![]() |
![]() |
![]() |
Индустриска зона Жабени |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 6> |
Author | |
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Секако дека се добредојдени ,но нас ни се потребни фирми кој ќе даваат готов производ од тука. Моментално Ванхол најавува такво нешто (со тоа што се гради фабрика во Штип на наша фирма која ќе произведува школки за автобусите) и што според некој муабети ќе се шири наскоро (за 1-2 години). Ги знам и јас придобивките и тие се многу поголеми ,ама во функционална економија и доколку нашите компании можат да понудат сервисни услуги.
Инаку обично транспортерите добро заработуваат од овие компании , случајно познавам еден транспортер кој работи/работел за компанија во бунарџик и беше презадоволен ,односно вика дека од таа фирма го заработува лебот и плаќа даноци ,а другите му се како некоја дополнителна заработка. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Даци покрај тоа што во регионите каде што доаѓаат овие фирми се намалува невработеноста и се зголемува куповната моќ, според мене можеби и најбитен фактор е дека овие фирми воведуваат други стандарди на работа кои подоцна би требале да бидат пример и за нашите работодавци. Значи секаков вид на осигурување на вработените, дисциплина и хигиена на работно место, заштита при работа и слични работи кои верувам дека ќе се спроведат приближно на Германските стандарди. Исто така во овие фирми ќе се обучат луѓе некој за поедноставни но некој и за менаџерски и инженерски функции, значи во овој дел што е многу битно може да се подобрат условите за практично образување на средношколци и студенти. Потоа се зголемуваат и можностите на нашите домашни фирми за пласирање на своите производи за потребите на овие компании а зошто да не за снабдување и на оние филиали кои се надвор од Македонија. Исто така треба да се земаат предвид и сите оние кои секојдневно вршат некоја услужна дејност а тоа се превозници и снабдувачи на храна. Освен тоа овие фабрики некој ги гради и одржува така да и во тој дел има луѓе кои имале некоја добивка. Исто така со зголемување на бројот на вакви компании се зголемува и потребата и исплатливоста за изградба на инфраструктура. Да не зборувам дека луѓето што зимаат плата од овие фирми своите пари некаде ги трошат и тн. и тн. Ова се оние придобивки кои во моментов ми паднаа на памет. За платите може да се дискутира, како и за исплаќањето на прекувремената работа. Може и да се дискутира за тоа што овие неколку фирми се исклучиво трудови и најголем дел од вработувањата се ниско квалификувана работна сила., а продуктите немаат некоја голема додадена вредност ниту пак некој "know how". Но според мене тоа е и некој природен развој на една држава, сликовито кажано период кога учиме да зборуваме и одиме, после тој период логично би било да учиме и да пееме и трчаме. А тој период се најавува со фирмата со фирмата најавена во Велес (Маркард или така нешто се викаше неможам да се сетам во моментов) Така да како и да завртиш овие фирми се добредојдени во Македонија се додека се држат на законите и екологијата . |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Култизин тешко дека така ќе покачиме плати ,плати се покачуваат со добри синдикати и добра организација на вработените а воедно и комуникација со државата, платите сами по себе со зголемувањето на вработеноста нема да се качат барем не на задоволително ниво ,туку можеби некој 20-25% би се покачиле кај овие минималциве (се што е испод 15 треба да се смета за минималец) кај другите сметам дека засега не треба да се покачуваат бар додека не се добие некоја приближна сума на сите а не разликата да биде 300%.
Инаку без домашни компании кој ќе даваат солидни плати и работа за едуциран кадар џабе ни се овие компани кај кој би можеле да стекнеме знаење и искуство бидејќи немаат конкуренција и строго диктираат плати на пазар. Но секако позитивно е бар да ја намалиме невработеноста бидејќи таа е најголемиот извор на сиромаштијата моментално во државава. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Во држава со 30% невработеност нормално е дека фирмите ќе дават минималец. Добро е што почнаа да се отварат скоро во сите региони во Македонија, така што со намалување на навеработеноста автоматски ќе почнат да се качуват и платите.
|
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Почетна плата е минималец и покачување има само за прекувремено или за работење во втора смена. Инжинерите кои се малку на број земаат од 15-25илјади, додека неколкуте менаџери по 40тина. Ваквите фабрики и мене не ми се мили, но добро е да има по некоја во секој град, чисто за одреден меѓупериод за стекнување на искуство и не седење без никаква плата. Не би ми било ќеф доколку сите невработени што ги има, а бараат работа во земјава, вака би се вработиле. Условите за работа биле релативно добри, имало ред и оброк во работното време.
Инаку моментално се вработени 1200-1300 работници и како што чув за ветената бројка од 2500 мака мачат да најдат во битолскиот регион па носеле работници од Прилеп, Ресен.. Edited by stratus - 29-Apr-2014 at 09:25 |
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Јас колку што разбрав некој почнуваат со 9 ,некој со 10 некој со 12 (ова зборувам за работниците и е зависно според квалификациите) и потоа следат покачувања во зависност од ефективноста и напредокот но не се многу големи. Ова важи за претежно сите компании што дојдоа во Македонија. |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
и да се исполнат сите најави за фабрикиве,крајниот ефект ќе биде една појава опишана во капиталот на Маркс-работници по фабрики работат за минималец, и несмеат да писнат.
А замислете кај нас тоа е плафонот што можиме да го добиеме.Значи без тоа е бетер,масовна невработеност змија или магаре |
|
![]() |
|
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
Почетна плата кај обичен работник започнува со минималец, но колку што разбрав после третиот месец имало поакачување па на 6 месеци и така. Ова онака неофициално од пријатели
|
|
build.mk, гради форумска историја
|
|
![]() |
|
Razbirash ![]() Newbie ![]() Joined: 02-Dec-2012 Online Status: Offline Posts: 27 |
![]() ![]() |
Што плати даваат Кромберг и Шуберт?Има ли 200 евра или минималец?
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Бизнисмен од Австралија во Жабени ќе гради фабрика за чипсЗа две недели ќе започне изградбата на фабрика за чипс во ИЗ ''Жабени'' во Битола, а инвеститор е австралиски бизнисмен по потекло од Битола, кој дванаесет години работи во оваа државаЗа две недели ќе започне изградбата на фабрика за чипс во ИЗ "Жабени" во Битола, а инвеститор е австралиски бизнисмен по потекло од Битола, кој дванаесет години работи во оваа држава. Инвестицијата во прва фаза ќе чини околу два милиони австралиски долари и за почеток ќе бидат вработени 70 лица. Ова денеска во ``Жабени`` го најави полномошникот на австралискиот инвеститор при средбата со првите луѓе на индустриската зона и претставниците на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции.- За две недели,
кон средината на мај, треба да започнеме со изградбата на фабриката. Во
првата фаза го градиме производниот дел на фабриката, а во втората фаза
ќе се гради ладилник со магацин за компири - рече м-р Владо Поповски,
ополномоштен претставник на автсралискиот бизнисмен. Од
Австралија во ИЗ"Жабени" ќе инвестираат тројца бизнисмени со
македонско потекло, а од Агенцијата највуваат и нови странски
инвеститори. - Мислам дека во "Жабени", за
многу скоро, ќе има и нови странски инвеститори кои ќе придонесат за
овој регион да се креираат нови работни места и економски развој, секако
- рече Климент Шеќеровски, заменик директор на Агенцијата за
привлекување на странски инвестиции. Во "Жабени" германскиот индустриски гигант "Кромберг и Шуберт" веќе
работи со 1.300 вработени, а од 28 потенцијални инвеститори во зоната со
купени 48 парцели, деветмина добија дозволи за градба.
извор Edited by Danielbtmk - 27-Apr-2014 at 17:41 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
„Жабени“ доби нов жител, грчката компанија „Виндор“Во индустриската зона во Битола, „Жабени“ денеска се поставија темелите на уште една фабрика, специјализирана за производство на врати и прозорци од ПВЦ и алуминиум. Станува збор за грчката компанија „Виндор“ од Лерин. На свеченоста присуствуваше и сопственикот Костас Мицопулос, чии сеемен бизнис датира од 1974 година. „Објектот брзо ќе го изградиме. На почеток ќе биде на површина од 340 метри квадратни, а конечната форма ќе биде поставена на 2.500 метри квадратни. Веднаш ќе се вработат 20 лица, а потоа ќе се зголемува бројот на нововработени во зависност од потребите на компанијата. Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме и во Грција. Тешко време е да се инвестира, но треба да се инвестира, бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој. Инвестирав бидејќи тука има добри луѓе“, истакна Мицопулос. Грчката инвестиција е втора по ред во зоната „Жабени“ по влезот на гигантот „Кромберг и Шуберт“. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Германската инвестиција "Кромберт и Шуберт" свечено ќе биде отворена во петок
Фабриката "Кромберг и Шуберт", ќе биде свечено отворена во петок во индустриската зона Жабени во Битола.
На свеченоста свое обраќање ќе имаат Ханс Отто Кромберг сопственик
на „Групацијата Кромберг и Шуберт ГмбХ“, премиерот Никола Груевски,
министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак како и
градоначалникот на Битола Владимир Талески.„Кромберг и Шуберт“ е германска фамилијарна фирма во индустријата на автомобилски добавувачи која има успешна историја повеќе од еден век. Со над десетина илјади вработени низ цел свет фирмата развива и произведува високо технолоши производи, како кабли, кабловски исталации, пластична технологија и мехатроника. |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Во „Кромберг и Шуберт“ се работи во три смени – најавени нови вработувањаГерманскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ кој се распосла на парцела во индустриската зона Жабени, работи со полна пареа, објавува Нова Македонија. Зголемените нарачки за кабли за автомобилската индустрија диктираат и ново темпо, па во „Кромберг и Шуберт“ се работи буквално во три смени. Раководството во фабриката и локалната самоуправа ги дематираат шпекулациите дека наводно голем број вработени даваат откази бидејќи се незадоволни од условите за работа и од германската дисциплина, информирајќи дека напротив, постојано расте бројот на вработени. “Во моментов во „Кромберг и Шуберт“ се вработени вкупно 836 лица, а до декември се очекува да бидат вработени уште 200 нови работници, со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања од 1.000 лица до крајот на 2013 година, која беше поставена со бизнис-планот на раководството на фабриката”, вели битолскиот градоначалник Владимири Талески за Нoва Македонија. Од Општина Битола велат дека очекуваат од следната година во фабриката да се вработат уште најмалку 1.000 лица, а вкупниот број вработени до 2015 година да се заокружи на 2.500 работници. -Во „Кромберг и Шуберт“ тврдат дека на тоа нема да застанат со вложувањето во индустриската зона Жабени. Имено, според информации од овој гигант, сопствениците на „Кромберг и Шуберт“, кои наскоро ќе пристигнат во Битола и ќе присуствуваат на свеченото отворање на фабриката, планираат во индустриската зона да изградат уште една фабрика, во која ќе бидат вработени уште 2.500 работници. За реализација на таквите планови тие веќе имаат купено градежни парцели во непосредна близина на првата фабрика, пишува Нова Македонија Edited by Danielbtmk - 28-Sep-2013 at 15:17 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Општината создава услови за инвеститорите во Жабени
Вторник, 24 Септември 2013 17:52
„Се работи за асфалтирање на влезот во Жабени, првата улица до првата изградена фабрика, како и паркинг просторот. Се што се однесува на јавните површини во овој дел се обезбедува преку финансиските средства на општината, а она што е предвидено во проектите го обезбедуваат инвеститорите. Ова беше зацртано и се завршува навреме. Се работи за паркинг простор околу 5000 м² и улица во должина од 700 метри. Како што гледате Кромберг и Шуберт веќе го активира и своето сменско работење и овој дел им беше многу потребен, токму затоа го обезбедуваме и паркинг просторот, а после ова следува и хортикултурно уредување на просторот. Овој проект претставува голем подвиг за општина Битола и целиот регион, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. Во Индустриската зона Жабени во моментот во фабриката на Кромберг и Шуберт веќе се вработени 836 граѓани, а во декември се очекува да бидат вработени уште 200 граѓани со што ќе биде надмината предвидената бројка на вработувања до крајот на 2013 година. Во 2014 година во Кромберг и Шуберт предвидено е да се вработат уште 1000 граѓани, а во 2015 уште 500. Доколку динамиката се одвива според досегашните проекции во следната фаза се очекува изградба на уште една хала во фабриката и вработување на уште 1500 граѓани во Кромберг и Шуберт. Во зоната продадени се 48 парцели на 28 инвеститори, а издадени се 6 одобренија за градба" рече д-р Владимир Талески градоначалник на Битола. http://www.tera.mk/2013092470729/aktuel/opshtinata-sozdava-uslovi-za-investitorite-vo-zhabeni |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Индустриската зона во Жабени бележи пораст на вработувањатa
Околу 750 лица досега се вработени во фабриката на германскиот гигант од областа на автомобилската индустрија „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“. Вработените во оваа зона во близина на македонско-грчката граница главно се битолчани, но доаѓаат и од другите градови во регионот. ![]() Се очекува трендот на нови вработувања да продолжи, а во меѓувреме се издадени и нови одобренија за градба на фабрики. - Очекуваме до крајот на оваа година да бидат 1000 вработени, следната година уште 1000, и таа после неа уште 500 само во „Кромберг и Шуберт“. Инаку, до овој момент имаме издадено пет одобренија за градба на фабрики - вели Владимир Талески, градоначалник на Битола. Зоната располага со соодветна инфраструктура во која и натаму ќе се вложува, а со железничко поврзување ќе се намалат трошоците за транспорт и ќе се зголеми конкурентноста. - Претставници на ЕУ беа на лице место овде во врска со реконструкцијата на железничката пруга Битола – Кременица - вели Илковски. Инвеститорите кои досега решија да вложат во „Жабени“ работат во областа на прехранбената индустрија, производството на пластика и пластични делови. http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=13900 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
битолчани кај сте?само ја ќе ви пишам
![]() четврток, 11 јули 2013, 13:47 Македонија Во “Кромберг и Шуберт“ вработени нови 200 работници Бројот на новите вработени битолчани, кои најдоа работа во германскиот гигант за автомобилската индустрија “ Кромберг и Шуберт” постојано се зголемува ![]() Со вработувањето на новите над 200 вработени во изминатите два месеци бројот на вкупно вработените битолчани во “ Кромберг и Шуберт” се искачи над 750. Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “Жабени“ Сашо Илковски, најголемиот број од новопримените работници се главно оператори, со средна стручна подготовка, кои веднаш ќе бидат директно вклучени во процесот на производство на фабриката. -Во “ Кромберг и Шуберт “ постојано има отворен конкурс за прием на нови работници со средна стручна подготовка. На огласната табла пред капијата на фабриката нон стоп се објавуваат огласи за прием на оператори. Со последните вработувања моментно вкупниот број на вработени лица во “ Кромебрг и Шуберт “ сега изнесува над 750 работници, со тенденција нивниот број постојано да се зголемува, вели директорот на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски. Според зборовите на првиот човек на индустриската зона “ Жабени “ Сашо Илковски најголемиот дел од производството на автомобилски кабли се пласира на пазарот во Романија, каде “ Кромберг и Шуберт “ има уште една фабрика, за конфекционирање на кабли, наменети за потребите на автомобилите “БМВ Х 1” и “ мини морис”, а наскоро покрај за потребите на “БМВ Х 1” и “ Мини Морис” наскоро во “ Кромберг и Шуберт” ќе започне производството на кабли за потребите на возилата од марките “ мерцедес” и “ ауди” Инаку се очекува во фабриката на “ Кромберг и Шуберт “ во наредните месеци бројот на ново вработените лица да достигне над 1000 работници. Автор:М.М Фотографија:Нова Македонија http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=21106 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
80 нови работници во Кромберг и Шуберт
![]() Фабриката на германската компанија Кромберг и Шубер“ во индустриската зона Жабени, Битолско викендов вработила нови 80 работници. Тие со работа ќе почнат утре, со што вкупниот број вработени во оваа ќе достигне 580 лица, пренесе Нова Македонија.Од новопримените повеќето се со средна стручна подготовка. Фабриката каде се произведува автомобилска опрема кон крајот на март почна со извоз на првите производи за автомобилските гиганти БМВ и Мини Морис. Инвестицијата во Македонија е проценета на 20 милиони евра, а на промоцијата пред неколку месеци беа најавени над 2.000 вработувања. http://lider.mk/2013/05/26/80-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B1%D0%B5%D1%80%D0%B3-%D0%B8-%D1%88%D1%83%D0%B1%D0%B5%D1%80%D1%82/ |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
сабота, 30 март 2013, 14:38
Македонија „Кромберг и Шуберт“ го испрати првиот контигент извоз за Романија Во присуство на премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Битола Владимир Талевски, денеска од фабриката за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ замина првиот контингет кабли за автомобилите „Миниморис“ и „БМВ“ ![]() Првиот контингент кабли е за извоз во Темишвар, Романија. Од страна на главибнот менаџер, Груевски беше информи дека до сега во фабирката се вработени вкупо 360 работници а од понеделник со работа ќе почнат нови 40 вработени. Според планот за фабриката, до крајот на годинава во „Кромберг и Шуберт“ треба да се вработат 1000 битолчани кои заедно со останатите вработени ќе започнат со производство на кабли за автомобилскиот гигант „Ауди“. Автор:М.М. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=16112 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во индустриската зона Жабени ќе никне и хотелГолем хотел ќе никне во индустриската зона Жабени кај Битола, соопштуваат локалните власти, но не кажуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради. Велат дека хотелот ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите и минувачите. Во индустриската зона Жабени, освен фабрики ќе се гради и голем хотел, соопштија од општина Битола. Парцелата е веќе продадена, но надлежните не соопштуваат кој е инвеститорот и каков тип на хотел ќе се гради.![]()
Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека
таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва.
Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на
инвеститорите.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Запрашани која е потребата меѓу фабрики да има и хотел, од општина велат дека тој ќе ги опслужува потребите на бизнисмените, посетителите, минувачите. ![]() „Ќе се појави вистинска потреба и за деловен простор. Очигледно е дека таму ќе се заинтересираат дел од банките да имаат свои претставништва. Ќе се отвори простор за деловни објекти кои ќе им даваат услуги на инвеститорите. Но, досега немам сознанија дали тоа токму ќе се случува во тој хотелски комплекс“, вели Талески. Од општината додаваат дека во хотелот ќе можат да престојуваат и работниците, иако најголемиот дел од нив, според најавите ќе бидат битолчани со место на живеење оддалечено на неколку километри. Досега во Жабени се продадени 49 парцели, па за продажба останува уште една третина од зоната. Сепак, фабрика има изградено само германската компанија „Кронберг и Шуберт“. Освен во Жабени, парцела за градба на уште еден хотел е продадена на растојание од пет километри во близина на граничниот премин Меџитлија каде се очекува да биде отворено и казино, па да се привлечат посетители од Грција. „Очекувам во идниот период и тие да побараат одобрение за градба. Мислам дека е голема придобивка зашто на тој начин се зголемува конкуренцијата, инвестициите и можностите за вработување“, вели Талески. http://www.makdenes.org/content/article/24878643.html?utm_source=daily.mk |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 6> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |