Слушнав од едни другари дека спортската сала во Битола почнала да се реновира, најпрво од делот за пинг-понг каде била целосно 'реновирана', а деновиве била обоена цела во црвено (да не се преселува Вардар во Битола?) Не разбрав дали од внатре, или и од надвор, иако нема многу смисла однадвор да се фарба. Како и да е, ќе бидат монтирани црвени столчиња во најскоро време, а и ќе се работи на греењето, т.е. ќе проработи она веќе (не)постоечкото, калориферите. А подоцна на крајот на сезоната во ракомет и кошарка, ќе се менува паркетот, нешто најавувано многу години. Инаку салата има нов директор, па не знам дали се должи на новиот директор или на тоа што доаѓаат избори Јас искрено се надевам дека ќе бидне, иако не би ме зачудило пред изборите само да се обои цела црвена како увертира, и подоцна од столчињата да не бидне ништо.
Не знам колку е веста за тука, сепак е рекла казала (иако од потврдени извори-очевидци ). Може е за реставрација/реконструкција?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
РАСПИШАН МЕЃУНАРОДЕН ТЕНДЕР Карпа за планинарење во Скејт паркот во Карпош
Во Скејт паркот во Општина Карпош ќе се гради карпа за планинарење. Таа
ќе се наоѓа веднаш до базенот за скејт, со што овој дел ќе претставува
една целина за екстремни спортови. Карпата ќе ја гради Агенцијата за
млади и спорт, а ќе и биде доделена на користење и одржување на Општина
Карпош.
"Распишавме меѓународен тендер за избор на изведувач на карпата.
Станува збор за специфична градба, досега ваква карпа не е градена кај
нас, и затоа тендерот е меѓународен за да може да учествуваат и фирми
од странство кои имаа искуство со вакви градби. Во меѓувреме, во тек е
процедурата за добивање градежна дозвола од Општината", вели Драган
Ѓурчевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Покрај карпата за планинарење, во Скејт паркот ќе се градат и две тениски игралишта.
Мислам дека хиподромите се многу профитабилни објекти. Се вадат пари од коњите не е играчка, особено што во близина нема ни за лек хиподром... Ама ајде, кој се заинтересирал? Јас имав и порано прашувано, ама ретко се добиваат информации за ова.
Edited by гитардемон - 08-Jan-2009 at 00:50
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Ако некогаш
се реализира урбанистичкиот план, запуштениот хиподром ќе стане
репрезентативен објект каков што заслужува главниот град
Скопскиот хиподром, стар шеесетина години, кој сега е запуштен и
неугледен, ќе стане современ рекреативен центар со хотел, покриени
трибини и со други содржини, ако еден ден стане реалност Детаљниот
урбанистички план на Општина Гази Баба.
Клубот за коњички
спорт „Илинден“, кој стопанисува со објектот, мака мачи со средства за
негово елементарно одржување. Оттаму велат дека преживуваат со 17.000
денари месечно, што ги добиваат од Агенцијата за млади и спорт.
-
Се најдовме неколкумина ентузијасти за да ја задржиме намената на овој
објект, бидејќи е единствен во регионот и е многу значаен за коњичкиот
спорт. Одвојуваме сопствени средства за да опстане хиподромот и да се
прехранат коњите - вели Фарух Омерагиќ, член на управата на
клубот.Градската власт вели дека не е надлежна и нема намера да преземе
нешто за заживување на хиподромот.
Нацрт-планот, кој е во
изработка, предвидува хиподромот да стане современ спортско-рекреативен
центар со многу нови содржини. Мирослав Марковски, раководител на
Секторот за урбанизам во Општината Гази Баба, објаснува дека се
опфатени 42 хектара површина во две урбани парцели. Едната е
спортско-рекреативниот центар „Хиподром“ за коњички спорт и втората е
за рекреација и зафаќа 4,5 хектари. Во првата парцела се предвидува
простор за коњички турнири, со патеки за галоп и трки со каскање, како
и патеки со пречки. Треба да има покриени трибини со 1.500 седишта, а
во поттрибинскиот простор гардероби, санитарни јазли и мали
комерцијални објекти.
Хиподромот ќе добие и две простории за
дресура на коњите со трибини за 400 седишта и комерцијални објекти под
трибините. Планирани се и простории за клубот, кој ќе има приземје и
кат, со површина од 1.200 квадратни метри. Ќе бидат изградени и 10
штали за 200 коњи, хотел за спортисти, со површина од 9.000 квадратни
метри и со 120 легла. Ќе има терени за тенис, кошарка, ракомет и
одбојка, детско игралиште, забавен парк, простор за ролање, вештачка
карпа за искачување и водени површини.
Хиподромот сега
располага со 20 коњи и една штала, магацински простор и простории за
чување опрема. Има и три простори за тренинзи со коњите, кои имаат
специјална подлога од песок во висина до 15 сантиметри, простор за
загревање пред државни, регионални и меѓународни натпревари, со
површина од 8.000 квадратни метри и со трибина за 2.000 гледачи, како и
угостителски објект. Има и две асфалтирани пристапни патеки, паркинг и
угостителски објект.
Омерагиќ нагласува дека последниве неколку
години хиподромот е заграден со рампи за да се спречи влегувањето со
автомобили. Хигиената е на завидно ниво, поставени се канти и буриња за
отпад, а живата ограда редовно се кастри. Главната врата ноќе се
затвора заради поголема безбедност на целиот објект.Хиподромот има
училиште за јавање и во него може да се запишат деца од 7-годишна
возраст. Еден час јавање чини од 300 до 600 денари.
Во дневните весници излезе оглас за прибирање јавна набавка-работа за изведување на карпата за планинарење. Инаку за оваа карпа сум слушнал дека ќе била најголема на балканот!
ЌЕ СЕ ГРАДИ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО БЛИЗИНА НА СМИЉКОВЦИ
Езерото што ладеше лимови ќе ги лади скопјани
Покрај
вештачкото езеро на Железарницата, според планот на Општина Гази Баба,
ќе се градат спортски игралишта, базен, патеки, ресторани, кафулиња, продавници, камп, мотел...
Засега на езерото се рекреираат само рибарите
Вештачкото езеро кај село Смиљковци, кое порано ги ладеше челичните
лимови од Железарницата, сега ќе ги лади скопјани. Со програмата на
Општина Гази Баба е опфатено малото езеро, во чија околина се
предвидуваат терени за спорт и за рекреација. Езерото сега е напуштено
и за него не води сметка никој. Порибено е, па околните жители тука
често ловат риба. Активностите ќе почнат напролет, од страната на
северната заобиколница. Нацрт-урбанистичкиот план за овој
спортско-рекреативен центар е на Агенција за планирање на просторот.
Планирана
е изградба на игралишта за ракомет, одбојка, тенис, кошарка, мал
фудбал... Просторот ќе биде збогатен и со детски базен и игралиште,
ролерско- велосипедска и пешачка патека, како и рекреативен спа-центар
со дополнителни содржини (ресторани, кафулиња, продавници...). На овој
простор е планиран и камп и мотелски комплекс. Просторот на кој е
предвиден овој центар зафаќа околу 45 хектари. На западната страна е
планирана улица, а на северната страна е заобиколницата.
-
Агенцијата за планирање на просторот работи на сообраќајното решение за
да може граѓаните, веројатно со клучка, да имаат пристап до автопатот,
објаснува Мирослав Марковски, раководител на Секторот за урбанизам,
просторно планирање и за заштита на животната средина, комунални
дејности и уредување на градежното земјиште во Општина Гази Баба. Од
Агенцијата за планирање на просторот ни рекоа дека не сакаат да даваат
никакви информации за подготовките. Засега Општината има само програма
што предвидува ревитализација на постојното мало езеро со партерно
уредување на околината. Оттаму информираат дека претходно било
планирано со Нацрт-урбанистичкиот план да се опфати и поголемото езеро,
кое се наоѓа во непосредна близина, но ова е одложено поради далноводот
што минува оттука.
До 15 ноември, Општината Гази Баба треба да
добие согласност од Министерството за транспорт и врски, а потоа и од
Министерството за земјоделство, бидејќи се работи за земјоделско
земјиште од кое 80 проценти се државна сопственост. Потоа
Урбанистичкиот план, кој сега се работи во нацрт-верзија, треба да биде
усвоен од Советот на Општината, а на крај следува неговата реализација.
- Бидејќи 80 проценти од земјиштето се на Република Македонија,
најверојатно ќе биде дадено на лицитација, на која ќе биде избран
инвеститорот, кој ќе го гради спортскиот комплекс - вели Марковски. Тој
истакна дека можеби и ќе и' се понуди на Агенцијата за млади и спорт за
да ги изгради, на пример, тениските игралишта. Изработката на овој
урбанистички план е приоритет на Владата на Република Македонија, за
што таа издвои 1.300.000 денари.
Џуро абе зашто одма така со скептицизам кон ова?! Ја сосема го поддржувам ова. Маврово, а посебно Кожуф допрва ќе се развиваат. Што ќе им смета и една скокалница плус. Само не ми е јасно дали е правно издржано владата да ги прави, пошто нели тамо има приватен капитал.
Инаку Планица е најголема скокалница кајшто се прават скокови од по 200 метри. Незнам дали знаете ама јас имам слушнато една приказна демек Скокалницата требало да се гради на Шапка. И тогаш во Македонија имало само еден човек којшто бл стручен за вакви објекти, но бил нешто болен. И наводно инвеститорите или у тоа време држават ли незнам кој, наводно неможеле да чекаат да оздрави овој и отишле у Словенија. Малку не ми веродојтојна, пошто нели можело и друг стручњак да пратат. Но знаејќи ја нашата потценете положба во таа федерација, не ми е ни чудно да се десило овакво нешто.
Не е скептицизам.
Како прво мене не ми е јасно зошто се треба да иде преку влада? Кожуф го тера приватен инвеститор, Маврово исто а Шапка ја чека тоа каде и да е.
Е сега и друга работа. Што е со скијањето? Таму се успеавме па ќе станеме најголеми скокачи?
Мислам... она што мене не ми де допаѓа е лутањето на сите страни. Се губи фокус. Далеку од тоа дека сум против скокови или градење на скокалница. Супер нека има. Ама чекор по чекор.
Погледни го женскиот ракомет. Трифка таму фрли многу пари и вистински го издигна. Но битен беше фокусот ако сеа он се расплинеше и инвестираше во милион спортови ефектот верувај немаше да биде исти.
Значи отвараш поглавје. Проаѓаш низ него, го затвораш па дури потоа отвараш ново.
Џуро абе зашто одма така со скептицизам кон ова?! Ја сосема го поддржувам ова. Маврово, а посебно Кожуф допрва ќе се развиваат. Што ќе им смета и една скокалница плус. Само не ми е јасно дали е правно издржано владата да ги прави, пошто нели тамо има приватен капитал.
Инаку Планица е најголема скокалница кајшто се прават скокови од по 200 метри. Незнам дали знаете ама јас имам слушнато една приказна демек Скокалницата требало да се гради на Шапка. И тогаш во Македонија имало само еден човек којшто бл стручен за вакви објекти, но бил нешто болен. И наводно инвеститорите или у тоа време држават ли незнам кој, наводно неможеле да чекаат да оздрави овој и отишле у Словенија. Малку не ми веродојтојна, пошто нели можело и друг стручњак да пратат. Но знаејќи ја нашата потценете положба во таа федерација, не ми е ни чудно да се десило овакво нешто.
Груевски ќе гради скокалници
Се
работи за проект кој наводно ќе чини околу пет милиони евра, кои
Владата веќе ги има одобрено. Притоа вице-премиерот Зоран Ставревски
наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31 декември.
Време е македонските скијачи да им се посветат на скоковите, и да ги
баталат останатите дисциплини, во кои и баш не се прославија, бидејќи
Агенцијата за млади и спорт (АМС), ја планира изградбата на
ски-скокалници во државава. Проектот кој би бил финансиран од Владата,
се уште е во подготвителна фаза. Од АМС засега само собираат информации
и искуства со цел да се запознаат со условите кои се потребни за
изградба на ваков спортски објект. Локацијата за градење не е утврдена,
а како први кандидати за домаќини на натпреварите во овој летечки
зимски спорт, се наметнуваат скијачките центри во Кожув и во Маврово.
- Овој проект е во фаза на истражување. Се консултираме со стручњаци од
земјава и странство и вршиме испитување на јавното мислење, со цел да
видиме дали би била исплатлива изградбата на скокалница во Македонија.
Во план се и патувања во Словенија и во Сараево со цел да се
консултираме со тамошните стручњаци - изјави директорот на АМС, Драган
Ѓурчевски, кој и самиот се уште не знае колку би чинел овој проект.
Како што "Вест" дознава, се работи за сума од пет милиони евра која
Владата ја има одобрено за овој проект. Притоа вице-премиерот Зоран
Ставревски наводно побарал проектот за скокалниците да биде готов до 31
декември. Од балканските држави само Словенија располага со врвна
скокалници и тоа две, кои се и дел од Светскиот куп. Тука е пред се
познатата Планица, од каде што и нашиве ски-стручњнаци ќе се обидат да
црпат искуства, а другата е онаа во Крањ. Станува збор за огромен
спортски проект, кој воедно би бил и единствен во нашето окружување,
ако се земе в предвид дека ниту една соседна држава не располага со
првокласна ски-скокалница, која ги исполнува олимписките норми.
- Ова е сериозна работа, и на тој начин и приоѓаме, затоа сакаме што е
можно подобро да ја проучиме ситуацијава, пред и официјално да се
започне со изградбата. Никој на Балканот, а камо ли во Македонија нема
градено ваков импозантен спортски објект веќе подолго време, и затоа ќе
треба детално да се подготвиме - додаде Ѓурчевски.
Тој не одреди конкретен датум, кога би започнала реализацијата на
проектот, но се очекува тоа да биде веднаш штом ќе се изработи
деталниот план, со одобрение од Владата. Најоптимистички прогнози на
Ѓурчевски се дека тоа ќе се случи во текот на идната година, или пак во
2010. Околу ова прашање во Агенцијата веќе работат со полна пареа. Тие
стапиле во контакт и со Меѓународната скијачка федерација, и се очекува
да се состанат, бидејќи ќе станува збор за скокалница која ќе ги
исполнува меѓународните натпреварувачки норми, со кои би можела да
конкурира и за место во календарот на Светскиот куп.
Канал,
ромско маало, собиралиште на кучиња-скитници, запуштени игралишта,
бавчи и савански предели се среќаваат на потегот помеѓу двете последни
автобуски станици на автобусите со броевите 15 и 7а во општината
Карпош.
Граѓаните не се задоволни од начинот на кој сега изгледа овој дел,
а општинските власти, пак, со години бараат донатори за негово
урбанизирање.
ХОТЕЛ, ЦРКВА, ХОКЕАРСКА ХАЛА
Според деталниот урбанистички план на општината Карпош, на
просторот помеѓу последните автобуски станици на броевите 15 и 7 ќе се
градат црква, хокеарска хала, хотел, маркет, тениски терени и социјален
објект, односно старски, студентски или пензионерски дом.
Од градбите што ќе останат на овој простор ќе биде само спортскиот објект „Партизан“, кој веќе неколку децении се наоѓа таму.
Општинските власти бараат помош од донатори за модернизација и на последниот дел на населбата Карпош, кој со години е запуштен.
- Според ДУП, треба да се изградат хокеарска хала, хотел маркет,
црква, тениски терени и социјален објект. Единствено за црквата има
проблем, затоа што мал дел од земјиштето каде што е предвидена му
припаѓа на приватен сопственик. Кога би пронашле луѓе што би
инвестирале би се урбанизирал и овој дел, но работиме и на тоа -
истакнаа општинските власти.
ЏУНГЛА СРЕДЕ УРБАНА СРЕДИНА
Жителите на Карпош со години негодуваат за просторот помеѓу двете
автобуски станици. Тие велат дека општинските власти мора да преземат
нешто за урбанизирање на овој простор и конечно да ја снема џунглата
меѓу модернизираниот дел.
- Овој простор навистина не личи на ништо. Од двете страни имате урбанизирана средина, а меѓу нив џунгла.
Луѓето на тој простор имаат заградено бавчи, десетици кучиња се
движат низ високите треви и грмушки и не можете да ги видите навечер,
се насобира ѓубре, купишта има на секој чекор, а единственото игралиште
што се наоѓа таму пропаѓа. Општинарите треба да го средат овој дел -
изјави Ѓорѓи Ивановски, жител на населбата Карпош 4.
Сега и 25 Тениски центри со по 4 терени...наводно..знам дека сум песимиста за овој проект ама немам доверба во ваквите спектакуларни најави. Од немањето еден стадион за фудбал - наеднаш ќе имаме 35 спортски сали, 25 тениски центри, Борис Т салата... абе ние до 2015 ќе бидеме светска сила во спортот!!
Агенцијата за спорт ќе гради тениски терени
18.03.2008 19:09
Агенцијата
за млади и спорт денеска го презентираше владиниот проект за изградба
на 100 тениски терени во поголемите градови во Македонија. Се работи за
25 тениски центри со по четири терени наменети за домашни и меѓународни
натпреварувања.
Директорот на агенцијата, Ивица Георгиевски истакна дека терените ќе
бидат од цврста подлога, а ќе бидат во сопственост на општините.
Терените треба да бидат готови до 2009 или 2010 година, а целиот проект ќе чини четири до пет милиони евра.
„Се решивме да изградиме 100 тениски терени, кога размислувавме дали
би требало да изградиме вакви терени со цврста подлога или земјена
подлога, земавме повеќе аспекти, повеќе фактори. Овие тениски терени да
бидат во сопственост на општините каде што ги градиме и потоа ќе бидат
одговорност на општините, за да ја намалиме одговорноста, за полесно
одржување се решивме овие терени да бидат со цврста подлога“, изјави
Ивица Георгиевски, директор на агенција за млади и спорт.
Jas mislam deka Vladata e seriozna vo site proekti i deka ke se zavrsat poranao ili pokasno, i ne e vo red sekoj proekt da se sporeduva so brzinata na izgradba na proektot Lumiks koj pred se go gradi privatna firma.
Популизмот е проблем бидејќи се промовира во просек по еден релативно голем проект на месец дена во просек. Театар, градска куќа, катедрала, музеј, меморијал еден, меморијал два, дотација за музеј, дотација за спортска сала, дотација за автобуси, археолошки ископувања, наколни населби, филхармонија, стадион.................... сала за зимски спортови.
До крајот на мандатот има уште 2.5 години. Рок кој е прилично лесно да се пробие за македонски стандарди.
Замисли го следново сценарио. Сите овие проекти почнати, ниеден незавршен а ДПМНЕ губи на изборите.
Колку време може да ни остане раскопан градот?
Милениумски крст, зградата на Македонска банка, Печатница Гоце Делчев, неизградената фонтана на плоштад се само дел од проектите кои биле жртва на вакво сценарио.
Идејата како идеја е супер, а и локацијата (покрај Борис Трајковски) ми се свиѓа. Но како дел од големата слика ми отвара само сомнежи.
Па добро де, салата и базенот се веќе таму. Само ова за зимски спортови ќе било ново, на тоа се мисли.
А за најавате не знам што да искоментирам... Се добива впечаток дека сме некоја многу богата држава па ги штанцаат проективе... Убаво звучи ама дали е сериознo тоа е веќе друго прашање. Во секој случај ништо нема да може да ги испере ако продолжат со црквата на плоштад и сличните глупости... Според мене се им паѓа во вода!
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum