![]() |
![]() |
![]() |
Топлификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АКО НЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ ГАС ОД СРБИЈА, ТОПЛАНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ - советникот на Владата за енергетика ветува парно за скопјани на 15 октомври
Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини гас за работа на ТЕ-ТО и на топланите. Вториот аспект, посочи, е дека тие електрани имаат и резервно гориво, односно може да работат и на мазут, што значи дека доколку не се договори опцијата за гас и не се обезбедат доволно средства за набавка на природен гас по берзански цени постои и резервна варијанта, а тоа е работа на мазут. Така што, се надеваме дека таа крајна варијанта нема да дојде и ќе ги обезбедиме претходните, рече Андонов. Ако не се договориме, дополни, топланите ќе работат на мазут а количините ќе се обезбедат, за што се разговараше со Грција. Појаснувајќи ја набавката на гас од Србија потсети дека пред десет дена претседателот Александар Вучиќ објави дека се разговара за испорака на гас во Северна Македонија во замена за електрична енергија. Дел од струјата ќе биде вратена назад во Србија, рече Андонов и најави дека точните количини и цени ќе бидат објавени откако ќе биде постигнат договор. Државата, како што појасни, ќе купи гас од Србија, а потоа ќе се произведе електрична енергија и ќе се продаде на Србија. Ние ќе ја платиме количината на гас, а тие количината на струја. Количината струја што ќе остане ќе биде продадена на индустријата по цени кои ќе бидат прифатливи за нив и кои ќе бидат излезни во зависност од цената на гасот. Топлината ќе се продаде на граѓаните, информираше Андонов. Тој потсети дека министерот за економија Крешник Бектеши во Турција изминатиот период разговараше за обезбедување дополнителни количини електрична енергија и природен гас, во Грција за постојано снабдување со лигнит и мазут, а во Бугарија за поевтина цена на струјата под берзанската, за потре бните количини за индустријата. -Кога сите овие разговори ќе се финализираат Владата на најтранспарентен начин ќе ги презентира и пред стопанските комори и пред јавноста, рече Андонов. Тој посочи дека се уште се водат разговорите за функционирање на ТЕ-ТО во грејната сезона. До крај на грејната сезона за ТЕ-ТО и за топланите, како што рече, вкупно се потребни околу 230 милиони нормални метри кубни природен гас – ТЕ-ТО, комбинираната електрана, троши околу милион нормални метри кубни на ден, односно за 30 дена работа 30 милиони нормални метри кубни на гас. До крајот на грејната сезона топланите во Скопје мислам дека треба да потрошат околу 25 милиони заклучно со април, ЕСМ енергетика мислам дека приближно околу 24 милиони и Скопје Север околу 1 милион. Вкупната бројка е околу 230 милиони нормални метри кубни на природен гас, рече Андонов. Се уште, појасни, не е дефинирана цената, но ако се поведеме од податокот дека за индустријата објавија дека за нив е прифатлива цена од 200 евра, имајќи ја во предвид формулата и трошоците за производство на ТЕ-ТО Скопје, на тој начин ќе биде дефинирана цената за природниот гас. -ТЕ-ТО и во претходната зима работеше 24 часа, одосно во базен режим и се водат разговорите за функционирање на ТЕ-ТО во грејната сеозна, впрочем тоа е единствениот начин како граѓаните на Скопје имаат топлина во текот на зимата. Јас сум сигурен дека ќе биде обебзедено решение пред почнување на грејната сезона, наведе Андонов. Според него, доколку не се постигне договор на државната ЕСМ со „Адора“ за топланите, има решение согласно Законот за управување со кризи, а со кој Владата има право да ги стави на располагање сите ресурси на државата, и на јавните претпријатија и на приватните компании, за обезбедување на таа јавна услуга. Планот за справување со енеретската криза што го претстави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се уште не го виделе, но како што рече, ќе го разгледаат и тој како и сите други планови и поддршки што ќе бидат понудени. https://faktor.mk/ako-ne-se-obezbedi-gas-od-srbija-toplanite-kje-rabotat-na-mazut---sovetnikot-na-vladata-za-energetika-vetuva-parno-za-skopjani-na-15-oktomvri |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФАКТОР ЕКСКЛУЗИВНО: Власта одбила да нарача и да плати гас од „Макпетрол“ за октомври, знае ли некој како ќе се греат скопјани
Грејната сезона опасно наближува, времето надвор сериозно заладува, а на над 60 илјади скопски домаќинства не им е јасно дали и кога ќе почнат да се загреваат радијаторите во нивните домови. Сознанијата до кои дојде Фактор говорат дека ЕСМ, кое всушност го презеде управувањето со БЕГ за снабдување на топлинска енергија, не ги нарачало потребните количини на гас од компанијата „Макпетрол“ за следниот месец, односно за октомври оваа година. Откако „Макпетрол“ пред извесен период испрати допис до ЕСМ, во кој ги известува дека компанијата врз основа на годишнот договор со „Гаспром“ може да ги обезбеди потребните количини и за сите свои клиенти, како и за топлните Исток и Запад, со тоа што количините за наредниот месец треба да се платат до 20 претходниот месец, од ЕСМ му одговориле на „Макпетрол“ дека нив нема да им бидат потребни споменатите количини. Практично, тој одговор значел и дека Владата нема да ги плати потребните средства, што требаше да се случи до 20 овој месец, за да се набават потребните количини на енергенсот за следниот месец, односно октомври. Затоа сега се поставува прашањето како всушност ќе се греат скопјани, ако се има предвид дека грејната сезона официјално почнува од 15 октомври, но, доколку тоа го бараат временските услови, односно температурите се спуштат под пропишаната граница со Правилникот, парно ќе треба да се пушти и веќе од први октомври. Или, ако денеска е 26 септември, само уште пет дена ја делат ЕСМ од обврската да обезбеди затоплување за околу 60 илјади скопски домаќинства. Но, она што засега се знае, е дека гасот од „Макпетрол“ сигурно не е обезбеден за октомври, бидејќи количините ниту се навреме нарачани, ниту платени кај компанијата, за таа, пак, да ги повлече од својот партнер „Гаспром“. Дали и од каде од други места е обезбеден гас, наши извори се сомневаат дека тоа ќе може да се направи во „пет до 12“, како што се надеваше Владата, одејќи и барајќи гас по разни дестинации, меѓу кои Србија, како и Турција. Во меѓувреме, се огласија и од БЕГ, велат дека веќе немаат обврска да пуштаат парно, а немаат ни пари да го платат гасот. „Балкан Енерџи Груп БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија“, наведе денеска компанијата БЕГ – Производство во соопштение по информациите дека треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата. Од компанијата наведуваат дека согласно со член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период, посочуават, БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. -БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика. Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 година РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство, стои во соопштението. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ наведуваат дека неговата важност била до 31 март годинава, односно тој е истечен. -Од погоре наведеното очигледно е дека БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија, велат од БЕГ Производство. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи викендот изјави дека се додека не се избере економски оператор, БЕГ мора да испорачува топлинска енергија. Согласно законот, како што посочи Битиќи, БЕГ мора да има и резерви на гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија. Откако во јуни годинава, Регулаторната комисија за енергетика донесе одлуки со кои престанаа да важат одлуките за издавање лиценца за вршење енергетска дејност снабдување, односно дистрибуција на топлинска енергија на компанијата БЕГ, Владата објави јавни повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија Јавното отворање на понудите на повиците за избор на компанија која ќе произведува, дистрибуира и ќе ги снабдува со топлинска енергија потрошувачите на дел од градот Скопје се одржа на 13 септември, а беа доставени понуди од трите фирми на ЕСМ. Според најавите, откако ќе биде извршена евалуацијата на пристигнатите понуди Комисијата ќе достави предлог до Владата, што ќе биде разгледан на една од наредните седници. Со јавниот повик треба да се избере компанија која ќе го преземе работењето на Балкан Енерџи Груп, откако на крајот на јуни и беа одземени лиценците за работа поради финансиска неликвидност од високата цена на природниот гас. Компанијата „Адора Инженеринг“ во септември лани на јавна лицитација за 9,26 милиони евра ги купи топланите „Исток“ и „Запад“, коишто претставуваат основни средства за регулираното производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Компанијата тврди дека закуп на топланите без јасна интенција за купопродажба ќе им претставува дополнителни 550 илјади евра загуби на годишно ниво. Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста, според вицепремиерот Фатмит Битиќи, е легитимна, но ќе биде според законите. – Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави Битиќи. https://faktor.mk/faktor-ekskluzivno-vlasta-odbila-da-naracha-i-da-plati-gas-od-makpetrol-za-oktomvri-znae-li-nekoj-kako-kje-se-great-skopjani |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БЕГ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ОБВРСКА, НИТУ ПАРИ ЗА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, ОД ВЛАДАТА ТВРДАТ ДЕКА ГРАЃАНИТЕ НЕМА ДА ОСТАНАТ БЕЗ ГРЕЕЊЕ
„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) вели дека нема обврска зимава да испорачува топлинска енергија во домовите во Скопје, ниту пак имаат пари за тоа. На 27 јуни годинава Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценци на БЕГ, но беше кажано дека компанијата има обврска да овозможи парно греење во Скопје додека дејноста не ја презеде друга компанија. Денеска од БЕГ соопштија дека таква обврска немаат бидејќи согласно член 51 од Законот за енергетика имале законска обврска да продолжат да ја извршуваат дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе изминат. „Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите, со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона, како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика“, велат од БЕГ. Од компанијата додаваат дека договорот за деловно-техничка соработка со ЕСМ бил со важност до 31 март годинава односно тој е изминат. По соопштението на БЕГ реагираа од Регулаторната комисија за енергетика од каде тврдат дека тие според Законот за енергетика мораат да вршат денес се` додека не се даде лиценца на друга компанија. „Законот за енергетика кој доби и зелено светло од енергетска заедница во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата по однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека се` до избор на нов вршител на посочената енергетска дејност, на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување на јавна дејност. Обврската за вршење на јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца или во случајов нов вршител на јавна дејност“, велат од Регулаторна комисија. На соопштението на БЕГ реагираше и Владата од каде велат дека граѓаните на Град Скопје ќе имаат парно, и согласно Законот за енергетика загарантирана е јавната дејност да се врши во целост без прекин. Постапката за доделување на лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на Град Скопје е во тек. На 13 септември беа отворени понудите, во тек е фазата на евалуација по што треба да се донесе одлука на владина седница. Понуди доставија само трите фирми на ЕСМ кои беа формирани за да ја преземат оваа дејност од БЕГ. https://sdk.mk/index.php/naslovna/beg-veli-deka-nema-obvrska-nitu-pari-za-parnoto-vo-skopje-od-vladata-tvrdat-deka-graganite-nema-da-ostanat-bez-greene/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„АДОРА ИНЖЕНЕРИНГ“ ГИ ПРОДАВА ТОПЛАНИТЕ Ги нуди на ЕСМ по цена од 9,26 милиони евра колку што ги купи
Компанијата „Адора инженеринг“ која е сопственик на две од трите топлани во Скопје очекува да ги продаде на државната компанија ЕСМ која управува со парното за иста цена како што ги плати на Топлификација пред една година. Компанијата, како што соопшти, веќе испратила понуда до ЕСМ и очекува одговор. Во соопштението упатено до јавноста компанијата информира дека и покрај тоа што очекувала инвестицијата во топланите да ѝ се исплати, досега има само загуби и неплатен долг од БЕГ за користењето на топланите во изминатата грејна сезона. Го пренесуваме соопштението во целост: „Адора инженеринг“ на ден 01.09.2021 година, односно пред повеќе од една година, на транспарента јавна лицитација за сума од 9,26 милиони евра со вклучени даноци, ги купи имотите топлана Исток и топлана Запад, кои што претставуваат основни средства за регулирано производство на топлинска енергија во градот Скопје, а кои беа во стечајна постапка. Во тој момент, свесни за минималната економска оправданост на инвестицијата, нашата мотивација беше оваа стратешка дејност да се врати во домашни раце и про-активно да ја развиваме и унапредуваме сo сите последни трендови поврзани со дејноста. Меѓутоа, од тогаш до денес, „Адора инженеринг“ нема добиено ниту владение врз купениот имот од страна на „Топлификација“ АД во стечај и БЕГ, ниту апсолутно никаков надомест за користење на имотот од страна на БЕГ, поради што се нанесува огромна штета врз работењето на „Адора инженеринг“. БЕГ одби регулирање на меѓусебните односи за користење на топланите, односно ги користи топланите бесправно. Оваа проблематика не беше, а можеше да биде регулирана преку деловно-техничката соработка помеѓу ЕСМ и БЕГ која беше направена во јануари оваа година. Дополнително, топланите во изминатите неколку години се драстично обезвреднети поради фактот што износот за амортизација на опремата кој е определен и контролиран од РКЕ, и граѓаните го плаќаат со цел одржување на топланите во добра кондиција, речиси целосно не бил вложуван во изминатите неколку години, што нанесува директна штета, пред сè, на квалитетот на дејноста и економската исплатливост во истата. Дополнително, поради обезвреднувањето на топланите и останати системски недоследности, приносот на капитал, односно единствениот приход за сопственикот на топланите во оваа дејност од 960 000 евра во 2010-та година, во услови на огромна акумулирана инфлација низ годините, денес е доведен на рекордно ниски ниво од 365 000 евра годишно. Сето ова доведува до ситуација каде што според моменталните параметри во бизнисот не може да се најде апсолутно никаква економска издржаност. За илустрација, годишниот ануитет кој што „Адора инженеринг“ треба да го сервисира кон домашната банка за отплата на кредитот наменет за купување на топланите изнесува околу 900 000 евра, што значи дека директно Адора инженеринг е во загуба од над 550 000 евра годишно. Доколку овде се засметаат и сопствените средства дадени како учество и дополнително обезбедување кон кредитот загубата станува уште позначителна. Со ЕСМ веруваме дека во наредниот период ќе изнајдеме заедничко прифатливо решение сè со цел општото добро и интересот на граѓаните. За „Адора инженеринг“ е потребно регулирање на досегашните долгови настанати во изминатата година по основ на принос на капитал и невложена амортизација со цел да пристапиме кон регулирање на идните односи. Според моменталните регулирани параметри во дејноста сметаме дека единствено решение во интерес на граѓаните е ЕСМ да пристапи кон купување на топланите Исток и Запад, за што на 18.08.2022 година, ЕСМ до „Адора инженеринг“ испрати Барање за доставување на понуда за продажба на имотот, топланите Исток и Запад, со цел оваа енергетска дејност да биде обединета под државна контрола. Во најдобар интерес на дејноста и граѓаните, „Адора инженеринг“ одговори дека е согласна со ова барање и сме спремни доколку ги наплатиме побарувањата од изминатиот период кој што законски ни следуваат, да го продадеме имотот по истата цена по која што го купивме. https://plusinfo.mk/adora-inzhenering-gi-prodava-toplanite-gi-nudi-na-esm-po-cena-od-9-26-milioni-evra-kolku-shto-gi-kupi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Руски, азербејџански гас или мазут – на што Скопје ќе се грее претстојнава грејна сезона?
Пазарот на природен гас во Северна Македонија е либерализиран, па затоа трговците на големо самите можат да се договараат од каде ќе набават гас. Вака отприлика би звучел поедноставено одговорот од Министерството за економија на прашањето на Новинската агенција Мета за тоа дали земјата планира увоз на руски гас за претстојната грејна сезона од што зависи загревањето на домовите на десетици илјади семејства во главниот град, како и прашањето ако се набавува од Русија, дали гасот ќе се плаќа во рубљи, како што Москва официјално побара. „Имајќи предвид дека пазарот на природен гас во Република Северна Македонија е целосно либерализиран, набавката на природниот гас за потребите за производство на електрична енергија или на топлинска енергија е предмет на билатералните договори кои што може да ги склучуваат трговците на големо со природен гас со добавувачи надвор од земјата или гасот да се набавува на некои од регионалните берзи“, е целосниот одговор од Министерството за економија. По руската воена агресија врз Украина што започна на 24 февруари годинава и воведувањето на економските санкции на меѓународната заедница кон Русија, руските власти одлучија дека од 1 април странските купувачи на руски гас ќе мора истиот да го плаќаат во рубљи. Латвија беше последната европска земја, на која што „Газпром“ ѝ ја прекина испораката на руски гас поради одбивањето на овој енергенс да го плаќа во рубљи. Русија во изминативе месеци ја прекина испораката на гас за Полска, Бугарија, Финска, Холандија и Данска, кои одбија да го платат за рускиот гас според наредбата на Владимир Путин, кој бараше од купувачите да отворат сметки во рубљи во руска банка како дел од новото решение за плаќање на гасот. Инаку, Северна Македонија досега беше целосно зависна од увозот од Русија во снабдувањето со природен гас на земјава, којшто пак заедно со алтернативната варијанта – мазутот е енергенсот што се користи за добивање на топлинската енергија во скопските топлани. Гас од Азербејџан преку интерконекторот во Бугарија можеби в година Од Министерството за економија побаравме објаснување и дали Северна Македонија ќе може да го користи новиот гасен интереконектор меѓу Бугарија и Грција, преку кој земјава би увезувала азербејџански гас во претстојната грејна сезона. Од ова министерство објаснуваат дека Европската комисија и Бугарија на состанокот во мај 2022 година во Софија се договориле да ja формираат првата регионална работна група, како дел од Платформата на ЕУ за купување енергија. „Преку новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас, во која учество зема и земјава – ќе се решаваат регионалните потреби за гас и струја, инфраструктурата, цените, но и намалувањето на зависноста од руските извори на енергија. Овој проект има за цел увид во потребите за електрична енергија и гас, цените и тековите, како и инфраструктурните аспекти“, велат од Министерството за економија. Тие додаваат дека регионалната работна група ќе се концентрира на годината што претстои и ќе обезбеди специфична регионална експертиза и знаење за развој и спроведување на акциониот план „REPowerEU“ за намалување на зависноста од рускитe фосилни горива, пополнување на складиштето пред следната зима и дополнително забрзување на декарбонизацијата на енергетскиот сектор. Таа ќе го поддржи и координира спроведувањето на заедничките планови за подготвеност во регионот, вклучувајќи меѓународно купување, складирање и интерконекции, со што се придонесува за безбедноста на снабдување во регионот, Eнергетската заедница и пошироко. „Работата на работната група особено ќе се надоврзе на подготовките на Европската комисија за одреден број на сценаријата за енергетски прекин, во тесна координација и солидарност со земјите-членки и меѓународни партнери“, велат од Министерството за економија. Мета.мк испрати прашања и до државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), кое со трите нови трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, беа задолжени од Владата да се пријават на постапката за избор на вршител на енергетска дејност за обезбедување на централното парно греење во Скопје. Сепак, од АД ЕСМ не добивме одговори на прашањата дали е планирано да се увезува природен гас од Русија за претстојната грејна сезона и дали АД ЕСМ во државна сопственост е согласно да го исплаќа гасот на Русија во рубљи. Директорот на „Национални енергетски ресурси“, Бајрам Реџепи пак за порталот „А1он“ деновиве изјави дека добавувањето на природен гас за земјава зависи од руски „Газпром“, којшто има долгорочен закуп на капацитетите што ги има гасниот преносен систем на Бугарија. Нашата земја има гасно поврзување единствено со Бугарија. Мазутот е опција за греење ако има прекин во снабдувањето со гас Од Министерството за економија за Мета.мк објаснуваат дека најпрво треба Владата на РСМ да го распише јавниот повик за избор на нова компанија што ќе ги дава услугите за кои досега беше задолжен БЕГ. АД ЕСМ ќе треба да учествува на јавниот повик, а Министерството за економија веќе најави дека во август ќе прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор за да се обезбеди сигурна грејна сезона. „Со оглед на тоа што на БЕГ производство ДООЕЛ му престана лиценцата за вршење на дејност регулирано производство на топлинска енергија, новиот вршител на дејност кој треба да биде избран по спроведена постапка од страна на Владата, кој треба меѓу другото да ги обезбеди потребните количини на природен гас за потребите за обезбедување на топлинска енергија од постојните вршители на дејност кои согласно Законот за енергетика поседуваат лиценца за вршење на трговија со природен гас и/или снабдување со природен гас“, објаснуваат од Министерството за економија за постапката што ќе следи откако ќе се избере наследникот што ќе ги овозможи услугите кои досега БЕГ им ги испорачуваше на скопјани. Сепак, од Министерството за економија го цитираат и Законот за енергетика, каде во членот 153 стои дека Регулираниот производител на топлинска енергија е должен во текот на грејната сезона да обезбеди оперативни резерви од алтернативно гориво во количина којашто е потребна за најмалку 15 дена работа со максимален капацитет. Ова значи дека АД ЕСМ преку новото трговско друштво што ќе произведува топлинска енергија во Скопје ќе треба да обезбеди и мазут како алтернативен енергенс за скопските топлани. Добрата вест што доаѓа од светските медиуми е дека цените на нафтените деривати изминативе недели постепено се намалуваат, вклучувајќи ја и онаа на мазутот. Од АД ЕСМ веќе најавија дека имаат капацитет да ги испорачаат услугите за греење на градот Скопје, што беше евидентно во минатата грејна сезона, кога се презеде кризно менаџирање преку прокуристи од страна на АД ЕСМ кон БЕГ и Скопје Север, по задолжение на Владата на Р. Северна Македонија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски деновиве изјави дека се спремни да ги преземат и вработените од БЕГ во трите нови компании за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија во Скопје, коишто ќе функционираат во претстојната грејна сезона. https://meta.mk/ruski-azerbejdjanski-gas-ili-mazut-na-shto-skopje-kje-se-gree-pretstojnava-grejna-sezona/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КОЈ ЌЕ ГИ ГРЕЕ СКОПЈАНИ? Тендер за нов оператор нема, а тешко ќе биде да се обезбеди и гас
Тендерот за избор на нова компанија која ќе управува со парното греење во Скопје треба да се распише во текот на овој месец, но од владата не се сигурни кога тоа ќе се случи. ЕСМ, фирмата која доби задача да се подготви за преземање на скопското парно греење, се подготвува да учествува на тендерот. Компаниите кои треба да го снабдуваат со гас новиот оператор, очекуваат нови договори, но никој не е сигурен по која цена и дали ќе има гас за грејната сезона. Владата не брза со распишување на тендерот за избор на компанија која ќе оперира со парното иако до почетокот на грејната сезона има уште неполни два месеца. Законската обврска на стариот оператор да обезбеди парно греење до избор на нов, се чини, и овозможува на владата да калкулира со целата постапка и покрај тоа што за новиот оператор роковите се куси, како за обезбедување гас и резерви мазут за грејната сезона, така и за договарање со новиот сопственик на топланите „Исток“ и „Запад“ за висината на нивниот закуп или откуп. Дополнително треба да се заврши и постапката за вработување на дел од сега вработените во БЕГ, како една од обврските на новиот оператор. Од Владата денеска не одговорија не прашањата на Плусинфо поврзани со тендерот и дилемите поврзани со снабдување со топлинска енергија на скопјани. Прво не упатија на Министерстовото за економија, а потоа на ЕСМ. Според Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност, во случајов со снабдување со топлинска енергија. Ова го соопшти и првиот регулатор Марко Бислимовски во моментот кога му ги одзеде трите лиценци на досегашниот оператор БЕГ. Владата тогаш го задолжи ЕСМ да се подготви за преземање на парното греење, во случај да нема други компании кои ќе се јават на најавениот тендер. Компанијата веќе формира три деловни субјекти кои ќе се грижат за производство на топлина, дистрибуција и снабдување на потрошувачите и се подготвува за преземање на дејноста. Од компанијата велат дека се подготвуваат за најавениот тендер и процедурите кои следат по неговото завршување. Но, постапката околу тендерот, е запната на прашањето околу производството на топлинска енергија за потребите на најголемиот дел на Скопје. ЕСМ не располага со топлани, а за да добие лиценца за производство на топлинска енергија, мора да ги земе под закуп топланите „Исток“ и „Запад“, кои сега се во сопственост на „Адора инженеринг“, која пред една година ги купи од „Топлификација“ во стечај. Од ЕСМ велат дека се направени контакти со компанијата и со владата и се надеваат дека прашањето ќе се реши во прилог на поширокиот општествен интерес. Како опции за кои веќе се размислува во првичните контакти со новиот сопственик се закуп или откуп на топланите. Досега БЕГ ги имаше под закуп топланите на поранешниот сопственик „Топлификација“. Што ќе се одлучи, и под кои услови ЕСМ ќе ги користи топланите, останува да се види. Од „Адора инженеринг“ засега не коментираат. ЕСМ планира да преземе и дел од вработените на БЕГ. – Се прават процени колкав број на вработени ќе ни бидат потребни. ЕСМ Енергетика веќе има кадар кој е обучен за работа со парно греење и се планира тој да биде ангажиран во новите субјекти, а остатокот од потребите ќе бидат преземени од БЕГ. Засега не се знае колкав број од околу 300 вработени во БЕГ ќе преминат во новите компании – велат од ЕСМ. Покрај изборот на нов оператор со парното во Скопје се чини проблем ќе биде и да се обезбедат доволни количини гас, бидејќи неизвесно е дали зимава ќе пристига рускиот гас за земјава и дали ќе се обезбеди негова алтернатива. Земјава нема можности за чување резерви од гас, па проблемот ќе биде и висината на цената која ќе треба да ја плати ЕСМ за гасот што ќе го набавува. Од ЕСМ велат дека веќе се почнати постапки за снабдување со гас, но од компанијата која досега го снабдуваше БЕГ со гас велат дека договорот за изминатата грејна сезона е завршен, а дали ќе се потпишат нов ќе зависи од компанијата која ќе управува со парното. – ТЕ-ТО АД Скопје во целост ги исполни обврските од договорот за топлинска енергија кон дистрибутерот на топлинска енергија за минатата грејна сезона, а важноста на договорот истече со крајот на грејната сезона. За жал, дистрибутерот уште ги нема исплатено своите обврски кон ТЕ-ТО за испорачаната енергија. Во моментов ТЕ-ТО нема договор за испорака на топлинска енергија. Со новиот дистрибутер на топлинска енергија би се склучил договор со почетокот на грејната сезона. А условите на договорот ќе зависат од пазарните цени на природен гас и другите трошоци од работењето – велат од ТЕ-ТО. Од оваа компанија велат дека нема да можат да гарантираат дека ќе обезбедат гас по секоја цена. – Постојат ризици за снабдување со природен гас во претстојниот период и нема гаранции дека ќе има достапен гас. ТЕ-ТО е независен производител на електрична енергија и топлина, што значи дека своите продукти ги продава слободно на пазарот. Цената и обемот на производство ТЕ-ТО ќе ги нуди на пазарите согласно пазарните механизми со цел да обезбеди позитивно финансиско работење – велат оттаму. Компанијата тврди дека моментно во земјава нема алтернатива за рускиот гас. – Во моментов таква можност не постои, бидејќи не постои можност за пренос на гас преку интерконекторот со Република Бугарија од други извори. Овој проблем е во надлежност на владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија. Доколку има достапен прекуграничен преносен капацитет и за други трговци, може да се јават и други трговци со понуда за снабдување со гас на пазарот на Република Северна Македонија – велат од ТЕ-ТО. Од „Макпетрол“ не ги коментираат состојбите и посочуваат на одговорните институции. Во вакви услови, кога БЕГ кој е во лоша финансиска состојба, не ги има исплатено обврските за набавениот гас пред преземањето на парното од државата и нема договор за закуп над топланите, нема да може да ги снабдува скопјани со топлина до изборот на нов оператор со парното греење. https://plusinfo.mk/ko-e-gi-gree-skop-ani-tender-za-nov-operator-nema-a-teshko-e-bide-da-se-obezbedi-i-gas/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
Бислимовски од што е толку загрижен за здравјето, сега Скопјани уште повеќе ќе се греат на што стигнат и било што што може да се запали, што е широко познато во светот дека е најздравото решение
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
фала те-та
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗА 14 ОТСТО ЌЕ ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ, АКО ТОПЛАНИТЕ РАБОТАТ НА МАЗУТ МЕСТО НА ГАС ГРАЃАНИТЕ ПАРИТЕ ЌЕ ГИ ДАДАТ НА ОНКОЛОГИЈА, РЕЧЕ БИСЛИМОВСКИ
За околу 14 отсто од 1 август ќе поскапи цената на парното греење во Скопје, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Ова е второ зголемување на парното годинава, откако од први јануари поскапувањето беше 14 отсто. Како што кажа претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, поскапувањето е поради зголемената цена на природниот гас. „За 90 отсто од скопјани кои се на мрежата на БЕГ поскапувањето е 14,18 осто, за корисниците на железарското парно 15,58 отсто, а на Скопје Север 16,3 отсто“, рече Бислимовски. Тој кажа дека ТЕ-ТО ќе работи со 70 отсто од капацитети за да се овозможи снабдување со топлинска енергија, а останатите 30 отсто топланите. „Да не беше ТЕ-ТО зголемувањето ќе беше 100 отсто. Такви се условите, цената на гасот постојано расте, а на мазут сметаме дека Скопје не треба да се грее, тогаш ќе имаме големо загадување и парите граѓаните ќе ги дадат за лечење на Онкологија“, кажа Бислимовски. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/za-14-otsto-ke-poskapi-parnoto-vo-skopje-ako-toplanite-rabotat-na-mazut-a-ne-na-gas-graganite-parite-ke-gi-dadat-na-onkologija-reche-bislimovski/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕСМ ЌЕ ГО ПРЕЗЕМЕ ПАРНОТО ГРЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ, ОТКАКО ГРАДОТ СЕ ОТКАЖА ВЛАДАТА ЈА ЗАДОЛЖИ КОМПАНИЈАТА ДА ОСНОВА ФИРМИ ЗА ТОПЛИНСКА ЕНЕРГИЈА
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе го преземе парното греење во Скопје откако Регулаторната комисија за енергетика ги одзеде трите лиценти на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Откако градоначалничката Данела Арсовска кажа дека Градот не може да го преземе парното иако има претпријатие „Градски енергетски системи“, кое беше формирано токму за оваа дејност од претходната градска власт, Владата ја задолжи ЕСМ да формира свои фирми. „АД ЕСМ – Скопје да спроведе постапка за основање на трговски друштва за производство на топлинска енергија, за дистрибуција на топлинска енергија и за снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје, чиј основач и единствен содружник ќе биде АД ЕСМ – Скопje. Новооснованите друштва основани од АД ЕСМ – Скопје кои ќе вршат енергетски дејности на подрачјето на Град Скопје се задолжени да се јават во постапката за избор на вршител на енергетска дејност кој што ќе има обврска за обезбедување на јавната, односно универзалната услуга која ја спроведува Владата“, велат од Владата. Како што велат од Владата, огласот за доделување на концесиите за парното греење во Скопје ќе се објави наскоро, а дотогаш БЕГ има обврска да ги снабдува домовите со топлинска енергија односно скопјани зимава нема да останат без парно греење. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/esm-ke-go-prezeme-parnoto-greene-vo-skopje-otkako-gradot-se-otkazha-vladata-ja-zadolzhi-kompanijata-da-osnova-firmi-za-toplinska-energija/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бислимоски: РКЕ е во постапка за одземање на лиценците на БЕГ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Тоа значи дека во моментот кога ќе ги одземеме лиценците ќе ја информираме Владата и согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер на кој ќе треба да се најдат нови вршители на енергетската дејност. За одземањето на лиценците нема да има реперкусии и ниту граѓаните, ниту, пак, индустријата нема да плаќаат ниту еден денар, рече Бислимоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со професорот Рубин Талески од ФЕИТ на која беше презентиран калкулаторот за новиот тарифен систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија што од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk преку кој граѓаните може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја. Најави дека сите постапки ќе бидат завршени на време, а до нивното завршување, како што кажа, постојниот вршител на енергетската дејност е должен да ја врши дејноста. -Мое мислење и препорака до Владата е конечно во овој сектор да се укинат трите дејности производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, како што е насекаде во регионот. Треба да има една лиценца за топлинска енергија како во поголемите градови во соседството. Сметам дека Владата или други јавни претпријатија треба да го преземат вршењето на оваа дејност, рече Бислимоски. Прецизира дека Согласно Законот за енергетика Владата е должна да распише тендер за вршење на соодветна регулирана енергетска дејност. Откога ќе се распише тнедерот ќе се избере нов вршител на енергетска дејност и тој ќе продолжи да ја врши дејноста како што ја вршел претходниот. -До наименувањето на новиот вршител на енергетска дејност, постојните компании на БЕГ се обврзани да ја вршат дејноста. Сигурен сум дека се ќе заврши пред почетокот на грејната сезона. Не можам да кажам колку ќе трае тендерот, но верувам дека од октомври БЕГ нема повеќе да ги грее скопјани, потенцира Бислимоски. https://www.biznisvesti.mk/benzinite-poskapuvaat-za-1-5-denari-a-dizelot-za-tri/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Парното двојно поскапува за фирмите, Владата со 2 милиони евра ќе ги помага повисоките сметки на граѓаните
По завршувањето на јануарскиот кризен циклус со топлинска енергија на територијата на Град Скопје, започнува нов во кој за време на привременото управување на ЕСМ со Балкан Енерџи Груп и останатите системи за загревање ќе треба да се издвојат уште 2 милиони евра. Овој пат нема да се купува природен гас, како што за тоа беа одвоени 6 милиони евра во февруари, туку со овие пари ќе се субвенционираат сметките на домаќинставата во висина на дополнителното зголемување на цената за 20 отсто на првичните 14 проценти кои беа одредени во јануари. БЕГ би требало да добие 1,7 милиони евра од оваа сума, а на сметките треба да има посебна ставка на која ќе биде наведено колкав е субвенционираниот износ. Извори на „Фактор“ велат дека овие пари ќе бидат доволни за субвенционирање на домаќинствата до крајот на грејната сезона, односно до 1 јули, а потоа ќе се прават нови пресметки за начинот на плаќање. Извесно е дека останатите потрошувачи, како што се претпријатијата и јавните институции, за месец февруари ќе плаќаат двојно поскапи сметки во однос на јануарските. За нив цената овој пат е зголемена за дури 100 отсто, покрај првичните 14 проценти во јануари, и оваа категорија нема да биде субвенционирана од Владата како што тоа ќе биде за домаќинствата. Владата до Собранието го достави предлогот за продолжување на кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија. Важноста на овој предлог треба да трае до 30 април а треба да започне да се применува од 17 февруари. Јануарските сметки до сега беа повисоки за 14 отсто и тоа се однесува на корисниците на БЕГ, Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должеше на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи. Владата претходно префрли шест милиони евра на сметката на АД ЕСМ за да го преземе привременото управување со дистрибуцијата, снабдувањето и производството на топлинска енергија на Град Скопје, а парите ќе може да ги бара назад од следната година. https://faktor.mk/parnoto-dvojno-poskapuva-za-firmite-vladata-so-2-milioni-evra-kje-gi-pomaga-povisokite-smetki-na-gragjanite |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВРЕМЕТО НА ИСПОРАКА НА ПАРНО МОЖЕ ДА СЕ НАМАЛУВА И ЗА ДВА ЧАСА, А ЗАГРЕВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИ И ЗА 30 ОТСТО - што предвидува Уредбата за кризна состојба во снабдувањето
Редукција на снабдувањето со парно, и во часовите, и во обемот. Ова е одредено со Уредбата за кризна состојба во врска со парното, или, како што се нарекува со целосното име Уредба за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазарот на топлинска енергија во кризна состојба, начинот на снабдување со топлинска енергија во кризна состојба, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на дејности на пазарот на топлинска енергија. Оваа Уредба, како што стои на самиот документ, стапила на сила од 15 јануари. Ова се случува во време кога се планира управувањето со БЕГ и Топлана Скопје Север од петок неделава да се најде во рацете на ЕСМ, се до крајот на грејната сезона. Тоа, пак, доаѓа по владината одлука со цел да се реши проблемот со парното затоплување во главниот град, а скопјани според најавите на Владата, ќе треба да добиваат дополнителни три часа греење. Министерот за економија, Крешник Бектеши, завчера изјави дека преку ЕСМ ќе се стабилизира пазарот на топлинска енергија, откако во решавањето на проблемот не се вклучија Градот Скопје и општините. „Ние не субвенционираме приватни фирми и затоа е донесена одлука да се преземе од страна на ЕСМ, која е фирма во 100 процентна сопственост на државата, и ќе излеземе во пресрет на граѓаните, преку ЕСМ,а не преку БЕГ. Преку државната ЕСМ ќе се покрива разликата од реалната и постојната цена за корисниците“, изјави Бектеши. Фактор постави прашања и до ЕСМ, и до кабинетот на вицепремиерот Фатмир Битиќи, колку ќе ја чини државата управувањето на ЕСМ со БЕГ, но се до подготовката на овој текст таков одговор не добивме. Инаку, во Уредбата е наведено дека правата и обврските на носителите на лиценци се одредуваат согласно со Законот за управување со кризи. Во време на кризната состојба можат да се преземат неколку мерки, а дел од нив се помала испорака на топлинска енергија. Првиот степен е намалување на времето на испорака на топлинска енергија на потрошувачите за два часа дневно. Потоа, вториот степен е намалување на испорачаната топлинска енергија на деловни објекти и органи на државната и локалната власт за 30 отсто во однос на потребната топлинска енергија. Инаку, како критериуми врз основа на кои се прогласува кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија се наведени состојбата на производствените и дистрибутивните капацитети на системот за топлинска енергија во земјава, расположливите количини на топлинска енергија од домашно производство во однос на планираните потреби и прогнозите на потрошувачка на топлинска енергија, како и нарушувањето на пазарите на енергија. Како услови за прогласување на кризна состојба се наведени целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси за производство на топлинска енергија или неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија, како инепредвиден значителен пораст на цената на енергенсите за производство на топлинска енергија за одреден временски период. Во Уредбата се предвидува и дека постојаното следење, анализирање и проценување на состојбата на пазарот на топлинска енергија во земјава, ќе го прави Комисија формирана од министерот надлежен за работите од областа на енергетиката, составена од осум члена и тоа по еден претставник од редот на високи раководни функции во Министерството, потоа Регулаторната комисија за енергетика, еден преставник од ЗЕЛС и пет претставници од носителите на лиценци на пазарот на топлинска енергија. Мандатот на членовите на Комисијата изнесува четири години. Со работата на Комисијата раководи претседател кој е од редот на нејзините членови и се назначува од страна на министерот. Комисијата врз основа на доставените анализи врши проценка на состојбите со снабдувањето со топлинска енергија во земјава, изготвува и доставува до министерот информација со проценка на ризик од настанување на кризна состојба во снабдувањето, ја следи состојбата со погонската подготвеност на системите за производство и дистрибуција на топлинска енергија и му предлага на министерот преземање на мерки за обезбедување на сигурноста во снабдувањето со топлинска енергија, ја следи состојбата на пазарот на топлинска енергија и во соработка со носителите на лиценци му предлага на министерот преземање на мерки за ублажување на нарушувањата на пазарот на топлинска енергија, а и ги разгледува плановите за постапување во кризна состојба изготвени од операторите на дистрибутивните системи кои се доставуваат до Министерството за нивно одобрување согласно Законот за енергетика. Проценката на ризик за настанување на кризна состојба се изготвува од страна на Комисијата врз основа на анализите подготвени од операторите, во соработка со останатите учесници на пазарот, за настанување на целосно или делумно нефункционирање на дистрибутивниот систем на топлинска енергија предизвикано од временски или природни непогоди или хаварии, потоа настанување на траен испад на производствени капацитети за топлинска енергија поради хаварија или недостиг на енергенси, можност за користење на алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, недостиг на топлинска енергија и состојба на пазарот на топлинска енергија. „По прогласување на кризна состојба Комисијата постојано ја следи состојбата и доколку пред истекот на рокот за кој е програлсена кризна состојба, состојбата на пазарот на топлинска енергија значително се подобри, Комисијата може да предложи превземените мерки од оваа уредба, да се сведат на минимум се до завршувањето на кризната состојба. По прогласување на кризна состојба Комисијата при следење на состојбата, доколку оцени дека не постојат причини истата да продолжи, министерот ќе и укаже на Владата на потребата за престанување кризната состојба“, се вели во Уредбата. Особено се интересни мерките што се преземаат во кризна состојба. Заради создавање услови за снабдување со топлинска енергија во услови на кризна состојба, во зависност од проценките може да се преземаат следните мерки. Прво, мерки утврдени во плановите од оваа уредба, склучување на договори за уредување на меѓусебните односи помеѓу вршителите на енергетските дејности на пазарите на енергија заради обезбедување на сигурност во снабдувањето, ограничување на потрошувачка на топлинска енергија, како и обезбедување на дополнителни количини на топлинска енергија. Финансиските средства потребни за реализација на мерките се обезбедуваат од сопствени извори на носителите на лиценци за вршење на енергетските дејности или од Буџетот на земјава во согласност со закон. „Мерките за ограничување на потрошувачката при недостиг на топлинска енергија ги координираат операторите на дистрибутивните системи. Пред да започнат со спроведувањето на плановите операторите на дистрибутивните системи, како и производителите и снабдувачите со топлинска енергија прво меѓусебно соработуваат и разменуваат информации потребни за спроведување на мерките, потоа, ги искористуваат сите можности кои ги имаат на располагање за обезбедување на недостигот на топлинска енергија, па ги известуваат потрошувачите преку средствата за јавно информирање за примената на мерките утврдени со оваа уредба, како и за предвиденото времетраење на применетите мерки, а кога тоа е можно и во пократок временски рок. Операторите на дистрибутивните системи за топлинска енергија ја следат примената на мерките и доставуваат дневни извештаи до Комисијата“, се вели во Уредбата. Во зависност од настанувањето на условите поради кои е прогласена кризната состојба, како и од обемот на недостигот на топлинска енергија, се применуваат следните степени на ограничување на потрошувачката на топлинска енергија, се нагласува во Уредбата. Првиот степен е намалување на времето на испорака на топлинска енергија на потрошувачите за два часа дневно. Потоа, вториот степен е намалување на испорачаната топлинска енергија на деловни објекти и органи на државната и локалната власт за 30 отсто во однос на потребната топлинска енергија. Исто така, операторите на дистрибутивните системи за топлинска енергија прават проценка на недостатоците на топлинска енергија и даваат предлог до Комисијата за утврдување на степенот на ограничување на потрошувачката на топлинска енергија. https://faktor.mk/vremeto-na-isporaka-na-parno-moze-da-se-namaluva-i-za-dva-chasa-a-zagrevanjeto-na-delovni-objekti-i-za-30-otsto---shto-predviduva-uredbata-za-krizna-sostojba-vo-snabduvanjeto-so-toplinska-energija |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ ЌЕ ИМА ПАРНО, ЕСМ ЌЕ УПРАВУВА СО БЕГ ДОДЕКА ТРАЕ КРИЗАТА, РЕКОА ОД ВЛАДАТА, ЛИЦЕНЦАТА НА КОМПАНИЈАТА НЕМА ДА СЕ ОДЗЕМЕ
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе управува со „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) додека трае енергетската криза. Нема да ѝ биде одземена лиценцата на БЕГ и покрај најавите од Регулаторната комисија за енергетика. Од БЕГво четвртокот рекоа дека од 15 јануари нема да може да испорачуваат топлинска енергија, односно Скопје нема да има парно. На денешната прес-конференција на вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и претседателот на Регулаторна комисија Марко Бислимоски беше кажано дека Владата донела одлука за прогласување на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „Граѓаните ќе имаат парно греење. Донесена е Уредба со која се овозможува Владата преку ЕСМ да го стабилизира пазарот на топлинска енергија. АД ЕСМ денес потпиша Договор за набавка на електрична енергија со ТЕ-ТО до 31 јануари. За реализација на овој договор ТЕ-ТО ќе произведе дополнителни количини на топлинска енергија покрај електричната, со што ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдувањето во овој период“, рече министерот Бектеши. Директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски кажа дека ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ за да има непрекината испорака на топлинска енергија на сите граѓани во Скопје. „Во овој период преку ЕСМ на некој начин ќе се внесе еден вид принудна управа на БЕГ. До завршивање на грејната сезона цел бизнис ќе биде под целосно управување на ЕСМ“, кажа Бислимоски. Министерите не одговорија конкретно на новинарските прашања зошто не им е одземена лиценцата на БЕГ иако вчера велеа дека не може државата да управува во криза со претпријатието, а потоа тие во мај да се вратат како ‘принцеви на бели коњи‘. Директорот на БЕГ Димитар Кочовски кажа дека од утре скопјани ќе имаат парно, односно ќе испорачуваат топлинска енерегија затоа што е договорено ТЕ-ТО на одложено плаќање да им дава гас до обезбедување на ликвидност и до потпишување на договорот за деловно-техничка соработка меѓу нив и ЕСМ. На новинарско прашање зошто ситуацијата не се реши побрзо и што се смени сега за да се постигне договор со БЕГ, вицепремеирот Фатмир Битиќи кажа дека другите страни во целиов процес станале поразумни. „Се случи разговор на две страни кои се обидоа да станат поразумни. БЕГ и ТЕ-ТО ги најдоа сите можни начини како да бидат соработливи. Само во разговор може да се најде решение“, кажа Битиќи. Мандатарот на новата Влада Димитар Ковачеевски за постигнатото решение околу снабдувањето со топлинска енергија на својот фејсбук профил напиша „Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно.“. https://sdk.mk/index.php/makedonija/skopje-ke-ima-parno-esm-ke-upravuva-so-beg-dodeka-trae-krizata-rekoa-od-vladata-litsentsata-na-kompanijata-nema-da-se-odzeme/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БЕГ БАРА ВЛАДАТА ВРЕМЕНО ДА УПРАВУВА СО КОМПАНИЈАТА Имаме пари за гас само до утре
Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје има пари за набавка на гас до крајот на утрешниот ден, велат од компанијата за производство на топлинска енергија, со предлог Владата времено да го преземе управувањето со компанијата почнувајќи од утре, па се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона. Соопштението го објавуваме интегрално: „Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (ПТБЕ) во тековната грејна сезона при тешка енергетска криза успешно се справуваше со предизвикот да обезбеди континуирана испорака на топлинска енергија во топловодната дистрибутивна мрежа и корисниците на системот за централно греење. Во четвртиот квартал во 2021 година и покрај големиот раст на цената на природниот гас на слободниот пазар, компанијата успеа да ги амортизира пазарните ризици и обезбеди растот на цените на гасот на берзите да не со одрази врз цената на топлината која се испорачува на корисниците. На тој начин потрошувачите во првиот дел од грејната сезона воопшто не ги почувствуваа последиците од енергетската криза. Сепак енергетската криза продолжува и во новата 2022 година со висока цена на гасот на берзите која директно се одразува врз трошоците на работењето на компанијата. Одобрената тарифа за топлинска енергија од Регулаторната комисија за енергетика покрива незначителен дел од овие зголемени трошоци. Владата и нашата компанија вложија големи напори да се покрие финансискиот јаз помеѓу набавната берзанска цена на природниот гас и одобрениот трошок во тарифата за производство на топлинска енергија кој за месец јануари 2022 година изнесува 9 милиони евра. Сепак поради постоење објективни пречки за обезбедување финансиски средства од државата, се уште не е најдено решение за овој горлив проблем. Во меѓувреме од почетокот на грејната сезона ПТБЕ самостојно од своите ограничени тековни средства и приливи ја финансира набавката на природниот гас. Цената на гасот за месец јануари 2022 година согласно договорот со добавувачот на природена гас е определена како средна цена на јануарските фјучерси во месец декември 2021 година, кога цените на берзите достигнаа највисоко ниво. Добиваме голема помош од компанијата ТЕ-ТО АД која со своите испораки на топлинска енергија во системот ја намалува потребата за набавка на природен гас во износ од дополнителни 5 милиони евра. Владата се заложи за итно плаќање на доспеаните фактури на буџетските потрошувачи. Сепак, ликвидноста на ПТБЕ брзо се истоштува и има средства за набавка на гас до крајот на утрешниот ден. Како општествено одговорна компанија информираме дека немаме повеќе ресурси да обезбедување финансирање на грејната сезона без државна помош за компензирање на тарифита за производство на топлинска енергија со што не ќе можеме да продолжиме со производство на топлина. За да се обезбеди непрекинато производство на топлинска енергија во ПТБЕ, предложивме Владата да ја преземе во времено управување компанијата почнувајќи од 14.01.2022 се до завршување на кризната состојба во оваа грејна сезона“, соопшти Производство на топлина – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје. https://plusinfo.mk/alarmantna-informaci-a-od-beg-imame-pari-za-nabavka-na-gas-samo-do-utre/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕНТРАЛАТА ТЕ-ТО ЌЕ РАБОТИ 7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА ЗА ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОПОЛНИТЕЛНИ КОЛИЧИНИ СТРУЈА И ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ПАРНОТО
Централата за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје ќе работи седум дена во неделата за да се обезбедат дополнителни количини струја и топлинска енергија. Ова е одлучено на денешната владина седница како мерка за обезбедување на дополнителни количини на струја во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. „Со оваа одлука се предвидува дополнителните количини на електрична енергија да се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 5 часот наутро до еден часот по полноќ со полна моќност, односно ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати. Оваа дополнително произведена количина електрична енергија ќе ја откупува АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) со сопствени средства“, велат од Владата. Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи до 31 јануари. Со преземањето на дополнителните количини електрична енергија ќе се обезбеди производство и на топлинска енергија за регулираниот дистрибутер на топлинска енергија. Со тоа, како што велат од Владата, ќе се овозможи континуирано, квалитетно и економски исплатливо снабдување со парно греење на потрошувачите во Град Скопје и, во исто време, при постоење на кризна состојба во снабдување со електрична енергија, ќе се овозможи да се заштедат природните ресурси кои АД ЕСМ ги користи за производство на електрична енергија. https://sdk.mk/index.php/makedonija/tsentralata-te-to-ke-raboti-7-dena-vo-nedelata-za-da-se-obezbedat-dopolnitelni-kolichini-struja-i-da-se-reshi-problemot-so-parnoto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ ПАРНО? БЕГ не одговори на предлозите на владата
Неизвесно е што ќе се случува со парното во Скопје. Дали БЕГ како најголем снабдувач со топлинска енергија ќе остане без лиценца и кој ќе продолжи да ги снабдува скопјани со топлина, треба да одлучи Владата. Според последните информации Владата не добила одговор од БЕГ за предлогот за покривање на разликата од утврдената регулирана цена до реалната цена на чинење на топлинската енергија која ја испорачува. Нема одговор и на предлогот за обезбедување кредит на компанијата за подобрување на ликвидноста за да се справи со високите цени на гасот. За проблемот, како што вчера најави, министерот за економија Крешни Бектеши ќе се расправа на денешната седница на владата и ќе се донесат соодветни решенија кои предвидуваат и одземање на лиценцата на БЕГ и препорака ТЕ-ТО да работи и за викенди за да обезбеди топлинска енергија за потребите на БЕГ. Тој рече и дека владата е подготвена да покрие 100 отсто од разликата во моменталната и реалната цена на парното. На проблемот, како што рече работела посебна работна група која денеска пред владата треба да понуди решенија. Трошокот за набавка на природен гас во јануари 2022 година во однос на јануари 2021 година е зголемен за 9 милиони евра. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски рече дека со предлогот за покривање на парите од разликата на актуелната и реалната цена се решава проблемот со набавка на гас. -По повиците на РКЕ, а во координација со Владата, најдено е решение за сигурна и стабилна испорака на топлинска енергија. Во неколку наврати кажав дека сите страни мора да се солидаризираат и секој да помогне во рамките на својата надлежност. Граѓаните не можат и нема да го понесат товарот од енергетската криза – рече Бислимоски. Од владата за Плусинфо изјавија дека економскиот тим е во постојана координација за да се донесат одлуки за ублажување на енергетската криза и непречено снабдување со електрична енергија и парно греење за граѓаните, а се разгледуваат и сите можни механизми за помош на компаниите за да се заврши грејната сезона без поголеми потреси. Владата, дополнително ќе излезе во пресрет и ќе помага со механизмите кои и се на располагање со најмали можни последици да се преброди енергетската криза. Министерството за финансии обезбеди финансиски средства за БЕГ со кои може да набави гас. Парите се од Развојната банка во форма на поволен кредит од 8 милиони евра. Тие се понудени на компанијата, меѓутоа за кредитот БЕГ како приватна компанија треба да понуди гаранција според пазарни банкарски услуги. Дополнително, Владата помага за подобрување на ликвидноста на БЕГ производство со тоа што сите јавни и државни институции плаќаат пазарна цена за топлинска енергија. И за Топлана Скопје север, Владата прави заложби да се помогне во обезбедување на гас за производство на топлинска енергија за корисниците на топловодната мрежа. – велат од Владата. Оттаму не ја исклучуваат можноста и за привремено одземање на лиценците на компаниите кои произведуваат и дистрибуираат топлинска енергија. -Доколку компаниите не ги прифатат предлозите, тогаш се разгледува опција за времено преземање на работењето со компаниите во Скопје којшто се задолжени согласно со своите лиценци да обезбедат топлинска енергија на граѓаните на градот Скопје – велат од Владата. Предлог до владата како да се реши проблемот со парното имаше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во пост на Фејсбук тој констатира дека меѓу другото проблемот на ладните радијатори на скопјани за време на викенд е во тоа што ТЕ-ТО си склучил договор за јануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навечер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ. – Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200 мегавати, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакумулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави) – вели во постот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Маријан Ненов од невладината „Но пасаран“ пак вели дека е крајно време владата да го врати парното на скопјани и да го активира претпријатието ГЕС кое што го формира за тоа. – Решение има, а тоа е да се предаде парното на Град Скопје како што планираше претходниот градоначалник, но притоа ќе треба да им се застане на пат на одредени олигарси кои го кочат процесот и се борат за сопствените профити. Веќе е формирано јавно претпријатие ГЕС кое треба да се стави во функција, а државата да му ја предаде на управување мрежата на Градот и да го реши проблемот со нејзина легализација. Моменталниот проблем немаше да го има ако снабдувачите навреме обезбедија природен гас и потребните резерви на мазут кои им се пропишани со правилата за снабдување со топлинска енергија – вели Ненов. Сепак, останува владата да реши како ќе го приведе при крај овој проблем, а како ќе го реши ќе стане јасно по седницата на владата која е во тек. https://plusinfo.mk/skop-ani-ostanaa-bez-parno-beg-ne-odgovori-na-predlozite-na-vladata/ |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Па така и треба да биде, јас не сфаќам како државата се нуди да покрива 80% од трошоци за нешто, а профитот ќе си го земе приватна компанија. За тие 80% треба државата да добие нешто, а не вака.
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Јас мислам дека на рај ова ќе заврши со превземање на БЕГ од ЕЛЕМ-Енергетика. Постоечко претпријатие под државна капа, и на крај тоа ќе излезе. Не е работата дали јас или било кој сака така, или па дека така треба, ама мислам дека тоа ќе биде исходот, вака едно предвидување на темата.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 5> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |