![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 63> |
Author | ||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Е и за ова викав дека не е вера туку `талибанистанска работа`,само културата и верата не ми дозволуваат да се доизразам.Ве4ста е нова од денес
Судбоносното „ДА“ поскапува: МПЦ со нов тарифник! март 4, 2015 inShare МПЦ има нов тарифник кој ќе почне да се применува од шести февруари низ сите седум епархии во земјава. Имено според новите цени, за вечното судбоносно ДА младенците ќе треба да платат 6000 денари наместо како досега 4000 денари, за крштевка наместо досегашните 3000 ќе треба да платите 4000 денари, ,а доколку сакате обред со тројца свештеници ќе треба да платите 7000 денари. Погребот станува поскап за 500 денари. Според пишувањата на Телма, владиците на МПЦ ги покачиле цените поради економските причини во земјава. На новите цени верниците реагираат негативно и се загрижени дека цената би можела да стане услов за прифаќањето на обредите. Последен пат цените на обредите беше поскапено пред седум години кога цените доживеаа драстично зголемување. http://faktor.mk/2015/03/04/sudbonosnoto-%da-poskapuva-mpts-so-nov-tarifnik/ |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Црквата не побарала одобрение за градба во Заум затоа што немало урбанистички план, надлежните затекнатиВести | Охрид | 28.02.2015 18:12Посети : 1078Дебарско – кичевската епархија почнала да ги возобновува конаците на манастирот Св. Богородица во месноста Заум на брегот на Охридското Езеро, без потребните дозволи за градба, затоа што се уште не бил донесен Детален урбанистички план за ова место кое е под заштита на државата како вредно културно наследство. Владиката Тимотеј не сака да го коментира случајот. Во телефонски разговор тој кусо одговори дека не чувствува потреба да објаснува нешто, затоа што црквата не гради ништо ново, туку само се обновува конакот кој некогаш постоел во Заум. Дозвола не била обезбедена затоа што не постои урбанистички план, но доставено е соодветно барање до надлежните институции, појасни г. Тимотеј. Тој додаде дека целта е да се заштити вредното духовно и културно богатство и дека конаците кои се обновуваат нема да се користат во комерцијални цели, туку исклучиво за црквата. Од Заводот и Музеј Охрид, кој го изработи идејниот проект за реконструкција на конаците во Заум, велат дека не е испочитувана законската процедура и не се исполнети потребните предуслови за добивање дозвола за градба. - За жал не е испочитуван законот во овој случај. Факт е дека тука постоел конак, заради тоа ние пред неколку години изработивме идеен проект за реконструкција на тој манастирски конак. Во меѓувреме почнавме со изработка на елаборат за ревитализација на манастирскиот простор и требаше да почнеме со изработка на заштитно конзерваторски основи за урбанизација на овој простор, всушност за вцртување на локација за конак. Сите овие предуслови треба да бидат исполнети за да може да се поднесе проект до Министерството за транспорт и врски за добивање одобрение за градба. Во моментов бидејќи просторот не е урбанизиран невозможно е да се побара одобрение за градба, постапката е во тек меѓутоа не е завршена за да може да се издаде одобрение и пристапи кон изградба на објектот.- изјави Тања Паскали Бунташеска – директор на Завод и музеј Охрид.
Таа рече дека градбата се изведува на предвиденото место, но надлежните не биле запознати дека истата е отпочната, за што се информирале од медиумите. Додаде дека изработениот проект за реконструкција на конаците е идејно решение и требало да се доработи со сите фази и врз основа на урбанизацијата којашто треба да се направи на просторот да се се издаде одобрение за градба. -Наша идеја беше постоечкиот ѕид во Заум да се сочува, конзервира и презентира, а самиот објект да се повлече за метар и половина и да се направи нов објект, со тоа што ќе бидат презентирани остатоците од стариот објект. Тоа не е спорно, единствено што е спорно е законската процедура според која треба да се добие одобрение за градба и да се отпочне со градба.-рече Паскали Бунташеска. Бидејќи се работи за заштитено подрачје, при изведба на градежни работи неопходен е надзор од страна на Завод и Музеј. -Согласно законските прописи веројатно Управата за заштита на културното наследство, поточно инспекциските служби ќе дојдат на лице место, ќе направат увид што е изградено и веројатно ќе го известат државниот градежен инспекторат, но се прават напори да се забрза процедурата, да се заврши потребниот елаборат во интерес да не дојде до уривање на објектот. - додаде Паскали Бунташеска. Во текот на минатата недела било поднесено барање за урбанизација на просторот до општината која треба да одлучи за евентуално нахнадно издавање на одобрение за градба. Од локалната самоуправа, исто така, најавија ќе биде извршен инспекциски надзор во Заум. - Ќе постапиме согласно законските можности и ингеренции. Тоа ќе зависи од инспекциските служби по надзорот кој го прават.-изјави Димитар Спасески – секретар на општина Охрид. Манастирот посветен на Св. Богородица во Заум датира од 14 век и до него се стигнува само по воден пат. Со оглед дека просторот не е урбанизиран, останува дилема дали и какво техничко решение е предвидено за прифаќање и пречистување на отпадните води од објектот кој се гради, како и за изградба на пропратната инфраструктура. Првичниот план предвидувал и хортикултурно уредување на поширокиот простор, но во фаза на идејно решение, па останува дилема какво ќе биде финалното решение, со оглед дека на терен градежните активности за обнова на конавите започнаа пред да биде донесен неопходниот урбанистички план. http://www.ohridnews.com/vesti/81049 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепско Зрзе
Со поддршка на Министерството за култура заврши реконструкцијата на манастирскиот комплекс „ Св. Преображение“ во село Зрзе, Прилепско. Согласно проектот за заштита на овој значаен споменик на културата изработен од стручните служби од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј –Прилеп беше извршена реконструкција и внатрешно уредување на Монашкиот конак во кој е предвидено да се смести работилницата за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство. Во монашкиот конак согласно проектот, беше реконструирана и магерницата. Исто така беа преземени активности и за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на кулата до влезната порта, како и делумна реконструкција на севео-источниот бедем. На крајот во рамки на завршните активности за заштита на манастирот „Свето преображение“ беше реализирана изведбата на Горна порта како и партерно уредување на целиот манастирски комплекс. ![]() ![]() Претходно на оваа локација беа спроведени големи археолошки истражувања, кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на IX век во бигорната карпа и ранохристијанска базилика од V век, што го определува Зрзе како културен центар уште од најраните пројави на христијанството на територијата на Република Македонија. Паралелно со реконструктивните зафати во состав на манастирскиот комплекс „Зрзе“, Јавното претпријатие за државни патишта го изгради и локалниот пат кој води до овој значаен културен и верски објект. http://cooltura.mk/arhitektura/zavrshi-rekonstrukcijata-na-manastirskiot-kompleks-sv-preobrazhenie-vo-prilepsko-zrze Edited by Џоле - 27-Feb-2015 at 20:24 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
ето земено еколошки добро интервенирале, но естетски па и духовно малку ја промашиле, најнапред заради класична наместо изворна градба од конак, а потем и лепенка до Црквата бар од туристички аспект не смееле да направат ваков зицер, иако и духовно се намалува вредноста со оглед дека конакот ја засенува Црквта во овој случај, и наместо главниот акцент кај визурата да отпаѓа на молитвата во случајов ќе оди на местото за починка, ајде и таму сигурно ќе имаат некој параклис па ето индиректно и ова би се искомпензирало сепак некои работи, во овој век и во денешни услови, просто немаат оправдување! |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Ова е за пофалба,пошто целиот материјал овде се носи по воден пат
|
||
![]() |
||
enigma ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 24-Feb-2015 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
|
Конаци-Заум-Охрид
1. 2. 3. 4. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
da |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Да Света Гора сигурно, нашите новинари место да се занимават со трите цркви кои им служат на 100 илјади граѓани, подобро е малку да се размрдаат и да одат до околните села во Скопје. Ако не им се оди далеку може и до Чаир да одат да пребројат колку џамии има за 50 илјади жители. Може да одат и до Гостивар и да ги бројат новоизградените џамии. Во струшко има село каде што има 3 куќи и 5 џамии. Може малку да испитат од каде се тие пари, дали џамиите се легални и слични многу поинтересни моменти. Но не тоа не е проблем не е ни интересно ТОП тема се трите цркви во Аеродром.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
„храмови“ и „света гора“
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
ОПШТИНА АЕРОДРОМ КАКО СВЕТА ГОРА
Општината не троши буџетски пари за изградба на цркви, но Аеродром е единствената општина во која за кусо време се изградиле толку верски храмови Општината Аеродром има три големи цркви и четири параклиси и засега тие се доволно, сметаат од МПЦ. Од Општината тврдат дека потребата од верски објекти е оправдана, бидејќи тие се преполни во саботите, неделите и за време на верските празници. Општината Аеродром се протега на површина од 2.000 хектари и има 100 илјади жители. Црквите се градат по нивно барање, па така е и со новата црква „Света Тројца“ за која пред еден месец беа ставени темели во населбата Мичурин. Надлежните велат дека Општината не ги гради црквите, туку само ги предвидува маркичките за нивна изградба и тука завршува нивната одговорност, особено што Општината не троши буџетски пари за изградба. Македонската православна црква е таа која го разгледува барањето на иницијативниот одбор кој поднесува барање за изградба на верски објект. Доколку МПЦ оцени дека е потребно да се гради црква, тогаш и позитивно се решава по предлогот. Сепак, се чини дека Аеродром е единствената скопска општина на чија територија се изградиле толку верски храмови за толку кратко време. Маркичката за последниот храм со години стоела вцртана во ДУП, но веројатно се чекало да се обезбедат пари или да се најде ктитор што ќе ја гради црквата. Во последниве години се изградени многу цркви во оваа општина. Во Долно Лисиче е изградена црквата „Свети Петар“, а во Горно Лисиче „Свети Петар и Павле“. Пред неколку години е изградена и црквата „Свети Илија“ спроти Поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром. Во изградба се црквата кај спортската сала „Јане Сандански“, потоа уште една кај Реонски центар кај дирекцијата на „Скопски пазар“ и сега „Света Тројца“ во Мичурин. „Аеродром почна да личи на Света Гора, толку многу цркви на мал простор сметам дека нема потреба. Живеам во ТЦ ’Скопјанка‘ и имам црква преку улица, а сега се уништува паркот пред мојата зграда за да се гради нова црква, на која веќе е ставен камен-темелник. Да не зборувам за тоа дека под прозорец ми поминуваат 60.000 возила, а сето тоа ми ја загадува животната средина. Колку само луѓе доаѓаат во Аеродром кога се случуваат спортски натпревари и сега таа бројка треба да се зголеми и со посетата на црквите. Тоа значи двојно повеќе автомобили. Затоа сметам дека премногу верски објекти се изградени на така мала територија“, вели Слободанка Костовска. „Откако ќе се формира иницијативен одбор од 50 луѓе, тие поднесуваат барање до МПЦ за изградба на црква. Доколку сметаме дека потребата на граѓаните е оправдана, тогаш решаваме позитивно по него. Всушност, можам да кажам дека во општината Аеродром има две поголеми цркви, едната е ’Свети Илија‘ и втората е ’Света Софија‘ кај поштата во населбата Лисиче. Третата е Руската црква кај салата МЗТ, додека сите други се мали цркви, параклиси. Тоа се сервисни цркви, каде што верниците можат само да запалат свеќи“, вели отец Бобан од МПЦ. Од МПЦ објаснуваат дека иницијативниот одбор се регистрира како правно лице, кое е должно да отвори жиро-сметка за донации за изградба на црква. Иако и Црквата учествува во изградбата на новите храмови, најголем дел од парите се обезбедуваат од донации. Така на пример, бизнисменот Ванчо Чифлиганец целосно ја „покри“ изградбата на црквата „Свети Петар“. Познатиот руски спортски работник во Македонија, Сергеј Самсоненко, ја гради Руската црква кај салата МЗТ. Отец Бобан смета дека засега три големи цркви и четири параклиси се доволни да ги опслужуваат аеродромци. Храмовите се исклучиво градени за верски цели и по барање на граѓаните. http://www.utrinski.mk/?ItemID=2632345E7CDB1F48941076BACDF5291A |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Македонска православна црква во Мала Преспа, т.е. Општина Пустец
Направена од самите раце на Македонците коишто живеат во тој дел на Македонија. ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Да, и тоа не е единствена во земјава. Една веќе се гради во Аеродром (кај спортската сала Јане Сандански), а има и една дрвена црква во руски стил во самиот Бигорски манастир која, ако не грешам, беше прва изградена лани или преклани.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Прекрасна црква. Дали е правена во руски стил? |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
41.402438, 20.570003
Edited by gjoko - 24-Jan-2015 at 03:15 |
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
Does anyone know where exactly this is located?
Во посета на Бигорскиот метох посветен на Соборот на Светиот Архангел Гаврил ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Света Богородица, Мавровско езеро
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Најстарата црква во централното градско подрачје
Црквата Свети Спас, која се наоѓа која се наоѓа источно од тврдината Кале е најстара црква во централното градско подрачје. Според стуручната литература таа била подиганта кон крајот на седуманесетиот или во почетокот на осумнаесетиот век, по пожарот од 1689 година, во кој изгорел поголемиот дел од градот. Ако во минатото била свето место каде што старите Скопјани се собирале на утрински литургии, каде што свештениците ги извршувале Светите тајни, каде што се палале свеќи за здравје и спасениe и за покој на душите на починатите, денес таа е Музеј, во кој можете да влезете само за да го разгледате преубавиот иконостас. ![]() повеќе на:http://vecer.mk/skopska/najstarata-crkva-vo-centralnoto-gradsko-podrachje |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ФОТО-ГАЛЕРИЈА Црквата Света Недела на Кањонот Матка зрачи со својата божествена убавина и во зима!
Објавено на 06 јануари 2015, 15:45 СПОДЕЛИ: 0 0 0 Света Недела е средновековековен православен христијански храм во урнатини, сместен високо во кањонот Матка во месноста Марков Град од левата страна на реката Треска. Оваа црква се смета дека е изградена во XIII или XIV век, истовремено со изградбата на блиските околни цркви и манастири Свети Никола Шишевски (од спротива), Свети Андреја (југо-источно во долот), Свети Спас (непосредно северно) и Манастирот Успение на Пресвета Богородица. Црквата Света Недела е мала, еднокорабна, куполна црква за што сведочат остатоците од сводовите на некогашната купола. Изградена е од кршен камен, делкан локален камен – варовник и керамички материјал. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() За Се |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |