Author |
Topic Search Topic Options
|
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#4101 Posted: 04-Jan-2008 at 18:53 |
Да се надеваме. Него, еве, Агенција за млади и спорт веќе изградија неколку... баш пред некоја недела Ставревски беше на отварање. Ако некој има точна бројка на изградени сали (од оние 35 ветени) нека сподели...
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4102 Posted: 04-Jan-2008 at 18:49 |
Originally posted by La Linea
Се мисли на спортски сали од типот на , сали за физичко? Навистина амбициозна бројка. И половина од ова да се оствари е спектакуларно - 90 сали!
|
Мислам дека највеќе се сали за физичко, но има и други типови. Ако се оствари најавава, тогаш ќе ни треба и посебна нишка за ова
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4103 Posted: 04-Jan-2008 at 18:37 |
Се мисли на спортски сали од типот на , сали за физичко? Навистина амбициозна бројка. И половина од ова да се оствари е спектакуларно - 90 сали!
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4104 Posted: 04-Jan-2008 at 18:25 |
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#4105 Posted: 04-Jan-2008 at 18:17 |
 Да, да. Што реално гледано и не е многу време. Инаку, имам една интересна вест. Завчера на отворената владина седница фатив како усвојуваат предлог за изградба на 145 нови спортски сали во школите. Овие 145 ќе се надоврзат на 35-те кои ги финансира „Агенцијата за млади и спорт„. Значи се на се 180 нови спортски сали во рок од 2-3 години
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4106 Posted: 04-Jan-2008 at 17:21 |
Tоп! ајде, уште година ипол и...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4107 Posted: 04-Jan-2008 at 17:10 |
Дејане, еве ти најдов и слики  1  2  3  4
Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 17:13
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4108 Posted: 04-Jan-2008 at 17:01 |
Да не ставам уште една вест за почетокот на рушењето, еве само извадок од А1 ради тоа што е спомнат кинескиот зид: http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=88168
Новата трибина со целиот комерцијален простор и паркинг ќе зафаќа
значително поголема површина, отколку сега. Ќе биде многу близу до
спорното здание зад неа „кинескиот ѕид“, дури и повисока од него.
За премиерот Груевски, кој денеска го поздрави стартот на проектот, решение за проблемот постои.
„Тоа веќе го презема судот и се надевам дека судот ќе го реши, а ние
непречено ќе си го градиме овој објект“, вели Никола Груевски,
претседател на Влада на РМ. |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4109 Posted: 04-Jan-2008 at 16:57 |
 Јас не можам да најдам сега за сега, ама ионака не е ништо спектакуларно. Обично рушење со механизација.
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4110 Posted: 04-Jan-2008 at 16:47 |
Dajte sliki.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4111 Posted: 04-Jan-2008 at 16:31 |
Вистинското рушење почна денеска  Претходните неколку дена се одвиваше демонтирање и преселување. И повторно контрадикторни информации во врска со натпреварите и капацитетот. Овој пат беше спомната бројка од 40000, лично од директорот на ЈПССДП. http://sitel.com.mk/vesti_det.asp?ID=23311&kategorija=%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0
ПОЧНА УРИВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА ГРАДСКИ
На
Градскиот стадион во Скопје денеска почна уривањето на постојната
северна трибина. На нејзиното место за година и пол треба да биде
изградена нова современа трибина за што средства обезбеди Владата на
Македонија. На почетокот на уривањето присуствуваше и премиерот
Никола Груевски, кој најави дека расчистувањето на остатоците од
старата трибина треба да биде завршено за најмногу две недели, а кон
крајот на јануари да почне изградбата на новата северна трибина. -
Северната трибина ќе биде изградена за 18 месеци. Пред еден месец
обезбедивме средства за нејзината изградба и тие се префрлени на
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Новата трибина ќе биде порепрезентативна од старата и се надевам дека
ќе ги израдува сите љубители на фудбалот и спортот, рече Груевски.
Премиерот
истакна дека ќе се реновираат и источната и западната трибина на
Градскиот стадион откако ќе бидат завршени градежните работи на
северната.
Тој најави изградба и на други објекти во Скопје, кои ќе започнат кон средината на оваа година.
Директорот
на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор
Ивица Коневски рече дека проектот ќе чини 897 милиони денари.
-
Планот е по изградбата на северната трибина да се објави тендер и за
источната и за западната трибина на Градскиот стадион. Во тој случај
капацитетот на целиот стадион ќе биде 40 илјади гледачи, истакна
Коневски.
Коневски нагласи дека северната трибина ќе биде
помодерна од јужната и ќе го преземе приматот главна трибина. Според
планот, северната трибина треба да има и комерцијален простор и музеј
на фудбалскиот клуб „Вардар“. За време на изградбата на новата трибина,
според Коневски, непречено ќе се одвиваат сите сопртски натпревари на
Градскиот стадион.
Постојната северна трибина на Градскиот стадион е изградена во 1932 година. |
Edited by Cloverstack - 04-Jan-2008 at 18:54
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4112 Posted: 04-Jan-2008 at 03:20 |
Еве нови контрадикторни информации, пред се за капацитетот и за околностите под кои ќе се играат квалификационите натпревари... А толку ли е тешко ЈПССДП да излезе со официјални бројки за тоа колкави ќе бидат капацитетите???  Во секој случај, не знам од каде новинаров ја „набавил“ информацијата за вкупен капацитет од 45000, ама мислам дека е тотално нереална. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6C709E6DE718C48B28D6FBFB2E3DC67
ФУДБАЛ - ПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО СКОПЈЕ Северна се руши, ФФМ гради стратегија
Ако во септември безбедносните услови дозволуваат да се игра, нема да се бара алтернатива во Прилеп или во Струмица

Изградбата на нова северна трибина на Градскиот
стадион во Скопје е најавено да стартува утре, со уривање на
постојната. Инвестицијата, вредна околу 14 милиони евра,
предновогодишно ја верификуваа Јавното претпријатие за стопанисување со
станбен и деловен простор (ЈПССДП) и градежната фирма-изведувач
„Бетон“. Рокот на изведба на градежните работи е 18 месеци. Овој
градежен тајминг ја доведе ФФМ на почетокот од новата година да
размислува каков потег да повлече. - Во исчекување сме на конкретни
одговори за да знаеме како и во кој правец да реагираме. Првиот
состанок со луѓето од ЈПССДП на оваа тема е закажан за наредната
недела. Треба да добиеме одговор што ќе значи и во која фаза ќе биде
објектот непосредно пред септемврискиот почеток на квалификациите за СП
2010 година. Сето ова битно ја менува ситуацијата околу организацијата
и ефектите од квалификациските натпревари - вели Никола Костов,
генералниот секретар на ФФМ.
Градскиот стадион во Скопје,
ваков каков што е, без соодветните безбедносни услови за гостите и за
службените лица, засега е единствениот лиценциран објект од УЕФА за
одигрување на официјалните репрезентативни натпревари. Македонија во 9.
квалификациска група за СП 2010 ќе игра со Холандија, Шкотска, Норвешка
и со Исланд. Против првите две рангирани селекции, Холандија и Шкотска,
на 6 и 10 септември годинава треба да биде домаќин.
- На
крајот од месецов во Загреб ќе патуваме на конгрес на УЕФА. Тоа ќе биде
убава можност со луѓето од Хрватска, кои на крајот на 90-тите години од
минатиот век изведуваа градежни работи на стадионот „Максимир“ и играа
квалификациски натпревари, да размениме искуства и да ги запознаеме
челниците на УЕФА со новонастанатата ситуација со стадионот во Скопје.
Надлежната комисија на УЕФА за безбедност на стадионите ќе треба да
каже што се' треба да се направи и дали ќе може во ваква ситуација да
се користи објектот за играње квалификациски натпревари. Доколку
инвестицијата за безбедност е неисплатлива, тогаш целосно ќе се
препуштиме на проноаѓање алтернативно решение - додава Костов.
Македонија
во изминатите седум квалификациски циклуси за ЕП и за СП, своите
натпревари како домаќин ги играше во Скопје. Друг објект за одигрување
на овие натпревари немаме на располагање.
- Ако бидеме
принудени излез од оваа ситуација да бараме, тогаш алтернатива ќе
бараме на реновираните стадиони во Струмица и во Прилеп. Не се
комплетни, но друг избор нема. Навреме треба да ги тргнеме сите дилеми
за да почнеме да работиме на елиминирање на недостатоците - додава
Костов.
На градските стадиони „Младост“ во Струмица и „Гоце
Делчев“ во Прилеп со пари од проектите на ФИФА и УЕФА, обезбедени преку
ФФМ, се изградени нови трибини. Во Струмица е по сите стандарди, има и
осветление, но ни оддалеку не ги задоволува стандардите за играње на
ноќен натпревар. Во Прилеп има нова административна зграда и трибина
што не е покриена, а нема никакво осветление. На двата објекта, покрај
инфраструктурните проблеми на и околу стадионите, заеднички именител им
е лошата состојба на тревливиот терен. Македонската фудбалска
репрезентација досега во Струмица има одиграно еден пријателски
натпревар, во далечната 1995 година, со Бугарија (0-0), додека пак во
Прилеп на тест-средби беше домаќин четирипати, каде што има максимален
скор од победи, против Малта (1-0), двапати со Албанија (1-0 и 3-1) и
со Финска (1-0).
Покрај репрезентацијата на Македонија,
Градскиот стадион во Скопје како домашен терен го користат и
прволигашите Вардар и Работнички К. За нив изградбата на северната
трибина нема да значи и преселба на друг терен доколку градилиштето
биде обезбедено, како во времето од 80-тите години, кога се градеше
„Југ“ и се играа прволигашки натпревари во тогашната Прва лига на
Југославија.
Според планот за Градски, на крајот овој
фудбалски храм во Македонија треба да биде модерен спортски објект. По
завршувањето на северната трибина, капацитетот од сегашните 18.000 ќе
биде зголемен на 25.000 седишта. Кога објектот ќе биде комплетиран со
третата фаза, со нови трибините зад головите, „Исток“ и „Запад“,
капацитетот ќе биде 45.000 посетители.
(Д.Н.) |
|
 |
shyes
Senior Member
Joined: 09-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#4113 Posted: 29-Dec-2007 at 16:16 |
Изсгледа супер
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4114 Posted: 29-Dec-2007 at 02:02 |
 Највероватно во лет го правеле рендеров, да се види само изгледот на стадионот, немале време за цепидлачење... се надевам дека е тоа  .
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4115 Posted: 29-Dec-2007 at 01:44 |
Чекајте, чекајте... сега ми светна - кај е семафорот?  Или рендериве се ептен некоја тешка импровизација или дечкиве заборавиле да предвидат простор за една таква „ситница“  Не верувам дека имаат направено толкав превид, ама сепак ова е Македонија, каде што се прават работи од типот на кинески ѕид, тифани, клучка континентал, куќа на водњанска... BTW еден добар семафор за жал ќе не чини прилично...
Edited by Cloverstack - 29-Dec-2007 at 02:56
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4116 Posted: 29-Dec-2007 at 01:38 |
 Оптимист сум за ова! Рендериве се
Ќе се потрудиме објектот
да го завршиме и пред предвидениот рок и ќе дадеме се' од себе градот,
конечно, да добие стадион каков што заслужува“, рече Мичо Насковски,
претседател на Бордот директори на „Бетон“ |
Само напред момци!!
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4117 Posted: 28-Dec-2007 at 22:05 |
Него приметив дека немаме постирано официјална вест од потпишувањето и презентацијата, па еве да ставам од утрински весник и од македонски спорт. Неколку забелешки: - Цената на северна сепак излезе дека е 15 милиони (реалистична бројка), а не 6 милиони како што некои извори пишуваа на почеток и направија голема збрка... Само не ми е јасно од кај ги ископаа тие 6 милиони. - Голем паркинг просторот е испланиран како што дискутиравме во една прилика на SSC, од другата страна на Вардар. Според мене ќе мора да се планира и уште еден пешачки мост. Да се надеваме навистина атрактивен за разлика од постоечкиот во близина. Кога сум веќе кај ова, сакам да кажам дека стадионот има одредени недостатоци ради неговата локација, но самата негова естетска појава во поширокиот центар на градот е доволна компензација за проблемите. Замислете само како ќе изгледа од Кале, од кеј и од многу други места...  - Во Македонски спорт пишува дека веќе првиот натпревар од наредните квалификации (против Шкотска на 06.09.2008) ќе го играме пред 25000, то ест дека веќе ќе бидат поставени седиштата на северна и дека таа ќе биде отворена за публика. Значи тогаш недовршени ќе бидат внатрешните простории, но ние ќе ја сефтосаме северна веќе за 9 месеци! Се молам оваа информација да е точна  - Мило ми е што Бетон ја исфрли од игра големата Alpine  Од утрински, со ново рендерче http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BC0E7FFAD2B66D418831D9946F0F9CE8
| Северната трибина ќе биде изградена за 18 месеци

Инвестицијата е вредна 896 милиони денари, а ќе има места за 10.032 гледачи
ВЕСНА ДУКОВСКА
Градежното претпријатие
„Бетон“ и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен
простор вчера потпишаа договор за изградба на северната трибина на
Градскиот стадион. „Бетон“ ќе треба за 18 месеци да ја заврши
изградбата на трибината, во која ќе бидат инвестирани 896 милиони
денари. Бидејќи се обезбедени сите потребни дозволи, со работа ќе се
почне веднаш и веќе в петок ќе стартува демонтажата на столчињата и
уривањето на трибината, што ќе претставува официјален почеток на
изградбата.
„Овој ден е особено значаен за сите нас, особено
за спортистите кои ќе бидат поттикнати за големи победи. Ќе се трудиме
да го запазиме временскиот рок и квалитетот на изведба. Конечно,
Владата настапи не како центарфор, туку како арбитар, воспоставувајќи
тендерски критериуми за правичност во изборот. Ќе се потрудиме објектот
да го завршиме и пред предвидениот рок и ќе дадеме се' од себе градот,
конечно, да добие стадион каков што заслужува“, рече Мичо Насковски,
претседател на Бордот директори на „Бетон“
Северната трибина ќе
има капацитетот од 10.032 места. На неа ќе се наоѓа и ВИП-ложата и во
иднина таа ќе биде главната трибина на стадионот. Ќе располага со 9
атлетски патеки, три повеќе од сега, кои ќе бидат според светски
стандарди. „Во функција на стадионот ќе бидат 4.600 квадратни метри, а
за комерцијален простор во трибината се предвидени 7.000 квадрати.
Составен дел се и 7.600 квадрати внатрешни улици, пристапни платформи и
вертикални комуникации. Според сообраќајното решение дадено во
локациските услови, паркинг- простор е предвиден на улицата ’Лазар
Личеновски‘“, рече директорот на Јавното станбено претпријатие, Ивица
Коневски, и појасни дека по завршување на изградбата, ќе биде распишан
тендер за изградба и на источната и на западната трибина, со цел да се
заокружи современиот изглед на стадионот во целост.
„Бетон“ ја
доби работата за изградба на северната трибина на меѓународен тендер на
кој се јавија седум фирми. Во тесна борба ги победи австриската
„Алпине“ и скопски „Гранит“. |
|
Од Македонски Спорт: http://www.sport.com.mk/?ItemID=C1C9E51DB7854B46BFFC7E1FCC00313C
СЕВЕРНАТА ТРИБИНА НА НАШИОТ НАЈГОЛЕМ ФУДБАЛСКИ ХРАМ ЌЕ ДОБИЕ ЕВРОПСКИ ЛИК
Почнува да се гради "Градски"
*
ЈПССДП и ГП Бетон вчера поптишаа договор за изградба на северната
трибина која ќе собира точно 10.032 гледачи, рокот на изградба е 18
месеци, а проектот ќе чини околу 15.000.000 евра
Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и
деловен простор и Градежната компанија "Бетон" вчера на свечен начин го
потпишаа договорот за изградба на Северната трибина чија реализација
почна да се спроведува веднаш по поптпишувањето.
Проектот ќе
чини 896 милиони денари со вклучено ДДВ, рокот на изградба е 18 месеци,
новата северна трибина ќе собира точно 10.032 гледачи и ќе беде главна
трибина, која ќе биде резервирана за ВИП гостите. Оваа трибина ќе ги
има сите пропратни елементи кои треба да ги содржи. Во функција на
стадионот таа ќе има 4.600 м2, за комерцијален простор се предвидени
7.000 м2, а за внатрешни улици, платфпорми и комункикации ќе бидат
резервирани 7.600 м2.
"Со
сегашното потпишување на договорот го финализираме процесот на избор на
најоглем понудувач за изградба на Северната трибина на Градскиот
стадион во Скопје. Договорот го потпишуваме со една од најреномираните
македоски градежни фирми ГП "Бетон", која достави и најдобра понуда на
овој тендер. Се надеваме дека рокот кој е составен дел од договорот а
тоа се 18 месеци од денот на потпишување ќе биде почитуван во целост и
се надеваме дека многу проано ГП Бетон ќе ја изгради Северната трибина.
Новиот лик на Градскиот стадион ќе биде еден од најрепрезетаивните
стадиони на Балканот со европкси лик и со тоа се надеваме дека тоа ќе
претставува потсрек на македонсиите спортисти. Значи Македонија конечно
ќе добие стадион таков како што и доликува, истакна првиот човек на
ЈПССДП Ивица Коневски.
ГП Бетон оваа година прославува шест
децении од своето постоење, а овој голем и значен проект е круна на
работењето на оваа наша градежна реномирана фирма.
"Денеска
е голе ден за нашата компанија и за инвеститорот владата на Република
Македонија и вопшто на сите граѓаи на нашата држава, затоа што конечно
по подолго време државата одвои средства за еден ваков капитален
објект. Она што е важно ние како компанија која рдовно учествува на
поголемите тендери низа години нанзад, политиките на досегашите влади
ги чувствуваше различн. Фудбалски кажано, претходните Влади се
однесуваа како цетарфори сакаа по скеоја цена да дадат гол. За прв пат
една влада се однесува како арбитар, бидејќи за критериумите кои ги
даде ЈПССДП на чело со актуелниот директор можеме да упатиме максимални
честитики и задоволство. Веруваме дека оваа градба ќе се трудиме да има
врвен квалитет и ќе претсатвува објект што ќе се гордееме сите, истакна
директорот на бордот директори на "Бетон" Мичо Насковски.
В. Фотиновски
Север ќе се "руши" на 5. јануари
Нема
чекање. Градежните работи стартуваат денес, а првата фаза ќе опфати
демонтажа на старите столчињата. В петок на 5 јануари нардната година и
официјално ќе почне да се руши Северната требина, а тоа ќе го означи
стартот на израдбата на новата модерна "северна" трибина на Градски
стартува изградбата.
"Конечно ќе пристапиме со реализација, а
тоа е од голем инетрес за целета земја. Со завршувањето на изградбата
на Северна трибина планираме да објавиме тендер за изградба на Источна
и на Западна трибина, а со тоа и да се заокружи процесот на изградбата
на целиот стадион, истакна на вчерашниот прес директорот Коневски.
Атлетска патека со девет "пруги"
Покрај
изградбата на Северната трибина ќе се "дотерва" и атлеската патека. Во
моментот атлетската патека на Градскиот стадион е составена од шест
линии, но новата атлетска патека на "Градски" ќе содржи девет линии и
ќе биде на нивото на сите европски и светски патеки. Теренот ќе остане
ист како што е.
Ќе има паркинзи
Како што
информирше на вчерашиот прес директорот на ЈПССДП Ивица Коневски според
градежната довола која што ја имаат добиено од општината Центар ги има
добиено условите за сообраќајното решение и за паркингот. Според таа
дозвола паркингот е предвиден да се изгради на улицата Лазар Личеноски.
Дозволата е веќе добиена и иницијативата околу паркинзите може веднаш
да се реализира.
Ќе се играат натпревари
Нашата
најдобра репрезентација и покрај изградбата на северната трибина ќе ги
игра натпреварите за престојниот циклус за СП на "Градски". До дуелот
со репрезентацијата на Шкотска во септември наредната година, се
планира на новата Северна трибина да бидат поставени столчиња. Значи
против шкотите ќе играме пред 25.000 гледачи. |
Edited by Cloverstack - 28-Dec-2007 at 22:08
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4118 Posted: 28-Dec-2007 at 21:21 |
Originally posted by pbanks

Мене
повеќе ме интересира оној делот дека веднаш по северната трибина
следуваат и исток и запад. Така се спомнува на крајот на клипот на А1.
Мислам дека е најбоље ова да се заврши во еден здив и да го
комплетираме овој проект. Па колку може да коштаат уште тие две,
северната е големиот залак тие две би требало да се "сиќа" споредено со
неа.
|
Јас мислам дека нема да бидат баш „сиќа“ исток и запад, барем по големина. Веројатно заедно ќе бидат над 10000. Но сепак, од финансиски аспект веројатно си донекаде во право, зашто цената на северна сигурно е поголема ради содржините што треба да се наоѓаат таму.
Originally posted by UrbanFreak
Одлични вести, и проектов се повеќе ми се допаѓа, барем спрема рендериве. Ме интересира и дали се планира некоја реконструкција и реновирање и на јужната трибина после целиот вој зафат со северната, источната и западната трибина. Се надевам нема да штрчи на крајот. Барем за тоа не би требало преголеми средства. |
Па како што рече pbanks, најдобро е веднаш да се продолжи со доградба на исток и запад. А Јужна е најлогично да се реновира во некоја мерка. Ако ништо друго, самата промена на кровот ќе биде огромен чекор во таа насока. Само не ми е јасно кога точно ќе го менуваат кровот на јужна. Ваљда тоа би идело паралелно со изградбата на источна и северна.
Originally posted by gotsomekicks
Кинески ѕид сам ќе си се сруши .
|
Во голема мерка си во право (иако јас мислам дека страната спрема стадион е таа што ќе им прави проблеми...). Но во меѓувреме кинескиот зид ќе ни го сјебе стадионот. Затоа поише би преферирал малце TNT да заигра таму 
Edited by Cloverstack - 28-Dec-2007 at 21:32
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#4119 Posted: 28-Dec-2007 at 17:48 |
Originally posted by Cloverstack

Одлично!
Туку гледате ли колку деловен простор ќе гледа директно во кинескиот ѕид, на само мала оддалеченост од него? Изгледа се оштрат да го рушат 
|
Не само тоа, туку за мене е несфатливо кој би сакал да купи стан волку близу до стадион, со поглед кон градежен шут во Вардар. Кинески ѕид сам ќе си се сруши  . Инаку, пројде адреналин низ мене кога ги видов рендериве. Стварно се надевам дека асално ќе ја изградат северна. 
Edited by gotsomekicks - 28-Dec-2007 at 17:49
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4120 Posted: 28-Dec-2007 at 12:49 |
Odlichen ke izgleda, fala za slikite. Taman, edvaj chekam da go dovrshat!
|
 |