![]() |
![]() |
![]() |
Македонски народен театар (Стар театар) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 62> |
Author | |
Vicks ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Apr-2020 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Едно време како деца се плашевме дека оние "тањирите" во Универзална Сала ќе ни паднат на глава. Ништо чудно некој лустер да тресне на сред претстава
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Новиот МНТ: Пациент без терапија
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Мораше да падне стиропорот од фасадата на зградата на МЕПСО за да се вклучи алармот кај скопското обвинителство, кое по допрен глас истражува дали има основа за кривична одговорност за изведбата или за квалитетот на материјалот. Но, многу пред ова да се случи, во новоизградениот театар од спротивната страна на МЕПСО, кој исто како и фасадата е дел од проектот „Скопје 2014“, со години влегува вода. Освен вработените и публиката тоа никој не го гледа. Проблемот во МНТ е стар колку и самиот објект, ама по речиси седум години сѐ уште никој не се нафатил системски да го реши, туку повремено го санира со интервенции од типот „бетонирање прозорци и кофа во фоаје“. Нашето истражување покажа дека, иако имало крпење на штетата од водата што се собира во 37-милионскиот објект, фирмите-изведувачи си играле пинг-понг со одговорноста за системските дефекти. Надлежните ниту тогаш, ниту сега не покажале подготвеност да го лоцираат и да го решат проблемот прогласувајќи се ненадлежни. Министерството за култура ја префрла топката во МНТ, од МНТ, пак, ќе бараат финансиска помош од Министерството. За одговорноста на оние што нарачувале, граделе и вршеле надзор никој не зборува. Никој од соговорниците со кои разговаравме не можеше директно да впери прст во изворот на проблемот – локацијата, материјалот, некоординација на фирмите што го граделе објектот што се менувале во текот на градбата или нешто друго. Оттаму сосема е извесно дека во перспектива санацијата на објектот стар не повеќе од седум години ќе ја зголеми сумата јавни пари потрошена за негова изградба, но исто така речиси е сигурно дека на крајот никој воопшто нема да понесе одговорност. Вродена градежна мана Огромна црна кофа, дупка на плафонот со изваден лустер, излупен ѕид од влага, кабли што висат и вода што капе. Оваа сценографија не е од социјална ТВ сторија, ниту театарска постановка, туку проблем што зјае од фоајето на МНТ и редовно ја пречекува публиката во објектoт на кејот на Вардар. Зад црвената завеса во фоајето, небаре театар во театарот, најмногу се гледа дека има пропуст при градбата на објектот. Проблемот, како што тврдат вработените, e во горната тераса од каде што се собира вода, која се цеди и капе во кофата. Овој дефект не е нов. Постои од кога е отворен театарот во 2013 година, па бидејќи со години не е решен, театарџиите направиле мала сценографија со реквизити за да го ограничат просторот заради безбедноста на публиката. Но, далеку пред помпезното отворање, стручњаците предупредуваа дека Вардар и дождовите ќе му бидат натрапници на тогашниот новоотворен театар. До нарачателот и до изведувачите овие предупредувања, сепак, не стигнаа, како што не стигнаа ниту до фирмите што вршеа надзор. БИРН, во рамките на истражувањето Скопје 2014 под лупа, откри дека за изградба на овој објект, пред сѐ Министерството за култура, но и она за финансии, склучиле договори со десетици компании и изведувачи. Меѓу нив, најскапи се договорите за градење склучени со штипски „Бетон“, „Страбаг АГ“, „Ламоне Мореда“ и „Конструктор“. Па, сепак, речиси седум години од свеченото отворање, никој сѐ уште не утврдил каде е проблемот и зошто централниот театар во земјава практично е полупоплавен, а вработените се молат да не заврне некој посилен дожд. Бетонирани прозорци за да не влегува вода За најавата дека ќе има проблеми со објектот сведочи и тоа што не помина ниту половина година од отворањето, а претставата „Вечната куќа“ беше прекината бидејќи по обилните дождови во мај 2014 година, во зградата влезе вода. Овој градежен дефект бил решен со тоа што прозорците биле бетонирани за да се спречи идното навлегување вода. Сега во тие простории нема светло, но ваков проблем оттогаш не се појавил. Но, затоа објектот уште еднаш се поплави во 2017 година, кога прокисна и на сцената, па беа ставени кофи. „Фоајето се распаѓа. Тоа е нерешен проблем од отворањето на МНТ, а состојбата се влошува“, вака Гунтер Кубе, техничкиот раководител на објектот за БИРН го опиша најгорливиот проблем со кој се соочува театарот. Сепак, не се само терасите. Пред пуштањето на театарот се појавила вода во сценската јама, каде што се наоѓа механиката за сцената. „Австриска фирма вбризга специјална маса околу сценската јама. Дојдоа странци и го решија проблемот“, се присети Кубе. Директорката на МНТ, Симона Угриновска, пак, тврди дека пропустот во градежната изведба не е само естетски, туку и безбедносен проблем и дека како што одминува времето, се продлабочува. „Имаме обврска кон публиката сѐ да биде безбедно“, вели таа, коментирајќи ја опасноста од близината на електричната инсталација и водата. Прокиснувањето ставено под тепих – одговорност нема Во 2014 година, по поплавите во Скопје, итно биле склучени три тендери со фирмите „Страбаг“, „Светлост театар“ и „МГИ Инвест“, во вкупна вредност од 228 илјади евра, бидејќи имало потреба за итна санација на штета на сценско-технолошките системи, машинската опрема, инсталацијата и ентериерот. Но, парите не биле исплатени од буџетот, туку од осигурителна компанија, потврдија за БИРН од Министерството за култура. Други пари за вакви поправки на театарот не дале. МНТ во минатото неколкупати се обраќал за санација и директно до фирмите-изведувачи, како и до помали фирми. Некои од нив, во неколку наврати интервенирале. Но, гарантните рокови за набавувачите и за изведувачите, кои биле меѓу 3 и 5 години, веќе истекле, а проблемот останал, објаснија од театарот. Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за култура, за БИРН раскажа дека менувањето изведувачи најверојатно било една од причините за овој проблем. „Кога другиот продолжувал, каде што претходниот застанувал, се правеле пропусти“, смета Алаѓозовски. Истиот аргумент веројатно важи и за прашањето дали некој вршел надзор над тоа што и како се гради. Според документите во базата „Скопје 2014“ биле склучени седум договори за надзор за специфични аспекти од градбата, на пример, само за статика, и тоа до 2011 година или надзор за изработка на водовод со траење од два месеца. Сите седум договори за надзор се склучени во постапка со преговарање, без претходно објавување оглас, со образложение дека тоа е поради технички и уметнички причини, за што добиле и позитивно мислење од Советот. Во едно од образложенијата за договорите се наведува дека станува збор за објект, кој првпат се работи, не само во Македонија и во регионот и дека е комбинација на повеќе активности, кои меѓу себе мора да се ускладат, вкомпонираат и да се вградат во сложени дејствија, па затоа е неопходно „поголемо учество на проектантите во работата на изведбата“. Познавачите со кои контактиравме велат дека треба да се направи увид и детално да се испита коренот на проблемот. Сметаат дека она што на МНТ му треба е процес на „дефектажа“, односно системска постапка на утврдување на изворот на проблемот. За поведување постапка пред суд, пак, сугерираат дека треба да се изготви вештачење и да се соберат докази. За колку точно со системските поправки дополнително би „поскапел“ објектот, кој не е стар ни седум години, засега нема прецизна пресметка. Она што е јасно е дека потребата за санација е ургентна, а за тоа повторно на помош ќе биде државната каса, бидејќи ваков трошок за национална установа, која зависи од Министерството за култура, е луксуз. „Правиме проценка колку ќе чини тоа“, вели Кубе за големиот дефект на МНТ и додава дека и другата тераса го има истиот проблем со изведбата, но тој, за среќа, сѐ уште не се манифестира. Oна што е јасно е дека проблемот со прокиснувањето бил ставен под тепих и постепено се продлабочувал. Техничкиот директор на МНТ, изјави дека за ова не пријавиле во обвинителството за евентуално понесување кривична одговорност и дека нема сознанија оти за тоа имаат основа. Од друга страна, многупати испраќале дописи до Министерството за култура. „Упатени се повеќе дописи (информации, барања) во различни формати до Министерството за култура. Некои од нив се и лично мои (последниот во август 2017)“, вели Кубе. Обвинителството за БИРН потврди дека СЈО отворило предистражна постапка, но не за МНТ, туку генерално за проектот „Скопје 2014“. Но, извори што работеа на овој случај во СЈО потврдија дека фокусот на предистрагата, која е пред самиот крај, се големите споменици, а не објектите, меѓу кои е и МНТ. Членот на комисијата за ревизија на проектот „Скопје 2014“, Мартин Пановски е дециден дека пропаднала идејата за ваква проверка, бидејќи не добиле поддршка. „Имав идеја да се прави ревизија на градбите за да се утврди дали нешто треба да се урне или да се остави. Значи откако ќе ги поминевме другите проверки, како правните и процедуралните, да се извршеше и таква проверка. Имавме капацитет, бевме тројца архитекти во петчлената комисија, но немавме поддршка. Проверки на зградите може да се направат, постои и соодветна апаратура за тоа и стручни лица“, раскажа Пановски. Ѕирка стиропор од излупените огради Но, и да не ги знаете сите овие „внатрешни“ проблеми со кои се соочува МНТ, само една дневна прошетка околу театарот е доволна за да се види излупена ограда од која наѕира стиропор, што говори за квалитетот на материјалот што бил употребен. Неколку вакви поголеми блокови се потпрени едно врз друго во близина на објектот. Oвие поправки може да почекаат бидејќи се претежно од естетски карактер, но и за нив би биле потребни пари. Вонредната состојба поради коронавирусот ги одложи претставите во МНТ. Приоритетите на државата се насочени кон справување со последиците од вирусот, кој, меѓу другото, ја остави културата и дупката во МНТ на чекање за подобри времиња. https://prizma.mk/noviot-mnt-patsient-bez-terapija/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Често го коментиравме тоа на форумот. Подобро ќе беше да се изградеа само пет квалитетно изработени згради одошто сиот овој кичерај и фушерај што сега се распаѓа. Тие пет згради барем ќе можеа да нè надживеат и да останат како спомен од едно време, а ова ќе се распадне уште пред неговиот нарачател да заврши во затвор. Освен тоа, поголемиот дел од спомениците и дел од зградите покажаа на кое ниво е градежништвото во земјава - не постоеше објект што не беше проследен со скандали и одлагања на неговото пуштање во употреба поради дилентатизмот во изведбата и во сè друго. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Ова ти е ефектот од скање да се изгради што повеќе со помалку пари. ако сите објекти од Ск2014 беа прописно спроведени и изградени целиот зафат ќе беше дупло поскап.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Фушерај, надграден и проширен.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Како е ова можно? Чинеше многу!!! Мора да има казна.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Настрана фактот дека станува збор за јавна установа и јавно место, сепак да прашам:
Дали постои законска регулатива во Македонија со која се одредува од какви материјали треба и од какви материјали не треба да бидат изградени потпорните ѕидови и оградите на објектите ? И дали постојат казни за прекршување на таквата законска регулатива - ако истата воопшто постои ? https://kajgana.com/oshteten-stiroporniot-dzid-kaj-mnt Оштетен стиропорниот ѕид кај МНТ
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Претпоставувам дека не бил накинџурен ко овој, мада немам видено фотки од внатрешноста на стариот театар.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
уште поболно е кога знаеш дека оригиналниот театар бил многу поедноставен и посовремен за свое време... без целата таа златна боја, некои непотребни релјефи и милијарди огледала очи што бодат
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
првпат бев во театаров пред некој ден, и ми е смешка жива. Мислам дека терминот „циганска палата“ е скроз на место.
Подрумот (кај што се тоалетите) базди на мувла и влага. Единствено нешто што ми остави позитивен впечаток се музејските поставки/изложби. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
не е вода, барокот претекува... преголема доза на барок што структурата на објектот не може да ја издржи
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
А од што протекува не ми е јасно, периодов е баш сушен. (???)
|
|
![]() |
|
gorazd ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Oct-2011 Online Status: Offline Posts: 551 |
![]() ![]() |
ПРОТЕЧЕ ТАВАНОТ ОД ЗЛАТНИОТ МНТ ВРЕДЕН 40 МИЛИОНИ ЕВРАhttp://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/proteche-tavanot-od-zlatniot-mnt-vreden-40-milioni-evra/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() фото: Hannes Weninger (flickr) |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
Македонскиот народен театар стана членка на ЕТК, најголемата европска мрежа на театри
На интернационалната театарска конференција на театарската мрежа ЕТК – Европска театарска конвенција, која се одржа од 21 до 24 април 2016, во „Театр де ла Мануфактур“ – драмски театар во Нанси, Франција, Македонскиот народен театар стана полноправна членка на оваа најголема европска мрежа на театри. На конференцијата со тема „Театарот надвор од границите - идентитети и припадност“ земаа учество над 40 режисери, уметници, драматурзи и продуценти од повеќе од 25 угледни европски државни театри. Настанот понуди можност за дискусии и размена на идеи со експерти и предавачи од економската, социјалната и културната сфера, како и реномирани уметници од меѓународната театарска сцена, кои зборуваа за клучната улога на театарот во формирање на европски современи полифонични државјанства и општества. Македонскиот народен театар како национална институција беше предложена од повеќе реномирани театарски куќи од Европа и стана полноправна членка на ЕТК, заедно со повеќе од 40 театри-членки од 25 земји, со 8.000.000 посетители, илјадници уметници од 20 земји и 16.000 претстави и настани годишно. Членството овозможува пристап до состаноците и овозможува интеракција со колегите/соработниците од цела Европа, а тоа честопати резултира со заеднички проекти и размена. Дел од членките кои го креираат животот во мрежата ЕТК се од Австрија, Белгија, Италија, Германија, Норвешка, Холандија, Унгарија, Грузија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Финска, Франција, Турција, Украина и други земји. ЕТК мрежата е основана во 1988 година за промовирање на современиот театар, поддршка на мобилноста и размена на актерите низ цела Европа и пошироко. Има за цел да ја потврди улогата на театарот и револуционерна сила при формирање на европската сцена, нудејќи пристап до културата на сите генерации преку високо квалитетни креативни и иновативни театарски проекти. Како европска театарска мрежа за соработка, ЕТК воведува исклучително нови идеи и примери од најдобрите пракси кои се користат во театрите низ Европа и го поддржува развојот на интернационалната соработка, како и проектите од областа на уметноста кои се фокусираат на нови театарски форми на креација и соработка. Таа, исто така, служи како професионална сцена за театарските уметници, организира состаноци, инвестира во можности за подучување и обука и иницира истражувања и публикации од областа на театарот. Покрај тоа, ЕТК е активна и влијателна мрежа која го застапува европскиот јавен театарски сектор на политичко ниво, бидејќи се труди да изгради долготрајни структурни врски со европските политички институции заради многу битната цел на зацврстување на позициите на европските театарски институции, како дел од виталниот културен и креативен сектор. Мрежата ЕТК се вклучува во програми за поддршка на европската театарска соработка од различни аспекти: програма за поддршка на размена на театарски уметници, претстави и проекти во рамките на мрежата; програма на фестивали на кои се претставуваат новите европски теарски трендови и се промовираат млади актери; програмата „Млада Европа“ креираше нови претстави за младите во школите и театрите кои покажаа вистинска соработка надвор од границите на својата земја; неодамнешната „Студија за развој на публиката“ која обезбеди првични сознанија за публиката во европските театри; проектот „Уметноста на стареењето“ со кој членките на ЕТК ги споделија демографските предизвици со кои се соочува нашето општество, известија од Македонскиот народен театар. http://www.mkd.mk/kultura/teatar-i-film/makedonskiot-naroden-teatar-stana-chlenka-na-etk-najgolemata-evropska-mrezha |
|
![]() |
|
SkopjeZaVardar ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 13-Dec-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 66 |
![]() ![]() |
Јас се извинувам, сликата беше поставена пред некој ден на твитер и јас прв пат ја гледам. Незнаев дека веќе била овде на форум.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
![]() За ништо, факти си се тоа. Признавам дека мојата реакција на сликата беше само изразување на револт на таквите опортунисти, во кои за стекнување на не знам каква слава, се појавуваат во вакви моменти. Ова е да речеш без последици, се надевам нема да почнат и лажни фотографии и нема да се дозволат повици за „банкарски навали“, бидејќи тоа се опасни работи, со кои не треба да си играме, зашто ние ќе настрадаме. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 62> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |