Author |
Topic Search Topic Options
|
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#401 Posted: 09-Aug-2010 at 22:21 |
 Сеуште споро иде но денес поминав и видов дека турбо се работи но само на едната страна од собранието...Изгледаат како што рекоа ставаат столбови внатре во собранието бидејќи откриле дека немало до сега...
|
МАКЕДОНЕЦ си кога кавал ќе ти ја распара душата кога зурла ќе ти го раскине срцето.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#402 Posted: 08-Jul-2010 at 19:51 |
Секој пратеник со свој клозет |
|
|
Македонските
пратеници, за разлика од своите европски колеги, нема да имаат
туш-кабини. Сегашниот пратенички состав клозетите ќе може да ги користи
само на
крајот од редовниот мандат во
2012 година, за кога е планирано да заврши реконструкцијата на
собраниската зграда |
|
|
|
 |
|
Секој народен избраник со тековната реконструкција на
собраниската зграда ќе добие личен асистент, работен простор од десетина
квадрати и свој клозет. Посебните тоалети за пратениците и голем број
санитарни јазли се потреба со години, со оглед дека парламентарната
зграда кубури со клозети. Сегашната состојба е - на еден кат со ходници
во должина од 50 метри има по два тоалети и нив, освен пратениците, ги
користат и собраниските служби, поради што чести се поплаките за
хигиената во овие простории.
Единствен „приватен“ тоалет што
можат да го користат само народните избраници е оној пред главната
собраниска сала.
- Со реконструкцијата ќе се изградат 119
канцеларии за пратеници. Тие ќе бидат помали простории од сегашните и ќе
бидат опремени со мали тоалети. Сегашната состојба е незадоволителна.
Имаме по два тоалети на еден кат - потврдува Жарко Денковски,
генералниот секретар на Собранието.
Искуството било преземено од
Европскиот парламент во Брисел, но и од другите национални парламенти,
каде што во секоја пратеничка канцеларија има и тоалет со
мини-тушкабина. Она во што ќе заостанат македонските пратеници зад
своите европски колеги е што нема да имаат и свои туш-кабини.
Просторот
за тоалетите ќе се обезбеди од сегашните канцеларии за пратениците,
кои зафаќаат и по 30 квадрати по канцеларија (која ја користат неколку
пратеници истовремено), како и од новата квадратура од доградбата на
собраниската зграда.
Но сегашниот пратенички состав своите
клозети ќе може да ги исползува само на крајот од редовниот мандат во
2012 година, за кога е планирано да заврши реконструкцијата.
Моментално
се изведуваат градежни зафати во еден од седумте дела на собраниската
зграда. Се работи на просториите во кои ќе биде сместен т.н.
парламентарен институт, кој според градежниот план треба да опфаќа
простор на сутеренот до 300 квадрати.
- Динамиката е малку
побавна од планираното, но излегоа тековни проблеми за кои не бевме
свесни во почетокот на реконструкцијата. Излезе дека зградата нема
столбови и не е според стандардите на Институтот за земјотресно
инженерство. Сега столбовите ги вметнуваме во ѕидовите, но тоа мора
внимателно да се направи за да не се уништат мермерните ѕидови и
подови. Освен тоа, во гаражниот дел наидовме на инсталација на кабли,
што одзеде две недели од градежните зафати, а имавме проблем и во салата
“Борис Трајковски&рдљуо;. Но застој и одложување нема - вели
собранискиот генерален секретар.
За целосна реконструкција на
собраниската зграда се предвидени околу 11 милиони евра, кои треба да
се потрошат во рок од две години додека трае изведбата. Со ребалансот
на буџетот Владата ги скрати парите за други градежните работи, но
обновата на Собранието не е дел од владината мерка за штедење, бидејќи
зградата е дотраена. Со доградбата, надградбата, адаптацијата и
зајакнувањето на објектот се предвидува изведување на нови 3.900
квадратни метри и адаптирање на 840 квадратни метри. Предвидената
надградба ќе се изведе над петоаголниот габарит со површина од 2.140
квадратни метри и над Кристалната сала од 256 квадратни метри, каде што
ќе бидат сместени две мали куполи. Големата купола ќе биде поставена
над парламентарната сала и во неа ќе биде сместена конференциска сала
за повеќе намени. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7810953584&id=9&setIzdanie=22028
Edited by Cloverstack - 08-Jul-2010 at 19:53
|
 |
IN_MOTION
Senior Member
Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 204
|
Quote Reply
#403 Posted: 28-May-2010 at 01:14 |
Аман само нека ги сменат грдине прозори и ролетни што побрзо.
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#404 Posted: 13-Apr-2010 at 12:01 |
Денеска приметив дека почнале со реставрацијата на фасадата.Но многу споро идат работите...
|
 |
Macedonian
Groupie
Joined: 25-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 78
|
Quote Reply
#405 Posted: 25-Mar-2010 at 12:24 |
Живеам до собранието и уште ништо не е почнато,само ставени се лимени тараби и заградено е само задниот дел.Каде и да е треба сега да почнат со изградбата.
|
 |
IronMan
Newbie
Joined: 15-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#406 Posted: 25-Mar-2010 at 10:43 |
|
 |
Cibi
Senior Member
Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
|
Quote Reply
#407 Posted: 24-Mar-2010 at 23:26 |
Zapocna li izgradbata na kupolite na Sobranieto na RM ?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#408 Posted: 16-Mar-2010 at 01:39 |
Во Собранието ќе работат и мајсторите и пратениците!

Градежните работи на собраниската зграда ќе се одвиваат во фази
Оливера Војновска
Неделава почнува
реконструкцијата на Собранието, на кое ќе се гради уште еден кат и три
куполи, една голема централна и две странични, од метална конструкција
со специјално стакло во кружни форми. Градежните зафати што опфаќаат
зајакнување на објектот, доградба, надградба и адаптација ќе ги
изведува градежната фирма „Бетон“. Реконструкцијата ќе чини околу 11
милиони евра, ќе опфати три буџетски години и се предвидува комплетно
да заврши во март 2012 година. Градежните работи на собраниската
зграда, која е во форма на петаголник, ќе се одвиваат во фази.
Парламентот нема да престане со работа, ќе има пленарни заседанија и
комисиски седници и, нормално, ќе се одвиваат сите други активности.
Сепак,
додека трае реновирањето, вработените во собраниските служби и
пратениците ќе се стеснат, бидејќи канцелариите на вертикалите на кои
ќе се изведуваат градежни работи ќе се испразнат. Поради градежната
механизација нема да функционира ниту паркингот, па пратениците
најверојатно ќе ги оставаат автомобилите на паркиралиштето кај хотелот
„Холидеј ин“.
Архитектот Билјана Иванова, која е одговорна за
проектот, вели дека зградата ќе се зајакнува и ќе се прави надградба
ламела по ламела, а паралелно ќе се изведува доградба во внатрешниот
дел на петаголникот и адаптација на сутеренот. Ќе се обновува и
фасадата на парламентот, но таа ќе го задржи истиот изглед. Старите
дрвени прозорци ќе бидат заменети со нови, исто така, дрвени, какви што
ќе има и на катот што ќе се догради. Тоа е во согласно со условите за
градба и со мислењето дадено од Управата за заштита на културното
наследство, каде што се сугерира да не се нарушува автентичниот лик на
Собранието. Сепак, ролетните нема да бидат дрвени. Тие ќе бидат
кафеави, како и прозорците, но од алуминиум. Иванова вели дека веќе не
можело да се најдат дрвени ролетни, а алуминиумските биле
пофункционални и полесни за одржување.
Во собраниската
монографија е запишано дека зградата на парламентот се смета за една од
најмонументалните градби во Македонија, за која во 1930 година бил
распишан и конкурс за проектирање (на кој победил архитект Виктор
Лукомски). Таа е изградена во 1938 година според проектот на чешкиот
архитект Виктор Ј. Худак. Објектот е конципиран во модерен
архитектонски јазик за тоа време во форма на надворешен петаголник.
Зградата е во употреба од 1939 година како Управна палата на тогашната
бановина.
Надградбата на парламентот и куполите неодамна беа
прикажани како дел од визуелната анимација на проектот „Скопје 2014“.
Куполите на Собранието, инаку, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го турка уште
пред четири години, набрзо по промената на власта во 2006 година.
Идејата, која наиде на жестоки критики кај дел од експертската јавност,
беше протуркана во Собранието како решение за просторните проблеми на
пратениците.
Реконструкцијата, предвидува изградба на нови 3.900
квадратни метри и адаптирање на 840 квадратни метри. Надградбата ќе се
изведе над петоаголниот габарит со површина од 2.140 квадратни метри и
над Кристалната сала од 256 квадратни метри. На овој простор се
предвидени 88 работни простории и шест сали за комисии, од кои две се
покриени со куполи со радиус од четири метри.
Непосредно до
салата „Борис Трајковски“ во внатрешниот двор на објектот е предвидена
доградба од пет нивоа со вкупна површина од 939 квадратни метри.
Предвидени се 31 работна просторија и една повеќенаменска сала од 575
квадратни метри надоврзана на последното ниво на доградбата. Таа е
физички поставена на самостојна носива челична конструкција над
пленарната сала и покриена со купола со висина од 9,80 метри и
дијаметар од 34 метри.
Во сутеренскиот дел под салата „Борис
Трајковски“ се предвидува да се адаптира простор за активностите на
Собранискиот канал со површина од 233 квадратни метри. Дел од
подрумскиот простор од петоаголниот габарит ќе се пренамени во помошни
простории со површина од 600 квадратни метри.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=7A8803D82B872C4C9F76E196E269BA89 |
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#409 Posted: 02-Mar-2010 at 13:51 |
Originally posted by ArchiTechTone
Ги имам основите, ама не знам колку е легално да ги ставам на интернет
|
Па кога веќе ги имаш . . . постави ги
|
 |
ArchiTechTone
Senior Member
Joined: 19-Jan-2009
Online Status: Offline
Posts: 280
|
Quote Reply
#410 Posted: 02-Mar-2010 at 01:36 |
Ги имам основите, ама не знам колку е легално да ги ставам на интернет
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#411 Posted: 02-Mar-2010 at 01:19 |
Ич немам претстава како изгледа собранието внатре. Мислам каков е распоредот, еве вака спомнуваат некоја сала, а воопшто незнам каде се наоѓа, каде се канцеларии и слично.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#412 Posted: 01-Mar-2010 at 23:09 |
Предвидено е да се потрошат 11 милиони евра
Одлуката за
утврдување на потребата и постапката за изведување реконструкција,
доградба и надградба, Собранието ја донесе на 30 ноември 2006 година
До
крајот на месецов ќе започне доградбата, надградбата, адаптацијата и
зајакнувањето на објектот на Собранието на Република Македонија, кое
треба да заврши најдоцна за две години до 2012. За оваа намена е
предвидено да бидат потрошени околу 700 милиони денари или 11 милиони
евра. Изведувач на работите е градежното претпријатие "Бетон" АД Скопје.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, напомена дека работите
на Парламентот не се дел од проектот "Скопје 2014", бидејќи тие
отпочнаа пред него. -Одлуката за утврдување на потребата и постапката
за изведување реконструкција, доградба и надградба, Собранието ја
донесе на 30 ноември 2006 година. Најголем проблем, ќе биде тоа што
додека се изведуваат градежните работи нормално ќе се одвива и
функционирањето на Парламентот. Поради тоа работите ќе се изведуваат по
фази и по вертикали, па така вработените од канцелариите што се наоѓаат
во предвидениот дел привремено ќе бидат иселени од нив - рече
Вељановски. Тој напомена дека со доградбата, надградбата,
адаптацијата и зајакнувањето на објектот на Парламентот се предвидува
изведување на нови 3.900 метри квадратни и адаптирање на 840 метри
квадратни. - Предвидената надградба ќе се изведе над петоаголниот
габарит со површина од 2.140 метри квадратни и над Кристалната сала од
256 метри квадратни. Во овие вкупно 2.397 метри квадратни се предвидени
88 работни простории и шест сали за комисии од кои две се покриени со
куполи со радиус од четири метри - истакна Вељановски.
Исто така непосредно до салата "Борис Трајковски" во внатрешниот
двор на објектот, предвидена е доградба од пет нивоа со вкупна површина
од 939 метри квадратни. Предвидени се 31 работна просторија и една
повеќенаменска сала од 575 метри квадратни надоврзана на последното
ниво на доградбата, физички поставена на самостојна носива челична
конструкција над Парламентарната сала и покриена со купола со висина од
9,80 метри и дијаметар од 34 метри. Со адаптацијата во сутеренскиот дел
се предвидува под салата "Борис Трајковски" изведување на простор за
активностите на Собранискиот канал со површина од 233 метри квадратни,
девет простории, како и адаптирање на дел од подрумскиот простор од
петоаголниот габарит во помошни простории со површина од 600 метри
квадратни. Проектот за зајакнување на петоаголниот габарит на објектот
на Собранието го изработи Институтот за земјотресно инженерство и
инженерска сеизмологија. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1B125FCBB7EE39419FB68DC14D7A674C
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#413 Posted: 01-Mar-2010 at 00:53 |
Се размислувало ли некогаш во Скопје за одвојување на државната администрација во посебен кварт? Нешто како изградба на цел комплекс со се што е потребно за власта, некаде поблиску до аеродромот на пример?
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#414 Posted: 27-Feb-2010 at 11:58 |
Надградбата на
Собранието ќе почне на 15 март годинава и ќе финишира за две години.
Покрај надградбата, еден кат и куполи, ќе се прави и нова фасада и ќе
се заменуваат прозорците |
|
|
|
 |
|
Со
надградбата Собранието ќе има на располагање нови 3.900 метри
квадратни, така што ќе се обезбедат работни простории за сите пратеници
и за стручните служби. За овој потфат ќе се потрошат 11 милиона евра,
работите ќе ги изведува „Бетон“ од Скопје.
Од Институтот за
земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) утврдиле дека
сегашната конструкција на собраниската заграда, која е градена во 1936
година, не може да го издржи товарот со надградбата. Од тие причини е
препорачано да се зајакне основниот конструктивен систем на објектот,
односно да се доградуваат нови столбови. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2271093866&id=9&prilog=0&setIzdanie=21921
|
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#415 Posted: 19-Feb-2010 at 01:24 |
Во март почнува изградбата на куполите на Собранието
Надградбата на Собранието за уште еден кат и три куполи, една голема
централна и две странични, ќе почне во март. Вакви се најавите од
парламентот каде што очекуваат деновиве скопски „Бетон“, фирмата што ќе
ја изведува реконструкцијата на собраниската зграда, да го достави
динамичкиот план за градежните работи. Потоа треба да се потпише
договор, по што најдоцна за 15 дена ќе почнат градежните зафати. Додека
се одвиваат градежните работи, парламентот нема да прекине со работа,
ќе има пленарни и комисиски седници и нормално ќе се одвиваат сите
други активности.
Реконструкцијата на собраниската зграда ќе
чини околу 11 милиони евра, но од Собранието, засега, не откриваат
попрецизни податоци за тоа колку време ќе се реновира. Само велат дека
ќе бидат опфатени најмалку две-три буџетски години.
Надградбата
на парламентот и куполите се дел од проектот „Скопје 2014“. Трите
куполи ќе се прават од метална конструкција со специјално стакло во
кружни форми. А поради тоа што ќе биде нарушена статиката на севкупниот
објект, дополнително ќе мора да се врши зајакнување на конструктивниот
систем. Зајакнувањето и надградбата ќе се изведуваат ламела по ламела
на петаголниот габарит од темел до покрив. Проектот предвидува и
целосно обновување и освежување на фасадата на парламентот.
Проектот
за изградба на куполи на Собранието владејачката ВМРО-ДПМНЕ го турка
уште пред четири години, набргу по промената на власта во 2006 година.
Идејата што наиде на жестоки критики кај дел од експертската јавност
беше протуркана во Собранието како решение за просторните проблеми на
пратениците. (О.В.) |
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=00A51690F6E8F348ABB23049809B1AE4
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#416 Posted: 08-Feb-2010 at 23:16 |
А што мораше купола мме? Па и толку сферична. Во правилниот изглед на зградата подобро ќе се вклопеше правоаголен стаклен кров или како и да се вика тоа. И овие малите на ќошевите ми се грди, можда и повеќе од главната. Единствена утеха ми е што не е јајцевидна ко кај Грузијциве.
|
 |
ел_ченто
Newbiе
Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#417 Posted: 08-Feb-2010 at 17:46 |
Originally posted by kitkiritki
Се добива впечаток во градов дека се гради она што ќе се види на запад, но некако површно проценето. Најголема тага за мене е тоа што тоа е единствената зачувана палата од таков карактер во државава и претставува многу добар пример за преминот кон модерната, бидејќи објектот воопшто скоро не поседува пластика на фасадата. Мислам дека е банално ако се брани проектов со -- А види во Берлин што убаво направиле, чекај и ние. Постојано истиот момент за сите овие проекти од Скопје 2014 е тоталната непочит кон постоечкото . Нашиов завод за заштита на спомениците со ова само докажува дека не е институција за почит, бидејќи работи по нарачка. Ја симнува од заштита палатата на собранието без никаков проблем. Доколку не е симната тогаш ова е легализиран терор. Не знам зошто со тие пари не изградеа ново собрание, кое ќе оставеше вистински печат на македонската независност???< = <!--Session -->< = <div id="ref"> |
Мене лично повеќе ме влече наваму
Претседателска палата во Грузија. Европски стандарди?
или не?
Очигледно го следиме истиот пример, но се надевам на квалитетна изведба и некаква естетика и функционалност. По ова што е досега прикажано, не е на арно. Но кај нас што испаднало по планот?
|
 |
kitkiritki
Newbiе
Joined: 05-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#418 Posted: 08-Feb-2010 at 01:59 |
Се добива впечаток во градов дека се гради она што ќе се види на запад, но некако површно проценето. Најголема тага за мене е тоа што тоа е единствената зачувана палата од таков карактер во државава и претставува многу добар пример за преминот кон модерната, бидејќи објектот воопшто скоро не поседува пластика на фасадата. Мислам дека е банално ако се брани проектов со -- А види во Берлин што убаво направиле, чекај и ние. Постојано истиот момент за сите овие проекти од Скопје 2014 е тоталната непочит кон постоечкото . Нашиов завод за заштита на спомениците со ова само докажува дека не е институција за почит, бидејќи работи по нарачка. Ја симнува од заштита палатата на собранието без никаков проблем. Доколку не е симната тогаш ова е легализиран терор. Не знам зошто со тие пари не изградеа ново собрание, кое ќе оставеше вистински печат на македонската независност???< = < =
|
 |
leonid23
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
|
Quote Reply
#419 Posted: 08-Feb-2010 at 01:57 |
Originally posted by zabegan
Originally posted by leonid23
Originally posted by zabegan
Originally posted by leonid23
хахаха
Сигурно ќе биде поубаво од тоа што е сега 
| почнува многу да ми станува грд ваквиот изговор, дека порано било неубаво, па сега можеме да му правиме што сакаме! не е тоа никаков изговор, на сите ќе ви се допаѓаше доколку собранието само се освежеше со нова фасада
а и едно прашање, за што му е потребен уште еден кат? сеуште ги издржува потребите на македонскиот парламент колку што знам, дури и не ми смета толку куполата колку што ми смета додатниот кат што се однесува до изгледот
|
Па многу јасно дека ќе биде поубаво одошто сега! На 3Д форматот се вметнати само куполите и новиот кат , а колку што гледате не е прикажана реконструкцијата на фасадата ! Така да кога ќе се реставрира и фасадата ќе изгледа нешто поинакво од што се гледа сега на 3Д. | чакај малце, тврдиш дека ќе било убаво и претпоставуваш врз основа на нешто што не си го видел?
|
??? Па како тогаш другите овде на форумот тврдат исто така дека нема да биде убав некој проект кога исто така како и мене не го виделе изграден ???
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#420 Posted: 07-Feb-2010 at 23:13 |
Originally posted by Cloverstack
Originally posted by lslcrew
Го подржувам поради тоа што добро ми изгледа. А еве денеска дознавам дека сме имале две класи во општествово, па ја од
инат на тие првите "природно предодредените да владеа и просветлуваат".
|
Од инает сме таму каде што сме.
И те молам немој лични ставови на некој член на форумов (кои патем прашање е дали правилно си ги протолкувал) да ги земаш како алиби за ова лудило кое се наметнува на толку груб начин.
|
Мора на сите да не им се допаѓа проектов?
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |