![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 30> |
Author | |
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ако сме паметна и нормална држава, ќе лобираме заедно со Албанија за јужниот крај од гасоводот кон Италија да поминува низ нашата земја. И така Коридор 8 поминува низ нашата земја, мислам дека можеме да ја продадеме приказната, треба уште албанците да се заинтересираат.
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Исто така, според новата мапа, гасоводот Јужен Поток нема да поминува ниту низ Романија, како што беше планирано според старата мапа, ниту ќе се пушта крак од Бугарија или од Србија или од Унгарија кон Романија. А ако нашинците се фалат со преддоговори, тогаш воопшто не треба да обрнуваме внимание на тоа што го говорат. И јас потпишав преддоговор за студирање кога се запишав на факултет, но во самиот преддоговор пишуваше дека доколку не бидам прифатен како редовен студент, тогаш преддоговорот е неважечки, се поништува, а на мене треба да ми биде вратен назад делот од партиципацијата што предвреме го уплатив. Па така и Газпром слободно може да куртули од нас кога сака, тие веќе куртулија од Грција, низ која требаше да поминува траса која требаше да ги снабдува северна Грција и јужна Италија, а можеби и јужна Албанија со руски гас, ако се отарасиле од цела една траса, тогаш сигурно се подготвени да се отарасат и од крак кон Македонија. Edited by Dexter26 - 14-Nov-2012 at 19:37 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
додека не се потпише договорот ништо не е сигурно,и дотогаш неможи да се прикажи РМ на картата на Газпром.На мапата се земји со кои се има постигнато договор,ние сеуште го немаме потпишано
|
|
![]() |
|
tonikostov ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Oct-2009 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 127 |
![]() ![]() |
Ставревски објави дека наводно го ревидирале преддоговорот со Газпром и забелешките им ги пратиле назад. Наводно, сигурно е дека гасоводот ќе се гради во Македонија, но само како крак...
Многу контрадикторни информации деновиве. Веќе на ништо не верувам! ![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Официјалниот веб сајт на Јужен Поток е обновен, дизајнот е поинаков и има нова мапа на гасоводот.
http://www.south-stream.info/?L=1 Според новата мапа, Јужен Поток нема да поминува низ Грција, ниту ќе се пушта крак од Бугарија кон Грција. Исто така, според новата мапа, Јужен Поток нема да поминува ниту низ Хрватска, но ќе бидат пуштени краци од Србија кон Хрватска и кон Република Српска. Македонија, Црна Гора, Косово и Албанија остануваат исклучени од Јужен Поток, иако неофицијално, се разгледуваат можностите за пуштање крак од Бугарија кон Македонија и за пуштање крак од Србија кон Црна Гора, истовремено заобиколувајќи го Косово. ![]() На новиот веб сајт на Јужен Поток, меѓу сликите кои се прикажуваат на почетната страница, прикажана е и црквата Свети Јован Канео од Охрид со наслов: INTERNATIONAL COOPERATION South Stream is a project of Europe-wide significance and scale Lake Ohrid, Macedonia ![]() Но и на новата мапа на Јужен Поток, исто како и на старата мапа на Јужен Поток, не е пуштен никаков крак кон Македонија. Edited by Dexter26 - 14-Nov-2012 at 14:38 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Општинските институции се греат на гас- граѓаните задоволни што гасот стигна во СтрумицаГимназијата е една од 14 објекти кои од саботата навечер се греат на природен гас. Како дел од примарната гасоводна мрежа, градинките, основните и средните училишта, општинската зграда и домот на АРМ го користат природниот гас како енергенс. Одговорните во Гимназијата велат дека очекуваат големи заштеди, а во моментов ги прилагодуваат радијаторите на температурните разлики. Од саботата навечер Струмица стана и првата општина со независна гасоводна мрежа која со цистерни го носи гасот од Бугарија. Граѓаните задоволни од реализацијата на проектот. За инвестицијата општината потроши 2 милиони евра, а очекува годишно со досегашните приклучени објекти да штеди по 300 илјади евра. Градоначалникот Зоран Заев изрази надеж дека и другите општини ќе го следат овој пример. Досега се изградени 13 километри од примарната, во тек е изградбата на уште седум од километри од секундарната гасоводна мрежа на која се очекува да се приклучат и домаќинствата, стопанските субјекти како и земјоделците. Пресметките покажуваат дека кога сите домаќинства би се вклучиле на гасоводот, тогаш годишни би штеделе по 30 милиони евра како од греење, така и од употреба на другите домашни уреди. Проектот гасификација во Струмица почна од 2009- година, во 2010 година беше формирано ЈП Струмица гас, а веќе од наредната година почна изградбата на декомпресиската станица и примарната гасоводна мрежа. По примерот, на Аргентина, Бразил, Колумбија и Бигарија, Струмица го купува гасот во компресирана форма од Петрич Бугарија. Тој со цистерни се носи до станицата каде се декомпресира и се пушта во гасоводната мрежа. Гасоводната линија е целосно компатибилна со таа што ќе ја има националниот гасовод, па во истиот момент кога тој ќе стигне до Струмица, тие само ќе се поврзат. Izvor: TV Vis, Strumica, http://www.vis.mk/news/2012/11/opshtinskite-institucii-se-great-na-gas-graganite-zadovolni-shto-gasot-stigna-vo-strumica |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Наводно Албанија и Косово намерно ќе бидат заобиколени, поради политички причини, што на мене лично не ми делува логично, бидејќи парите не познаваат граници, барем така велат бизнисмените, а како тоа функционира во Русија, не знам.
Знам дека македонските медиуми постојано го употребуваат зборот крак, па затоа и јас тоа го спомнувам. И да, во право си, да поминува гасоводот низ Македонија би значело градење на уште една траса од гасоводот, која би поминувала низ Македонија, најверојатно од Бугарија, од каде што започнуваат сите траси кон Србија и кон Грција. Но како што и ти самиот спомна, тоа е скапа инвестиција во која ќе мораат и нашинците да инвестираат, а биди сигурен дека воопшто не се заинтересирани за нешто такво, во спротивно досега би направиле нешто такво, наместо само да си играат расипан телефон со години, најавувајќи гасификација, а истовремено не превземајќи ништо со цел реализирање на најавеното. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Само да додадам, кракот може евентуално да биде и транзитен, но само за Албанија и Косово, но и тоа останува под знак прашалник.
|
|
![]() |
|
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
Сега веке ми станува поjaсно, што се има предвид кога зборута за поминуване от Jжен поток. Како цело треба да мислите и за хранилиште на гас, поради фактот,дека тоа ке се бара от вас. Сека држава во ЕУ мора да има запаси на гас за 30 дена. Изградбата на хранилиште никак не е лесна работа,а и не е евтино. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
мислам дека тука ситуацијата е јасна,ние ќе добиеме само крак за напојување на нашата држава,само се бара на кое место да е приклучокот,пошто сме релативно мал потрошувач.
се зборува дека русите би влегле паралелно и со гасна турбина во ТЕЦ Неготино,а можеби и во другите две електрани.Конкуренти за тоа им се катарците. Ова се информации што сум ги добил од разговор со некои луѓе од ЕЛЕМ |
|
![]() |
|
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
Што мислиш,кога зборуваш за поминуване на Jжен поток през Македониja?-да транзитира гас или да користи гас от Jжен поток? Се разбира е можна и комбинациja от двете. Ако мислиш на транзитиране - се уште нема ваква можност,а ако станува прашане на конзумациja-можна е изградба на крак. Постоечките системи за пренос на гас во регионот ке продолжи да функционира, а Jжниот поток ке ги надополни само. Русиja е наполно согласна и ке продолжи да снабдува и транзитира гас и по веке постоечките цевки. Edited by ink - 11-Nov-2012 at 02:24 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Потече гасот во Струмица
Протече гасот во Струмица. Во тек се приклучоци на првите фабрики и домаќинства. Градоначалникот Зоран Заев порача - барање за гасификација да поднесат и државните институции во градот бидејќи се големи потрошувачи на нафта. „Сите јавни институции во пробниот период се гасифицирани и се греат на гас на почетокот од грејната сезона. Тоа се сите градинки, сите основни училишта, сите средни училишта, општинските институции, како Домот на културата, Домот на АРМ, Градската библиотека, музичкото училиште , општинската зграда и други. Во моментот се прават приклучоци и на фабрики, производствени погони, и приватни куќи“, информираше Зоран Заев, градоначалник на Струмица. /www.kanal5.com.mk http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=98904 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Засега нема никакви официјални најави дека гасоводот Јужен тек ќе поминува низ Македонија.
Јас лично би негувал надеж дека можеби ќе се изгради крак кој ќе поминува низ Македонија, барем се додека не стигне гасоводот до територија на Бугарија, доколку до тогаш не биде договорена изградба на крак кој би поминувал низ Македонија, тогаш јас лично би изгубил секаква надеж за изградба на таков крак, бидејќи Газпром планира да ја затвори финансиската конструкција на Јужен тек до крајот на 2012 година. Газпром веќе склучи договори и ја затвори финансиската конструкција за Јужен тек со Србија и со Унгарија, а се очекува слични договори да склучи наскоро и со Бугарија и со Словенија. Официјално засега гасоводот Јужен тек не поминува низ Хрватска, иако тоа останува отворена опција, исто како што остануваат отворени опциите гасоводот да поминува и низ Македонија и низ Црна Гора, истовремено заобиколувајќи ги Косово и Албанија. http://www.businessweek.com/news/2012-11-07/bulgaria-ties-south-stream-agreement-with-gas-supply-contract Bulgaria Ties South Stream Agreement With Gas Supply Contract
|
|
![]() |
|
stobi ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Jun-2011 Location: ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Možda slikite se postari oti Južen tek ja zaobikoluva hrvatska definitivno
|
|
Makedonija
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ФОТО: Како гасоводот „Јужен тек“ ја заобиколува Македонија08/11/2012 // Пред 10 минути // ЕКОНОМИЈА // Коментирај ![]() Можеше ли да биде поинаку?!? Мапата е превземена од официјалната страна на Газпром. http://faktor.mk/news/archives/8968 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/62157/podgotovkite_za_prikluchuvanje_na_makedonija_kon_%e2%80%9ejuzhen_potok%e2%80%9c_vo_zavrshna_faza.aspx
Подготовките за приклучување на Македонија кон „Јужен поток“ во завршна фаза
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
среда, 26 септември 2012, 14:04
Економија Гасот од „Јужен поток“ да доаѓа од три влеза? Во финална фаза се подготовките за приклучување на Македонија кон гасоводот „Јужен поток“ чија изградба треба да почне на крајот на годинава, а да заврши до крајот на 2015. По потпишувањето на договорот меѓу македонската и руската страна ќе се знае од каде ќе биде одвоен крак кон Македонија ![]() Раководителот на претставништвото на Газпром во Македонија, Сергеј Икоников вели дека најдобро би било да има влез од две или три точки, односно од постоечката точка преку Бугарија и дополнително од север или југ. - Се планира мрежа на гасификација низ цела Македонија и сигурно тоа ќе биде точка што ќе биде одобрена по барање и од македонската страна, рече Икоников. Од компанијата се надеваат дека до 2030 година потрошувачката на гас во Македонија ќе изнесува 2,5 милјарди кубни метри годишно, но тоа ќе зависи од имплементацијата на македонската национална програма за гасификација и од изградбата на гасни електроцентрали. - Постои спогодба меѓу Макпетрол и Газпром и досега немаше негативна пракса која би ја искомплицирала нашата соработка. Сигурно ќе се појави некој оператор кој ќе се занимава со слична функција како Макпетрол. Отворени сме за соработка , нагласи Икоников. Во однос на цената на гасот истакна дека таа е избалансирана, но оти во принцип е можна нејзина промена. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=9165 |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Доколку ова е вистина, тогаш е меч со две острици. Од една страна, Русија може да ја заобиколи Бугарија и да го транспортира гасот од Турција кон Грција и Албанија и евентуално преку Македонија кон Србија, или од Романија да го транспортира гасот кон Србија и повторно евентуално преку Македонија кон Албанија, но било какво менување на планираните траси, нови преговори и нови договори само ќе ја одложат изградбата на Јужен Поток за најмалку година дена. Од друга страна, може да се случи гасоводот воопшто да не биде изграден поради несогласувањата со Бугарија. Но било која од алтернативните траси кои ги спомнав, особено втората преку Романија - Србија - Македонија - Албанија, би била од огромна корист за нас, бидејќи основната цел на Јужен Поток е да транспортира гас кон Италија и кон северозападен Балкан, па Македонија би се нашле во доста добра позиција од економски гледна точка. Но зоошто воопшто фантазирам, кога на крајот ќе се договорат со Бугарија и ќе го изградат Јужен Поток според засега планираните траси, ајде будење. ![]() Edited by Dexter26 - 15-Sep-2012 at 21:01 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
некој моли,а некој се з.....а со гасоводот
Бугарија ќе ја блокира изградбата на гасоводот „Јужен поток“, најавува премиерот Бојко Борисов. ![]() Блокадата, според неговата изјава, е одговор на „предавничкото“ барање на руската страна Софија да исплати милијарда евра оштетата заради откажувањето на изградбата на атомската електрана „Белене“. Бугарија во март објави дека нема да ја гради електраната заради недостиг на инвеститори, но и заради притисокот на западните земји кои се загрижени за се поголемата енергетска зависност на Софија од Русија. Руската компанија „Атомстројекспорт“ која требаше да ја гради Белене, бара од Бугарија надомест на штета во висина од милијарда евра што би можело значително да ги загрози буграските финансии во периодот на закрепнување на земјата од рецесијата. „Искрено се надевам дека Путин не знае ништо за ова. Ако знае нема да му се допадне нашата средба на 09 ноември во Бугарија“, им рече Борисов на новинарите. Рускиот претседател Путин на 09 ноември ќе пристигне во посета на Бугарија за да добие согланост за изградба на „Јужен поток“. Гасоводот според прогнозите ќе транспортира годишно по 63 милијарди кубни метри руски гас кон јужна и централна Европа. Инвестицијата се проценува на 15 милијарди евра. „Си ги исполнуваме сите обврски кон „Јужен поток“. Што се однесува до „Белене“ ги продолжуваме преговорите. Затоа сме исклучително непријатно изненадени од руското барање“, вели Борисов. Иако Борисов децидно не спомнува блокада на „Јужниот поток“, аналитичарите велат дека тој ќе го користи овој гасовод за да ја намали компензацијата за Белене. Москва сака одобрување од бугарската страна пред да ја донесе конечната одлука за „Јужен поток“ кој треба да почне да се гради во декември. Заедно со италјанската компанија „Ени“, „Гаспром“ тогаш треба да почне да ја гради подморската делница. Освен „Ени“ во конзорциумот за изградба на Јужен поток се уште и француската компанија „ЕДФ“ и германската „Вентершал“. Извор: ekonomski.mk |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Се експроприра земјиштето за гасоводот Клечовце-Неготино
Сподели со твоите пријатели! Се работи на 136 предлози за трајна експропријација, а се очекуваат уште 100 предлози за времена експропријација. ![]() Во општина Штип почна експропријацијата на земјиштето за изградба на гасоводот Клечовце - Неготино. Опфатено е земјиште во атарите на девет села. Раководителот на Одделението за управна постапка, Сузана Николовска изјави дека досега добиле 136 предлози за трајна експропријација на земјиштето, каде е предвидено да се изгради гасоводот. - Нашите вработени веќе работат на овие 136 предлози и имаме склучено над 10 спогодби. Цената на земјиштето е утврдена од страна на експерти и се движи од 10 до 40 денари, вели Николовска. Таа додаде дека очекува да пристигнат уште 100 предлози за времена експропријација на земјиштето за изградба на гасоводот Клечовце http://www.libertas.mk/vest/32433/Se-eksproprira-zemjishteto-za-gasovodot-Klechovce-Negotino |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |