build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Индустриски
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ТИРЗ Струмица

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
kultuzin View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
  Quote kultuzin Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 03-Nov-2015 at 16:11
Konecno sansa strumicani da pocnat da ziveat od rabota mesto od "goli saltanati"
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 03-Nov-2015 at 14:56
Нова фабрика на Џонсон Контролс во Струмица, ќе отвори 1.500 работни места



По успешноста на фабриката во Штип, Џонсон Контролс отвора нов капацитет во Струмица. Станува збор за инвестиција вредна 20 милиони долари која ќе отвори 1.500 нови работни места.

Како што соопштија денеска директорот во „Џонсон Контролс“, Вили Ван Лои и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо по средбата со премиерот Никола Груевски, инвестицијата ќе стартува како браунфилд, во постоечка зграда, а потоа ќе прерасне во гринфилд.

- Се соочувавме со капацитетски предизвици во Европа поради што направивме опсежни анализи и заклучивме дека треба да инвестираме тука, рече Ван Лои.

Според Мизо, фактот дека Џонсон Контролс реинвестира во Македонија е потврда за успешноста на владините политики за креирање поволна бизнис клима.

- Џонсон Контролс трипати инвестира во Македонија, прво во Скопје во 2006 година, потоа во Штип во 2011, а сега и во Струмица, истакна Мизо и додаде дека веднаш ќе се пристапи кон активностите за адаптирање на индустриската зона во Струмица.

Инвестицискиот план предвидува првите вработувања да бидат до крајот на годинава.

Извор
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 21-Sep-2013 at 21:39
Камен темелник за ТИРЗ „Струмица“, регионот економски ќе заживее
Сабота, 21 Септември 2013 14:51

Со поставување камен-темелник денеска беше означен почетокот на изградба на инфраструктурата на Технолошко-индустриската развојна зона „Струмица", една од досега основаните девет ТИРЗ ширум Македонија.

ТИРЗ „Струмица" ќе има вкупна површина од 25 хектари и ќе се гради во катастарската општина Свидовица. Зоната е лоцирана на 50 километри од граничниот премин „Богородица" кон Грција и на 23 километри од граничниот премин Ново Село кон Бугарија.

- За изградбата на комплетната инфраструктура во зоната планираме да инвестираме околу 300 милиони денари со кои ќе се изгради сообраќајница, водоводна инсталација, атмосферска и фекална канализација, електроенергетска мрежа, телекомуникациска инфраструктура, како и улично осветлување. Со тоа ТИРЗ „Струмица" ќе стане функционална целина која со своите карактеристики ќе може да им посака добредојде на сите потенцијални инвеститори во овој регион, рече премиерот Никола Груевски по поставувањето на камен-темелникот.

Тој посочи дека местото на кое е лоцирана зоната на потенцијалните инвеститори ќе им овозможи добра комуникација со двете соседни земји, но и со меѓународниот пазар. Нагласи дека развојот на Македонија е комплексен процес исполнет со многу работа, ентузијазам, одговорност, инвентивност и исполнителност. Како Влада рече дека во изминатите години континуирано и напорно работат на сите полиња и во сите сегменти кои можат да донесат позитивни трендови и добри резултати во македонската економија.

- Да се отвори само едно ново работно место, една нова фабрика, да се намали само еден процент од нивото на невработеноста во земјата потребно е вклучување на многу органи на државната управа, но и вклучување и координација на повеќе чинители од различни сфери во општеството. Потребно е совесно и посветено да се изработат задачите за постигнување на зададените цели, истакна Груевски.

Рече дека една од областите во која Владата ја препознала можноста за отворање нови работни места и привлекување нови инвеститори е постојаното инвестирање во ТИРЗ-овите во државата. Истакна дека како резултат на нивните залагања наскоро странски инвеститор во Струмичко ќе отвори лабораторија за производство на семенски материјал за цвеќиња во која ќе се вработат од 250 до 300 луѓе и додаде дека очекува во наредните неколку години, кога зоната ќе биде готова, да дојдат значајни странски инвеститори.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески посочи дека поставувањето на камен-темелник на ТИРЗ „Струмица" претставува реализација на уште едно ветување на Владата.

- Ова е голем проект кој ќе значи економско заживување за регионот на Струмица. ТИРЗ-от е дел од политиките на Владата на Република Македонија за нови инвестиции за отворање работни места. Само со отворање работни места може да се подобри животот на граѓаните, рече Ставрески.

Тој нагласи дека во буџетот за наредната година се обезбедени средства за изградба на ТИРЗ „Струмица" и додаде дека Струмица како регион е еден од приоритетите на Владата за привлекување странски инвеститори.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека изградбата на ТИРЗ „Струмица" заедно со другите ТИРЗ-ови во Македонија претставува реализација на визијата на Владата за изградба на зони со целосно изградена и развиена инфраструктура кои ќе можат да ги понудат сите потребни услови и поволности за производителите.

- Во високотехнолошките преработувачки капатцитети во ТИРЗ „Скопје 1", „Скопје 2" и „Штип" во текот на 2012 година инвестирани се 62 милиони евра. Оваа година само во постоечките капацитети ќе се реализираат вкупни инвестиции од над 70 милиони евра, рече Мизо.

Нагласи дека извозот од ТИРЗ-овите во 2012 година изнесувал над 20 отсто од вкупниот извоз во земјава, а годинава се очекува тој удел да се зголеми на над 25 отсто.

- Во 2012 година за потребите на компаниите лоцирани во зоните домашните компании доставиле стоки и услуги во вредност од околу 40 милиони евра. Досега во зоните се вработени 2.270 лица, а до крајот на годинава се очекува бројот на вработени да биде над 2.500, додаде Мизо.

ТИРЗ „Струмица" со основната патна мрежа ќе биде поврзана со крстосница на ниво со која ќе се овозможи безбедно вклучување и исклучување кон регионалниот пат Куклиш - Банско - Ново Коњарево. Во зоната ќе има два влезни коловоза со широчина од 3,75 и два излезни коловоза со иста широчина, како и тротоари од двете страни на коловозите од по 2,5 метра.

Во Македонија вкупно е предвидено изградба на 14 ТИРЗ-ови и градбата на сите треба да започне најдоцна до март или април следната година. Во моментов во функција се зоните ТИРЗ „Скопје 1", „Скопје 2" и „Штип", а во тек се градежните работи во ТИРЗ „Кичево", „Гевгелија" и „Прилеп". За останатите зони во моментов се изработува техничката документација.

Премиерот Груевски, кој денеска е во посета на струмичкиот регион, претходно го пушти во употреба новоизградениот локален пат што ги поврзува Струмица и селото Попчево и околните села Рич и Белотино. вј/хс/ 14:38
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/130784-Kamen-temelnik-za-TIRZ-Strumica-regionot-ekonomski-ke-zazivee
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.082 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.