Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4121 Posted: 13-Mar-2008 at 00:49 |
Абе важно да се натрупаат на плоштад најшаренолики статуи, не е важно дали се има концепт... А ова со Александар е на едно сосема друго ниво. Бидејќи има реални можности спорот со името да не биде затворен наскоро (условна покана за нато и слични комбинации), ваљда сега треба да им дадеме муниција на грците за понатака и да си ја поткопаме својата позицијата. Далеку од тоа дека грците се во право, ама во очите на некој од страна, ваквите потези баш прават да изгледаме прилично лошо. Овие дилетанти ништо не научија (или намерно не сакаат да научат) од преименувањето на аеродромот. А за жал има и добар дел од народов на кого му е важно баш оваа година распаднатиот аеродром да му се вика Александар Велики и да има споменик на истиот на плоштад, бидејќи очигледно тоа се „ургентни“ работи кои не може ни да почекаат. Сето тоа на штета на круцијалното прашање со името! Многу „мудро“ нема што... Јас сум згрозен
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#4122 Posted: 13-Mar-2008 at 00:48 |
Podobro da gi sredat spomenicite koj veke gi ima gradot
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4123 Posted: 13-Mar-2008 at 00:39 |
 Се трудам некако да го замислам плоштадот со сите статуи во некое добро светло, пробувам да гледам позитивно на ова... Можеби ќе испадне па добро? Можеби би било интересно плоштадот Македонија да биде како музеј на најважните државници во историјата.. Само пренатрупаноста ме плаши, може да испадне навистина кичерај
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4124 Posted: 13-Mar-2008 at 00:32 |
 Само Александар ти е проблематичен во објавава? Би рекол дека ова ги преминува сите граници, но тие се одавна преминати и воопшто ги нема. Значи вкупно 5 статуи натрупани на плоштадот. Успеаа и програмата за поставување статуи на заслужни личности (која е добра и ја подржував) да ја зезнат скроз, сташни деструктивци.
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4125 Posted: 13-Mar-2008 at 00:19 |
До кога ли ќе не држат во неизвесност за Александар Македонски?
Споменици на Ченто и на цар Самуил на плоштад „Македонија“

Центарот ќе има вкупно пет споменици, а централниот дел е резервиран за Александар Македонски
Споменици на Методија Андонов Ченто и на Цар Самуил да се изградат
на градскиот плоштад. По овој предлог, иницијатива на Министерството за
култура, утре ќе одлучуваат советниците од Општина Центар. Предвидено е
споменикот на Ченто да се наоѓа пред ресторанот „Дал-мет-фу“, односно
на аголот помеѓу улиците „Македонија“ и „11Октомври“, додека на цар
Самуил пред кафулето „Тренд“, поточно на вкрстувањето на улиците
„Максим Горки“ и „Никола Вапцаров“. Локациите и за двата споменика веќе
се утврдени со урбанистички план. Според предложената одлука, парите
потребни за изградба на спомениците, како и финансирањето на
процедурите неопходни за целата постапка на проектот, ќе бидат на товар
на Општината, иако иницијатор за изградбата е Министерството за
култура. До кога ќе треба да се постават и како ќе изгледаат
спомен-обележјата, допрва ќе одлучува надлежната комисија, која со
утврдување на деталите ќе започне веднаш по исходот од предложената
одлука по која Советот на Општината ќе се изјасни на утрешната седница.
Имајќи предвид дека се во тек и две јавни објави за избор на
идејни решенија за изградба на споменици на плоштадот пред Камениот
мост, центарот на Скопје во иднина ќе го красат четири спомен-обележја.
Скулптури на Даме Груев и Гоце Делчев ќе се постават од левата, односно
десната страна пред Камениот мост. Акцентот ќе биде ставен на
скулптурата на Александар Македонски качен на коњ, кој е планирано да
се постави во кругот на плоштадот. Иако конкурсот за овој споменик
заврши, надлежните не кажуваат никакви детали. (Дс.Т.)
|
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4126 Posted: 11-Mar-2008 at 00:27 |
 „Свештеничката од Марвинци“
Edited by La Linea - 11-Mar-2008 at 00:28
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4127 Posted: 11-Mar-2008 at 00:19 |
Разубавување
Скулпторите бараат транспарентни конкурси

Денес треба да биде објавен конкурсот за разубавување на Скопје
Катерина Богоева
Денес владиниот портпарол
Ивица Боцевски заедно со државниот секретар на Министерството за
култура Елизабета Канческа - Милевска, треба да ја презентираат
содржината на најавениот конкурс за идејни - решенија за поставување на
скулптури во центарот на градот, со кои се предвидува истиот да се
облагороди и да ја добие, од многумина посакуваната естетска
привлечност. Објавувањето на конкурсот беше најавено за вчера, кога дел
од скулпторите информирани од медиумите, со доза на претпазливост
посочуваа на низа сегменти што ги прават внимателни секогаш кога
станува збор за третманот на нивната творечка работа од страна на
институциите, со оглед на долгогодишното непланско делување од страна
на државата во оваа област.
Претпазливи се во врска со
зададените временски рокови, со исходот од самите конкурси, го
коментираа и терминот во кој Министерството за култура го распишува
конкурсот, со оглед дека до крајот на март трае и конкурсот што пред
три месеци го распиша општината Центар за изработка на скулптура на
македонските револуционери Никола Карев, Даме Груев и Гоце Делчев. Но,
задоволни се што можат да конкурираат со решенија по свој избор, што
овој пат нема тематски да бидат ограничени.
„Ми смета
неорганизираноста, некоординираноста меѓу општината Центар и
Министерството за култура околу времето на распишување на конкурсот.
Најважно е тој да се усогласи за да можеме да си го планираме времето
за работа, бидејќи обично сме исфорсирани со временски рокови. За мене
е нелогично, скулпторите да конкурираат а претходно да не се дефинирани
местата каде делата ќе бидат поставувани“ - вели скулпторот, академик
Боро Митриќески, кому му се допаѓа идејата на поставување на слободни
форми во центарот на градот „Треба да се поставуваат скулптури на многу
места, меѓу другото и на кејот на Вардар. Скопје е празен, гол град, му
недостига естетеика. Скулптури нема доволно ниту во парковите, а
скулптори има, има и дела“.
И на дел од младите скулптори им
се допаѓа идејата со своите дела да го облагородат градот, но тие
бараат поголема организираност при спроведување на конкурсите,
транспарентност при одлучувањето.
„Вакви конкурси би требало
да има најмалку еден годишно, за да можат авторите да го понудат она
што го работат и што сакаат да го работат. Треба да станат практика и
да влезат конкурсите во годишната програма на Министерството за
култура. На тој начин скулпторите ќе можат да се фокусираат на
изработка на делата и нема да мора да работат и други работи. Би
требало да се распишуваат повеќе конкурси и за изработка на скулптури
кои ќе се поставуваат низ Македонија, а не само во Скопје “ - посочува
скулпторот Љубиша Камењаров.
И неговиот колега Дарко Дуковски
ја поздравува одлуката за распишување конкурс на која уметниците ќе
конкурираат со дела по сопствен избор, но врз база на сопственото
искуство, има и одредени задршки во очекувањата.
„ Идејата е
супер, но само ако навистина и излезе онака како што се најавува. Ми
пречи досегашната практика при распишување на конкурсите одлуките да не
се соопштуваат на транспарентен начин, да не може ние авторите да ги
видиме образложенијата зашто некое дело е одбрано, зошто било повредно
од другите што се одбиени. Се случува често и макетите кои ги испраќаме
на конкурсите да бидат скршени. Јас работам како слободен уметник и
конкурирам на сите конкурси во земјава. Минатата година учествував и на
распишаниот конкурс во Битола за скулптура на Филип II на коњ, но тој
без никакво образложение беше поништен еднаш, се отвори друг, но и тој
пропадна. Не добив повратни информации зошто“ - вели Дарко Дуковски.
И
скулпторката Мери Аницин Пејоска, директор на Музејот на Македонија, го
поздрави новиот конкурс за оплеменување на главниот град со скулптури,
гледајќи го како можност за ширење на ликовната уметност надвор од
затворените простори. Смета дека е важно да се прошири историската
рамка и да бидат визуелизирани што повеќе личности и моменти од
минатото, не само револуционери. Во тој контекст посочи и дека Музејот
на Македонија работи на обвезбедување средства за изработка на
скулптура во поголеми димензии на познатата „Свештеничка од Марвинци“,
од Среќко Јовановски, која би можело да биде поставена исто така во
центарот на Скопје.
Утрински |
Edited by La Linea - 11-Mar-2008 at 00:20
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4128 Posted: 10-Mar-2008 at 20:56 |
 нормално дека е јасно, но ваљда постои правен механизам барем целава работа да се блокира/успори. Они сигурно ќе најдат начин да го протнат тоа што го наумиле но барем ќе изгубат некое време со што шансата да не дојде до реализација е поголема (до избори има уште 2.5 години што веќе и не претерано многу време).
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4129 Posted: 10-Mar-2008 at 20:49 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4130 Posted: 10-Mar-2008 at 20:41 |
Фокусирајќи се постојано на естетскиот аспект на проблемот ретко коментираме за суштината на сето ова. Владата и Општина Центар повторно тераат незаконски проект и никој не ги спречува во тоа. Дали има некој правник меѓу нас? Митатос ти беше правник нели? Што може да се направи за правно да се блокира сето ова? Веројатно се прекршува некој закон за локална самоуправа, некој урбанистички план итн.
Подигањето на лавовите на Гоце Делчев е надвор од законската процедура
 Градоначалничката
на општина Центар Аларова денеска повторно одби да даде изјава дали е
надлежна да даде дозвола за поставувањето на лавови на мостот Гоце
Делчев и зошто преку нејзината општина, а не преку градот власта се
обидува да го реализира проектот кој би чинел околу 600 илјади евра. Од
нејзината служба за односи со јавност само кратко реферираа. Не било во
стилот на градоначалничката да се конфронтира со Костовски, кој за
Канал 5 тврдеше дека Аларова нелегално ја спроведува иницијативата,
прескокнувајќи ги надлежностите на град Скопје. Според член 17 од
законот за меморијални споменици и спомен обележја споменик се
поставува само доколку истиот е предвиден во програмата за поставување
на споменици. Таква програма се уште не е донесена – велат од прваната
служба на градот Скопје:
- Треба да се пристапи кон донесување програма во општината и
општините. Заедно со градот да ги утврдат личностите за кои се
подигнуваат споменици.
Мирослав Грчев професор на Архитектонскиот факултет тврди дека
покрај тоа што вакви скулптури се поставувале пред 500 години во
европските метрополи, лавовите нема да се вклопат во модерниот изглед
на мостот. Тој вели дека поставувањето на лавовите е незаконско и
дилетантско трошење на народните пари:
- Општина Центар според закон нема никаква надлежност ни на
мостот, ни на булеварите што се вливаат во него, ни на кејовите ни во
околината на примостовјето. Тоа според закон е надлежност на град
Скопје, а тоа значи дека општината не смее да троши никакви јавни
народни пари на територија и за работи за кои не е надлежна.
Според изворите на Канал 5 идејата за поставување на 4 лава од
бронза тешки 80 тона доаѓа директно од врвот на владејачката партија.
Градоначалникот на Скопје Костовски во овој потег гледа политички
маркетинг на ВМРО ДПМНЕ. Покрај четирите лавови општина Центар објави
конкурс и за изградба на спомен обележја на Даме Груев, Гоце Делчев и
Никола Карев, а Министерството за култура за дваесетина споменици кои
треба да се најдат на централното градско подрачје. |
Извор: Канал 5
Edited by pbanks - 10-Mar-2008 at 20:42
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4131 Posted: 08-Mar-2008 at 19:12 |
село гори баба се чешла
Нов конкурс за скулптури кои ќе бидат распоредени во центарот на Скопје
 Во
понеделник Министерството за култура ќе објави конкурс со кои се
повикуваат сите уметници да предложат свое идејно решени за скулптури
во центарот на Скопје. На конкурсот можат да се пријават сите уметници
кои без зададени теми ќе предложат свои решенија за облагородување на
централно подрачје на градот. Уметниците поделени околу идејата.
Академикот Томе Серафимовски вели дека добро е што има конкурс, но
откако се најавиле изградбите на офицерскиот дом, црква, иницијативата
за возобновување на џамија, фонтана во центарот на Скопје, нема да
излезе ништо од конкурсот ако распишувачот не знае што уште треба да
има на централното подрачје.
Дел од уметниците пак сметаат дека Скопје е една од ретките метрополи кое нема свои обележја.
И граѓаните се поделени за реализација на најновата идеја за облагородување на центарот:
- Во други земји гледаме има, зошто и кај нас да нема споменици.
- Треба да има ама некакви соодветни што одговараат на просторот.
- Владата да води повеќе грижа за економијата, а не да гради споменици за некој да ги памети.
Од Министерството за култура велат дека допрва ќе се проектира
буџетот, откако ќе се видело колку скулптори ќе конкурираат и какви
решенија ќе понудат. Откако ќе се изберат решенијата тогаш ќе се бираат
и локациите каде ќе бидат скулпторите поставени. Овој конкурс е на
Министерството за култура и не е истиот со конкурсите на општина Центар
со кои се бара поставување на 4 бронзени лава и спомен обележја на
Никола Карев, Даме Груев и Гоце Делчев. |
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30390&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4132 Posted: 08-Mar-2008 at 02:23 |
4 x 80 тона! 600000 евра!  Не само што се мегаломани, туку навистина немаат допир со реалноста. Ова излезе многу полошо отколку што мислев. Навистина жално...
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#4133 Posted: 07-Mar-2008 at 22:39 |
so tie pari ke napravat nesto podobro zimi se
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4134 Posted: 07-Mar-2008 at 20:28 |
Ехеј митатос те снема  Абе овие со лавовиве запнале, ептен ќе ја заебат работава.. ц ц ц
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#4135 Posted: 07-Mar-2008 at 20:21 |
@pbanks ispitna sesija  ,mora da se uci ... zatoa me nemase inace vie arni ste ?
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#4136 Posted: 07-Mar-2008 at 20:01 |
@mitatos те снема човече  и јас сум за фонтани но не за некои медиокритети на секој чекор туку за неколку асални и тоа на соодветни места.... но.... да ве спуштам на земја
Скулптури на лавови на мостот Гоце Делчев
 Четири
лава од бронза тешки по 80 тона ќе се поставуваат на мостот Гоце
Делчев. Идејата била од врвот на владејачката партија, а ќе се
реализира преку министерството за култура и општината центар иако
поставувањето споменици е во надлежност на градот. Но, според изворите
на Канал 5 градоначалничката Аларова добила задача да потроши 600
илјади евра колку што би чинеле лавовите и истите да ги постави на
мостот кој е во непосредна близина на Владата. Градоначалничката
Аларова денеска не сакаше да зборува за мегаломанскиот проект кој и бил
доделен да го реализира.
На веб сајтот на општината во конкурсот за идејно решение
образложението зошто токму скулптури на лавови се наведува - лавот ја
симболизира гордоста и непокорот духот на македонскиот народ низ
историјата. Со вакво образложение Аларова тргнува во извршување на
задачата, а градоначалникот на Скопје Костовски реагира оти му се меша
во надлежностите и тврди дека таквиот потег е незаконски.
- Според Законот за локална самоуправа, Законот за град Скопје
и Законот за споменици дефинитивно општина Центар не може да дава
согласност за проекти за клучни личности од историјата на македонскиот
народ. И доколку министерството има такви идеи партнер треба да биде
градот Скопје – вели Костовски.
Градоначалникот гледа политички маркетинг во функција на предвремени парламентарни избори.
- Претпоставувам дека тука веќе политиката влегува на мала
врата преку кампањи и отворање на еден процес на предвремени
парламентарни избори. Факт е дека се оди на работи кои се видливи за
граѓаните – вели Костовски
Од Министерството за култура не сакаат да коментираат.
Државната секретарка Канчевска од редовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ
била на пат а друг од министерството немал овластување да зборува за
идејата за поставување споменици во главниот град.
Инаку покрај четирите бронзени лавови општината Центар има
отворено и конкурс за изградба на спомен обележја на Даме Груев и Гоце
Делчев качени на коњ на плоштадот Македонија и биста на Никола Карев
пред Собранието на Македонија. |
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=30364&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
|
 |
gotsomekicks
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Macedonia
Online Status: Offline
Posts: 305
|
Quote Reply
#4137 Posted: 07-Mar-2008 at 19:43 |
 Се слагам дека у секој случај фонтани се боље од споменици, а ако веќе се ставаат споменици, нека бидат тоа споменици од некои писатели или сл.
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#4138 Posted: 07-Mar-2008 at 19:34 |
ja mislam deka na gradot poveke mu falat fontani , za razlika od sosednite glavni gradovi skopje ima nedostig i od toa ,ostaj sto ima nedostig negi ni cuva tie sto gi ima, pa posle idat skulpturite ,itn..
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#4139 Posted: 07-Mar-2008 at 00:20 |
Решат Aмети има добра поента околу споменициве.
КОНКУРС НА МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА
Скопје е празен град, му фалат скулптури
Идејата за
поставување на скулптури низ Скопје, за која конкурсот беше распишан
вчера, наидува на позитивни реакции кај скулпторите и уметниците
Уметниците
ја прифаќаат идејата на Министерството за култура за поставување на
скулптури кои ќе бидат лоцирани на различни места низ Скопје. Конкурсот
за идејно решение веќе е распишан и на него можат да се пријават сите
скулптори од земјава, со свои идејни решенија, а темата на која ќе
творат е слободна.
Академскиот уметник, Решат Амети, кој е и потпретседател на
Друштвото на ликовни уметници на Македонија, вели дека идејата за
поставување на скулптури е одлична, меѓутоа треба да се обрне внимание
на изборот.
- Мора да се внимава скулптурите да ја изразуваат реалната слика во
Македонија. Да не претендираат со некој локал-патриотизам и да имаат
хуманистички карактер. Мислам дека конечно не треба да правиме
скулптури кои што изразуваат агресивност - да има оружје или слично.
Треба да се свртиме кон хуманизмот, вели Амети. Тој додава дека треба
да се консултираат сите уметнички институции во државава како што се
ДЛУМ, Факултетот за ликовна уметност, МАНУ, за да не се направат грешки
како во минатото - да добиеме кич скулптури изработени по нарачка или
пак тотален невкус.
Академик Боро Митриќески смета дека Скопје е сиромашен и празен град во поглед на скулптурите. -
Каде и да отидете во некоја од светските метрополи, на плоштадите и
другите места ќе видите многу скулптури кои се израз на духот на
градот. Скопје е еден од најсиромашните градови во Европа во поглед на
скулптурите, коментира скулпторот Митриќески, чие дело - ликот на Петре
М. Андреевски од неодамна е поставено во Друштвото на писателите на
Македонија. За Ангел Димовски Чауш, ова е благородна идеја.
-
На Скопје му требаат историски и модерни споменици и скулптури во
слободни форми, вели Чауш. Тој очекува конкурсот да помине во најдобар
ред и сериозно, бидејќи, како што вели тој, досега имало мошне
несериозни конкурси.
- Уметниците мора да остават белег на времето во кое работат, додава тој.
Во Скопје покрај скулптурите коишто беа поставени за време на
комунизмот, понови скулптури се Гулаби на мирот од Томе Серафимовски,
споменикот на Мајка Тереза, Крсте Мисирков, Доситеј.
ВЕЧЕР
|
Edited by La Linea - 07-Mar-2008 at 00:21
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#4140 Posted: 30-Jan-2008 at 22:47 |
 Томе Серафимовски е појава  А Паско би го прашал зошто интелектуалци запнал да качува на коњи... Какви коњи ве спопаднале, коњи едни! За некои од локациите па да не знае што да каже човек - лавови на мостот Гоце Делчев...  Зошто од нешто што треба да биде на задоволство на сите правите вакви конфликтни ситуации бараби едни? Па сите сакаме да се направат тие споменици, ама не така невкусно како што сте запнале вие! И пак да прашам, каде сте се се затрчале толку, па дури ќе ги нарачувате статуиве на ангро??? Прво погрижете се за постојните споменици што ги имаме - тие пропаѓаат и се сквернават, а никој не
превзема ништо!
Edited by Cloverstack - 30-Jan-2008 at 22:48
|
 |