![]() |
![]() |
![]() |
Железничка врска до аеродром Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 6> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Обична глупост е ![]() |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Картата да, ама со оглед на латиницата во легендата, каде има ` наместо Ж овој „Претпроект“ е од дигитално доба. Затоа прашав кој го постирал на ФБ, дали е ова обична или институционална глупост. Edited by Cloverstack - 18-Feb-2021 at 21:10 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Кога ќе го видам ова "~" место "ч", знам дека мора да е инволвиран некој екстремен глупак што сеуште користи фонтови наместо да користи поддршка како цел нормален свет, или па е некој документ ископан од мувла. Инаку ова што е на сликата е најглупавата можна врска по сите параматери што би се додала во железничката мрежа на Скопско поле. Мислам дека можно е причина да било некаква надморската висина, зашто аеродромот е блиску до пругата но пругата е некако повисоко од аеродромот и незнам дали може тоа да се надомести на кратка дистанца, зашто не би можело.
Едниствено логично би било да се додаде во големата слика една ваква врска која попатно би се искористила и за други поврзувања како на пример: Индустриска Зона Бунарџик, Индустриска Зона Чојлија, населба Петровец како најголемо населено место тамо, потоа поврзување на селото Огњанци со Зелениково преку комбиниран железничко-патен мост со што се добива патна врска која сега насушно му треба на селото и на земјоделците од скопско поле. И кога на една линија, пандан на S-Bahn, би ги имале сите вработени од Бунарџик за кои сега имаат посебни патнички комбиња и минибуси организирани од секоја фирма посебно, потоа иде Миладиновци, Петровец, Драчево, Зелениково, Лисиче. Значи кога на една линија кружна во двата правци, би ги имале практично неколкуте најголеми населени места во Скопко Поле, тогаш воопшто и не е проблем на пола саат да има воз и аеродромот да биде само една попатна станица. ![]() Edited by user8642 - 18-Feb-2021 at 21:12 |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Картава е од СХС
![]() |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Што е ова побогу? Кој го постирал ова на ФБ? Ова е железничка врска до Мралино, а не до аеродромот. Од патничкиот терминал до оваа пруга има 2 километри, под услов да направат пешачки премин преку пистата ( ![]() Станица треба да има буквално пред терминалната зграда, по ова прашање нема простор за „инвентивност“. Единствена легитимна дилема е дали кракот за аеродромот ќе се двои кај Илинден или кај Миладиновци (второво би идело со изградба на нова станица Миладиновци, а затворање на старата). Edited by Cloverstack - 18-Feb-2021 at 20:14 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Железница работи на идејно решение за пругата што ќе се гради до Меѓународниот аеродром Скопје
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ во моментов изработува идејно решение за изградба на нов железнички крак од постојната пруга Скопје-Куманово до Меѓународниот аеродром Скопје, информираше директорот на ова претпријатие Хари Локвенец во гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“. Директорот на Железници-Инфраструктура очекува дека изградбата на овој железнички крак може да се заокружи во 2023 година. Во меѓувреме, „Мета.мк“ од крајот на јануари до денес во три наврати постави прашања, но не доби одговор од Министерството за транспорт и врски до каде е постапката за добивање одговор од Делегацијата на Европската Унија во однос на поднесениот инвестиционен план за изработка на Студија за изградба на железничкиот крак до аеродромот, која е планирано да се финансира со средства од новата ИПА III програма на ЕУ. Имено, изработката на консултантската и проектната документација треба да следи откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект во Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година, а претходно проектот беше вклучен и во Националната транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година. Меѓу другото, со овие документи треба да се утврди финалната траса по која ќе се гради железничкиот крак и економската оправданост за неговата реализација. Постојат две опции за изградба на железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје: првата почнува од железничката станица Илинден, а втората траса од железничка станица Миладиновци до идната станица на аеродромот. Првичната проценка изнесена во Националната транспортна стратегија на земјава е дека проектот ќе чини 30 милиони евра, којшто ќе ја опфати изградбата на железничкиот крак и идната станица на аеродромот. „Мета.мк“ во неколку наврати во изминативе две години пишуваше за предностите од воведувањето на аеродромскиот воз. Од Транспортниот центар во центарот на Скопје до аеродромот би се стигнувало два пати побрзо, со билет што би бил четири пати поевтин, а со возот би можело да се превезат пет пати повеќе патници. Воедно, овој воз би можеле да го користат и жителите од општините Илинден, Миладиновци и Гази Баба во рамките на идејата за воспоставување на градско-приградска железница во Скопје. Идниот железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје би можело да се користи и за застанување на патничките возови меѓу Скопје и Куманово, која е втора по големина општина во земјава. https://meta.mk/zheleznicza-raboti-na-idejno-reshenie-za-prugata-shto-kje-se-gradi-do-megjunarodniot-aerodrom-skopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
од фб
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Министерството за транспорт бара средства од ЕУ за студија за изградба на железница до скопскиот аеродром
Министерството за транспорт и врски го достави на разгледување инвестициониот план за изработка на студија за изградба на железнички крак до Меѓународниот аеродром Скопје во рамките на новата ИПА III програма, кој треба да се разгледа од страна на Делегацијата на Европската Унија, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. Ваквиот потег следува откако воведувањето на аеродромскиот воз влезе како проект во Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година, а претходно проектот беше вклучен и во Националната транспортна стратегија за периодот 2018-2030 година. Новиот железнички крак би се градел на потегот од железничката станица Миладиновци до терминалната зграда на аеродромот, со должина од околу 5 километри. Реализацијата на овој инфраструктурен проект би овозможила воспоставување на директна врска со воз од Транспортниот центар во центарот на Скопје до аеродромот. „Мета.мк“ изминатава година објави серија на текстови, во кои укажа дека аеродромскиот воз би можел да биде најбрзиот, најевтиниот и најудобниот превоз за граѓаните кои патуваат до и од скопскиот аеродром. Воедно, ваквата железничка линија може да се користи како градско-приградска железница за населението од општините Петровец, Илинден и Гази Баба, но и од сè поголемиот број на граѓани вработени во индустриските зони околу аеродромот. Во Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030 година е проценето дека изградбата на аеродромскиот воз би чинела околу 30 милиони евра. Овие средства би биле потребни за изградба на железничката пруга до аеродромот, како и за нова железничка станица кај терминалната зграда, без средствата што ќе бидат потребни за набавка на новите возови. https://meta.mk/ministerstvoto-za-transport-bara-sredstva-od-eu-za-studija-za-izgradba-na-zheleznicza-do-skopskiot-aerodrom/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Изградбата на пруга до скопскиот аеродром вметната во владината програма за работа до 2024 година
Изградбата на новата пруга од Миладиновци од Меѓународниот аеродром Скопје влезе во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за периодот 2020-2024 година. Новата влада на премиерот Зоран Заев, која што беше изгласана вчера од Собранието, се обврза дека ќе го изгради железничкиот крак долг пет километри, со кој главниот град би добил аеродромски воз како најбрза и најевтина опција за превоз од аеродромот до центарот на Скопје. „Мета.мк“ за потребата од воведување на аеродромски воз од Транспортниот центар до скопскиот аеродром пишува исцрпно од минатата есен до денес. Проектот го поддржаа и од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ, кои минатата есен изразија подготвеност да бидат носители на реализацијата на проектот. Истовремено, Министерството за транспорт и врски изминатиот период го стави како приоритетен проектот за воведување на железничка врска од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје на листата на проекти за кои во иднина ќе бараме поддршка од ЕУ и од другите меѓународни финансиски институции. Новата влада на премиерот Зоран Заев се обврза дека во наредните четири години ќе изработи пилот-проект за воведување на градска железница на постојниот железнички крак Зелениково-Драчево-Лисиче-Пинтија-11 Октомври-Транспортен центар, но и дека ќе ја изработи проектната техничка документација за електрификација на пругата Транспортен центар-Скопје Север-Ѓорче Петров-Волково-Блаце. Покрај тоа што ќе служи за брз и евтин превоз на граѓаните меѓу скопскиот аеродром и центарот на градот, идната пруга од Миладиновци до аеродромот ќе им користи за секојдневни патувања и на жителите од Маџари, Илинден и Миладиновци како попатни станици, а постои можност и Куманово како втора по големина општина во земјава да биде поврзана со патнички возови кои би застанувале и на идната железничка станица на Меѓународниот аеродром Скопје. https://meta.mk/izgradbata-na-pruga-do-skopskiot-aerodrom-vmetnata-vo-vladinata-programa-za-rabota-do-2024-godina/ |
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Луѓето си имале состанок и си кажувале што си мислеле
![]() Ништо од ова. |
||
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
![]() Би можела Би изнесувала Би требало Би се обезбедила Би се стигнувало Нека кажат конкретни цели и датуми, вака изгледа крајно несериозно. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
ironm ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2018 Location: Frankfurt Online Status: Offline Posts: 886 |
![]() ![]() |
|
Железници – инфраструктура подготвена да биде носител на проектот за воз до аеродромот
Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на РСМ е подготвено да биде носител на проектот за поврзување со воз на Меѓународниот аеродром Скопје. Од таму за „Мета.мк“ велат дека идејата за воведување на воз до аеродромот е разгледана уште пред 20 – тина години. Во консултација со владата и со ресорното министерство, најпрво треба да се обезбедат финансиски средства за изработка на физибилити студија, идеен проект и главен проект за железничкото поврзување на постојната пруга Скопје – Куманово со аеродромот. Заедно со подготвителните работи кои вклучуваат експропријација на земјиштето, целокупната постапка би можела да се направи за една година, сметаат од јавното претпријатие. – Нашето стручно мислење е дека одвојувањето на железничкиот крак кон Аеродромот Скопје треба да биде од влезното свртничко грло на станица Илинден, заради поголема безбедност со оглед на фактот што со ставање во функција овој крак ќе има поголема фреквенција – велат од ЈП за железничка инфраструктура. Должината на предложениот железнички крак од станица Илинден до самиот аеродром би изнесувала околу 6,5 километри. Сепак, за реализацијата на проектот најпрво треба да се обезбедат средства за изработка на документацијата, коишто владата допрва ќе ги бара од меѓународните финансиски институции. Според Националната транспортна стратегија за периодот 2018 – 2030
година, земјава би требало да инвестира 30 милиони евра во железничкото
поврзување на Меѓународниот аеродром Скопје. Со тоа би се обезбедила
можност за воведување на аеродромски воз,
со кој од центарот на Скопје би се стигнувало двојно побрзо и до четири
пати поевтино во споредба со постојната автобуска линија. |
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
додека скопјани дочекаат ж.конекција до Аеродром кинезите думаат и разработуваат план за брза пруга од Солун до Будимпешта, како тргнало попрво то ќе го видиме него што нашиве локални креатори на политики ќе пуштат срце и за ваква ситна новина, иако од аспект на буџетски-домакинлук може и паметно им е да чекаат друг вака да го забрза протокот на патници, а како што помалку македонци се окуражуваат од тука да скитнат, иако аир од вакво нешто како врска же ќе имаше и стопанството ако аеродромот беше и карго освен патнички, она дури и малите претпријатија да можат кујни да шиткаат низ еу со ертакси или нискобуџетни карго авио компании, она додека да дочекаат карго-хиперлуп некогаш, што да брзаме зз конекцијава кога еу може и тоа ќе ни го вети заради полтронско експериментирање |
||
![]() |
||
polval ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 177 |
![]() ![]() |
|
Воведувањето воз до аеродромот не е прашање на исплатливост. Врска од Скопје до аеродром мора да има особено што не е премногу комплицирано да се изведе. Изненадувачки е што таа врска не започна да се прави истовремено со обновувањето на аеродромот. Техниката не е проблем , ако има воља за тоа ќе се најде начин.
|
||
![]() |
||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|
Македонија има монофазен систем 25kV, 50Hz, и железничките електро локомотиви ги има со повеќесистемско напојување (пр. Словенија). А секако се нарачува систем кој вас ви одговара, па и за LRT. Edited by Vladimir P - 07-Sep-2011 at 11:55 |
||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Имав можност да живеам 4 години во Касел-Германија каде во даденото време успешно го воведоа регио-трамот кој врти едно добро крукче низ касел по трамвајските линии, и продолжуво да вози по регионалните железнички пруги во регионот кој е малтене голем колку пола македонија. Така да дадениот технички проблем е одамна решен во други веќе постоечки системи. Еве има и напис на англиски на вики за каде се вакво решение е применто http://en.wikipedia.org/wiki/Tram-train Има и посебен напис ама само на германски за системот во касел каде регио-трамот преку главната железничка преоѓа од регионалната железничка мрежа во градската трамвајска. http://de.wikipedia.org/wiki/RegioTram_Kassel Edited by mirakuliks - 06-Sep-2011 at 21:42 |
||
![]() |
||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|
Голема штета железницата е на неколку стотини метри, а да нема железничка станица за аеродромот. |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Има вработени, оние што пречекуваат или испраќаат патници. Рентабилноста не етолку под прашање. А тоа што го предлагаш е само дополнително за аеродромот да биде достапен и до другите градови преку редовен превоз.
|
||
![]() |
||
krale ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 28-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 1487 |
![]() ![]() |
|
Линијата може да биде рентабилна само како што предлагав одамна, да биде центар на тромеѓето Скопје-Куманово-Велес и во неа да се вкрстуваат линиите што одат север-југ, исток-запад. Така би била само попатна станица, па дали се 2000 патници дневно, или 12000 (т.е. е максималниот капацитет на аеродромот), не би претставувала нерентабилен проблем.
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Доколку се јави некоја приватна компанија која сака да го догради кракот кон аеродромот и да оперира долж целата линија до таму, мене тоа воопшто нема да ми претставува проблем. Сепак, во моментов имаме аеродромот со околу 700.000 патници годишно или дневно во просек по околу 2.000 патници, ова е многу малку за воспоставување на автобуска линија, а камоли за железничка врска. За неколку години, можеби ова би било изводливо. Друга работа за мене е изградба на градска железница во Скопје, доколку ја работи оваа линија градот Скопје, државата и некој од европските фондови. Во тој случај би можеле да се формираат 2 линии на оваа железница, а аеродромот во Скопје да биде само една од станиците каде што возовите би застанувале. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 6> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |