![]() |
![]() |
![]() |
Вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 46> |
Author | |||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
За сè што е изградено не му должиме никому
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111111717135&id=14&prilog=0&setIzdanie=22428 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Ќе се гради пензионерски дом во Охрид Охрид - Локалната самоуправа од Охрид неодамна го донесе урбанистичкиот план со што ја утврди локацијата за изградба на дом за пензионери. Парцелата се наоѓа на брегот на Охридско Езеро во близина на хотелот „Магнус“, така што објектот, најверојатно, ќе биде користен и од лица надвор од Охрид. Вкупната површина на локацијата изнесува 8.500 квадратни метри, додека објектот во основа ќе има 1.000 квадрати. За изградба на овој објект веќе покажале интерес повеќе странски инвеститори, а се очекува проектот да почне да се реализира набрзо.Информацијата на пензионерите им ја соопшти претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, за што, како повод, ја искористи прославата на 65-годишнината на Пензионерската организација и 20 години од независноста на Македонија. Со оглед на тоа дека во последните 40 години не е изграден ниту еден таков објект, а засега ги има само во Скопје и во Битола и ниту еден во источна Македонија, веста е примена со симпатии не само меѓу охридските, туку и меѓу пензионерите од целата земја. Овие луѓе сами велат дека го плаќаат данокот на транзицијата и дека минуваат низ најдолгиот тунел во Европа, бидејќи со тоа што се затвораат работни места, постојано се регрутираат нови пензионери, кои се се' посиромашни, но и помлади. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B8F7BF4AEC3E3D48A7C575CF34AF8B7D |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
ВО ТОПААНА, НА НЕКОЛКУ МЕТРИ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА Фантомски објект на пешачки остров На малиот
пешачки остров спроти американската амбасада, поточно меѓу булеварот
Никола Карев и улицата Топаана никнува градба за која никој не знае во
што прерасне. Се работи за локации што ги има речиси на секоја сообраќајница во Скопје и служат за уредување со зеленило или се оградени во вид на жардиниери. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Се гради зграда среде улица
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92811919346&id=14&prilog=0&setIzdanie=22392 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Вкупно 175 земјоделски парцели пренаменети во градежниВладата донесе одлука за пренаменување на 175 парцели земјоделско земјиште во градежно. Според одлука на Владата, објавена во Службен весник, пренаменето е земјоделско земјиште во неколку општини, во голем дел за изградба на бензиски станици и енергетски објекти и за индустриски објекти за изградба на фабрики. Пренаменето е земјоделско во градежно земјиште наменето за изградба на бензиски станици во Боговиње, Велес, Градско, Демир Капија и Свети Николе. Во Ростуше, Крива Паланка и Пехчево пренаменето е земјоделско земјиште за изградба на мали хидроелектрани. Две земјоделски парцели се оформени за индустриски објекти, едната за изградба на фабрики и мали стопанства, а другата за складишта и магацини. Во Ранковце, Кумановско, Владата донела одлука да се пренамни земјоделско земјиште за изградба на викенд-населби, а во Струга на 30 хектари земјоделско земјиште ќе се гради технолошко-развојна индустриска зона (ТИРЗ). На почетокот на годината Владата донесе пакет-мерки за поттикнување на градежната експанзија, во која беа предвидени неколку законски измени во делот на пренаменување на земјоделското земјиште во градежно. Според законските измени, преку либерализацијата на постапката за пренаменување на земјоделското земјиште во градежно се предвидува пренаменување и на трета и четврта класа земјоделско земјиште, со што ќе се зголемат можните места за градење објекти за неземјоделски цели. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73844/vkupno_175_zemjodelski_parceli_prenameneti_vo_gradezhni.aspx?iId=2359 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||||
можеби почнале за америте да им дадат `непристоен предлог`
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
||||||||
Е оваа спроти американска амбасада ми е сомнителна. Смрди нешто.
|
|||||||||
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
||||||||
![]() |
|||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||||||||
Државата продава локации за винарии, фабрики и за трговски центри
Во првата половина од овој месец државата ќе понуди на продажба околу 50 локации за изградба на винарии, односно на т.н. вински пат, во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и во уште неколку други општини, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Комитетот за градежна експанзија. Објави на комплекс локации ќе има и во Петровец за изградба на индустриски објекти, трговски центри, како и локации низ цела Македонија. - Целта на Владата е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места, рече Јанакиески. Комитетот досега расчисти 1.300 локации кои беа предмет на јавно наддавање. Во најголем дел од нив веќе се почнати градби. Во ова владино тело со кое претседава премиерот Никола Груевски, освен од транспорт и врски, членуваат и претставници од секторите земјоделство, животна средина, катастар, ... Комитетот ќе им помага, како што истакна Јанакиески, пред се на општините кои ќе продолжат со управување на градежното земјиште. http://www.time.mk/read/c4fd335093/8829e2884c/index.html |
|||||||||
![]() |
|||||||||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||||||||
Македонскиот Лас Вегас ќе се шири
Првокласни хотели, урнебесни казина, трговски и спа центри, бензински станици. Мал луксузен град ќе никне кај Гевгелија. 150 хектари, најголем дел во приватна сопственост, како и државно земјиште. Толкава површина урбанизираше општината за изградба на скапиот комплекс. Инвеститори веќе преговараат за локациите, а градежната експанзија треба да почне до крајот на годината. Елитните забави не се ништо ново за македонскиот Лас Вегас. Казино хотелите Фламинго и Принцес, се причина илјадници гости претежно Грци, секојдневно да доаѓаат во Македонија. - Најмногу гости имаме од Грција, тие се на прво место. Втора земја е Турција. За нив организираме автобуски или авионски тури. Еве и во моментов имаме 120 гости од Турција, рече Ченгиз Текин- генерелаен менаџер на Принцес Рамада Плаза хотел. Генералниот менаџер на Принцес, Ченгиз Текин, зборува и за економските придобивки на Гевгелија и воопшто на земјата, од работењето на нивниот хотел. - Месечно трошиме илјадници евра само за храна и пијалоци, половина од вработените, околу 300 се од Гевгелијја, без разлика дали имаме профит или загуба плаќаме фиксни такси, ние работиме за Македонија, вели Ченгиз Текин. Од отворањето на хотелот Принцес, пред половина година, бројот на грчки посетители во земјата е зголемен за дваесет проценти, споредено со истиот период минатата година. Казината кај границата, но и кризата во Грција, се причини поради кои гевгеличани очекуваат се повеќе грчки посетители во топлата Гевгелија. Сузана Мицева http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=75413 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
daniels ![]() Newbiе ![]() Joined: 09-May-2011 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||
Bi bilo ubavo ako nekoj ima sliki ili plus informacii od proektot da stavi da vidime kako ke izgleda kompleksot. pozdrav |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
ГРАЃАНИ СО ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ Да не се градат згради во населби со куќи Членот 32 од Законот, сметаат подносителите, меѓу кои и пратеничката Лилјана Поповска, отвора можност градоначалниците да се договараат со инвеститорите и да склучуваат коруптивни договори Група граѓани поднесоа иницијатива до Уставниот суд за преиспитување
на уставноста и законитоста на членот 31 од Законот за просторното и
урбанистичко планирање. Станува збор за одредбата која дозволува
индивидуална градба да се смета дури и објект во кој има осум стана, и
тоа со по 250 квадратни метри. Овој член од Законот, сметаат
подносителите, досега успеал да ја деградира животната средина во цела
метропола. Без разлика на фактот дали урбанистичкиот план е дециден
околу индивидуално домување во некоја населба, инвеститори, благодарение
на оваа одредба успеваат на местата на малите трошни куќарки легално да
изградат висококатници. Анела Петрова
Ѓорче Петров, Карпош, Дебар Маало во Центар и Кисела Вода се
населбите кои изминативе години се најоштетени од членот 31 од Законот
за просторното и урбанистичкото планирање, кој дозволува изградба на
згради на местата на мали куќи, сметаат подносителите на иницијативата
до Уставниот суд за преиспитување на неговата законитост и уставност. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Скопје добива луксузни мини-градови
![]()
Трендот за изградба на нови
станбени објекти досега
беше видно забележан
во централното градско
подрачје. На удар најмногу
беа Дебар маало, Центар, Карпош,
Тафталиџе, па дури и влезот на
Кисела Вода. Станбени згради од
по четири или пет ката никнуваа
на местото на секоја шупа или
барака. Зградите во различна боја,
модерна фасада, доближени една
до друга и со „ѕиркачки“ ефекти
во комшиските спални соби сега
се обележје на градот. И таман
се мислеше дека народот веќе се
задоволи од купувањето на станови,
настана нов градежен станбен бум
во Скопје. Животот во куќа која
има убаво уреден двор, со голем
тревник остана лезет само за оние
вистинските љубители на живот во
индивидуално домување. Останатите
сакаат да уживаат во домувањето
во станови. И токму тука се отвори
пазарот и потребата од уште и
уште станови. Освен централното
градско подрачје актуелни станаа и
Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош
3, Аеродром. Во населбата Горно Лисиче веќе се градат осум станбени објекти. Станува збор за локација на која во деталниот урбанистички план општина Аеродром предвиде изградба на 14 станбени објекти со вкупна површина од над 22 илјади квадратни метри. Но, засега само четири инвеститори ги градат своите објекти. Фирмите „Настел“, „Диас констракшн“, „Глиц“ и „Адора“ ќе изградат 412 станбени единици и 14 деловни простори. Марјан Наков од фирмата „Настел“ вели дека се компанија која сама се финансира и нивните четири објекти ќе бидат изградени без разлика на тоа дали становите се продадени или не. „Нашата фирма четирите свои објекти до 31 октомври годинава ќе ги изгради до фазата клуч на рака без разлика дали становите ќе се продадат или не. Но, мора да признаам дека досега има голем интерес и добар дел од становите се продадени. За сето тоа придонесува квалитетот на градбата што го нудиме. За првпат во овој дел од градот се градат вака луксузни станови кои се продаваат по не многу висока цена од 945 евра за квадрат. Тоа е цена која може да си ја дозволат и оние луѓе што немаат многу пари, како и тие поимотните. Во нашите четири згради може да се најдат станови од 41,5 квадратни метри, па сѐ до 77 квадрати на приземје“, вели Наков. Според него овој тренд на изградба на многу станбени објекти ќе трае најмногу до крајот на оваа година. Потоа, пазарот ќе се засити, ќе има многу станови за продажба и ќе треба да помине време додека повторно да се јави потребата. И изградбата на луксузниот станбено-деловен центар „Космос“ е во полн ек. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град. Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра. „Постои навистина голем интерес за купување станови во „Космос“. Тоа причинува големо задоволство затоа што целиот објект се гради по многу високи стандарди, со квалитетни материјали и добро е што купувачите тоа го ценат и покажуваат интерес за живот во ваков мини град.
Целиот комплекс ќе биде готов
до крајот на идната година“, вели
Ивана Јаневска од фирмата „Фине“
која е инвеститор во „Космос“.
Во долниот дел од големата
зграда на „Космос“ ќе има деловни
простории и шопинг-центар, а на
последниот кат ќе има луксузен
ресторан, кој ќе ротира и ќе биде
со површина од 1.500 до 2.000
квадратни метри. Од него ќе може
да се гледа целата панорама на
Скопје. Во средишниот дел на овој
последен кат ќе бидат сместени
и фитнес-центар, базен и сауна
за рекреација на станарите, а
ќе има и детска градинка. Меѓу двете згради, кои ќе бидат
оддалечени 120 метри, ќе има
парк и шеталиште. Паркирањето
е решено со две подземни гаражи
од по два ката под подрумите на
зградите, а странично од комплексот
е предвидена и гаража на два ката
со околу 562 паркинг-плацови,
така што ќе бидат задоволени
потребите на станарите.
Иако големи комплекси, во овие два нема големи висококатници. Но, за градот да не остане покус од таквото задоволство се најде градител заинтересиран да го направи аеродромскиот „Менхетн“, како што се нарекува предвидениот комплекс од три облакодери покрај булеварот Србија во општината Аеродром. Турскиот холдинг „Џевахир“, преку својата локална фирма „Турк мак“ доби градежна парцела од 21.150 квадратни метри, со површина за градење од 14.873 квадрати. Трите висококатници, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката, а чија максимална предвидена висина изнесува импресивни 500 метри или 126 ката, ќе се наоѓаат на празното место меѓу касарната „Гоце Делчев“ и бензинската пумпа „Макоил“, покрај булеварот Србија. Градителот сам треба да реши на колку ката ќе ги направи зградите, во рамките на предвидените димензии, но ќе треба внатре во нив да обезбеди 3.167 паркинг- плацови за идните станари. Општина Аеродром, како најмлада во градот, по се изгледа е и најатрактивна за инвеститорите. И фирмата „Адора инженеринг“ инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист со клуч на рака два нови станбено деловни објекти во Аеродром- Ново Лисиче. Двата објекта ќе имаат вкупно 5.300 квадратни метри станбен простор, 2.026 квадрати паркинг. Овие станбено- деловни објекти се очекува да бидат пуштени во употреба во 2012 година. Претставуваат модерни зданја кои ќе ги подигнат стандардите во градежништвото на повисоко ниво за колективно современо домување. Околу објектите ќе има широк зелен појас до булеварот АСНОМ, зградите се со висока сеизмичност на градба, применети се високи стандарди за енергетска ефикасност и квалитет на вградените материјали. Освен приватни фирми во општина Аеродром гради и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. На булеварот Трета македонска бригада ЈПССДП гради објект со вкупно 152 стана.
Големи станбени згради е
предвидено да се градат и
на другиот крај од градот,
во населбата Тафталиџе.
На местото на поранешната
фабрика „Алумина“ треба да никнат
ексклузивни трговски центри,
киносали, галерии, станбени
згради, со максимална висина до 30
метри. Исто така, станбено-деловни
комплекси ќе имаат и словенечки
„Меркатор“ и „Импекс-Л“, која ќе
вложи во зграда на местото на
бараките на „Гранит“ во Карпош 4.
Атрактивни станови се градат и
на падините на Водно. „Соравиа
Ресорт“ нуди осум вили, секоја од
нив со четири до осум станови. Во
коплексот спаѓа и една поголема
мултифункционална зграда, каде
што има ексклузивни апартмани.
Во комплексот е предвидено да
има и ресторан, базен, сауна и
продавници. Објектите имаат
сопствен систем за греење и
ладење со геотермални пумпи
и колектори за сонце како и
централно регулирана топла
вода. Ваквиот систем е практичен,
еколошки и економски исплатлив.
Големината на становите се
движи од 75 до 190 квадрати,
вклучувајќи ги двојните апартмани
на два ката. Поголемиот дел од
апартманите имаат величествен
поглед на Скопје и кон Водно. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Чоробенско Ќоше ќе стане модерен комплекс Изградба на голем административно-комерцијален објект во центарот на Куманово, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски Откочена е изградбата на административно-комерцијален објект на
локалитетот Чоробенско Ќоше во центарот на Куманово, тврди
градоначалникот Зоран Дамјановски. Реализацијата на овој проект, кој е
најавуван од порано, досега наидувала на пречки, како што се договори за
уривање на старите и руинирани објекти, кои го нагрдуваат централното
градско јадро. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Стануваме модерна општина од бетон и од зеленило
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41111915546&id=14&setIzdanie=22254 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||||||||
Денес пројдов и забележав дека сепак се работи за реновирање на куќата. Ставаа ПВЦ прозорци кој изглеадаат стопати полоши од предходните. Прозорите и вратата ја правеа оваа куќа. Edited by toasumjas - 07-Apr-2011 at 12:32 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
zarem akva parkot pocna da se gradi?Како кошаркарот Пеце Наумовски ја шири градежната империја?!Александра Спасевска![]() Со последното државно земјиште, кое минатата недела како единствен купувач го доби фирмата Манд интернационал, кошаркарот Пеце Наумовски си оформи парцела од вкупно 33.553 метри квадратни, на која за неколку години треба да изгради огромен спортски комплекс. Откако минатата година фирмата на Наумовски купи две парцели на кејот на Вардар во населбата Аеродром, на кои веќе почна да се гради аквапарк, во петокот Манд интернационал ја купи и соседната парцела, на која ќе гради спортски центар. Земјиштето се простира на површина од 11.408 метри квадратни, а Наумовски го купи за 2.000 денари за метар квадратен. Наумовски треба да плати само 370.000 евра за државната парцела. Земјиштето каде што сега се гради аквапаркот Наумовски лани го купи во јавното наддавање на кое ја победи фирмата на неговиот татко, Михајло Наумовски. Двете парцели, со вкупна површина од 32.145 метри квадратни, Манд интернационал, фирмата чија основна дејност е трговија на големо и производи со тутун, ги купи по цена од 2.000 денари за метар квадратен, со почетната цена од 1.900 денари, односно за околу еден милион евра. Дали случајно при јавното наддавање за овие државни парцели нема други заинтересирани купувачи?! Уште повеќе што на крајот од минатата година општина Аеродром одлучила да го смени деталниот урбанистички план со цел на земјиштето да дозволи изградба на спортско-рекреативен центар наместо сала за хокеј. И покрај сиве овие околности, Наумовски тврди дека нема ништо спорно во тоа што ја купил соседната парцела на местото каде што веќе го гради аквапаркот “Тоа беше јавна лицитација на земјиште, каде што јас се јавив како единствен заинтересиран и ја купив парцелата. Ако некој мисли дека сум ја купил евтино и дека било договорено, нека се пријави и нека ја купи, нека инвестира или ако сака, може да биде партнер во инвестицијата”, изјави Наумовски за “Капитал”. Тој објаснува дека парцелата ја купил за да се комплетира просторот, бидејќи, како што појаснува, на тој начин инвестицијата во аквапаркот ќе биде целосна. Наумовски не сакаше да каже за колкава инвестиција станува збор, ниту, пак, на кој начин и од кои извори ќе ја финансира изградбата на комплексот. Само информираше дека поради сложеноста на зафатот и на уредувањето на земјиштето ќе им бидат потребни многу повеќе пари од првично планираните. “Досега за пополнување на земјиштето каде што ќе се гради аквапаркот имаме инвестирано повеќе од еден милион евра. Дупката мораше да се пополни со квалитетна земја за да може да се изгради објектот според стандардите, со оглед на тоа што парцелата е на кејот на Вардар. Не би сакал засега во јавноста да излегувам со бројка за вкупна инвестиција, бидејќи тоа се деловни планови на компанијата”, објаснува Наумовски. Но, со него се поврзуваат и неколку градежни афери. Наумовски е сопственик на неколку атрактивни парцели на Водно, од кои две купи во 2002 година, а една како на заслужен граѓанин му ја подари Владата. Првата афера беше кога фирмата на Наумовски го купи земјиштето во 2002 година за само 25 евра по метар квадратен, додека пазарната цена на парцелите на Водно беше од 200 до 400 евра. Тој на овој простор, непосредно до поранешниот хотел Панорама, најавуваше дека ќе изгради голем кошаркарски тренинг-центар, наречен Петарленд, но наместо тоа, со неговиот партнер, Зоран Азманов, направија резиденцијални објекти во кои продаваат станови по цена од 1.538 евра за квадрат. На другата парцела, пак, веднаш до станбената зграда, Наумовски планира да изгради хотел. На оваа локација првично била предвидена изградба на семејна куќа во висина од осум метри, а во 2008 година планот бил ставен на јавна анкета и маркичката на куќата била пренаменета во хотел висок 11 метри. Скандал изби и со земјиштето во Дебар Маало, кое му го продала поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова, во 2002 година иако на него постоел времен објект кој бил сопственост на приватни лица. Земјиштето државата го продавала на фирмата ЦДМ Комин-Душан, зад која стојат Михајло и Петар-Пеце Наумовски, за 535.000 денари, а старите сопственици не можеле да го откупат од општината затоа што веќе било продадено без нивно знаење. По судскиот спор земјиштето го доби фирмата на Наумовски и на него е предвидена изградба на зграда. Петар Наумовски беше и пратеник од 2002 до 2006 година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а во целиот мандат само четири пати се појави во Собранието. Во последните неколку месеци Министерството за транспорт продаде неколку атрактивни државни парцели на јавна лицитација на кои се јави само една компанија Само во последните неколку недели, освен земјиштето во Аеродром на Пеце Наумовски, беше продадено и државно земјиште на неколку други атрактивни локации. Пред две недели државна парцела во Аеродром купи и семејството на Златко Калеников, претседателот на Сојузот на стопански комори и сопственик на автокуќата Кадис. Тој на кејот на Вардар, веднаш до салата МЗТ, каде што Наумовски го гради аквапаркот, ќе гради базен. Земјиштето го купи фирмата Т-Рекс Стојна и други, која е во сопственост на неговите родители. И оваа компанија беше единствена заинтересирана на јавното наддавање и парцелата од 23.624 метри квадратни ја купи за 2.200 денари за метар квадратен, односно вкупно плати околу 850.000 евра. Пред две недели две атрактивни парцели на плоштадот Македонија Министерството за транспорт & продаде на грчката компанија Демко прајм пропертис на грчкиот милијардер Димитрис Кондоминас. На лицитацијата за парцелите на кои треба да се изгради Офицерскиот дом и хотел фирмата на Кондоминас беше единствен понудувач и стана сопственик на 6.300 квадрати земјиште по цена од 6.100 денари за метар квадратен, односно за околу 630.000 евра. Како една од најконтроверзните државни парцели кои ги продаде Минситерството за транспорт беше земјиштето под Кале за изградба на хотел, кое го купи Марјан Јованов, тогаш директор на Дирекцијата за нафтени резерви. Иако од Министерството сметаа дека продажбата на земјиштето била транспарентна, Јованов, сепак, си даде оставка од функцијата. Инаку, Јованов на лицитација, на која учествуваа повеќе понудувачи за парцелата за хотел, за која почетна цена од квадрат изнесуваше едно евро, понуди најмногу, односно 2.500 денари и за 8.745 квадрати плати 358.400 евра. Јавна лицитација успешна и со еден учесник Минатата година Министерството за транспорт и врски ја измени уредбата, со што дозволи јавната лицитација да биде успешна и доколку се пријави само еден учесник. Ова практички би значело дека пријавениот само треба да понуди цена повисока од едно евро, макар и за еден евроцент. Експертите тогаш коментираа дека ваквата законска можност остава голем простор за злоупотреби, особено во време кога државното земјиште се продава по почетна цена од само едно евро за квадрат, а се продаваат атрактивни локации во главниот град. Министерот Јанакиески одлуката ја правдаше како мерка за поттикнување на инвестициите, односно да не пропадне наддавањето доколку се јави само еден заинтересиран инвеститор. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik/25657/kako_kosharkarot_pece_naumovski_ja_shiri_gradezhnata_imperija_!.aspx |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Хунзи пред две недели во тајна посета на Богданци Не се открива дали повод за доаѓањето на кралскиот претставник е камен- темелникот на резиденцијата Билјана Јовановска |
|||||||||
![]() |
|||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||
Во Крушево ќе никне луксузна туристичка населба![]() Министерството за транспорт и врски објави јавен оглас преку кој ќе продава државно земјиште со површина од речиси 10.000 метри квадратни. Од вкупно 24 парцели, 21 се наменети за модерни викенд куќи, додека на останатите три парцели ќе се гради мини хотел и два големи ресторани. Земјиштето за изградба на викенд куќи е со почетна цена од 10 евра, додека почетната цена на парцелите за угостителски објекти, се движи од 20 до 30 евра. Од општина Крушево велат дека ова би помогнало при развој на туризмот, но бараат државата да се погрижи и околу инфраструктурните проблеми со кои се соочува овој град. "Стравуваме од инфраструктурни и проблеми со водоводот и канализацијата. Ваквите потешкотии не спречуваат да понудиме комунални олеснувања на идните инвеститори. Комуналиите ќе бидат превисоки, па единствен спас би била одредена помош од страна на државата. Викенд-куќите кои ќе се градат, ќе бидат модерни и висококвалитетни. Се планира нивниот надворешен изглед да биде сличен, за населбата да добие препознатлив карактер. Куќите ќе имаат најмногу до три спрата", објаснуваат за "Капитал" од општината. Оттаму коментираат дека поголем дел од инвеститорите кои ќе се јават на јавното наддавање, ќе бидат од Скопје, но се надеваат дека за дел од парцелите ќе се заинтересираат и странски бизнисмени. Засега, велат бизнисмени од крушевскиот регион не пројавиле интерес за ваков бизнис. Министерството за транспорт и врски, периодов активно распродава атрактивно државно земјиште во повеќе градови. Во моментов, во тек е и постапка за продавање на државни парцели во најатрактивниот дел од Гевгелија, во непосредна близина на граничниот премин Богородица. http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/26848/vo_krushevo_kje_nikne_luksuzna_turistichka_naselba.aspx |
|||||||||
![]() |
|||||||||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
||||||||
Па ретко кој град станал главен град во изминативе 30 години. Значи некогаш тие палати и центри и те како биле вон градовите, а и сега кога се прави урбанизација во богати земји, административниот центар се прави надвор од големите градови... некои малце постари примери се Вашинтгон ДЦ, Бразилија па и она во Казахстан ли кај беше... |
|||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 46> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |