build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Споменици и скулптури (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 204205206207208 209>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4101 Posted: 28-Jun-2008 at 19:27
Подетално за Карпош и гемиџиите и дополнително за Самуил и Ченто

http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=4C52D41F5E9D1547A226F5E620618F30&arc=1

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ПОДИГА УШТЕ ДВЕ спомен-ОБЕЛЕЖЈА

Карпош и гемиџиите ќе го красат центарот

Спомен-обележјето на Карпош ќе биде лоцирано на плоштадот Карпошово востание, а тоа на гемиџиите ќе биде поставено на јавна пешачка површина во централното подрачје


Споменикот на цар Самоил ќе биде поставен пред ресторанот „Дал мет фу“

Скулптури на ајдутскиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја кои годинава треба да бидат подигнати во Општина Центар. Предлог-одлуките за нивно подигање денеска треба да бидат усвоени на седница на Советот.Обележјето на Карпош ќе биде поставено на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Споменикот на гемиџиите, односно на претставниците на македонската интелигенција заслужни за афирмација на идејата за формирање на македонска држава, ќе биде лоциран на јавна пешачка површина во централното градско подрачје, но точното место не е се' уште утврдено. За подигањето на спомениците, како и за нивното управување, заштита и одржување ќе биде одговорна Општина Центар, а иницијативата е на Министерството за култура. За спроведување на постапката за подигање на спомен-обележјата ќе биде именуван одбор, кој ќе распише јавен конкурс за изработка идејните решенија.

Споменикот на Карпош ќе биде трето обележје што ќе се подига во околината на Камениот мост. Од десната страна на Вардар, од обете страни на мостот, на плоштадот Македонија ќе бидат поставени скулптури на револуционерите Гоце Делчев и Даме Груев, а на другата страна на плоштадот, кај локалите „Дал мет фу“ и „Тренд“ ќе бидат поставени обележја на цар Самуил и на Методија Андонов-Ченто.Веќе се избрани идејните решенија за обележјата на Делчев и на Груев, а деновиве беа избрани и победниците на конкурсот за проектите за спомениците на цар Самуил и на Ченто. Споменикот на Самуил ќе се подигне според проектот на скулпторот Димитар Филиповски, а на Ченто според идејата на скулпторот Александар Ивановски-Карадаре. Авторите на скулптурите ќе бидат наградени со по 300.000 денари.Според извештајот на Одборот, авторот Филиповски комплетно одговорил на нормите за високоаналитичко скулптурско и ликовно решение. Скулптурата е единствена по својата едноставност и монументалност, но и по ликовно-естетските содржини. Позицијата на седечката фигура ги покажува грациозноста, кралската мудрост и храброста, а софистицирано одбраните декоративни елементи го зголемуваат чувството на продлабочени и диференцирани психолошки ефекти - се вели во извештајот на одборот. Првонаградениот проект за обележјето на Ченто, според одборот, се издвојува со вонреден иновативен и скулпторски пристап.

- Делото е врвно решение во однос на развиениот ликовен ракопис, но и во однос на чувството за форма и нејзината стилизираност и минимализираност. Примената на ликовно-скулпторските содржини е многу сериозна и упатува на високо познавање на ликовноста и занаетот. Поставката е едноставна, монументална и комплетна и многу сугестивна со пласираните психолошки моменти. Држењето на Ченто е типично за водач - се потенцира во извештајот.Втората награда за обележјето на Цар Самуил во износ од 200.000 денари ја доби скулпторот Ангел Коруновски од Велес, а третата, во износ од 100.000 денари, му припадна на скулпторот Дамјан Ѓуров од Гевгелија. Втората награда за споменикот на Ченто му е доделена на Димитар Филиповски, а третата на Ангел Димовски-Чауш.

Анела Петрова

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4102 Posted: 28-Jun-2008 at 12:11
Како за промена, соодветна статуа на соодветно место. Каква ќе биде изведбата тек треба да видиме. Само се надевам дека прво ќе го реконструираат плоштадот Карпошово востание а дури после ќе размислуваат за статуа.

Споменик на гемиџиите во околината на плоштадот

Скулптури на ајдучкиот водач Карпош и на гемиџиите се две нови спомен-обележја што ќе се постават во централното подрачје. Ова вчера го одлучија советниците од Општина Центар, по иницијатива на Министерството за култура. Предвидено е спомен-обележјето на Карпош да се постави на плоштадот Карпошово востание, од левата страна на реката Вардар, покрај Камениот мост. Локацијата, пак, за споменикот на гемиџиите не е точно дефинирана, единствено е утврдено дека таа ќе биде на некоја јавна пешачка површина во централното подрачје. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=33CBC97DEB768C4784CBE424EDF932A2
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4103 Posted: 10-Jun-2008 at 22:41

Избрани скулптурите кои ќе го красат Скопје


Жири комисијата за избор на идејни решенија, изработка и поставување на скулптури во централното градско подрачје на Скопје, вчера ги објави идејните решенија. Добитници на конкурсот се 28 апликанти, меѓу кои и Антони Мазневски, Александар Ивановски Карадаре, Наташа Божарова, Ангел Димовски, Сашо Саздовски, Димитар Филиповски, Нина Ниневска, Симеон Арнадудов...

Претседател на жири комисијата беше архитектот Митко Хаџи Пуља. Во текот на следната недела треба да се одржи средба во Министерството за култура, на која треба да се направи договор со избраните автори. Министерството на авторите треба да им исплати по 30.000 денари авторски хонорар, а ќе ги покрие и трошоците за изработка на делата. На конкурсот биле пријавени 108 проекти на 51 автор, а секој уметник имал право да конкурира со најмногу по три дела.




http://www.vecer.com.mk/?ItemID=41707E7FECE5B34E9D249AB51BF8B467
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4104 Posted: 29-May-2008 at 15:37

Скулптурите на Делчев, Груев и на Карев ќе бидат дело на Башевски и Анѓелкоски

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот

Да се подигнат скулптури на Гоце Делчев и на Даме Груев според идејниот проект на скулпторот Жарко Башевски, а според решението на скулпторот Богоја Анѓелкоски да се изведе спомен-обележјето на Никола Карев. Ова е предлог-извештајот што в петок ќе биде доставен на разгледување пред Советот на Општина Центар. Од Одборот за подигање на спомен-обележјата информираат дека за изработка на скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев конкурирале осум автори, а за Никола Карев пристигнале 16 труда. И на двата конкурса, покрај првоизбраните дела кои се наградени со по 400.000, односно 300.000 денари, доделени се втора и трета награда, а по два труда се откупени. Деветчлената комисија заклучила дека авторот на идејните решенија за спомен-обележјата на Делчев и на Груев комплетно одговорил на предизвикот за сериозно аналитичко и современо решение, а едногласно дала позитивни критики и за решението за спомен-обележјето на Никола Карев. Според комисијата, во поставката на Анѓелкоски, држењето на Карев е типично за водач.

Ликовите на историските личности преточени во скулптури ќе се наоѓаат во центарот на градот. Според урбанистичкиот план, скулптурата на Никола Карев ќе биде лоцирана во тревниот појас пред Собранието, а на Даме Груев и на Гоце Делчев од левата, односно десната страна на Камениот мост. Од Општина Центар не кажуваат кога ќе бидат поставени скулптурите и колку пари ќе се обезбедат за нивната изработка. Посочуваат дека тие детали допрва ќе треба да се дефинираат. Досега општината има потрошено повеќе од 30.000 евра и тоа само за наградување на авторите на трудовите. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=6821CF91785AC6438DEF079AB8EC28B7
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4105 Posted: 21-Apr-2008 at 12:02
Мило ми е што им текнало. Но спомеников ми е чуден. Не ја разбирам симболиката - можеби тоа горе треба да претставува хеликоптер. Можеле да се потрудат повеќе околу споменикот, ама важно е дека им текнало. 
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #4106 Posted: 21-Apr-2008 at 06:50

ПРОЕКТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ


Меморијален парк во спомен на загинатите мировници


Точно на местото на трагедијата, на постамент со висина од еден метар ќе се постави скулптура висока 1,1 метри изработена од бронза, а на педесетина метри кон патот ќе се изгради мала црквичка во која ќе се палат свеќи за помен на загинатите


Во катлановско Блаце ќе се гради Меморијален парк во знак на почит кон единаесетте македонски мировници кои загинаа во хеликоптерска несреќа враќајќи се од мисијата АЛТЕА во БиХ. Точно на местото на трагедијата, на постамент со висина од еден метар ќе се постави скулптура висока 1,1 метар изработена од бронза, а на педесетина метри кон патот ќе се изгради мала црквичка каде ќе се палат свеќи за помен на загинатите. Целиот комплекс хортикултурно ќе се уреди, а ќе се постават клупи и корпи за отпадоци.

Проектот, со одобрение на семејствата на загинатите мировници и со благослов на поглаварот на МПЦ ГГ.Стефан ќе го реализира Општина Петровец.
- На местото на трагичниот настан постојано доаѓаат голем број граѓани за да им изразат почит на загинатите мировници, па наша желба беше целиот простор да го уредиме и да им го посветиме токму ним. За реализација на идејниот проект добивме поддршка и од ужалените семејства, па после состанокот со нив веднаш ја задолжив администрацијата да ги изработи Основниот и Изведбениот проект за изградба на спомен-обележјето. Во процедура е и комплетирање на потребната документација. Би сакал промоцијата на проектот Меморијален парк да се случи на 6. Мај, на Денот на општина Петровец - најави градоначалникот Звонко Цветковски.

Според идејниот проект скулптурата ќе прикажува хеликоптер со скршени елиси на кои ќе бидат испишани имињата на загинатите мировници. Симболика ќе има и во малиот верски храм, кој ќе има олтар и влез на предната страна но, од задната страна ќе биде недовршен, што според идејните творци ќе ги прикажува прерано згаснатите и недовршени млади животи.

Во хеликоптерската несреќа која се случи на 12 јануари годинава загинаа потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Игор Ѓорески и Бране Спасовски, заставниците Тони Давитковски и Славчо Василев, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Васиќ, Александар Тасковски и Мики Ивановски и десетар Златко Велјановски.

_____________________________________________________________

 
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #4107 Posted: 17-Apr-2008 at 13:06
Originally posted by Cloverstack

Аларова тој парк го нарекува „Опатија“ Dunno

Тоа име е останато од пред земјотресот, тука имаш и некој остатоци од бившата градска монденска кафеана Опатија како и градската плажа Опатија на Варда, па затоа тоа место се нарекува така, што во случајов е добро да не се заборави
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4108 Posted: 17-Apr-2008 at 03:38
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=563B2725E7D9CF46B3F2C3A6C3ECCF42

Пристигнати 24 труда за скулптури на Делчев, Груев и Карев

Крајниот рок за поставување е осум месеци по изборот на решенијата

За изработка на скулптури на Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев качени на коњ, планирани да се постават пред Камениот мост и пред Собранието, конкурирале 24 автори. Иако конкурсот заврши пред две недели, комисијата се' уште не одржала состанок за да утврди колку трудови има за секоја скулптура поединечно. Тоа, посочуваат од комисијата, ќе биде познато најдоцна за десетина дена, кога ќе се дефинира и рокот за избор на најдобрите решенија. Засега е познато дека ликовите на историските личности качени на коњ ќе бидат поставени на постаменти кои ќе се вклопуваат во зададениот архитектонски простор.

Скулптурите на Гоце Делчев и на Даме Груев ќе се постават од двете страни пред Камениот мост, со ликовите свртени кон плоштадот „Македонија“. Никола Карев, пак, качен на коњ, ќе се постави во тревата пред Собранието. Од комисијата додаваат дека, најверојатно, крајниот рок за нивно поставување ќе биде осум месеци по изборот на првонаградените решенија.

Инаку, уште на стартот од иницијативата за поставување на скулптурите, што ја поведе Министерството за култура, а се реализира преку Општина Центар, беше најавено дека проектот целосно ќе го финансира Министерството, додека обврската за одржување на скулптурите ќе ја има Општината. Сепак, не е отфрлена можноста таа задача постепено да се префрли на некој од субјектите на повисоко ниво. (Дс.Т.)

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4109 Posted: 26-Mar-2008 at 11:47
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C4216BDB8956D34FB1481B96CC22D4BD

Општина Центар распиша конкурси за монументални скулптури на Ченто и на цар Самуил

Општина Центар вчера ги објави конкурсите за изработка на идејни проекти за спомен-обележја на Методија Андонов-Ченто и на цар Самуил. Обележјата ќе бидат монументални скулптури на постамент, изведени во траен материјал, кои треба да се вклопат во зададениот архитектонски простор. Скулптурата на Ченто ќе биде поставена на аголот меѓу улицата Македонија и пешачкиот дел од улицата 11 Октомври, односно пред ресторанот „Дал мет фу“. Скулпурата на цар Самуил ќе стои на аголот меѓу улиците Максим Горки и Никола Вапцаров, односно пред кафулето „Тренд“. Двата споменика ќе гледаат кон плоштадот Македонија. Секој од нив ќе чини по четири милиони денари, односно по 65.000 евра.Двата конкурса се јавни и анонимни и на нив може да учествуваат домашни и странски физички и правни лица. Доколку пристигнатите трудови ги задоволуваат пропозициите, ќе бидат доделени неколку награди и тоа: прва, во износ од 300.000 денари, втора - 200.000 денари, трета во износ од 100.000 денари, како и два откупа од по 80.000 денари Изборот на идејниот проект ќе го изврши Одборот за подигање на спомен-обележјата. Конкурсните трудови треба да се предадат во архивата на Општина Центар, најдоцна до 30 мај.

Општината веќе распиша конкурси и за други споменици, како на револуционерите Гоце Делчев, Даме Груев и Никола Карев и за четири лавови што ќе бидат поставени на Мостот „Гоце Делчев“. Лани беше завршен и конкурсот за меморијален споменик на Александар Македонски, на местото на кое е предвидена фонтана на градскиот плоштад, но општинарите се' уште не сакаат да ги објават резултатите.Општината ќе ги подига овие споменици, иако нема донесено петгодишна програма за обележување на значајни личности и настани. Според Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја, општината мора да има таква програма за да подигне какво и да е обележје.

(А.П.)



Edited by Cloverstack - 26-Mar-2008 at 11:47
Back to Top
ProMKD View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
  Quote ProMKD Quote  Post ReplyReply #4110 Posted: 22-Mar-2008 at 17:40
И ја не знаев дека тој парк така се вика! Баш е пријатно место
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4111 Posted: 22-Mar-2008 at 13:16
Аларова тој парк го нарекува „Опатија“ Dunno
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4112 Posted: 22-Mar-2008 at 13:08
Previous
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4113 Posted: 22-Mar-2008 at 08:22
Каде е овој парк?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4114 Posted: 22-Mar-2008 at 02:58
Ја видов во живо скулптурата на сликата и воопшто не ми се допадна. Особено тунелот, направен е од некакви бетонски цевки, на сликата е обоен со секаква можна боја како што гледате. Ако можам ќе сликнам да видите за каков невкус се работи

Паркот на франкофонијата доби скулптури

Во рамките на свеченоста настапија деца од франкофонска градинка

Катерина Богоева

Паркот на франкофонијата во Скопје е збогатен со подарени скулптури кои вчера на свечен начин и беа презентирани на јавноста, во рамките на актуелниот Меѓународен ден на франкофонијата што со низа настани се одбележува во земјава. „Да се збогатиме со нашите разлики, за да тежнееме кон универзалното“ е мисла испишана на француски јазик, на еден од најзначајните личности за Франкофонијата, светски познатиот поет и некогашен претседател на Сенегал, Леополд Седар Сенгор, која се наоѓа на подарениот мермерен столб од страна на француската амбасада. Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ подари инсталација сочинета од две статуи на жени од бетон, една црна и една бела, поставени на двете страни од тунел направен од боите на франкофонијата. Нејзини автори се студентите Слободан Милошески и Зоран Тошевски, а истата ја изразува културната разновидност на 68-те земји членки на Меѓународната организација на франкофонијата и претставува симбол на солидарноста меѓу различните народи што ја сочинуваат истата. Бугарската амбасада подари камена гравура на човек на коњ „мадирски коњик “, која ги претставува коњаниците од регионот Плиска во Бугарија

Во рамките на свеченоста настапија деца од франкофонска градинка, од француско-македонските паралелки од ОУ „Димитар Миладинов“ и од Балетското студио на Детскиот креативен центар при Младинскиот културен центар. (К.Б.)

Utrinski

 

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #4115 Posted: 13-Mar-2008 at 12:34
Јас сум комлетно на линија со Кловер.

Не сакам да ја расплинувам дискусијата во погрешен правец а и не тука местото за таква дискусија но. Македонската историја сеуште не е оформена и не е стандардизирана од самите нас, во последните 15 години секој се отиде во еден екстрем кој што комплетно го погазува она за кое што сме се залагале до тогаш. Како што реков, не сакам сега тука да читам муабети која верзијаа е правата, кој е крив зошто тоа е така итн но поентата ми е.

Додека не усвоиме една Македонска историја на академско ниво сосема е глупаво да го затрупуваме градов со разноразни кипови. Слично како со политичкото влијание врз урбанизмот овдека имаме политичко влијание врз историјата каде што актуелните гарнитури си дозволуваат да бидат историчари правејќи нивна субјективна селекција на личности и расфрлајќи се со нивни статуи по Скопје. Секако не е крива само сегашнава власт, листата е усвоена уште во времето на Пенов.

Слична е приказната со Музејот Македонска борба. Македонска борба воделе и илиндинците и комунистите, а овдека се прави политички упад во историјата и непотребно се внесува поделба.

Од естетска гледна точка плоштадот ќе личи на складиште на кипови. Наместо да се размислува да се оформи нов плоштад некаде во градов (срамота е што имаме само еден) кој што ќе се посвети ете на Ченто или незнам кој упорно све сакаат да сместат на едниствениот плоштад (уствари полупоштад бидејќи никогаш не е ни дограден).




Edited by pbanks - 13-Mar-2008 at 12:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4116 Posted: 13-Mar-2008 at 05:01
Па не мора место Даме, како тргнала работава мислам дека нема да е проблем да се наредат сите тие дополнително...

Crazy
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #4117 Posted: 13-Mar-2008 at 04:42

Немам што да кажам, сето ова ми мириса на тежок популизам, највеќе ме нервира што во овој клучен момент кога имаме безброј предизвици од сите страни владата преку општина центар се замара со вакви споредни работи  Ohno.

Originally posted by Cloverstack


Плус тоа нема ништо што би ги поврзувало тие скулптури во некаква целина - очигледно ќе бидат шаренолики, просторно без концепт, па дури и бројот е промашен (што бараат 2 статуи од еден ист период, посебно што Даме Груев не е личност со исто симболичко значење како Гоце Делчев...? Сеа нормално дека не можат да стават само една статуа кај камени мост, ама само сакам да потенцирам дека оваа симболика што ја објаснуваш не функционира како што треба дури ни во тој поглед). Со еден збор турлитава.
 
Па место Даме зошто не Грујо или Љубчо или Бране или Кирче, сите се светски политичари, Македонскиот народ никогаш нема да ги заборави нивните допринoси   Crazy  Big%20smile


Edited by vardar - 13-Mar-2008 at 04:51
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4118 Posted: 13-Mar-2008 at 02:17


Лошо е што работава ја земаме наопаку, па зборуваме за тоа како сето тоа би изгледало, ама морам да искоментирам Big%20smile

Нема таму никаков концепт, единствено има безвезно и невкусно трупање. Нема да се докаже никаква милениумска историја, туку само нашите комплекси, кои за жал почнавме да си ги набиваме како резултат на злобното лаење на јужните и источните соседи (кои меѓусебно нема да се сложат околу ништо друго, освен околу нивното примитивно негирање на нашиот идентитет). Ама некако многу лесно се дадовме и развивме комплекси ради една бедна реторика која ја пласираат уште од 19-ти век, поради минати но и сегашни експанзионистички и хард-кор националистички филозофии.

Плус тоа нема ништо што би ги поврзувало тие скулптури во некаква целина - очигледно ќе бидат шаренолики, просторно без концепт, па дури и бројот е промашен (што бараат 2 статуи од еден ист период, посебно што Даме Груев не е личност со исто симболичко значење како Гоце Делчев...? Сеа нормално дека не можат да стават само една статуа кај камени мост, ама само сакам да потенцирам дека оваа симболика што ја објаснуваш не функционира како што треба дури ни во тој поглед). Со еден збор турлитава.


Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 02:20
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #4119 Posted: 13-Mar-2008 at 01:26
Originally posted by Cloverstack

Пак овие теории... Да ги оставиме да дивеат, па можеби и нема да испадне толку лошо... Roll%20eyes


Навистина не се сметам за приврзаник на оваа теорија, ама очигледно сета оваа работа со статуите добива голем моментум и подршка од, нели, патриотите и националистите, а исто и нејзината популистичка страна е од корист на Владата, така да ова очигледно ќе се истурка по секоја цена.

Единствено нешто за кое можеби би те поправил е дека личностите еден од друг ги делат милениуми... Тоа е точно, ама тоа е и поентата - милениумската историја на Македонија како и тоа што сите биле важни државници и личности во историјата.

1. Антика: Александар
2. Средновековие: Самуил
3. Турско робство и Крушевската република: Гоце Делчев и Даме Груев
4. Социјалистичка Македонија: Ченто

Мислам дека ваков е нивниот „концепт“. Навистина не можам да го замислам Ченто на коњ кога Втора светска војна се водела со тенкови и авиони. Nuts
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #4120 Posted: 13-Mar-2008 at 00:55
Originally posted by La Linea

Previous Се трудам некако да го замислам плоштадот со сите статуи во некое добро светло, пробувам да гледам позитивно на ова... Можеби ќе испадне па добро?
    Можеби би било интересно плоштадот Македонија да биде како музеј на најважните државници во историјата.. Само пренатрупаноста ме плаши, може да испадне навистина кичерај


Пак овие теории... Да ги оставиме да дивеат, па можеби и нема да испадне толку лошо... Roll%20eyes


Ајде дури и да ги скокнеме сите други проблеми со овој потфат (пред се легалноста) и да поминеме директно на тоа како ќе изгледа сето тоа. Како мислиш дека може да изгледа, без претходен концепт, со расфрлани статуи на личности кои ги делат милениуми плус со различни типови на статуи? Не знам само дали и Чено планираат да го стават на коњ...

Ова не е ништо друго освен гол популизам, кој овие копуци треба да ги претстави како големи патриоти кај попростите слоеви од народот.


Edited by Cloverstack - 13-Mar-2008 at 00:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 204205206207208 209>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.648 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.