build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гасификација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 30>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 26-Sep-2011 at 22:38
@ axel

Да, во врска со Те-То (барем од тоа што имаме регистрирано) последно е дека беше пуштена во пробна работа. Можеби ја чекаат овогодинешнава грејна сезона за влегување во нормален режим  Dunno
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 26-Sep-2011 at 15:21

 te-to uste li ne raboti

Гасификацијата продолжува

Гасификацијата%20продолжува%20
Свето Николовски
Техничката  документација за основните и изведбените проекти за приоритетните магистрални правци на гасоводната мрежа , долги 410 километри ,   се очекува да биде готова до крајот на годинава . Во првата половина на 2012-та би требало  да започне и градбата на терен.
 ,, Прима инженеринг”  од  Скопје  ја  работи проектната документација за 100км долгата делница  од Клечовце до Неготино .Правците  Неготино - Битола   и Штип -Хамзали  во вкупна должина од 160км ги  проектира украинската  ,,Укргазпроект” од Киев . Германско-македонскиот конзорциум предводен од ДИВИ консалт интернешенел од ЕСЕН го финишира проектирањето за  делот од Хамзали до Стојаково  во должина од  50 километри. Сите овие активности ќе чинат 2,7 милиони евра  , додека вредноста на изградбата на петте делници е проценета на околу 177 милиони евра. Точната вредност на инвестицијата , вклучувајќи ја  и експропријацијата на земјиштето за трасата  ќе ја дадат основните и изведбените проекти .
Руски Гаспром потврди дека има обезбедено гас за потребите на Македонија во следните 25 години , но најголем бенефит  земјава би имала од  транзитот на гас за соседите .
,,Тоа е како плаќањето патарина и  би ја намалило крајната цена на гасот за домашните потрошувачи “.-смета проф.д-р Константин Димитров .
Гасоводниот прстен привршува , но  не е почната изградбата на дистрибутивната мрежа .Причина е неатрактивната цена на гасот ,које е скоро идентична со струјата .Но за 2-3 години би се создале  економски предуслови за влез на странски инвеститор .
,,Според студијата за гасната  дистрибутивна  мрежа  за градот  Скопје се потребни околу 40 милиони евра,  што би се вложувале во период од 5 до 6 години “-вели Димитров .
Анализите  на општината Кисела вода покажале дека на почеток треба да бидат приклучени 4 реони  . Населбите: Пржино, Црниче, Драчево како и индустриската  зона околу Првомајска ,односно 25000 жители  и 65 индустриски објекти . Цената на  приклучокот за граѓаните би била околу 500 евра за станбена единица .
Вкупната потрошувачка на природен гас во земјава годишно не надминува 87 милиони кубици, а на мрежата се приклучени само 35 компании.Се очекува влегувањето на мрежа на комбинираната гасна електрана  и топлана ТЕТО да ја подобри искористеноста на постојниот гасовод за дополнителни 350 милиони кубици.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/26792/gasifikacijata_prodolzhuva.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 19-Sep-2011 at 13:01

Трансјадранскиот гасовод потпиша договори со сите освен со Македонија

http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/09/19/trans.jpg

Д-р Луц Ландвер, директорот за стратегија и развој на Трансјадранскиот гасовод (ТАП) кој преку Турција, Грција и Албанија, ќе пренесува гас до Италија под Јадранот, изјави дека компанијата има потпишано договори со сите земји од западниот Балкан кои се по трасата на Јонско-јадранскиот гасовод (ИАП), кој ќе поминува покрај Јадранскиот брег, какви што се: Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.


Тој додава и дека заедничка група во моментов ги испитува можностите за изградба на интерконекциска врска меѓу двата гасоводи во Албанија.


Д-р Лундвер вели дека компанија која ќе управува со гасоводот е спремна за соработка и со другите земји и директно ја спомнува Македонија, како и Бугарија, Србија, Романија и Унгарија. За сите нив вели дека ТАП нуди можност за пристап до каспискиот гас со што би се засилила сигурноста во снабдувањето со природен гас во секоја од овие земји.


ТАП треба да ја пресече северна Грција по целата нејзина ширина и да поминува на само неколку десетици до 100 километри од македонско-грчката граница. Со ова на Македонија и се овозможува лесен пристап до овој гас и ако ништо друго барем снабдување на градовите и општините на југот на земјата на сличен начин како што Струмица планира да се снабдува од Бугарија.


Со добивање на гас од ТАП, земјата донекаде ќе донесе конкуренција во снабдувањето, без да мора целосно да зависи од рускиот „Газпром.“


ТАП би требало да започне да се гради во 2013 година и да проработи во 2017 година. Тој е целосно зависен од испораката на гас од изворите во Азербејџан како што е Шах Денис 2, за кој тамошните власти објавија дека ќе биде отворен за експлоатација токму во 2017 година.


Гасоводот е комплетно комерцијален проект во кој учествуваат неколку големи енергетски компании од Западна Европа и не зависи од локално финансирање или од фондови на ЕУ.

http://www.plusinfo.mk/vest/15877/Transjadranskiot-gasovod-potpisha-dogovori-so-site-osven-so-Makedonija


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 26-Aug-2011 at 10:19
http://plusinfo.cfd.mk/large_pics/2011/08/26/nabucco.png

Иако Македонија не е на патот на овој гасовод, кој треба преку Турција да влезе во Бугарија и преку Романија и Унгарија да стигне до Австрија, сепак, многу лесно е можно „продажбата на гасот да ги вклучи земјите кои не се во рутата на „Набуко“, какви што се Хрватска, Македонија, Србија и Словачка, на пример, кои би можеле да бидат интегрирани во дистрибутивната мрежа преку серија на евтини конектори, дури и преку создавање на гасоводен прстен со независни реверзибилни сегменти (повратни, кои би можеле да го пренесуваат гасот во двете насоки – н.з.),“ пишува професорот за европски, евроазиски и руски студии, Роберт Катлер од Карлтон Универзитетот во Канада за изаданието Asia Times.


„Набуко“ гасоводот е во сопственост на 6 државни компании за природен гас (од Турција, Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија и Германија) и неговата цел е да го пренесува гасот од подводните гасоводни полиња од Азербејџан (но, и од други земји како Ирак и Туркменистан) до европските пазари, а се со цел да се намали зависноста на континентот од рускиот гас, кој во моментов е доминантен.


Токму деновиве светските медиуми известуваат дека се при крај преговорите меѓу Турција и Азербејџан, кои ќе ги уредуваат прашањата како што се транзитните плаќања, волуменот на гасот кој ќе се транспортира и продава, како и можните рути и наскоро се очекува сите овие детали да бидат претворени во договор кој ќе ги обврзува двете страни.


Со ова се затворени прашањата на трансмисија и продажба на гасот од подводното наоѓалиште на територијата на Азербејџан, Шах Дениз, за кое се смета дека содржи огромни 1,200 милијарди кубни метри гас, а има годишно производство од 16 милијарди кубни метри гас. Ова е само почетно производство и тоа би требало да се зголеми до 25-30 милијарди кубни метри годишно.


Вкупниот капацитет на „Набуко“ гасоводот треба да изнесува 31 милијарда кубни метри гас. Од Шах дениз се очекуваат околу 16 милијарди кубни метри годишно. Овој гас би требало да го снабува „Набуко“ и неговиот конкурент, гасоводот ИТГИ (Интерконектор Турција-Грција-Италија), кој, пак треба да поминува преку овие земји и до Италија да стигне од под Јадранот.


Од почетокот на годината, Европската комисија врешеше притисок врз овие два конкуренти да соработуваат со изградба на краток интерконектор меѓу Бугарија и Грција. Со ова се постигнуваат две цели – како прво можеби нема да биде неопходно да се гради втората фаза од „Набуко“ и неговите трошоци за иградба ќе поевтинат со оглед на тоа што ИТГИ гасоводот е предвидено да има капацитет од 10 милијарди кубни метри годишно, а и се отвора можноста гасот да се движи поблиску до земји кои не се во рутата на двата гасоводи, како Македонија, на пример.


Инаку, преговорите меѓу Азербејџан и Турција беа тешки и од причини зашто Азербејџан инсистираше да биде сопственик на гасот кој ќе се движи низ гасоводите за во иднина да може да го продава и на други земји.

http://www.time.mk/read/NONE/c040802e01/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 26-Aug-2011 at 07:46
Во Куманово интензивно се работи на гасоводната мрежа кон населбата Карпош

Куманово, 25 август 2011 (МИА) - Екипи на ЈП "Куманово Гас" интензивно работат на поставување на гасоводната мрежа кон населбата Карпош.

Вкупната должина на гасоводната мрежа е 15.000 метри, а се поставуваат цевки со поголема широчина бидејќи во населбата живеат околу 15.000 жители, а има и стопански и угостителски објекти.

"Куманово-Гас" ја има набавено и станицата за одоризација која е прва во Македонија. Оваа станица која е поставена до мерно-регулациската станица е неопходна за приклучок на домаќинствата, кое според најавите на надлежните од претпријатието ќе се случи во октомври, годинава.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=86291604&lId=1&pmId=
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 11-Aug-2011 at 08:02
Заврши поставувањето гасоводна мрежа во центарот на Куманово

Куманово, 10 август 2011 (МИА) - Екипите на Јавното претпријатие „Куманово гас“ завршија со поставувањето гасоводната мрежа во централното градско подрачје, каде воедно се лоцирани поголемите правни субјекти како што се градинката „Кокиче“, двете основни училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ како и гиманзијата „Гоце Делчев“.

- Го завршивме кракот кој води од булеварот „Трета МУБ“ кој се проширува на неколку сегменти и сите се завршени, при што се опфатени и правните субјекти и домаќинствата во ова потесно централно градско подрачје, вели Олгица Димитријевска од ЈП „Куманово-Гас“.

Поставената мрежа во овој дел е во должина од 1.500 метри. Поставени се цевки од секундарната градска мрежа. Воедно, екипите на надлежното претпријатие поставуваат цевки и кон населбата „Карпош“ во должина од 1.200 метри.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=85942550&lId=1&pmId=501
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 26-Jul-2011 at 11:58

Се гасифицира населбата Карпош

 Екипите на ЈП „Куманово- гас„ работат на поставување на гасоводна мрежа во должина од 1200 метри кон населбата Карпош.

Таму користиме една поволност, бидејќи МВР веќе копа за поставување на нејзини кабли, ние ќе го искористиме  ископот и за наши потреби. Со завршувањето на дистрибутивната мрежа ќе се создадат услови за првите приклучоци и во оваа населба- вели директорот Момчило Мирчевски.

Од претпријатието се задоволни од неочекувано големиот интерес за приклучување на домаќинствата, и наскоро ќе започнат првите приклучоци во стамбените објекти кај Мај Маркет и Стар отпад.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/se-gasificira-naselbata-karpos.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 26-Jul-2011 at 11:31

Ќе се гасифицираат повеќе јавни установи во Куманово

Три училишта, градинка и библиотека, сите во центаралниот дел на Куманово, се следните јавни установи кои ќе се гасифицираат. Екипите на јавното претпријатие Куманово гас, интензивно работат на поставување гасоводна мрежа до објектите. Најавуваат дека во септември овие објекти ќе бидат приклучени на мрежата и новата грејна сезона ќе ја почнат со затоплување на гас.

“Дадовме предност во приклучувањето на овие два објекти, бидејќи се работи за големи потрошувачи на гас и се надеваме дека се ќе биде реализирано според предвидената динамика. Во септември се очекува да бидат приклучени и првите домаќинства, затоа во август, преку кампања, ќе ги информираме граѓаните за предностите на гасот и за можностите за приклучување на гасот“, вели Олгица Димитриевска, раководител во Ј.П Куманово гас.

Досега јавното претпријатие изгради околу 13 километри секундарна мрежа, а инвестирани се близу 2,7 милони евра од буџетот на општината.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/71736/kje_se_gasificiraat_povekje_javni_ustanovi_vo_kumanovo.aspx?iId=2294
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 25-Jul-2011 at 18:24
Изградени 60 отсто од гасоводната мрежа во Струмица strumica_gasovod.jpg

СтрумицаВо Струмица во изминатите два месеца се изградени над седум од вкупно проектираните 13 километри примарна гасоводна мрежа. Истовремено, во тек е и тендерот за набавка на потребната опрема, по што ќе биде распишан и меѓународен тендер за набавка со природен гас.

Изградбата на првата фаза од овој капитален проект, единствен од ваков вид во во земјата, ја изведува фирмата „Конти хидропласт“ од Гевгелија, за што со локалниот буџет се планирани 57 милиони денари. Гасоводот, за кој вкупно ќе бидат инвестирани 235 милиони денари, ќе биде даден во употреба во октомври оваа година, пред почетокот на новата грејна сезона.

- Заокружувањето на првата фаза практично ќе значи основа за гасификација на локалните и државните јавни установи и на заинтересираните домаќинства, на стопанските објекти, фабриките и слично. Во втората фаза, на гасоводниот систем ќе бидат приклучени пластениците и оранжериите за производство на зеленчук и населените места во непосредната околина на Струмица, изјави градоначалникот Зоран Заев.
 
Со гасификацијата на Струмица ќе се постигне висока енергетска ефикасност, заштеда на енергија и намалување на трошоците за скапите нафтени деривати и другите енергетски горива.

- Според глобалните пресметки, само во јавните установи годишно ќе се заштедуваат над 20 милиони евра, а супституцијата на нафтата, струјата и огревното дрво ќе значи и поголема заштита на човековата околина, вели Зоран Китанов, директор на претпријатието „Струмица-гас“.

Во наредните два месеца, покрај примарната гасоводна мрежа, ќе бидат изградени и две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се транспортира од мајката-станица лоцирана во Петрич, Република Бугарија.

Локалниот гасоводен систем во Струмица е проектиран така да може без никакви проблеми да се приклучи на гасоводот кој со најавениот проект на Владата ќе се гради во источниот дел на Републикава.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=3082&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 13-Jun-2011 at 18:52

13. Jun 2011 12:48 Гасот ќе се приклучува и во куќи

 За дваесетина дена во Куманово ќе започне приклучокот на гас во домаќинствата. Од ЈП „Куманово-гас„ кажуваат дека со поставувањето на станицата за одоризација, која е неопходна за безбедна дистрибуција на гас до малите потрошувачи создадени се сите технички предуслови за нивно непречено приклучување.

Гасот%20ќе%20се%20приклучува%20и%20во%20куќи

Постои голем интерес кај граѓаните за користење на гасот како енергенс и ние веќе од наредниот месец ќе ги поставиме првите гасомери за домаќинствата. Најмногу заинтересирани потрошувачи има во зградите на булеварот Октомвриска револуција, Трета МУб, но и куќите каде што десега имаме поставена секундарна мрежа.Во новоизградените колективни стамбени згради веќе се поставува комплетна инсталција за гасификација со што многу полесно ќе се одвива целиот процес.  Очекуваме наредната грејна сезона да имаме околу 3 илјади потрошувачи- вели Момчило Мирчевски директорот на ЈП „Куманово-гас„.

Приклучокот на гасот за домаќинствата ќе чини 800 евра, а ЈП Куманово гас ќе дава одредени поволности при плаќањето.

Првите корисници на гас зимава беа Домот за стари лица и градинката Синоличка, а во меѓувреме се приклучи Општината, Полицијата, Судот повеќе основни, средни училишта и установи во центарот на градот. Досега е изградена околу  10 километри гасоводна мрежа за што се потрошени 2,5 милиони евра од буџетот на Општината. Куманово е првиот град во државата што се гасифицираше и започна да го користи гасот за широка употреба.

http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/gasot-ce-se-priklucuva-i-vo-kuci.html
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 01-Jun-2011 at 08:31
Од гас ни абер ни глас



И четири години по формирањето на градското претпријатие „Енергетика“ , нема абер од пронаоѓање партнер за гасификација на домаќинствата во метрополата. Претпријатието постои, во него работат луѓе, земаат плата, но не е реализирано ништо од замисленото. Тоа беше формирано во мандатот на Трифун Костовски. По доаѓањето на градоначалникот Коце Трајановски, тој појасни дека се плаќа сметководител, членови на Управен одбор и директор.

И покрај инсистирањето на дел од членовите на Советот, не појасни за колкава сума се работи на годишно ниво.

„Енергетика“ четири години произведува трошоци

Константин Димитров, претседател на Управниот одбор изјави дека „Енергетика“ с` уште се обидува да пронајде стратешки партнер. Вели дека инвеститорите се откажувале поради цената на гасот која во Македонија им била неатрактивна.

- Имаме неидентификуван влез бидејќи се бавни во однос на правото на сопственоста врз гасоводот. Тоа долги години е предмет на судски спор помеѓу „Макпетрол“ и државата. Од друга страна, гасот во Македонија е најскап во светот. Инвеститорите се откажуваат бидејќи цената на гасот е приближно иста со електричната енергија. Исто така, потребни се многу пари да се разграни гасоводната мрежа за да стаса до домовите. Поисплатливо е да се спроведе гасот до индустриските потрошувачи бидејќи се работи за една цевка и за еден потрошувач кој троши многу - изјави Димитров.

Според него, потребно е да се случи сериозно намалување на цената гасот на ниво на Македонија, да се смени политичката и економската состојба за да има напредок во гасификацијата.

Како што е познато, ова претпријатие беше формирано од Градот, а потоа се преструктурираше како акционерско друштво, баш за полесно да дојде до странски капитал. Но, и тоа не помогна.

Дека нешто не е во ред со постоењето и работата на луѓето во фирмата, кои требаше да изработат стратегија за гасификација, сведочи и ланската изјава на Трајановски. Тој на седница на Советот на Град Скопје изрази негодување од работата на ова претпријатие и рече дека не е среќен со неговата работа.

- Ќе мора да се дебатира за неговата иднина - изјави тој, но без разлика, оттогаш нема никакво мрднување од мртва точка по оваа тема.

Главната мрежа готова до 2012

Доколку се појави инвеститор за дистрибуција, предвидувањата на Градот се дека гасот во домовите на скопјани, но и до јавните институции, би можел да стигне уште наредната година. Тогаш се очекува целосно да заврши доизградбата на главниот прстен. Од мрежата, која почнува од Топлана „Исток“, и преку Автокоманда и Железарница продолжува до Топлана „Скопје-Север“, остануваат да се завршат уште 6,5 километри.

Ратко Манов, извршен директор на „Гама“, фирма за транспорт на гас и за управување со системот, објасни дека во моментов работат на потегот од Расадник, во Кисела Вода, преку Центар, Карпош до Тафталиџе. Оваа инвестиција се очекува да биде завршена до првиот квартал од 2012 година.

- На тој начин ќе се овозможи користење на природен гас во Топланата „Запад“ во Тафталиџе, но и на граѓаните во тие реони. Последните километри од гасоводната мрежа што треба да се дозавршат ќе чинат 3,5 до 4 милиони евра кои ги инвестираме од сопствени извори - информираше Манов.

Неговиот став е дека за побрза гасификација на населбите треба да се заложат и општините. Изградена е главната гасоводна мрежа, останува да се пронајде инвеститор што би ја раширил до домаќинствата, училиштата, градинките, институции, фирми. „Гама“ законски не може затоа што ќе се јави судир на интереси и монополска положба.

АД „Гама“, која во изградбата учествува по половина со државата, во Скопје досега има изградено 40 километри мрежа. На постојната мрежа се приклучени само индустриските потрошувачи како Цементарница, „Пивара“, „Европа“, ОХИС, топланите „Исток“, „Север“ и „11 Октомври“, „Жито лукс“, „Елем енергетика“, „ЕСМ Енергетика“ и други.
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 21-May-2011 at 09:18

Гасот се приближува до домовите на скопјани

Градската гасоводна мрежа во Скопје е изградена во должина од четириесетина километри, а се доградуваат преостанатите 6,5 километри

Снежана Калабакова


Не е далеку денот кога конечно гас ќе може да добијат и домаќинствата во Скопје. Уште наредната година ако се појави дистрибутер на гас има можност скопјани да се греат на гас, да готват и да добиваат топла вода.

Градската гасоводна мрежа во Скопје е изградена во должина од четириесетина километри, а АД ГА-МА интензивно работи на доизградба на преостанатите 6,5 километри на потегот од Топланата „11 Октомври“ до „Топлана запад“ во населбата Тафталиџе. Со тоа до 2012 година ќе се затвори гасоводниот прстен од мрежата во Скопје. За што побрза гасификација на населбите можат да се заложат и локалните самоуправи, односно општинските градоначалници.

Засега овој еколошки енергенс во Скопје го користат најголем број фирми што се приклучени на веќе изградениот дел од мрежата, или како што велат од ГА-МА на веќе изградениот полупрстен, кој почнува од „Топлана исток“, преку Автокоманда и Железарница до „Топлана Скопје север“. Од претпријатието информираа дека за гасификација на Скопје се потребни околу 160 милиони евра. Бидејќи станува збор за огромни пари, гасифицирањето се прави чекор по чекор. Досега се изградени сто километри мрежа од Деве Баир до Скопје. Тоа е приклучното место на македонскиот систем со бугарскиот. Како што е познато, системот за пренос на природен гас во Република Македонија е дел од рускиот транзитен гасовод што поминува низ Украина, Романија и Бугарија, а е наменет и за Турција, Грција, Србија и за Црна Гора. Градски мрежи веќе има, освен во Скопје и во Крива Паланка, Кратово и Куманово.

„ГА-МА е фирма, која заедно со Владата учествува 50:50 во изградбата на мрежата за гасификација на земјава. Наша основна дејност е транспортирање на природен гас и управување и развој на системот. Со поврзувањето на мрежата со „Топлана запад“ еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот што го имаа граѓаните со загадувањето на животната средина, бидејќи гасот не само што е конкурентен на другите горива, туку е познат во светот како екоенергенс. Нашата инвестиција во овој дел од мрежата изнесува 4,5 милиони евра. Значајно е да се спомене дека досега се нема појавено дистрибутер на гас, а би можел да биде секој кој има пари и кој е подготвен да чека вложеното да му се врати за 7 до 10 години. Задача на дистрибутерот е да изгради постројки, односно котларници за гасот да дојде до домовите, вели Радко Манов, извршен директор на ГА-МА.

Користењето гас во домовите на скопјани би значело заштеда на пари од домашниот буџет кои во голем дел се одлеваат за плаќање сметки за потрошена електрична енергија. Пресметките на стручњаците покажуваат дека заштедата би била во размер 3:1. Според нив на четиричлено семејство со стан од 80 до 100 квадратни метри годишно му се потребни 1.200 кубни метри гас за греење, топла вода, за готвење и секако семејството преку системот ќе добива и техничка вода. Претворено во пари по сегашната цена на гасот тоа би значело дека ќе треба да потроши 550 долари годишно.

Антонио Јовановски, исто така еден од извршните директори на ГА-МА објасни дека за да може гасот да го користат градинките, училиштата и на крајот и домаќинствата треба да се заложат локалните самоуправи, па дури и општинските јавни претпријатија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=804D7D8FE3120844AB1488B73F57AB97
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 27-Apr-2011 at 19:28
Текстов има малку некоја нијанса за наводна загрженост како тоа патеката отишла а всушност се гради гасовод. Од поодамна се активностиве веќе неколку месеци, ги немаме регистрирано.

Велосипедската патека во Кисела Вода претворена во канал

Моментално АД „ГА-МА“ поставува подземна инсталација за гасовод

Велосипедската и трим-патека покрај железничката пруга во Кисела Вода долга пет километри е уништена. Патеката се протегаше од вкрстувањето на булевар „Србија“ со „Првомајска“ до Стара Рампа. Сега таа е претворена во длабоки канали покрај кои има огромни цевки за подземната инсталација на гасоводот, проект што го реализира „ГА-МА“.

Жителите на Кисела Вода повеќе од две седмици се отсечени од соседните општини Центар и Аеродром, бидејќи токму преку оваа патека доаѓаа до нив. Оние што не знаат дека патеката веќе не постои се фаќаат во стапица кога ќе сфатат дека не може да продолжат натаму преку широките канали. Бидејќи нема никакви знаци, ниту предупредување граѓаните се принудени да се враќаат назад и да бараат начин како да стигнат до целта поминувајќи преку купишта камења и ридишта од земја. Патеката беше изградена во времето кога градоначалник на Кисела Вода беше Џорџе Арсов. Комплетно беше осветлена, а се поставија и клупи и кошници за отпадоци, за што беа потрошени пари. Сега ништо не остана ниту од урбаната опрема, ниту од асфалтираната патека. Од Општина Кисела Вода тврдат дека по завршување на градежните активности изведувачот е должен да ја врати патеката во првобитна состојба.

„Моментно АД ’ГА-МА‘ изведува градежни работи за поставување подземна инсталација за гасовод. Според информациите од компанијата, има поставено информативни табли на локациите каде што се вршат градежните зафати“, вели Марјан Спасовски, портпарол во Кисела Вода.

Од Општината апелираат до граѓаните да имаат трпение и да ги користат другите патеки што водат до соседните општини Центар и Аеродром. Но, не прецизираат колку ќе траат градежните работи околу подземната инсталација.http://utrinski.com.mk/?ItemID=F7A6B5B771B5FD41B41131182304496D

Back to Top
Makedonij View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
  Quote Makedonij Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 11-Apr-2011 at 20:33
Previous

СТРУМИЦА ПОЧНА ДА СЕ ГАСИФИЦИРА! Заев го стартува мегапроектот

http://www.strumicanet.com/media/k2/items/cache/b3ec876a90da9bb8980edd2250434fb3_L.jpg




http://www.strumicanet.com/world/world-news/europe/item/1760-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%B3%D0%B0%D1%81%D0%B8%D1%84%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%82.html



Edited by Makedonij - 11-Apr-2011 at 20:34
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 11-Apr-2011 at 13:06

Почнува реализацијата на проектот за гасификација на Струмица

На излезот од Струмица на правецот кон Ново Село и македонско-бугарската граница, каде што ќе биде лоцирана една од двете планирани станици за декомпресирање на природен гас, денеска ќе биде означен стартот на изградбата на гасоводниот систем, за што од локалниот буџет ќе бидат потрошени околу 230 милиони денари.

Како што е планирано, гасификацијата треба да заврши заклучно со октомври, односно до почетокот на новата грејна сезона.

За реализацијата на овој капитален проект од областа на енергетиката за пренос, управување и дистрибуција со природен гас е формирано и јавно претрпријатие за енергетика „Струмица-гас“. Се работи за изградба на виртуелна гасификација со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, декомпресирање и транспорт на природниот гас од Петрич, Република Бугарија.

Според примерот на некои земји во светот, гасифицирањето ќе се реализира без изградба на главен гасовод, туку со поставување специјални гасни централи.

- За гасификацијата на општина Струмица позитивно се изјаснија граѓаните и бизнис секторот. За нас тоа е многу важен проект, бидејќи тој ќе значи директна заштеда на енергија во домаќинствата, во стопанството, во јавните општински и државни институции и во најголемата економска гранка - земјоделството. Проектот ќе го реализираме со сопствени буџетски средства, изјави градоначалникот Зоран Заев.

http://daily.mk/cluster3/9295d5cb416bd34701a08589d6871fb3/680315
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 08-Apr-2011 at 12:07
Солун е 80км од Гевгелија. Не е лошо да се работи и на тој коридор, бидејќи се ослободуваме од зависноста само до руски гас. Посебно сега со најавите дека можда Израелците ќе градат гасовод од своите наоѓалишта кои се меѓу најголемите во свет, под морето до Грција.

За голем срам е што уште не се мрдна со гасификацијата. Браво за Струмица што прави нешто.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 08-Apr-2011 at 11:20
До Солун. Немаат баш и голема мрежа. Се мислат да ја прошират накај Бугарија, ама далеку е тоа од нас.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
krale View Drop Down
Senior Member
Senior Member

БАНИРАН

Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
  Quote krale Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 08-Apr-2011 at 10:33
До кај е гасоводот развиен во Грција? Мислам во близина на нашата граница, до кај е стигнат?
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 08-Apr-2011 at 10:19

До крајот на месецов Струмица започнува со гасификација

Македонија | 8. април 2011 - 9:18

До крајот на месецов треба да почне најавуваната гасификација на општина Струмица, за што од општинскиот буџет ќе бидат издвоени над 230 милиони денари.

Според сите очекувања, гасоводот треба да биде даден во употреба пред почетокот на наредната грејна сезона.

Општинските советници неодамна донесоа одлука за преземање на целокупната документација од страна на новоформираното претпријатие „Струмица-гас“ кое ги финализира подготовките за успешна и навремена реализација на овој капитален проект за гасификација на општината.

- Проектната документација опфаќа физибилити студија од околу две илјади страници, идеен и основен проект за примарен гасоводен цевковод за снабдување со природен гас на јавните установи, стопанските објекти и домаќинствата и елаборат за заштита на животната средина. Според нашите пресметки, замената на нафтата со природен гас само за греење на основните и средните училишта и на локалните установи ќе значи заштеда од околу 350 илјади евра. Слична аналогија може да се направи и за загревање на индустриските капацитети, на пластениците за раноградинарско производство и на домаќинствата, изјави Зоран Китанов, директор на „Струмица-гас“.

Најдоцна до крајот на октомври треба да бидат изградени две матични станици за декомпресирање на природниот гас кој со специјални цистерни ќе се носи од мајката-станица која ќе биде лоцирана во Петрич, Република Бугарија.

Исто така, во ноември треба да почне да функционира и примарниот цевковод со гасоводна мрежа од 13 километри и комплетна опрема за компресирање, транспорт и декомпресирање на природниот гас. Гасификацијата е многу важен проект за Струмичкиот микрорегион, бидејќи тоа ќе значи заштеда на енергија од 40 отсто во однос на сегашната потрошувачка на струја, јаглен, дрва, нафта и нафтени деривати. 

http://daily.mk/cluster3/07b22759cfe0b48a95b382b5617deb2a/676799
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 30-Mar-2011 at 12:37

Интересот остана, гасификацијата никаде ја нема

Руската федерација одамна покажува интерес за учество во изградбата на гасоводен систем, и вчера го потврди истото

Маја Томиќ


Гасификација во земјава никако да мрдне од мртвата точка во која стои со години. А, Владата и натаму повторува дека проектот е особено значаен за земјата и дека најавите, како и досега остварените разговори со претставници на компании на државно ниво, отвораат нови можности за реализација на гасификацијата.

„Со потпишувањето на договорот за намирување на клириншкиот долг со Руската Федерација, направен е значаен чекор во поврзувањето на нашите земји во енергетиката. Најавата за влез на ’Гаспром‘ во гасификацијата е исто така од особено значење, а соработката со овој енергетски гигант отвора можности и за вклучување во гасоводот ’Јужен тек‘. Лани со ’Гаспром‘ беше постигнато разбирање за пристапување на земјава кон гасоводот“, изјави министерот за финансии Зоран Ставрески, на вчерашната деловна средба на македонско-руската стопанска комора.

И амбасадорот на Русија, Олег Николаевич Шчербак, повтори дека Руската Федерација е заинтересирана за изградбата на гасоводен систем, при што е вклучена пресметката за гаснењето на клириншкиот долг.

„Се надеваме дека наскоро ќе започнат и двострани консултации околу прашањето за реализацијата на првата фаза за од проектот за гасификација, за што е веќе позната маршрутата, Клечовце-Битола, со крак до Струмица. А, исто така, ќе се разговара и за приклучувањето на Македонија кон ’Јужен тек‘. Уште оваа година двете страни се должни да најдат конкретно решение за овие прашања“, рече Шчербак.

Во исто време, нема никаков одговор од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој, кои два пати во текот на минатата година, пролетта и есента, најавија дека ќе преговараат со Владата за финансирање на повеќе капитални проекти, како и за гасификацијата. Неофицијално се зборуваше дека двете банки се спремни да дадат по 120 милиони евра. Од Министерство за транспорт и врски велат дека е изработена физибилити студијата за Национален гасификационен систем, а во тек е изработка на проектна документација на ниво на основен и на изведбен проект за делниците за гасификација, кои ќе бидат завршени до крајот на 2011 година. Од Министерството за финансии, пак, рекоа дека оваа студија е испратена до европските банки од кои се чека одговорот за евентуално одобрување на средства.

„ЕБОР веќе искажа спремност за финансиска поддршка. Со добра волја, оние кои се задолжени за гасификацијата, треба да најдат некое решение и почетно да се стартува со проектот, фаза по фаза. Но, во сегашнава политичка ситуација, не верувам дека премногу ќе се експлоатира ова прашање. Сега има некои други приоритети. Од друга страна, иако Скопје веќе можеше брзо да се гасифицира, поради спорот со ’Макпетрол‘ околу сопственоста на гасоводот, ниту еден заинтересиран инвеститор не се нафати да го стори тоа“, вели професорот Константин Димитров.

Начелно е пресметано дека за гасификацијата ќе бидат потребни околу 300 милиони евра, а засега со сигурност се смета на 60-те милиони евра од рускиот клириншки долг, кои ни оддалеку не се доволни.

Според студијата на Министерството за транспорт и врски утврдени се два магистрални правца за гасоводот. Едниот е Клечовце - Битола, со крак до Струмица, при што овој град ќе се поврзе со гасоводот до македонско-грчката граница. Вториот правец е Скопје - Тетово - Гостивар, со можност да се поврзе и Кичево. Должината на овој гасовод изнесува околу 720 километри. Македонија троши околу 800 метри кубни гас годишно. Гасифицирани се само одреден број на фирми во Скопје и Куманово, преку гасот што влегува од македонско-бугарската граница кај Деве Баир.

Инаку, на вчерашната македонско-руска средба беше речено дека Русија спаѓа во првите десет трговски партнери на Македонија, но во трговската размена имаме висок дефицит. Покриеноста на увозот со извоз не надминува ни 5 отсто, а тоа главно се должи на увозот на енергенсите. Македонските компании имаат простор за пробив на рускиот пазар, најмногу со лекови, прехранбени и земјоделски производи, а државата, како што рече Ставрески, е спремна да им помогне и да им ја олесни деловната соработка. Тој рече дека треба да се подобри соработката во градежништвото, кое поради двојното оданочување и непризнатите банкарски гаранции, бележи надолен тренд.

„Доколку се воспостави директна авиолинија, би се поттикнале бизнис-врските, а исто така, актуелна е железницата на Коридорот 8, со чие поврзување би се намалиле трошоците при тргувањето за околу 35 отсто“, посочи Ставрески, додавајќи дека Владата веќе испратила економски промотор во Русија.

Амбасадорот Шчербак потсети на големата активност на руски фирми во Македонија, набројувајќи ги инвестиции од 35 милиони долари на „Лукоил“ во изминатите 5 години, 50 милиони евра на „Солвеј“ во рудниците „Саса“ и „Бучим“, 166 милиони евра на „Синтез груп“ во изградбата на гасната електрана ТЕ-ТО, како и реконструкцијата и модернизација на трите блока на РЕК „Битола“, што ги извршува фирмата „Силви машини“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4A4D5618CECCBD47987D65A56C7BEFC1
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 30>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.242 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.