Груевски не учествувал во корекции на спомениците, туку барал мислења од академици
Академик
Серафимовски и покрај позитивните оценки и високото мислење за
вајарите, најверојатно од личен анимозитет кон некои автори дава
критики и неточни изјави во јавноста
Од
Владата изразуваат жалење за тоа што се принудени да ги демантираат
написите кои се со тенденција за целосна дискредитација на овие
проекти. Според нив, од ваквите шпекуалтивни текстови изостануваат
какви и да се аргументи и факти како би ги потркепиле. Канцеларијата
на премиерот ги демантира, како што се наведува во нејзината реакција
„низата невистини и шпекулации“ кои се појавуваат во дел од медиумите,
поврзани со изградбата на споменици кои се во надлежност на Општина
Центар, а во кои се споменува премиерот Никола Груевски. Од таму
информираат дека Груески и академикот Томе Серафимовски пред неколку
месеци имале подолг разговор во просториите на кабинетот на премиерот
на неколку теми, а посебно била опфатена темата за изградба на
споменици. Притоа, академик Серафимовски изнесол одредени свои
квалификации за некои од ангажираните вајари за спомениците што ги
гради Општина Центар, по што премиерот предложи дека доколку прифаќа
може да ги види делата кои се во изработка и да даде свое мислење за
истите. Академикот Серафимовски се согласил но инсистирал тоа да
биде во координација со Премиерот и претставници на општината Центар.
Исто така, Сефаримовски инсистирал при разгледувањето на спомениците со
него да дојдат уште двајца академици, Цветан Грозданов и Хаџи Бошков,
што од страна на Груевски било прифатено. Кога била посетена
работилницата, спомениците на Гоце Делчев и Даме Груев веќе биле
испратени во леарницата во Италија, така што Серафимовски не можел да
ги види за да ги оцени, а уште помалку тоа да го направи Премиерот. Тоа
во четвртокот беше една од ударните информации на брифираните медиуми,
за што од што Владата велат дека воопшто не е точно. Поточо, во тој
момент била во почетната фаза од изработката споменикот на Свети Кирил,
и академиците ги дале своите мислења и забелешки по однос на тоа
започнато дело што е на истиот професор кој ги изработи спомениците на
Гоце Делчев и Даме Груев. Според овие наводи, може да се извлече
заклучокот дека станува збор за лични релации и евентуален анимозитет
на професорот кој сега го работи споменикот на Свети Кирил и на
академикот Серафимовски, сметаат од Владата што не сакаат да го
коментираат. За нив, како што велат, е важно е да се забележи дека
академик Серафимовски за другите споменици дал помали забелешки и
сугестии, а за некои од вајарите и самиот високо ги оценил. Авторите
на делата кои се предмет на новинските написи, можат да потврдат дека
не е точно дека Премиерот правел какви и да се забелешки и корекции на
спомениците, велата од Канцеларијата за односи со јавноста. Оттаму тврдат дека нема никаква вистина дека Груевски имал средба со академикот Серафимовски во МАНУ. Академикот
Хаџи Бошков, пак, тој ден не дал никаков коментар а подоцна
Серафимовски информираше дека Хаџи Бошков е вајар во друга област и
дека не сака да учествува во давање свое мислење за деталите на
спомениците во друга област на вајарството - реализам. „КПВРМ
потенцира дека проектот со изградба на спомениците го води Општина
Центар, а со посетата на академик Серафимовски (чии мислења беа
прифатени во поголем дел како совети од дел од ангажираните вајари),
Премиерот сакаше да слушне и други мислења на познат скулптор, од
причина што овој проект честопати е дискутиран од јавноста и е
доведуван во корелација со премиерот.“, се вели во реакцијата на
Канцеларијата за односи со јавноста на премиерот Груевски.
Премиерот се
разочарал кога му ги покажале гипсените одливки на скулптурите кои
треба да се постават на плоштадот Македонија во Скопје
Премиерот
Никола Груевски побарал поправка на споменикот на револуционерот
Гоце Делчев. Тој се разочарал кога му го покажале примерокот излеан
во гипс бидејќи лицето на револуционерот било многу отечено. Груевски
ја забележал маната на споменикот кога, заедно со министерката за
култура Елизабета Канческа - Милевска и со неколкумина веќе докажани
вајари ги разгледувале спомениците извајани во гипс, како последна
контрола пред нивното вајање во бронза. Бидејќи разочарувањето на
премиерот било видно, вајарите и уметниците што биле со него му
објасниле дека не е доцна грешката да се поправи. Извадиле слики од
Гоце Делчев и на самото место ги споредувале со скулптурата. Дошле до
заклучок дека ако се направи мал лифтинг на лицето на револуционерот и
ако му се истакнат јаболчињата, споменикот ќе биде автентичен.
Ветераните вајари го уверувале премиерот дека тоа може многу лесно да
се направи, без да се менува целиот калап за скулптурата бидејќи се
работело за одливка, па доволно било само да се симне некој слој
гипс. Ревизорите, на чело со премиерот, се шокирале и од
скулптурата на Даме Груев. Неговиот коњ го опишале со еден збор -
катастрофа. Дека коњот на Даме Груев не е како што треба, завчера јавно
кажа и градоначалникот на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, во изјава
за телевизијата "Алфа". И тој, како градоначалник на Општината во
која треба да се постават спомениците, бил да ги види. Градоначалникот
Тодоровиќ и вчера потврди дека коњот на Даме е изобличен. "Коњот е
повисок отколку што е долг. Тоа е една од поголемите забелешки која ја
даде скулпторот Томе Серафимовски, откако заедно ги проверивме
спомениците излеани во гипс. Останатите забелешки беа ситни и не се
ни сеќавам на нив. Серафимовски се понуди, без надомест, да ги
погледне спомениците и да даде забелешки, доколку ги има, кои може,
но и не мора да бидат прифатени", рече градоначалникот на Центар
Владимир Тодоровиќ, нагласувајќи дека за поправките на спомениците
нема да се издвојуваат дополнителни средства туку оти тоа си е
трошок што паѓа на грбот на скулпторите, во рамки на парите кои им се
одобрени за изработка на делата. Тодоровиќ вели дека спомениците
не се на едно место. Некои се во градовите од каде што се уметниците, а
повеќето, според него, се на леење во Италија. Тој рече дека го видел и
споменикот на св. Климент и Наум кој бил во Гевгелија. "Споменикот,
кога го видов, помислив дека е многу голем, со неприродни димензии.
Академикот Серафимовски ми образложи дека споменикот има 7,5 висини на
главата и дека е во ред. Изгледаат импозантно", рече градоначалникот
Тодоровиќ. И од кабинетот на премиерот уверуваат дека поправките на спомениците се нормална работа. "Не
гледаме причина зошто активноста за ангажирање на авторитети од
областа на уметноста во финалната фаза од вајањето на спомениците би
било нешто негативно. Во практиката на вајарството, дизајнот па и во
други области во финалната фаза се практикува супервизија на
сработеното од повисоки авторитети, во насока на подобрување на
визуелниот впечаток", велат од кабинетот на премиерот Груевски. Спомениците
на револуционерите Гоце и Даме треба да бидат поставен еден спроти
друг, од двете страни на Камени мост на плоштад Македонија. Овие
два споменика се дел од акцијата на Владата и на Министерството за
култура за поставување споменици во главниот град за чија реализација е
задолжена Општина Центар, а ги изработија главно млади и досега
неафирмирани уметници.
Александар да се качи на Калето
Академик
Томе Серафимовски завчера за ТВ "Алфа" изјави дека лично бил замолен од
премиерот, ако има време и ако сака, да посети неколку ателјеа каде
што се работат тие скулптури. Тој рече дека бил заедно со
академиците Цветан Грозданов и Петар Хаџибошков. "Му кажав на
премиерот дека ако мисли со тоа што ме ангажирате дека ќе молчам, се
лаже", рече академик Серафимовски за ТВ "Алфа" и додаде дека му се
извиниле што доцна го повикале за консултација. "Го ценам тоа, за да се
спаси што може да се спаси", рече тој. Во истата изјава за "Алфа"
тој порача: "Сега, ако има доблест премиерот и мудрост да се
самокритизира како што се откажа од црквата и џамијата на еден
елегантен начин, Александар Македонски да го качи на тврдината кале
или да го стави на Аеродромот".
Проектот нема врска со времето во кое живееме
Академик
Петар Хаџибошков, кој бил во групата академици што биле повикани да
ја ревидираат работата на скулпторите околу проектот на Владата за
спомениците во центарот на Скопје, ни рече дека откако погледнале
дел од работите во поодмината фаза, на 10 мај имале состанок во МАНУ
со премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета
Канческа - Милевска и со градоначалникот на Општина Центар Владимир
Тодоровиќ. Тој ни рече оти писмено на сите им дал свое мислење напишано во 6 точки: 1.
Спомениците, генерално, не се решаваат со современ пристап. Не се
во корелација со времето во кое живееме. Тие се во анахроно
реалистичен манир на 18-19 век. 2. Идејата за поставување на
спомениците е во завршна фаза и од етички причини кон комисијата која
ги одбрала и авторите, не е во ред наша интервенција ниту мислење. 3. Проектот има кампањски карактер и временски период на решавање. 4. Овој проект не им на овозможува на неколку идни генерации да реализираат свои дела во центарот на градот. 5. Целосно не ја поддржувам оваа идеја и реализација. 6.Околу проектот не е вклучена ниту стручната ниту пошироката јавност.
Не е во ред да се води политика преку уметниците, да се врши супервизија и корекција на првонаградени творби на јавни конкурси, кои ги оценувала стручна комисија, вели скулпторот Жарко Башески, автор на спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев Изработката на спомениците на македонските херои влезе во критична фаза по која тешко ќе се утврди чие дело ќе види јавноста - на авторот, на супервизорите или на политичарите.
Академик Томе Серафимовски, ангажиран да ги прегледа делата и да направи завршни корекции, завчера за телевизија „Алфа“ изјави дека видел многу грешки на спомениците и смета дека тоа е зашто ги работат „почетници, кои си мислат дека се генијални вајари“. На тоа се надоврза и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ, кој откри дека „коњот на кој јава Даме Груев е нешто пократок од неговата висина“. Коментарите ги револтираа авторите на спомениците.
- Не е во ред да се води политика преку уметниците, да се врши супервизија и корекција на првонаградени творби на јавни конкурси, кои ги оценувала стручна комисија. Поминале кај моите колеги, но кај мене не дојде никој. Сега скулптурата на Груев е на доработка во Фиренца, со другите дела. Како може Серафимовски да зборува дека се просечни, кога не ги видел и досега нема направено ниту еден коњ - вели скулпторот Жарко Башески, автор на спомениците на Даме Груев и Гоце Делчев, кои ќе бидат поставени од обете страни на Камениот мост во Скопје.
Во обиколката на ателјеата, освен Серафимовски, биле и академиците Петар Хаџи Бошков и Цветан Грозданов, премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
Хаџи Бошков вели дека за спомениците требало да се реагира навреме.
- Во МАНУ имавме состанок со премиерот и министерката во врска со скулптурите. Јас само потенцирав дека требаше да бидеме повикани уште кога се работеа скиците. Сега е доцна. Прашањето е што избрале да прават, а не колку добро моделираат скулпторите. Јас се повлеков и нагласив дека не се работи за современи обележја - потенцира Хаџи Бошков.
Министерката за култура одговорноста и' ја префрли на Општината Центар.
- Оваа Општина ја спроведува целата постапка за изградба и за поставување на спомениците, а Министерството за култура нема надлежност - истакна Милевска.
Во Центар вчера не одговорија зошто е ангажирана супервизија, зошто дозволија да се омаловажуваат трудовите на наградените автори и зошто се поправаат речиси готови скулптури. Општината во центарот на Скопје ќе постави споменици на Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Методија Андонов Ченто, четири лава на Мостот Гоце Делчев и други. Дел од овие скулптури веќе се леат во Фиренца, за што Општината ќе плати 10 милиони евра. Поради финансиската криза во мирување се ставени спомениците на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Наум Охридски, Цар Јустинијан, гемиџиите, на Карпош, основачите на Македонската револуционерна организација, на Првото заседание на АСНОМ, на бранителите и паднатите херои за Македонија.
Анела Петрова
Премиерот призна дека има врска со спомениците
Премиерот Никола Груевски вчера потврди дека ангажирале надворешни консултанти за спомениците, иако, според него, авторите не се просечни.
- Не би рекол дека се просечни вајари. Колку што можам да видам, луѓето си ја вршат добро работата, ангажиравме и надворешни консултанти, нивните совети се прифатени, така што дојде до мошне добра реализација. Не гледаме причина зошто ангажирањето авторитети во финалната фаза од вајањето на спомениците би било нешто негативно. Во практиката на уметноста, вајарството, дизајнот, па и во други области, во финалната фаза се практикува супервизија на сработеното, во насока на подобрување на визуелниот впечаток - изјави Груевски.
Претходно, премиерот негираше дека е во каква било врска со поставувањето споменици и постојано тврдеше дека за тоа прашање исклучиво е надлежна Општина Центар.
Лавовите ќе го чуваат мостот Гоце Делчев од двете страни
Идниот месец почнува поставувањето на Спомениците - проектот вреден над 10 милиони евра. Општина Центар ги врши последните подготовки за лавовите - првите од планирани 17 споменици.
Тие ќе го чуваат мостот Гоце Делчев од двете страни. Два антички од едната, вредни 1.150.000 евра, и два средновековни од другата, поскапи 30.000 евра.
„Малку се доцни околу релјефите, тоа е на постаментот од лавовите, и сигурно благовремено ќе ги направиме припремните работи, за тие кога че дојдат да бидат поставени. Во октомври се очекува да бидат донесени“, вели Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар.
Тодоровиќ очекува леарницата во Фиренца да ја почитува договорената динамика и до крајот на идната година да ги заврши и преостанатите споменици. Мал проблем се појавил кај дел од калапите, но градоначалникот уверува дека тој брзо ќе биде надминат. Кога ги изработиле во глина, дел од спомениците не изгледале баш како што било предвидено со скиците.
„Има комисија од компетентни луѓе, кои ја следат работата на скулптурите и даваат сугестии, и тие сугестии во главно скулпторите ги прифаќаат. Конкретно знам дека за Даме Груев, коњот на кој тој јава е нешто пократок од неговата висина“, вели Тодоровиќ.
Коњот на кој јава Даме е пократок од неговата висина
За да ги исправат грешките на вајарите, по интервенција лично на премиерот, биле ангажирани неколку искусни скулптори на чело со академик Томе Серафимовски. Тие ги обиколиле повеќето дела и дале сугестии како да се подобрат. Груевски и покрај тоа не гледа грешка во изборот на скулпторите, кои според многумина се неискусни и анонимни.
„Па не би рекол дека сме ангажирале просечни вајари. Колку што можам да видам луѓето си ја вршат добро работата, ангажиравме и некои надворешни консултанти, тие дадоа совети. Советите се прифатени, така што дојде до една прилична добра реализација“, изјави Груевски.
Според извори на А1 од леарницата во Фиренца, сепак главен проблем на крајот можат да бидат парите. Дознаваме дека споменикот на Александар бил веќе готов, но предвидените 5 милиони евра за него нарачателот се уште не ги префрлил. Кога тој со своите 13 метри и десетина војници ќе завладее со скопскиот плоштад, засега останува непознато.
За да повлечат ваков непријатен потег, јасно е дека грешките во спомениците се огромни. Дали ќе одговара некоја од комисиите што го правеле изборот?
Препорачувам да се гледа видеото, поинформативно е и „посочно“ од текстуалната вест. Особено е добар моментот кога Владимир Тодоровиќ вели: „за Даме Груев, коњот на кој тој јава е нешто пократок од неговата висина, нешто тоа треба да се продолжи“
Серафимовски ги исправа грешките на вајарите почетници
вторник, 01 септември 2009, 17:36
Академик Томе
Серафимовски ги исправа грешките на вајарите почетници ангажирани од
Владата да ги изработат серијата нови споменици низ Скопје. Академикот
бил лично ангажиран од премиерот Груевски кој пред него признал дека
изработените калапи за скулптурите на револуционерите се просечни и не
ги задоволувале неговите критериуми.
Серафимовски ги посетил
скоро сите скулптори чии дела се во прва фаза - изработени во глина.
Затоа според академикот на нив може да се интервенира. Неговиот
впечаток е дека меѓу толку многу скулптури видел и некоја добра –сепак
ги работат почетници што за себе мислат дека се генијални вајари– вели
академикот.
И градоначалникот на Центар, потврдува дека имало проблеми имало со некои споменици.
Дел
од експертската јавност која исто како и серафимовски отпосле била
консултирана од Владата вели дека проблемот настанал уште на почетокот
– биле избрани погрешни скици.
Само за леење на спомениците се
потрошени десет милиони евра буџетски пари – договорите со уметниците
чии дела сега се поправаа остануваат тајна. Одговорноста за лошиот
избор не сака да ја преземе министерката за култура и премиерот – кои
кога се соочија со просечноста на делата во изработка побараат помош од
реномирани македонски вајари кои како што велат неможат многу да
помогнат.
значи сега имаме толку многу скулптури во Скопје, и да си сам во целиов град никогаш нема да се чуствуваш осамено. Железните луѓе се насекаде:Чекаат да поминат улица, шмизли и фраери имаш у центар, еве овие се сончаат на Вардар и многу други.
Само ме интересира зимно време што ке им праат дали ке ги преместат или ке им уградат шаховска табла како демек играат.(или било која друштвена игра) да не бидам сватен погрешно дека алудирам на одредена политичка страна.
Маж и жена од бронза се сончаат покрај реката Вардар во близина на Камениот мост. Оваа необична приказна е всушност носталгија за некогашната Градска плажа, што ја паметат само постарите
Kire85, загатна едно размислување за оценување. За нас некоја скултура може да ни се допага или не, да ни буди емоции или не, да не иритира или ....
Но не ми е јасно до сега ни еден историчар на уметност - критичар не излезе со свое видување.
Можда до некаде можам да ги оправдам дека кај нас во електронските и пишани медиуми (со исклучок на Телма ТВ) културата не е атрактивна вест на еден критичар за објава, туку тоа го прави еден обичен новинар вртејќи ја уметноста или во политика или во некоја друга атракциа но никако во критичка уметност.
Но бар денеска постои овој виртуелен инфо каде секој може да го искаже своето мислење.
ma ne e samo vo izgledot na skulpturite problemot.....mnogu pobitno e kade ke se postavat, znaci kolku ke se vklopuvaat vo okolinata.....toa e toa sto vsusnost ja pravi skulpturata "grda" iako taa sama po sebe kako umetnicko delo mozebi izgleda sosema ok. sea za ovie kaj nas ne mozam da dadam ocenka zasto vekje 9 meseci neam dojdeno vo skopje, a bez da gi vidam na lice mesto ne bi komentiral....sepak samo po izgledot ako bi gi ocenuval, na mesto se site....
.... А дали ако ти беше селектор ќе земеше некој фудбалер од пред маало и ќе го пуштеше да игра со Шпанија? Очигледно беше направена голема грешка чим на вакви неуки и неталентирани „уметници“’ им беше дадена задачата да го облагородат најдрагоцениот дел од градот. Си покажаа колку можат и колку се способни.
hmm interesno
Tie bistite ako im bea na narodot vozviseni i od drug karakter ke ostavea nekogas u zadnjive 30 godini cveke ..ja za zadnjive 30 godini ednas ne vidov takov prizor,kolku ni se vozviseni - kako sto napisa pbank ili clover pogore...gi izrogaa gi iskrisija i gi stopija i tolku ostana od niv.
Ako bev nekoj kriterium i faktor vo eden od drugite topici napisav deka uopste i ne bi pravel ni skulpturi, ni crkvi, teatri....nego bi sredil pod br 1 zdravstvo a pod br2 obrazovanie...se ostalo e sporedno spored mene....vaka davam samo sud od toa sto prosleduva sto se pravi i sto go gledam.
Jas ako bev "selektor" nemase da se raduvam na 2:2 so Holandija,ke se obidev da gi smenam a ako nemav pari za toa ke se obidev da gi naucam kolku e mozno bolje da izigraat protiv spanija(koe go izigraa loso)-ako me razbiras sto sakam da kazam... i btw sigurno nemase da dozvolam reprezentavci sto se tepaat megju sebe da bidat voopsto reprezentavci ali toa e druga prica...valjda koa ke pieme nekad pivo na nekoe matine mozda ke go pravime toj moabet
i uste edna rabota me interesira zarem ti stvarno mislis deka ovie skulpturi se naogjaat vo najdragoceniot del od gradot??
без потреба ги помешавме спомениците со урбаните скулптури, иако и тие и тие се скулптури, сепак треба да се третираат на сосема различни начини како што кажа линеа, не можеш да израмниш обична скулптура со народен херој или било каква историска личност
Незнам зошто ги мешаш бистите во парк кога збориме за скулптурите во центар? Кога станало збор за нив? Досега се немам произнесено на таа тема, но најмногу жалам што бистите на овие луѓе, меѓу кои и на Кочо Рацин и Коле Неделковски, се крадат за старо железо и никој не се погрижи тоа да го спречи. А ова не се било кои шмизли и жени што медитираат, ова се народни херои кои го дале животот за наша слобода, а на многу луѓе нивните бисти им пречат бидејќи го правеле паркот да личи на гробница(!?) И не само што бисти не се споредуваат со скулптури, туку овие бисти имаат сосема друго значење, да кажам повозвишено.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum