Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4081 Posted: 10-Oct-2008 at 09:17 |
Нови скулптури во Скопје, старите ги нема
Односот кон уметноста е мерка за цивилизациското рамниште на еден народ, а ако граѓаните уништиле десет скулптури, треба да поставиме 100 нови зашто со време тие ќе се навикнат да гледаат уметност, вели кустосот Златко Теодосиевски
 Скулптурата
„Музиканти“ кусо време го украсуваше и развеселуваше просторот пред
поранешната Балканска банка во центарот на Скопје
Колку граѓаните на Скопје може да „поднесат“ уметност? Дали им се
потребни четириесетина нови скулптури и дали ќе знаат да се грижат за
нив, или барем да се воздржат да не ги уништуваат?
Проектот на
Министерството за култура во Скопје да постави неколку десетици
скулптури, провоцира и вакви прашања. Оштетувања и кражби на скулптури
во градот не е новост. „Немили“ настани се случиле неколкупати.
Монументалната скулптура „Реквием“, дело на рускиот уметник Григориј
Потоцки, беше украдена од Музејот на современата уметност, а од
„Музикантите“ на Благоја Чушков, близу плоштадот остана само камениот
постамент. Уличните свирачи одамна ги нема.

И во двата случаја не беа крадени уметничките дела. Цел на кражбите
беше бронзата од која беа изработени скулптурите.Дали идејата да се
постават уметнички дела е созреана за ова време?
Историчарот на уметноста Златко Теодосиевски смета дека уништувањето е инцидентно, дека не е правило во Скопје.
-
Односот кон уметноста, воопшто кон културата е мерка за цивилизациското
рамниште на еден народ. Културата и уметноста по правило „влечат“
напред, не гледаат кон минатото. Ако граѓаните уништиле десет
скулптури, треба да поставиме 100 нови. Со време тие ќе се навикнат да
гледаат уметност и повеќе нема да прават штети - вели Теодосиевски.
СЕ ПРОДАВА МАТЕРИЈАЛОТ,НЕ ДЕЛОТО
Според него, граѓаните ги крадат скулптурите од егзистенцијални причини, не затоа што сакаат да го уништат уметничкото дело.
-
Материјал за скулптури не се краде во Лондон ниту во Париз. Можеби тие
имаат поинаков систем на заштита или ги поставуваат делата на јавни
простори на кои постојано се движат луѓе. Ако новите скулптури ги
зафрлат некаде, веројатно повторно ќе „исчезнат“ - вели Теодосиевски.
Тој
ја поддржува акцијата на Министерството за култура, со скулптури да се
облагороди Скопје, под услов да биде добро осмислена и реализирана.
-
Ако се избрани сериозни дела, зошто да не бидат поставени во Скопје? -
вели Теодосиевски.Историчарот на уметноста Валентино Димитровски,
вработен во Управата за заштита на културното наследство, објаснува
дека новите скулптури нема да бидат заштитени како културно наследство.
-
Тие се актуелно творештво и може да бидат заштитени само како јавно
богатство и тоа треба да го решат локалните власти. Во секој случај,
мислам дека граѓаните се зрели за акцијата - вели Димитровски.Како
историчар на уметноста, акцијата на ресорното министерство Димитровски
ја оценува како преголем чекор.
- Тоа се многу објекти и може да
се појави опасност и да се загуби од квалитет, да не се осмисли добро
акцијата. А треба да се мисли на многу работи, објектите мора да
кореспондираат со околината - вели тој.
ВАНДАЛИЗАМ НАЈМНОГУ ВО СКОПЈЕ
Министерството
за култура веќе склучило договори со 28 автори што ќе изработат по
една, некои од нив по две-три скулптури. Во зависност од делото,
уметниците ќе имаат три, пет или осум месеци да ги завршат своите
творби. Министерството до Општина Центар доставило барање да се
назначат местата на улица Македонија, покрај Кејот, во Градскиот парк и
во општина Карпош каде што ќе бидат поставени скулптурите.
Пред
две и пол години од плоштадот Македонија исчезнаа двајцата музичари од
скулптурата „Музиканти“. За вандалскиот чин беа известени градските
институции и Министерството за внатрешни работи. Скулптурата,
композиција од четири фигури високи по еден метар, беше поставена на
камен постамент од 80 сантиметри.
Шест месеци подоцна, во
бркотница како на филм, низ скопските улици полицијата фати тројца
крадци што неколку часа претходно „киднапирале“ скулптура тешка 200
килограми од пред Музејот на современата уметност на Кале. Ја пресекле
на половина, ја откорнале од бетонскиот постамент и ја однеле.
Запленетото дело на Потоцки беше минимално оштетено. Кражбата успеала и
покрај вооружените чувари што деноноќно го обезбедуваат Музејот во кој
се чуваат повеќе од 5.000 вредни уметнички дела. Нарачателот имал
намера да ја исече на повеќе дела, да ја претопи и да ја продаде во
странство.
Иако тогаш беше најавено дека скулптурата за неколку дена ќе биде
вратена на старото место, таа се' уште не е поставена пред МСУ.Првите
скулптури во Скопје се поставени меѓу двете светски војни. По
ослободувањето, во Градскиот парк е поставена скулптурата на Гоце
Делчев, од Љубомир Далчев, потоа Иван Мирковиќ го прави Споменикот на
ослободувањето на Скопје, поставен кај Владата.Годинава државата за
скулптури ќе одвои 45 милиони денари, за дела од 28 уметници,
изработени од бронза и од мермер.
ИНФО- Бронзените скулптури како старо железо
Склуптурите од бронза се најпривлечна цел на крадците. Пред две и
пол години од плоштадот Македонија исчезнаа музичарите од скулптурата
„Музиканти“. Шест месеци подоцна, во бркотница како на филм низ
скопските улици, полицијата фати тројца крадци што неколку часа
претходно „киднапирале“ скулптура тешка 200 килограми од пред Музејот
на современата уметност на Кале.

СТАВ Да ја заштитиме уметноста од нас
Најмалку осум децении во Скопје се негува скулптурата како
уметност под ведро небо. Денес вандалски се уништуваат делата што со
својата естетика го одбележуваат времето што го живееме. Опасност од
уништување им се заканува на уште 40 уметнички дела, кои допрва треба
да бидат поставени во Скопје.Уметноста ќе биде наменета за нас, но како
да ја заштитиме од нас? За среќа, граѓаните на Скопје не ги уништуваат
скулптурите за да ја уништат уметноста, како фанатикот што со чекан го
нападна „Давид“ на Микеланџело, зашто не можеше да ја поднесе неговата
убавина. За несреќа, украдените скулптури бескрупулозно се уништуваат
за да бидат продадени како старо железо. Затоа фреквентна локација е
најдобриот чувар на скулптурите. Скопје има простор за многу уметност,
но нема ниту сантиметар за уште една промашена идеја. |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01B80810A2A265429D457AC16B6A1786
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4082 Posted: 06-Sep-2008 at 20:32 |
Зошто онакви неточни наслови??? Новинарот не може да разбере за што се зборува во неговиот сопствен текст, или намерно прави помпа од ваква смешна работа?!? Еве што вика Џорџе:
Таа програма нема да почне да се
реализира се додека не помине низ сите законски структури во државата. |
Убаво што му текнало дека програмата треба да помине низ пропишаните процедури, ама треба да му е јасно дека ниту тоа нема да го смени фактот што ова е една тотално дебилна иницијатива. Во секој случај, не гледам каде стои дека општината се откажала од Тарзан или од некој друг конкретно.
колку граѓани, толку вкусови, меѓутоа битно е мнозинството, а
мнозинството граѓани поддржуваат |
Ова Џорџе на жими мајка ли?
Edited by Cloverstack - 06-Sep-2008 at 20:33
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#4083 Posted: 06-Sep-2008 at 12:31 |
абе гарант Џејн ќе ја стават место него ќе видите
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4084 Posted: 06-Sep-2008 at 09:15 |
Многу ми е жал   Кисела Вода се откажа од Тарзан
Никола Крстиќ
|
|
 |
 |
05.09.2008 19:11
Тарзан
можеби нема да го добие почесното место во асфалтната џунгла на Кисела
Вода. По емитуваниот прилог на А1, градоначалникот Џорџе Арсов најавува
можна ревизија на идејата. „Таа програма нема да почне да се
реализира се додека не помине низ сите законски структури во државата.
колку граѓани, толку вкусови, меѓутоа битно е мнозинството, а
мнозинството граѓани поддржуваат. Меѓутоа, ова е само работна верзија,
таа ќе претрпи уште промени, проширувања или скратувања“, рече Џорџе
Арсов, градоначалник на општина Кисела Вода. Сепак, според коментарите од сајтот на А1 мнозинството смета дека проектот е смешен. И експертите не ја поддржуваат оваа иницијатива. „Тоа
се последици од транзиција и има обновена страст за да се остави трага
и по цена да се испадне дури смешен“, изјави Владимир Величковски,
универзитетски професор. Покрај Тарзан, на првичниот список од
над сто луѓе кои заслужуваат споменик општината ги има и Марк Шпиц,
Чарлс Дарвин, но и контроверзни личности како Наполеон Бонапарта. А1.
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#4085 Posted: 04-Sep-2008 at 12:43 |
Еве и друг пример како во еден споменик може да се вметне голем дел од историјата на градот и државата. Овој споменик се наоѓа во Кобленц- Западна Германија и имаше некои преголеми бројки кои се спомнуваа за неговата изградба на времето. Како што се гледа има многу историски детали и практични на десет квадрата се поставени, а со тоа сигурно би се решил македонскиот синдром за негираниот историски идентитет без да се квари голем дел од просторот во центарот
Како втор пример ќе го спомнам и овој споменик што се наоѓа во истиот град. Пумпите за вода на секоја минута се активираат и детето ги прска со вода љубопитните туристи. Секако најсмешно им е на тие што ја сфатиле поентта пред да се намократ.
Edited by 46&2 - 04-Sep-2008 at 12:45
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4086 Posted: 04-Sep-2008 at 10:02 |
Инаку кога сме веќе кај рарите, мислам дека треба да се тргнат од парите и на парите да се стават револуционери.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4087 Posted: 04-Sep-2008 at 09:59 |
Originally posted by beTon
главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени.
мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...! |
Добра поента. Тоа воопшто не го гледам како возможно во Кисела Вода. Воопшто ваквиот метод на инсталација на споменици во густа урбана средина (со декрет на локалната администрација веројатно повторно без никаква стручна подлога) не ми се допаѓа. Затоа не ми се допаѓаат ни сличните иницијативи на Општина Центар.
Најдобар пример на ваквото однесување е споменикот на Крсте Петков Мисирков. Ако човек не помине на 2 метри до него неможе ни да примети дека има споменик. Комплетна утка и локациски и од секој друг поглед. Сепак далеку потрагично ќе биде антиподот на ова а тоа ќе бидат неколку избрани мегаломански скулптури со максимална демонстрација на кич. Длабоко сум уверен во тоа а штетата од нив ќе биде уште поголема.
а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк. |
Ова е веќе добра идеја. За содржините може да дискутираме (иако генерално се ОК да речеме) но како концепт е добро. Еве еден убав пример на тематски парк со склуптури Vigeland Sculpture Park - Oslo  Зошто неможе малку да размислуваме и во ваков правец? Зарем сме до толку некреативни за да мора да обесуваме само отсечени глави и коњаници на постаменти?
Edited by pbanks - 04-Sep-2008 at 10:02
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#4088 Posted: 04-Sep-2008 at 09:44 |
Originally posted by pbanks
Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор. |
главен момент кај декорот внатрешен или наДворешен е едноставноста и местоположбата која дефинитивно од цела композиција може да направи или растеретување или оптеретување на сетилата а и мислите, па може пример многу лесно да спастриш цела околина со неколку расфрлени грмушки во најразновидни форми или да ја натовариш со мермерни пиедестали, но сето тоа е субјективно и релативно бидејќи затоа и сме организирано општество па се што е поставено од локалната власт и надвор од централното градско подрачје со одлука на совет може да се корегира или замени. мислам дека она што е битно кај ваквите зафати е да се стопат во околината до степен на доволна препознатливост но без да одскокнат и ја нагрдат околината, за илуминацијата не треба ни да се спомне збор бидејќи истата кај нас тотално изостанува кај фонтаните а не пак кај спомениците, т.е. има по некое рефлекторче тук таму...! а ако јас се прашувам споменик прво би кренал од живите рарите на македониај како ендемичните риби, дрва, птици, животни... исто би предложил по кеј како алеја на фолклорот и културните дејци, додека за светителите, царевите, кралевите, бранителите и војводите на Македонија би го зафатил делот околу Крстот на Водно, мора да бараме и симболика во местоположбата она со кејот и културата би било константната динамика на тој поле, она со Крстот и Великаните би имало симболика дека сите тие ни се од Бога дадени, а за природните реткости добра симболика би се добило доколку таква композиција на споменици би се истурила на матка или тумбите во градски парк.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4089 Posted: 04-Sep-2008 at 08:55 |
Originally posted by 46&2
Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро |
тоа е сосема друг филм. Веројатно вкусно уреден кварт со убав трговски центар во него и штосна статуа како бонус. Што е ситуацијата кај нас. Станбена/индустриска населба делумно субстандардна, делумно производ на урбаната мафија и делумно стари блокови од пред 50 години излитени и никакви. Непостоечка инфраструктура и не една туку 50 статуи од комплетно неповрзани луѓе на секој чекор.
|
 |
46&2
Senior Member
Joined: 04-Jan-2008
Location: Куманово
Online Status: Offline
Posts: 347
|
Quote Reply
#4090 Posted: 04-Sep-2008 at 00:16 |
Мене споменикот на шмизла ми е баш штосен во Берлин пред еден трговски имаше сличен таков на Мерлин Монро
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4091 Posted: 03-Sep-2008 at 23:18 |
Спомениците што ќе се градат - кич или вистински решенија?

Прашање е колку од најавените проекти вистински ќе му го вратат духот на Скопје
Деспина Трајковска
Врби среде
Вардар, лавови пред мост, војводи на коњи, Менхетен во Центар,
160-катници во Аеродром, споменици и бисти на Џони Вајсмилер - алијас
Тарзан, на Марк Шпиц, Бах и Ајнштајн на подрачјето на Кисела Вода,
улица на славните пред Драмски театар. Скулптури на Скопска шмизла во
центарот на градот, а во нејзина близина скулптурни решенија на просјак
што проси за љубов, а не за пари, вљубена двојка, мотив на излет, на
кафе...
Ова се само дел од најавените проекти на некои од
општинските власти и на Министерството за култура, за чија реализација
во најголем дел стои образложение оти со нив ќе му се врати духот на
Скопје, дека се негува традицијата, културните глобални вредности, или
дека одиме во чекор со времето. Колку и да се дебели кориците на
образложенијата, многумина се прашуваат дали во нив е детектирана
вистинската потреба од реализација на посочените проекти. И тоа токму
во град кој, де факто, се соочува со бројни комунални проблеми
несвојствени во 21 век.
Антоанела Петковска, професорка на
Институтот за социологија при Филозофскиот факултет, не сакајќи да биде
погрешно разбрана од некои од надлежните, вели дека најголем дел од
проектите претставуваат наплив на кич. Толкувањето од каде идејата и
мотивите за изградба на разни видови споменици и објекти, иако е тешко
изводливо, Петковска го лоцира како нечија потреба за создавање
сопствени идентитети, или оставање печат на своето време. Апсолутно,
според неа, станува збор за несоциолошки и некултурни потреби, кои
несвесно ќе го предимензионираат животот на граѓаните, кои пак, се
соочуваат и можеби имаат потреба од поинакви културни вредности.
„Скопје
се претвора во крајно грд град, преплавен со кич и шаренило. На пример,
повеќе од сигурно е дека изградбата на стокатниците никогаш нема да го
направи градот метропола“, смета Петковска.
За неа, изградбата
е оправдана само на некои од спомениците, како на пример, споменик на
Александар Македонски. Доколку се има предвид дека тој не само што е
идентитет за националната култура туку и пошироко во регионот, ни и во
светски рамки, нема потреба од прашањето зошто токму тој.
„Другите
планирани бисти, скулптури и споменици се во најголем дел небулозни
решенија. Неопходно е да се најде одговор на прашањето зошто токму во
спомен-обележје да се преточи некој лик, кога тој нема да биде
препознатлив за идните генерации. Сепак, треба да се внимава тој да не
се изедначува со денешнината со нас, туку да биде препознатлив сам по
себе“, додава Петковска.
Од Општина Кисела Вода, пак, не се
согласуваат целосно со некои од ваквите размислувања. Општинарите
деновиве предизвикаа не само бура во јавноста туку и одредена доза на
потсмев со најавата за изградба на скулптури на научниците Ајнштајн,
Њутн, но и на Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, истакнатите светски музичари
Бах, Моцарт, Чајковски. Иако реакциите на повеќе граѓани се дека нема
потреба овие ликови да се преточат во скулптури и споменици, од
Општината го мислат спротивното. Велат дека на тој начин ќе им се
одолжат на овие личности за нивниот придонес во развојот на спортот,
музиката, науката! Наедно, додаваат општинарите, тие со овој потег ја
негуваат традицијата и минатото, а го надградуваат и културното
богатство.
„Со дел од скулптурите ќе се обележи и националниот
идентитет“, додаваат општинските власти, потенцирајќи дека е предвидено
спомениците на подрачјето на Кисела Вода да бидат изградени во
наредните пет години.
|
http://utrinski.com.mk/?ItemID=245EBDE16BE8584ABB6B775931A905B6
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#4092 Posted: 02-Sep-2008 at 22:13 |
тц тц тц тц тц........ До кога бе веќе со овој џорџе?! Да си ги стави у драчево споменициве. Тамо на три круши да си ги стави!!!
Конкретно моето маало нема асфалтирано улица у задњи 3 години ништо. Другото маало до мене нема атмосферска канализација, а е на 2 км од центар. Ова е пак некој обид да се препере пара. Срамота. Дај боже да не бидне ништо од ова споменициве!!!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4093 Posted: 02-Sep-2008 at 22:07 |
не иде да не го регистрираме ова уште еднаш. Овој пат се разоткри и начинот на финансирање... Претпоставувате од главните адути се донации
Споменик на Тарзан во Кисела ВодаШто
имаат заедничко Чарлс Дарвин, Марк Шпиц и Тарзан? Општина Кисела Вода.
Токму тука ќе бидат изградени споменици посветени на нив. Ќе
има алеи на познати актери, писатели, лекари, музичари, наши, но и
светски. Проектот чија прва фаза веќе беше одобрена од Советот на
општината, предвидува изградба на повеќе од 100 споменици. Проценка за тоа колку пари ќе бидат потрошени се уште нема. „Се
планираат повеќе извори на средства. Еден дел е од сопствени извори, од
буџетот на Општината, еден дел се планира и со донации од граѓани, од
бизнисмени итн.“, вели Џорџе Арсов, градоначалник на општина Кисела
Вода. Граѓаните се поделени околу најновата општинска иницијатива. „Може
да се каже дека се потребни, иницијативата не е лоша. Парите нека не ги
троши толку градоначалникот, нека пушти автобуски линии. Добра идеја е
за помладите да знаат како изгледаат тие и нешто повеќе за нив. Јас не
знам со што би придонел Џони Вајсмилер за општинава, тоа навистина ми
беше чудно“, рекоа жителите на Кисела Вода. Останува само уште прашањето кон што ќе бидат вперени погледите на Ајнштајн, Коперник, Тесла, Моцарт. | http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=97108
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4094 Posted: 31-Aug-2008 at 15:02 |
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#4095 Posted: 31-Aug-2008 at 14:59 |
пази ја реченицава „Со скулптурите ќе се обележи националниот идентитет“  не знаев дека Моцарт, Ајншајн, Черчил и Вајсмилер биле македонци и направиле нешто за Македонија, особено за Скопје, едноставно и нема крај на креативноста  но би се согласил на пример со лавицата и лавчето, кои немаат ама баш никакво значење но можат да бидат чисто декоративни за некое уредено паркче, налик на мечето во градски парк или пак некоја друга уметничка скулптура можеби
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4096 Posted: 31-Aug-2008 at 07:29 |
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#4097 Posted: 30-Aug-2008 at 18:24 |
Само да не му текни да направат споменик на Али-Баба и 40 разбојници,ќе го зголемат трговскиот дефицит само од увоз на бакар  Еве јас ќе покренам една иницијатива да му се направи споменик на Кинг Конг,како најпознат прилепчанец
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4098 Posted: 30-Aug-2008 at 13:47 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4099 Posted: 30-Aug-2008 at 12:08 |
На глупите идеи им нема крај
ОПШТИНАТА ЈА УТВРДИ ПРОГРАМАТА ЗА СПОМЕН-ОБЕЛЕЖЈА
Тарзан во Скопје
Оваа програма ќе биде дадена на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу личностите
за кои се предвидени спомен-обележја има и такви што не се само од
локално туку и од национално значење, вели градоначалникот Џорџе Арсов

Скулптури на Крали Марко на коњот Шарац, лавица и
лавче, фудбалска топка, бисти на академик Никола Кљусев, Часлав
Божиновски, Моцарт, Александар и Филип Македонски, Черчил, Ајнштајн и
Џони Вајсмилер се само дел од личностите што ќе добијат спомен-обележја
на територијата на општината Кисела Вода. Ова се предвидува со Програма
за поставување спомен-обележја, која беше усвоена на седницата на
Советот на Општината во средата, а која ќе се реализира во следните пет
години.Целта на донесувањето на оваа програма е да се негува
традицијата и минатото, како и да се надградува културното богатство.
Со скулптурите ќе се обележи и националниот идентитет - велат
општинските власти.Со оваа програма ќе бидат постават спомен-плочи на
стари куќи и објекти во општината, кои се од културно-историско
значење, бисти на патрони на основни училишта и на истакнати личности
од општината, како и на великани, научници, просветители и спортисти од
македонската и од светската историја. Спомениците ќе бидат поставувани
на скверови и во паркови, пред пошти, игралишта, училишта, амбуланти и
други јавни објекти.Првиот премиер на независна Македонија, Никола
Кљусев, ќе добие спомен-биста пред новата спортска сала во Основното
училиште „Невена Георгиева Дуња“ во населбата Кисела Вода. Скулптурата
на Крали Марко ќе биде поставена во месноста Говедариште, во селото
Драчево. На постамент од половина метар ќе има скулптура на
легендарниот јунак и неговиот прочуен коњ со висина од 1,7 метар.На
скверот на последната автобуска станица број 41, во населбата Драчево
ќе бидат поставени фигури на лавица и на лавче од камен. Фигурата на
лавицата ќе биде долга 1,2 метар, а висока 60 сантиметри, а лавчето ќе
биде долго 80 сантиметри и високо четириесет сантиметри.
Врвните
спортски резултати на Џорџ Бест, Џони Вајсмилер, Марк Шпиц, Часлав
Божиновски и Делчо Станинов ќе бидат одбележани со бисти пред
игралиштето во Црниче. Фигура од фудбалска топка со пречник еден метар
и бисти на Благојче Пановски-Рио и на Веле Трајчевски-Келеник ќе има во
паркот спроти црквата, на игралиштето во селото Драчево. Скулптурите ќе
бидат изработени од камен и од метал. Во Паркот на бранителите во
населбата Драчево ќе биде поставен споменик на загинатите бранители.
На
улицата Огњан Прица, кај воената зграда број 16, ќе бидат поставени
бисти на истакнати војсководци меѓу кои: на Наполеон Бонапарта, генерал
Кутузов, генерал Кастер и на Винстон Черчил. Тие ќе бидат изработени од
бронза и камен и ќе бидат високи седумдесет сантиметри. Научниците
Чарлс Дарвин, Луј Пастер, Алберт Ајнштајн, Галилео Галилеј, Никола
Тесла, Исак Њутон, Никола Коперник ќе добијат спомен-бисти од камен и
од бронза долж улицата Милан Мијалковиќ во Пржино. Љубителите на
музиката ќе шетаат во паркчето пред зелената стара куќа во Црниче меѓу
бистите на Јохан Себастијан Бах, Лудвиг ван Бетовен, Петар Илич
Чајковски, Волфганг Амадеус Моцарт и Џузепе Верди. Таму ќе бидат
поставени и фигури од музички инструменти од бронза и камен. Пред
бараката на Месната заедница Пржино ќе стојат бистите на артистите
Ристо Шишков, Илија Џувалековски, Дарко Дамески, Петре Прличко и Ѓорѓи
Колозов.Спомен-плоча посветена на куќата во која се одржувале состаноци
во НОВ ќе биде поставена спроти Средното економско училиште „Васил
Антевски Дрен“. Од спротива ќе се постават бисти на Филип и Александар
Македонски, Гоце Делчев, Махатма Ганди, Винстон Черчил и Франклин
Рузвелт.Во реализација на Програмата финансиски ќе учествуваат Владата,
преку Министерството за култура, Градот Скопје, Општината Кисела Вода и
граѓани и фирми со свои донации.
- Оваа програма ќе биде дадена
на усвојување на Советот на Град Скопје и на Владата бидејќи меѓу
личностите за кои се предвидени спомен-обележја се и личности кои не се
само од локално, туку и од национално значење - вели градоначалникот
Џорџе Арсов. | http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=41A6D3858874ED4FA2C0292A9AA45830
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#4100 Posted: 29-Aug-2008 at 10:16 |
СРПСКИОТ СКУЛПТОР СО ЕВРОПСКО РЕНОМЕ, РАДЕНОВИЌ НАЈАВУВА Ќе се прави скулптура на Паско Кузман Скулпторот Драган Раденовиќ го познавал Кузман 20 години, а идејата за скулптурата му ја соопштил пред три години
|
Српскиот скулптор со европско реноме Драган Раденовиќ, кој деновиве престојува во Охрид, сака да изработи скулптура - портрет на директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман. Со Кузман тој се знаел подолго време, а идејата да направи скулптура на нашиот познат археолог ја носел во себе од поодамна. "Со Паско се знам веќе дваесет години. Добро го познавам, ја знам неговата работа и поради тоа одлучив да изработам негова скулптура - портрет.Тоа нема да биде само скулптура на неговиот лик, туку приказ на личност што придонесува во развојот на културата. Деновиве се слушнавме по телефон и тој ми рече дека е сега на одговорна функција и оти нема многу слободно време. Сепак, се надевам дека оваа моја идеја која на Кузман му ја соопштив пред три години, летово ќе ја реализирам", вели Раденовиќ, кој има и три докторски титули. Паско Кузман вчера ни потврди дека телефонски се слушнал со скулпторот Раденовиќ за кого вели дека спаѓа во редот на најпознатите скулптори во светот. "Раденовиќ ми рече дека сака да направи моја скулптура - портрет. Му одговорив дека моментално сум презафатен, но дека деновиве ќе дојдам во Охрид. Јас немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", ни изјави Паско Кузман. ( Д. Ч.) легенда- "Немам многу време да седам на едно место и да позирам, но ако скулпторот има толку голема желба, ќе го направам и тоа, ќе позирам", Паско Кузман
| |
|
|
 |