build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Економски вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 29>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #361 Posted: 02-Mar-2010 at 02:04
Кризава во Грција ми се виде како интересна тема за следење, со оглед на тоа што во голем дела е уникатна каква што еу и еврозона досега не се соочиле. Политични белези и рани што ги остават по европската политика и еу односи се длабоки што тешко зараснуваат, но нас не интересира какоке се одрази економски врз Македоонија. Имаше деновиве две теории што проструија. Едната е дека ќе пропаднат домашни компании со грчки капитал, па некои медиуми дури забегаа и ствараа манипулација дека странските инвестиции се одлеваат и си одат од Македонија како на пример демек Коспмофон сете се повлекол, притоа заборавајќи дека уствари се заменува капиталот со друг странски капитал. Има некоја сеуште медиумски неексплоатирана работа, а сметам дека е нарушена ликвидноста нма стопанска и алфа банка, нормално како и други банки со рчки капитал поради стравот меѓу луѓето после сите заробени девизи, пирамиди и слично, голем капитал граќаните повлекоа од овие банки и ги прелија во други. Тука очекувам преструктурирање на банкарскиот пазар пред се кај овие комерцијални банки. Значи грчки капитал колку и да се повкелува него ќе го замени друг капитал, како на пример словенски или слично. На полошо во тој домен неможе да отиде долгороочно ако гледаме. Е сег автората теза е дека порди сголемни давачки во Грција голем дел од компаниите ќе сакаат да ги преселат некои мали и средни компании преку граница во Македонија па тука ние да извадиме некој ќар од тоа. Е сега покрај овие две теории според кои во Македонија ова ќе се одрази позитивно има и трета работа, околу драматично нарушената трговска размена. Во овој дел може само надоле да идеме.

Edited by lslcrew - 02-Mar-2010 at 02:05
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #362 Posted: 01-Mar-2010 at 22:19

Грчките блокади на суд

Грција ги крши меѓународните обврски, како и обврските со членството во ЕУ, зашто не обезбедува премостување на транспортот во случај на штрајкови, велат во Стопанската комора

Стопанската комора на Македонија ќе ја извести Европската комора во Брисел за попречувањето на слободниот проток на стоки ако и понатаму се блокира транспортот со штрајковите во Грција, вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Според него, Грција ги крши меѓународните обврски, како и обврските со членство во ЕУ, бидејќи не обезбедува премостување на транспортот, а тоа значи дека ќе мора да се преземат соодветни мерки. Коморите тврдат дека неможноста да се користат пристаништата, лежарините во грчките магацини и пеналите што ги плаќаат домашните производители дополнително ги зголемат цените на крајниот производ.

- Оневозможувањето на слободниот проток на стоки е попречување на една од петте слободи загарантирани со основачкиот акт на Европската Унија и на Светската трговска организација. Меѓународна обврска во случај на попречување меѓународен коридор е да се обезбеди премостување на протокот на стоки, што значи во случајов Грција ги крши меѓународните обврски, како и обврските од членство во ЕУ. Коридор 10 е паневропски коридор, кој почнува во Атина, а завршува во Салцбург. Реакцијата на македонските компании е поради неможноста да се користат пристаништата во Солун и во Пиреја - вели Азески.

Тој објаснува дека со штрајковите и со необезбедувањето слободен проток на стоки фирмите им плаќаат пенали на пристаништата, стоката доцни, се испушта поморскиот транспорт и се плаќаат огромни лежарини по пристаништата.

- Тоа се штети што ги зголемуваат цените на домашните производи, во тежок период како што е кризата. Посебни забелешки има од производителите што се предмет на доработка во Македонија зашто неисполнувањето на обврските од наша страна го руши целото производство. Затоа, ако продолжи оваа практика на Грција, ние ќе ја известиме Европската комора да го покрене прашањето во Брисел - вели Азески.

Димитар Стојановски од Организација на работодавачи, вели дека секоја фирма сама се снаоѓа.

- На сите ни е јасно дека трошоците на фирмите во вакви услови се многу големи и логично би било да се зголемат цените на крајните производи. Но, во услови на општа финансиска криза многу е тешко да се зголемат цените, особено на тие што се наменети за извоз - вели Стојановски.

Домашните компании најавуваат зголемување на цените на своите производи поради скапите репроматеријали. Дел од нив, кои работат лон-производство за Грција, велат дека деновиве работниците нема да работат зашто немаат суровини.

- Од Грција добиваме репроматеријали за нашите производи. Работиме лон за Германија, но есенската колекција ќе задоцни бидејќи ни доцнат материјалите поради штрајковите во Грција. Го известивме и партнерот од Германија, но тој вели дека роковите мора да се почитуваат - велат во една струмичка текстилна фирма.

Шпедитерите велат дека блокадите дополнително им ги зголемуваат трошоците. Еден камион што чека еден ден на границата ги чини од 50 до 100 евра, зависност што превезува. Кондиторските производители велат дека отежнатиот транспорт и зголемената цена на амбалажата ќе влијаат на готовите производи, кои сигурно ќе бидат со повисоки цени. Фирмите што пласираат производи на грчкиот пазар не можат да ги наплатат побарувањата.

Валентина Ангеловска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7502820B73979145ABD4F9BC8353AFD5
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #363 Posted: 03-Sep-2009 at 21:16

Енергетиката интересна за Турците

Турски бизнисмени се заинтересирани да инвестираат во енергетскиот и во градежниот сектор во земјава, а не помалку интересен им е и рударскиот. Делегација на стопанственици од турскиот град Трабзон деновиве е во посета на Македонија за да се информираат за можностите за развивање бизнис и потенцијалите што ги нуди земјата. Турците најмногу ќе анализираат каква е состојбата со квалификуваните работници во Македонија.

- Потребна ни е квалификувана работна сила, што ќе биде клучно при преговорите со фирмите. Веруваме дека нашите бизнисмени ќе се заинтересираат за Македонија, поаѓајќи од многу блиски моменти во историјата на двете земји, но и од фактот дека вашата земја наскоро ќе стане членка на Европската Унија - рече Суад Хаџисалиоглу, претседател на комората за трговија и индустрија на Трабзон.

Според него, во турскиот град има околу 5.000 стопанственици, што е добра основа за создавање бизнис-врски меѓу двете земји. Истовремено, Трабзон, кој е пристанишен град на Црното Море, е отворен и за македонските бизнисмени, кои се подготвени да инвестираат таму.

Од Скопската регионална комора сметаат дека двете земји најдобро би соработувале во градежништвото.

- Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик за изградба на објекти во Македонија и во Турција. Трабзон е сериозен стопански центар, кој најмногу извезува во Русија и во кавкаските земји. Градот може да се искористи за Македонија да го зголеми својот извоз во овие земји - рече Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора на Град Скопје.

Меѓу присутните турски бизнисмени беше и производител на мали хидроцентрали и на електрична струја, кој е заинтересиран да се запознае со потенцијалите што ги нуди Македонија на ова поле.

Турското индустриско производство лани забележа пораст од четири отсто, при што најзастапени индустрии се текстилната, челичната, петролејската, градежништвото, производство и преработка на хартија, рударството и електрониката. Турција најмногу извезува прехранбени и метални производи, текстил и транспортна опрема, а увезува машини, хемикалии, полуготови производи, горива и транспортна опрема.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=CBA98B8D1DE81E4E9D1398E1B41811FE
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #364 Posted: 26-Aug-2009 at 10:33

Струмица го донесе ДУП-от за агроберзата што треба да ја гради Агрокор

Советот на Општина Струмица денеска го донесе Деталниот урбанистики план на парцелата на која ќе се гради првата агроберза во Македонија, односно Дистрибутивен центар за откуп и пласман на градинарски производи.

Со тоа се создадени услови за отпочнување на правните процедури за трансформација на земјиштето во државна сопственост со лицитација за долгорочен закуп или за оттуѓување.
Општина Струмица, која досега ги има изградено канализациската и патната инфраструктура, ќе добие 80% од средствата што ќе бидат остварени од продажбата на парцелата.

Дистрибутивниот центар терба да го изгради хрватската компанија „Агрокор“, а инвестицијата се очекува да изнесува околу 20 милиони евра. Агроберзата ќе се гради на локација од 50 хектари, а само градежните објекти ќе зафаќаат околу 11.000 метри квадратни затворен простор. Ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за непречен откуп и извоз на 30 до 50.000 тони ран и индустриски зеленчук годишно. Пласманот на струмичките домати, краставици, пиперки и на други градинарски производи преку дистрибутивната мрежа на „Агрокор“ ќе се пласираат не само на хрватскиот пазар, туку и во земјите од Европската Унија.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=18750
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #365 Posted: 07-Aug-2009 at 15:39
Од каде виде дека мириса на социјализам?! ЕМО Охрид уште од преднеколку години се спомнуваше дека ќе се бара стратешки инвеститор, иско како што требаше да се бара инвеститор и за ОХИС и за Прилепски тутунски комбинат, и едно чудо фирми што се останати во државна сопственост.

Уствари да, се слагам, мириса на социјализам. Уште го немаме излуфтирано општеството од прошлата наказа!

Инаку се слагам дека државната помош е потребна за сите фирми, без разлика во каква форма е помошта. Дали субвенции, бенефиции, одкажување од камати и слична помош. Но овдека се работи за долг.


Edited by lslcrew - 07-Aug-2009 at 15:41
Back to Top
Dragan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
  Quote Dragan Quote  Post ReplyReply #366 Posted: 07-Aug-2009 at 15:14

Државата стана доминантен сопственик на ЕМО Охрид


Коментари (1)   
07.08.2009 14:44
 

 

На денешното акционерско собрание донесена е одлука за претворање на побарувањата на Република Македонија од АД „ЕМО Охрид“ во траен влог во акции во износ од 7,5 милиони.

За тој износ ЕМО Охрид ќе пушти во оптек втора емисија на хартии од вредност, односно 247.285 обични акции по номинална цена од 30 евра од акција и вкупниот број ќе изнесува 615 илјади акции.

Бидејќи државата станува доминантен сопственик на капиталот, се очекува компанијата да биде поатрактивна при продажбата на капиталот на нов сопственик во иднина.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112337

eve za tie sto ja negiraat drzavnata sopstvenost na firmite,vo vreme na ekonomska kriza edinstven spasitel na firmite da izlezat od kriza e drzavat  a toa mirisa na Sociajalizam.

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #367 Posted: 02-Jul-2009 at 14:11
“Жи–Ва“ извезе 200 свињи во Албанија

Групацијата “Жито Вардар“ ги извезе првите 220 свињи во соседна Албанија. Како што информираат од компанијата ваквиот потег е во согласност со плановите за пласман на производите на албанскиот и црногорскиот пазар.

“Жи-Ва“ во Србија, во првото полугодие на 2009 година направила извоз на над 600 тони свинско месо во вредност од преку 1,2 милиони евра.

“Нашето производство на свинско месо покрива над 60 осто од потребите за свежо месо во Македонија. Сега се стремиме кон постојан развој и проширување на странските пазари. Очекуваме да оствариме извоз од преку три милиони евра до крајот на годината”, велат од компанијата.    


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.07.2009 14:55:47

http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=46&PN=11
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #368 Posted: 30-Jun-2009 at 00:37

Агрокор нема да инвестира во Македонија?!

Маја Бајалска

Земјиштето од 150.00 квадратни метри во Струмица, на кое хрватскиот концерн Агрокор требаше да гради откупен центар за земјоделски производи вреден над 20 милиони евра, државата ќе го дели на повеќе парцели и ќе го продава на јавна лицитација, дознава Капитал. Дали ова значи дека откако во земјава не влезе ниту евро од најавените 200 милиони евра на хрватскиот тајкун Ивица Тодориќ државата се откажува од инвестицијата на Агрокор и бара нови инвеститори? Или пак ова е индикатор дека Агрокор се откажал од сите најавени проекти во Македонија?

Од Владата не излегуваат со јасен став по ова прашање. “Владата нема добиено никакво официјално ниту неофицијално известување од Агрокор дека изградбата на откупниот центар се пролонгира поради кризата. Би ве упатил за сите детали околу инвестицијата на Агрокор во Македонија да се обратите кај нив”, изјави владиниот портпарол Мартин Мартиноски.
Но, локалната власт во Струмица веќе работи на пренамена на земјиштето, лоцирано во близина на новата автобуска станица. Локацијата на која Агрокор требаше да гради првично беше во државна сопственост, но потоа и беше дадена на Општина Струмица на долгорочно користење. По најавата на Агрокор дека сака да инвестира во Струмица, Општината го врати земјиштето во сопственост на државата. Целта беше Владата, која во изградбата на откупниот центар требаше да биде партнер со околу 30% од вложените средства, да учествува во инвестицијата токму со обезбедување на земјиштето.
Од Секторот за локален економски развој во Општина Струмица информираат дека ова значи оти Агрокор дефинитивно нема да ја финансира изградбата на земјоделскиот откупно-дистрибутивен центар во нивниот град.

“Пред неполн месец Советот на Општината ја усвои одлуката за изготвување нов детален урбанистички план (ДУП), со кој ќе се преуредува земјиштето од 150.000 квадратни метри каде што Агрокор требаше да гради. Со новиот ДУП целото земјиште ќе се подели на повеќе парцели, кои Министерството за транспорт и врски потоа ќе ги продава на јавна лицитација”, објасни Зоран Ѓорѓиев, раководител на Секторот. Тој додава дека Општината сепак продолжува со инфраструктурните работи, со цел да создадат услови за други заинтересирани инвеститори кои ќе се јават на јавната лицитација.
Во Министерството за транспорт потврдуваат дека е во тек изработка на детален урбанистички план за локацијата планирана за Агрокор.
“Со деталниот урбанистички план е опфатена и локацијата на која треба да биде изграден центар за откуп на зеленчук. Откако Општината ќе го донесе ДУП, Министерството ќе ја започне постапката за оттуѓување на градежното земјиште по пат на јавно наддавање”, велат во Министерството.
Оттаму објаснуваат дека откако ќе биде подготвен урбанистичкиот план, ќе се знае и на колку парцели ќе биде поделено земјиштето од 150.000 квадрати, а ќе се знае и намената на парцелите. Цената ќе се одредува според законски утврдените правила, но ќе биде во рамки на стандардните цени за продажба и закуп на државно градежно земјиште.

Хрватите го ставија проектот во фиока

Капитал дознава дека и во Агрокор проектот за инвестиција во Македонија не е топ-тема. Дознаваме дека консултантската куќа Магра, која работеше како логистичка поддршка на инвестициите на Агрокор во земјава, најверојатно сосема го тргнала проектот Македонија од своите приоритети. Денис Беванда, советник во Магра, кој беше директор на операциите за Македонија, веќе 4-5 месеци воопшто не работел на оваа задача. Беванда, со кого во изминатите две години контактиравме околу инвестициите на Агрокор во земјава, сега не знаеше да каже ништо.
“Немам поим што се случува со проектот во Македонија бидејќи веќе не работам на тоа. Обратете се во Агрокор”, ни рече Беванда.
На прашањата зошто Агрокор сe уште не почнал да гради во земјава, зошто се одложени инвестициите од 200 милиони евра, кои требаше да се реализираат до 2010 година, и дали Агрокор си оди од Македонија, од Управата на хрватската компанија добивме штури одговори. Портпаролката Ања Линиќ изјави дека “Агрокор не се откажува од проектот, но поради неговата сложеност сe уште се во тек подготовките”.
Овој одговор практично не кажува ништо ново. Роковите за почеток на изградбата на откупниот центар во Струмица, со кој требаше да започне големиот проект на Агрокор, постојано се одлагаат во изминативе две години. Инвестициите беа најавени во втората половина од 2007 година и требаше да завршат за две години. На терен нема ништо. Но, затоа хрватскиот концерн годинава сите арсенали ги насочи кон преземање компании и кон инвестиции во регионот. Прво сакаше да го преземе турски Мигрос, но откако не успеа, почна да бара мети за аквизиција во Русија. Годинава фрла големи суми за доминација во малопродажбата во регионот. Времето ќе покаже дали Агрокор навистина не се откажува од проектот во Македонија, како што тврдат од компанијата, а притоа не објаснуваат и не даваат повеќе детали за да го отстранат сомнежот, кој е оправдан.
Сомнежот дека Агрокор е несериозен во најавите за инвестициски проекти во Македонија се роди откако од компанијата пред извесно време рекоа дека поради кризата ги одложуваат планираните инвестиции во Македонија за некои подобри времиња, а приоритет ставаат на задржувањето на 31.000 вработени во околу 30 компании. Но, раководството во изминатите месеци презеде сосема спротивни деловни потези кои се далеку од кризна политика. Во јануари го презеде малопродажниот синџир Томи во Босна и Херцеговина. Потоа ја направи најголемата гринфилд инвестиција досега во Хрватска - вложи 135 милиони евра во изградба на фабрика за месо, а пред еден месец зеде кредит од 50 милиони евра од ЕБРД за ширење на малопродажбата на босанскиот пазар. Деновиве, синот на Ивица Тодориќ, Анте Тодориќ преговара со сопствениците на хрватските маркети Гетро за преземање. Овие потези покажуваат дека Агрокор води експанзионистичка политика во регионот. Нереализирани стојат само инвестициите во Македонија. Зошто?

 Што го закочи Агрокор?

Која е вистинската причина, што го закочи влезот на капиталот на хрватскиот тајкун Тодориќ на македонскиот пазар?
Од Општина Струмица информираат дека, иако на почетокот од годинава неплатените комуналии за локацијата биле проблем за добивање одобрение за градба, Владата сепак ги платила, за што потрошила 52 милиони денари (841.424 евра). Општина Струмица во февруари алармираше дека поради неплатените комуналии и поради тоа што не им е доставен главниот проект, Агрокор не може да добие одобрение за градба и да почне да работи на теренот.
“Повеќе од двојно го намаливме износот на комуналната такса за квадратен метар, која требаше да ја плати државата како партнер во инвестицијата на Агрокор. Значи свесно се откажавме од дел од приходите со цел инвестицијата да се реализира”, вели Ѓорѓиев.  
Во јуни 2007 година првиот човек на Агрокор, Тодориќ, заедно со Владата најави дека во бизнисот со храна и пијалаци во земјава ќе инвестира 200 милиони евра. Влезот на хрватскиот тајкун, премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески во предизборниот период годинава го најавуваа како спас за македонските земјоделци, кој ќе стави крај на нивните вечни пробеми со откупот. Агрокор најавуваше изградба на неколку земјоделски откупно-дистрибутивни центри, на конзервни и фабрики за месо, како и отворање на супермаркети од брендот Конзум. Само инвестицијата во двата земјоделски центри во Струмица и во Росоман беше проценета на 40 милиони евра. Вложувањата требаше да почнат со изградбата на откупниот центар во Струмица. За време на посетата на висока делегација на Агрокор лани пролетта беше направен првиот пробен откуп на зеленчук од Струмица. На почетокот од годинава општинските власти најавија дека оваа сезона Агрокор ќе почне со откуп и дистрибуција на 30.000 до 50.000 тони зеленчук. Откупот за пет години требаше да достигне 100.000 тони годишно, што е половина од вкупното производство во Струмичко. Откупниот центар, односно агроберзата требаше да зафаќа околу 11.000 квадратни метри затворен простор опремен со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за непречен откуп на раноградинарските култури.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=5&articleId=1139
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #369 Posted: 28-Jun-2009 at 16:51
Штипските топ 10 фирми, се со фантастични износи на добивка и потенцираат исклучително добро работење.



Убедливо најуспешна фирма во Штип е фабриката за производство на масло за јадење “Брилијант“. Чистата добивка за лани му е околу 5 милиони евра.

Веднаш зад него е кабелскиот оператор “Роби“, со далеку помала заработувачка, која изнесува 854.000 евра. Трет е “Центар дизајн“, со 771.000 евра, а четврта е “Семак Фешн компани“ со 525.853 евра. Петта на листата е “Текстил Логистик Македонија“ со 521,553 евра заработувачка.

Шеста на топ листат е “Нико 2002“ со 415.804 евра, “Змај промет“, кој за една година заработил 390.206 евра, е седма а листата. Осма е “Беас АБС“ со 381.184 евра, деветта е “ФАМ Моде“ со 359.405 евра и десетти е “Езимит вино“ со 335.296 евра.

Сите заедно, десетте најдобри фирми од Штип лани заработиле над 10 милиони евра и платиле нешто повеќе од еден милион евра данок на државата. Во книгата на најуспешните 200 фирми во државата, за оваа година од Штип влегува само “Брилијант“.


http://tocka.com.mk/vest.php?vest=9534

Ретко кога читаме вести за обртот и добивката на фирмите, особено за источна Македонија. Интересна вест.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #370 Posted: 26-Jun-2009 at 18:25
ИМБ најави зголемен извоз на македонско сирење и млеко
Петок, 26 Јуни 2009 16:54
ИМБ Млекарница Битола најави денеска дека ќе започне со зголемен извоз на македонско сирење и млеко во Европската унија.

ИМБ во соопштението нагласува дека очекува поддршка од државата во забрзување на процедурите и веќе следната недела да биде финализирана документацијата за извоз, додавајќи дека има потпишано сериозни договори со странски партнери.

Со ова се нуди можност за соработка и за оштетените кооперанти на Свед Милк и решавање на проблемите во млекопроизовдителството, се наведува во соопштението на битолската млекарница
< id="gwProxy" ="">< ="jsCall;" id="jsProxy" ="">



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=9476:2009-06-26-14-55-21&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106

Абе ајде имаат млеко со вкус на концентрат, и уште едно млеко light демек, и тоа е фабрика... Па уште во ЕУ ќе извезува. Кога ќе почнат да произведуваат збогатени со калциум, или без маснотии, или за лесно варење, или згуснато за кафе, или хранливо за мали деца, или да не редам други, тогаш можеби ќе бидат конкурентни барем на Косово. Дај нека не изводат, будала е некој да купи млеко од крава пасена во Битола, а нема да купи поефтино од крава пасена на Алпите.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #371 Posted: 21-Jun-2009 at 16:23
Пред неколку недели ја најавуваа инвестицијава со истиот филм дека е информатичка. Колку што јас тогаш пребарав по интернет единствено нешто логично е дека ќе направат голем "хелпдеск" кој ќе ги подржува проектите на фирмата по светот. Секако во оваа безработица секоја инвестиција е добредојдена особено ако вработува 1200 луѓе но нека не лажат дека ова е незнам каква инвестиција во ИТ.  
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #372 Posted: 21-Jun-2009 at 16:21

Во Струмица ќе има нови 1.200 вработувања

Сузана Тасева Коментари (55)   
20.06.2009 21:27
 

 

Струмица ќе стане центар за информатичка технологија во Македонија, по примерот на Естонија. Американска компанија ќе отвори центар за информатичка технологија и управување со софтверски апликации, и ќе вработи 1.200 млади луѓе.

Преку центарот во Струмица оваа компанија ќе управува со 3.600 коминтенти во светот.

„Се одлучивме да инвестираме тука, бидејќи станува збор за област, која се уште никој не ја допрел. Тоа е област која дава многу можности за децата, за да станат дел од новиот технолошки сектор“, изјави Тимо Бакландо, претставник на американска компанија.

 

 

Домот на армијата, каде денеска се одржа презентацијата, беше претесен да ги собере заинтересираните струмичани за работа во оваа фирма.

„Веќе сум информиран дека имаме 820 апликанти, аплицирањето ќе трае постојано, но завршува до 30 јули.

Целта е да се дојде до некоја бројка од две-три илјади луѓе коишто ќе аплицираат. На крајот ќе има вкупно преку 1.200 работни места“, вели Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Компанијата со работа ќе започне идниот месец, а сите пријавени ќе поминат низ три месечна обука. најдобрите 1.200 ќе бидат вработени.



http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110310
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #373 Posted: 19-Jun-2009 at 15:58
Ме разочарува целава масовна наивноста меѓу населението околу целава прича ЕВН бла бла. Па и да не е толку масовна наивност, може би е и медиумски така пласирано тенденциозно. Специфичен процес! Едноставно ако не се расчисти кажата што е создадена 2005-та, многу на криво ќе си го насадиме цел енергетски сектор. Толку! Не би навлегол повеќе пошто ќе треба да почнеме политика, а тоа не го сакаме.
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #374 Posted: 19-Jun-2009 at 11:46
Originally posted by гитардемон

Абе по толку реклами нормално дека ќе дојдат. Штом има некој пари за реклами, значи веројатно може да ти понуди нешто. Епа ние сме најапсурдни, се рекламираме, ама кога ќе дојдат да видат што хохштаплери сме, ајмо назад свите. Прочитав баш за онаа фирмата за ламинати, паркети, што и да е, што сакала да го рестартира погонот, инвестирала пари, не смеела... Да не збораме за турската фирма со топилницата во Велес и други. Еве пак со моите криминални ставови: поарно нека донесат 20 фирми без да побараат под маса пари, од тие инвестиции народот толку ќе се израдува ќе ги изгласа уште 20 пати и ќе украдат 40x повеќе пари отколку од тие парите од под маса што ги бараат од новите фирми. И не велете не, нема жив човек што ќе ме убеди дека не бараат процент владата за да влезе некоја фирма.


Гитаро, со сета должна почит, но ваков муабет повеќе прилега во кафана... Јас како главни причини за слабиот одзив на инвеститорите, кој никако да мрдне од мртва точка, пред се би ја навел бавноста на иституциите, лош третман на постојните инвеститори(читај ЕВН), и лошата бизнис клима(секако дека оние ќе ја испитаат фактичката состојба и покрај тоа што се прикажува на рекламите).


Ебаго, татко ми има туристичка агенција, за на екскурзија во средно директорката ги свика од 10тина агенции во Битола, и им вика: ајде луѓе, кажете кој дава најмногу процент за мене, тој ќе ги носи децата. Пред родителите, пред сите. Епа... Нормално станаа половина претставници од агенциите со зинати усти си отидоа, другите останаа па се договорија некако. И после?


No comment...
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #375 Posted: 18-Jun-2009 at 23:03
Абе по толку реклами нормално дека ќе дојдат. Штом има некој пари за реклами, значи веројатно може да ти понуди нешто. Епа ние сме најапсурдни, се рекламираме, ама кога ќе дојдат да видат што хохштаплери сме, ајмо назад свите. Прочитав баш за онаа фирмата за ламинати, паркети, што и да е, што сакала да го рестартира погонот, инвестирала пари, не смеела... Да не збораме за турската фирма со топилницата во Велес и други. Еве пак со моите криминални ставови: поарно нека донесат 20 фирми без да побараат под маса пари, од тие инвестиции народот толку ќе се израдува ќе ги изгласа уште 20 пати и ќе украдат 40x повеќе пари отколку од тие парите од под маса што ги бараат од новите фирми. И не велете не, нема жив човек што ќе ме убеди дека не бараат процент владата за да влезе некоја фирма.

Ебаго, татко ми има туристичка агенција, за на екскурзија во средно директорката ги свика од 10тина агенции во Битола, и им вика: ајде луѓе, кажете кој дава најмногу процент за мене, тој ќе ги носи децата. Пред родителите, пред сите. Епа... Нормално станаа половина претставници од агенциите со зинати усти си отидоа, другите останаа па се договорија некако. И после?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #376 Posted: 18-Jun-2009 at 22:11
Интересна работа! Ај чим не сме трети по инвестиции, барем сме трети во популарнсот на нет за инвестиции! CheersВаљда и ова ќе вроди со некаков плод.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #377 Posted: 18-Jun-2009 at 22:10
Македонија е трета најпосетувана земја за инвестиции

Во текст во магазинот со наслов "Наплив на инвестиции во Македонија" се наведува дека земјава се наоѓа во најпребаруваните "invest in" локации веднаш зад САД и Франција


Македонија е на трето место на најпосетувани инвестициски локации на Google интернет пребарувачот, покажува последната анализа објавена во ФДИ магазинот, додаток на Financial Times. Во текст со наслов "Наплив на инвестиции во Македонија" се наведува дека земјава се наоѓа во најпребаруваните инвест инн локации веднаш зад САД и Франција. Ваквиот бумм на Македонија се опишува како изненадувачки затоа што за разлика од САД и Франција кои и претходно биле во најпребарувани локации, Македонија воопшто не се појавувала на досегашните рангирања.

Во Агенцијата за странски инвестиции велат дека вакиот пробив на Македонија се должи на зајакната економска промоција на земјава во светот. Од друга страна, признаваат дека на тоа влијаела и светската економнска криза, која ги принудува компаниите да бараат алтернативни инвестициски локации за да ги намалат трошоците.

Според директорот на Агенцијата Виктор Мизо, особен ефект за подобрувањето на имиџот на Македонија имаше ТВ кампањата со двата спота за инвестирање во Македонија, емитувани во март годинава. Не треба да се занемарат и рекламите во неколку познати светски економски весници во последните две години.
- Дека Македонија станува една од поинтресните локации за странските компании покажува и 4-5 пати зголемената посета на интернет страницата на Агенцијата за странски инвестиции. Наедно за 35 отсто е зголемен и бројот на директни посети на земјава од страна на странски фирми. Или месечно повеќе од 15 компании ја посетуваат земјава, без разлика на светската економска криза- вели Мизо.

Ова е добар знак, бидејќи малиот број на странските инвестиции е една од најголемите слабости на македонската економија. Во Агенцијата за инвестиции тврдат дека за многу кусо време треба да се види и конкретен ефект од подобрениот имиџ на земјава.
- Со неколку нови компании преговорите за инвестирање се во завршна фаза - вели Мизо. Од професионални причини не ги открива имињата, но вели дека се работи за инвестиици во автобускиот и во производствениот сектор.

Олеснетите процедури и пред се евтината работна рака се голема предност на Македонија, во време на економска криза што го зафати светот. Доказ дека може и да се искористи овој период е затворањето на некои погони на Џонсон контролс во Германија и префрлање на произвотсвените линии во Македонија. Од агенцијата велат дека од август се очекува и стартот на британскиот инвеститор "Џонсон мети". Во меѓувреме, се разговара и со фирми од Азија, кои на нас гледаат како отскочна даска за Европа.

Сепак, ефектот од подобрениот имиџ на земјава не може да се види преку ноќ. Скромните 71 милион долари во првите три месеци од годинава покажува дека трендот на опаѓање на инвестициите што е забележан во сите светски економии, не ја одбегна ниту Македонија.

http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=4AE962B7B4EBB64DA82AF8D44D18B9D9

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #378 Posted: 16-Jun-2009 at 23:32
Штета. Кога се отвараше Спридер мислев дека сериозен инвеститор ќе ја разработи таа локација и ќе ја премости празнината помеѓу турска чаршија и плоштадот македонија колку толку. Спрема мене токму таа празнина и далечината од утврдените шопинг зони е причина за ова. Можеби кога ќе се комплетираат објектите кои се градат околу плоштад карпошово востание (колку и да ме иритираат повеќето од нив) и ко ќе се среди цел тој простор некој иден инвеститор ќе има повеќе среќа и со стоковна куќа мост но и се надевам дека ќе се дигне нивото на дуќаните во приземјето на Ибни Пајко, Министерството за транспорт итн.

„Спридер“ си замина од стоковната „Мост“

На старата стоковна куќа е истакната нова фирма „Аутлет Македонија“

По три години работа, познатиот грчки бренд „Спридер“ си замина од Скопје. На старата стоковна куќа „Мост“, каде што изминатиов период стоеше фирмата на грчки „Спридер“, сега е истакна нова фирма. На црвена подлога со жолти букви стои „Аутлет Македонија“ („Outlet Macedonia“).

Неофицијално дознаваме дека станува збор за друга грчка фирма, која наводно од денеска ќе почне со работа. Нејзиниот претставник ја презел целокупната стока што ја продаваше „Спридер“, обувки, конфекција за мажи и жени, како и детска конфекција. Според исказите на нашите соговорници, „Спридер“ заминал затоа што слабо му одела продажбата, а штом почнат да се бележат негативни резултати во трговијата, никој не продолжува да работи. Нашите соговорници не можеа да искоментираат дали слабата продажба во „Спридер“ била поради високите цени наспроти нискиот стандард на граѓаните, или евентуално поради некаков бојкот спрема грчки производи.

Иако го побаравме, не успеавме да воспоставиме контакт со новиот газда за да ни каже што ќе им понуди на скопјани новиот бренд и по колкави цени. Во стоковната куќа стои се' поставено на закачалки, а вратите за купувачите вчера беа затворени. Се групираше персоналот и се правеа договори за средување на полиците. Рекламните табли на старата „Спридер“ беа поставени на скалилата пред објектот. Од овој грчки бренд стоеше само рекламниот покрив на трафиката отспротива, чии вработени не' информираа дека ќе биде променет во „Аутлет Македонија“.


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=036A898A4A4599489575937FF7CA931C
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #379 Posted: 12-Jun-2009 at 13:47
Јасен показател дека треба да се пристапи кон инфраструктура (К8) и создавање услови за актвино учество на СИ регион во БДП-то!

Edited by lslcrew - 12-Jun-2009 at 13:47
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #380 Posted: 12-Jun-2009 at 13:45

Во Скопје се создава речиси половина од македонскиот БДП

Најголемо учество во буто-домашниот производ на Македонија во 2007 година има Скопскиот регион, со 48,5%, додека најмало учество има Североисточниот регион со 4,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика објавени вчера, поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат единствено Скопскиот регион со индекс 167.0 и Вардарскиот регион со индекс 103.6.
Најмал бруто-домашен производ по жител, во однос на националниот просек, имаат Полошкиот регион со индекс 46.4 и Североисточниот регион со индекс 49.9.  Дневната миграција на работната сила придонесува во даден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население.
Од тие причини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиот регион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила.
Тоа значи дека многу граѓани од останатите региони придонесуваат во создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги префрлаат.



http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=17863
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1718192021 29>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.273 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.