![]() |
![]() |
![]() |
Еко (загадување на води и опасни хемикалии) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започна чистењето на линданот од малата депонија во „ОХИС“
Во кругот на поранешната фабрика „ОХИС” денеска започна чистењето на малата депонија контаминирана со линдан и неговите изомери. -Со оваа активност започнува елиминацијата на една еколошка жешка точка во нашата држава, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на стартот на отстранувањето на линданот од малата депонија во „ОХИС”. Од депонијата ќе бидат исчистени 700.000 тони контаминирана почва. Претставниците на изведувачот „Полиеко” информираа дека проектот ќе биде имплементиран со најновите достапни технологии и секако во согласност со највисоките стандарди. Од техничка гледна точка, ќе биде подигнат специјализиран шатор на самата локација. Целата работа ќе се одвива во затворен простор за да се заштити јавноста и околината од какви можни ризици. Ќе има специјални единици за филтрација, за негативна филтрација на самата локација. Посебна респираторна заштита ќе им биде обезбедена на сите работници и сите овие технологии ќе бидат имплементирани во согласност со највисоките стандарди. Нема да има третирање на отпадот или на загадената почва на самата локација. Загадената почва ќе биде спакувана во посебни непропустливи контејнери кои се одобрени од ОН и ќе бидат извезени во согласност со Конвенцијата од Базел и националните регулативи и ЕУ-регулативите, ќе бидат извезени во Франција и во Холандија за конечно отстранување на отпадот и уништување на истиот. Во текот на активностите ќе има и програма за континуирано следење на животната средина. Нуредини нагласи дека особено му е драго што во овие две години откако е министер, покажале решеност да ги елиминирааат историските жешки точки во земјава и што прво биле безбедно отстранети и уништени огромни количини на опасните хемикалии со децении складирани во ОХИС. – Денес присуствуваме на почетокот на чистењето и на депонирањето на линданот. Би сакал да истакнам дека подготвителниот процес траеше долго, но справувањето со овие жаришта бара детални истражувања на самите депонии, проценка на ризикот, реализација на обуки за професионално инволвираните, обезбедување на дополнителна лабораториска опрема за следење на влијанието врз животната средина во текот на процесот, која ја промовиравме неодамна на Институтот за хемија на ПМФ и други неопходни анализи за што е потребно многу време и големи финансиски средства, истакна министерот за животна средина и просторно планирање. Планот е, додаде Нуредини, во Франција да се извезе линданот, а во Холандија да биде извезена контиминарата земја под линданот. За чистањето на малата депонија Министерството воспостави соработка со две агенции УНИДО и УНОПС. – Првично за реализација на проектот Министерството преку Канцеларијата за ХОПС во соработка со УНИДО како имплементациона агенција обезбеди финансиски средства во висина од 3,1 милион долари од Глобалниот еколошки фонд ЏФ кој за првпат финансира ваков проект во регионот на ЈИЕ. Остатокот од средствата за завршувањето на чистењето на малата депонија ќе ги обезбедиме од повеќепартнерскиот фонд за животна средина, а ќе се имплементираат со УНОПС, наведе Нуредини. Министерот се заблагодари на на Кралството Норвешка што како партнер на Владата даде несебична поддршка во формирањето на повеќепартнерскиот фонд за животна средина како и за финансиската поддршка од 1,5 милиони евра со кои ја помогнаа реализацијата на овие активности. – Во овој Фонд Владата на РСМ учествува со 1,7 милиони евра, а се очекува на обезбедување на дополнителни 2,5 милиони евра од ИПА 3 Програмата. Упатувам честитка на сите вклучени во реализацијата на овој проект уште од самиот почеток што докажува дека упорноста дава резултати, изјави Нуредини. Тој му посака успешна работа на изведувачот „Полиеко” кој со доставениот план за ремедијација потврди дека сите фази во чистењето ќе бидат изведени на најсоодветен професионален начин, безбедно за сите професионални работници кои ќе работат на теренот, безбедна животна средина во пошироката околина и на населението кое гравитира во овој реон и пошироко. Ние, рече министерот, ќе бидеме постојано присутни и будно ќе го следиме текот на работите тука на теренот. Првиот секретар на Амбасадата на Норвешка Стефан Сандста истакна дека навистина станувало збор за напорна работа, потенцирајќи дека се среќни што успеале да го изреализираат проектот со помош на нивните партнери. – Се надеваме дека и во иднина преку повеќепартнерскиот фонд за заштита на животната средина ќе успееме да привлечеме и други партнери и организации да ни се приклучат, а ние навистина сме среќни што еве денеска конечно започнуваме со расчистувањето на малата депонија. Со нетрпение очекуваме да се вратиме повторно тука кога проектот ќе биде завршен и кога граѓаните ќе имаат безбедна животна средина и секако со среќа на Полиеко којшто ќе треба да го спроведат целиот овој процес, нагласи Сандста. Микела Телатин, шеф на Канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, рече дека станува збор за навистина многу сложена процедура и операција и, како што истакна, навистина сме многу благодарни за целата поддршка што ја добивме од МЖСПП, Владата на РСМ. Упати благодарност и за соработката со Амбасадата на Кралството Норвешка, другите организации на ОН како УНИДО коишто ја поддржаа Владата во нејзините напори за справување со оваа криза. – Во ова партнерство УНОПС е одговорен и раководи со повеќепартнерскиот фонд за заштита на животната средина којшто дава поддршка во мобилизацијата на националните и интернационалните ресурси. УНОПС исто така ќе соработува со УНИДО на самиот терен, почнувајќи со селекцијата на компанијата Полиеко која што ќе биде задолжена за овие активности. Полиеко беше избран токму поради следењето на навистина високи стандарди и тоа зборуваме за национални и меѓународни стандарди, рече Телатин. https://mk.tv21.tv/zapochna-chisteneto-na-lindanot-od-malata-deponija-vo-ohis/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
На 13 јули ќе започне постапката за чистење на линданот од малата депонија во ОХИС
Министерството за животна средина и просторно планирање на денешниот брифинг со новинарите информираше дека на 13 јули ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС. Постапката за дислокација на линданот треба да се заврши во период од 12 месеци, при што овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансиран од Глобалниот еколошки фонд (GEF), Норвешка, Делегацијата на ЕУ и Владата. Малата депонија има вкупно 6,661 тони отпад од кои 1,601 тони се од HCH, 4,060 тони се загадена почва и 1.000 тони контаминиран бетон. „Мета.мк“ веќе пишуваше дека малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија. Пред започнувањето на чистењето на малата депонија ќе бидат остварени контакти со локалното население, кое ќе биде информирано за сите мерки кои се преземени за безбедно чистење. Мониторинг на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС и следењето на можните емисии на загадувачки супстанци во воздухот и во почвата, ќе се врши со новата опрема на лабораторијата за хроматографски анализи на Институтот за хемија на ПМФ, донација од Норвешка. Инаку, линданот од малата депонија во ОХИС ќе го чисти грчката компанија „Полиеко“. Транспортот на линданот ќе се врши преку Солунското пристаниште, а од таму со брод до Франција, до компанијата за горење на отпадот „Фос Сур Мер“. Контаминираната почва, пак, исто така ќе се носи до Солун, преку граничниот премин „Богородица“, а оттаму со брод до пристаништето во Ротердам во Холандија, каде ќе се преработи во компанијата „АТМ“. https://meta.mk/na-13-juli-kje-zapochne-postapkata-za-chistenje-na-lindanot-od-malata-deponija-vo-ohis/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Интересна идеја. Факт е дека не се баш занемарливи сумите што одат за расчистување на диви депонии и слично, а ефектот е најчесто само привремен. Не гледам зошто оваа идеја не би постигнала далкеу подобри резултати за истите пари. И секако бонус е превентивниот момент што автоматски е опфатен. Системот цена по кубик треба да се допрецизира, затоа што остава премногу простор за манипулации. Има видови отпад кај кои од од еден кубик може лесно да се направат пет, од истата количина материјал ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Све е ова резултат на глупите политики на ЈП Комунална Хигиена и ЈП Дрисла. Се додека чини и макар 1 денар одлагање на отпад во депонија, се дотогаш ќе ги гледаме овие слики. А да побараш да дојде камион за кабаст отпад бараат по 50 евра. Па машини за перење и фрижидери има нови по 100 евра. Кој будала ќе ги плати тие ненормални суми.
Затоа да се направи следново. Не плаќање за корисниците, туку Град Скопје преку ЈП КХС и ЈП Дрисла да исплаќа некоја симболична сума од 100 денара за кубик отпад, и тоа било каков отпад. Некаква симболична субвенција за нефрлање отпад во диви депонии. Да видите како одеднаш ќе се расчистат депонииве. А за да се расчисти од тука 1 кубик отпад, сигурен сум дека градот го чинат многу повеќе од 100 денара. Камиони, работници, време, буџет, све се тоа залудно потрошени ресурси за расчистување. Затоа е добро навреме превентивно да се "плати рекет" према фрлачите, ете така грубо да се изразам. Едноставно поефтино е! Инаку нема како да спореведеме закон, за казнена репресирачка полтика не не бива, сме виделе до сега. Вака барем проактивна мотивирачка да пробаме. Џабе се финансирање било какви проекти, министерства, ЕУ фондови, грантови, невладини здруженија, кревање јавна свест. Све е тоа џабе фрлени пари, а ефектот е никаков. Сите средства наменети за овакви проекти да се пренаменат за субвенционирање носење отпад во легална депонија, да видите како одма ќе се видат резултати. Edited by user8642 - 06-May-2021 at 17:17 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Вардар - река или отпад
https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Малата депонија со линдан во ОХИС, додека се чисти, ќе се покрие со шатор со филтри за прочистување на воздухот
Малата депонија со линдан во ОХИС ќе биде покриена со шатор во кој ќе се инсталираат и филтри за прочистување на воздухот, за да се озбезбеди заштита на околината при чистењето на опасната хемикалија, предвидува Планот за ремедијација, доставен од страна на компанијата „Полиеко“ од Грција. Владата и Министерството за животна средина, заедно со Организацијата за индустриски развој при Обединетите нации, УНИДО, веќе го одобрија Планот за работа. Од ресорното министерство информираат дека во процесот на подготовка за реализирање на чистењето, освен шаторот со интегрирани единици за негативен притисок и ХЕПА филтри со активен јаглен за прочистување на воздухот, на локацијата на малата депонија ќе биде извршено и зонирање и обележување. Исто така, ќе се инсталира опрема за пакување и машини одобрени од ООН, а ќе се обезбеди и опрема за лична заштита на работниците, како и материјали за здравствена заштита и безбедност и за заштита на животната средина. Ќе бидат поставени и завеси за заштита од прав, шатори за деконтаминација, правосмукалка со ХЕПА филтер, опрема за следење на квалитетот на воздухот, а машината за дробење грутки ќе биде поврзана на затворена транспортна лента. Во проектот е предвидено грчката фирма да исчисти, спакува и транспортира на безбедно уништување дел од хемикалијата или 450 тони линдан и 200 тони контаминирана почва, со која во изминатиот период била покриена депонијата. Работите, според планот, треба да се завршат до октомври, а ремедијацијата на тој дел од депонијата ќе чини околу два милиони евра. Малата депонија има вкупно 6,661 тони отпад од кои 1,601 тони се од HCH, 4,060 тони се загадена почва и 1.000 тони контаминиран бетон. За чистење на остатокот од количините, информираат од Министерството, средства ќе се обезбедуваат преку мулти-партнерскиот фонд, со кој управува UNOPS. „Полиеко ќе врши ракување, пакување, етикетирање и времено складирање на отпад во согласност со упатствата на Базелската Конвенција и меѓународните стандарди за управување со отпад кој содржи перзистентни органски загадувачи. Отпадот ќе се препакува во буриња одобрени од ООН, а и контаминираната почва ќе се препакува во специјализирани контејнери, сертифицирани и лиценцирани за пренос на отпад согласно АДР конвенцијата“, посочуваат од Министерството. Транспортот на линданот ќе се врши преку Солунското пристаниште, а од таму со брод до Франција, до компанијата за горење на отпадот „Фос Сур Мер“. Конатминираната почва, пак, исто така ќе се носи до Солун, преку граничниот премин „Богородица“, а оттаму со брод до пристаништето во Ротердам во Холандија, каде ќе се преработи во компанијата „АТМ“. „HCH отпадот и контаминирана земја низ Македонија и низ Грција, до Солун ќе патуваат со камиони на лиценциран превозник, кој ќе треба да ги почитува одредбите на Базелската конвенција за контрола на прекуграничното пренесување на опасен отпад, како и на Европската спогодба за меѓународен превоз на опасни материи по патишта. Овој дел од ремедијацијата на малата депонија во ОХИС е финансирана од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и од буџетот, во кој годинава има одвоено 43,6 милиони денари за реализација на проектот“, посочуваат од Министерството. https://meta.mk/malata-deponija-so-lindan-vo-ohis-dodeka-se-chisti-kje-se-pokrie-so-shator-so-filtri-za-prochistuvanje-na-vozduhot/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До крајот на март почнува чистењето на линданот од малата депонија во ОХИС
Најдоцна до крајот на овој месец ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Од Министерството за животна средина велат дека во тек е обезбедувањето на одобренијата и дозволата за работа по што ќе може да се пристапи кон отстранување на околу 13 илјади тoни од опасниот инсектицид кој како остаток од работењето на поранешниот хемиски гигант со децении е депониран во бетонски базен во дворот на ОХИС и е на само 100 метри од главниот булевар „Борис Трајковски“. Од МЖСПП велат дека првите 6 до 9 месеци ќе се отстрани дел од депонијата или околу 700 тони на почва контаминирана со α-ХЦХ, β-ХЦХ и γ-ХЦХ (линдан). Чистењето ќе го врши грчката фирма „Полиеко“, по што ќе се направи ремедијација на теренот и почвата. „Полиеко“ има обврска линданот да го собере во посебни контејнери и да го изнесе надвор од државата. Уништувањето на линданот се планира во инценератор за согорување на опасен хемиски отпад во Франција. Во кругот на некогашната фабрика има над 50 илјади тони линдан во големата депонија, а не се знае уште колку илјадници тони опасен отпад има и во другата депонија која се наоѓа кај локалитетот Пеленица близу Драчево. Од МЖСПП велат дека важно е набрзо да се почне и со отстранување и на големата депонија за што би биле потребни околу 50 милиони евра. За таа цел е оформен посебен мулти- партнер Фонд за животна средина што ќе биде администриран од УНОПС, а веќе се обезбедени дополнителни средства од Норвешката Влада и предвидени се средства од ИПА 3 програмата. Линданот е опасен инсектицид кој во 2009 година е забрането неговото производство и употреба во земјоделието според Стокхолмската конвенција за перзистентни органски полутанти. Овој инсектицид негативно влијае на нервниот систем, црниот дроб и бубрезите. https://www.vecer.press/до-крајот-на-март-почнува-чистењето-на/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сè додека не се исчистат сите четири депонии, линданот од ОХИС ќе му се заканува на Скопје
![]() Над 13.000 тони опасен линдан лежат во малата депонија во ОХИС и четирипати повеќе (над 50.000 тони) во големата, а не се знае уште колку илјадници тони канцерогена хемикалија има во другите две депонии, едната во дворот на некогашната фабрика, а другата надвор од неа, кај локалитетот Пеленица близу Драчево. Опасниот инсектицид веќе пет децении е една од најжешките еколошки локации која постојано му се заканува на Скопје. Несоодветно складиран, само затрпан со земја, без гаранции дека е заграден со бетонски базен, линданот докажано го има во воздухот од Центар дури до Ѓорче Петров, а многу веројатно дека се наоѓа и во почвата и подземните води во широк круг околу ОХИС. Чистењето на оваа опасна хемикалија е тема која во јавноста и експертските кругови во земјава е вечно актуелна. Од пред речиси две години започнаа и поконкретни активности кои пролетва треба да резултираат со решавање на проблемот со малата депонија. Скопје, според најавите од Министерството за животна средина, во следниот период ќе се ослободи од дел од канцерогениот инсектицид, а конкретно во првите шест до девет месеци, ќе се отстрани дел од депонијата или околу 700 тони на почва контаминирана со HCH, како и чист HCH отпад. Од Министерството за животна средина велат: Се работи на обезбедување на сите одобренија и дозволи за работа на терен, како и на Планот за ремедијација. Чистењето на малата депонија треба да започне најдоцна до крајот на месецов. Оттаму посочуваат дека за нив е клучно, по малата, решавањето на проблемот да продолжи и со големата депонија, до конечна елиминација на HCH отпадот во ОХИС, што би чинело околу 50 милиони евра. Заради тоа, велат, формиран е посебен мулти- партнер Фонд за животна средина, кој ќе биде администриран од UNOPS, а веќе се обезбедени дополнителни средства од Норвешката Влада и предвидени се средства од ИПА 3 програмата. Чистењето на малата депонија ќе го врши грчката компанија „Полиеко“, која беше избрана на меѓународен тендер во рамките на проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, одобрен од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку UNIDO. Изборот на компанијата се одолговлечи речиси за една година, со оглед на тоа дека првите најави од министерството беа дека чистењето ќе започне лани во март и дека до крајот на оваа година ќе биде веќе завршено. Линданот е халогенирано органско соединение, исто како и нуспроизводите и има посебни постапки за нивно уништување. Отпадот од малата депонија ќе треба да се собере во посебни контејнери и ќе се транспортира до инценератор за уништување на опасен хемиски отпад во Франција. Во 2009 година, производството и земјоделската употреба на линдан било забрането според Стокхолмската конвенција за перзистентни органски полутанти. Овој инсектицид негативно влијае на нервниот систем, црниот дроб и бубрезите и може да биде канцероген. Сепак, посочува Богданов, тоа зависи од степенот на изложеност и концентрациите. „Компанијата која е ангажирана за отстранување на линданот и другите хемикалии од малата депонија има искуство со вакви проекти и конкретно со линдан и хексахлороциклохексани. Пред да се започне со работа земени се примероци и направени се хемиски анализи за да се утврди кои други хемикалии покрај линданот се присутни во депонијата. Според хемискиот состав, предвидени се можните сценарија и соодветните методи за отстранување на ваквиот отпад. Ние од Институтот за хемија, со новоформираната лабораторија за хроматографски анализи, формирана со финансиска поддршка од UNOPS, располагаме со инструментација и кадар да помогнеме целиот зафат да се изведе ефикасно и без несакани последици. Исто така, го поздравуваме и поддржуваме целиот проект, бидејќи долгорочно ќе се реши проблемот со перзистентните органски загадувачи (POPs) во Македонија“, вели Богданов. Аднан Ќахил, некогашен главен инженер во ОХИС и поранешен член на владината работна група за справување со линданот посочува дека инсектицидот во ниту една од четирите депонии не е соодветно одложен и е препуштен на забот на времето. „Своевремено кога вршевме испитувања на изложеноста на влијанието на линдан на Скопје и неговите граѓани, дојдовме до сознанија дека честички од хемикалијата има во воздухот и во центарот на градот, па дури и до Ѓорче Петров. Исто е и со подземните води, верувам дека влијанието се чувствува во општините Аеродром и Кисела Вода“, посочува Ќахил. Тој вели дека за чистењето на линданот итно мора да се обезбедат дополнителни финансиски средства и процедурата да се прошири и на другите депонии. Според неговите пресметки зафатот би чинел до 200 милиони евра. „Проблемот не е само линданот, заедно со него има и други хемикалии. Особено ова важи за третата депонија, која е во дворот на фабриката и во која мислам дека се кријат и други опасности. Секоја органска сусптанца, меѓу кои и линданот е опасна по здравјето на луѓето, особено ако се најде во поголема концентрација. Не случајно, пред неколку децении беше забранет извозот на линдан во САД, па ОХИС мораше да најде начин како и каде да ги складира вишокот количини кои им беа вратени. Тогаш решението се најде во закопување на хемикалиите, спакувани во буриња. Исправниот начин ќе беше ако тие беа поставени во бетонски базени, но за жал, во малата и големата депонија базенот има само ѕидови, а не и бетонирано дно. По толку изминато време никој не знае во каква состојба се бурињата и каква штета направиле на почвата и подземните води“, вели Ќахил. https://meta.mk/se-dodeka-ne-se-iscistat-site-cetiri-deponii-lintanot-od-ohis-kje-mu-se-zakanuva-na-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС
Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија се очекува да трае и до три години. „Грчката компанија ќе има обврска да ја исчисти малата депонија, а инсектицидот ќе се третира надвор од државата. Започнат е и процесот на одобрување на деталниот план за ремедијација и обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен“, информираат од Министерството. Од Министерството засега не посочуваат кога точно ќе започне чистењето на опасната хемикалија, а наскоро треба да се знае и која технологија ќе биде користена, од што ќе зависат и роковите за завршување на активностите. Финансиските средства се обезбедени преку ГЕФ/УНИДО, Владата на Македонија и Норвешката Влада. Линданот е инсектицид со широк спектар на дејствување со кој во минатото се третирала почвата и дрвјата како заштита од паразити, сè додека пред повеќе од 40 години не бил забранет заради неговата токсичност. Тој е канцерогена супстанца, се сврзува со ПМ-10 честичките и го загадува воздухот, а заради несоодветното чување во изминатите децении, масовно ја загадувал почвата и подземните води. Во дворот на ОХИС, покрај малата, се наоѓа и голема депонија во кои се претпоставува дека има над 13.000 тони линдан, покриен со 20.000 тони земја, која досега е целосно контаминирана и самата претставува опасен отпад, кој се развејува со ветерот низ околината и претставува голема опасност по човековото здравје. Покрај нив од неодамна се познати уште две жаришта со оваа токсична хемикалија, кои се последица на работењето на хемискиот капацитет. Третата депонија со линдан е во дворот на ОХИС, додека, пак последната е закопана во близина на локалитетот „Пеленица“ кај Драчево. Од Министерството посочуваат дека активно работат на обезбедување на средства за расчистување на сите опасности кои демнат од оваа историска еколошка жешка точка. „На крајот на 2018 и во текот на минатата година Владата посвети внимание на обезбедување на одржлив извор на финансирање за целосно чистење на контаминацијата во кругот на ОХИС. За таа цел беше формиран посебен фонд во соработка со Норвешката амбасада. По отстранувањето на контаминираниот материјал во малата депонија, ќе се продолжи со чистењето на останатиот контаминиран дел токму со користење на средствата од тој фонд. Во овој процес на мобилизирање на средства се вклучи и ЕУ која изрази подготвеност да помогне со свои фондови кои би ги ставила на располагање во текот на 2021-2023“, посочуваат од Министерството. https://meta.mk/grchkata-kompanija-polieko-kje-ja-chisti-malata-deponija-so-lindan-vo-ohis/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напуштениот рудник кај Лојане ги труе и почвата и водата
https://alsat.mk/mk/napushteniot-rudnik-kaj-lojane-gi-true-i-pochvata-i-vodata/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата
Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, ја заврши постапката за избор на компанија и дека договорот е потпишан, сепак името се чува во тајност. „Сè уште немаме одобрување од УНИДО јавно да го споделиме името на фирмата. Штом тоа ќе биде официјализирано, ќе ја известиме јавноста“, кусо одговараат во Министерството за животна средина. Околу 55.000 тони линдан помешан со земја веќе неколку децении стои во дворот на ОХИС, несоодветно чуван, на само неколку километри од центарот на Скопје. Тоа е инсектицид со широк спектар на дејствување со кој во минатото се третирала почвата и дрвјата како заштита од паразити, сè додека пред повеќе од 40 години не бил забранет заради неговата токсичност. Јавноста и граѓанските организации многу години апелираат дека оваа историска жешка точка мора што поскоро да биде решена, а со тоа да се заштити и здравјето на граѓаните. Министерот Нуредини на средината на септември информираше дека тендерот за избор на изведувач на ремедијација на почвата контаминирана со изомери на линдан во дворот на ОХИС, е успешно завршен, но не го соопшти името на компанијата, ниту пак кога ќе започне со работа. „Завршена е административната процедура на потпишување на договор со избраниот понудувач, сега следуваат одобрувањето на деталниот план за ремедијација и активности за обезбедување на потребната документација за отпочнување на работа на терен и чистење на историската депонија“, рече тогаш Нуредини. Чистењето на малата депонија со линдан се претпоставува дека ќе трае меѓу 15 и 18 месеци, а според некои прогнози и до три години, додека проектот има рок до крајот на 2021 година. Со оглед на тоа дека процесот сè уште не е започнат веројатно е дека тој ќе биде пролонгиран, за да може деконтаминатацијата да биде целосно и успешно завршена. Освен малата депонија, за која се однесува овој конкретен проект, во дворот на ОХИС, веднаш до неа се наоѓа и големата депонија, за која допрва ќе се бара начин и финансии како да се исчисти. Според претпоставките во двете депонии се складирани околу 55.000 тони отпад во вид на прав и паста од некогашното производство на линдан. Покрај нив, во дворот на ОХИС има и трета депонија, а пред околу две години Мета.мк ја откри точната локација на четврта депонија на линдан која се наоѓа надвод од дворот на фабриката, во близина на локалитетот „Пеленица“ кај Драчево. Овој отпад веќе неколку децении стои и покрај постојаните предупредувања дека се работи за сериозно токсична материја која ги контаминира и воздухот, почвата и подземните води. Професорот Траче Стафилов вели дека пред почетокот на проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд на Обединетите нации преку УНИДО и Канцеларијата за ПОПс во Министерството, се направени сите анализи за загаденоста на околината и посочува дека и откако ќе биде исчистена депонијата, во ОХИС ќе има многу работа за да се деконтаминира целата средина. За опасноста од историскиот хемиски отпад, во интервју ја Мета.мк предупредуваше и Аднан Ќахил, поранешен инженер во ОХИС кој беше и координатор на работната група на Владата за справување на проблемот со линданот. Тој вели дека од чистењето на ОХИС зависи и еколошката состојба и на околните населби. „Во ОХИС, но и пошироката околина, дури и до средина на Аеродром, Лисиче и Драчево подземните води се загадени со линдан и според анализите кои ги правевеме, дури и во воздухот во Ѓорче Петров се наоѓаа честички од линдан“, вели Ќахил. https://meta.mk/dogovorot-za-chistenje-na-malata-deponija-na-lindan-vo-ohis-e-potpishan-no-ne-se-otkriva-imeto-na-kompanijata/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Винил хлоридот од ОХИС замина на уништување во Германија
Цистерната со винил хлорид мономер од ОХИС на почетокот на месецов замина за Германија, каде што опасната хемикалија ќе биде уништена во инсенераторот SUEZ Sonderabfallgesellschaft. Се работи за историски отпад од околу 13 тони кој минатиот месец беше преточен од страна на експерти од француската компанија „Куриум“, од стара вагонска во нова цистерна, за да може да се изврши транспортот. Од компанијата „Екоцентар 97“ денеска информираа дека хемикалијата е веќе пристигната во Германија, а деновиве ќе биде и безбедно уништена. „Во рамките на „Проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД „ОХИС“ комплетно е завршена постапката за извоз и безбедно транспортирање на винил хлорид мономер. Транспортот започна на 2 октомври во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, со превозник кој ги поседува сите лиценци и дозволи за меѓународен транспорт за ваков вид на опасен отпад. Од инсенераторот од Германија вчера добивме потврда дека отпадот е пристигнат без никакви проблеми во текот на транспортот и цистерната е безбедно истоварена кај согорувачот. Во идниот период очекуваме повратна информација кога винил хлорид мономер ќе биде уништен“, информираат од „Екоцентар 97“. Поголемиот дел од опасниот отпад од ОХИС, во рамките на истиот проект е веќе извезен на безбедно уништување. Почетокот на пандемијата на ковид-19 во март годинава го одложи последниот извоз, кога освен винил хлоридот, останаа уште околу 10 тони различен отпад, односно околу 4,6 тони иницијатори и 5,2 тони непознати хемикалии, спакувани во АДР амбалажа, соодветна за меѓународен транспорт и складирани во магацин во дворот на ОХИС од каде требаше да заминат во „Валорек Сервисис“ инсценераторот во Базел, Швајцарија, каде што на безбеден начин ќе бидат уништени. Во меѓувреме, за овој отпад истече меѓународната дозвола за транспорт на опасни хемикалии, а во моментов во тек е постапката да се извади нова и да се заврши и последниот извоз. На тој начин, за повеќе од една година ОХИС ќе биде ослободен од 64 тони опасни хемикали, меѓу кои имаше метанол, акрилонитрил мономер, но и непознати хемикалии. Тие лежеа во дворот и во зградите во кругот на ОХИС повеќе децении и претставуваа огромна опасност за здравјето на луѓето и за животната околина. https://meta.mk/vinil-hloridot-od-ohis-zamina-na-unishtuvanje-vo-germanija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се чисти малата депонија во ОХИС, големата ќе почека
Македонија побара меѓународна помош во справување со отровното наследство на некогашната фабрика за органоско-хемиски производи. Проценките се дека за целосно решавање на проблемот со линданот на ОХИС ќе требаат помеѓу 40 и 260 милиони евра, во зависност од обемот на работите и од технологијата која ќе се користи. Една година откако беше најавен, процесот на чистење на линданот што останал во почвата во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС на периферијата на Скопје конечно тргна од мртва точка. Министерот за животна средина Насер Нуредини на прес-конференција во петокот објави дека е избрана компанија која ќе ја чисти малата депонија сместена во дворот на фабриката и дека наскоро ќе биде соопштено не само нејзиното име, туку и технологијата која ќе се користи за чистењето на опасната хемикалија, како и рокот до кој тој процес треба да заврши. Засега анализите потврдиле две локации на депонии на линданот – мала и голема. Двете заедно, според проценките на стручњаците, како и Министерството за животна средина, базирани, меѓу другото и на кажувањата на некогашни вработени во ОХИС, содржат некаде помеѓу 50 и 70 илјади тони опасен отровен материјал и контаминирана почва. Малата депонија ќе се чисти две години, за другите допрва ќе се одлучува Иако засега не е официјално потврдено, со голема веројатност се смета дека освен овие две, постојат и други локации на кои е закопан линданот на ОХИС, од кои едната е сместена на самото излетничко место Пеленица кај скопската населба Драчево. Македонија побара меѓународна помош во справување со отровното наследство на ОХИС. Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО распиша меѓународен тендер за чистење на малата депонија, на кој по многу одложувања конечно беше избрана компанија, која во рамките на својата понуда треба да предложи и најсоодветна и најприфатлива технологија за чистење на опасната хемикалија. Од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи – ПОПС, при Министерството за животна средина и просторно планирање, велат дека депонијата треба да биде исчистена приближно за две до три години. Начинот на кој ќе се чисти, односно дали ќе се донесе технологија на лице место, или пак ќе се пакува и изнесе отпадот надвор од државата, сè уште не се соопштува. Оттаму велат и дека е неблагодарно да се предвидува колку време ќе помине додека не се реализира чистењето и на големата депонија со линдан, бидејќи се работи за скап и долготраен процес. Проценките се дека за целосно решавање на проблемот со линданот на ОХИС ќе требаат помеѓу 40 и 260 милиони евра, во зависност од обемот на работите и од технологијата која ќе се користи. Засега со пари од Владата и преку донации се обезбедени средства само за малата депонија. Од гордост на некогашен ОХИС до забрана поради токсичност Од она што сега се знае за линданот, чие хемиско име е хексахлороциклохексан ХЦХ (HCH), тој масовно се користел во светот како пестицид за земјоделско производство уште од 50-те години на минатиот век, произведуван во повеќе фабрики во светот, меѓу кои била и некогашната Органско-хемиската индустрија од Скопје (ОХИС). Откако била утврдена неговата висока токсичност по целокупниот жив свет, линданот со многу меѓународни конвенции бил забранет уште во 1980 година, но неговата масовна употреба на глобално ниво опстојувала сè до 2000 година. Во Европската Унија линданот и сите други производи кои содржат ХЦХ се дефинитивно забранети во 2008 година. Македонскиот хемиски гигант ОХИС прекинал да го произведува линданот во 1977 година, по што сите заостанати количества на опасниот пестицид, како и хемиските компоненти кои се користеле во неговото производство, биле спакувани во буриња и грубо затрупани со земја на неколку локации во кругот на фабриката. Се претпоставува дека одредено количество било закопано и надвор од него. Експертските сознанија од изминативе неколку години укажуваат на тоа дека опасната хемикалија не само што го контаминирала просторот непосредно околу складираниот линдан, туку и почвата со која тој бил покриен, како и подземните води до кои отровното соединение стасало откако бурињата во кои бил складиран кородирале. Линданот во крвта на девојчиња од 8 години со преран пубертет Отровниот линдан, закопан неколку метри под земја во дворот на поранешната фабрика Охис, со децении наназад, бавно, но постојано го труе скопското население. Не само што ја затрул непосредната околина во која е закопан, тој уште децении наназад продрел до подземните води кои гравитираат кон реката Вардар, а ја загадил и почвата со која бил покриен, која денес се разнесува со посилни ветришта на поголеми дистанци. Во 2007 година било направено едно истражување на токсини во крвта кај 56 девојчиња, на неполни осум години, кај кои настапил предвремен развој на млечни жлезди како вовед во пубертет и се покажало присуство на линдан кај 10 отсто од тестираните деца. Девојчињата биле од различни делови на Македонија, а најмногу 40 од нив биле од Скопје. Во студијата се констатира дека покачените нивоа на линдан кај оваа популација треба дополнително да се испитаат Нема информации дека по оваа се правени други испитувања за штетните ефекти врз здравјето на луѓето кои биле изложени на линданот од Охис. Случајот со фабриката на германскиот гигант БАСФ Историски индустриски отпад од типот на линданот на ОХИС е проблем во огромен број земји во светот. Од него не куртулиле ниту најразвиените како Германија, која имала 10 фабрики во кои се произведувал линдан. На својата територија, Германија денес има осум локации со отпаден линдан, од кои само на дел е извршена т.н. ремеријација. Германскиот и светски хемиски гигант БАСФ во свој хемиски комплекс произведувал линдан од 1955-1966 година. Се проценува дека околу 780.000 кубни метри отпад (вклучувајќи и HCH-отпад) е исфрлен на поранешен земјен ископ, при што било контаминирано земјиште од 4,5 хектари. Во 1972 година, на местото на депонијата со линдан бил изграден шопинг мол на таа локација, што работел до 1999 година. Во 1990 година бил инсталиран систем за заштита кој црпел подземна контаминирана вода и ја носел во инсталациите на BASF на третман. Во 2000 година, молот е урнат. Иако првично било планирано целосно да се елиминира отпадот, во 2009 год решено е да се запечати (затвори) површината, да се изврши дренажа и мониторинг на подземни води. Поради докази за загадени подземни води, во 2016 одобрена е програма за деконтаминација и рехабилитација преку ископување на почва и поставување на непропустлив површински слој. Направени се нови бушотини за црпење подземна вода и пиезометри. Во 2018 год почнала ремедијација на подземните води. https://www.slobodenpecat.mk/ke-se-chisti-malata-deponija-vo-ohis-golemata-ke-pocheka/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
По опасната цистерна на ред дојде тивкиот убиец – линданот
Министерот за животна средина, Насер Нуредини, обзнани дека успешно завршил тендерот за избор на изведувач за ремедијација на почвата контаминирана со изомери на линдан од малата депонија во кругот на ОХИС. Од Министерството за животна средина не го обелоденуваат името на конзорциумот кој ќе ја заврши работата сè додека не помине на Влада. Но, како што дознава весникот ВЕЧЕР, станува збор за конзорциум од повеќе реномирани и искусни фирми од Европа во областа на ремедијација на контаминирани површини со линдан. Тендерот се однесува само за отстранување на 6.600 тони депониран материјал од малата депонија, од кои 1.600 тони се висококонцентриран отпад, а останатите 5.000 тони се земја со која бил измешан линданот. Отстранувањето ќе трае 2,5 години, а досега се обезбедени неповратни финансиски средства од ГЕФ – Глобален еколошки фонд за само една третина од работите за чистење на линданот од малата депонија. Останатите две третини од парите треба да ги обезбеди Владата. Успешното завршување на овој проект е тест за Владата, но и знак за донаторите кои треба да дадат пари за чистење на големата депонија со линдан која е многу поголем проблем од малата По високотоксичната хемикалија винил хлорид која неделава безбедно е преточена од цистерната во дворот на ОХИС и подготвена за транспорт и извоз од земјата, на повидок е решавање на уште една еколошка жешка точка во заградениот простор на поранешниот хемиски гигант. Од министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини стигна нова вест – дека успешно завршил тендерот за избор на изведувач за ремедијација на почвата контаминирана со изомери на линдан од малата депонија во кругот на ОХИС. – Завршена е административната процедура на потпишување на договор со избраниот понудувач, сега следи одобрувањето на деталниот план за ремедијација и активности за обезбедување на потребната документација за отпочнување со работа на терен и чистење на историската депонија – објави Нуредини на прес-конференција. Од Министерството за животна средина не го обелоденуваат името на конзорциумот кој ќе ја заврши работата се додека не помине на Влада. Но, како што дознава весникот ВЕЧЕР, станува збор за конзорциум од повеќе реномирани и искусни фирми од Европа во областа на ремедијација на контаминирани површини со линдан. Тендерот се однесува само за отстранување на 6.600 тони депониран материјал од малата депонија, од кои 1.600 тони се висококонцентриран отпад, а останатите 5.000 тони се земја со која бил измешан линданот. Отстранувањето ќе трае 2,5 години, а досега се обезбедени неповратни финансиски средства од ГЕФ – Глобален еколошки фонд за само една третина од работите за чистење на линданот од малата депонија. Преостанатите две третини од парите треба да ги обезбеди Владата. Успешното завршување на овој проект е тест за Владата, но и знак за донаторите кои треба да дадат пари за чистење на големата депонија со линдан која е многу поголем проблем од малата. Живот и работа со линданот Јавноста до лани, кога новинарските екипи влегоа во дворот на ОХИС по испарувањето на хемикалија од бетонски танкер и мирисот го почувствуваа жители од околината, имаше слушнато за двете депонии со линдан (мала и голема) кои се наоѓаат на само стотина метри од многу прометниот булевар „Борис Трајковски“. Но, јавноста за прв пат слушна колку е опасен линданот, кој експертите и докторите го нарекуваат „тивок убиец“. Тогаш новинарските екипи слушнаа од управителот на фирмата „Еко центар 97“, која од доверителите на ОХИС беше избрана да го исчисти отровниот отпад од поранешната фабрика, дека една од халите, каде бил сместен погон за изработка на чевли наменети за италијанскиот пазар и во него парче леб ваделе 50 до 60 жени, е на само два-три метри од ѕидот на големата депонија со линдан. – Погонот го дислоцираа пред еден месец. Ги гледав жените како овде на пауза пиеја кафе потпрени на ѕидот на депонијата со линдан – ни рече тогаш Владо Момировски, управителот на фирмата „Еко центар 97“. Тој ни откри дека големата депонија со линдан е голем загадувач на почвата и на подземните води. – Линданот во прав и течност на големата депонија практично бил истуран на земја. Тоа не е случај со малата депонија за која има изградено бетонско дно и таа не ги пропушта отровите во земјата – им рече тогаш Момировски на новинарите. Нане Перо, поранешен инженер во ОХИС, во изјава за медиумите се осврна на линданот, потсетувајќи колку е тој токсичен. – Линданот одеше како алва, додека не го забранија во Германија, Франција, Русија. Потоа, кога немавме каде, алфа и бета изомерите, како и делта што е многу опасен, моравме да ги складираме како нус-производи кои до денес останаа во кругот на фабриката. Гама-изомерот го екстрахиравме со метил алкохол, кој е исто така многу токсичен. Кога одевме на работа, ни мирисаше не само облеката, туку и кожата – истакна Перо. Изложеностс на линдан го замастува црниот дроб Истражувањата покажуваат дека 470.000 жители на Скопје секојдневно се изложени на овој отровен пестицид кој е наталожен со децении. Докторот токсиколог, Андон Чибишев за весникот ВЕЧЕР изјави дека треба да се направат серија на лекарски прегледи на жителите кои веќе 15-20 години живеат во близина на ОХИС, бидејќи долготрајното изложување на канцерогениот линдан предизвикува замастување на црниот дроб и други здравствени проблеми. Тој ги повика лицата кои повеќе години биле во непосреден контакт со линданот да направат здравствени испитувања. – Линданот е канцероген и тој предизвикува долготрајно хронично дејство на организмот – вели Чибишев. За отстранување на линданот од депониите на ОХИС во кои има складирано над триесет илјади тони, ќе бидат потребни десетици милиони евра (се проценува околу 40 милиони евра). Професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факулте во Скопје вели дека во Физибилити-студијата што била направена со предлози како да се реши проблемот, се наведува дека најбезбедно решение е да се спакува целиот материјал и да се транспортира во некоја од западните земји каде постојат фабрики за уништување на таков вид на отпад. Линданот е токсична канцерогена супстанција која го загадува воздухот, почвите и подземните води во Скопје. Во светот е забранет за користење од 2006 година, ставен и на листата Перзистентни органски супстанци според Стокхолмската конвенција на Обединетите нации. https://www.vecer.press/по-опасната-цистерна-на-ред-дојде-тивк/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Истек на јаловина од Саса во Каменичка Река(од фб)
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Опасниот винилхлорид од „Охис“ конечно преточен, ќе се транспортира во Германија
Опасната високо запалива материја винилхлорид мономер којшто се наоѓа во кругот на поранешниот индустриски комплекс „Охис“ конечно е безбедно преточена во нова цистерна и следува фаза на транспортирање во Германија, најавува Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), согласно информациите добиени од компанијата „Екоцентар 97“ и извршените вонредни инспекциски надзори на Државниот инспекторат за животна средина соопшти. – Активноста ја реализираше компанијата „CURIUM“ од Франција, која има долгогодишно искуство и е специјализирана во преточување на ваков вид опасен отпад. Во периодот на реализација на активноста беа запазени сите безбедносни прописи. Следува фаза на транспортирање за што се обезбедени сите потребни документи, а се очекуваат точните датуми на транзит на цистерната со опасен отпад низ од државите до конечната дестинација- Германија, стои во денешното соопштение од МЖСПП. Според ресорното Министерство, до 2 март годинава се реализирани три од вкупно пет планирани извози на опасен отпад спакуван во соодветна амбалажа за меѓународен транспорт. Досега се извезени 55 од 80 тони опасен отпад кој веќе е пристигнат и предаден во Валорек Сервисис АГ Базел, инсенератор во Швајцарија каде што на безбеден начин ќе се уништи. Останатите количини на хемиските супстанции, наведуваат од Министерството, се безбедно спакувани во соодветна амбалажа и се очекува во текот на наредните две недели успешно да се транспортираат и извезат од земјата. По завршувањето и на последната активност за преточување и соодветно пакување на винилхлорид мономер, како и негов извоз во Германија, во компанијата „SUEZ“ (Sonderabfallgesellschaft mbH, Schkopau, Germany), која поседува дозвола за горење опасен отпад, ќе бидат реализирани сите активности предвидени со проектот „Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје”, спроведуван од компанијата „Екоцентар 97“, соопшти МЖСПП. Минатата година во „Охис“ се случи хемиски инцидент, а опасните материи долго време чекаа во кругот на фабриката да бидат соодветно складирани и уништени. https://fokus.mk/opasniot-vinilhlorid-od-ohis-konechno-pretochen-ke-se-transportira-vo-germanija/ |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
За чистење на живата од ОХИС ќе се бара помош од меѓународни фондови
meta.mk |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
...дека инаку многу шума имаше на Скопска црна гора, па мораше да изгори...
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Наводно пожарот/пожарите се подметнати, а досега изгореле трло и бачило...
![]() извор: https://twitter.com/stomagian/status/848621079832780800/photo/1 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |