Еве и овде приметив и во други домени кадешто се пишуваат казни! Се ствара некоја нова методологија на казнување со оние пактично 3 цени.
1.Пола цена од казната - прва недела 2.Основна цена - втора недела 3.Дупла цена - после
Што ми е муабет?! Постои неој институционализиран начин кој треба да ги демотивира потенцијалите казнети да ја истераат правдата и кога се сигурни дека се во право! Односно на казнетите им се упатува некаква си закана дека ќе добијат поголема казна зашто се решаваат да не ја платат одма и да одат по судски процедури! Луѓево ќе си речат "Дај да свиткам кичма и сега да си платам, зашто после може и 4 пати повеќе да треба да платам!". Со ваквиот начин се урива основно човеково право да добие фер правна процедура односно во текот на процедурата казната се зголемува што е диретен притисок врз казнетиот.
Јас нити имам средства нити имам намери нити време да поднесам претставка до правобранител, а камоли па уставен суд иако радо би го направил тоа. А пошто знам дека има доста луѓе што го читаат ова апелирам ако ништо друго барем некој медиум да го обработи ова прашање!
Според
Законот за заштита на потрошувачи прикажување на три-четири цени за
еден артикл или физички неодвоените производи со дисконт од оние со
редовна цена, се казнува со глоба од повеќе од 600 евра
"Се
за половина цена", "ликвидација", "купи едно земи две", "чистка",
намаление, акција, снижувања, од 30, 50 па дури и 70 насто, а на
артиклите со флуоресцентни прашалници или со интересни логоа испишани
проценти и три, четири па дури и пет цени... Ваквите финти на трговците
за придобивање на муштериите се казнува според Законот за заштита на
потрошувачите со глоба од 600 евра до 1500 евра. Со истиот Закон
трговците се задолжени физички да ги одвојат производите со дисконт од
оние со редовна цена.
Одговорните од Државниот пазарен инспекторат информираат дека иако
казните се големи, овој дел од Законот често пати свесно се забошотува
поради тоа што трговците знаат дека купувачите полесно се придобиваат
со прикажување на три-четири цени, а и производите со редовна цена
побрзо се продаваат кога се заедно со намалената.
Екипа на Вечер деновиве имаше ексклузивна можност да биде дел од
тимот задолжен за контрола на Законот за заштита на потрошувачите кој
ги чешлаше дуќаните во ТЦ Рамстор. По случаен избор се инспекторираше
продавница на елитен бренд за облека која имаше прикажано дека има
намаление од 50 и 70 проценти. - Имате намаление од 50 и 70
проценти, но ние констатираме многу помали проценти. На пример, цената
на ова палто што чинела 10.000 денари била намалена за 30 %, односно на
7000 денари. Таа цена е избришана и под неа имате напишано намалување
од 50 % и цена од 5000 денари, што не е реално бидејќи 50% од 7000 е
3500 денари. Тоа се гледа од вашите трговски книги, односно со
извештајот за намалување на цени каде што основната цена е последната -
7000 денари, а не цената од 10.000 денари што сте ја зеле како основа.
Означувањата не ви се реални бидејќи ниту еден артикал во вашата
продавница нема намаление од 50% ниту пак 70% - му објаснија
инспекторите на сопственикот на фирмата пред да го потпише записникот.
Тие му предочија дека за прекршување на Законот за заштита на
потрошувачи е казнет со мандатна казна од 600 евра во денарска
противвредност, која треба да ја плати во рок од 8 дена и во истиот
период е задолжен да ги отстрани етикетите со тројни цени. Ако не ја
плати мандатната казна во дадениот рок, Инспекторатот ќе поведе
"постапка за порамнување" со која се предвидува глоба до 1500 евра, а
доколку и не се спроведе и таа постапка, тогаш за предметот расправа
прекршочна комисија која одредува двојно повисоки казни.
Трговецот
рече дека ги знае своите обврски, но сметајќи дека купувачите треба да
знаат која била основната цена на артиклот, заборавил да направи
извештај за зголемување на цените, во случајот да ги врати старите
цени, па дури потоа да ги намали за 50%. Се согласи да ја плати глобата.
Во меѓувреме, во дуќанот влегуваа муштерии, но никој не купи ништо. -
Кај нас не се реални попустите како на Запад. Лани во Шпанија, од
истиот овој бренд купив палто за 15 евра. Овде не ги носат ниту
актуелните модели, а и овие стариве не очекувам да бидат поевтини од
80-тина евра - ни рече една девојка која ги разгледуваше моделите.
ајде аирлија нека е, нека се множат годинава, најверојатно ова кризава на крај може и позитивно да ни се врати! токму можеби инвеститорите нема да се определуваат за ширење на бизнисот па од тој аспект ќе трпиме, но да се надеваме дека повеќето заради добрите стопански услови кои ги нудиме се повеќе ќе одбираат да се преселат во Македонија, ме радува тоа што кога почнуваат да доаѓаат од романија која и нема така лоши услови за инвестирање дека ќе почнат да доаѓаат и од грција па и од останатите европски земји!
Бучим престана со производство, 460 рудари без работа
31 December, 2008 05:07:00
Големина на фонт:
Поради светската економска криза и падот на центата на металите, денеска престана производството во единствениот рудник за бакар „Бучим“ во Радовиш.
Со ова 460 рудари останаа без разбота. Тие до 22 февруари ќе земаат плата и ќе им биде исплатена една отпремнина, а потоа ќе бидат евидентирани на списокот за невработени. Заменик директорот Николајчо Николов изјави дека на одржување на рудникот ќе останат само 80 работници. Инаку „Бучим“ годинава оствари рекордно производство. Раководството очекува цената на бакарот да се нормализира за шест месеци, доколку ценатата на рудата достигне над 5.000 долари за тон. Во тој случај рудникот ќе може да се рестартира за само една недела.
Вчера беа објавени резултатите од конкурсот за Наградата на Светскиот Самит за информатичко општество. Македонските претставници на глобалниот натпревар ги одбра мултидисциплинарното Жири на Светскиот самит за информатичко општество. Жирито имаше задача да одбере по еден претставник во вкупно осум категории на проекти кои нудат креативни и иновативни е-содржини.
Во категоријата Е-бизнис и трговија, жирито реши македонски претставник да биде инвестициониот портал www.broker.com.mk. Ова воедно беше и најконкурентната категорија со оглед на тоа дека кандидати за наградата беа компанијата Seavus со веб-алатката за проектен менаџмент ProjectOffice.Net, веб-порталот на Стопанската Комора на РМ, како и Babylon Software Solution со системот за едноставно креирање и одржување на интернет страна, WebStudio. Broker.com.mk освои најмногу гласови од жирито, односно вкупно 27 гласа. Второпласиран е проектот на Seavus со 24 освоени гласови, а трет по број на гласови беше веб-порталот на Стопанската Комора на Македонија со 16 гласа.
Во прилог следуваат победниците од сите категории:
интересна награда за нов и интересен бизнис портал во МКД, незнам зошто не трчале по наградава Тотал и Капитал, но и да учествувале јасно е дека ќе потфрлеле со оглед дека Брокер можеби нема толку голема архива како нивните, но има далеку подобри решенија како графиконите, имениците, дневните анализи и во најава е Е-зин итн. , но јас лично мислам дека дизајнот на сајтот е прилично хаотичен и натрупан, па повеќе од очигледно е дека понатака во меѓународната трка целосно ќе потфрлат, па одтаму оваа награда е меч со две острици, дома главни а надвор последни, што реално тоа влијае во претставувањето на МКД надвор кажувајќи доволно за нашите дострели во поглед на инфо порталите...
се надевам утре и билд доколку крене глава како портал ќе се најде на некој сличен пиедестал, па макар и домашен! инаку испуштив да кажам екипата на broker.com.mk e 3+1, директор и тројца "из"вондредни соработници
Не знам дале сте слушнале за оваа фирма,едно време беа познати по тоа што им забранија да продаваат во USA затоа што наводно продавале на земји каде што има терористи. Вистинската причина беше затоа што на неколку пати американски фирми губеа тендери од неа. Многу квалитетен кадар и мислам дека им предстои многу успешна иднина.
kirilica.com.mk
Прилепски „ Микросам“ наскоро ќе се најде на светската мапа на компании кои поседуваат врвна технологија
Еве една одлична оптимистичка вест, како реплика на беТон
абе за квалитет се ни е топ, дури понекогаш си мислам дека и камења да почнеме да продаваме ќе имаме голем есап, но мањак сме во капацитетите - квантитетот, со 200 тони вино неможеме повеќе од една област да покриеме...
„Тиквеш“ избран меѓу 30-те водечки глобални вински брендови
Скопје /26/10/ 11:25
Винарската визба „Тиквеш“ е
избрана меѓу 30-те водечки глобални вински брендови од страна на еден од
најзначајните и најпознати светски саеми за прехранбена индустрија – SIAL (www.sial.fr) во
Франција.
Според зборовите на одговорните
луѓе од SIAL, ВВ
„Тиквеш“ го заслужи своето место во друштвото на водечките светски винарии
„поради иновативниот приод во работењето, постигнатиот комерцијален успех и
додадената вредност која придонесува кон стимулирање на пазарот на вино“.
Во групата 30 топ светски
винарии, покрај ВВ „Тиквеш“, која е единствена винарија од Југоисточна Европа,
се наоѓаат и 16 вински брендови од Франција, три од Австралија, по две од
Германија и Аргентина и по една од Португалија, Шпанија, Италија, Нов Зеланд,
Чиле и Кина. /крај/со/ст
ние сме некако повеќе ориентирани кон финиш во сите области каде немаме ни традиција ниту капацитет за на големо()многу големо, па имаме и бојлери, и цнц машини, и гео пумпи, охридски трансформатори, прилепски панцири...? или полуготовите: матични за ербас, ку цевки, ск и пп конструкции, дб гипскартон, ск лим...? и еден куп сотрени и досотрени поранешни фабрики чии менаџери очигледно барале пазар на кванташки...
но никако да финишираме во прехрамбената индустрија, единствено нешто вино и вода и млеко што ќе извеземе наоколу по светот, и се друго од земјоделие продаваме како суровина, со ајварот сме скромни, со компотите од јаболка, круши и вишни - уште поскромни, за патлиџанот не остана ништо ни за скромност(иако откако е во стечај Македонија-Неготино, директорот ги префрли машините во СК и сега прави локален кечап за КамКо), а сливите не му текнало на никого ни дека постојат... она каде сега скромно се мобилизираме е калибрирањето и сортирањето на земјоделските производи како би ги продавале ко свежо овошје наоколу иако конзум ги омлитаве и ги врати пак назад земјоделците на мрзлив пласман на зеленчукот... но никаде неможам да чујам дека пр. македонски бренд од ориз имаме по маркети во европаа за сутлијаш само ќе сонуваме, значи и суровина теоретски ќе се згнеме ќе спакуваме и ќе пласираме(повторно доколку се најде МКД претприемач кој би се нафатил на вакво нешто), но некој да земе да спакува некоја палачинка или зелник за во ЕУ не се наоѓа, СЛ, Витаминка и Европа нешто се обидуваат но некако само на хемија ја вртат!
муабетов ми излезе како дилема од ддв-пасус во фокус кој го најдов и на нет па еве и зошто се чудам до кога последни и скромно ќе удираме по финишираните муабети, па бар сега има екстра лизинг и поволни кредити?! незнам дали мене ми се чини така но мислам откако хасапот ќе го воведеме ќе немаме ни бурек за дома а комо ли за надвор, но секогаш ќе ги имаме комшиите тука за да не снабдат со нашата традиција, и со ајварот, и со бурекот, и со баклавата, па и кадаифот, а зошто не и ѓомлезето абе за невероват!
Едно претпријатие од јужна Србија деновиве ќе извезе 12 тони бурек во неколку западно европски држави.
Како што пренесоа локалните медиуми, претпријатието „Хамеум“ од Прокупље договорило извоз на бурек со месо и со зеленчук во Германија, Холандија и Швајцарија.
Сопственикот на претпријатието, Драгиша Миловановиќ вели дека извозот на бурек би бил многу поголем, да не се проблемите со усогласување на стандардите на Србија со европската унија за контрола на млечните производи, поради што е блокиран извозот на бурек со сирење.
Тој појаснува дека бурекот во европските држави најчесто го јадат гастербајтерите од земјите од поранешна Југославија, но во последно време се зголемува бројот и на локалното население кое сака да го вкуси овој балкански специјалитет.
Општината Прокупље одлучи да и додели локалната компанија “Хамеум интернационал”, која извезува бурек од Србија, бесплатно уредено градежно земјиште за изградба на фабрика за бурек во која ќе бидат вработени 200 луѓе. Новата фабрика ќе му овозможи на “Хамеум” месечен извоз на 60 тони еколошки бурек на пазарите на Западна Европа и во Обединетите Арапски Емирати. “Хамеум” веќе има склучено договори за извоз на 30 тони бурек месечно во Германија и во Швајцарија, а неодамна склучи такви аранжмани и со Италија. Откако неодамна го доби HALAL стандардот, компанијата почна да извезува и во муслиманските земји.Бурекот на “Хамеум” всушност се пити со компири, јаболка, вишни, соја и печурки и празни пити кои се извезуваат печени и смрзнати. Тие се единствен производ на српската фурнаџиска индустрија кој го има стандардот HACCP.
ВО ФАБРИКАТА НА "ЛЕОВ КОМПАНИ" ВО ПРИЛЕП Произведен првиот македонски сончев колектор
Во фабриката на "Леов компани" во Прилеп е произведен првиот македонски
сончев колектор, според најнова технологија која во моментов ја
применуваат врвни светски производители.
Финалниот производ е дел од партнерски проект на оваа македонска
компанија со институтот "Вернер" од Австрија, како и со македонската
фирма "Солар тјубис". Минатиот месец македонскиот колектор го доби
највисокото признание на Светскиот конгрес во Австрија. Таму беше
претставен како македонски производ кој за прв пат во Европа постигна
температура од 250 Целзиусови степени.
Произведените сончеви колектори во Прилеп се наменети за домашниот и за
пазарите на земјите на ЕУ. Засега е договорен извоз само за Австрија.
Рајфајзен банка се подготвува за влез во Македонија
Оваа банка
е под меѓународен притисок за да влезе во Македонија, па со нејзиното
евентуално вклучување во македонскиот банкарски сектор би се заокружил
процесот на висок степен на конкурентност на македонското банкарство,
изјави Славески
Рајфајзен
банка се очекува да влезе во македонскиот банкарски систем. Ваков
сигнал доби министерот за финансии Трајко Славески во Вашингтон каде
македонската делегација присуствува на Годишното Собрание на ММФ и
Светска банка. Славески потенцира дека има интерес од оваа банка за
финансирање на проекти во Македонија. - Рајфајзен банка е под
меѓународен притисок за да влезе во Македонија, па со нејзиното
евентуално вклучување во македонскиот банкарски сектор би се заокружил
процесот на висок степен на конкурентност на македонското банкарство.
Тоа не значи дека македонското банкарство и сега не е конкурентно, но
еден бренд како Рајфајзен што е присутен во многу земји во регионот,
секако дека е добредојден во Македонија - потенцира Славески.
Во Вашингтон, министерот Славески се сретна и со претставници на
Ситигруп, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Банката за развој на
Советот на Европа (ЦЕБ). Со ЕИБ, која е долгогодишен партнер на
Република Македонија во финансирањето на инфраструктурни проекти ќе се
реализираат нови проекти, како што се јагленокопот Брод Гнеотино и
Коридорот 10. ЕИБ подготвува нова инвестициска иницијатива заедно со
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за помош на земјите од
регионот на Западен Балкан. - Во нарединиот среднорочен период тие
ќе обезбедат околу милијарда евра за финансирање на проекти во земјите
од Западен Балкан, а обезбедуваат и значителна сума на грант средства
што можат да се користат како техничка помош за поддршка на проектите и
да служат за субвенцинирање на каматната стапка за да се намалат
трошоците за кредитите - нагласи Славески.
Тој ги информирал претставниците на Ситигруп дека македонската Влада
ја разгледува можноста за дополнување на еврообврзницата што котира на
светските финансиски пазари или за нејзина нова емисија. - Иако во
овој момент условите не се најповолни за ваква идеја, поради
меѓународната финансиска криза. Но, во првиот квартал од 2009 година се
очекува многу работи да бидат не само појасни, туку и условите на
светските финансиски пазари да бидат поповолни - нагласи министерот.
Славески оствари средба и со гувернерот на Банката за развој на
Советот на Европа, Рафаел Аломар, која финансира значителни проекти од
областа на социјалните дејности во Македонија, како оние за изградба на
социјалните станови, училишните спортски сали и здравствените и
казнено-поправните институции. - Претставниците на Банката изразија
висок степен на задоволство поради успешноста на соработката со
Република Македонија која ќе продолжи и натаму - нагласи Славески.
Прилично замашна домашна инвестиција, 7 милиони ЕУР
Млин Стојчев ќе гради нова прехрамбена фабрика
Битолската
компанија која произведува брашно, леб најави дека ќе инвестира седум
милиони евра за изградба на нов капацитет во прехрамбената индустрија. “Новата
фабрика ќе биде максимално софистицирана, во неа ќе работат околу 60
луѓе. Околу 60-70% од производството ќе биде наменето за извоз“, изјави
Благој Стојчев, сопственикот на Млин Стојчев. Тој сепак не сакаше да
открие, во кој дел од прехрамбената индустрија ќе работи капацитетот,
но најави дека неговото отварање ќе се случи наредната година, овој
период. Опремата за капацитетот е веќе нарачана и ќе чини околу 4,5
милиони евра. Инаку компанијата е една од трите најголеми
капацитети во Македонија, по производство на леб и брашно. Млин Сојчев
работи на пазарите во Битола, Ресен, Прилеп, Демир Хисар и т.н. Покрај
производство на брашно и леб денес компанијата има и погон за слатки и
во неа работат 120 луѓе и дистрибуција од дваесетина луѓе. Годишниот
промет кој го остварува Млин Стојчев се движи од пет до шест милиони
евра.
Овој факт ме изненади, Полошкиот регион дефинитивно остава впечаток на економска раздвиженост. Ама веројатно се работи за пренатрупаност комбиниран со некаков демографски „лаг“ од поголемиот природен прираст.
Јас мислам дека статистичката аномалија се должи на сивата економија која веројатно таму е релативно голема.
Овој факт ме изненади, Полошкиот регион дефинитивно остава впечаток на економска раздвиженост. Ама веројатно се работи за пренатрупаност комбиниран со некаков демографски „лаг“ од поголемиот природен прираст.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum