![]() |
![]() |
![]() |
Трговски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 28> |
Author | ||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
|
Преку глава ми е од глумење мајка Тереза за работи кои не заслужуваат такво нешто. Овие се чист пример за бизнис "на ти прст ти зема цела рака". Не го разбирам ни плачењето, ни ми е гајле, а тоа дали сме купувале сите од тука нешто, апсолутно нема никаква врска. Тоа се пазарни моменти, се се врти, се се менува. Денес сум купувал од кај тебе, утре ќе купувам од друг. Прво запрашајте се дали важат истите услови тука, кузнај колку години работат на црно, можеби у последниве почнале данок и царина да плаќаат, апла пример за сива економија у центар на град, слика која треба што побрзо да ја снема. Од тие бизнисчиња си направија куќи на три спрата до улица и не викам дека само они се криви, можеби и воопшто не се криви бидејќи требало некој да реагира со време, но немојте со тие настапи демек треба да се засрамиме. Јас немам од што да се срамам, сум примерен граѓанин на оваа држава.
|
||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||
![]() |
||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|
и НА МЕНЕ МИ Е МИЛО. одвратно ГАДНА слика за Скопје, како да си во некоја забутана населба во некоја од тие бедните држави, Таџикистан или каков и да е Стан. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
pbanks немора баш и до толку некаква "коректност". Не знам за стрикстрак, но јас знам зашто кажав дека ми е мило. Незнам зашто реагираш на ова, може би од страв за некакви тензии во нишкава по национална основа да не го поврзе тоа некој, но стварно овој хаос заслужува решение и тоа прилично така малку на мускули. Како до сега никому не му текна да се солидаризира со диви позари, урбана мафија, пренамена, доградби и што се не, овде дојде точката каде ќе се солидаризираме, и тоа се нечиви бизниси?! Не им мислам ништо лошо, нека си ги работат бизнисите, ама во границите на правилата и урбанистички и економски. Да знам дека може да се пробие булеварот без да биде како оној на битпазар со две ленти паркирани, па после тоа што сака нека се случува од другата страна на рабникот.
Edited by lslcrew - 07-Dec-2011 at 15:22 |
||
![]() |
||
Superman ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 154 |
![]() ![]() |
|
Мене ми е мило од повеќе причини:
-побрзо ќе стигнувам дома зашто ќе се расчисти десната лента, -полесно ќе може да се уреди просторот и да се прошири улицата во булевар како што е и по план, -никогаш не издаваа фискални сметки, а според мене таквите бизниси мора да пропаднат. Не се согласувам дека градот треба да им помогне околу преселбата бидејќи си се индивидуални дуќањчиња и бидејќи не се лојални ни кон државата нио кон градот. Само, се ми чини дека сето ова останува на обичен новинарски текст. Можеби ќе се намали бројот на дуќани, но нема да исчезнат сите, ако сега има 20 кои слабо работат, кога ќе останат 5 ќе работат подобро, чиста пазарна логика. И не мислам дека треба да чекаме да пропаднат за да се уреди просторот; за десната лента и паркираните возила мора да пристапи и постапи полицијата (мислам тука е ПС Бит Пазар), за улицата градот. Мора да се среди, една од главните сообраќајници е, а бидејќи е хаос, често (особено преку ден) вртам од кај саем и идам по Гоце Делчев и Илинденска наместо комотно да си продолжам право од Автокоманда. Edited by Superman - 07-Dec-2011 at 14:54 |
||
The One Whose Name Cannot Be Spoken...
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Што ви е лесно бре да ставате потписи на човечки судбини
![]() Да се разбереме, и јас зум за воведување на ред, ама да се ситам дека на некој ќе му пропадне бизнисот кој на сите нас во голема мерка ни одговарал (сите имаме купувано на пластичарска улица) е катастрофално. Се надевам дека конкуренцијата од големите франшизи ќе ги принуди овие трговци на пластичарската пред се да ги дигнат своите стандарди на работа. Објектите кои се градат таму ад хок се неатрактивни и субстандардни (мајМаседониа пред некој ден постираше една слика од изградбата таму) и тоа треба да се промени. Во однос на состојбата на булеварот (и неговото проширување). Не гледам како би се решил проблемот доколку не се направи соодветна сервисна уличка од позади каде би паркирале купувачите. Паркинзи или катни гаражи не сум сигурен дека би завршиле работа освен ако не ги има во доволен број по цела должина на улицата. Градба на паркинг места на самиот булевар е нереална бидејќи се работи за транзитен булевар а не за маалска улица. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Пред се зашто е хаос! Второ зашто отвара можност лагано без многу галама да се прошири улицата. После зашто конечно треба и Македонскиот пазар некако да заличи на нормален пазар каде што ваквите производи се продаваат на втор кат во големите супермаркети, во хипермаркети како јуск и бриколаж, а не со ценкање на тротоар, па уште види..... црвена линија имало. Бре!! |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
На мене не ми е мило бидејќи им се заканува пропаѓање на малите бизниси на Пластичарската улица, но барем ми е мило бидејќи ќе се отворат вратите за конечно да се среди таа улица, односно тој булевар, бидејќи ако добро помнам, тоа е булевар Никола Карев, уште попознат како улица Пластичарска.
Мислам дека треба град Скопје или не знам која општина е надлежна во тој дел од булевар Никола Карев, да помогне во преместувањето на тие мали бизниси, исто како што помогнаа во преместувањето на цветниот пазар, за да потоа преминат кон конечно уредување на тој булевар за да навистина заличи на булевар, а не на автопазар, па конечно да дочекаме регулиран сообраќај и во тој дел од Скопје. Edited by Dexter26 - 07-Dec-2011 at 00:32 |
||
![]() |
||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|
Голем проблем имаме и во други работи зошто малите и средните претпријатија почнаа да згаснуваат ,прво е преголемата контрола на тие малите претпријатија на кои им напикаа данок безврска ,порано имаше данок се плаќаше еднаш годишно а колку човек заработува тоа си е негов проблем,вака ги искомплицираа работите додаска,еден обичен дуќанџија не може да опстои пошто неговата добивка е 300 до 700 месечно,он треба да плати 200 евра кирија + 150 евра за струја оваа струја што ја плаќаат не е реална ама баш ич особено во зимскиот период достигнува и до 15.000 денари за една сијалица запалена и една греалка,башка тарифата е 60 денари за кw,т.е 1 евро ,додека домашната е некаде 15-20 ден, што е три пати поскапо од обичната тарифа ,ова се смета како индустриски објект: кога се вели индустриски објект јас не ги сфакам што подразбираат они под ИНДУСТРИСКИ објект па ако е дуќан не значи дека е производител и дека произведува нешто ,ова е сосема голема глупост некој да плака 3 пати поскапа струја а некој што е домашен корисник да плати 3 пати помала ,ова не е праведно ,после нас не обвинуваат пошто сме биле големи потрошувачи на енергија,па зошто не кажуваат колку струја троши Макстил,Фени и другите индустриски гиганти ,за нив има попуст, а ние сиромашните плаќаме све поскапо бидејќи сме биле на ИНДУСТРИСКА тарифа ,и една друга забелешка за саатите новите што ги ставаат ,и таму се регулираат тарифите зависи кај живееш така ке ти ја стават тарифата,потоа се жалат зошто малите и средните претпријатија пропагаат, па кај да не пропадне човек не може глава да крени дали да се занимава со УЈП или со неговиот бизнис,зошто мора 2 пати да плаќаме ДДВ на некои производи ,ниеден во УЈП не може да даде одговор зошто?Дај нека се регулираат овие работи нека си работат лугето,не ги чепкај сиромашните,фати ги тие гигантите ,големите производители ,ние не сме ИНДУСТРИЈА.
Edited by mitatos - 01-Nov-2011 at 14:51 |
||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Катанец на секој трет дуќан во СкопјеАндријана Коровешовска![]() Tотална распродажба“, “Локалот се издава или се продава“, “Локалот е преселен на друга локација“ (ама не пишува каде) е најчестата слика што ќе ја видите кога ќе прошетате во поширокото централно подрачје на Скопје - Градскиот трговски центар (ГТЦ), улица Македонија, ТЦ Буњаковец, ТЦ Беверли Хилс... Економската криза, која годинава ескалира во европската економија, во Македонија се манифестира и со сериозна криза во трговијата. “Капитал“ забележа дека секој трет дуќан во Скопје е затворен. Со месеци на излогот стои натписот “Се издава“ или “Се продава“, но интерес нема. Трговците се жалат дека намалениот животен стандард драстично ја намалил потрошувачката кај граѓаните, поради што многу трговски субјекти пропаднале. Немаат пари да набават нова стока, да платат кирија и продавачи. Ова го потврдуваат и податоците за тоа колку пари се вртат во платниот промет во земјава и за вредноста на трансакциите со платежни картички. За разлика од лани, кога цела година растел платниот промет, што значи повеќе се трошело и се плаќало, годинава тој тренд е надолен од почетокот на летото. Значи, граѓаните и фирмите имаат сè помалку пари или пак, сè помалку трошат. Дури и на картичка. Останаа само брендираните продавнициВо ГТЦ се полни само продавниците кои нудат ИТ-опрема, телефонија и банкарски услуги и неколку продавници кои нудат брендирана облека и обувки. Повеќето no name продавници ги нема или сè уште продаваат ланска или летна колекција. Што значи, газдите немаат пари да набават нова стока. Дуќаните, пак, од надворешната страна на трговскиот речиси сите се под клуч. На улица Македонија се полни само кафулињата. Трговските центри Беверли Хилс и Буњаковец пак, целосно се празни. Освен продавачите, таму ретко може да се сретне некој купувач. Единствено Рамстор живее, но не со толку голема динамика како изминатите години. Овде главни купувачи се Косовците. Домашните повеќе шетаат отколку што купуваат, велат продавачите. Дури ни излозите на кои со огромни букви е напишано “Распродажба“ и “Топ цени“ не примамуваат потрошувачи. Иако ова е невообичаен период за попусти, сепак, трговците се обидуваат со пониски цени да извадат некој промет. Но, тоа не можат да го направат со стара стока. “Чекаме идниот викенд да ни пристигне стоката од Италија. Газдите сакаат да соберат што повеќе нарачки за да стигне сè одеднаш“, велат во една продавница за италијански обувки, каде што вообичаено има многу голема понуда. Иако сега на повидок е зимската сезона, тие сè уште продаваат сандали! Сопствениците на продавниците за брендирана облека во Скопје велат дека не се сериозно погодени од кризата, затоа што блокираната граница кон Грција ги натерала Македонците да купуваат во земјава, наместо во Солун. Искра Ивановска, генерален менаџер на Итали нова, застапник на брендовите Теранова и Калиопе, вели дека затворањето на дуќаните се должи пред сè на скапите кирии и на тоа што малите трговци неподготвени влегуваат на пазарот, купуваат стока од друго место, па потоа ја препродаваат. “Немаме никаков проблем со продажбата. Дури годинава значително се зголеми благодарение на кризата во Грција. Многу е важно да се изгради бренд и да се има вистинската клиентела. Теранова како бренд веќе подолго време е присутен на пазарот и со право можам да речам дека досега се придржуваме кон сите стандарди во работењето. Редовно добиваме нова стока за секоја сезона и веднаш ја пласираме во продажба. Проблемот повеќе се одразува кај малите трговци“, смета Ивановска. Васко Давитковски од ТЦ Соравиа досега не добил поплаки од вработените за намалена продажба. Во последните 5-6 месеци настанала само една промена со влезот на продавницата Базаро, а останатите дуќани работеле со ист интензитет. Но, Миле Бошков, претседател на Конфедерацијата на работодавци, потврдува дека малите трговци имаат проблем со ликвидноста. Според него, тие сè уште продаваат ланска стока затоа што парите ги потрошиле за кирии, за сметки за струја, па не им останало за набавка на нова колекција. “Тоа е и причината за затворањето на дуќаните. Ни големите попусти не ја продаваат старата стока и едноставно немаат пари за да продолжат да работат“, вели Бошков. Јадранка Аризанковска од Дирекцијата за застапување на интересите на членките во Стопанската комора смета дека главен проблем е нискиот стандард на граѓаните. Според неа, луѓето не го сметаат шопингот за нешто неопходно, па во тој домен сè повеќе се ограничуваат и кратат. На продавниците за храна сè уште им одело добро. “Економската криза особено го погоди текстилот, посебно малите трговци кои немаат изградено бренд и мора да плаќаат кирии. Поголемите брендови веќе имаат купено свои простории, а тие што немаат, сепак, можат да го издржат финансискиот притисок. Тоа не е случај со помалите“, вели Аризанковска, која како пример го посочи Веро. Кириите остануваат високиВо агенциите за недвижности укажуваат дека високите кирии исто така придонесуваат за затворање или дислоцирање на трговските локали. Но, главниот проблем го посочуваат кај големата понуда, а слабата побарувачка. “Рецесијата е причината поради која голем број компании се откажаа од проширување и инвестирање во сопствен деловен простор и што работат со намален интензитет или се затворени. Но, изненадувачки е фактот што иако е намалена побарувачката на деловен простор, цените на кириите остануваат исти. Сопствениците не се подготвени да ја намалат цената на малопродажниот простор. Таа варира само во зависност од местоположбата на дуќанот и фреквентноста на луѓе“, вели Оливер Димитровски од Њувеј лимитед. Од агенцијата Бастион сметаат дека и дури и да се намали киријата, ако продажбата оди лошо, трговците повторно ќе се соочат со истиот проблем и ќе мора да го затворат дуќанот. “Има многу кои ја спуштаат цената, на пример од 4.000 на 2.000 евра за метар квадратен, меѓутоа слабиот промет ги принудува да ги затворат. Агенциите многу ретко нудат простор од трговските центри, освен ако ептен не можат сопствениците да го изнајмат или да го продадат. Најчесто станува збор за дуќани кои продаваат ИТ-опрема, телефони или многу ретко некоја продавница за ексклузивен накит“, вели Донка Филиповска од Бастион. Од агенцијата за недвижности Хепинес пак, велат дека цените на дуќаните на атрактивните локации се високи и нереални. Ретко се менуваат. Ако некој реши да изнајми ваков локал, тоа го прави со намера трошоците да ги покрие со продажба, но кризата му ги поматила сметките. Затоа, за кратко време го затвора дуќанот.
http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/75469/katanec_na_sekoj_tret_dukjan_vo_skopje.aspx?iId=2429 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Абе нема врска, за фолирање го донеле тој италијанецот да изгледа поуверливо. Ова е некој локалец или па во некаква релација со некој иселеник. Ниту рендер има, ниту бренд, инвестицијава не е некоја којзнае колкава, а и којзнае што се опфаќа. Никаде барем една бројка, за капацитет, површина. Башка имево е ептен проѕирно нанменско, "еуроиталија".
|
||
![]() |
||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
Луксузен трговски центар со инвестиција од 10 милиони евра
![]() |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
eve video ama render nikade ne vidov
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nova-investicija-vredna-10-milioni-evra-vo-opshtina-petrovec |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
eve i poopsirno Италијани градат трговски центар во ПетровецСо поставување камен-темелник во општина Петровец денеска почна изградба на мултифункционален трговски центар, инвестиција на италијанската групација Еуроиталија во вредност од 10 милиони евра. Деловниот објект ќе се простира на површина од 10.000 квадратни метри и треба да овозможи 100 нови работни места. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски во обраќањето на свеченоста истакна дека италијанската инвестиција е значајна за натамошниот развој на општина Петровец. Покрај 10-те милиони евра што ќе бидат вложени и 100-те нови работни места, според Пешевски, особено е значајно што ќе се создадат можности за трговија во општината, но и предуслови за развој на трговски активности и размена со Градот Скопје. Укажувајќи на големиот напредок нотиран во Дуинг бизнис на Светска банка каде Македонија е пласирана на највисоките места во Европа во спроведување реформи за водење бизнис, вицепремиерот порача оти крајната цел, сепак, не е високото рангирање на листите, туку, како што рече, целта е да се присуствува на што повеќе настани како денешниот со старт на инвестиции. Според Пешевски, доказ дека напредокот во бизнис-климата е реален е податокот оти трговскиот центар во Петровец е втора инвестиција на италијанската групација во државава. - Владата останува посветена на реформите и на натамошно подобрување на бизнис-климата за привлекување што повеќе инвестиции што во наредниот период треба да овозможи поголем економски развој, намалување на невработеноста и зголемување на животниот стандард на граѓаните, истакна Пешевски. Алберто де Лука, еден од инвеститорите на трговскиот центар, најави оти денешниот настан е само почеток на плановите за инвестирање што ги има групацијата во Македонија. - Веруваме во Македонија како млада држава во која ќе наидеме на одличен прием и од граѓаните, наведе де Лука. Следната нивна конкретна инвестиција, според градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, веќе се официјализира. Италијанските инвеститори веќе купиле парцела со површина од 6.000 метри квадратни во Катланово на која ќе градат објект со вкупна површина од 27.000 метри квадратни. Изведувач на градежните работи на мултифункционалниот трговски центар во Петровец е компанијата „Ники градба“. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/italijani-gradat-trgovski-centar-vo-petrovec |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
24.06.2011 [quote] БОРБАТА СЕ ВОДИ ЗА ПАЗАР ОД 55 МИЛИОНИ ПОТРОШУВАЧИСпасијка Јованова![]() КАКО Е РАСПОРЕДЕНА МОЌТА НА ТРГОВСКИТЕ СИНЏИРИ ВО РЕГИОНОТ?Можете да мислите дека малото е убаво, но подобро е да се биде голем. Оваа девиза, која јавно ја прокламира и реализира еден од најголемите бизнисмени на Балканот, Емил Тедески, веќе е дел од стратегијата и визијата на сите поголеми балкански компании. Особено е присутна во деловните планови на трговските синџири во регионот и тоа уште многу одамна. За Меркатор, Агрокор, Делта веќе не постојат граници во Југоисточна Европа. Овие трговски брендови ги имаат освоено сите пазари во регионот и имаат лидерска позиција или се втори и трети. Тие не се само трговски компании. Тие се, пред се, поддржувачи на домашното производство на храна, затоа што во нивните продажни центри повеќе од 50% од производите се домашни. Тоа е одлична формула за промоција и поддршка на домашното производство, но и за извоз. Секој нов продажен центар на трговските конгломерати во друга земја значи нов пазар за извоз. Со својот трговски бренд тие ги носат и домашните производи на странски пазари. Затоа, Меркатор, Делта и Агрокор имаат значаен удел во развојот на економијата во нивните држави, но и голема поддршка од државата. Класичен пример за тоа е неуспешниот обид на Агрокор да го преземе Меркатор. Словенија го одби нападот на Ивица Тодориќ за да го заштити словенечкиот пазар од напливот на хрватски производи. Многу патриотски и стратешки. Исто како и планот на Тодориќ преку Меркатор да отвори нов пазар за Хрватска, кој досега се покажа како тежок за освојување. И сето ова се случува во криза, кога прометот на сите трговци е паднат, а плановите за раст и аквизиции се забавени. Што ли ќе се случува за 1-2 години? Предизвикот е многу голем. Да се освои пазар од 24 милиони жители! Каде е во целиот овој контекст Македонија? Каде се македонските трговски брендови во стратешката битка за освојување на пазарот на поранешните југословенски држави, па и пошироко? Никаде. Тие се задоволуваат со пазар од два милиони жители! Трговските синџири, како Тинекс и Скопски пазар, се чисто локални, мали, без стратегија за инвестирање во странство и како такви – голема и лесна цел на гигантите од регионот. Само за илустрација, Конзум маркетите на Агрокор имаат годишен приход од 2,67 милијарди евра, а Скопски пазар од само 31,5 милиони евра и Тинекс од 88,6 милиони евра. Меркатор е уште поголем со вкупен приход во 2010 година од 2,78 милијарди евра.Тоа значи сериозна опасност за македонското производство затоа што ќе биде на уште поголем удар од конкуренцијата од регионот. А, таа е немилосрдна. Во таа борба за раст не се штедат пари и средства за напад и одбрана. Белгиската групација Делез за супермаркетите на Делта, Делта Макси, плати дури 932 милиони евра за да добие пазар од 55 милиони жители. Агрокор понуди двојно повеќе од бараната сума за да го купи Меркатор, но не го доби. МАЛИ И ГОЛЕМИШто е целта на овие аквизиции? Зошто трговските синџири во регионот сакаат да бидат големи и не се задоволуваат со локалниот пазар? Затоа што сите локални пазари се мали – од два до 7,5 милиони жители. Што е тоа во споредба со 24 милиони жители, колку што има поранешниот југословенски простор или со 55 милиони жители, колку што има Југоисточна Европа? Менаџментот на Делез, која ја купи Делта Макси, смета дека Југоисточна Европа во иднина ќе биде многу перспективен регион во однос на економскиот раст и куповната моќ на потрошувачите, што оди во прилог на малопродажбата.“Во регионот има простор за ширење, бидејќи се работи за простор во кој живеат 55 милиони луѓе, што е речиси како Велика Британија или Италија. Тоа е регион кој забрзано се развива и кој во периодот меѓу 2010 и 2014 година се очекува раст од околу 60%“, велат во Делез. А што добива Србија од Делез? “Знаеме дека во Србија можеме да најдеме добри производи кои ќе ги продаваме во другите делови на нашата група, на пример, во Грција или Романија. Во Делез, околу 50% од производите кои ги продаваме се локални, односно од пазарот каде што работиме. Затоа, на секој пазар имаме долгорочни договори со локалните производители. Ние ги поттикнуваме да инвестираат за да може да се развиваат. Им нудиме и нивните производи да се продаваат во други земји“, вели Пјер Оливие Бекерс, директор на Делез. БОРБА ЗА ПАЗАРИТЕ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПАИ светските медиуми анализираат дека во Југоисточна Европа се води борба за освојување на пазарот на малопродажба. Тие коментираат дека Агрокор и Меркатор играат “ризична игра на борба за превласт во малопродажниот сектор во одделни пазари од поранешна Југославија“. Сега Жика Дебељак, првиот човек на Меркатор, бара од неговите акционери заеднички да понудат 60% до 75% од акциите за да привлечат големи странски инвеститори до крајот на годината.“Словенија, првата ексјугословенска република која влезе во ЕУ, има репутација за економска ксенофобија. Заедничкото акционерство меѓу големите компании покажа дека Владата и големите бизнисмени работат заеднички на домашниот пазар од два милиони луѓе“, коментираат светските медиуми. Според овие анализи, Агрокор го замени “монополот на домашниот осиромашен пазар со помалку од пет милиони жители за отворен регионален пазар со сериозна глобална конкуренција“.Но, Македонија не е во оваа игра. Бидејќи македонските трговски синџири се локално ориентирани тие немаат отворена позиција за зголемен пласман на македонски производи во странство. Имаат и многу лоша позиција во однос на обидите да бидат преземени затоа што се многу мали. Секако дека нивните акционери, доколку одлучат да ги продадат, ќе ја валоризираат вредноста што ја сакаат, но што ќе значи тоа за македонската економија. Сопствениците на трговските гиганти од регионот не кријат дека со својата инвестиција носат и домашно производство. Не исклучуваат соработка со локалните производители, но сигурно претпочитаат да доминираат нивните домашни брендови. Тоа веќе го видовме во Македонија со присуството на Рамстор и на Веропулос, во чии супермаркети турските и грчките производи имаат значајно место. Сево ова значи дека домашното производство на производи за секојдневна употреба во домаќинството е хендикепирано за една голема можност за поддршка и развој. Вината подеднакво лежи и кај бизнисмените и кај стратегијата и политиката на државата. ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО МАКЕДОНИЈАТинекс – обрт во 2010 година од 88 милиони евра и профит од 2,2 милиони евра Веропулос – вкупен приход од 54,5 милиони евра и профит од шест милиони евра КАМ маркети – вкупен обрт од 46 милиони евра и профит од 2,88 милиони евра Скопски пазар – вкупен приход од 31,5 милиони евра и профит од 177.000 евра Тедико Супер – вкупен обрт од 22 милиони евра и загуба од 275.000 евра Рамстор – вкупен приход од 19 милиони евра и профит од 3,5 милиони евра СТРАТЕГИЈА ЗА УСПЕХ1. Отворање супермаркети на локалниот пазар – целта е да се почне бизнисот за малопродажба; 2. Развивање на приватни марки (private labels) со откуп на производи од домашни фабрики – целта е да се понудат поевтини, а квалитетни производи на потрошувачите; 3. Доминантно присуство на домашни производи на рафтовите – целта е да се поттикне и помогне домашното производство; 4. Ширење на мрежата на супермаркети во земјите од регионот – целта е да се развие бизнисот и да се освојат нови пазари; 5. Изградба на откупни центри во земјите од регионот – целта е да се дојде до евтини производи и да се намалат транспортните трошоци; 6. Изградба на дистрибутивни центри во земјите во регионот и во други земји (во кои не се поседуваат супермаркети) – целта е да се обезбеди пласман за домашното производство. МЕРКАТОР, СЛОВЕНИЈАвкупни приходи во 2010 година – 2,78 милијарди евра присуство на пазари – седум планирани инвестиции – 130 до 150 милиони евра стратегија и визија – водечки трговски синџир на прехранбени и производи во ЈИЕ број на вработени – 10.606 КОНЗУМ И ИДЕА, ХРВАТСКАвкупни приходи во 2010 година – 2,67 милијарди евра присуство на пазари – два планирани инвестиции – / стратегија и визија – постојано преземање компании и брендови со цел освојување нови пазари број на вработени – 11.319 ДЕЛТА МАКСИ, СРБИЈАвкупни приходи во 2010 година – 2,06 милијарди евра присуство на пазари – пет планирани инвестиции во 2011 година – 51 милион евра стратегија и визија – раст на приходите и освојување на нови пазари во Европа број на вработени – 19.000 ТИНЕКС, МАКЕДОНИЈАвкупни приходи во 2010 година – 88,6 милиони евра нето-добивка – 2,2 милиони евра присуство на пазари – еден планирани инвестиции – / стратегија и визија – развој на семејниот бизнис самостојно број на вработени - 972 СКОПСКИ ПАЗАР, МАКЕДОНИЈАвкупни приходи во 2010 година – 31,5 милиони евра нето-добивка – 177.977 евра присуство на пазари – еден планирани инвестиции – / стратегија и визија – / број на вработени - 637 ДЕЛТА МАКСИ ВО ЕВРОПА ПРЕКУ ДЕЛЕЗПјер Оливие Бекерс, претседател и генерален директор на Делез група “Во своето идно работење под водство на Делез, Делта Макси ќе биде дел од уште поголема и посилна фамилија. Верувам дека оваа трансакција е голем чекор за Србија кон ЕУ, а за Делта Макси почеток на нова фаза на развој.“ Делта холдинг е најголема приватна и прва компанија според приходот во Србија. Членките на холдингот се занимаваат со земјоделско производство, малопродажба, извоз, увоз, дистрибуција на стоки за широка потрошувачка, продажба на автомобили, недвижности, финансиски услуги и осигурување. Холдингот во 2010 година оствари приход од продажба од 2,34 милијарди евра. За 2011 година се планирани 2,71 милијарда евра. Годишниот промет на Делта чини 9% од српскиот бруто-домашен производ. Делта холдинг вработува 22.000 луѓе и има свои фирми во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Словенија и во Бугарија, каде што го презеде малопродажниот синџир Пикадили. Поседува и дистрибутивен центар за овошје и зеленчук во Русија. “Постојаниот напредок и големите вложувања во ширење и јакнење на мрежата за малопродажба, во нови деловни објекти и во развој и унапредување на програмата се значаен мотив за докажување, усовршување и напредување во работењето“, велат во Делта холдинг.Најголема е Делта М група, со повеќе од 19.000 вработени. Во 2010 година, приходите на Делта М изнесуваат 2,06 милијарди евра. Стратешка цел на Делта М е ширење во регионот. Во рамките на оваа компанија работат супермаркетите Делта Макси, кои ги има 449, од кои 322 во Србија, 18 во Црна Гора, 16 во Албанија и 40 во Бугарија. Откупен центар за овошје и зеленчук има во Босна. Компанијата планира во 2011 година да инвестира 51 милион евра, од кои 20 милиони во Бугарија, осум во Црна Гора, 13 милиони во БиХ и 10 милиони евра во Албанија. Се проценува дека приходите на Макси оваа година ќе изнесуваат 1,4 милијарди евра, а добивката пред оданочување и камати од 85 до 90 милиони евра.Првиот Макси супермаркет е отворен во 2000 година во Нов Белград. Делта Макси во 2003 година почна развој на сопствена марка на производи (private label), кои се продаваат по пониски цени за 15% до 40% од брендираните производи, а имаат добар квалитет. Сега ги има околу 2.000 (храна, хемија, текстил, обувки, производи за деца, храна за домашни миленичиња). Во вкупниот промет овие производи учествуваат со 14,83%, а планот е да бидат 25%. Делта Макси годинава беше продадена на белгиската компанија Делез за 932 милиони евра.“Многу сме задоволни од оваа трансакција, која целосно го поддржува забрзувањето на растот на нашата продажба, а тоа е клучен приоритет на нашата нова бизнис-стратегија. Предвидуваме значителен раст на приходите и гледаме потенцијал за синергија, која ќе произлезе од интеграцијата на новите пазари со нашето работење во Европа“, изјави Пјер Оливие Бекерс, претседател и генерален директор на Делез групата.Според Миодраг Мишковиќ, сопственикот на Делта холдинг, во изминатите 10 години Делта Макси израсна во еден од водечките малопродажни синџири во Југоисточна Европа.“Во своето идно работење под водство на Делез, Делта Макси ќе биде дел од уште поголема и посилна фамилија. Верувам дека оваа трансакција е голем чекор за Србија кон ЕУ, а за Делта Макси почеток на нова фаза на развој“, вели тој. Белгиската компанија е присутна во шест земји на три континенти, а во регионот има продавници и во Грција и Романија. На крајот од 2010 година имаше 2.800 продавници и приход од 20,8 милијарди евра. Вкупно вработува 137.000 луѓе.Економистите во Србија очекуваат новиот сопственик да постави правила на игра какви што важат на другите пазари и да се намалат цените на производите. Според нив, новите правила значат фер однос со коминтентите, плаќање на обврските на време, а не со одложување од шест или девет месеци. МЕРКАТОР СЕ ПРОДАВА И ОСВОЈУВА ЧЕТИРИ НОВИ ПАЗАРИЖига Дебељак, главен извршен директор на Меркатор “Оптимизација на работењето правиме веќе две години, така што и покрај намалувањето на маржите за 0,4%, профитот го зголемивме за 10%. Не ја одложуваме наплатата затоа што почитувањето на роковите е коректен однос кон добавувачите. Но, со добавувачите имаме многу цврсти договори и им кажавме дека од нашиот џеб ќе одвоиме 11 милиони евра за намалување на маржите, за да ги задоволиме потрошувачите во време на економска криза. Затоа, очекуваме и нашите добавувачи да го имаат тоа предвид.“ Словенечкиот трговски гигант Меркатор има свои фирми и во Србија (основачки капитал 40,6 милиони евра), Хрватска (257 милиони евра), Босна и Херцеговина (83 милиони конвертибилни марки) и во Македонија (5.000 евра, основана во 2005 година). Компанијата во Словенија поседува и индустрија за пилешко месо, фирма за производство на кондиторски продукти, градежништво, фирма за трговија на мало.Друштвото под име Меркатор почнува со работа во 1953 година, како трговско претпријатие во Љубљана. Во 1990 година почнува развојот на концернот, а во 1993 компанијата е приватизирана со јавна продажба на акции, со што е остварена најголемата приватизација по обем и вредност на капиталот во Средна Европа. Сопственици станаа државни фондови и 63.000 мали акционери. Во 1997 година, на чело на Меркатор застанува Зоран Јанковиќ (кој се смета за таткото на Меркатор) и од таа година таа почнува да се развива и да работи профитабилно. Од 1998 до 2003 година, Меркатор интензивно го поврзува капиталот и презема и основа трговски друштва во земјите од поранешна СФРЈ. Од 2005 година на чело на Меркатор е Жига Дебељак. Визијата на раководството е Меркатор да биде водечки трговски синџир на прехранбени и производи за секојдневна употреба во домаќинството во Југоисточна Европа. Меркатор |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Државата по пат на електронско јавно наддавање нуди на продажба градежно неизградено земјиште во Македонска Каменица, наменето за изградба на големи трговски единици и за угостителски објекти.Градежните парцели, што ги огласи денеска Министерството за транспорт и врски, се продаваат по почетна цена од евро за метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 19 октомври во Министерството за транспорт и врски, каде ќе се одржи лицитацијата на 29 октомври. http://kurir.mk/republika/opstini/42627-Se-prodava-drzavno-zemjiste-vo-Makedonska-Kamenica |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Екстра фунги ќе гради откупен центар за зеленчукПетре Димитров - 31 август 2011 10:22 GMTМакедонската
компанија за откуп и преработка на печурки, шумски плодови и лекови
„Екстра фунги“ во Чешиново, кочанско ќе гради откупен центар со ладилни
комори за откуп на зеленчук. Компанијата е лоцирана во Кочани, а нејзин сопственик е Сашо Антовски. http://www.makfax.com.mk/#30%2F267109%2Fekstra_fungi_kje_gradi_otkupen_centar_za_zelenchuk |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Првин „Меркатор“, а сега и „Карфур“ не прескокна – отиде во Албанија
![]() Големиот француски гигант за малопродажба „Карфур“, кој е втор во светот по бројот на супермакети и приходи по американскиот „Вал Март“ и прв надвор од САД, објави дека ќе го отвори својот прв супермаркет во Албанија во ноември. Првиот „Карфур Центар“ ќе има површина од 7.000 метри квадратни и во својата почетна фаза ќе вработи околу 550 лица. Постојат планови за ширење во други градови во земјата и за отворање и на нови супермаркети. Уште во летото 2009 година „Карфур“ објави дека основа стратешка алијанса со грчкиот ланец на супермаркети „Маринополус“ за влез на Балканот. Двете компании имаат основано заедничка компанија во Грција која работи веќе 17 години. Новата компанија 60 отсто ќе биде во сопственост на Французите, а остаткот во сопственост на заедничката компанија што работи во Грција. Покрај во Албанија, „Карфур“ е присутен и во Бугарија. Според соопштението од пред две години, заедничката компанија требаше да се прошири и во Македонија, Хрватска, Србија, БиХ, Црна Гора и Словенија. Но, се чини „Карфур“ тактизира зашто Хрватска, Србија и Словенија се добро покриени со ланци на супермаркети и прашање е дали има простор за нови играчи. Настрана фактот што проширувањето, барем на пазарите на овие три балкански земји, се покажа тешко дури и за еден локален гигант каков што е хрватскиот „Агрокор“, кој не успеа да го купи словенечкиот „Меркатор“, иако хравтските граници му се мали и голем дел од својата енергија ја посветува на влез во нови пазари. Кога сме веќе кај „Меркатор“ и овој словенечки малопродажен гигант го одложи својот влез во земјава. Компанијата веќе 5 години има купено локација во скопски Карпош и имаше земено под закуп дополнителен простор од владата за градење шопинг центар. Генералниот директор на „Меркатор“, Алеш Дебељак, уште во февруари 2010 година најави дека до крајот на минатата година „Меркатор“ ќе влезе во Македонија и во Косово, но тоа не се случи. Владата неодамна му ја одзеде парцелата што му ја имаше дадено на „Меркатор“ под наем зашто компанијата и после 4 години не ја изврши планираната инвестиција. Сега, „Меркатор“ ако воопшто и реши да влезе во земјава, ќе треба да ги преработи проектите за градење зашто има помал простор за да го изгради својот шопинг центар. Но, ова не ги спречува Словенците да продолжат да се шират на Балканот. Компанијата за годинава одвои 120 милиони евра за проширување на седумте балкански пазари во кои работи, од кои ни евро за Македонија. Од друга страна, само минатата недела беше овторен супермаркет во Србија во градот Врбас, вреден 2 милиони евра, како и уште еден во Хрватска, на хрватскиот јадрански брег во Биоград, вреден 1,2 милиони евра. „За „Меркатор“ проблем е и фактот што неговата парцела во Скопје се наоѓа на локација кај спортскиот центар „Борис Трајовски“ што е преблиску до шопинг центарот кој албанската групација „Балфин“ веќе го гради, исто така, во општината Карпош (населба Карпош 3). Од друга страна, „Балфин“ гради уште еден голем шопинг центар во Тирана на Источната порта на градот, па тоа не го поколеба „Карфур“ да му стане конкуренција во албанскиот главен град. Истовремено, консултатската куќа Еј-Ти-Кирни ги избрка Македонија, БиХ и Романија од својот индекс на 30-те најпосакувани локации за отворање на супермаркети во светот. Македонија за првпат влезе на оваа листа од 30 земји минатата година и тоа на 20-то место. Албанија беше на 12-то место, а годинава е пласирана на 13-то На листата остана и Бугарија како последна 30-та во овогодишното рангирање. Како причини за помалиот број на балкански земји на листата наведен е понискиот економски раст на Балканот во однос на региони како што се Далечниот Исток и Јужна Америка, каде високиот економски раст овозможува повисока побарувачка и повисоки заработувачки. http://www.plusinfo.mk/vest/7705/Prvin-Merkator-a-sega-i-Karfur-ne-preskokna--otide-vo-Albanija |
||
![]() |
||
bob39 ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 25-Feb-2011 Location: Amsterdam Online Status: Offline Posts: 51 |
![]() ![]() |
|
Mizerija!
|
||
Трговски центри= убиство на Скопје
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |