селекција според тендер посебно овие последниве ни за во золошка не се, дури и на фармата во белимбегово нема да им ги примат!
знае некој, кој се, како се и по која се методологија ги оценувал делата на авторите кои конкурирале на тендерот? ова е само уште еден доказ дека во уметноста не смее да се тргнува со популистички и економски оправдана политика како тендер, па дури и во ваква ситуација, мора да постои поостра класификација. катастрофа ја утнаа скроз со акцијава за китење на ск, добро ова и не е така далеку од нашата реалност во која живееме, но бар не мораше и да ја потенцираме ми влева малку надеж она што не ги вкопуваат новиве споменици и само онака лефтерно ги поставуваат, т.е. нешто налик времени урбани скулптури, патем отупеа со ова бронзата, како да не постои друг материјал за вајање или лиење...
Нови
десет скулптури беа промовирани низ центарот на Скопје од министерката
за клутура Елизабета Канческа-Милевска и авторите на скулптурите. Овие
се дел од проектот за поставување на 35 скулптури.
Скулптура “Бик“ од авторот Дарко Дуковски, што е поставена кај
продавницата “Пеко“, беше прва денеска промовирана и обрна повеќе
внимание на гостите од блиската кафеана. Некои госпоѓи чекаа со
нетрпение да се фотографираат со огромниот Бик.
Скулптура “ЕЕЕЈ“ на авторот Димитар Филиповски, пред кафулето “Рома“
на улица Македонија, беше забележана од страна на помладите девојки.
Скулптурата
изработена од авторот Ристо Станковски, “Маски“ поставена пред “Театар
за деца и младинци“, нај интересна за децата.
“Чистач на чевли“ од Елена Дуковска е пред продавницата “МЕХХ“.
“Просјак“, поставена на сив мермерен постамент на авторот Наташа
Божарова, спроти продавницата “МЕХХ“.
Уметничкото дело “Жена со гитара“ изработено од Синиша Новески ќе биде кај ,“Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј ин“.
Скулптура “Бесконечна циркулација“ на авторот Сашо Саздовски, ќе се
наоѓа после паркингот кај хотелот “Холидеј ин“. “Балерина” на автор
Зоран Тошевски, е пред МОБ, и скулптура “Космо интеграла 2008“ е
изработена од Антони Мазневски, поставена пред МОБ.
џабе се измачил некој да го напише ова, кога никој нема да го земе в предвид мене најтажно ми е што скулптуриве се онака ок, интересни, ама како ги поставуваат, како да им паднале попат
Никој не ги зема предвид ниту реакциите во јавноста, ниту стручното мислење за тоа каде треба да бидат поставени скулптурите
Тина Иванова
„Еееј“ е насловена најновата скулптура, на авторот Димитар
Филиповски, која како печурка вчера никна на улицата „Македонија“.
Најпрвин завиткана во црн најлон, како мумија, ги плашеше случајните
минувачи, а и сега откриена се уште ги плаши, како што велат, но и им
пречи тие слободно да минуваат. Како печурки или како слепи црева се
појавија и претходните скулптури кои се дел од проектот наречен „35
скулптури во централното градско подрачје на Скопје“ што го спроведе
Министерството за култура. Најверојатно така ќе биде и со идните.
Зашто, никој од одговорните не ги зема в предвид ниту реакциите во
јавноста за тоа каде треба скулптурите да бидат поставени, ниту
постојано искажуваното стручно мислење. Едноставно, јавното мислење
никој не го есапи.
Градот може да биде уметничка галерија.
Уметниците можат да го ’окупираат‘ градот, уметноста може да излезе на
улица. Но, таа, уметноста, треба да се покаже на оние локации од градот
каде што навистина постои естетска потреба за нив. А, не да никнува или
да се создава на најнеочекуваните места, сметаат историчарите на
уметност. Но, за тоа, треба да се прашаат оние кои живеат во градот -
граѓаните.
Историчарот на уметност, проф. Небојша Вилиќ, во
интервју објавено во еден од минатите броеви на неделникот „Глобус“, ќе
каже дека уличната јавна уметност треба да го одразува урбаниот
сензибилитет на градот. Вели, клучна улога во поставувањето на
уметноста во јавниот простор, пред се треба да ја имаат урбанистите, а
не како што е кај нас - политичарите. „Токму поради фактот што оваа
уметност, особено уличната, смета на факторот на изненадувачки
топоними: движејќи се по урбаните комуникации, наидувате на таков еден
проблесок на неочекуваната уметничка сензација“, продолжува Вилиќ.
„Погледнете како се поставени сегашниве пет скулптури - тргнати
настрана, како да се нужно зло, па морале да ги постават..., а со сите
50 улицата ’Македонија‘ ја замислувам како ’скопска Кроазета, како
мртва природа’...“ Вилиќ истакнува дека на пешачка должина не подолга
од 1,5 километар да се постават 30-40 скулптури е рамно не само на
невкус, туку на лудост.
Историчарот на уметност, Љубен
Пауновски, вели дека во однос на локациите на кои се поставуваат
скулптурите, имаме хроничен проблем. „Затоа што не само што често се
прават промени во урбанистичките планови, туку и голем дел од новите
градоначалници, токму овие денови, дадоа ветување дека повторно ќе
бидат менувани тие урбанистички планови. За ваквите проекти, кои по
природа се многу сложени, немам елементарни информации дали на високо
професионален начин бил осмислен овој проект“, смета Пауновски.
Но,
како што истакнува проф. д-р Сузана Милевска, историчар на уметност и
куратор, сега повеќе не станува збор за тоа колку се и дали се добри
скулптурите и локациите каде тие се поставуваат. Сега, станува збор за
начинот на владеење на одговорноста на Владата кон нејзините граѓани.
„За скулптурите, спомениците, за разните објекти, за демонстрациите на
плоштад, досега се пишувало многу пати, но никој тоа не го зема во
обзир. Никој од Владата не дава контрааргумент, односно некаков одговор
на јавното мислење“, смета Милевска. „Излегува дека тој што го одобрил
поставувањето на скулптурите, и на останати објекти, никогаш не
одговара на сите овие повици за преиспитување на одлуките. Граѓаните не
ги зема никој во предвид, односно никој не го зема во предвид нивното
мислење. А, тоа се јавни простори со кои изгледа располага власта, а не
граѓаните“. Милевска вели дека ваквата појава е сериозен проблем, зашто
утре може да никне кој знае што, а стручната јавност нема да има
можност да го преиспита тоа. Милевска смета дека треба да се слушнат
граѓаните, да се слушне мислењето на стручните лица, пред да се
реализира нешто. Зашто, вели таа, многу е полесно да се постават сите
тие објекти, одколку потоа да се тргнат. „Затоа треба да се водат јавни
дискусии пред да се поставуваат објектите. А, сега е веќе доцна“, вели
Милевска.
И Љубен Пауновски смета дека ова не е време на
монархии. „Уметноста е елитна работа и таа со масите комуницира или
како своевиден луна-парк и туризам, или како идеологија. Иако
вистинското уметничко дело е реткост, и најчесто е надвор од се што е
јавно, сепак, јавната уметност е невозможна без меценарство (приватно
или државно). Но, ова не е време на монархии. А, јавната уметност,
обично во последниов демократски период на западната култура, запазува
во најголем обем критериуми на висока стручност, на конкретно искуство
за овие прашања при осмислувањето на вакви проекти“, истакнува
Пауновски. „Но“, вели тој, „за ваков вид на стручност, во конкретниов
случај, лично не сум добил информации дали била применета“.
Министерството за култура вчера, на вториот дел од улица Македонија, до "Кафе ди Рома" постави уште една од 35-те скулптури од 26 автори, кои ги поставува во строгиот центар на градот. Скулптурата сe уште не беше откриена и извадена од сандакот за транспортирање. Замотана во црните најлони, таа личеше на мумија, па место да го разубави просторот, скулптурата вчера ги плашеше и децата и возрасните. Од Министерството за култура вчера кажаа дека скулптурата се вика "Еееј" и е на скулпторот Димитар Филиповски. Висока е два метра и е направена од бронза, а ќе биде откриена заедно со сите новопоставени скулптури низ градот.
Од
Министерството за култура велат дека промоцијата на новите седум
скулптури ја одложиле поради презафатеност со подготовките за изградба
на зградата на Филхармонијата
Министерството
за култура преку ноќ поставува скулптури во строгиот центар на Скопје,
иако уште пред десетина дена беше закажана, а потоа откажана нивната
официјална промоција. На улица Македонија пред продавницата на "Мекс",
неделава беше поставена скулптура "Питач" на Наташа Божарова, а на кеј
13 Ноември пред Тутунска банка скулптурата "Кафез на душата" од
скулпторот Сашо Поповски. На кеј 13 Ноември до хотелот "Холидеј ин"
поставена е скулптурата "Жена со гитара" од Синиша Новески, но таа сe
уште е покриена со најлони. Од Министерството за култура велат
дека во оваа трета фаза од реализацијата на проектот за поставување 35
скулптури од 26 автори во строгиот центар на градот, планирале да
постават седум скулптури, но дека нивната промоција ја одложиле,
бидејќи биле зафатени со подготовките за ставање камен - темелник на
новата зграда на Филхармонијата. "Дел од скулптурите се поставени,
остатокот ќе бидат допоставени и наскоро и официјално ќе ги
промовираме. Локациите за скулптурите ги избираме во соработка со
авторите и Општина Центар", велат од Министерството за култура. За
најновата промоција на скулптури од Министерството за култура велат
дека треба да се постават уште четири, односно скулптурата "Бик" од
Дарко Дуковски, која ќе стои на вториот дел од улица Македонија кај
продавницата на "Пеко", а "Чистач на кондури" од Елена Дуковска на
првиот дел на улица Македонија кај ресторанот "Дал мет фу". Пред
Македонската опера и балет ќе стои "Балерина" од Зоран Ташевски, а пред
Театарот за деца и младинци делото "Маски" од Ристо Станковски. Досега
на плоштадот и на улица Македонија беа поставени пет скулптури, односно
скулптурите: "Дрво" од Дамјан Ѓуров,"Шмизла" и "Заљубени" од Димитар
Филиповски,"Девојче" од Грозданка Каникова и "Мачка" од Томе Аџиевски.
Споменици за метрополата која смрди од септички јами
Локалните власти немаат пари да решат капитални проблеми, но затоа со поддршка на централната власт најдоа за подигање спомен-обележја
Зошто
милиони евра за поставување скулптури, споменици, кога градот Скопје
има еден милион нерешени проблеми, реагира стручната јавност, но и
лаиците на владината одлука за разубавување на метрополата. Две третини
од градот се без атмосферска канализација, а една третина се' уште
користи септички јами. Овие факти го мачат Скопје со децении затоа што
локалните власти немаат пари да ги решат овие капитални проблеми. Иако
поминаа две години од обелоденувањето на намерите, во јавноста се' уште
се кршат копја околу оваа замисла на државната власт. Причината можеби
е тоа што неодамна намерата стана стварност, бидејќи се поставија дел
од 35-те скулптури во централното градско подрачје. Се очекува и
удирањето на камен-темелникот на споменикот на Александар Македонски на
плоштадот Македонија. Тој ќе биде трет споменик од вкупно 19-те
спомен-обележја, посветени на личности од античко време, но и од
поновата македонската историја, кои ќе ги подига Општината Центар.
ЦЕНТАР ЌЕ ПОТРОШИ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕНИЦИ
Од
Министерството за култура тврдат дека ќе ги поставуваат само
скулптурите во износ од 700.000 евра, а Општина Центар сама ќе ги гради
спомениците. За таа намена од годинашниов буџет предвидено е да се
потрошат шест милиона евра. Тоа што најмногу ги засега граѓаните, но и
стручните лица, не се само парите што ќе се трошат, собрани од даноци,
туку и сомнежот дека во прашање е политичка одлука. Останатите прашања
на кои јавноста две години не добива одговор е - кои се авторите на
конкурсите, како беа избирани, дали по блискост со партијата на власт,
колку се ценети, дали се стручни. Немаше никаков одговор од властите ни
кој ќе ги одржува откога ќе бидат изградени, со чии пари, колку ќе чини
тоа и дали ќе заршат исто како поголемиот дел од постојните споменици,
осквернавени и уништени.
ВЛАСТА САКА ДА ОСТАВИ ПЕЧАТ ЗА СВОЕТО ВЛАДЕЕЊЕ
-
Да, тие ќе бидат подарок за Градот, но тој има многу други приоритети.
Прашањето на естетика воопшто не е прашање со кое треба да се
занимаваме, туку тоа што Скопје има многу нерешени проблеми. Скопјани
пијат вода од канцерогени цевки и веројатно уште долго ќе пијат, па не
е тешко да се погоди што е попотребно. Прекрасно е да се поставуваат
споменици и скулптури, но тоа се случува во развиени држави каде што се
решени основните прашања. Никој не е против скулптури, но во вакви
услови тоа е исто како да му подарите „мерцедес“ на некој што живее во
шупа. Владата има многу други прашања со кои треба да се занимава -
војска, полиција, надворешна политика, здравство...Не знам зошто се
меша во локалната власт -изјави наш извор кој инсистираше на
анонимност.
Градските власти се најзасегнатите по ова прашање.
Нив никој за ништо не ги праша, не ги консултираше, иако тие ќе се
градат и на плоштадот Македонија, кој е во нивна концесија на 99
години. По усвојувањето на планот „Мал ринг“, во кој беа весени 35-те
скулптури и 19-те споменици, единствено Градот реагираше на
незаконската процедура околу неговото усвојување од мнозинството на
владејачката партија во Советот на Општина Центар.
СПОМЕНИЦИ И СКУЛПТУРИ -ДИВОГРАДБИ
Градоначалникот
Трифун Костовски одлуката на власта ја нарече насилие врз локалната
самоуправа, а спомениците и скулптурите дивоградби. Затоа тој лани го
даде планот на Уставен суд како незаконски и спротивен на Генералниот
план на Скопје (ГУП), но неодамна ја изгуби битката, бидејќи Судот реши
во полза на Општината Центар.
- Приказната за Малиот ринг се
претвори во приказна за политички ринг поради насилието на власта врз
ингеренциите на локалната самоуправа. Најтрагично е што политичкиот
ринг се претвори во криминален ринг, бидејќи се поставуваат скулптури
без елементарни дозволи - е ставот на Костовски околу ова прашање.
И
Софија Куновска, член на Советот на Град Скопје, но и на Комисијата за
култура, е на иста линија. Владата на Груевски сака да остави личен
печат за своето владеење, како што претходно направи Љубчо Георгиевски
со Милениумскиот крст. Тоа е карикатурален пристап кон уметноста. Никој
не е против скулптури, но не може да се поставуваат со акција. Со
акција може да се асфалтираат улици, да се гради железничка пруга, да
се постави ново осветление, но не и да се поставуваат спомен-обележја.
Споменикот подразбира контекст на време, на место, изразување дух на
некаква елита. Тоа е референца за нас како цивилизација - смета
Куновска. Таа рече дека одлуката за нови спомен-обележја низ Скопје
воопшто не поминала преку Комисијата.
- Никој од нас не знае
колку се референтни авторите избрани за изработка на спомениците, како
и дали се ценети од стручната критика. Не знаеме кој ги прави. Знаеме
само дека на премиерот му текнало дека сите треба да работат за него за
да се постават - вели Куновска. Ова мислење го дели и скулпторот Томе
Серафимовски, кој неодамна изјави дека не може улицата Македонија и
плоштадот да се доверат на почетници. И партијата НСДП реагираше во
врска со спомениците. Според нив, трошењето пари за вакви намени е
нерационално и ја повикаа владејачката гарнитура парите да ги пренамени
на изградба на нови фабрики во кои ќе се вработат нови луѓе од масата
невработени.Архитектот Вангел Божиновски, пак, има сосема поинакво
мислење. За него беспарицата е вистинско време за градење споменици.
-
Кризата е баш време за поставување споменици. Државата те храбри дека
без разлика дали е криза, не е се' толку лошо. Затоа се прават
споменици. За да не заборавиш дека има некој покрај тебе и дека не си
сам. Те храбри нешто да сториш. Споменик во секој случај носи пари и е
економски оправдан чекор - смета Божиновски.
НИКОЈ НЕ ВОДИ ГРИЖА ЗА ПОСТОЈАНИТЕ СПОМЕНИЦИ
И
додека власта планира да гради нови спомен-обележја, никој не го отвора
прашањето дали тие ќе ја доживеат истата судбина како и постојните
бисти, споменици, спомен-обележја, подигнати децении наназад на
територијата на Скопје. Во Градски парк, но и на други локации, бистите
се украдени, спомениците уништени и осквернавени, исшарани со погрдни
зборови. Никој со години не се грижи за нив. Слободно може да се каже
дека во градот недостига дел од македонската историја. А тоа е затоа
што со години многу институции се прогласуваат за ненадлежни. И
ден-денес Градот и Конзерваторскиот завод си ја префрлаат топката за
одговорноста.
- Нема логика постојните споменици и
спомен-обележја низ Скопје да бидат во наша надлежност, кога повеќето
ги има поставено Градот. Ние сме надлежни за недвижното културно
наследство. На пример, при реставрацијата на Калето моравме да бараме
дозвола за дислокација на скулптурата на Јордан Грабул, како од
Општината Центар, така и од Градот. Нема логика да им бараме дозволи
ако таа е во наша надлежност - изјави Ема Петрова, директорка на
Конзерваторскиот завод Скопје. Правниците од Градот, пак, објаснуваат
дека самата држава се' уште не ги впишала во регистар спомениците, па
затоа не се знае кој за што е надлежен. Според Законот за меморијални
споменици и спомен-обележја, министерот за култура во рок од две години
од стапувањето на законот во сила, треба да формира Комисија која треба
да ги впише во регистар спомениците и спомен-обележјата, но рокот се'
уште не е изминат - објаснуваат оттаму.
СКАНДАЛОЗНИ ВЛАДИНИ КОНКУРСИ
Освен
за нетранспарентноста околу трошењето на парите и анонимноста на
авторите, жестоки реакции на сметка на Владата, пристигнаа и од
учесниците на конкурсите. Тие се масло во огнот во оваа нивна акција.
По завршувањето на речиси секој конкурс во медиумите имаше реакции дека
биле наместени, дека победувале анонимни или нестручни трудови на
автори, блиски до владејачката партија, како и дека учесниците не
добиле никакво објаснување кој, зошто и како добил прва награда. Еден
од најконтроверзните владини конкурси беше оној за изградба на
спомен-куќа на Мајка Тереза. Нејзиниот автор Вангел Божиновски
учествуваше на двата меѓународни конкурса, а доби на вториот. Тоа беше
моментот на кој реагираа учесниците и јавноста. Дури и сега по
отворањето на музејот, се' уште има реакции, но сега за нејзиниот
изглед.
- Јас знам дека јавноста добро го прими објектот. Тој
е најпосетен музеј за овие еден-два месеца колку што е отворен во однос
на другите на годишно ниво и воедно најсликан објект. Тоа што има
одглас во медиумите е поради разни луѓе што се почуствувале повикани
нешто да кажат. Но, аргументирана архитектонско-естетска критика
немаше. Партиската потреба за пишување нема врска со естетиката - вели
Божиновски. За обвинувањата дека добил прва награда затоа што е близок
со власта, тој вели дека не може да стане збор за каква било блискост
кога 80 отсто од жирито одлучило во негова полза. Вели и дека
учествувал и на други владини конкурси, но не добил дури ни откуп.
Мене конкурент ми беше труд кој немаше содржина, имаше пристап од 20
метри и тунел под земја. Мојата порака беше јасна - радосно враќање на
еден живот - објаснува тој.Во интервју за „Дневник“ скулпторот Томе
Серафимовски неодамна изјави дека при градењето има судир на многу
материјали, неинтегрални, кои не виреат еден со друг, односно си пречат.
-
На пример, горниот дел е целиот од стакло, кое не е дефинирано. Не е
чисто стакло, ниту е витраж. Под стаклото има еден многу стар наш
рустичен камен, кој е доминантен. Има и неколку добри детали. Објектот
може да се спаси со одредени интервенции, но архитектот треба да има
доблест да прифати дека скулптурата, архитектурата, се колективни
работи - смета скулпторот Серафимовски. Божиновски, пак, вели за да се
сфати градбата треба поголемо познавање на македонската традиција.
Објектот е изграден во стил на традиционална македонска куќа. Ако има
луѓе на кои не им се допаѓа, тоа се луѓе што не знаат. Оние што
критикуваат, а се со диплома, покажуваат елементарно непознавање -
дециден е Божиновски.
За подигање споменик доволни се кренати два прста
Според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја,
општините може да подигаат спомен обележја, бисти, плочи, чешми и други
уметнички дела, но само на личности од локално значење. На личностите
кои се од исклучително значење за развојот на државноста на Македонија
и државнотворниот-правен континуитет, им се подигаат меморијални
споменици. Одлуките ги носи Собранието на Македонија, а оваа
институција воедно и ја спроведува постапката.
Во овој дел од
Законот се наоѓа и моментот кој општините го користат да подигнат
споменик, кој не би бил дивоградба. Тоа го прават без носење програма,
без одобрение од Град или од Собрание, само со одлука од Советот за
подигање спомен-обележје. Доволна е иницијатива, која потоа се става на
дневен ред и се гласа. Министерството за култура нема обврска да се
грижи за обележјата, зашто правно ќе немаат статус на културно
наследство. Под капата на одлуката за споменично обележје, иако се
работи за значајни личности, а не за личности од локално значење,
општините Чаир и Центар ги поставија спомениците на Скендер-бег во
Старата чаршија, на Крсте Петков Мисирков на плоштадот Пела, а сега на
ред се и 19-те споменици во центарот на Скопје.
Скулптурите беа избрани транспарентно
Од Министерството за култура, и покрај поставените прашања, не
соопштија дали е вистина дека на сметката на Општина Центар неодамна
префрлиле девет милиона евра за изработка на 19 спомен-обележја, меѓу
кои и масивниот споменик на Александар Македонски, кој ќе се гради на
плоштадот Македонија. Се задржаа само на 35-те скулптури за кои лани
министерството распиша конкурс.
- Министерството за култура го
реализира проектот за поставување на 35 скулптури во централното
градско подрачје. Во изминатиов период беа промовирани пет скулптури од
проектот, а наскоро ќе бидат промовирани уште седум. Целта на проектот
е разубавување на централното градско подрачје - одговорија од
Одделението за односи со јавност. Не сметаат дека со одлуките за
поставување скулптури или со финансирање спомен-обележја се мешаат во
локалната власт.
- Основна задача на Министерството за култура
е грижа за културата, како и негување и промовирање на културните
вредности. Грижата за урбанистичките и инфраструктурните проблеми е
надлежност на Градот и на локалната власт - велат од Министерството за
култура.Наспроти обвинувањата за партиска блискост и анонимност на
авторите, нагласуваат дека скулптурите биле избрани транспарентно.
Во Алејата на народните херои во Паркот на револуцијата повторно се поставени седум бисти на хероите Кире Гавриловски, Орде Чопела, Рампо Левката, Борка Талески, Круме Волнароски, Лазо Филипоски и Борка Велески- Горанов, кои пред две години беа украдени.Ова е единствениот начин да бидеме современици на нашите претходници, да ја браниме историјата и да испишуваме нови страници. Културата и историјата се нашиот идентитет, она што не прави различни и посебни, но и она што не зближува и не поврзува со Европа, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска на денешната пригодна свеченост на откривањето на бистите во Алејата на хероите.
За Методија Костоски од Сојузот на прилепските борци алејата е доказот за херојското минато на градот, на неговите жители и ова е враќање на достоинството. Според градоначалникот Марјан Ристески исправена е неправдата што на градот и на прилепчани им е нанесена кога бистите беа украдени. Апелот се уште е отворен да се пронајдат крадците и најстрого да се казнат. Седумте бронзени бисти на хероите повторно ги изработи прилепскиот скулптор Емил Солески. За нивната изработка се одвоени 1,3 милиони денари во кои со 40 насто учествува Министерството за култура. На Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата во Прилеп се моштите на 650 борци од НОБ, а во алејата на хероите се бистите на 10-те од 15-те народни херои кои градот ги дал во народната револуција.
Со
мали четкички, вчера екипи од "Паркови и зеленило" ги чистеа
валканиците од споменикот на Гоце Делчев во Градски парк. Тој е
исчистен од графити, а вчера од него беа исчистени и сите други
дамки. Чистењето на споменикот е дел од проектот за обнова на
платото околу фонтаната "Лотосов цвет", која беше поплочена со нов
мермер. Поплочени и асфалтирани се и патеките околу фонтаната и
споменикот, и целиот простор е уреден со ново зеленило. "До сабота
треба да завршат сите работи за обнова на овој дел од паркот, кога ќе
организираме хепенинг по повод првиот ден на пролетта. На хепенингот ќе
настапи Градскиот оркестар и културно-уметнички друштва, а одовде ќе
стартува и пролетната велосипедска трка до Милениумскиот крст. Со тоа
и свечено ќе го предадеме во употреба овој дел од паркот", велат од
одделението за односи со јавност на Градот.
Скулптурата
„Питач“ од Наташа Божовска викендов е поставена на улицата Македонија,
во непосредна близина на кафеаната „Дал метфу“. Скулптурите, кои се
поставуваат во рамките на акцијата на Министерството за култура за облагородување на централното градско подрачје, како да го бележат пулсот на овој простор.
Сега за сега нека биди кафански муабет,но налетав на два проекти за Прилеп.Првиот проект за слонот(карпа на Марковите кули за која има многу легенди)знаев за порано и е вклучена во предизборната кампања на сегашниот градоначалник,за вториот проект со пирамидата првпат слушам.Слонот:Пирамидата:
Koga bese vo Avstralija pred edna godina gradonacalnikot na Prilep Marjan Ristevski, (za zbratimuvanjeto megu prilep i opstinata Vincent od gradot Pert) imav nekolku priliki da po razgovaram so nego. Zaedno bevne so uste 5-6 dusi na kasino tuka vo Pert. Veruvam deka ovie raboti koj gi izplaniral moze da gi ostvari, bidejki i koga bese ovdeka mi kaza za nekolku ambiciozni proekti koj odma bi gi napravil dokolku opstinata prilep imala finansiski sredstva. covekot e cesen i si go saka svojot grad
па не е проблемот толку просторен колку што е естетски, просторов не би требало толку и на ваков начин на е натоварен, но мислам дека во иднина ќе се најде некое компромисно решение. јас мислам дека најдобра комбинација би било овие позиции што се зафачаат сега да бидат отворени! сега ова малку делува конфузно на прв поглед што тоа би било отворено, поентата ми е да се ротираат редовно на овие позиции некакви скулптури, односно да биде како галерија под отворено небо цела улица во тек на цела година, а овие веќе стокмениве скулптури за градов да се разместат по паркови или околу културни, деловни или комерцијални опкружувања...
чудно но оваа кампања дефинитвно одговара на денешнава реалност во МКД , само сега што е пресликана во мало на ул.МКД, скулптуриве се слика и прилика за неверајотностите во нашата ни мила земја, па донекаде на неверојатен начин исто како и нашата реалност си легнуваат на свое место.
да не бидам само саркастичен, еве би кажал дека во случајов единствен лек е добра илуминација на скулптурите навечер, а преку ден не елошо да се облекуваат пример во плакати или рекламни платна, па да видиме од нив повремено и економски аир...
Ja mislim deka skulpturite ne ja pravat glavnata guzva na ul. mkd ,tuku masite od kaficite i restoranite.Mislam deka treba da im se ogranici na dva reda masi, ne povece za ulicata da se rastereti.I mene mi e fino u prolet da sedim na kafe i da se suncam ali ova e preterizam,celi satori se locirani na ovaa ulica.Taka sto skulpturite ne se nekoj problem na ul. mkd.
не ми е јасно кое е задоволството на бутање на скулптури на едно место, односно на делот од ул. Македонија кај Пеко мене ми се допаѓаат такви скулптури како сега најавениве, ама навистина на глупав начин се форсирани во центарот, можам да набројам милион локации каде што може да има скулптури а да не се натрупани на едно место
В
недела, на различни локации низ Центарот на Скопје, ќе бидат поставени
нови седум скулптури од проектот на Министерството за култура за
поставување на вкупно 35 скулптури. Во оваа група ќе биде
поставена скулптурата "Просјак", на Наташа Божарова, а ќе биде лоцирана
пред продавницата Мекс. Кај Пеко на улицата Македонија ќе биде
поставено делото на Дарко Дуковски наречено Бик. Свое место во центарот
на градот ќе имаат и скулптурите "Чистач на кондури", на Елена
Дуковска, како и скулптурите "Жена со гитара", на Синиша Новески ,
"Балерина" на Зоран Тошевски , "Кафез на душата", на Сашо Поповски и
"Маски" на Ристо Станковски.
ВО КАТЛАНОВСКО БЛАЦЕ ОТКРИЕН СПОМЕНИКОТ ПОСВЕТЕН НА ЗАГИНАТИТЕ МИРОВНИЦИ
Бронзена скулптура - паметник за хероите
Во
селото Блаце, на местото на трагичниот настан, каде во хеликоптерска
несреќа загинаа единаесетте македонски мировници, враќајќи се од
мировната мисија Алтеа во БиХ, вчера беше извршено свечено откривање на
спомен-обележје во нивна чест и слава. Со благослов на поглаварот на
МПЦ г.г. Стефан, тројца свештеници ја осветија и црквата, која е во
фаза на изградба, а е посветена на Св. Великомаченик Тодор Тирон, кој е
светец-заштитник на војниците. Проектот за изградба на Меморијален
центар, посветен на трагично загинатите мировници, го иницираше и
реализираше Општина Петровец и лично на градоначалникот Звонко
Цветковски. На поменот освен претставници од локалната власт и месното
население, присуствуваа и потесното семејство на трагично загинатите,
кои положија цвеќе.
Градоначалникот Цветковски рече дека жали што црквата не е изградена во целост . -
Во изминатиов период побаравме помош од многу институции, но се уште
немаме одговор. Се надевам дека Владата и сите министерства ќе помогнат
во доправување на овој проек. Тој додаде дека ќе се потруди во целост
да се изгради и да се означи ова место, и да прерасне во место кое ќе
го паметат и посетуваат сите генерации.
Точно на местото на трагедијата, на постамент од еден метар е
поставена бронзена скулптура - хеликоптер со скршени елиси што ја
изработи архитектот Панче Ковачев. Црквичка е на педесетина метри
подалеку.
Поздрав и респект кон репортерот за објавата од настанот. Споменикот и црквата се на растојание од седум метри . Црквата е проектирана и изведена како што е и осветена и ќе остане недовршена како што не им се исполни животот на несреќно загинатите мировници од мировната мисија Алтеа во БиХ. Објектите се изградени со авторитетот на Општината. Неточни се информациите дека е барана помош од институции или од Владата за довршување на црквата .Кажав дека изградбата е завршена према проектот и како таква ќе остане. Благодарност до В. Петков кој исто се потрудил и објавил фотографии од чинот на осветување и откривање на споменикот. Автор на проектите.П.Ковачев
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum