![]() |
![]() |
![]() |
Метробус Скопје (Bus rapid transit / BRT) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 22> |
Author | |
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Добро во декември 2019 не знаевме за корона, веројатно пандемијата го одложи малку. И онака на секој рок даден од политичар кај нас треба да се додадат 1-2 години за да се добие реалниот рок, сега со короната 1-2 години одложување е премија!
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Добро, годината малку ја утнале и во насловот и во целиот текст.
Малку предизборно ми звучи дека ќе биде завршено толку брзо, ама еве нека биде така. Туку, многу поважно, а гледам никој не прашува. Како ќе се организираат другите линии? Ќе има ли сосем нови линии? Ќе се воведат ли кружни линии? Каде ќе сообраќаат, ако не одат по БРТ-то? |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
![]() Откако Владата даде поддршка за воведување на „Бас рапид транзит“ (БРТ), што во превод значи брз автобуски превоз, на територијата на Град Скопје, кој претставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен или хибриден погон (плин и електромотори), градоначалникот Петре Шилегов најави дека ако работите се одвиваат според планираното, веќе во 2020 година, во Скопје ќе можеме да ги видиме првите возила, како и целиот систем. https://www.slobodenpecat.mk/avtobuskoto-metro-vo-skopje-ke-se-vovede-vo-2020-godina-eve-po-koi-linii-ke-se-dvizhi/ |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов најавува брз автобуски превоз во Скопје
https://alsat.mk/mk/shilegov-najavuva-brz-avtobuski-prevoz-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Заемот за „трамвајот на тркала“ во Скопје стаса во Собрание: 70 милиони евра ќе се враќаат 15 години
Готов е Законот за задолжување на Макеодниј акај Европската банка за обнова и развој за проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. Законот за задолжувањето е по договорот за заем, а ќе се гласа по скратена постапка. Со овој проект треба да се воспостават две линии за брз автобуски превоз во Град Скопје. Односно впрочем треба да се направат патни коридори кои се резервирани само за автобусите - лентите да бидат или на средина или на работ од булеварите. Макеоднија се задолжува за да го реализира овој прект за кој смета дека ќе го подобри квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток - центар - запад“ и „југ – центар- север“, но и ќе го намали времетраењето на превозот на патниците, како и подобар пристап и користење на превозните услуги од страна на инвалидите и луѓето со посебни потреби. Заемот е во вкупна вредност од 70 милиони евра а ќе се додели во две транши за двете линии за брз автобуски превоз, односно транша 1 во износ од 47,6 милиони евра за финансирање на линија 1 (исток - запад) и транша 2 во износ од 22,4 милиони евра за финансирање на линија (југ - север) 2. Рокот на отплата и на првата и на втората транша е 15 години - на 22 полугодишни рати на 20 април и на 20 октомври секоја година, започнувајќи од првиот датум од навршување на четвртата година од склучување на Договорот за заем. Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1%. „Република Северна Македонија ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на првата транша во рок од седум дена од денот на ефективност на траншата. Во рок од седум дена од денот на достапноста за користење на втората транша Република Северна Македонија ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во висина од 1% од износот на втората транша, стои во законот. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов неодмана изјави дека очекува до крајот на годинава да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари е рокот за изработка на идејниот проект, по што веднаш ќе се распише тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото. „Очекувам што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Според тендерсата документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица. https://faktor.mk/zaemot-za-tramvajot-na-trkala-vo-skopje-vo-sobranie-70-milioni-evra-kje-se-vrakjaat-15-godini |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВЛАДАТА ОДОБРИ ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 70 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРАМВАЈ НА ТРКАЛА ВО СКОПЈЕ
Со 70 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје ќе се воведува брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала. Владата го утврди текстот на Предлог-законот за задолжување кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“. „Проектот ‘Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје‘ опфаќа воспоставување две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Бутел до Кисела Вода, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот“, се вели во владиното соопштение. Предлог-законот за задолжување сега треба да помине во Собранието, по што ќе биде потпишан договорот на заем со ЕБОР. Истовремено, се изработува идејниот проект за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. „До крајот на годинава очекуваме да се потпише договорот со ЕБОР, а до февруари е рокот за изработка на идејниот проект, по што веднаш ќе се распише тендерот за набавка на возилата, изведба на трасата за движење и депото, по што кон средината на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на новиот концепт на јавен превоз во Скопје. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Според тендерсата документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица. Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат. Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите ќе се користат за двете насоки на движење. Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на новиот превоз ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vladata-odobri-zadolzhuvane-od-70-milioni-evra-za-voveduvane-tramvaj-na-trkala-vo-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Новиот систем на јавен превоз ќе овозможи на секои 3,5 минути да има возило на постојка
https://mk.tv21.tv/shilegov-noviot-sistem-na-javen-prevoz-ke-ovozmozhi-na-sekoi-3-5-minuti-da-ima-vozilo-na-postojka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕБРД го испратила драфт договорот за финансирање на т.н. автобуски трамвај во Скопје
https://kanal5.com.mk/ebrd-go-ispratila-draft-dogovorot-za-finansiranje-na-t-n-avtobuski-tramvaj-vo-skopje/a446329 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Се надевам дека депото во Ново Лисиче ќе биде колку да го има, оставајќи простор во иднина да се изгради нов мост и линијата да продолжи кон Хиподром.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Многу е важно по воведувањето на БРТ да се пренасочат сите други линии кои застануваат на рутата на БРТ. Сите тие приватни 22ки, 23ки, по Партизанска и низ Аеродром треба да бидат елиминирани, и да се воведат маалски линии низ помалите улички. Сепак, многу е важно како ќе се интегрираат постојките на БРТ со линиите кои ќе минуваат низ тие напоредни локални улици. Промена на две линии ќе биде pain in the ass. На пример ако БРТ-то застанува под транспортен центар, како ќе се префрли човек од и до приградските линии? Или пак некој кој сака да оди за Тафталиџе, од каде би се префрлил за да фати петка? Со самото тоа што постојките ќе бидат во средишното зеленило, значи дека ќе треба да се изградат некои нови и безбедни пешачки премини (по можност подземни), и да се отстранат постојките кои веќе постојат (бидејќи ќе треба да се укинат сите веќепостоечки линии на главните улици). Исто така, дали автобусите би имале вакви врати со цел да се користат подигнати платформи на станиците (нема да бидат постојки туку цели станици), а станиците влезови со физички бариери како овие? |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДО ФЕВРУАРИ ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ИДЕЈНИОТ ПРОЕКТ ЗА ТРАМВАЈОТ НА ТРКАЛА, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ
До февруари ќе биде готов проектот за воведување брз автобуски систем или т. н. трамвај на тркала за трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Град Скопје избра фирма која во рок од три месеци треба го изработи идејниот сообраќаен проект. „Една фирма ги исполнуваше услови на тендерот. Станува збор за конзорциум од домашна и странска фирма. Чекаме да завршат законските процедури, периодот на жалби, за да се склучи договорот и да го објавиме името на фирмата која ќе го прави проектот што е основа за воведување на новиот концепт на јавен превоз во Скопје“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Шилегов вели дека при крај се преговорите со Европската банка за обнова и развој и до крајот на годинава треба да биде одобрен заем за воведување на „Бас рапид транзит“ системот. По изработката на проектот ќе се распише тендерот за набавка на возилата и изведба на трасата за движење и депото, по што кон крајот на наредната година ќе почне имплементацијата и воведувањето на трамвајот во јавниот превоз. Според тендерската документација, трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе биде со должина од 12,81 километри во една насока, ќе има 21 автобуска постојка и 2 терминали, во индустриската зона во Ѓорче Петров и во населбата Ново Лисиче. Првата станица ќе биде кај Поликлиниката Ѓорче Петров, ќе се движи долж булеварот Партизански одреди. За приклучок во центарот на градот кај Соборниот храм ќе врти на булеварот Климент Охридски, па кон улицата Димитрие Чуповски. Потоа по булеварите Кочо Рацин, Кузман Јосифовски-Питу и Јане Сандански до улицата Февруарски поход во Ново Лисиче, каде ќе биде последната станица. Во тендарската документација се бара возилата да се движат по крајната лева лента и таа да биде одвоена од другите ленти, за да не може по неа да возат други возила или да се паркираат. „Проектантот треба да предвиди дека сообраќајната лента за движење на возилата на ‘Бас рапид транзит‘ (БРТ) во однос на останатиот моторизиран сообраќај треба да биде одвоена со посебни разграничувачи, со исклучок на крстосниците каде што треба да остане можност за мешање со останатиот моторен сообраќај. Доколку не може да се постави на крајната лева лента, да се достави предлог на која лента е тоа најизводливо“, стои во тендерската документација. Ако возилата се движат по крајната лева лента, тогаш автобуските станици ќе се постават во средишното зеленило и истите да се користат за двете насоки на движење. Според првичните проценки, приближниот број на патници кои ќе ја користат оваа траса ќе биде околу 65.000 на ден. Со имплементција на првата фаза се очекува времето на патување од сегашните 70 минути да се намали за повеќе од 50 отсто, да се зголеми фреквенцијата на автобуси на 3-4 минути. Автобусите да бидат со хибриден погон и со должина од 18 метри. Времето потребно едно возило да ја помине трасата од Ѓорче Петров до Ново Лисиче или обратно ќе биде 35 минути. Улицата Димитрие Чуповски по воведувањето на трамвајот ќе треба да се пренамени во пешачка зона, со дозволено движење само на возилата од јавниот превоз, кои би се движење со брзина на пешак. Воведување на новиот концепт на јавен превоз ќе чини 70 милиони евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/do-fevruari-ke-bide-gotov-idejniot-proekt-za-tramvajot-na-trkala-veli-shilegov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје ја избра фирмата што ќе го изработи идејниот проект за „трамвајот на тркала“
Скопската градска власт ги избра проектантите што ќе го изработат идејниот проект за првата линија на брзиот автобуски систем – БАС (Bus Rapid Transit) во Скопје. Станува збор за група од двајца понудувачи, Друштвото за трговија и проектантски услуги 24 ИНГ ДООЕЛ од Битола и Трговското друштво за проектирање, инженеринг и консалтинг ПРИМА ИНЖЕНЕРИНГ од Скопје. Првата линија од „трамвајот на тркала“ ќе се гради на потегот од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, ќе биде со приближна должина од 12,81 километри и ќе има 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминала. „Согласно договорот и проектната задача, носителот на набавката по добивање на налог за започнување на услугата, ќе има на располагање 100 работни дена за да ја заврши проектната документација. Во тој период не се сметаат деновите кои му се потребни на градот да ја разгледа документацијата и да даде забелешки за истата, како и деновите кои ги има на располагање носителот на набавката за да постапи по забелешките“, велат за „Мета.мк“ од Град Скопје. Од проектантот се очекува да ги изработи идејниот сообраќаен проект, архитектонскиот идеен проект, градежниот идеен проект, како и идејните проекти за сообраќајниците, за машинска инсталација и опрема, за хидротехника, термотехничка инсталација и анализа за ризиците на проектот. Во оваа фаза ќе се анализира и капацитетот на постојното депо на ЈСП во Ѓорче Петров и ќе се направи проектирање на нови содржини за идното депо во Ново Лисиче. За изработка на целокупната проектна документација се издвоени околу 95.000 евра. Инаку, на тендерот што беше распишан од Градот Скопје кон крајот на јули годинава биле доставени понуди од две компании. Градските власти засега не можат да кажат кога би се распишал огласот за изработка на изведбениот проект за брзиот автобуски систем, но во секој случај, најпрво ќе мора да се заврши изготвувањето на идејниот проект. Идниот „трамвај на тркала“ би сообраќал од последната станица на автобуските линии 5 и 15 во Ново Лисиче до кружниот тек на булевар „Партизански одреди“, „Борис Сарафов“ и „Лука Геров“ во Ѓорче Петров. Со првата БАС линија од Ново Лисиче до Ѓорче Петров и обратно би се патувало за 35 минути, со комерцијална брзина на автобусите од околу 19,2 километри на час. Ова ново средство за масовен превоз ќе биде физички одвоено од постојниот коловоз, а би се движело по средината на булеварите и улиците низ кои ќе поминува. Инаку, македонската влада за првата линија од брзиот автобуски систем во Скопје веќе побара средства во висина од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. https://meta.mk/grad-skopje-ja-izbra-firmata-shto-kje-go-izraboti-idejniot-proekt-za-tramvajot-na-trkala |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
доста концизни коментари, но последниов е ВоЦентароСметнат, токму маркетинг но кој ко што тргнало ќе види бел ден, и не бидејќи Шилегов го сака, туку веќе и на урбанистите им е јасно дека за ЛРТ немаме по линија НЛО~Ѓорче ни потреба ни можности, а веќе зацртале стручно дека БРТ како нзс меѓу ЛРТ и Трам е најисплатлива варијанта, проблемот е што ќе се чека на предлози допрва како да се реши оваа траса онака тендерски, намето таквиот моментум да е испеглан од Цела Фела Собраќајни Инжињери и Урбанисти пак и пак ќе речам на еФорум при Поратло на Градо, а дури потоа откако се пресече конечно какво решение ет најнеопходно да се премине на бркање Проекти ... ех груевци да го беа рестартирале ФАС со Двокатните сега муабето ќе беше и поисплатлив бар ќе се влеваа пари и за Наши Работници, но не е касно да се размислува и во овој правец пак, особено доколку знаеме дека и за другите Градои почнуе да е неопходно ем Јавен Превоз ем негово сервисирање! |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Со 70 милиони евра ќе се комплетира речиси целата сообраќајна инфраструктура во Скопје.
Мостови, надвозници, пробивање на нови булевари... Со тоа ќе се скрати километража и ќе се подели гужвата, ќе се воведат нови автобуски линии и ќе се патува многу побрзо. Вакво експериментирање е само маркетинг...замена на еден со друг тип јавен транспорт без ширење на мрежата. |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Не вредат парите за нешто што ќе се меша со останат сообраќај на секоја раскрсница. Моментот со снегот во тендерот, ми кажува дека одвојувањето на лентата ќе биде со столпчиња како овие за велосипедски ленти што ги ставаат. Со други зборови, ми изгледа дека ќе добиеме оградена лента за јавен превоз, но поставена во средина. Ама ај, да го видиме проектот прво.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Колку километри нови булевари би можеле да се изведат со тие 70 милиона евра? Можеби би било попаметно со нив да се отпочне со реализација на некои сегменти од примарната сообраќајна градска мрежа, покрај проектите што се веќе започнати и се наоѓаат во некоја фаза. Тука мислам на некои булевари и клучки што би го растеретиле сообраќајот, а со тоа и јавниот превоз. Затоа што и реализацијата на метробусот несомнено ќе повлече многу модификации на сегашната инфраструктура по трасата на која ќе се изведува. Не е лошо да се направи ваква проценка, можеби и нема да има некоја голема разлика во крајниот ефект.
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Метро би чинело минимум 40 милиони по километар, а веројатно цената би била и троцифрена. Првата БРТ линија е предвидено да чини 70 милиони евра (сосе возила мислам), а метро би било 500м+, можеби и над милијарда. Немаме пари за тоа. Евентуално градот паметно да се развива, економијата да се подобри, па за 20-тина години со европски фондови да градиме метро ако Скопје има доста повеќе жители од сега.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Штета што не се оди на класично метро или трамвај ова е нешто што може да се реализира за помали пари ама ќе треба паралелно многу работи да се решат за да добие ефикасност,вдолж планираната траса да се укине автобускиот превоз бидејќи ако од десно отстапиме лента за Јсп и од лево за БРТ тогаш ќе остане една лента за коли,патем не гледам некоја брзина и ефикасност во превозот чисто од временски аспект бидејќи во најголемите гужви (8 и 16h) ќе чека на истите семафори и непроточни раскрсници како и сите други,ќе треба да ги кршат средишните жардињери за да прават постојки па згора на тоа некои булевари ќе станат претесни бидејќи бул.Кочо Рацин е веќе стеснет за вело патеката. Сепак ќе видиме што ќе биде и дали ќе го видиме во реалноста бидејќи веќе со децении се говорат некои проекти па оттука секој има право да биде помалку или повеќе скептичен при нивната реализација. Добро би било да има и конекција север-југ бидејќи градот има тенденција на ширење во тој дел.
Незнам колку би чинела изведба на метро кое би понудило многу побрз транспорт на патници без гужви,семафори,затворени улици и слично но изгледа им се чини доста скапа варијанта па затоа се решаваат за БРТ. Edited by stef4o - 03-Aug-2020 at 20:49 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1617181920 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |