Author |
Topic Search Topic Options
|
Б.Ѓ.Т
Senior Member
Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
|
Quote Reply
#4061 Posted: 07-Dec-2008 at 00:54 |
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ВЛОЖУВА ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Аларова крие 19 споменици
Општина
Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари или
околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја, кои се дотации од
Министерството за култура. Од Министерството велат дека се и
Општина Центар не сака да каже како ги троши деветте милиони евра што
ги доби од Министерство за култура за подигање спомен-обележја.
Со ребалансот на буџетот што Советот на Општината го усвои минатиот
месец, Центар до крајот на годинава треба да потроши 530 милиони денари
или околу девет милиони евра за подигање спомен-обележја. Тогаш беше
кажано дека овие средства се дотации од Министерството за култура, на
чија иницијатива ќе се подигаат најголемиот број од спомениците, и дека
ако не се потрошат оваа година, ќе останат за следната.
Од Министерството за култура велат дека се изненадени зошто Општината
одбива да каже до каде е постапката за изработка на спомениците.
"Ние дадовме само иницијатива и средства за подигање на спомениците, а
реализацијата оди преку Општина Центар. Принципот на нашето
министерство е транспарентно работење и за сето она што досега сме го
реализирале навреме ја известивме јавноста. Зошто Општината не кажува
до каде е изработката на спомениците, не би можеле да кажеме", велат од
кабинетот на министерката за култура Елизабета Канчевска-Милеска.
Надлежните во оваа скопска општина одбиваат да одговорат колку
споменици ќе градат, каде точно ќе ги постават, кога и кој ги
изработува. Локалните власти од Центар не сакаат да кажат колку ќе чини
изработката на секој споменик одделно, ниту, пак, колкав е хонорарот на
членовите на Одборот за подигање на спомен-обележјата, кој има
идентичен состав за повеќето споменици.
Градоначалничката на Центар Виолета Аларова одбива да разговара со
новинарите на "Вест", а од нејзиниот кабинет се правдаа дека за
спомениците може да каже само одборот за нивно подигање и не упатија да
ги бараме потребните информации на веб-страницата на Општината.
Претседателот на Одборот за подигање спомен-обележја и советник во
Советот на Центар од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Богевски одби да зборува за
спомениците, со објаснување дека информациите треба да ги бараме од
Лидија Неделковска, шефица на кабинетот на Аларова.
Центар досега не ги објави резултатите од распишаните конкурси за
идејно решение за спомениците, ниту, пак, направи јавна презентација на
избраните трудови, иако е должна да го направи тоа согласно со Законот
за меморијални споменици и спомен-обележја.
***
Кој се ќе добие споменик во Центар
На Интернет-страницата на Општина Центар се објавени само одлуките на
Советот за подигање на спомениците, но не и извештаите до каде е
нивната реализација. Според овие податоци, Советот на Центар од 2006
година досега донесол одлуки за подигање на 19 спомен-обележја во
строгиот центар на Скопје. Треба да им се подигнат споменици на:
Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, македонскиот ајдутски
арамбаша Карпош, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Методија
Андонов-Ченто, Цар Самоил, гемиџиите, свети Климент и Наум Охридски,
свети Кирил и Методиј, Цар Јустинијан Први, украинскиот поет Тарас
Шевченко. Центар треба да подигне спомен-обележја и за Првото заседание
на АСНОМ, на основачите на Македонската револуционерна организација, на
паднатите херои за Македонија, на загинатите пилоти од мисијата АЛТЕА
во Босна, на македонските бранители и спомен-обележје на воин. Центар
пред две години распиша конкурс за идејно решение за четири скулптури
на лавови, кои треба да ги постави од двете страни на мостот Гоце
Делчев.
Од сите овие најавени споменици, досега се подигнати само две
спомен-обележја, иако за некои одлуките и конкурсите се донесени и
распишани уште во 2006 и 2007 година. Така, на оградата на Камениот
мост Општината постави спомен-плоча на македонскиот ајдутски арамбаша
Карпош, а на плоштадот Пела, пред управната зграда на ГП "Пелагонија",
подигна бронзена биста на Крсте Петков Мисирков од академскиот вајар
Боро Митриќески.
***
Споменикот на Александар Македонски - најстрого чувана тајна
Центар две години молчи за споменикот на Александар Македонски што
треба да биде поставен во центарот на плоштадот Македонија. Иако
Советот на Општина Центар ја донесе одлуката за подигање споменик на
Александар Македонски во ноември 2006 година, а лани во март беше
распишан меѓународен конкурс, локалните власти досега не дадоа
официјална информација за подигање на овој споменик. Не кажаа колку
трудови пристигнале на конкурсот, чие дело е избрано, дали се
изработува споменикот, ниту кога ќе го постават на плоштадот. Општината
не направи презентација на наградените трудови, иако законски е должна
да ги изложи.
Според меѓународниот конкурс, Општината бараше идејно решение за
фонтана и за скулптура на Александар Македонски качен на коњ. Ниту
градоначалничката Аларова, ниту претседателот на Комисијата за
меѓународниот конкурс и претседавач на Советот на Општина Центар
Владимир Здравев сакаат да кажат до каде е изработката на споменикот.
Префрлајќи ја одговорноста за информирање на јавноста еден на друг, тие
речиси две години успеваат да го скријат Александар Македонски.
Но, како што веќе пишуваше "Вест", неофицијално се зборува дека
споменикот на Александар Македонски се крие во Италија и дека се прави
по идејно решение на млада вајарка од Скопје. Според овие неофицијални
информации од дипломатски и од уметнички кругови, споменикот се прави
од бронза, ќе биде висок 15 метри и се лие во Италија. Фонтаната, пак,
се прави од мермер и неа ја работи една домашна градежна фирма.
***
Никола Карев пред Парламентот, а Гоце и Даме до Камениот мост
Центар треба да го подигне споменикот на претседателот на Крушевската
република Никола Карев пред Парламентот, а спомениците на Гоце Делчев и
на Даме Груев од двете страни на Камениот мост, во делот до плоштадот
Македонија. Општината ги донесе одлуките за подигање на овие споменици
лани во декември, а, според нив, спомен-обележјата треба да бидат
уметнички скулптури. Нема никаква информација и за овие
спомен-обележја, односно Општината не кажува дали се распишани
конкурси, кој го добил правото да ги прави спомениците, колку ќе бидат
високи и кога ќе ги постават.
***
Цар Самоил пред "Тренд", а Ченто - кај "Фуфо"
Општинарите треба да го подигнат спомен-обележјето на Методија
Андонов-Ченто на аголот меѓу улицата Македонија и пешачкиот дел од
улицата 11 Октомври ориентиран кон плоштадот, односно непосредно до
ресторанот "Дал мет фу". Цар Самоил, пак, треба да добие споменик на
аголот од улиците Максим Горки и Никола Вапцаров ориентиран кон
плоштадот Македонија, односно непосредно пред кафулето "Тренд". Советот
ги донесе одлуките за подигање на спомениците во март годинава и,
според нив, тие треба да бидат уметнички скулптури. И за овие споменици
нема никаква информација до каде е постапката за нивна изработка.
***
Споменик на Карпош - од левата страна на Камениот мост
Општината треба да го постави споменикот на Карпош на левата страна од
Вардар, на долната зона на примостието на Камениот мост, а одлуката за
негово подигање е донесена во јуни годинава. Скулпторот Војдан Запров
ја доби првата награда од 400.000 денари на конкурсот за изработка на
споменик на македонскиот ајдутски водач Карпош. Одборот за подигање на
спомен-обележјето му ја додели втората награда од 250.000 денари на
Слободан Милошевски, а третата награда од 150.000 денари на Ѓорѓи
Димовски. На конкурсот за идејно решение пристигнале вкупно 14 трудови,
а Општината ќе ги откупи трудовите на Ангел Коруновски и на Роза
Павлеска со 60.000 денари. На останатите учесници на конкурсот ќе им
подели 100.000 денари.
Овој извештај беше ставен на дневниот ред на претпоследната седница на
Советот на Општина Центар, но точката беше повлечена и Советот ќе
расправа за неа на наредната седница закажана за овој месец.
***
Гемиџиите ќе бидат дело на Ангел Коруновски од Велес
Општина Центар треба да го постави спомен-обележјето на гемиџиите од
десната страна на реката Вардар, на долната зона на примостието на
Камениот мост од левата страна гледано кон плоштадот Карпошово
востание.
Според извештајот на Одборот за подигање на споменикот, кој беше усвоен
на претпоследната седница на Советот, на конкурсот за идејно решение
пристигнале 11 трудови, а првата награда од 400.000 денари му е
доделена на скулпторот Ангел Коруновски од Велес. Втората награда од
250.000 денари на Сокол Цварки, а третата од 150.000 денари на
Александар Ивановски-Карадаре. Општината ќе ги откупи трудовите на
Синиша Новески и на Горан Стаменков со по 60.000 денари, а на
останатите учесници на конкурсот ќе им подели 100.000 денари.
Општината ја донесе одлуката за подигање на овој споменик во јуни
годинава, а кога Советот на Центар го разгледуваше извештајот на
Одборот, не беше кажано ниту колкави ќе бидат димензиите, ниту од каков
материјал ќе се прави, ниту, пак, беше покажана фотографија од
наградениот труд.
***
За споменикот на воин нема прва награда
Општината во јули годинава одлучи на левата страна од реката Вардар, на
плоштадот Карпошово востание пред објектот "Ибни Пајко", да постави
спомен-обележје на воин. Одборот за подигање на оваа уметничка
скулптура, како што беше кажано на претпоследната седница на Советот на
Центар, одлучил да не додели прва награда, од 11 пристигнати трудови,
бидејќи ниту еден во целост не ги задоволувал условите од конкурсот.
Одборот и ја доделил втората награда од 250.000 денари на вајарката
Валентина Стевановска, а третата награда од 150.000 денари - на
уметникот Жарко Башевски. Општината ќе ги откупи трудовите од Дарко
Дуковски и од Слободан Милошевски со по 60.000 денари, а на останатите
учесници ќе им подели по 100.000 денари.
На седницата, членовите на Одборот за подигање на споменикот рекоа дека
второнаградената Валентина Стевановска ќе може да ја работи скулптурата
на воин ако го приспособи трудот на нивните забелешки. Оттогаш нема
информација дали вајарката Стевановска ќе го прави споменикот на воин
или Општината ќе распише нов конкурс.
***
Паско Кузман: Спомениците во Центар нема да бидат дивоградби
Според Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, локалната
власт може да подига само спомен-обележја, односно бисти, скулптури,
плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела со кои се
одбележуваат личности од локално значење. На личностите, пак, што имале
исклучително значење за развојот на државноста на Република Македонија
и за нејзиниот државотворно-правен континуитет, според овој закон, им
се подигаат меморијални споменици, за чие подигање одлуките може да ги
носи исклучиво Парламентот и тој да ја спроведе постапката за нивна
изработка и поставување.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство на
Македонија Паско Кузман, кој е и член на Одборот за подигање на
спомен-обележјата во Центар, на прашањето дали овие спомен-обележја го
кршат Законот за меморијални споменици и дали ќе бидат дивоградби,
бидејќи личностите кои ќе се одбележуваат со нив немаат само локално
значење, одговори дека тие се покриени со сите документи.
"Ниту еден споменик во Центар нема да биде дивоградба, бидејќи сите се
покриени со потребните документи и одобренија. Овие споменици нема да
бидат ставени под заштита како споменици на културата", рече Кузман.
Слична состојба со одбележување на ликот и делото на Скендер-бег имаше
пред две години, кога Општина Чаир, без одлука од Парламентот и без
консултација со Градот, му подигна споменик на овој албански државник
во Старата скопска чаршија. Тогаш директорот на Управата за заштита на
културното наследство Кузман, како и неговиот претходник Јован Ристов,
тврдеа дека Чаир го крши Законот за меморијални споменици, бидејќи
подига меморијален споменик на личност која нема само локално значење.
Но, и покрај овие тврдења, актуелната власт присуствуваше на свеченото
откривање на споменикот, кој досега никој не го урна, ниту, пак, се
побара одговорност од Општината.
"Тогаш многу јасно кажав дека одлуката да остане споменикот на
Скендер-бег беше чисто политичка, а за нас, како Управа, беше оправдано
тоа што споменикот е на самата граница на контактната зона на
Чаршијата, која е под заштита", рече Кузман.
***
Градот бара Општина Центар да ги почитува законите
Скопскиот градоначалник Трифун Костовски пред една година ја повика
Општина Центар да го почитува Законот за меморијални споменици и
спомен-обележја и законите за урбанистички планирања и градба. Тој и
забележа на Општината дека спротивно на Законот за меморијални
споменици и спомен-обележја донесла одлуки за подигање споменици на
значајни личности од македонската историја, иако само Парламентот може
да подига споменици за нив. Костовски смета дека со овие одлуки Центар
директно се меша во ингеренциите на Градот, бидејќи воопшто не го
консултирала при нивното носење.
Од кабинетот на градоначалникот Костовски велат дека досега ништо не е
променето и покрај инсистирањето на Градот Општина Центар да ги
почитува законските прописи.
Елица Ангеловска
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=160584&idg=8&idb=2543&rubrika=Revija |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#4062 Posted: 06-Nov-2008 at 09:58 |
Четири нови споменици ќе никнат во Центар
Дозвола треба да добијат спомен-обележјата на паднатите херои, на основачите на македонската револуционерна борба, на Првото заседание на АСНОМ и на Тарас Шевченко
 Центар не го исчисти Споменикот на децата-бегалци во Паркот на жената-борец, а носи одлуки за изградба на десетина нови
Општината Центар со уште четири спомен-обележја ќе ја прошири планираната изградба и тоа во Паркот на жената-борец. Советот на Општината денеска треба да даде зелено светло за спомен-обележје на паднатите херои за Македонија, на основачите на македонската револуционерна борба, за Првото заседание на АСНОМ, како и за Тарас Шевченко.
Споменикот на големиот украински поет е веќе изработен. Бронзената биста на постаментот е дело на академик Томе Серафимовски, донација од Министерството за култура и туризам на Украина. Останатите спомен-обележја ќе бидат уметнички архитектонски дела според опис и содржина што ќе ги определи Одборот, именуван од Општината Центар. Парите за реализација, како и за чувањето и одржувањето дополнително ќе бидат одредени од буџетот на Општината.
Претходно, Општината реши да подигне спомен-обележја за Цар Самуил (меѓу улиците Максим Горки и Никола Вапцаров), и за Методија Андонов Ченто (на аголот меѓу улиците Македонија и 11 Октомври). Веќе е објавен и конкурс за изработка на идеен проект за споменик на свети Климент и Наум Охридски, планиран за левиот брег на реката Вардар, во примостието на Камениот мост. Спомен-обележјето ќе чини 20 милиони денари, ќе се постави на постамент и ќе биде од материјал што ќе се вклопува во архитектонскиот простор. Обележја ќе добијат и македонските револуционери Гоце Делчев и Даме Груев, а ќе се работат според првонаградениот идеен проект на авторот Жарко Башевски, скулптор од Скопје. Тие ќе се постават на просторот пред Камениот мост, од страната на плоштадот и ќе чинат 8 милиони денари.
И Никола Карев ќе добие спомен-обележје, кое ќе се прави според идејното решение на авторот Богоја Анѓелковски, скулптор од Скопје. Ќе биде поставено пред Собранието на Македонија и ќе чини 5 милиони денари. Станува збор за коњаничка скулптура. На левиот брег на реката Вардар, во близината на зградата „Ибни Пајко“, на плоштадот што го носи неговото име, ќе биде поставен споменикот на македонскиот ајдутски водач Карпош, кој ќе се работи според идејниот проект на скулпторот Војдан Запров од Скопје. Спомен-обележјето на гемиџиите ќе се прави по идејното решение на скулпторот Ангел Коруновски од Велес. Локацијата допрва ќе се одредува. Одборот не доделил прва награда, туку втора, и тоа на авторот Валентина Стевановска, во износ од 250.000 денари и трета награда на идејното решение на авторот Жарко Башевски, во износ од 150.000 денари.
На десната страна на Вардар, покрај Камениот мост, предвидено е спомен-обележје на Јустинијан Први. Одборот за идејното решение не доделил прва награда, туку втора на авторот Роза Павлеска (200.000 денари) и трета - на авторот Наташа Божаров (100.000 денари). Второнаградениот труд е седечка фигура која симболизира грациозност, кралска мудрост и храброст.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1ADF58964BE324418EA3396931E52286
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#4063 Posted: 04-Nov-2008 at 23:11 |
Итар Пејо Според мене најубавиот споменик во Прилеп
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4064 Posted: 31-Oct-2008 at 21:07 |
Дечки многу побрзи сте од мене ја една слика да подигнам а вие три нови поста.
Еве да одговорам она што го знам, лавовите се нешто малку поголеми од старност, (што за мене е во ред да се добие таа почит во овој случај на снагата), и нормално постоље со рељев на сите четири страни.
Кога сме кај големината, еден пример за мене на лоша пропорција на еден великан е на плоштадот Пела, буквално делува ко некое човече
штета немам слика
Edited by Vladimir P - 31-Oct-2008 at 21:08
|
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4065 Posted: 31-Oct-2008 at 20:53 |
Те молам длабоко извини ако те навредив.Но некако почна да ми смета да на се гледаме негативно и дека тамо некој нешто мува, и тие биле .... дај да видиме што е и што ни треба Само едно ретро, да си спомнете за крстот на водно, какви се негативни дискусии беа, оној овој добил мувал ... па сега стана препознатлив дел од обележјето на Скопје. А најсреќен сум кога дознавам дека некој млади добиле некој проект, и сигурен сум дека ќе внесат нешто ново, или полека ќе ја сменат оваа веќе мувлосана гарнитура на скулптори. Еве еден пример на кој стално се ежам а никој ништо нема кажано, бидејќи е од еден наш еминентен скулптор.  за мене ова треба на циганите да им го дадеме да го стопат, а ако и дечкиве со лововите „утнат“ ќе ги претопиме  но барем добиле шанса
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4066 Posted: 31-Oct-2008 at 20:40 |
 Тоа дали нешто има логика е едно, а дали има потенцијал да се случи е друго. Многу понелогични работи ни се случија, така да не можам да бидам мирен кога ќе слушнам вакви работи - одма ми се буди сомнеж дека ќе се случи најлошото можно решение. Едноставно искуството ми ја уби дури и онаа не толку голема доверба дека вакви работи се прават внимателно и осмислено. Кога разноразни Вангели завладеаја, што друго ми останува? Од таму потекнува негативноста за која ме прашуваше Владимир. Оваа „екипа“ што го преврте градов наопаку не заслужила ништо друго освен крајна негативност и анимозитет.
Edited by Cloverstack - 31-Oct-2008 at 20:43
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#4067 Posted: 31-Oct-2008 at 20:36 |
кло нема логика да се на пиедестал од 15м зошто ќе го кријат цел простор отаде вардар, сигурно ќе има некаков пиедестал колку за да не се пентарат понив улични акробати. ако ништо друго и онака го осакатија мост со реконструкцијата па бар вака овие споменици нешто ќе замаскираат...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4068 Posted: 31-Oct-2008 at 20:27 |
Владимир јас се извинувам - се изназборев а дури сега приметив дека си нагласил дека спомениците нема да бидат 15м (ваљда сакаше да кажеш дека нема да бидат невкусно доминантни).
Но останува прашањето колкави ќе бидат? Имаш ли таква информација зошто изгледа дека оваа информација ти е од прва рака.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4069 Posted: 31-Oct-2008 at 20:08 |
Originally posted by Vladimir P
Е, немој да помислам дека не си излегол подалеку од Ск и не си погледал барем некој мост во некој од градовите на кој стално се повикуваме и во овој форум.
Од каде е таа негативнос, без барем со површна анализа ?
|
Што ќе помислиш е твоја работа, но мене ми е преку глава од такви компарации и погрешни аналогии. Едноставно кажано не се сите мостови исти. Камениот мост си има свој архитектонски контекст - дури и некакви ниски скулптури на лавови не би биле баш најсреќно решение, а не некакви доминирачки егзибиции поставени на огромни основи, кои би ја искарикирале дури и препознатливата силуета на мостот, која е симбол на овој град. Негативноста ми е од тоа што неписмени луѓе завладеаја и почнаа да насадуваат се и сешто низ градов и државава, само не тоа што навистина би требало/прилегало. Меѓудругото ете и плоштадот го испланираа како изложба цел контингент споменици, без концепт и јасна поврзаност. И сега треба да верувам дека така културно ќе се издигнеме ли што?
Edited by Cloverstack - 31-Oct-2008 at 20:21
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#4070 Posted: 31-Oct-2008 at 19:22 |
еве еден пример во Љубљана имаат ламји на dragon bridge(змајски мост) по што и биле наречени словенците Змајчеки  шала на страна, мостот е дел од плоштадот па ова би требало да биде една целина со споменикот(во дискусијава), но колку ова држи вода незнам пред се бидејќи се наќити плоштадот со деловни центри и стоковни куќи па сето ова со споменикот и лавовите ќе биде некој уникатен кросовер од арт нуво, византиска, постмодерна и футуристичка архитектура...
Edited by beTon - 31-Oct-2008 at 19:30
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4071 Posted: 31-Oct-2008 at 18:55 |
Originally posted by Cloverstack
Лавовите ќе одговараат колку што одговарале и коњаниците 
Мада муабетов не е за тука, тие работи ги разглабаме во општата нишка за споменици...
|
Е, немој да помислам дека не си излегол подалеку од Ск и не си погледал барем некој мост во некој од градовите на кој стално се повикуваме и во овој форум. Од каде е таа негативнос, без барем со површна анализа ?
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4072 Posted: 31-Oct-2008 at 18:53 |
Лавовите ќе одговараат колку што одговарале и коњаниците  Мада муабетов не е за тука, тие работи ги разглабаме во општата нишка за споменици...
Edited by Cloverstack - 31-Oct-2008 at 20:12
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4073 Posted: 31-Oct-2008 at 18:52 |
Е ова се надевам ќе делува добро, два лава на влезот на камени мост на местото каде некогаш беа поставени конјаниците од времето на српската окупација на Скопје. Ќе бидат изработени од бронза од два млади скулптори за кој верувам дека ке изработат нешто стварно за доживување. Иначе изработката е во тек, и верувам мостот ќе добие една целина П.С. Смомениците нема да бидат 15 м  А оваја слика е сигурно инспирација за 15м-скиот коњаник
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4074 Posted: 29-Oct-2008 at 04:57 |
Земјотресот не беше во 6,17 часот!

Од Музејот на Скопје не забележале дека е поместена стрелката. Допрва ќе испитуваат за интервенција
Деспина Трајковска
Наместо 5,17 часот, мигот кога Скопје беше погодено од катастрофален
земјотрес во 1963 година, денес часовникот на Музејот на град Скопје
покажува еден час повеќе. Малата стрелка на часовникот, од засега
непознати причини, некако се поместила, па сега покажува 6,17 часот,
како во тој момент да застана сметањето на времето.
Еден од
најголемите симболи на градот веќе извесен период како да е заборавен
од сите. Споменик на културата, по се' изгледа, е само на хартија, оти
никој досега не интервенирал да го наштелува часовникот на кој едната
стрелка, очигледно од забот на времето, сама се помрднала. Ова е само
уште еден пример за негрижата на надлежните за спомениците и за
културното наследство. Недозволиво е часовникот и, воопшто, Музејот да
се заштитени објекти само на хартија. Наместо да претставува паметник
на денот кој остана врежан кај илјадници скопјани, времето кое сега
може да се прочита од часовникот некого ќе доведе во заблуда. И тоа
само поради нечија неажурност, незаинтересираност, неодговорност или од
некоја друга причина.

Јован
Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје, не забележал оти
часовникот не го покажува „точното“ време. Иако секојдневно минува
оттука и влегува во објектот, не регистрирал драстично поместување на
едната стрелка. Сепак, признава дека има мали промени.
„Да,
стрелката малку е падната кон шест, но не е толку страшно. Во секој
случај, ќе провериме на што се должи тоа и ќе интервенираме, доколку е
можно, часовникот да се врати на точно 5 часот и 17 минути“, ни изјави
вчера Шурбановски, кој има сознанија дека часовникот воопшто не е
чепнат откако бил реконструиран објектот по земјотресот. Единствено во
2000 година била префарбана неговата метална конструкција. Има ли и на
каков механизам воопшто опстојува часовникот, директорот на музејот не
може да каже со сигурност.
„Не знам. Мислам дека има некои
остатоци од механизмот кој овозможувал часовникот да свети, пред да се
случи земјотресот“, додава Шурбановски, кој најави дека веднаш ќе го
испита случајот и можностите за евентуалните интервенции.
Инаку,
веќе извесен период ангажирани проектантски куќи и независни архитекти
работат на изготвување проект за темелна реконструкција на објектот на
Музејот. Тоа, посочува директорот, е неопходно да се реализира во скоро
време, бидејќи капацитетите на зградата не можат во целост да одговорат
на потребите на субјектите сместени во него.
„Се' уште ништо не
е конкретно договорено. Битно е дека се работи на проектот. Сепак, се
надевам дека државата ќе пројави интерес финансиски да помогне,
бидејќи, сепак, Музејот и сето она што се чува во него е културно
наследство и е сопственост на државата“, смета Шурбановски.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=2EFEC8A9382EB74794AADCF7B79067CC |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4075 Posted: 19-Oct-2008 at 15:12 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4076 Posted: 11-Oct-2008 at 03:51 |
ВАЈАРОТ АНГЕЛЕ НАЦЕВСКИ РАЗОЧАРАН ОД ИГРИТЕ НА ОПШТИНИТЕ
Конкурсите за споменици се голема лага
Иако учествувал на голем број конкурси, не добил официјално известување за резултатите од конкурсот од ниту едно место

Државата ги стави уметниците под нозе. Ваков е ставот на академскиот
вајар Ангеле Нацевски, кој последниве години речиси и да нема конкурс
за скулптура или за споменик во Македонија на кој не се јавил, но место
ангажман и можност да покаже што знае, од секаде добил само понижување
и потценување на трудот.
Иако учествувал на голем број конкурси, не добил официјално известување
за резултатите од конкурсот од ниту едно место. Дознавал дека е избрано
некое дело откако колегите ќе му честитале некому. Или, пак, се
случувало уште полошо - да дознае дека конкурсот завршил дури откако ќе
забележал дека скулптурата или споменикот е веќе поставен. Иако трошел
многу пари за да ги изработи макетите, многу дела не му се вратени, а
оние што му се вратени ги добил назад искршени, оштетени и
неупотребливи.
Нацески е најреволтиран од непрофесионалниот однос на Општина Битола.
Учествувал на ланскиот конкурс на Општина Битола за изработка на
споменик на Филип Втори, а учествувал со свое дело и на конкурсот од
2006 година за споменик на бранителите.
"Не ми беше верно дека не приватник, туку државата може да се однесува
вака со уметниците. Конкурсите за споменици, скулптури, бисти... се
само нешто што треба да се објави во весник. Општините не држат до ниту
еден услов што самите бараат да биде исполнет во конкурсот. Ние
почитуваме се, а тие си дозволуваат да ги добиеме делата, кога ќе решат
да ни ги вратат, искршени и уништени. Макетата за споменикот на
бранителите во Битола ми ја вратија, замислете - без глава. Којзнае
како ја транспортирале. Не ми е јасно како може општина, јавна
институција да има ваков однос", се жали вајарот.
Вајарот Нацевски вели дека единствената позитивна работа од овој
конкурс што општинарите имале доблест да ја направат е тоа што барем го
известиле дека неговиот труд не е награден и го обесштетиле со 250
евра. За разлика од тој конкурс, се уште чека известување од оној за
Филип Втори во Битола, иако е од лани. Од пријатели дознал дека
Општината веќе избрала некого да го работи споменикот. Тоа не го
изненадило, но е револтиран поради тоа што не го добил делото назад.
"Макетата е фигура на Филип Втори на коњ и одделно портрет на Филип
Втори. Коњичката фигура е гипсена макета висока еден метар. Не само што
се вложив себеси како уметник во неа туку и изработката не беше евтина.
Особено беше тешко да се снајдам околу транспортот. Правев посебен
сандак, кој го обложив за да не ја оштетам макетата и со ноќи не спиев
за се да излезе како што треба. Работата беше килава уште на почетокот
кога им го однесов делото, бидејќи сандакот што го правев специјално за
транспорт на макетата уште тој ден го видов искршен пред подрумот. Не
ми беше јасно зошто не го зачувале, бидејќи може да се случи да треба
да ми го вратат, но, очигледно, уште тогаш знаеле дека само фиктивно ни
ги земаат делата", вели Нацевски.
Откако слушнал дека конкурсот завршил, а не го известиле, ниту му го
вратиле делото, отишол сам да си го бара. Но место на одговори и на
соработка наишол на мувлосан подрум во кој се чувале делата со ширум
отворена врата и без чувар. Не успеал да ги најде своите дела меѓу
многуте искршени и расфрлани макети.
Тој ги барал и парите, кои секој оној што сака да учествува на
конкурсот за да ги добие конкурсните услови мора да ги уплати. Тие пари
треба да им се вратат на уметниците во моментот кога ќе добијат потврда
дека делото им е примено на конкурсот.
"Ми велат дека тие 3.000 денари што ги уплатив за конкурсот заталкале
некаде во банка. Сто пати се јавив во Општината, само ме маткаа
наваму-натаму. Никој не ми даде информација, ниту како да си ги вратам
парите, ниту, пак, каде ми се коњаникот и портретот Филип Втори. На
овој конкурс стоеше дека сите учесници ќе бидат обесштетени со по 250
евра, но кога не успеаја да ми го вратат делото, воопшто не се надевам
дека ќе ме обесштетат", вели Нацевски.
Тој има исто искуство и со Општина Центар. Меѓу другите, учествувал и
на конкурсот за споменик на Александар Македонски на плоштадот
Македонија во Скопје. Чека резултати и од овој конкурс веќе втора
година. Ништо не му кажувале во Општината, но исто како и за
спомениците во Битола, дознал од пријатели дека општинарите дале некоја
девојка која учествувала на конкурсот, но без макета, да го работи
споменикот. Нацевски вели дека се зборува во вајарските кругови дека
споменикот на Александар веќе се изработува.
"Во Општина Центар се е во завиена форма, прикриено. Никој јасно и
гласно не сака да каже дека конкурсот е завршен, иако на сите им е
јасно тоа, бидејќи ниту еден конкурс за споменик не трае две години и
сите рокови се одамна пречекорени", револтиран е Нацевски.
Нацевски вели дека единствениот конкурс кој отпочеток докрај бил
доследно спроведен е оној за споменикот на Скендер-бег поставен на
почетокот од Старата чаршија.
"У симнувам капа на Општина Чаир за Скендер-бег. Се беше транспарентно.
Во секој момент уметниците знаеја до каде е конкурсот, Општината имаше
лица задолжени да даваат објаснувања. Доделија и награди, а најважно од
се е тоа што направија изложба на сите пристигнати трудови, па секој
можеше да види што било понудено, а што избрано", вели вајарот Нацевски.
Од Општина Центар никој не сака да каже зошто не направиле изложба со
пристигнатите трудови за споменикот на Александар Македонски. Ниту,
пак, некој сака да ги каже резултатите од конкурсот, односно кој треба
да го прави споменикот, кога ќе го постави, дали има рокови и слично.
Претседателот на Комисијата за подигање на споменикот Владимир Здравев,
кој е и претседавач со Советот на Општина Центар, на секое прашање за
споменикот на Александар Македонски вели дека нема време да даде
одговори. Општинарите, пак, не сакаат да даваат изјави за споменикот
нагласувајќи дека единствено Здравев е надлежен и за изјавите.
И од Општина Битола не одговараат на обвинувањата од вајарот Нацевски.
Општинарите кажуваат дека "едноставно, сите конкурси што се распишани
се доследно спроведени докрај".
Но и покрај доследно спроведените конкурси, се уште нема споменици.
Предвидено е споменикот на бранителите во Битола да биде поставен во
паркот кај Саат кулата. Иако конкурсот е од 2006 година, се уште нема
споменик. Во Битола нема споменик ниту на Филип Втори, а и Скопје не го
доби споменикот на Александар Македонски на плоштадот Македонија.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=158116&idg=8&idb=2496&rubrika=Revija |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4077 Posted: 10-Oct-2008 at 23:26 |
Originally posted by pbanks
свирачите беше еден од најубавите споменици во Скопје . Се надевам дека ќе се обнови.
|
Во потполнос се сложувам, за разлика од некој морбидни и перверзни споменици кој скоро ги поставива, од некој наши „големи“ стари вајари.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4078 Posted: 10-Oct-2008 at 23:19 |
свирачите беше еден од најубавите споменици во Скопје  . Се надевам дека ќе се обнови.
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4079 Posted: 10-Oct-2008 at 20:57 |
И нешто без коментар
|
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#4080 Posted: 10-Oct-2008 at 20:51 |
Само да ја допунам серијата како се крадеа СВИРАЧИТЕ еден по еден, а никој не реагираше
|
|
 |