Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#321 Posted: 12-Jul-2009 at 23:52 |
Зонското паркирање доцни два месеца

Градот се' уште работи на дополнување на проектот со забелешките од МВР
Градските власти немаат прецизен одговор кога ќе започне
имплементирањето на проектот за зонско паркирање во центарот на градот.
Проектот кој требаше да обезбеди голем број нови паркинг-места и да
направи поголем ред на најфреквентните улици се' уште е на доработка.
По два месеца од крајниот рок, кој Градот Скопје го наведе за почеток
на зонското паркирање, на терен не се случува ништо.
Според
официјалното соопштение, во проектот се вградуваат забелешките од
Министерството за внатрешни работи, но не се прецизира какви забелешки,
ниту, пак, колку време ќе помине додека не завршат измените.
На
изменување на проектот се работеше и пред два месеца, кога, исто така,
се вградуваа забелешки од МВР, тогаш поврзани со казнениот билет, кој
би се плаќал доколку некој избегне да купи тикет на паркингот во некоја
од трите зони. Од Градот не соопштуваат ниту какви казни се предложени,
ниту, пак, дали се' уште се работи на нив, или на други забелешки од
МВР.
„’Градски паркинг‘ потпиша договор со фирмата ’Некст
сенс’ и во наредниот период треба да се имплементираат забелешките од
Министерството за внатрешни работи во главниот проект на ’Дуна
компјутери’. Штом ќе се направат корекциите, проектот треба да
стартува“, кратко одговараат од Градот.
Според проектот за
зонско паркирање, локациите ќе бидат распределени во три зони. Ќе се
плаќа за еден час паркирање, а цената што ја предлага „Градски паркинг“
е 45 денари за првата зона, 35 денари за втората и 25 денари во третата
зона. На сите овие локации паркирањето по 21 часот ќе биде бесплатно.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=44FB39E3D10D0A4283E3648DD7A1DE98 |
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#322 Posted: 09-Jun-2009 at 15:35 |
 Добро, ама таму имаш катни гаражи во таквите градови, тоа е најважно. Ако ти истечи времето за на улица, здравје, ќе одиш во гаража ако имаш толку зорт. А во Скопје ако ти забранат повеќе од 2 часа на улица, каде после?
Edited by гитардемон - 09-Jun-2009 at 15:35
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#323 Posted: 09-Jun-2009 at 15:25 |
Originally posted by гитардемон
Јас во неколку градови каде што сум бил може да се продолжи тоа без проблем и без ограничување. Ако е со смс само праќаш нова порака и со назнака за продолжување (така во Хрватска беше кога бев), а ова со грепките ти треба нова грепка, нема проблем, и онака тие не влегуваат во некој електронски систем, туку тоа ти е едноставно како да ја даваш на увид сметката дека си платил таму каде што треба, така што ја фрлаш старата грепка и ставаш нова.
А друго што не е споменато, мислам дека треба да имаат право жителите на бесплатен паркинг во својата зона. Кој им е крив што живеат во згради каде што нема паркинг, треба да имаат каде да паркираат. Ете ако живее некој во зона еден, ќе си има налепница (sticker) со сериски број и назнака СК-1 на шофершајбната, која ќе му гарантира бесплатен паркинг во зоната 1, но секако ќе мора претходно да достави барање, да увидат дека таму живее, дека нема и друго живеалиште за кое побарал бесплатен паркинг во друга зона, и дека никој друг од потесната фамилија нема такво нешто.
|
Точно е тоа што го велиш но мислам дека сум видел и зони каде дефинитивно има дневно ограничување по возило. Најчесто се работи за ептен централни зони со мал капацитет за паркирање.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#324 Posted: 09-Jun-2009 at 15:22 |
Јас во неколку градови каде што сум бил може да се продолжи тоа без проблем и без ограничување. Ако е со смс само праќаш нова порака и со назнака за продолжување (така во Хрватска беше кога бев), а ова со грепките ти треба нова грепка, нема проблем, и онака тие не влегуваат во некој електронски систем, туку тоа ти е едноставно како да ја даваш на увид сметката дека си платил таму каде што треба, така што ја фрлаш старата грепка и ставаш нова.
А друго што не е споменато, мислам дека треба да имаат право жителите на бесплатен паркинг во својата зона. Кој им е крив што живеат во згради каде што нема паркинг, треба да имаат каде да паркираат. Ете ако живее некој во зона еден, ќе си има налепница (sticker) со сериски број и назнака СК-1 на шофершајбната, која ќе му гарантира бесплатен паркинг во зоната 1, но секако ќе мора претходно да достави барање, да увидат дека таму живее, дека нема и друго живеалиште за кое побарал бесплатен паркинг во друга зона, и дека никој друг од потесната фамилија нема такво нешто. Во Солун така работи, и морам да го пофалам системот. Паркинг нема ни за лек, ама доста се мачат да најдат жителите кои живеат во згради стари 60 години во центарот каде што нема паркинг, па да не треба уште да плаќаат?
Edited by гитардемон - 09-Jun-2009 at 15:24
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#325 Posted: 09-Jun-2009 at 14:55 |
Originally posted by Cloverstack
Не го разбирам ова со временското ограничување. Еве ти истекуваат тие 120 минути во прва зона и после што? Тој ден веќе не смееш да паркираш во прва зона на паркинзите опфатени со проектов???
|
Па немаш право да паркираш повеќе. Така е барем колку што знам во други градови каде има зонско паркирање. Таму хараат постојано редари со апаратче и проверуваат за која кола до кога е платено паркирањето и кога почнало. Ако веќе си влезен во системот тој ден дека си паркирал нема да можеш повторно инаку ќе се платиш казна од 1300 ден. Сето ова на хартија останува да видиме колку би се реализирало.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#326 Posted: 09-Jun-2009 at 14:50 |
Не го разбирам ова со временското ограничување. Еве ти истекуваат тие 120 минути во прва зона и после што? Тој ден веќе не смееш да паркираш во прва зона на паркинзите опфатени со проектов???
И не ми е јасно за повластените картички за оние кои живеат во зоните. По кој основ ќе се доделуваат картичките? За секое возило по една, без разлика колку возила поседуваш?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#327 Posted: 09-Jun-2009 at 13:59 |
Паркирање на улица ќе се плаќа со грепка
Еден час
паркирање во прва зона ќе биде 45 денари, во втора зона 35 денари, а во
третата зона 25 денари. Зонското паркирање, доколку МВР го одобри
проектот, би можело да почне летово
Најдоцна
до крајот на годинава ќе почне наплатата за паркирање на улица. Од ЈП
"Градски паркинг" веќе комплетно го изработиле проектот и во моментов
се чека одобрение од Министерството за внатрешни работи за да почне тој
да се спроведува. "Проектот е веќе во МВР, и можно е уште во текот
на летово да почнеме со зонското паркирање, односно наплата за
паркирање на улица ако наскоро добиеме одобрение на проектот од
Министерството. Од наша страна сите работи се завршени. Набавени се и
картичките, обезбеден е телефонскиот број на кој може да се праќаат
пораки за наплата, одредени се и локациите каде што тој би стартувал",
велат од ЈП "Градски паркинг". Проектот предвидува центарот на
градот да биде поделен на три зони. Првата, црвена зона - Мал ринг ќе
се простира помеѓу булевар Гоце Делчев, улиците Даме Груев, Стив Наумов
и Георги Димитров. Втората, жолта зона ќе се протега помеѓу булеварите
Климент Охридски, Кочо Рацин, Гоце Делчев и улицата Мито Хаџи Василев -
Јасмин. Третата, зелена зона ќе започнува од улица Илинден до
Рузвелтова и улицата Теодосиј Гологанов. Дозволено паркирање во првата
зона ќе биде 120 минути, во втората 180 минути, додека третата зона ќе
биде без временско ограничување. Еден час паркирање во првата зона ќе
чини 45 денари, во втората 35 денари, а во третата 25 денари. Граѓаните
што живеат во деловите опфатени со зонското паркирање ќе имаат
повластени картички за кои ќе треба да платат 200 денари месечно. Наплатата
за паркирање на улица би стартувала во првата зона, односно на улиците
Даме Груев, зад Собранието на РМ, и на Мито Хаџи Василев - Јасмин, кај
хотелот "Бристол". Сите зони ќе имаат работно време од 07:00 до
21:00 часот од понеделник до петок, и од 07:00 до 14:00 часот во
сабота. Во недела паркирањето нема да се наплатува. Плаќањето ќе се
врши преку СМС порака на број: 144 144 или со купување и истакнување на
предното стакло карта за паркирање, т.н. грепка. На пример, за почеток
на паркирање се испраќа СМС на бројот 144 - 144 со име на зона и
регистрацијата на колата. За крај на паркирање се праќа СМС на 144 -
144 со содржина С . Казната за оние што не платиле за паркирање или го
надминале дозволеното време е 1. 300 денари за првата зона, 1.000
денари за втората и 700 денари за третата зона.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A70BD94A81580140BDD7155242F2ABCC |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#328 Posted: 28-Feb-2009 at 02:44 |
СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО:
Градски паркинг доби субвенции за зонско паркирање
Јавното
претпријатие "Градски паркинг" ќе добие субвенции од Град Скопје во
износ од 40 милиони денари кои ќе ги намени за спроведување на проектот
за зонско паркирање. Зелено светло за оваа одлука даде Советот на Град
Скопје. -Еден од главните приоритети на инвестиционата Програма на
ЈП Градски паркинг за тековната година е остварување на организиран
систем за зонско паркирање, односно воспоставување на нов систем за
јавно паркирање со кој ќе се надгради постоечкиот концепт и ќе се
зголеми бројот на паркинг места во градот и ќе се создадат соодветни
услови за јавно паркирање. Актуелната состојба, наметнува потреба од
опременост со мобилни уреди, принтери, компјутерска и друга опрема која
го доведува во прашање ефикасното реализирање на систем за зонско
паркирање со имплементација и одржување. Одлуката за субвенционирање ќе
придонесе за поуспешно реализирање на проектот за зонско паркирање -
беше наведено во образложението на Градски паркинг до Советот.
Половина од овие средства, пак веднаш ќе се вратат во градската каса
на име долг за комунална такса за користење на просторот за паркирање,
кој Јавното претпријатие го има кон Градот. Во образложението на
одлуката, која ја усвои Советот, се вели дека поради старите цени на
услугите, "Градски паркинг" не може да го исплаќа долгот и да го
спроведува проектот. Според раководителот на Секторот за сообраќај,
Јован Христоски, дел од средствата ќе се наменат и за едукативна
медиумска кампања со која граѓаните ќе се запознаат со новиот проект.
(Е.А.) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1F8BCFFA462BBA4AAFCE1BDE2AD34A92
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#329 Posted: 25-Feb-2009 at 18:08 |
Сепак останувам на тоа дека зонското е најпаметно. И Грците се исти идиоти како нас, тука дури и со 5 евра во центарот, а во Атина има и за 10-14 евра, пак одат во центарот на градот со коли, а замислете има метро, трамвај, автобуси и тролејбуси и приградска железница. Затоа кај нас 10 евра паркинг во центарот и ќе видат како ЈСП ќе вади ќар. Секако, треба нови автобуси за тоа, иначе нема смисла.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#330 Posted: 25-Feb-2009 at 00:38 |
Од ова јавно претпријатие велат дека средствата што ќе се
собираат од зонското паркирање, како и досега, ќе се трошат строго
наменски. Тие ќе се користат за правење нови паркинг-простори и за
изградба на катни гаражи, со што, исто така ќе се намали притисокот за
паркирање во строгиот центар. |
Малку сум скептичен за тоа како до сега се користеле тие пари. А особено за катните гаражи сите сме свесни каква беше праксата - маркичка за катна гаража се доделува на приватен инвеститор кој гради деловен објект со многукратно помал капацитет за паркирање отколку што била предвидена катната гаража. Ај да видиме дали ќе дочекаме градски паркинг навистина да изгради катна гаража на некоја од локациите предвидени за тоа...
Edited by Cloverstack - 25-Feb-2009 at 00:39
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#331 Posted: 25-Feb-2009 at 00:33 |
Паркирањето во центар ќе стане луксуз
Со новите
цени за зонското паркирање што треба да профункционира од април, во
првата црвена зона ќе може да се паркира само еден час, што ќе чини 45 денари
 Во старт 15 денари од цената за еден час паркирање се давачки за државата
На граѓаните им се скапи новите цени утврдени за зонското паркирање.
Според новиот ценовник, во првата црвена зона, во строгиот центар,
односно Малиот ринг, паркирањето ќе чини 45 денари и ќе биде ограничено
на еден час, а во втората жолта зона, ограничена на најмногу три часа
паркирање, ќе чини 35 денари, и во третата, зелена зона ќе биде
најевтино - 25 денари, а паркирањето ќе биде неограничено.
Со
зонското паркирање што треба да профункционира од април, ќе се создадат
3.000 нови паркинг-места и ќе им се овозможи на граѓаните што живеат во
строгиот центар да имаат доволно паркинг-простори пред своите
живеалишта, вели Панче Стојановски, помошник-директор во „Градски
паркинг“. Од ова јавно претпријатие велат дека средствата што ќе се
собираат од зонското паркирање, како и досега, ќе се трошат строго
наменски. Тие ќе се користат за правење нови паркинг-простори и за
изградба на катни гаражи, со што, исто така ќе се намали притисокот за
паркирање во строгиот центар.Нашите возачи не сакаат да платат ниту 10
денари за паркинг, а камоли петпати повеќе, се жалат граѓаните.
-
Новите цени се косат со нашиот стандард. Ако на пример во текот на
денот треба да завршам работа на три места во строгиот центар на
градот, треба да платам 135 денари за паркинг. Тоа е катастрофа, вели
Стево Малески, жител на Скопје. Архитектот Никола Велковски потенцира
дека граѓаните треба да се стимулираат и со пониски цени да се воведе
системот на зонско паркирање. Целта е, вели тој, возилата да се
оставаат на поголема оддалеченост од строгиот центар и да се користи
јавниот градски превоз. Предуслов е да се создадат соодветни услови во
јавниот градски превоз, кои засега ги нема. Овој систем ќе ги истисне
оние што паркираат во строгиот центар, а немаат некоја итна потреба.
За
„Градски паркинг“, цените се соодветни и реални, дури и под нивото, ако
се земе предвид дека во цената се внесени и давачките кон државата.
-
Должни сме на државата да и' дадеме 10 денари комунална такса од час
паркирање, плус 18 проценти ДДВ, што значи дека во старт 15 денари од
цената се само давачки. И тие цени што се определени, било за зонското
паркирање, било за постојните паркинзи, не се комерцијални и не ги
покриваат нашите трошоци, вели Панче Стојановски, помошник-директор во
„Градски паркинг“. Тој додава дека треба да се земе предвид и природата
на работењето.
- Секој паркинг го опслужуваат најмалку
четворица вработени, а реално би требало шестмина, зашто се работи 24
часа, во три смени. И тоа би требало да се земе предвид во формирањето
на цената, образлага Стојановски. Стојановски тврди дека тие се далеку
пониски од цените во другите земји. На пример, паркирање во строгиот
центар на Белград чини 2 евра од час, а тука некаде е и Загреб.
Единствено
што јавното претпријатие може да направи за да се реши проблемот со
паркирањето е да создаде паркинг-простори надвор од строгиот центар што
ќе бидат далеку поевтини, со тоа што луѓето ќе треба да пешачат две до
три минути за да се стаса во централното јадро.„Градски паркинг“
стопанисува со 15 паркинзи во Скопје за кои тврди дека инфраструктурно
ги задоволуваат сите услови, од уреденоста, осветленоста, па до
пристапноста.
Монтажна катна гаража кај поштата
Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ќе изгради нов
паркинг-простор под Транспортниот центар, на просторот спроти
„Космофон“. Проектот веќе е во подготовка. Паркигот би почнал да се
гради напролет, а би се завршила до јуни. Цената на паркирање би била
10 денари, а за жителите што живеат во блиските згради месечната карта
би чинела 200 денари.Монтажни катни гаражи се предвидуваат кај поштата
и кај Транспортниот центар.
ИНФО-Нови 3.000 паркинг-места
Со зонското паркирање што треба да профункционира од април, ќе се
создадат 3.000 нови паркинг-места и ќе им се овозможи на граѓаните што
живеат во строгиот центар да имаат доволно паркинг-простори пред своите
живеалишта,Во Малиот ринг, паркирањето ќе чини 45 денари и ќе биде
ограничено на еден час. Во втората, жолта зона, ограничена на најмногу
три часа, паркирањето ќе чини 35 денари, а во третата, зелена зона, ќе
биде најевтино - 25 денари, каде што паркирањето ќе биде временски
неограничено. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C047A89399DB254C880A37EC997F4D18 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#332 Posted: 06-Feb-2009 at 17:42 |
СОВЕТНИЦИТЕ ГО ОДОБРИЈА ПРЕДЛОГОТ НА „ГРАДСКИ ПАРКИНГ“
Ценовникот утврден, паркирањето по зони доцни
Роза Петкова
Градските
советници го одобрија ценовникот на ЈП „Градски паркинг“ по кој ќе се
наплаќа зонското паркирање. Еден час во првата зона, односно подрачјето
на „Мал ринг“, ќе чини 45 денари, во втората зона односно во „Голем
ринг“ 35 денари, а во третата зона, која ќе ги опфати улиците
Илинденска, Рузвелтова и булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, 25
денари. Сепак, зонското паркирање нема да почне ни во наредните три
месеци и покрај многуте најави и по неколку месеци откако два паркинзи
се обележани. - Треба време за да се заврши техничката документација и
да се потпише договор со фирмата „Некст сенс“, која е избрана на тендер
за да го спроведува софтверот - вели Љупчо Јованов, директор на
претпријатието. Тој објасни дека во првата зона ќе биде дозволено само
еден час паркирање, а по истекот граѓаните ќе добиваат доплатна карта
од 1.300 денари, која всушност ќе им биде казна за пречекорување на
времето. Во втората зона првите пет минути ќе им бидат бесплатни и ќе
може да се доплатат за уште еден час. Во третата, пак, првите десет
минути нема да се наплаќаат, а ќе може да се остане најмногу три часа.
Казните за пречекорување на времето во втората и во третата зона ќе
изнесуваат 1000 денари, односно 700 денари. Во неделите, работните
денови по 21 часот и саботите по 16 часот паркирањето во зоните нема да
се наплаќа. За фирмите месечната карта ќе чини 5.000 денари во првата,
4.000 во втората и 3.000 денари во третата зона. Станарите што живеат
во зградите каде што ќе биде паркирањето по зони, ќе може месечно да ја
користат услугата за 200 денари. Јавното претпријатие планира проектот
да го почне на неколку локации - кај двете паркиралишта на улицата Мито
Хаџи Василев-Јасмин, спроти „Рамстор“ и на тие кај полициската станица
„Беко“ и зад Собрание, како и на постојното кај Камени мост. За
последнава локација, која се уште не е бележена за паркирање,
одговорните велат дека не планираат да вложуваат во нејзино уредување.
- Не знаеме кога ќе се реализираат плановите за тој простор кои ги
имаат Градот и Општина Центар, па поради тоа нема да вложуваме во
инфраструктурата, а ќе обележиме места за паркирање онаму каде што може
да се направи тоа - додава Јованов. Зонското паркирање ќе се наплаќа со
СМС-порака и со талони. Преку мобилен ќе се одзема сумата на цената од
кредитот, а на талонот ќе се изгребат полињата за да се означи денот и
часот на користење на услугата. Избраната фирма „Некст сенс“ е
претставништво кај нас на фирма која во Естонија го спровела зонското
паркирање. Проектот е работен според европски модел кој функционира во
Брисел и други метрополи.
Повлечено барањето на „Градски паркинг“
Одлуката
со која „Градски паркинг“ требаше да побара поскапување на услугите на
паркиралиштата со кои стопанисува директорот на претпријатието ја
повлече од дневен ред со образложение дека треба да се усогласат со
Градот. - Во разговори сме да ни одобрат комунална такса која му
ја плаќаме на градот и која во моментот изнесува 10 денари од час, да
се пресметува процентуално и да биде од 10 до 15 проценти од цената за
час паркирање – вели директорот Љупчо Јованов. Инаку „Градски
паркинг“ досега не ги издвојуваше овие пари во градската каса, туку ги
реинвестираше во своето работење. Од 2011 година претпријатието ќе
треба да му плаќа на Градот. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1616&ArticleID=107143
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#333 Posted: 26-Jan-2009 at 12:08 |
Казна од 1.300 денари за паркирање подолго од час во центарот |
|
|
|
|
Ако
некој возач се задржи повеќе од еден час во првата зона за зонско
паркирање, односно во строгиот центар, ќе мора да плати казна од 1.300
денари. За втората и за третата зона максималното време за задржување е
два, односно три часа, а казните за пречекорување на овие термини
изнесуваат 1.000 денари за втората, а 700 денари за третата. Ова го
пишува во предлог-ценовникот за зонското паркирање што треба да го
усвои градскиот совет на седницата што ќе се одржи в среда.
На
истата седница треба да се донесе и одлука сите паркиралишта на јавното
претпријатие „Градски паркинг“ да поскапат за десет денари. Директорот
Љупчо Јованов ја објаснува новата цена со зголемената комунална такса
за користење на просторот.
.........
|
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabID=2&fCat=1&EditionID=299&top=1&ArticleID=16479 |
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#334 Posted: 24-Jan-2009 at 20:33 |
 neznam mene taka mi kazaa taka prenesuvam,moze bila momentalna greska
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#335 Posted: 24-Jan-2009 at 19:22 |
Originally posted by lslcrew
ДОбар начин е да можеш да си продолжиш! Да речеме седиш накеда у кафиќ, шеташ низ трговски и ти текне дека ти истекло времето да си пратиш уште една порака. У ако дојде контролорот да те профери кога ќе го куцне стариот код да види дека ти е продолжено!
|
Може да си го продолжиш, и тоа го пишуваше, како се продолжува. Инаку за операторот нема врска, може од било кој. Е сега тоа што се случило може да била некоја грешка во системот моментална.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#336 Posted: 24-Jan-2009 at 16:56 |
Originally posted by La Linea
A наплаќаш со пари од кредитот на мобилен!? Така ли оди ова?
|
da ti cedat od kretit ili smetka sto i da e,ama kolku sto znam imaat edna greshka,beshe edna koleshka tamo letovo i so broj od t-mobile ne mozela toa da go naprai,znaci moralo da imash nivno brojce e sea ova dali e greshka ili im e finta za da im kupuvash brojcinja neznam..
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#337 Posted: 24-Jan-2009 at 13:54 |
ДОбар начин е да можеш да си продолжиш! Да речеме седиш накеда у кафиќ, шеташ низ трговски и ти текне дека ти истекло времето да си пратиш уште една порака. У ако дојде контролорот да те профери кога ќе го куцне стариот код да види дека ти е продолжено!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#338 Posted: 24-Jan-2009 at 13:26 |
Originally posted by гитардемон
Јас кога бев во Хрватска последно бев во скоро секое можно градче на брегот и во тие малку поголемките (1000-2000 жители) секој паркинг покрај морето беше на ваков смс принцип. Јас колку што разбрав и колку што се сеќавам на текстот испишан таму, треба бројот на табличката да го пратиш а и колку време сакаш да паркираш, и тоа е сè. Мислам не ти стигнува повратна порака со код, туку потврда дека е платено, и те имаат веднаш во системот кога проверуваат. Инаку нормално имаше и човек што наплаќа рачно за секој случај, бидејќи ако во некој случај немаш телефон (си го заборавил, загинал, од странство доаѓаш немаш роуминг) нормално не можеш преку смс да платиш. Тоа кај нас нема да им текне, 100%. |
Не ми се допаѓа тоа со - колку време ќе паркираш! Од кај да знам колку време ќе паркирам, зошто да плаќам повеќе ако морам итно да си одам, или пак зошто да бидам на штрек дека ќе ми ја кренат колата ако сакам да се порелаксирам некаде во центар? A наплаќаш со пари од кредитот на мобилен!? Така ли оди ова?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#339 Posted: 24-Jan-2009 at 13:18 |
Јас кога бев во Хрватска последно бев во скоро секое можно градче на брегот и во тие малку поголемките (1000-2000 жители) секој паркинг покрај морето беше на ваков смс принцип. Јас колку што разбрав и колку што се сеќавам на текстот испишан таму, треба бројот на табличката да го пратиш а и колку време сакаш да паркираш, и тоа е сè. Мислам не ти стигнува повратна порака со код, туку потврда дека е платено, и те имаат веднаш во системот кога проверуваат. Инаку нормално имаше и човек што наплаќа рачно за секој случај, бидејќи ако во некој случај немаш телефон (си го заборавил, загинал, од странство доаѓаш немаш роуминг) нормално не можеш преку смс да платиш. Тоа кај нас нема да им текне, 100%.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#340 Posted: 24-Jan-2009 at 02:45 |
Ја имам слично искуство во Црна Гора, односно искуство од другар. Тамо требело наместо по смс да платиш на некој човек што се мотал тука и дечково незнаел си паркирал и си отишол. После колата си ја нашол во пајак заради неплатено паркирање. Инаку кога ќе си му плател на човекот (кај нас нема да биде човек ќе биде смс) добиваш ливче кое го оставаш на шал-табла од внатрешна страна да се гледа. На ливчето имаш код, односно токен кое е генериран врз база на твојата рег. таблица и врз база на времето кога си паркирал и за колку време ти важи ливчето плус некој код за да неможе луќево да му влезат у финта. Кога ќе дојде пајак го гледа ливчето и го проверува кодот по пос терминал (преку интернет) и гледа дека уствари си платил и пајак не те дира, у спротивно ќе те дигне пајак.
|
 |