![]() |
![]() |
![]() |
Гасификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 30> |
Author | |
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Владата не гради гасовод - монополот на Макпетрол продолжува!Катерина ПопоскаЕксклузивитетот да купува гас од руски Газпром го има Макпетрол, иако лиценца за да увезуваат гас и да го продаваат на македонските компании имаат уште четири други компании. Сè додека Владата не го изгради гасоводот, со што ќе порасне потрошувачката на гас и ќе се намали цената на овој енергенс, Макпетрол ќе царува на пазарот! Владата веќе шест години по ред на голема врата најавува дека ќе почне да го гради гасоводот со клириншките 60 милиони долари, но сето тоа сè уште е само ветување. Под изговор дека ги чекаат руските пари, Владата сè уште не почнала да го гради гасоводот од Клечовце, Куманово до Струмица. И додека гасот да потече до сите индустриски гиганти и до секое домаќинство, со што ќе се зголеми побарувачката за природен гас и ќе се намали цената на овој енергенс - Макпетрол ќе царува на пазарот и ќе може да си ја утврдува цената како што сака. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, не одговори за „Капитал“ до каде е изградбата на гасификацијата и што уште чека за да го реализира проектот. Енергетски експерти коментираат дека сè уште се чека на понудата на руската фирма која со клириншките 60 милиони долари треба да почне да го гради гасоводот од Клечовце до Струмица, што е само еден крак од целосна гасификација на Македонија. Зошто тешко се влегува во бизнисот со дистрибуција на гас?! Регистрираните трговци со природен гас во земјава тешко влегуваат во бизнисот со овој, за македонските компании сè уште скап, енергенс. Покрај најголемиот трговец со гас, Макпетрол, лиценца за да увезуваат гас и да го продаваат на квалификуваните компании имаат уште четири други компании, Алфагас, Макгас Консулт, Гас Траде и Рој и Рифајнд комодитис, сите од Скопје. Но, ексклузивитетот да купува гас од руски Газпром, кој го продава на македонските компании, го има Макпетрол. Фирмата-ќерка на Макпетрол, пак, Макпетрол Промгас го презема гасот од македонска граница и го дистрибуира до корисниците, дејност што самоволно престана да ја извршува на 1 јануари годинава. Од Регулаторната комисија за енергетика објаснуваат дека иако во земјава фигурираат уште четири трговци со природен гас, тие не се многу активни.Македонскиот пазар, од позиција на конзумент на овој енергенс е мал, велат познавачите. Количествата гас кој Македонија ги купува од Газпром се многу мали во споредба со други земји од Европа, поради што не може да се раздвижи пазарот со гас во земјава. „Снабдувачот со природен гас во земјава може да добие лиценца за трговија со природен гас врз основа на претходно склучен договор со увоз на гас, односно договор за веќе купени количини од овој енергенс, како и потпишани договори со потрошувачите. Исто така снабдувачот треба да има склучено и договор со преносниот оператор Га-Ма, како доказ дека најавените количини од увоз ќе се пренесат до потрошувачите. Во Македонија четири компании ја имаат лиценцата за трговија со природен гас, но сите немаат склучено договори за увоз. Ексклузивитетот го има Макпетрол, бидејќи тој има годишни закупени големи количини од руски Газпром. Овие количини се толку незначителни за еден гигант како Газпром, така што дури и некоја друга фирма од земјава да сака да снабдува со природен гас, веројатно нема да успее да стигне да преговара со овој нафтен гигант. Нема конзум, нема и развој на пазарот”, вели Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Познавачите велат дека трговците со природен гас во земјава, со исклучок на Mакпетрол, досега најавиле можен увоз на гас од Азербејџан, но трговијата и дистрибуцијата со овој енергенс доминантно е во рацете на Макпетрол. Една од компаниите која има лиценца да тргува со природен гас во земјава, за „Капитал“ вели дека дури и да успеат да се договорат за увоз на гас, повторно наидуваат на конкурентот Макпетрол. „Да се донесе гас до Македонија се сведува на голема умешност. Пазарот е целосно покриен од најголемиот дистрибутер. Истата компанија има 50% сопственост и во инфраструктурата, односно во претпријатието Га-Ма. Така што да се биде сериозен играч на пазарот на гас во Македонија во вака поставени односи, е прилично тешко“, велат од една од компаниите, лиценцирани трговци со природен гас во Македонија. Согласно со вака поставените позиции на пазарот со гас во земјава, Макпетрол е неприкосновен играч кој ја диктира пазарната цена на гасот, кој донесен до македонска граница во декември минатата година им го наплаќаше на компаниите дури 420 евра за 1.000 метри кубни гас. Истата оваа количина гас до бугарската граница чинеше 380 евра, додека во Германија 330 евра. Комбинираната термоелектрана и топлана Те-То, која лани стана квалификуван потрошувач на пазарот, може сама да си ги набави потребните количини гас за производство на топлинска и електрична енергија. Но, поради неуспехот сами да увезат гас од странство, Те-То минатата година купуваше гас токму од Макпетрол. Во моментот, во земјава само 30-ина компании ја имаат „привилегијата“ да користат не толку евтин гас, како енергенс. Откако Промгас самоволно запре да им испорачува гас на тарифните потрошувачи, трговецот Макпетрол, спротивно на Законот за енергетика, сè уште им продава гас на дел од компаниите, но поскапо, по пазрни цени. Од компаниите постојано алармираат дека растот на цената на гасот и немањето на гасовод, ги поскапува нивните производи, со што ги прави неконкурентни на странските пазари. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/78766/vladata_ne_gradi_gasovod_-_monopolot_na_makpetrol_prodolzhuva!.aspx?iId=2546 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Макпетрол“ соопшти дека купил гас за годинава„Макпетрол“ соопшти дека склучил договор со „Gazprom Export“ LLC за купопродажба на гас а 2012 година во количество од 150 милиони кубни метри. Компанијата, исто така, има склучено и договор за продолжување на издадената гаранција според договорот со „НЛБ Тутунска банка“ АД, Скопје за издавање платежна гаранција во корист на руската компанија во износ од 4,849 милиони долари. Покрај тоа, со банката е склучен и нов договор за нова платежна гаранција во однос на „Gazprom Export“ LLC во износ од уште 2 милиони долари. Инаку, ова количество на природен гас што го набавува „Макпетрол“ е поголемо од она што беше потрошено во 2010 година, која е последна за која има податоци, кога се потрошени 118,4 милиони кубни метри. Ова количество, исто така, не ги вклучува потребите за гас на новата топлана Те-То, за која нејзините соптвеници „Топлификација“ и нејзиниот руски партнер „Синтез Груп“ ќе треба посебно да набават природен гас. Се дознава дека кредитот што „Топлификација“ го зеде од ЕЛЕМ и МЕПСО во износ од 3,9 милиони евра е токму за да се обезбеди гаранција за набавката на природен гас. Те-То се очекува да троши два и пол до три пати повеќе гас отколку сите 30-ина компании заедно кои ги снабдува „Макпетрол,“ односно 350 милиони кубни метри. Кога станува збор за гасот, Македонија е 100 отсто зависна од рускиот монопол за природен гас „Газпром.“ http://www.plusinfo.mk/vest/29414/Makpetrol-soopshti-deka-kupil-gas-za-godinava |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Ќе се гради гасоводна делница до скопскиот аеродромГА-МА објави тендер за изградба на делница од гасовод до скопскиот аеродром „Александар Велики“ и до компанијата „Пекабеско“, кој ќе биде дел од системот за трансмисија на природниот гас. Тендерот се однесува на работи за составување на гасоводните цевки, градежни работи, екетричарски работи, заштитни работи, испорака и поставување на апарати и материјали за извршување по системот клуч на рака. Локацијата на вршењето на работите е општина Илинден во Скопје. Од учесниците во тендерот се бара да имаат просечни годишни приходи од над 1,463 милиони евра во последните 3 години. Во критериумите за оценување на понудите квалитетот и цената ќе учествуваат со 50 отсто. Отворањето на понудите ќе се изврши на 22 февруари. Не е наведено колкава ќе биде должината на делницата, нито пропусната моќ на гасоводната делница. http://www.plusinfo.mk/vest/28792/Kje-se-gradi-gasovodna-delnica-do-skopskiot-aerodrom |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() А кога конкретно годинава, ако не е тајна ? Прашувам онака, бидејќи од денешниов ден, вторник, 3 јануари 2012, па се до крајот на годинава не делат уште 363 дена, а на терен сеуште не се започнати никакви градежни работи. Полесно ми е кога молчат и не дигаат адреналин за ништо, отколку кога ќе излезат со најразни приказни за тоа што очекуваат да се случи во наредните неколку денови или недели или месеци или во наредните година дена. Новата зграда на Гинекологија во Скопје ја отворија, па ја затворија поради недостатоци, па сега повторно ја отворија. Исто и Порта Македонија, ги тргнаа скелињата и ја покрија портата со платно за да биде подготвена за прославата по повод 20 години македонска независност, па продолжија со градежните работи, па повторно ги прекинаа градежните работи поради прославата по повод враќањето на националната репрезентација во кошарка со освоено 4-то место на Европското Првенство во Кошарка 2011, па повторно продолжија со градежните работи и сега велат дека портата официјално ќе биде пуштена во употреба на крајот на јануари 2012. За PayPal најавуваа дека ќе почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија во 2008, па во 2009, па во 2010, па во 2011, за да сега велат дека ќе почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија во 2012. Преку глава ми е од предвремени отворања и најави, кога ќе почнат официјално со работа нека излезат со официјална најава, а не вака со изјави од типот "очекуваме ова / очекуваме она". ![]() Edited by Dexter26 - 03-Jan-2012 at 19:03 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Годинава почнува гасификацијатаГодинава почнува гасификацијата. Прокетите се готови, почнати се активностите на терен, а паралелно се работи и на затворањето на финансиската конструкција за овој мега проект. ![]() Ќе се финансира со парите од клириншкиот долг од Русија, тоа се 60 милиони долари за кои веќе има потпишан договор и кои годинава ќе почнат да се користат. Според договорите, Македонија ќе биде дел од Јужен поток, но се уште утврудва на кој начин гасот ќе потече низ земјава. Дополнителни 15 милиони долари ќе бидат обезбедени преку буџетот за Министерствто за траснпорт. А за остатокот се водат преговори со Европската банка за обнова и развој. Од таму бараат гаранции од Гаспром за количините гас со кои ќе располага земјава. Надлежните очекуваат дека спорните прашања ќе бидат надминати во текот на оваа година и земјава ќе постигне договор со ЕБОР за кредитирање на проектот. Бизнис секторот се погласно бара гасификација на земјава како
единсвтен начин да добијат поевтин енергенс. Струјата од Нова година
повторно поскапе, производствто станува се поскапо, едиствено гасот може
позитивно да влијае на индустријата. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/godinava-pochnuva-gasifikacijata |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Увозот на гас зголемен за 48 отсто во 2010, но потрошувачката и натаму е на многу ниско ниво![]() Македонија лани увезе 118,4 милиони кубни метри гас (м3) од Русија преку Бугарија што претставува раст од 48 отсто во однос на кризната 2009 година, кога беа увезени само 79,8 милиони кубни метри. Најголема потрошувачка на природниот гас во 2010 година, во износ од 68,1 отсто, е забележана за енергетски трансформации, а за енергетски потреби во индустријата отишле 30.2 отсто од вкупно потребниот природен гас. По месеци, најголема потрошувачка од 20.7 милиони м3 е забележана во декември, а најмала, од само 4,06 милиони м3, во август. На природен гас се врзани само околу 35 големи компании во земјава. Во еден од серијата огласи кои деновиве ги објавува скопска „Топлификација“, како одговор на редицата напади врз компанијата изнесени на ТВ „Сител,“ се вели дека топланата ТЕ-ТО, за која беше соопштено дека треба да биде активирана овој месец, ќе троши дури 350 милиони м3 природен гас, значи три пати повеќе од сите останати фирми заедно што се врзани на гас. Покрај ова, се додава и дека зголемената потрошувачка на природниот гас ќе и овозможи на државата да има подобри позиции во преговорите за цената на гасот. Сепак, и покрај ова, нивоата на природен гас што се трошат во Македонија се многу мали и тие ќе останат такви се додека целата држава не гасифицира и додека гасот не биде донесен до домаќинствата. Капацитетот на постоечкиот гасовод од Бугарија изнесува 800 милиони м3 и тој лесно може да биде надграден до 1,2 милијарди м3 годишно. Ова значе дека и со ТЕ-ТО, тој ќе биде искористен 50-60 отсто од неговиот капацитет. Бугарија, на пример, троши по 2,5-3 милијарди м3 гас годишно, а Италија дури 78 милијарди м3. Рускиот „Газпром“, кој земјава ја снабдува со 100 отсто од потребите за прирден гас, има проекција дека во 2030 година ќе ни продава 2,5 до 3 милијарди м3 годишно. http://www.plusinfo.mk/vest/24832/Uvozot-na-gas-zgolemen-za-48-otsto-vo-2010-no-potroshuvachkata-i-natamu-e-na-mnogu-nisko-nivo |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
![]() Јужниот тек ќе поминува низ Македонија Среда, 23 Ноември 2011 15:21 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели Република Македонија за еден месец ќе добие нацрт спогодба за Јужен тек со кој еден крак ќе поминува низ територијата на државата. Ова денеска во Москва го најави заменик министерот за регионален развој и копретседател на меѓувладината комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка Максим Травников на средбата со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Со текстот на договорот се предвидува приклучување на Република Македонија кон регионалниот проект Јужен тек преку зголемување на обемот на достава на гас, односно зголемување на техничките можности на постоечкиот гасовод, како и изградба на нови, согласно договорите кои ќе бидат склучени меѓу руската компанија Стројтранс гас и Владата на Република Македонија. - Главната идеја на Спогодбата е да се задоволат комплетните потреби на Република Македонија за гас, вклучително и идните енергетски проекти што ќе се градат во Македонија, изјави Травников. Од македонска страна беше побарано на почетокот на декември да се затворат техничките прашања за да може потоа да се разменат официјалните документи и да се отпочне со изградба на националната гасоводна мрежа во Македонија. - Согласно динамиката на договори што ги води меѓувладината комисија очекуваме наредната година реално да отпочне изградата на националната гасификациска мрежа во Република Македонија. Нашата молба беше технички екипи од страна на Руската Федерација да дојдат во Македонија за да се разговара за проектите и понудите што би било основа за натамошно усогласување и склучување договор меѓу двете држави што пак е основа за отпочнување реализација на изградбата на националната гасификациска мрежа, нагласи министерот Јанакиески. На средбата беше отворено и прашањето за отворање директни авионски линии меѓу Македонија и Руската Федерација при што од руска страна беше оценето дека тоа би одело во прилог на развој на туризмот. Травников се заложи дека ќе разговара со некои руски компании кои би ги разгледале можностите за отворање директна линија со Македонија. Во однос на туризмот Травников најави дека веќе е разговарано со руски агенции кои во соработка со македонската амбасада во Москва ќе ја промовирааат Македонија како атрактивна туристичка дестинација. http://kurir.mk/makedonija/vesti/50869-Juzniot-tek-ke-pominuva-niz-Makedonija |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Успеси во проектот Гасификација![]() ![]() ![]() Во првата фаза од проетот ,,Гасификација” Oпштина Куманово завршува 12 објекти во кои се инвестира од буџетот на општината. Тоа е во висина од 190 илјади евра. Тука спаѓаат три градинки, четири училишта, библиотекта, зградите на општината и „Водовод„. Во натамошните проекти ќе влезат зградите на судот, болницата и сите останати претпријатија кои се во државна сопственост. http://www.kumanovo.gov.mk/novosti/%d1%83%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%81%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%b0%d1%81%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0/ |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Јас знам дека почнаа со поставување и ја поставуваа подземна инсталација за гасовод оваа година во Кисела Вода до објектот на Сивус од страна на Гама, е сега можеби треба да се спои гасоводната цевка. На страниците на ГАМА и Макпетрол нема објавено ништо за овој зафат, па и не знам од каде би добиле информација, евентуално од Улици и патишта ако се затворени овие булевари. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Дечки, знае ли некој на какви зафати се работи во моментов во ценарот на Скопје, налетав на два големи прекопи, едниот преку Првомајска (веднаш кај Рампа) а другиот на Јужен Булевар кои беа облепени со лента, „Опасно Гасовод“. Внатре колку што видов се поставуваа нови гасоводни цевки.
Има ли некој инфо што точно се прави, дали се прави некоја спојка, или е некаков почеток на секундарна мрежа во тој дел? |
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
cenata na parnoto drasticno sigurno nema da padne posto i gasot ne e toolku eftin eve vi i primer za toa od sto e eftin gasot se preorientirale na mazut
Кон крајот на 2010 година завршивме инвестиција вредна околу милион евра за преструктурирање од гас кон мазут во ладна валавница и од гас кон пропан-бутан кај челичарницата. Ова го избравме како решение поради скапите енергенси. a podobro procitajte go celiot tekst i nekoi raboti ke vi se razjasnat http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/74529/makedonskata_industrija_troshi_najskapa_struja,_a_sonuva_za_evtin_gas.aspx |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Не верувам дека ќе има корекции на цената, веќе има топлани во Скопје кои користат гас за греење но тоа секако не го чувствуваат крајните потрошувачи. Генерално, секогаш има ревносност кога треба да се покачи цената поради некакви оперативни трошоци, но кога истата треба да се намали работите не одат така глатко. |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Досега неколку опати сме зборувале за ова. Тие копања се дел од гасоводниот прстен на скопје, скоро и во Кисела Вода топланата се поврза и се очекува топланите да се гасифицираат како најголеми потрошувачи. После на прстенот ќе се уштекуваат други институции и граѓани. Конечно, се сетија прстенот да го градат во склоп на некоја веќе реконструкција на улици и да нема прекопувања.
|
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Не сум следел многу дискусии на оваа тематика. само ме интересира нешто...веќе подолго време по должина на теодосиј гологанов се вкопуваше гасоводна мрежа и денес видов дека е скоро стигната до влезот на топлификација во Тафталиџе. Дали може некој на кратко да ми објасни што точно е овој крак? Дали Топлификација(или како и да се вика по ново) ќе почне да користи гас за греење од оваа грејна сезона? И дали се очекува со тоа цената на парно греењето драстично да опадне?
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нов гас од Русија преку „Јужен тек“, иако посточекиот гасовод не го користиме ни 15 отсто![]() Владите на Република Македонија и на Руската Федерација изготвуваат текст за вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток,“ изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, без да наведе дополнителни детали. Прашањето на унапредувањето на соработката во енергетскиот сектор беше главна тема на разговорите на петтиот состанок на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка што се одржа во Охрид. - Констатиравме заеднички дека меѓусебната размена бележи позитивен нагорен тренд. Главниот акцент беше ставен на констатации на меѓусебните односи, соработката во делот на енергетиката, железничкиот сообраќај, туризмот, регионалната и културната соработка. Притоа Комисијата заклучи дека има напредок во енергетскиот сектор, како еден од најзначајните во односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација, истакна Ставрески. Рускиот заменик-министер за регионален развој Максим Травников e согласен за потребите од натамошен развој на севкупната соработка меѓу двете земји. - Разговаравме за можноста за унапредување на најперспективната и најбитната компонента на нашата соработка, а тоа е енергетиката. Зборувавме за она што е реализирано досега, она што се реализира во тек и за идните перспективи, од аспект на модернизацијата на енергетскиот систем на Македонија, со можно учество на руски компании, рече од своја страна рускиот заменик-министер за регионален развој Травников. Трговската размена меѓу Македонија и Русија во текот на првата половина на оваа година достигна 374,3 милиони долари, што е за 39 отсто повеќе отколку за истиот период лани. Македонската страна во размената бележи висок трговски дефицит при што покриеноста на увозот со извозот не надминува пет отсто, што се должи на увозот на енергенсите. Инаку, во Македонија веќе стигнува руски гас преку гасоводот кој води од Украина, Молдавија, Романија и Бугарија. Неговиот капацитет е 800 милиони кубни метри и тој релативно лесно може да се зголеми на 1.200 кубни метри годишно. Од сега расположливите количества ние користиме само 10-15 отсто годишно, со оглед на тоа што на гас се приклучени само 30-ина големи фирми. Според проекциите на „Газпром,“ земјава ќе троши 2,5–3 милијарди кубни метри гас годишно во 2030 година. Доколку се потпише договор за добивање на гас и од „Јужен тек, тогаш Македонија во целосе ќе биде зависна од рускиот монопол за извоз на гас во следните 20-30 години. Од друга страна, на само 50-100 километри северно од Софија поминува гасоводот „Набуко“, кој е поддржан од Европската унија и кој ќе носи гас од Задкавказјето за европските пазари. Виосок претставник за енергетика на претседателот на САД, на минатогодишниот форум за природен гас во Софија, изјави дека Србија и Македонија би можеле да се приклучат на „Набуко“ во рок од 5 години од почнувањето со работа на овој гасовод, односно откако ќе се зголеми неговиот капацитет. Низ Грција и Албанија, а потоа под Јадранот до Италија треба да се гради Трансјадранскиот гасовод (ТАП). Неговата рута низ Грција на некои места е блиску до Македонија или поточно на 50 километри од Битола. Директорот за развој на ТАП пред две недели во интервју ги повика сите земји од регионот, конкретно спомнувајќи ја и Македонија, на соработка и евентуално потпишување на меморнадум за разбирање, кој ТАП веќе го има потпишано со сите земји од Западниот Балкан освен со Македонија и Србија. На брегот на Јадранот во Албанија, италијанската компанија „Енерџиа Фалчионе“ сака да гради голем терминал за гасификација на течен гас, кој до терминалот ќе стигнува со бродови и кој потоа би им се носел на Италија и Албанија. „Енерџиа Фалчионе“, исто така, е отворена за продажба на гас на Македонија и другите соседни земји на Албанија. http://daily.mk/cluster3/c93d153fea4da9b0ebec290dcb9b536c/935795 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Гасификацијата ќе стартува според договореното Охрид, 7. октомври 2011 (ИНПРЕС) Гасификацијата на Република Македонија ќе започне да се реализира од 2012 година потврди денеска во Охрид министерот за финансии Зоран Ставрески. - Процесот на гасификација е веќе договорен и започнат со Русија. Веќе се воспоставени контакти на експерти од двете страни. Тој процес подразбира обезбедување на стабилен извор на гас и во таа насока ние разговаравме со Гаспром при што ги презентиравме плановите и развојните капацитети на Република Македонија до 2030 година во однос на постојните стопански капацитети, потребите на граѓаните и планираните нови енергетски капацитети. Исто така и искористувањето на можностите што ги нуди Клириншкиот долг со затварање на тој долг преку реализација на дел од гасоводната мрежа во Р. Македонија, рече Ставрески. (Крај) http://www.time.mk/read/NONE/4686ac654a/index.html |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Да, за индустријата е во ред, иако секоја компанија треба да си направи внатрешна калулација на сред рпк (10-15 години) дали ќе им се исплати гасот. Но верувам дека можат да најдат интерес. Точно е дека тие 20 години се изгубени, гасот до сега беше ефтин, опремата за согорување во големите системи беше по пристапни цени, така да може да се каже дека за ова време доста се изгуби. (или како што е популарно на запад да се каже имаме голем opportunity costs)
Но сега состојбите се поинакви,како што реков погоре, не може да се смета на тоа дека гасот е ефтин енергент. За индустриајта може да биде поволен но за домаќинствата не верувам, да се почне со секундарна мрежа сега е фрлање пари. Освен тоа, ако се сака воведување на гас во поголеми количини - а поголеми количини носат и поефтина цена, ќе треба и изградба на подземно стоваришта, или да се изнајми во Бугарија, ако постојат. Мислам дека гасификацијата во Македонија е историја |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Ненад, не сум стручњак, но барем за индустријата претпоставувам дека е круцијално да ја има на располагање опцијата природен гас, поради конкурентност. Извесно е дека гасот сепак ќе биде најисплатлива опција во многу индустриски процеси уште долго време.
Инаку нашето доцнење како и во многу други сфери е легендарно. Речиси две децении откако изградивме влезен гасовод, сега допрва ќе сме граделе мрежа за гасот да го донесеме до корисниците. Многу нормално дека во толкав период ќе се сменат и околностите. Штетата е направена, но дали сме ја научиле лекцијата? |
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Eden osvrt na dvete pogorni vesti. Nekoe vreme se zanimavam so energetika i prv pat slusam za toj "transjadranski gasovod". Veruvam deka toa e novinarska patka,nema sansi da pocne izgradba na takvo nesto. Italija veke ucestvuva vo "Juzen potok", ako pocne da se gradi NABUKO del od gasot i od toj gasovod ke ide za Italija, Libija i Alzir se blizu, se slusa ke ima invensticii i vo kapaciteti za priem na tecen gas..., ne i potreben uste toj transjadranski.
Druga rabota, gasot vo poslednava decenija e se poskap i poskap. A verojatno e Gasprom i ponataka da ja zgolemuva. Novite polinja se se podaleku i eksploatacijata stanuva poskapa. Ovaa cena razvienite zemji i ponataka mozat da ja platat, no se postavuva prasanje dali poslabo plateznite zemji vo koi spaga i makedonija treba da investiraat vo gasiikacija. Dali naseto stopanstvo bi ja izdrzala taa cena. Ne bi odel i vo ponatamosno sirenje na gasnata sekundarna mreza. Vo vojvodina na pr, dosta stanovi se otkazuvaat od gasot.... podobro bi bilo tie pari da se dadat vo energetska efikasnost i zastedi (fasadi na zgradi, prozori...) I se razbira treba da se ima vo predvid enargetskata zavisnot od Rusija.... |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 30> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |