![]() |
![]() |
![]() |
Базени и водени паркови |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 20> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИЗГРАДБАТА НА ЗИМСКИОТ БАЗЕН ВО ШТИП Е ВО ЗАСТОЈ ЕДНА ГОДИНА, А ЛОКАЦИЈАТА Е ОБРАСНАТА СО ТРЕВА
![]() Изградбата на зимскиот базен во Штип веќе трета година тапка во место. На објектот цела година нема никакви работи, а локацијата се гуши во трева и е мета на крадци. На самиот влез и денес стои табла дека изведувач на работите е фирмата „Енергоинвест трејд“, а инвеститор е Агенција за млади и спорт (АМС). Повеќе спортски асоцијации од Штип и други органи и тела реагираат на индиферентниот однос на државните агенции, кои дозволија целата инвестиција да падне во вода, иако базенот е дограден и нема капка вода во него. Базенот со 25 метри должина и девет метри широчина почна да се гради во февруари 2020, кога градоначалник беше сегашниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, а на поставувањето на камен-темелникот, тогашниот директор на АМС, Дарко Каевски, рече дека базенот треба да биде даден во употреба до крајот на 2021. На неговата фејсбук страница и денес стои објавата од 14 февруари 2020 дека се реализира едно од најголемите ветувања од владината програма и повеќегодишно барање и потреба на граѓаните на Штип. Спортските асоцијации од Штип, посебно оние за спортовите на вода, реагираат што сегашниот пратеник Каевски ниеднаш не дошол да провери како се одвиваат работите, а ниту неговиот наследник во АМС, Наумче Мојсоски. Пливачкиот клуб „Челични“ веќе трета година го постира слоганот „Даваме поддршка за зимскиот базен во Штип“, ама досега овие апели не допреле до инвеститорот кој ја започна изградбата. Членовите на клубот во лето се снаоѓаат за тренирање, а во зима мора да одат во други градови. Според развојната програма на АМС промовирана пред четири години, во поголемите градови во Македонија требаше да се изградат 14 зимски базени. Засега во функција е ставен само базенот во Тетово. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izgradbata-na-zimskiot-bazen-vo-shtip-e-vo-zastoj-edna-godina-a-lokatsijata-e-obrasnata-so-treva/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Мојсовски: Од 1 септември ќе се интензивираат работите на затворениот базен во Охрид
Работите за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид, којшто се наоѓа во склоп на спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ треба да се интензивираат од 1 септември, а се очекува да биде готов до април следната година, информира денеска директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Според него, базенот е готов скоро 70 отсто, потребно е да се досреди уште внатрешниот дел. – Ни дадоа гаранција дека до март или април базенот ќе биде готов. Базенот е скоро 70 отсто готов, треба да се донесе да се монтира коритото, горе веќе се направени просториите, трибините, а готова е веќе челичната и бетонската конструкција, остануваат само финесите и внатрешниот дел да се досредат – истакна Мојсовски, додавајќи дека последните осум месеци имале проблем со инвеститорот. Затворениот базен во Струга пак, се очекува да биде готов во периодот декември-јануари. Затворениот пливачки базен во Охрид чија изградба официјално почна во 2015 година ќе има два базена (12,5 на 6,5 метри со длабочина од 0,8 до 1,2 метри и 25 на 33 метри и длабочина од 2 метри). Ќе биде енергетски ефикасен и ќе користи биотермални пумпи што ќе го направат неговото користење во зима поевтино. Ќе има трибини со капацитет од 500 седишта и посебен простор за новинари и вип ложа, како и помошни простории со спа и велнес центар. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/mojsovski-od-1-septemvri-kje-se-intenziviraat-rabotite-na-zatvoreniot-bazen-vo-ohrid/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
5 години ветувања за базен во Чаир – Хисени: Ќе се изгради кога ќе се најде компромис помеѓу општината и сопственикот
https://mk.tv21.tv/5-godini-vetuvana-za-bazen-vo-chair-hiseni-ke-se-izgradi-koga-ke-se-najde-kompromis-pomegu-opshtinata-i-sopstvenikot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ѓорчепетровци уште чекаат нивните деца да пливаат во затворениот базен
![]() Затворениот базен во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ почна да се гради во февруари 2020 година, како еден од шесте базени од ваков тип што ги гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи, а според последните информации, запрени се завршните работи од неговата изведба. Првиот затворен базен што почна да се гради во општина Ѓорче Петров пред повеќе од две години сѐ уште не е завршен, иако рокот за затворање на проектот беше 18 месеци. Според последните информации, запрени се завршните работи од неговата изведба. Родители на ученици што учат во основните училишта во оваа општина, прашуваат што се случува и до каде е реализацијата на најавуваниот проект. – Базенот требаше да биде готов уште при крајот на минатата година, барем така се фалеа. Наутро ќе беше наменет за учениците од основните училишта, а попладне ќе имало пливачки клубови. И до каде е базенот, сега никој ништо ниту кажува ниту го спомнуваат. Имам две деца што сакам да ги запишам на пливање и сега треба да ги носам до СЦ „Борис Трајковски“. Чекавме, се надевавме, ама како што стојат работите, изгледа уште долго ќе чекаме – реагира Кристина од Ѓорче Петров. Затворениот базен во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ почна да се гради во февруари 2020 година, како еден од шесте затворени базени што ги гради Агенцијата за млади и спорт во соработка со локалните самоуправи. Првичната најава за отворање на базенот беше за ноември лани, барем така најави директорот на Агенцијата Наумче Мојсовски, кој заедно со ексградоначалникот на општина Ѓорче Петров пред една година изврши увид на градежните работи на базенот. Мојсовски рече дека пандемијата го забавила темпото на работа, но дека работите повторно ќе продолжат поинтензивно. – До крајот на октомври или почетокот на ноември базенот ќе биде завршен. Со овие димензии на базенот се надевам ќе формираме и пливачки клуб во општина Ѓорче Петров. Ќе биде подобро што повеќе деца од училиштата да го користат – рече тогаш директорот на АМС. Сега, од Агенцијата за млади и спорт нема одговор на прашањата до каде е реализацијата на изградбата на затворениот базен и кога тој ќе ги отвори вратите за учениците и рекреативците од општината. Од Општина Ѓорче Петров исто така за подетални информации околу динамиката на изведба во периодот што следува, упатуваат во АМС. – Досега изведена е фаза затворена карабина, а не е реализиран машинскиот дел. Не се изведени бетонските ѕидови, одводни и доводни инсталации. Практично, завршните работи се стопирани. Според последните информации, опремата е нарачана, но сѐ уште не е стигната – ги споделуваат од општината информациите со кои тие располагаат. Спортскиот објект што се гради е со димензии 20,40×30,35 метри и со длабочина од 0,9 до 1,4 метри. Според проектот, планирано е базенот да има соблекувални и централен систем на загревање. Планирано е да биде по сите стандарди и да биде енергетски ефикасен и рентабилен. Изградбата на базенот е со вредност од 38 милиони денари https://www.slobodenpecat.mk/gjorchepetrovci-ushte-chekaat-nivnite-deca-da-plivaat-vo-zatvoreniot-bazen/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кичевскиот базен се уште незавршен – ветено за 18 месеци, поминаа 25 месеци
https://mk.tv21.tv |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Проблемот е во одржувањето на базените а не е битно само колку на број ќе ги имаме. Еве од сите три поголеми што ги имаме не можат ниту еден да оспособат,најмногу тоа се должи и на недостаток на средства за одржување и плаќање за греење така да и тие што почнаа да ги прават во склоп на некои школи прашање е колку ќе бидат во функција.
Исто важи и за многу други спортски сали и терени кои од година во година се повеќе се оставени да пропаѓаат. |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А базенот во Охрид уште ли не е готов? Ццццц...
|
|
![]() |
|
kicevo ![]() Newbiе ![]() Joined: 16-Jan-2021 Online Status: Offline Posts: 17 |
![]() ![]() |
Tri zatvoreni bazeni vo cela drzava .Sto se pravelo 0d 1943 navamo. Dobro od 1991 neka bide .Sportska nacija Lele majko. Opstoto zdravje ic. Teskiot kriminal na politicarite go sobra danokot i ova e posledicata.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Тотален хаос во македонското пливање: Базените во земјава не работат
На околу 500 пливачи од Скопје, кои тренираа во базенот „Борис Трајковски“, им е драстично нарушен тренажниот процес поради неработење на објектот. Големото корито на Олимписки не е во функција, а ни базенот во Куманово не работи. Сето тоа се случува кога пливачите се подготвуваат за настап на СП. Во пливањето во Македонија во моментов владее потполн хаос поради неработењето на базените и неможноста да се извршува нормален тренажен процес. Ова е оцена на претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски, кој на Вонредното изборно собрание неодамна беше избран на таа функција со огромно мнозинство гласови од клубовите. Од денеска не работи базенот „Борис Трајковски“ поради дефект, а од пред неколку денови не работи ни базенот во Куманово. Единствено во функција во земјава е малото корито на Олимпискиот базен во Скопје, кое ни оддалеку не може да одговори на потребите на пливачите што останаа на суво. Според Стојановски, пливачката федерација прави напори во контакти со Агенцијата за млади и спорт, Олимпискиот комитет, некои министерства, па дури и преку премиерот Димитар Ковачевски. Добра волја има, но решението е неизвесно. Добивме информација од надлежните дека за да се реши проблемот со базенот „Борис Трајковски“, ќе треба 10-15 дена. Нашиот пливачки спорт не може тој период да го издржи без тренинзи. Познато е дека 15 дена пауза во пливањето, потоа не може да се надомести во една година. Имаме сериозен проблем. Остануваат без тренажен процес и репрезентативците што се подготвуваат за СП во Јапонија во мај. Штетата е огромна – вели Стојановски. Сите клубови ми се јавија за да најдеме решение. Направив контакти со премиерот и со надлежните министерства. Станува збор за сериозен проблем, додава Стојановски. Во Скопје 500 пливачи од триесетина клуба остануваат без тренажен процес. Надлежните ветија дека ќе помогнат, но како и кога ќе стигне помошта, останува на нив. Ги запознавме АМС и МОК, па дури и премиерот, кој во моменти кога има многу важни прашања, се јави и се заинтересира за проблемот. Има навестувања дека ќе се направат напори да се надмине проблемот – вели Стојановски. Тој гледа спас во активирање на големото корито на Олимписки, чија употреба би го ублажило или би го решило проблемот. – Но да не заборавиме дека Олимпискиот базен го стопанисува приватен субјект – вели Стојановски, кој во моментот не можеше да потврди дали со помош на евентуално субвенционирање од државата, концесионерот на базенот би се согласил да го пушти и големото корито во функција. – Малото корито на Олимпски го користат околу стотина-двесте пливачи. Кога ќе дојдат и овие 400 од „Борис Трајковски“, ќе биде хаос. Не е решение малото корито. Големото корито би ја завршило работата, но останува да се види дали тоа ќе може да се изведе. Но, тоа сега е единственото решение да се „бајпасира“ проблемот – рече Стојановски потенцирајќи дека многу ќе зависи од концесионерот. Според Стојановски, решение би било Владата да го субвенционира трошокот барем еден месец додека не се надмине проблемот со „Борис Трајковски“. Проблем е и тоа што пред неколку денови се затвори базенот во Куманово и пет клуба со 300 пливачи остануваат без тренинзи. Од Куманово информираат дека сѐ додека не помине енергетската криза, базенот ќе биде вон функција. Тоа значи некоја неодредена иднина за 300 пливачи, кои се на улица. https://www.slobodenpecat.mk/totalen-haos-vo-makedonskoto-plivanje-bazenite-vo-zemjava-ne-rabotat/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БАЗЕНОТ ВО СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ НЕ РАБОТИ ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ПЕТРОВСКИ
Базенот во склоп на А1 Арена спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје не работи поради дефект на системот за греење. Директорот на спортскиот центар Александар Петровски вели дека пукнал чилерот кој ја грее водата и поради тоа вратите на базенот се затворени за посетители. Веднаш не може да се реши дефектот бидејќи делот го нема кај нас, па мора да се нарача од Турција. „Енергетската криза не е причина за затворање на базенот. Досега сите сметки се платени, а доколку во иднина имаме проблеми ќе бараме помош од Владата. Причината е од технички карактер односно сериозен дефект на системот за греење. Делот е нарачан и треба да стигне за две недели, по што веднаш ќе го отвориме базенот за посетители“, вели Петровски. Тој додава дека ваков дефект имало и пред три месеци. Вели дека можеби причина за деловите да се расипуваат побрзо се честите прекини во снабдувањето со електрична енергија . Лизгалиштето што е во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ работи нормално. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bazenot-vo-sts-boris-trajkovski-ne-raboti-poradi-defekt-na-sistemot-za-greene-veli-direktorot-petrovski/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ЗАТВОРА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО КУМАНОВО ОТИ ТРОШОКОТ ЗА СТРУЈА И ГАС СКОКНА ОД 15.000 НА 50.000 ЕВРА МЕСЕЧНО
Затворениот градски базен во Куманово од утре нема да работи, поради енергетска криза. Од ЈП „Чистота и зеленило“ велат дека се одлучиле на ваков чекор поради енормното зголемување на цените на електричната енергија и природниот гас, кои не може да ги поднесе буџетот на претпријатието. Директорот Даниел Стојчевски вели дека лани во зимскиот период, работењето на базенот чинело околу 15 илјади евра месечно, а сега тоа ќе изнесува 50 илјади евра. „Цената на гасот е зголемена за над 200 отсто. Операторот кој нè снабдуваше со електрична енергија ни го раскина договорот еднострано и сега се снабдуваме со електрична енергија од ЕВН, која ја утрдува цената според пазарната вредност во тековниот ден и таа е за 3-4 пати повисока. Практично, тоа значи дека ако јавното претпријатие во истиот период лани за работата на базенот плаќало за природен гас од 500 до 600 илјади денари, сега треба да плати од 1,2 до 1,4 милиони денари. Струја плаќавме по 300 илјади денари, а сега треба да плаќаме од 1,3 до 1,5 милиони денари. Или соберено заедно, безмалку 50 илјади евра излегуваат трошоците за струја и за гас за еден месец. Тоа е за нас прескапо и ќе го блокира работењето на претпријатието. Затоа, менаџерскиот тим одлучи додека трае економската криза базенот да не работи“, изјави Стојчевски. Тој додава дека паузата ќе ја искористат за сервисирање на постоечката опрема и одредени градежни работи. Цената на природниот гас во Куманово од нова година се зголеми за 200 отсто. ЈП „Куманово гас“ го продаваше гасот по 25 денари, а од јануари по 80 денари за метар кубен. Сметките на домаќинставата во просек се движеле околу 3.000 денари месечно, по ново ќе изнесуваат 8.000 денари. Тоа натера голем број установи, институции, приватни фирми и домаќинства да го откажат користењето на гас и да се вратат на греењето на нафта, мазут и дрва. Во Куманово има 400 физички и правни лица потрошувачи на гас, а Општината и јавното претпријатие во изминатите години го субвенционираа приклучокот за граѓаните, заради финансиските и еколошките придобивки. На гасоводот се приклучени и повеќа јавни институции, училишта, градинките и други државни и општински установи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/se-zatvora-gradskiot-bazen-vo-kumanovo-oti-troshokot-za-struja-i-gas-skokna-od-15-000-na-50-000-evra-mesechno/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИЗБРАН НОВ ИЗВЕДУВАЧ ЗА БАЗЕНОТ ВО СТРУГА ОТКАКО Е РАСКИНАТ ДОГОВОРОТ СО ФИРМАТА КОЈА НЕ НИ ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ
![]() Затворениот базен во Струга, кој со години е нефункционален и вон употреба, за една година ќе биде изграден. Тендерската постапка за избор на нов изведувач за негова реконструкција заврши, а фирмата која ќе го гради струшкиот базен за десетина дена треба да започне со градежните активности. Според, најавите стружани ќе добијат модерен и функционален базен на местото каде 15 години има рушевини и купишта смет. Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, вели дека фирмата која претходно го добила тендерот поради финансиски проблеми и ковид-пандемијата не можела да ги исполни обврските, па договорот бил раскинат на штета на самата фирма и активирана е банкарската гаранција. Стружани не веруваат во ваквите најави, оти пред избори сите давале лажни ветувања, а тие 15 години гледале само руина со срушени ѕидови и купишта отпад. Реконструкцијата за стушкиот базен, која требаше да чини 30 милиони денари, предвидуваше функционален базен до крајот на 2021. Рокот е пробиен и за изградбата на затворениот базен во Охрид. Објектот започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но и по 5 години сè уште не е завршен. Проектот чини околу 5 милиони евра, а инвеститор е Агенцијата за млади и спорт. Мојсоски најави дека и овој базен до следната сезона ќе биде завршен. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/izbran-nov-izveduvach-za-bazenot-vo-struga-otkako-e-raskinat-dogovorot-so-firmata-koja-ne-ni-pochna-da-go-gradi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Затворените базени најавувани, но не изградени
Сеуште ништо од долгонајавуваните затворени базени во Охрид и Струга.Објектот во градот на мостовите е руиниран запуштен обраснат со трње и опколен со градежен шут .Стружани ќе чекаат нов изведувач за негова реконструкција бидејќи договорот со избраната фирма од 2019 бил раскинат. Од Агенцијата за млади и спорт посочуваат дека базенот кој ќе им служи на пливачите, спортистите и рекреативците ќе биде готов следната година. Директорот на агенцијата за млади и спорт Мојсоски вели дека се интензивира изградбата на затворениот базен во Охрид инсталацијата е пуштена се работи на уредување на внатрешниот простор и се очекува месеците март - април идната година да биде пуштен во употреба. Објектот во Охрид започна да се гради во 2015 и требаше да биде готов за 30 месеци, но сѐ уште не е завршен ,додека пак во Струга години наназад се најавува реконструкција на базенот последно во 2019 година отогаш до сега поставена е само табла и заграден е просторот. https://sitel.com.mk/zatvorenite-bazeni-najavuvani-no-ne-izgradeni |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градежната фирма Ас Машини во соработка со фирмата ЈА МИ започнаа со чистење на просторот на поранешна Ла Луна. Овој простор целосно ќе биде исчистен додека се подготвува тендерската документација за изградба на затворен пливачки базен.
Кавадраци ![]() ![]() https://www.facebook.com/MitkoJanchev |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Construction of the Pool in Chair becomes a reality
The Agency for Youth and Sports of North Macedonia published the public procurement procedure for building a pool in the Municipality of Cair. This pool is also planned to have photovoltaic energy efficiency panels that will reduce up to 80 % electricity costs for pool maintenance. ![]() ![]() https://www.facebook.com/VisarGaniu.Cair |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://velart.mk |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() https://www.facebook.com/AleksandarNaumoskizaGorce |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб: Постапката за изградба на базен во Општина Чаир не е објавена, тендерот ќе следи во август
Постапката за јавна набавка за изградба на базен во населбата Топанско поле сè уште не е објавена, иако во мај беше речено дека тоа ќе се случи „за две недели“. Од Агенцијата за млади и спорт велат дека постапката не е објавена и дека огласот за тендер ќе биде во текот на август, пишува Порталб.мк. „Постапката не е објавена. Согласно годишниот план за јавни набавки и согласно нашата програма за инвестиции во спортска инфраструктура, ги имаме предвидено базените и треба да објавиме тендер. Агенцијата за млади и спорт ќе објави тендер за избор на изведувач, а тој тендер планираме да го распишеме кон крајот на август, а може да се случи да биде објавен на 2, 3 август, односно планирано е да биде објавен во текот на август. Така, меѓу другите што ќе бидат објавени е и базенот во Општина Чаир“, велат од оваа агенција. Оттаму додадоа дека, ако постапките се одвиваат според планираното, тогаш изградбата на базенот треба да започне кон крајот на септември или почетокот на октомври. „Тендерската постапка, согласно законот, јавниот оглас трае минимум еден месец, па додека се проверат документите ќе минат минимум 45 дена. Се надевам, ако сè оди како што е планирано и ако тендерите бидат успешни, на крајот на септември или почетокот на октомври ќе започнеме со изградба“, објаснија од Агенцијата за млади и спорт. На прашањето дали станува збор за неправилност затоа што според Изборниот законик во изборната кампања не треба да се гради, со оглед на тоа што локалните избори ќе се одржат во октомври, од оваа институција велат дека тоа не претставува проблем бидејќи овој проект е предвиден пред објавувањето на локални избори. „Не е важно, бидејќи тоа го имаме предвидено во планот, да не беше предвидено во планот пред распишување на изборите, тогаш би имале проблем и не би можеле да го објавиме. Но, бидејќи тоа е предвидено во планот за јавни набавки и во нашата програма за работа оваа година, тогаш немаме проблем да распишеме тендери дури и за време на изборите. Но, за да се осигуриме дека навистина е така, обично бараме мислење од Антикорупциската комисија“, нагласија од оваа Агенција. Порталб.мк испрати прашања на оваа тема и до Општина Чаир, но досега од таму нема одговор. Ова значи дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу нема да може да го исполни ветувањето што им го даде на граѓаните за базенот. За време на предизборната кампања во 2017 година, Ганиу во договорот со кој ги освои гласовите на граѓаните, вети дека ќе изгради базен со отворено спортско игралиште. За овој проект вети буџет од 83.945.350 денари. Сепак, и покрај ветувањата, четири години не беа доволни за Ганиу да го изгради базенот. https://meta.mk/portalb-postapkata-za-izgradba-na-bazen-vo-opshtina-chair-ne-e-objavena-tenderot-ke-sledi-vo-avgust/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Карпош ќе добие затворен пливачки центар
Советниците од Карпош ја поддржаа Предлог – програмата за изградба на затворен базен за пливање, кој ќе биде лоциран во состав на спортскиот комплекс „Партизан“, во населбата Карпош 4. Проектот кој го изработија планерите од „Билд Урбан“ – Скопје предвидува базенот да зафаќа површина од 641 м2, кој пак ќе се наоѓа во непосредна близина на објектот за спорт и рекреација, со површина од 1.617 м2. Комплексот ќе содржи и игралиште од 461 м2, поплочени површини од 1.742 м2, а целиот простор ќе се протега на уредено зеленило од 4.151 м2. Теренот е прилагоден да овозможи и пристап за лица со попреченост, а проектот ќе го финансира Агенцијата за млади и спорт. Во рамки на денешната 55. седница, советниците ја прифатија донацијата од „СЦМ Ретаил“ – Скопје во вредност од 31.535.000 денари, со која се планира изградба на Зелена зона – урбан јавен простор пред трговскиот центар „Скопје Сити Мол“. Јавниот парк кој ќе се простира на површина од околу 865 м2, подразбира хортикултурно уредување, засадување на тревни површини и разни насади, поставување клупи, елементи на детско игралиште и урбана опрема. Поттикнати од стратегијата на општина Карпош за развој на своите периферни делови, советниците го изгласаа и Деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, блок ССИ 03.02 (кај касарната „Илинден). Конкретниот ДУП опфаќа површина од 34,831 хектари, и е дефиниран на Север помеѓу магистралната улица „Словенија“, на Исток се движи по осовината на новопланираните сервисни улици „1804“ и „1811“. На Југ и Запад се протега низ транзитниот булевар „Никола Карев“. Со планот, опфатот е конципиран во една целина со вкупно 34 парцели со намена за домување и трговски единици, хотелски комплекс, се предвидува изградба на основно и средно училиште, како и детска градинка, објект на МВР и станица за технички преглед на возила. Исто така, планот предвидува простор за парковско зеленило (Д1) и заштитно зеленило (Д2). Советниците дадоа „зелено светло“ и на иницијативата на општина Карпош да објави јавен повик за избор на најдобро уреден ЕКО-училишен двор на основните училишта на своја територија. Локалната самоуправа ќе ги награди најкреативните училишни еко-катчиња со парична награда од 50.000 денари за прво место, односно со 30.000 денари за второ и 20.000 денари за трето место. Членовите на советот, дадоа согласност за започнување на постапка за давање под закуп на дел од Адреналинскиot парк-Карпош (High rope). Локалната самоуправа се одлучи на овој чекор, од аспект на покривање на трошоците за одржување на адреналинскиот дел од паркот, (годишна цена на амортизација, материјали за одржување и опрема, меѓународна инспекција, осигурување на карти, лични приходи за вработените и сл.). Во овој случај, правните лица кои се заинтересирани да го закупат (High rope) делот, треба да бидат регистрирани за соодветната дејност, што подразбира дека тие се одговорни за примена на безбедносните протоколи, кои ќе ги спроведат стручни лица кои ја поседуваат лиценцата EN 15567-2. Тоа значи дека, останатиот дел од паркот во чии рамки влегуваат двете игралишта на песок, скејт паркот, скверот и детското игралиште ќе бидат бесплатни за користење. Во насока на стимулирање на просветните работници, општина Карпош ќе објави јавен повик, за избор на најдобар наставник и стручен соработник од основните училишта на своја територија. Постапката ќе ја спроведе комисија формирана од пет членови на Советот од општина Карпош. Потоа, комисијата за својата работа ќе изготви извештај кој ќе го достави до градоначалникот на општина Карпош. Врз основа на тој извештај, локалната самоуправа ќе исплати три парични награди во вредност од 10.000 денари, за најдобриот одделенски наставник, за најдобриот предметен наставник, како и за најдобриот стручен соработник. Со истата динамика, советниците ја поддржаа и одлуката за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и општините Карпош, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Станува збор за утврдување на начинот, условите, и финансиското учество при имплементирање на системот за паметно осветлување, со кое треба да се реализира проектот за дигитален град „Смарт-сити“. Платформата подразбира поставување на т.н „паметно осветлување“ на јавни површини, паркови, плоштади, основни и средни училишта, културни и јавни институции. Со одлука на Советот на општина Карпош, локалната самоуправа ќе им отстапи на користење два мотоцикли на полициската станица од Карпош. Со цел, навремено и поефикасно извршување на работните задачи, полициската станица ќе ги користи превозните средства за своја потреба, по што се обврзува истите да ги врати по изминување на период од две години. https://lokalno.mk/opshtina-karposh-ke-dobie-zatvoren-plivachki-tsentar/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
градежните работи на базенот во Ѓорче Петров.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/AMSMacedonia |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 20> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |