пред се даночен, но и за тоа дека македонската Влада инвестира многу во ИТ образованието, при што биле посочени детали во врска со зголемувањето на квотите на студенти по информатичка технологија, како и за отворањето нов информатички универзитет кој од октомври 2009 година ќе почне да работи само на англиски јазик.
- Сите овие инвестиции во образованието упатуваат на тоа дека големите мултинационални компании, особено оние од ИТ бизнисот, можат во иднина да сметаат на Македонија како одлична бизнис дестинација, истакна премиерот Груевски, додавајќи дека за компаниите е важно не само да им се овозможат ниски даноци или брза регистрација, туку да им се понуди и добар кадар, и по квалитет и по квантитет.
Тој изрази благодарност до американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер кој, како што рече, со неговото доаѓање со владината делегација на оваа работна посета на САД дава поддршка во овие наши напори да привлечеме компании да дојдат во нашата држава, да отворат нови работни места и да се продлабочат економските релации помеѓу Америка и Македонија.
Македонската владина делегација, во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања Зоран Ставрески, министрите за економија, за странски инвестиции и за информатичко општество, Фатмир Бесими, Веле Самак и Иво Ивановски, и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо, во Сан Франциско имаше средби и со раководствата на американските гиганти  "Hewlеtt Packard", "Oracle" и "Sun Microsystems".
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #337 Posted: 09-Mar-2009 at 20:36
Иако на почеток беше дочекана со голема резерва,зонава полека почна да си ги покажува квалитетите.

Во услови на светска економка криза,во услови на тоа дека скоро сите држави во регионов се влезени во NATO или EU,не прави многу неконкурентни.

Се надевам дека времето на инвестиции во зонава допрва доаѓа.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #338 Posted: 09-Mar-2009 at 19:17
Previous
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105515
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #339 Posted: 09-Mar-2009 at 19:15

ЛЦД монитори и компјутери ќе се произведуваат во Бунарџик



   
09.03.2009 19:05
Фабрика ќе никне во Бунарџик

 

Јужнокорејската компанија „Тривју“ и кинеската „Хаиер компјутерс“ се договорија заеднички да инвестираат во слободната економска зона.

Во април ќе почнат да градат фабрика во која ќе вработат околу 200 лица, а со производството планираат да стартуваат кон крајот на 2009 година.

Според првичните бизнис проекции, во фабриката годишно ќе се произведуваат неколку стотици илјади телевизори и компјутери во вредност поголема од 40 милиони евра.

Во истовреме се планира изградба на истражувачко развоен центар за интегрирани „Ај-ти“ решенија за големи проекти во регионот.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #340 Posted: 07-Feb-2009 at 17:37

Светла точка ! Thumbs%20UpСамо напред, дај боже ситуацијата да ми ги демантира сомнежите.

Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1516171819 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.223 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.