![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 30> |
Author | |||||||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Слична карта, но идентични магистрални правци добив од директорот на МЕР. Ова е она што треба да се гради во наредните неколку години, нормално поделени во фази, првата до Неготино, Велес, Струмица, Тетово и Гостивар. Сето останато е во втора фаза и допрва ќе треба да се бараат инвеститори. |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Не, ама гледајќи ги трасите претпоставувам дека сеуште е актуелен.
|
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Пишува од кога година е?
|
|||||||||||||||||||
Македонија - Земја на чудата!
|
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Еве мапа на планираните магистрални гасоводи во Македонија, случајно ја најдов разгледувајќи ја студијата за пругата кон Бугарија
![]() |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
На официјалниот веб сајт на Газпром не пишува ништо за неодамнешната
средба помеѓу македонската делегација и руската влада, а истовремено на
картата на Јужен Поток на официјалниот веб сајт на Газпром, гасоводот
сеуште не поминува низ Македонија.
Објавена е вест од 29 јуни 2012, за говорот на генералниот директор и потпретседател на Газпром, Алексеј Милер, во кој говорел за Јужен Поток како нова енергетска рута на Русија во јужна Европа, но воопшто не е спомната Македонија. http://www.gazprom.com/ Кликнете за поголема слика ![]() Истовремено, на картата на информациониот веб сајт за Јужен Поток, исто така гасоводот не поминува низ Македонија. http://www.south-stream.info/?L=1 Кликнете за поголема слика ![]() Но, за волја на вистината, на ниту една од двете карти гасоводот не поминува низ Албанија, поради што следува заклучокот дека или балканските политичари им продаваат магла и на Албанците и на нас Македонците, или Газпром не ги збогатува редовно своите веб сајтови со најнови информации. На истиот веб сајт, во секцијата Cooperation (Соработка), во подсекцијата за соработка помеѓу Газпром и Македонија, пишува за средбата помеѓу претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и генералниот директор и потпретседател на Газпром, Алексеј Милер, на 10 јуни 2010. http://www.south-stream.info/index.php?id=65&L=1. А на официјалниот веб сајт на компанијата South Stream Transport AG (Јужен Поток Транспорт), е прикажана само некопнената карта на која е прикажано како гасоводот поминува од југозападна Русија, низ Црно Море, до источна Бугарија. http://www.south-stream-transport.com/ Кликнете за поголема слика ![]() Но надеж влева инвестицискиот план на компанијата, конечните инвестициски одлуки треба да се донесат до крајот на 2012, кога и треба да започне изградбата на гасоводот. http://www.south-stream-transport.com/gas-pipeline/timeline/ TimelineKey Milestones
Edited by Dexter26 - 04-Jul-2012 at 14:59 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
@dragan
Македонија официјално во „Јужен поток“Македонија и официјално е на мапата на гасоводот Јужниот тек. Македонската владина делегација денеска од руската влада ја доби нацрт-спогодбата за соработка во изградбата на гасоводната мрежа. - Ова претставува успех за Македонија... Владата во најкраток можен рок ќе го разгледа текстот и ќе ја продолжиме процедурата на македонска страна во соработка со „Газпром“ и руската Влада, изјави Ставрески. Градбата на ”Јужен поток” се очекува да почне во декември годинава, и до крајот на 2015-та да заврши комплетно. Гасоводот има два крака. Првиот минува низ Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија и Австралија, а вториот преку Грција и Албанија до Италија. За Македонија ќе биде пуштен крак кој засега не е утврдено дали ќе биде од Грција или од Србија. Нацрт-спогодбата ќе биде проучена од експерти, а изградбата ќе ја менаџира мешовита компанија по примерот на останатите вклучени земји. Приклучувањето на Македонија во овој проект ќе значи пристап на компаниите и граѓаните до поевтина енергија. Денешната меѓувладина спогодба следи откако вчера беше потпишан меморандум со руската компанија „Стројтрансгас“ за изградба на гасоводната мрежа во Македонија. Борис Грујоски |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Dragan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Македонија се гасифицира, проект вреден 300 мил. евра
Почнува реализација на проектот за гасификација на Македонија вреден 300 милиони евра. Руската компанија „Стројтранс гас“ и Македонски енергетски ресурски денеска во рамки на Меѓувладината македонско-руска комисија потпишаа Меморандум за соработка кој е првиот сериозен чекор кон изградба на националната гасоводна мрежа во земјава. Договорот треба да се потпише најдоцна за неколку месеци, по што ќе почнат и работите на терен.- Ова претставува круна на напорите што досега ги вложивме во рамките на Меѓувладината комисија и Спогодбата за регулирање на клириншкиот долг на Русија кон Македонија со кој ќе се реализира овој проект и последната посета на премиерот Никола Груевски и средбата што тој ја имаше со претседателот Владимир Путин во Санкт Петербург минатата недела, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и копретседател на Мешовитата комисија по потпишувањето на меморандумот. Според него, со ова се операционализираат договорите постигнати во рамките на средбите на Мешовитата комисија. - Очекувам со оваа спогодба да се утврди временската рамка во која што ќе се усогласат сите технички и други детали за да може за неколку месеци од денеска да почне реализацијата на проектот за гасификација, однодно да се потпише и договорот со кој целосно ќе се реализира овој проект. Двете страни имаат најмногу месец-два да ги финализираат работите на своја страна и најмногу за три-четири месеци да се почне реализацијата на проектот, рече Ставрески. Почнувањето на израдбата на објектите за неколу месеци го потврди и Максим Александрович – Травников, заменик-министер за регионален развој и копретседател на Мешовитата комисија. Тој посочи дека за неколку месеци ќе почне со изградба на објектите и конкретна достава на гас на целата територија на Македонија. Владата, како што истакна министерот за траспорт и врски Миле Јанакиески, е целосно подготвена за изготвување на проекти, а денешниот меморандум овозможува уште во текот на овој месец да се почне со постапка за експропријација и добивање одобрение за градба. Изградбата на гасоводната мрежа во Македонија е значајна и за граѓаните и за стопанството. Засега гасоводна мрежа има од бугарската граница преку Куманово до Скопје. Потпишувањето на меморандумот со „Стројтранс гас“ беше договорено на средба на премиерот Никола Груевски за време на посетата на Русија минатата недела, кога беше договорено и приклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“. Потпишувањето на меморандумот е во рамки на 6. седница на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно техничка соаботка која денеска и утре се одржува во Нижни Новогород во рамки на која се разгледуваат перспективите за развој на трговско-економската соработка меѓу Македонија и Русија. |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Sttefan ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Jun-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Добро кажано! |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Газпром ќе ја приклучи Македонија на Јужен поток22јун 201215:36 Подготвени сме да го интензивираме и динамизираме процесот за приклучување на Република Македонија во проектот Јужен поток, кој претставува еден од најзначајните гасоводни коридори во Европа. Ова е заклучено на денешната средба на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски со генералниот директор на руската нафтена компанија „Газпром“, Алексеј Милер. Милер информираше дека „Газпром“ има подготвено нацрт-договор за приклучување на Македонија кон Јужен поток, кој во текот на следниот месец преку руското Министерство за енергетика и официјално ќе ѝ биде доставен на разгледување на нашата земја, со што започнуваат сите конкретни процесни дејства околу овој проект во однос на нашата земја, соопшти Секторот за односи со јавноста на Владата на Република Македонија. Соговорниците изразиле подготвеност и интерес и за реализација на други проекти од заеднички интерес. Газпром планира гасоводот да поминува низ многу земји и да заврши до крајот на 2015 година. „Тоа ќе биде една сериозна поддршка на енергетскиот систем на Република Македонија и поддршка на компаниите на коишто им е потребен гас и кој што ќе им биде долгорочно снабдување со енергија“, оцени Груевски. Покрај средбата со раководството на „Газпром“, владината делегација имаше средба и со губернаторот на Ленинградската област со кого се разгледувале можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Ленинградската област која што е една од најнзачајните во Русија. Заклучено е делегација од Ленинградската област да ја посети Македонија. Во најскоро време се очекува потпишување на меморандумот за соработка со руската компанија „Стројтрансгас“ по што до крајот на летото треба да биде потпишан нацрт договорот за изградба на гасоводот во Македонија.![]() - Договорено е во следните недела до две да се потпише најпрвин меморандумот за соработка, а потоа до крајот на летото да го добиеме и Нацрт договорот за изградба на гасоводот во Република Македонија, односно инфраструктурата за носење на гас во внатрешноста на државата, изјави Груевски. Очекува дека кон крајот на оваа, односно во првиот квартал од следната година да почне реализацијата на овој проект. Edited by Goran - 23-Jun-2012 at 03:43 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
http://www.build.mk/?p=16048 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Мое мислејне за гасификација во Македонија.
Требат да никнат повеќе гацифицирани термо централи оклу поголемите градови. Ке се намалат загубите на пренос на енергија. Ке понудат електрична и топлотна енергија. Топлотната енергија ке ја намали побарувачката на електрична енергија во зима кога е најкритично. Ке потикне развој на раноградинарски култури пластеници.Со конкуретна цена на производство. Хидро акомулации ке се користат најповеке во лето а што ке значи полни акомулации доволно вода за наводнувајне на земјоделски површини. Ке биде исплатлива градбата на главниот гасовод во исто време секудраната диструбутивна мрежа ке стани економски исплатлива за релизација. Треба да има вакви електрани. Во полошко меѓу Тет и Гос во Овче полие во Близина на Струмица Пелагонија близу Прилеп Мегу Охрид и Струга и во преспа. Ке го реши брзо и кратко рочно проблемот со увоз на Ел енергија. Ќе овозможи простор за долгорочна енергетска стратегија. Да се изградат другите хидро потенцијали и да се размислува за нуклерка на долгорочен план и обновливи извори на ел енергија. |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
СЕ ИНТЕНЗИВИРААТ АKТИВНОСТИТЕ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГАСОВОДОТ Трасата до Неготино ќе се гради годинава?Со доделување
на лиценцата за управување со гасоводниот систем на „Македонски
енергетски ресурси“ (МЕР), во надлежност на државната фирма ќе биде
развојот на системот. Преносот, од што во суштина се остварува
профит, и натаму треба да го врши ГАМА, која ќе остане да ја управува
веќе изградената мрежа, со единствена разлика што управувањето со
вентилите со кои се регулира дотокот на гас до одделни корисници ќе биде
во надлежност на МЕР. Со ова ќе ~ се одземе можноста на ГАМА да го
повтори она што го направи во јануари кога поради неплатени сметки, им
ја запре испораката на гас и на компании што се редовни плаќачи, што е
спротивно на законот. Во надлежност на МЕР во иднина ќе биде и
издавањето на дозволите за приклучок на мрежата, па и со ова ќе се
надминат поплаките што досега доаѓаа од компании кои тврдат дека
аплицирале за добивање приклучок, но ГАМА никогаш не им издала дозвола.
Тука се посочува и примерот на гасоводниот систем во Kуманово, кој три
години чекал одобрение за приклучок. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0C660BE7EBAC9F47AB5E3050A1C51E80 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
ТАВ ќе добие гас! Државната гасификација жртва на ребалансот!Катерина ПопоскаСо
околу 1,5 милиони евра Га-Ма и ТАВ Македонија ќе градат гасовод од
зоната Бунарџик до скопскиот аеродром. Колатерална корист од проектот ќе
бидат неколкуте капацитети во општините Илинден и Петровец.
Гасификацијата на цела држава пак, годинава е жртва на ребалансот на
Буџетот, проект за кој се скратени дури два милиони евра ![]() 2 милиони евра помалку предвидува ребалансот на Буџетот за годинава за гасификација на цела држава Скопскиот аеродром ќе се гасифицира најверојатно од есен. Систем-операторот Га-Ма, компанија во сопственост на државата и на Макпетрол 50-50, ќе вложи околу 1,2 милиони евра за ТАВ да добие гас преку технолошко-индустриската развојна зона Бунарџик. Од ТАВ Македонија ја потврдија информацијата на „Капитал“. „Гас ќе влечеме од ТИРЗ Бунарџик. Вредноста на проектот е околу 1,5 милиони евра, а ние како ТАВ Македонија одвоивме 300.000 евра за да се изгрдат околу седум километри гасовод. Уплатата е завршена, договорот со Га-Ма веќе е потпишан, нарачана е опремата за мерните станици, така што очекуваме дека од октомври ќе можеме да го користиме гасот како енергенс. Гасот нема да биде само за нас, туку за околината. За нас е многу важно тоа што во организацијата на аеродромите ја внесуваме компонентата за заштита на животната средина преку користењето на гасот. Ние досега користевме струја при работењето“, изјави за „Капитал“ генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски. Сопственикот на фабриката Пекабеско, Слободан Кутревски, само кусо изјави дека со нетрпение очекува да добијат гас, како што добиле ветување од општината Илинден и од Га-Ма. „Ние ќе бидеме колатерална корист од изградбата на гасоводот од Бунарџик. Немам точни податоци, но знам дека ние количински сме поголем потрошувач на гас од ТАВ“, вели Кутревски за „Капитал“. Дека и Владата забрзано работи на гасификација на ТАВ, од што корист ќе извлечат и неколкуте индустриски капацитети во околината, покажува и фактот што минатата недела Министерството за финансии преку оглас ги известува граѓаните дека ако не се јават навреме во подрачните единици на Управата за имотно-правни работи, ќе им го експроприраат земјиштето низ кое треба да поминува гасоводот од ТИРЗ до аеродромот. Од Министерството за транспорт и врски пак, не прецизираат кои конкретни проекти ќе ги изградат со ребалансираните три милиони евра за гасификација на цела држава. Токму гасификацијата на цела Македонија беше една од жртвите на ребалансот за годинава. „Во тек е изработка на проектната документација за делница на потегот Скопје-Тетово-Гостивар, со можност за поврзување на Кичево, и се очекува истата да биде завршена во мај 2012 година. Во тек е постапката за обезбедување пари од меѓународните финансиски институции за изградба на останатите предвидени делови од националниот гасоводен систем. По обезбедувањето на парите, предвидено е изградбата на овие делници да се одвива во две фази“, објаснуваат од Министерството за „Капитал“. На
евтиниот гас сè уште чекаат скопските индустриски зони Визбегово,
Пинтија, како и речиси цела Македонија, енергенс кој ќе го направи
поконкурентно нивното производство. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/83451/tav_kje_dobie_gas!_drzhavnata_gasifikacija_zhrtva_na_rebalansot!.aspx?iId=2715 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Kрива Паланка се подготвува за гасификацијаВторник, 20 Март 2012 За
централното градско подрачје и за индустриската зона во завршна фаза е
проект за гасификација, а за натамошната реализација веќе се
заинтересирани повеќе странски и домашни инвеститори. Kрива
Паланка и Kратово ќе добијат изведбени проекти за гасификација, кои се
финансирани преку Североисточниот плански регион во кој спаѓаат овие две
општини. Изработката на проектите е во завршна фаза, а Општина Kрива
Паланка веќе размислува за негова натамошна реализација и што поскоро
гасифицирање на градското подрачје.
- За
потребите на проектот се вршат мерења на теренот и тој треба да биде
целосно завршен за околу еден месец. Со изведбената документација се
опфаќа централното градско подрачје и индустриската зона. Точно ќе бидат
определени локалитетите каде што ќе поминува главниот цевковод и
водовите за градската гасификациона мрежа, а ќе има и две
мерно-регулациски станици за левиот и за десниот брег од градот - вели градоначалникот Арсенчо Алексовски. - Една
од опциите е гасифицирањето да се изврши преку јавно-приватно
партнерство, а се разгледуваат и можностите дали општината има капацитет
сама тоа да го спроведе. Во секој случај, веќе има заинтересирани
странски и домашни инвеститори и ќе видиме која форма ќе биде најдобра - вели Алексовски. - Моја заложба е за наредната грејна сезона да имаме приклучено на гас барем неколку индустриски капацитети, а доколку успееме да ја гасифицираме и болницата, тоа ќе биде огромен успех. Има повеќе заинтересирани потрошувачи и од индивидуалните домаќинства, кои веќе имаат сопствени инсталации и само треба да се изврши пренамена на горилниците. Според првичните процени, греењето на гас е поевтино за 50 отсто од затоплувањето со електрична енергија и нафта, а со оглед и на другите придобивки на овој енергент, очекуваме дека Kрива Паланка наскоро ќе биде гасифициран град - подвлекува Алексовски. http://www.krivapalanka.gov.mk |
|||||||||||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Владиниот економски совет го разгледа проектот за гасификација на Македонија
Разгледување на проектот за гасификација на Република Македонија, определување приоритети во патната инфраструктура и преструктуирање на проектот за концесија на Коридорот 8 се двете точки кои се разгледаа на денешната редовна седница на владиниот Економски совет. - Во однос на гасификацијата, Економскиот совет донесе одлука дека Република Македонија треба да го реализира како приоритетен правецот од Клечовце преку Штип до ТЕЦ Неготино со средствата кои се обезбедени од Клириншкиот долг, односно од средствата кои Русија и ги должи на Македонија. Намерата е со првиот крак што ќе се изгради од гасоводот да опфатиме околу 96 километри должина на делница која е стратешки значајна за да се донесе гас до централното подрачје на Македонија, да се донесе енергенс кој е еколошки чист и на тој начин да се создадат услови за трансформација на ТЕЦ Неготино од мазут, како што сега работи на гас, изјави по седницата вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески. Доколку има интерес од концесионери, потенцира, на локација која е веднаш до сегашната термоелектрана Неготино, во иднина ќе се понуди изградба на уште една електрана на гас. - Веќе имаме конкретна понуда од руска компанија, која од страна на Владата на Руската федерација е определена за партнер на Македонија во реализацијата на овој проект, што значи дека веќе е завршена фазата на технички разговори, каде ќе минува трасата и колку ќе чини. Сега Владата се определи за оваа траса како приоритетна, а во понатамошните фази ќе се реализираат и останатите траси од магистралниот гасовод кои ќе ја опфатат делницата што ќе помунува преку Хамзали, Струмица, Валандово до границата со Грција, како и делот од Скопје, Тетово, Гостивар во однос на кои средства ќе добиеме од Европската банка за обнова и развој до крајот на следната година, истакна Ставрески. Со Европската банка за обнова и развој, како што рече, Владата е во преговори, се прават студии, како и документација која е неопходна. - Но, веќе имаме согласност од Европската банка за финансирање на тие делници, потенцира Ставревски. Извор: Министерство за транспорт и врски,http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3623 Edited by BOJAN - 27-Feb-2012 at 18:23 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
MAKEDONIJA I CRNA GORA NA TRASI JUŽNOG POTOKA?!
Denis Ignatjev je predstavnik Gazproma. On je ovih dana izjavio za ruske medije da je Srbija centralna regionalna tačka trase Južnog potoka i dodao je da se trenutno radi na tehničkoj dokumentaciji i na posebnoj studiji za Makedoniju i Crnu Goru. http://www.energyobserver.com/vesti.php?lang=1&ID=36958 Edited by Cloverstack - 28-Feb-2012 at 01:06 |
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=46491
Гаспром не заобиколи, Ставрески оптимист за Јужен поток
|
|||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||
Домаќинства ќе се приклучат на гасПретставници на месни заедници, куќни совети и поединци секојдневно бараат информации за условите под кои ќе се врши приклучокот. ![]() ЈП „Куманово-гас„ за два месеци ќе започне со приклучок на домаќинствата на гасоводната мрежа. Претставници на месни заедници, куќни совети и поединци секојдневно бараат информации за условите под кои ќе се врши приклучокот. Од претпројатието велат дека центата предвидена за приклучок ќе биде 800 евра.
Во Куманово е поставена 12.700 метри гасоводна мрежа, а досега си приклучени неколку образовни интитуции, градинки, старскиот дом како административните згради на општината и јавни претпријатија. http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/domacinstva-ce-se-priklucat-na-gas.html |
|||||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1718192021 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |