build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Комерцијални
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Трговски објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 28>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 15-Jun-2011 at 13:30
Slucajno po facebook go najdov stranicata na objektot sto se gradese na plostadot na Tetovo.
Se raboti za Centarot Ilirija, kje ima kafe, restoranti itn. itn.
Spored mene, ovaj objekt nikako ne im e tuka mestoto(na plostad)BashPuke
http://www.facebook.com/media/set/?set=pa.100002430879076
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 26-Apr-2011 at 11:29
Експанзија на трговската дејност

Не е криза и за отворање шопинг-центри

Соња Јованова
Не%20е%20криза%20и%20за%20отворање%20шопинг-центри

Изградбата на трговски центри во Македонија стана вистински тренд во последните неколку години. Рамстор, Соравија, Сити галери, Веро, Зебра, Лумикс на плоштадот во Скопје никнуваа година за година, а веќе во фаза на изградба се уште неколку нови грандиозни трговски центри. Последното отворање на стоковната куќа Мост го наметна прашањето дали во време на криза е помалку ризично и поисплатливо да се инвестира во трговски центри? Практиката во Македонија, а и во земјите во регионот покажува дека кризата не беше пречка да се отворат неколку шопинг-центри и да започне изградбата на други. Познавачите дури коментираат дека има уште поголем интерес за инвестиции во оваа област во Македонија, особено од турски компании. И супермаркетите ја прошируваат својата дејност. Тинекс, Веро, Туш, Скопски пазар отвораат нови објекти.Има ли потреба од толку шопинг-центри во земјава во услови кога куповната моќ на граѓаните е на ниско ниво, а и генералната оценка е дека постоечките трговски центри не работат со полн капацитет. На што се темели исплатливоста на овој бизнис?

Во Стопанската комора на Македонија велат дека и покрај големиот број во земјава се уште има простор за нови трговски центри и супермаркети. Јадранка Аризанковска, виш соработник во Комората, вели дека нови центри се отвораат бидејќи секој бренд кога влегува на некој пазар сака да има сопствен простор.
“Според анализите, очекувањата се дека идната година во Европа ќе се подобри економската состојба, а ќе се зголеми и куповната моќ на граѓаните. Ова ќе влијае и во Македонија да се нормализира ситуацијата, па ќе се јави потреба и за нови брендови“. Освен постоечките трговски центри, за две до три години само во Скопје треба да се изградат и огромните објекти, како Скопје сити мол меѓу булеварот Партизански одреди и Илинденска, каде што инвеститори се Фешн груп и Балфин груп од Албанија, со вкупна инвестиција од 80 милиони евра. Истата сума се споменува и за деловно-трговскиот центар на инвеститорите Газит глоуб, кои за две години треба да ја завршат изградбата на локацијата кај поранешна Алумина.

Со продажба на државното земјиште по почетна цена од едно евро за метар квадратен допрва треба да се очекува изградба на трговски центри и во другите градови во Македонија, како во Битола, Гевгелија, Тетово, Струмица.

“Капитал“ дознава дека и на Евроазискиот самит што неодамна се одржа во Истанбул турските инвеститори се интересирале за отворање шопинг-молови во Македонија. А, Турците се познати по тоа што веќе препознаа атрактивен бизнис со трговија на македонскиот пазар. Токму групацијата ЕСХ од Турција ја отвори стоковната куќа Мост во Старата скопска чаршија, која ќе функционира како *department store, односно ќе биде поделена на реони со женска, машка, детска, долна и спортска облека, парфимерија, играчки и кафе-ресторан.Експертите истакнуваат дека отворањето трговски центри во земјава е инвестиција која отвора работни места, но не придонесува за долгорочен економски развој на земјата, за што е потребно изградба на повеќе производствени капацитети. Аналитичарите велат дека во време на криза помалку ризично е да се инвестира во трговски капацитети затоа што е исплатливо, повратот на капитал е брз, а ризикот мал.

Иако во Македонија во последниве години се отворија многу трговски центри во кои доминираат продавници за облека, трговците кои работат со франшизи велат дека овој бизнис изумра, а како причина ги посочуваат неквалитетните брендови кои се продаваат во земјава.
Искра Ивановска, генерален менаџер на Итали нова, застапници на брендовите Калиопе и Теранова, вели дека пример за ова е Градскиот трговски центар на кој не му предвидува светла иднина. 
“Хрватска има многу трговски центри кои се сериозни затоа што таму се продаваат брендови на франшиза, а кај нас сите продавници се преплавени со турска и кинеска роба. Не потценувам никој, но зборувам од аспект на економската ситуација, која не дозволува толку шопинг-центри кои не нудат ништо ново и атрактивно“, вели Ивановска. Други трговци велат дека во Македонија наместо да се носат нови и атрактивни брендови, се продава евтина стока која лесно поминува кај граѓаните.“Се соочуваме со нелојална конкуренција затоа што голем број набавувачи на облека од Турција ја носат на кило. И така, парче облека кое го купиле за пет евра го продаваат овде за 50 и тоа нормално функционира. Затоа, никој не носи нови брендови бидејќи вака е поисплатливо“, вели соговорникот за “Капитал“.

http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/65610/ne_e_kriza_i_za_otvoranje_shoping-centri.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 08-Apr-2011 at 20:34

Владата ќе гради откупно-дистрибутивен центар во Ресен

петок, 08 април 2011, 18:05

Откупниот центар за овошје и зеленчук на Хрватски Агрокор од први јуни ќе почне со работа, тврдат од Министерството за земјоделство. Привршувале подготовките за откупно-дистрибутивниот центар во Струмица, кој Владата и компанијата го најавуваат веќе три години. И повеќе домашни компании се интересирале за изградба на вакви центри. Во моментов во цела Македонија работеле само три, кои според капацитетите и технологијата не можеле да придонесат за значителен развој на земјоделството, велат од Министерството.

„Во тек е изградбата на 10 откупни дистрибутивни ценри кои ќе почнат со работа, Агрокор ќе почне од први јуни.Очекуваме во наредните две до три години да се изградат по најмалку 5 нови центри и со ова се надеваме дека драстично ќе се подобри состојбата во инфртаструктурата и маркетингот а со тоа и да се реши проблемот со пласманат на производите“ - изјави заменик министерот за земјоделство Перица Ивановски.

За да го поттикне интересот за изградба на центрите, државата им ветува на компаниите дека ќе им покрие половина од трошоците за изградбата, а на заинтересираните ќе им понуди и атрактивни локации. Владата планира да гради и државен откупно-дистрибутивен центар со капацитет од 25. 000 тони во Ресен. Инаку, преку програмите за рурален развој и ИПАРД веќе се потпишани 6 договори за изградба на откупни центри со вредност од 2 милиони ерва.

http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=35777
Back to Top
N23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
  Quote N23 Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 03-Apr-2011 at 13:23
Ова е објект со продавници, стилот е сличен на оние мали "фри-шопови" пред бугарско-турска граница у кои има све и свашта. За овој објект ми беше кажано дека не се отворил поради конкуренцијата од Глобал. Епа не знам после каков таков мол што доби Струмица, кој би сакал во овој објект да откупи дуќан, особено што во Глобал работат само 2 спрата, третиот е празен. Очигледно таа е побарувачката.



Back to Top
nylon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 23-Oct-2010
Online Status: Offline
Posts: 168
  Quote nylon Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 02-Apr-2011 at 12:37
Конечно и кај нас стоковна куќа. Само што не сум баш сигурен дека "бизнисмениве" имаат капацитет за ова.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 02-Apr-2011 at 11:30

Турски бизнисмени влегоа во стоковната „Мост“

На три ката ќе се продаваат познати брендови облека, козметика, галантерија, покуќнина и мебел

Снежана Калабакова



Од средината на април повторно ќе профункционира стоковната куќа „Мост“ под своето автентично име. Во неа веќе влегоа двајца турски инвеститори Алкан Доган и Левент Аксу, кои со објектот ќе менаџираат во наредниве десет години ќе менаџираат. Овие бизнисмени веќе пет години се во Скопје како сопственици на ресторанот „Ла луна“ во „Рамстор“.

Три ката од стоковната ќе бидат резервирани за продажба на познати брендови на модерна и спортска облека, козметика, галантерија, производи за покуќнина и мебел. Деновиве интензивно се уредува внатрешноста на првиот и вториот кат кои имаат површина од 865 и 1.100 квадратни метри. Во подрумскиот простор со 650 квадрати ќе се продава мебел од домашни и од странски производители. На најгорниот кат, пак, на простор од 150 квадратни метри се подготвува елитен ресторан „Мезалуна“, а во него ќе се послужуваат најпознатите италијански и француски мезалаци и пијалаци. Планирано е ресторанот да има тераса со површина од 350 квадратни метри, а управителите планираат да изградат и надворешен панорамски лифт со кој ќе се стасува до ресторанот.

Инвеститорите велат дека стоковната ќе го задржи автентичниот надворешен изглед, но и првичното име во знак на добрата македонско-турска соработка. Тие веруваат дека ќе најдат економски интерес во својот бизнис, како и стотината лица што ќе се вработат во неа. Сметаат дека е најважно тоа што со производите што ќе ги нудат од брендови како што се „Келвин Клајн“, „Лореал“, „Диор“, „Аксесорис“, „Пенти“, „Сара фешн“, „Најк“ и многу други ќе ги заинтересираат купувачите. Покрај облека, накит, козметика, постелнини на продажниот климатизиран простор на стоковната куќа ќе се најдат и многу грчки сувенири и декоративни предмети од италијанското „мурано“ стакло. На рафтовите на двата ката ќе бидат сместени најразлични производи на дваесетина фирми.

„’Не некогаш, туку секогаш овде ќе го најдете најдоброто и по цена и по квалитет‘. Ова ќе биде нашиот слоган според кој ќе се раководиме во нашата работа“, вели Левент Аксу, еден од управителите.

Алкан Доган вели дека стоковната куќа „Мост“ ќе стане централната точка на модата и модерната технологија на влезот во чаршијата. На купувачите ќе им го понудат последното достигнување на технологијата во најразлични марки на ДВД-плеери, плазма-телевизори, сателитски антени, кујнски апарати и многу други производи.

Двајцата бизнисмени најавуваат секој месец купони и флаери со попусти, специјални „мост - картички“ за привилегирани редовни купувачи, награди и други изненадувања. Стоковната куќа ќе биде отворена 365 дена во годината од 9 до 22 часот, а ако добијат дозвола, во лето во неделите ќе бидат отворени до 24 часот.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2543145E92E84F48BA4AF221F86DE00D
Back to Top
Тркало View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 31-Dec-2010
Location: Охрид
Online Status: Offline
Posts: 1179
  Quote Тркало Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 30-Mar-2011 at 21:58


Објектов е на кружниот тек на крајот од Железничка ,многу ми е различен од околината и морав да го ставам на увид овде . Најверојатно салон за мебел...
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 12-Feb-2011 at 12:22

Голем маркет за сечиј џеб ќе никне во Велес

За велешки „Жито“, кризата не е кочница, туку предизвик да се остварат поголеми резултати

Маја Томиќ

Ниски, конкурентни и постојано промотивни цени, примамливи за џебот на обичниот граѓанин, чести и специјални попусти на одредени производи што гарантираат лојални и, пред се', задоволни купувачи. Тоа е главното мото на велешки „Жито“, денес препознатлив трговски бренд во Велес и пошироко. Компанијата се роди во далечната 1989 година, од една мала продавничка во центарот - „Жито плус“. Веќе денес фирмата брои 305 вработени и има синџир од 21 трговски маркет во неколку градови во земјава, од кои девет се во Велес, а шест се лоцирани во Скопје. Сите се онлајн поврзани и се контролираат со видеонадзор.

Изгледа дека кризата не е кочница за „Жито“, туку, напротив, потстрек за остварување поголеми резултати. Бидејќи во 2010 година „Жито“ забележа раст од дури 25 отсто, во споредба со претходната година, поради што ја доби и наградата за најдобар трговски објект во категоријата на супермаркети.

Традицијата на „Жито“ започна со Ване Ѓошевски, а денес малопродажбата ја води неговиот амбициозен син Далибор, банкарски менаџер по струка.

„Во борбата за место на пазарот, ако сакате да успее токму вашиот концепт, треба да бидете различен од сите други, препознатлив, бидејќи, во спротивно, ќе станете спореден играч. Со многу верба во себе макотрпно работевме на тоа да изградиме една успешна компанија и да станеме она што сме денес - дом на задоволни купувачи. ’Жито‘ веќе стана препознатлив по нашата добра услуга и по пониските цени од другите маркети. Нашата политика е да ги градиме цените според економската состојба на граѓаните. Што би можело да се сфати дека во Скопје сме најскапи, но, сепак, најевтини во споредба со другите“, вели Ѓошевски.

Тој додава дека и во „Жито“, како и секаде, поскапија лебот, шеќерот и маслото, но така морало, како што е познато, поради берзанскиот карактер на овие производи. Сепак, свесни за стандардот на граѓаните, немало драстичен скок на нивната цена, затоа што во магацините на „Жито“ имало одредена залиха од овие производи.

Можеби затоа поскапувањето на речиси сите прехранбени стоки на пазарот од почетокот на годинава, што го намали прометот во маркетите во земјава, не се одрази врз прометот во „Жито“. Напротив, Ѓошевски вели дека кај нив во јануари, во споредба со истиот месец лани, имало зголемување на продажбата за 5 проценти.

Од 2007 година трговскиот бизнис се прошири и со земјоделска дејност, односно купени се земјиште и лозови насади на кои се одгледува овошјето по најсовремени методи. Дел е за домашниот пазар, а дел се извезува. Се планира наскоро да се изгради и погон за преработки на овошјето. Притоа, производите ќе се пакуваат во сопствена амбалажа, што е уште еден нов проект на „Жито“ што ќе се реализира оваа година.

„Извезуваме и соработуваме со фирми од Србија, Хрватска и од Словенија, како и со повеќе домашни компании, но исклучиво станува збор за квалитетни играчи, кои работат со ХАЦЦП-сертификат. Притоа, морам да спомнам дека голем проблем во работењето ни се оние трговци што работат без документи и создаваат хаос и нелојална конкуренција“, нагласува Ѓошевски.

Покрај конкуренцијата од „дивите“, тој вели дека проблем е и нередовната наплата, најмногу од домашните компании. Со тоа се соочува целото македонско стопанство и затоа, според Ѓошевски, институциите треба да издејствуваат подобри механизми за заштита на фирмите и за обезбедување ефикасна наплата. „Жито“ како бонитетна фирма, добро соработува со банките, кои секогаш му излегувале во пресрет. Немало ниту посебни проблеми со локалните власти во другите општини каде што имаат маркети.

„Тековно ги решаваме проблемите и не може да се каже дека некој од власта ни правел или ни прави сопки. Флексибилни сме во соработка со сите и се трудиме многу-многу да не ја мешаме политиката во работењето, да се држиме до чисто економските мотиви“, изјави Ѓошевски.


Посебна гордост за него е новата инвестиција во трговскиот центар од 1.500 квадратни метри продажен простор, вредна околу 1 милион евра. Модерниот објект интензивно се гради и се очекува да биде пуштен во употреба оваа пролет. Ќе биде на два ката, во него ќе ги има голем асортиман на стоки за широка потрошувачка, плус кафуле, пекарница, фурна за месо, месарница, рефус овошје, цвеќара... „Овој проект се подготвуваше околу 3 години и сите вработени со нетрпение го очекуваат финишот. И во новиот продажен маркет нема да има многу брендови и повторно ќе се оди на варијантата со ниски цени, пристапни за сечиј џеб. Освен во Велес, ваков трговски маркет ќе градиме и во Гевгелија, за што веќе купивме деловен простор кај автобуската станица“, вели Ѓошевски, и најавува дека годинава ќе се воведат уште многу примамливи новини за потрошувачите.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8A287397424E8E45924FD7FB1DC0FA2E

Edited by Cloverstack - 12-Feb-2011 at 18:57
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 02-Feb-2011 at 13:22
ЌЕ СЕ ТРГААТ ПРИВРЕМЕНИТЕ ОБЈЕКТИ ВО КАРПОШ 2
Трговски центар ќе ги исели маалските дуќани

Роза Петкова

Четирикатен трговски центар, кој треба да се гради на аголот од улиците Никола Тесла и Партизанска, во населбата Карпош 2, ќе ги исели дуќанчињата што со години постојат на просторот. Вработените во колонијалот, берберницата, ќебапчилницата, бурекчилницата, како и тие од поштата и од автошколата, се загрижени за својата егзистенција бидејќи пред извесно време од Општината разбрале дека ќе треба да се селат. Тие се свесни за тоа дека работат во привремени објекти, но, како што велат, со нивното рушење ќе останат без основната заработувачка која ги храни нив и нивните семејства.
- Газдите на дуќаните добија покана од Општината да дојдат во нивните простории, каде што ги известиле дека ќе ги рушат затоа што се сместени во привремени објекти. Оттаму им кажале дека се јавиле сопствениците на земјиштето и дека до мај треба да се иселат. Се зборува дека на местово ќе се гради мал трговски центар и зграда. Знам дека одамна овде постојат мали дуќанчиња и навистина е жално вака одеднаш да згаснат. Тука имаме редовни муштерии од зградите кои со години доаѓаат кај нас - велат вработените од дуќаните. Во последната верзија на деталниот урбанистички план за населбата, кој се донесе пред две години, во зеленилото на оваа локација се вцрта трговски центар, висок 17,8 метри. Комерцијалниот објект ќе има продавници и ќе се изгради на приземје, четири ката и поткровје. Станарите од околините згради се побунија на одлуката на Општината да се гради трговски центар во единственото зеленило меѓу станбените блокови. Тие не се задоволни со ова решение бидејќи сметаат дека ќе им се одземе единствениот зелен простор во близина, кој особено им користи во летните месеци. На тревникот, велат, има и неколку реквизити и катче за децата, каде што може да си играат, па со изградба на објектот тоа ќе биде урнато. - Нема друго паркче во околината, тука си играат децата од населбата, а зад зградите има само паркиралишта и таму нема каде да се прошета. Ќе ни се затвори просторот и ќе гледаме само во бетон. Навистина не ја сфаќам таа потреба на секој слободен простор да се ставаат трговски центри - вели Ивана С., жителка од една од зградите. Станарите пред две години реагира и на тоа што за новиот план дознале случајно, од муабети во маалото, и тоа дури откако документот се усвоил на Седница во Општината, па немале кога да го кажат своето мислење во анкетните листови.
На дел од жителите во Карпош 2 им се допаѓа идејата да добијат трговски центар во близината. Сметаат дека нема многу содржини во близина, па не гледаат ништо спорно во изградбата на продажен објект. Според Општина Карпош, урбанистичкиот план, со кој е вцртана маркицата за трговскиот објект, бил дел од приоритетната програма на Владата. Со него се предвидени и други измени, меѓу кои и изградба на десеткатница, на местото на „Драмски театар“. За него требаше да се изгради објект со висина од 30 метри, во кој на приземјето и на мезанинот ќе се смести театарот, а на другите катови ќе има станови. Земјиштето на кое сега се наоѓа оваа установа е државно, но новиот објект нема да го гради државата, туку приватен инвеститор кој ќе биде заинтересиран за тоа. Сепак, по две години од донесувањето на планот, се уште нема заинтересиран инвеститор.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=2231&ArticleID=155697
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 31-Jan-2011 at 17:27
“Скопски пазар“ се задолжува за да гради на “Перо Наков“


Компанијата “Скопски пазар“ на интернет страницата на Македонската берза денеска објави ценовно чувствителни информации во врска со изградба на деловен објект на улицата “Перо Наков“ во скопската општина Гази Баба.
 
Според информациите од компанијата, проектот ќе чини 2,5 милиони евра.
Вкупната површина на објектот се наведува дека ќе изнесува околу 4.500 метри квадратни, а истата ќе се финансира делумно од сопствени средства, а дел со кредити “Охридска банка“.
 
На интернет страницата на Македонска берза објавено е дека “Скопски пазар“ во декември 2010 година, заложил недвижности вредни четири милиони евра, што претставува речиси 30 отсто од вредноста на претпријатието и е основа за задолжување на фирмата со кредити. Компанијата информира дека дел од кредитот во износ од 1 милион евра ќе се обезбеди од “Охридска банка“.
 
Директорот на “Скопски пазар“, Сашо Давитковски, во телефонски разговор ни рече дека е презафатен денеска за да даде изјава за оваа информација.
 
Во објавените информации се наведува дека според планираното проектот треба да заврши до крајот на годинава.
 
“Во објектот ќе се обавува деловно трговска дејност од однапред познати закупувачи“, наведено е во информацијата.
http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82165&kategorija=2
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 22-Dec-2010 at 15:32
КАМ маркет Гевгелија

Наскоро КАМ ДООЕЛ ќе го отвори својот прв маркет во Гевгелија, кој ќе биде сместен на ул. Слободан Митров Данко б.б, спроти полициската станица.


Ова е 45-тиот маркет на еден од најуспешните трговски синџири на прехранбени производи и единствен хард дисконт во Македонија.

Најавувајќи го настанот и понудата на КАМ маркети, маркетинг координаторот Филип Петрезанов вели:

-Основата на нашиот успех е штедењето, не инвестираме во луксузна опрема, производите се изложени во картон, имаме оптимален број на вработени во маркетите. За големи количини од производителите добиваме пониски набавни цени, а од секој производ малку заработуваме, но многу продаваме. Единствено не штедиме на квалитетот. Нашите купувачи знаат дека во КАМ не плаќаат за амбалажата, марката, луксузната опрема и скапата реклама, велат во маркетинг службата во КАМ.
http://gevgelija.gov.mk/mk/images/slki/kam.jpg
http://gevgelija.gov.mk
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 30-Nov-2010 at 13:42
Наместо во Солун, на шопинг во Гевгелија?



Пред граничниот премин Богородица треба да се гради
трговски центар со 135.000 квадрати корисна површина

Билјана Ангеловска

Граѓаните од Македонија нема да треба веќе да одат на шопинг до Солун. Наскоро ќе имаат можност ваквото задоволство да си го дозволат дома, во Гевгелија, бидејќи непосредно пред самата граница со Грција е планирано да се гради огромен трговски центар, нешто слично, па дури и пограндиозно од солунскиот „Космос“!

Изградбата на големиот шопинг мол во близина на граничниот премин „Богородица“ е предвидена со Урбанистичкиот план, кој Општина Гевгелија го донесе годинава по нарачка на Владата, и тоа во брза постапка. Земјиштето со површина од над 30.000 квадратни метри наменето за трговски комплекс „Граничен премин Богородица“ се наоѓа од десната страна на автопатот во правец кон границата со Грција, во соседство на казиното „Фламинго“, во непосредна близина на мотокрос-патеката и на само 50-ина метри од реката Вардар.

Министерството за транспорт и врски деновиве распиша јавен оглас за продажба на градежно земјиште во сопственост на државата во општина Гевгелија. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 1.000 денари за квадрат. Парцелата е со големина од 32.286 квадратни метри, од кои површината за градба изнесува 22.600 квадрати, а вкупната корисна површина достигнува до 135.000 квадратни метри. Со урбанистичкиот план е дозволена изградба на објект на приземје и пет ката, со висина на венец од 21 метар.

Од општината Гевгелија велат дека ова е втор обид на државата да го продаде земјиштето. Првиот пат било понудено со почетна цена од 2.000 денари квадратен метар. Дали скапиот квадрат бил причината зошто не се јавил ниеден купувач, никој не знае да каже.

Сепак, од Општината велат дека за конкретната локација постои голем интерес и тоа, пред се', од странски инвеститори.

Досега за земјиштето се интересирале Израелци, инвеститори од Дубаи, Руси, Кинези, но и Грци. Кој од нив колку сериозно е заинтересиран да стане газда на ова, како што велат гевгеличани, исклучително атрактивно земјиште, ќе се знае набрзо по завршување на оваа лицитација.

А, дека земјиштето се наоѓа на многу добра локација, доказ е новиот урбанистички план што го изготвува Општина Гевгелија. Овој план се однесува на урбанизација на нови 12 хектари, кои опфаќаат земјиште од двете страни на автопатот, а на кои се предвидува изградба на туристичко-угостителски комплекс од хотели, ноќни клубови, спа-центри. Планот треба да биде донесен веќе до крајот на годинава, а со него се брза бидејќи, како што дознаваме, имало најави дека некоја индиска групација е заинтересирана да гради хотели од синџирот „Ројал таунус“.

Изградбата на големите молови и хотелски комплекси во Гевгелиско, несомнено ќе придонесе за брз развој на општината Гевгелија која само од комуналиите што ќе ги наплати за сите овие објекти, а изнесуваат по 25 евра од квадрат, прилично ќе ја наполни својата каса.

Но, граѓаните ќе можат да шопингуваат и во другите градови низ државава. Ако не им се патува до граница, скопјани, покрај веќе многубројните трговски центри, за некоја година ќе можат да трошат пари и во двата нови кои допрва ќе се градат на територијата на општина Гази Баба. Државата понуди на продажба две парцели во оваа општина и тоа една во Маџари, веднаш зад истоименотото кино, со големина од 4.058 квадратни метри на која е дозволено на површина од 1.949 квадрати да се изградат вкупно 5.130 квадратни метри. Трговскиот центар може да биде висок најмногу 13,20 метри и да има две приземја и два ката. Во Хиподром, пак, се продава парцела од 2.328 квадратни метри, од кои под градба можат да бидат само 960 квадрати на кои може да никне објект на приземје и еден кат со максимална висина од 10,2 метра. И двата плаца се продаваат со почетна цена на земјиштето од 5.400 денари за квадратен метар.

Голем трговски центар ќе се гради и во општина Свети Николе, каде за почетна цена од 2.400 денари квадрат се продава земјиште со вкупна површина од 4.400 квадратни метри. Трговски комплекси ќе се градат и во Струга на површина од 2.000 квадратни метри, на левата страна од патот Струга - Ќафасан, но ова земјиште се' уште не е понудено на продажба.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E44F046823028645B764351B82CA08B7
Back to Top
build.mk View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
  Quote build.mk Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 27-Nov-2010 at 00:41
Се нуди земјиште за трговски центар во Свети Николе

Градежна парцела во Свети Николе со површина од 4.393 метри квадратни, ќе се продава на јавно наддавање на 21-ви наредниот месец. Земјиштето е во државна сопственост и е наменето за објект кој ќе содржи трговски и угостителски единици како и деловни простории. Урбанистичкиот план предвидува катност П+1 и најголема дозволена висина до венец од 10,2 метри. Површината за градење е 3.000 метри квадратни, додека максималната бруто развиена површина изнесува 4.500 метри квадратни. Во склоп на парцелата треба да се обезбедат 90 места за паркирање. Почетната цена е утврдена на 2.400 денари за квадрат, а пријави за учество на наддавањето можат да се доставуваат до 15.12.2010.


http://www.build.com.mk/?p=5800

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 11-Nov-2010 at 02:19

Трговскиот стана зона на самракот

Преку ден објектот со дуќани изгледа како секоја просечна автобуска станица, но кога и последниот автобус ќе замине од Гостивар за Скопје, просторот станува зона на самракот

Бездомници и зависници од дрога се „муштерии и трговци“ во триесетината дуќани што се наоѓаат во рамките на гостиварската автобуска станица, поради нерешен сопственички статус на објектот. Катот од едното крило на овој објект е целосно запуштен. Заплетканите сопственички односи, покрај штетите од неработењето, придонеле дел од објектот да стане дувло на натрапниците.

- Во овој дел од градот, по 22 часот граѓаните не се чувствуваат безбедно бидејќи не знаат на кого се' може да налетаат. А тука е и недоволно осветлено. Често се забележуваат сомнителни лица што се движат тука - се жалат жители од неколкуте згради на улицата Мара Угринова.

Прошетавме низ објектот, кој би требало да претставува трговски центар. Под скалилата затекнавме бездомник, кој покриен со јоргани спиеше врз поплочениот под. Не го разбуди ни нашето зборување. На катот глетката згрозува. Купишта ѓубре, измет, стари алишта и постелнина, а смрдеата ги пара ноздрите. Некои излози од дуќаните се искршени, вратите разбиени. Во внатрешноста може да се забележи дека некој тука е чест посетител. На подовите остатоци од алуминиумска фолија, игли и друг прибор што зависниците го користат за уживање наркотици.

Нашите соговорници сметаат дека токму запуштеноста е причина што трговскиот навечер се претвора во собиралиште на сомнителни лица. Се жалат и сопствениците на бизнисите на ова локација. Тие на приземјето почнале некаков бизнис, па проблем им се нехигиената и кражбите.

- Од западната страна на автобуската, можеби поради близината на зградите, а можеби и поради тоа што има повеќе дуќани, тие луѓе не свраќаат. На катот имам магацин, во кој неколку пати беше провалено, но откако ставив аларм, просторот не е атрактивен за крадците. Сами се заштитуваме кој како знае - вели Игор Пандилоски, сопственик на минимаркет.

И нему му пречи што објектот е запуштен.

Жителите во неколку наврати побарале помош од полицијата. Оттаму велат дека трговскиот центар на автобуската неколкупати бил опфатен со нивни акции. Потврдија и дека затекнувале зависници и бездомници што доаѓаат од други градови. Се' завршувало со предупредување.

- Со оглед на тоа дека станува збор за специфична категорија граѓани, ние не можеме да направиме ништо повеќе освен протерување. За кратко време тие повторно се собираат - вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој нагласи дека поради поплаките на граѓаните, во наредниот период зајакнато ќе го надгледува местото.

Гостиварци со години чекаа на модерна автобуска станица, а архитектите овој простор го осмислиле како урбана целина. Таквиот објект требаше да носи профит. Сепак, трговскиот центар никогаш не заживеа во целост.

На почетокот од деведесеттите години со профункционирањето на станицата дел од дуќаните се разработија. Десетина локали во приземјето што се сопственост на приватни бизнисмени работат.

Од вработените во автобуската станица и од околните жители разбравме дека поголемиот број дуќани практично немаат сопственик.

Според нив, објектот го градела градежната фирма „Маврово“, но подоцна поради долгови, му бил отстапен на ФАС „11 Октомври“. Откако фирмата отишла под стечај, престанала и грижата за објектите.

Иако со сигурност никој не можеше да потврди, нашите соговорници рекоа дека се под хипотека во неколку банки. За дел од дуќаните имаше оглас дека е на продажба.

Преку ден овој објект наликува на секоја просечна автобуска станица, но откако и последниот автобус ќе замине за Скопје, овој простор станува зона на самракот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=088D9A9398C1E54EA4379298EB4EEFB1
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 18-Oct-2010 at 20:57
Одамна не сум бил во тоа Веро но сигурно е помал. А не знам што мислеле под продавници во него, тоа е само супермаркет што наликува на мала верзија од маркетот во Рамстор молот. Да речеме дека е некои 3/5 од тој маркет
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 18-Oct-2010 at 15:51
Колкав е маркетот Линеа... Дали е нешто како Веро Тафталиџе? Слушнав дека имало и продавници во него. 
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 18-Oct-2010 at 11:12
WTF? Очигледно има изразен недостаток на професионална етика, но нели овие работи се регулирани со некакви правилници за проектирање??

Originally posted by La Linea


4. Оваа тесна уличка треба да ги опслужува возилата кои влегуваат и излегуваат од паркингот, така да конфликти се неизбежни. Не знам што мислеле архитектите кога ја проектирале гаражава


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 18-Oct-2010 at 11:03
Во Ново Лисиче, т.е. Реонски центар Аеродром е отворен Рамстор супермаркет. Солидно е изведено, со подземен паркинг како и паркинг над земја. Од јасни причини нема слики од внатре. Маркетот е некоја средна накај голема површина, не би вадел бројки од ракав, солидно снабден и полн погодок од аспект на локација, и пристап.

1.


2.


3.


4. Оваа тесна уличка треба да ги опслужува возилата кои влегуваат и излегуваат од паркингот, така да конфликти се неизбежни. Не знам што мислеле архитектите кога ја проектирале гаражава



5.


6.


7.


8.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 11-Sep-2010 at 10:12
ТРГОВСКИ ЦЕНТАР МИЛЦИ - ГЕВГЕЛИЈА

Објавен јавен повик за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, по пат на јавно наддавање, во „МИЛЦИ“, крај Граничниот премин Богородица.

Повеќенаменскиот комплекс кај месноста „Милци", се наоѓа во близина на Гевгелија и на само 1 км од граничниот премин Богородица.

 

Зафаќа површина од 44,05 ха, која се протега од десната страна на автопатот Скопје-Гевгелија, во правец кон границата со Република Грција, а веднаш покрај реката Вардар.

Кај „Милци“ предвидена е изградба на Големи трговски единици – Трговски центар.

На просторот постои уредена патека за мотокрос трки во м.в. "Милци", а во близина се изградени и други поголеми објекти со компатибилна намена.

Планскиот опфат е составен од повеќе градежни парцели, организирани во еден блок, наменети за комерцијално-деловни комплекси, за зеленило и рекреација и за инфраструктура. 

  • мали комерцијални и деловни дејности – класа на намена Б1
  • големи трговски единици – класа на намена Б2
  • големи угостителски единици – класа на намена Б3

Зеленило и рекреација - група на класа на намена Д

  • парковско зеленило – класа на намена Д1
  • заштитно зеленило – класа на намена Д2
  • спорт и рекреација – класа на намена Д3

Инфраструктура - група на класа на намена Е

  • некомпатибилна инфраструктура – класа на намена Е3

Висината на градбите е ограничена и истата се движи од 4 21 м.

Сообраќајното поврзување на локалитетот со основната патна мрежа на Република Македонија е предвидено преку планирана клучка во две нивоа преку која се овозможува брзо и едноставно приклучување на сообраќајните токови од магистралниот патен правец М -1(автопат Е - 75) Табановце (граница Р.Србија) – Богородица (граница Р.Грција). 

 

Почетна цена на земјиштето кое е предмет на јавното наддавање е 2.000 денари по метар квадратен.

Пријавите за учество на јавното наддавање да се достават најдоцна до 20.05.2010 година на адреса на Министерството за транспорт и врски (ул.„Црвена Скопска општина“, бр.4, Скопје).

Јавното наддавање ќе се оддржи на 31.05.2010 година, со почеток во 11 часот, во просториите на Министерството за транспорт и врски.

Лице за контакт:Виолета Самарџиска, тел: 00389 02 3145-565 и 00389 02 3145-447.

http://gevgelija.gov.mk



Edited by Makedonij - 11-Sep-2010 at 10:13
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 29-Aug-2010 at 17:37
se raboti za rem centar
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.328 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.