![]() |
![]() |
![]() |
Парк Ибни Пајко |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
зграда никако, но сквер посекако, бидејќи ова е единствената бруталистичка точка која го преживеа патинирањето, а со платформава на Ѓорѓија нема друго него ова, бреј зеленило, да ако некој е за зеленило на форумов тоа сум јас, но ко што реков секогаш има креативни решенија, ајде да видиме нека ја остават трева и колку истата ќе преживее утре , само како пешачки коридор та ќе ја сардисаат, но неопходни се дрва, а тоа ко што напоменав ќе го решат со подвижни жардињери, јес да е за нас терсене ноу-хау како ова да го изведеме, она и да ги направат ќе заборават да некако тркалата да им стават блокада а не па автоматска, дури се сомневам дека би ги замаскирале ко што треба ... се надевам во о.Центар убаво ќе мучнат глава што со оваа локација, а на зелнилото во градов да му пријдат оштроумно, а не саде со памфлети или декларативни заложби, зеленилото треба да експлодира на сите страни па и по скверови ... тревник ко тревник денес никаде нема да најдеш во епицентар на ниедна европска метропола, но можеби вреди да ги сочуваме овие тревничиња како последен реликт за недореализираниот концепт на Кензо ...
пак ќе речам зграда не, на сквер да, пејсажната архитектура во градовите денес бидна пејсажен урбанизам, ете на тие нови скали нека стават жардињери и ко гелендери, па и по самите скали итн. итн. Edited by Zelenikovo - 18-Nov-2017 at 11:36 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ама каков плоштад, сквер, урбанизација да правиме на последната зелена површина останата околу МОБ. Зелениково, нема никаква логика. Единствената работа што треба да се направи тука по изградбата на Македонска филхармонија и Скендербег е да се огради повторно овој простор и да се зазелени, да се постави урбана опрема и тоа е тоа.
Да не заборавам, очекувам од новото раководство на Општина Центар да го смени постојниот ДУП што предвидува зграда на оваа локација. |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
вака видено, има добар простор она кровот кај гардеробите и канцелариите на МОБ да биде утре стејџ кој би го покрил ваквиот плоштад и акустично освен естетски, но нели за да народ разбере колку е саат ќе треба еден опен-ер ивент да се истера дури и сега, она со време да се прибележи ваквата локација како ултра младалачка, дури останала платформата и без скали за почеток, ако тоа би било ризик во однос на сплотувањето на Центар и Чаршија сестрано та и мултиетнички, што сега е случај само преку старите коридори, но греота би било од готов момент да не се извлече што повеќе ... ![]() |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
Јован и јас предочувам ко опција погоре, да се направи некој пејсажно урбанистички сквер, а не голо плато, иако тоа може да биде и во форма на подвижни жардињери кои по потреба би се повлекувале по страна, доколку некој има потреба од поголема манифестација ... велиш скали може, и нормално и логично би било да има и од оваа страна пристап до платформата, но само по себе тоа повторно ќе го наметне овој момент, но ко неформален сквер, ако неможе и официјален ... мора со време да се направи притисок за ваква иницијатива, за случајно да не насадат некоја нова зграда ... да имавме ние што сме тука невладина, тоа може и ќе го протуркавме некогаш, а вака ќе си остане пуста желба дал за ова ил она, а како по обичај заради некој грејтер гуд партијата на власт без никаква дебата ќе си истера некоја своја идеја ... но не е битно кој ќе пушти идеја, туку дали истата префинето ќе се разработи, или пак ќе се истера на мала врата ко до сега ... |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Сега тој простор (кај Даут Пашин Амам) е див паркинг, раскопан, полн со дупки и вода по секој дожд, кал на сите страни, грозотија.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Вака, идејата за плоштадот Скендербег, па и не толку лоша. Но само толко, "Ок" е. Како прво скалите од малиот сквер, влез на старата чаршијата ако може така да се каже би биле во ред ако има цел каде тоа одат и за што служат. Ќе се изкачите по нив, и се соочувате со една бетонска рамнина, што не ве несочува никаде. Ниту е панорама, ниту има нешто да се види. Единствено нешто може само да ви послужи како огромен "мост", за да ве поврзе со другиот дел, нешто што ми можеле да го направите и без постоењето на плоштадот.Во самата нишка, некој имаше спомнато дека би била добра идеја да се ископа булеварот, да се суишти некое ниво подоле и да се добие по креативен простор за секојдневна употреба или некоја манифестација на пример. Истата идеја ја делам и јас, а вака некако, сам по себе делува, да речам вештачки.
Потребата за нов плоштад, мислам дека не толку добра бидејќи веќе доста плоштади се изпоградија во центарот на градот, но дефинитивно би требало да се размислува за некои поврзување на веќе ново изградиот плоштад кон тој дел. Тој дел мислам дека треба да се реизгради во некоја форма на модерен парк, поврзан со плоштадот- можеби на ист начин како и делот со скалите, и да се збогати евентуално со некои културно-рекреативни содржини. Мислам дека доволно се узурпираа зелените содржини, затоа што мал дел од граѓаните ги користат. На пример сеуште плоштадот Мајка Тереза служи како кратенка и не е посетен. Јас лично сум човек кој би одобрил на пример градба на високо-деловен/станбен објект со оставење на пристор за зеленило, отколку градење на долги, ниски објекти што не коекзистираат со просторот. Така да СКП14 во целина не ми се допаѓа. Видов еден план каде таму би требало да има два објекта, ако не грешам, можеби еден објект помеѓу Филхармонијата и МОБ би било океј и прифатливо, но дефинитивно просторот кај Даут Пашин Амам треба да се искористи мудро и ефикасно. |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
од рендеров се претпоставува поголем простор помеѓу платото и ДПА додека во реалност заради дворот на амамот не е случај, така да тоа отвора простор за што подолго развлечени скали, а како би се оформило помал сквер и околу Даут Пашин Амам, аман сдс нека си засукаат ракави и прва скопска инвестиција нека им биде ова, нормално убо нек си се разберат со дуи кој мурал како треба да изгледа и дали тоа е вкусно вака или онака, ете Грчев нека им подели памет од ракав, а потем нека направат некаква целина која ќе ги доспои Центар и Чаршија ... иако скептичен сум дека ова ќе биде случај, та кога дпмне тоа не го протна на толку фрлен камен за Ск14 што па сдс кои нит сакаатннит имаатнпростор за да некако рандиозно се реализираат во сета оваа каша, ајде им остана токму овој дел за глацање како поздрав изборен баланс помеѓу двата народа ...
самиот постоен плоштад, со сета наша недоносеност како општество, не е никакво зло, и не е никаква штета, доколку на локалниот менталитет се гледа како уникатна физиономија на импровизацијата како појава, почнувајки од езгијата во изворната музика, преку расфрланите калкани кај сакралната и ротирачките еркери кај профаната градба, па се до преживувањето како етникуми потпрени на слични корени а нукната од иста семка ... ако вака се гледа на Македонија тогаш ништо немоќе а да не е разбирливо или подносливо, САМО снобизмот на елитите е спремен на кат-аут ревизии рушење и плукање, наместо предложување повторно и поторно креативни начини како да се надмине некој недостаток некоја фалинка која е воочена, покажувањето со прст ни станала за жал сред конзумеризмов единствената утеха, а ќе биде и побетер кога ќе сакаме 100% да се идентификуваме со празнилото на запдните елити кои на нас и нашата земја гледаат само како на бројлер пред колење сред нивните агенди .. ок, ако не сте креативни околу постфестум решенија, но бар бидете креативни во етикетите и вреѓањето, и не само на етничка него и на малџиска основа ... |
|
![]() |
|
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
дали е време да се размислува и за ова ... иако во контекст на форумов има две думи во нишката за Плоштад Искандер [1][2][3] во постојниот параспур тревник, може конечно да направат бар некој озбилен пејсажен плоштад ако не рамно плато, иако рамно плато како продолжен сквер на чаршискиот, отвора можност за концерти на отворено, а особено ако токму тука паркираат некои шпански скали наместо пред ГТЦ, но бидејќи скалите би биле споени со партерот на постојниот плоштад би требало да се поплочени со ист сив мермер за да бидат во склад, додека партерот на новиот плоштад би требало да е бел за да има конекција со МОБ и МБУЦ, а евентуално да се пушти некоја сива испрекината патека кон филхармонија како металик градба ... исто ако не им држи вода идејата да направат Алеја на Великани по Кеј [2] тогаш тука нека ги распоредат во круг спомениците од оградите по мостовите, или тука оние од мостот на уметноста, а по кеј историските личности ... |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |