Author |
Topic Search Topic Options
|
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#421 Posted: 18-Oct-2009 at 23:45 |
@46&2 , може ли некакво инфо/слика за трговскиов?
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#422 Posted: 18-Oct-2009 at 23:45 |
Отворен трговски центар „Сума“
Во Куманово во саботата свечено беше предаден во употреба новиот трговски центар „Сума“, сопственост на фирмата „МГ проперти“.
Центарот,
во кој функционираат 20 објекти и се простира на 4.000 квадратни метри,
свечено го отвори директорот на објектот, Горан Стојчевски.
„Во новиот објект засега се вработени 100 лица, а наскоро се очекува вработување на уште 150 работници“, рече Стојчевски.
Трговскиот
центар е лоциран во центарот на градот и се наоѓа во просториите на
поранешната фирма „Текстил промет“. Објектот е со два влеза и има
обезбеден паркинг-простор. Во него веќе функционираат повеќе светски и
европски бреднови, Инвест банка, а наскоро се очекува отворање на „СП
маркет“. (МИА) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=42C23F14D3E54E45AAB283DA6EDAE9CC
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Nessy01
Newbiе
Joined: 16-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#423 Posted: 16-Oct-2009 at 21:40 |
 e da
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#424 Posted: 16-Oct-2009 at 16:02 |
 Значи на улицата кога вртиш десно од Џон Кенеди кај старечкиот дом?
|
 |
Nessy01
Newbiе
Joined: 16-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#425 Posted: 16-Oct-2009 at 15:59 |
blizu toplifikacija so e na topansko pole  http://maps.google.com/maps?hl=en&ie=UTF8&ll=42.015883,21.436751&spn=0.002842,0.004823&t=h&z=18
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#426 Posted: 16-Oct-2009 at 13:35 |
 Nessy, каде е точно локацијава во Чаир?
|
 |
Nessy01
Newbiе
Joined: 16-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#427 Posted: 16-Oct-2009 at 13:15 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#428 Posted: 19-Sep-2009 at 15:05 |
ТУРСКАТА КОМПАНИЈА СО НОВ ПРОДАЖЕН ПРОСТОР
„Рамстор“ ќе отвора маркет во Чаир
Турскиот
„Рамстор“ ќе го проширува својот синџир маркети, со отворање нов
супермаркет во општина Чаир. Од компанијата велат дека маркетот
официјално ќе биде отворен за потрошувачите кон крајот на октомври или
во почетокот на ноември. - Маркетот ќе се простира на површина од 1.700
квадратни метри, а во него ќе има кафетерија, пекарница и сето она што
го има во веќе постојниот маркет и“вели Еркин Салих, одговорен за
односи со јавност во „Рамстор“. Новиот продажен простор ќе биде во
населбата Топанско Поле, а во моментот се изведуваат градежните работи
околу приспособувањето на објектот, кој компанијата го изнајми за
маркет. Според најавите на раководителите на „Рамстор“, предвидено е
веднаш по отворањето, во маркетот да се вработат околу 50 луѓе, за
чиишто работни места веќе подолго време се објавени конкурси, а
најавуваат и зголемување на нивниот број. Веднаш по завршувањето на
изградбата на супермаркетот во Чаир, првите луѓе на овој гигантски
синџир на трговски центри и маркети од Турција најавуваат ширење на
мрежата најпрвин во Скопје, а подоцна и во целата земја. - Нашите
активности со отворање нови супермаркети и трговски центри нема да
застанат со отворањето на новиот супермаркет во општина Чаир. Напротив,
планираме да создадеме синџир маркети насекаде низ Скопје, а подоцна и
низ целата земја. Во зависност од локацијата и од првичните процени
колкава ќе биде потрошувачката, ќе зависи и големината на објектот,
односно доколку се процени, не е исклучено да бидат изградени и мали,
но и големи трговски центри во градот и“вели Ебру Радевски од ТЦ
„Рамстор“. Во веќе постојниот објект во Скопје има повеќе од 90 дуќани
и се простира на 25.000 квадратни метри површина. Во трговскиот центар
„Рамстор“ дневно доаѓаат повеќе од 20.000 посетители, од кои 5.000 се
посетители на супермаркетот. Трговскиот центар „Рамстор“ кај нас е
отворен пред четири години и е синџир на интернационалните малопродажни
супермаркети на Мигрос Турк, кој е дел од „КОЧ холдинг“, најголемата
кооперација во Турција со вкупен промет од околу 12 билиони евра
годишно. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1818&ArticleID=122175
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#429 Posted: 22-Aug-2009 at 06:15 |
Конзум нели едно време беше присутен на македонскиов пазар?! Колку што се сеќавам имаше еден супермаркет во Бутел 2 кој подоцна го купи , а и сеуште е, Тедико. И имаше уште еден супермакет накај кванташки! Мисламдека знакот и ден денес седи уште на раскрницата на Годел.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#430 Posted: 21-Aug-2009 at 23:40 |
„Конзум“ ќе се шири и во Македонија
Загреб - Најголемиот хрватски трговски синџир „Конзум“ годинава ќе
инвестира 137 милиони евра, а освен во Хрватска, најави ширење и во
Македонија, Србија и БиХ.
Ова го соопшти претседателот на
Управниот одбор на „Конзум“, Дарко Кнез, додавајќи дека компанијата
годинава регистрирала зголемување на приходите од продажба за 6,6 отсто
и раст на профитот од 44 проценти на 2,77 милиони евра.
„Конзум“
е дел од групацијата „Агрокор“ на хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ,
кој неколку пати ја одложи изградбата на откупни центри за овошје и
зеленчук во Македонија. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3F7206E7E281154DA223B374079E804E
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#431 Posted: 13-Aug-2009 at 01:04 |
Знае некој нешто за ова? Локација, големина, датум на отварање....
Друштвото за трговија и услуги РАМСТОРЕ МАКЕДОНИЈА ДОО - Скопје, за својот Хипермаркет Рамсторе - Чаир има потреба да вработи... |
http://www.najdirabota.com.mk/DisplayVacancy.aspx?vacancy=542520
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#432 Posted: 04-Aug-2009 at 01:59 |
„Сити центар“ и „Маркет гетро“ дадени на користење без употребна дозвола

Двата грандиозни објекта во Гостивар ги немаат потребните одобренија
Киро Кипроски
Гостивар - Два современи и грандиозни објекта во Гостивар, „Сити
центар“ и „Маркет гетро“, сопственост на гостиварската трговска
организација „Гетро“, минатата седмица на свечен начин, но без
неопходните одобренија и без присуство на претставници на локалната и
на централната власт, беа предадени во употреба.
Гостиварци се
задоволни што добија современи деловни објекти каде што ќе можат да
тргуваат за секојдневни потреби, да се забавуваат, пред се', и што
градот се разубави со нови урбанистички достигнувања. „Сити центар“ е
изграден на аголот на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Илинденска“,
односно се наоѓа на најдобрата локација во Гостивар. Авторите на
проектот беа наградени за архитектонското решение од Асоцијацијата на
архитекти на Македонија, со Големата годишна награда за архитектура за
2008 година. Центарот располага со 8.000 квадратни метри корисна
површина, две киносали со 380 и 270 седишта, детско катче, кафетерија,
бутици, продавници и фирми што извршуваат услужни дејности, подземна
гаража со 2.000 квадратни метри со паркинг-простор за 55 возила.
Маркетот
„Гетро“ е изграден на поранешната локација на зградата на експозитурата
на Стопанска банка, на аголот на улиците „Браќа Жиноски“ и „Мајор Чеде
Филипоски“.
Во текот на градењето двата објекта ги следеа многу
контроверзи. Општинската градежна инспекција донесе решение за забрана
за продолжување на градењето на двата објекта, бидејќи инвеститорот не
ги почитувал техничките услови за градба, што ги предвидувала
градежната маркица. Исто така, и државниот градежен инспектор
констатирал недоследности. Но, и покрај констатираните недостатоци и
решението за забрана, сепак, непречено се работеше на градењето на
двата објекта. По повеќе од три години тие целосно се завршени и од
минатата седмица без потребната употребна дозвола се ставени во
функција.
„Ги имаме добиено сите дозволи и сите потврди, двата
објекта легално се изградени и непречено можат да ја извршуваат својата
дејност“, изјави Цана Апостолоска, генерален менаџер на „Гетро“ на
свеченото предавање во употреба на објектите.
Од Секторот за
урбанизам на Општина Гостивар го тврдат спротивното. Двата објекта
отстапуваат и не се изградени според одобрената техничка документација.
Во приземјето на маркетот „Гетро“ има отстапување, односно се изградени
590 квадратни метри повеќе од дозволеното. „Сити центар“ има
отстапувања во габаритот на објектот, како и во височината.
Ставот
на градоначалникот на Општина Гостивар, Руфи Османи, е дека и за овие
два објекта ќе се постапува според законот. Нема да се издаде употребна
дозвола се' додека димензиите на изградените објекти отстапуваат од
добиените услови за градба.
Во гостиварската подрачна единица на
Министерството за економија ни рекоа дека по националниот празник
Илинден ќе извршат контрола на сите бутици, продавници и кафетерии во
двата деловни објекта на „Гетро“. При тоа, ако се констатира дека
носителите на дејност не ги исполнуваат минимално техничките услови за
вршење трговија, угостителство, да почне со работа продажен или друг
деловен објект, ќе се донесе решение за нивно затворање. http://utrinski.com.mk/?ItemID=BC9B7B5929BECB4492DDA80C7CE8E4EF |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#433 Posted: 20-Jul-2009 at 23:00 |
Нови пазари ќе го спасат „Бисер“ од картонски тезги
Граѓаните се
незадоволни од грдата слика пред и зад популарниот трговскиот центар,
која ја создаваат продавачи што стоката ја нудат на картонски кутии и на чаршафи

Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром со години е заземен од диви
продавачи кои на картонски кутии или на распослани чаршафи на земја
нудат разновидна стока со непроверен квалитет. Се нуди се' и сешто -
пиратски цедиња со најновите светски филмови и компјутерски игри, разна
текстилна стока, долна облека, цвеќиња, па дури и детски автомобили на
акумулатори. Нерегистрираните трговци го зафаќаат просторот и пред и
зад трговскиот, па таму е тешко да се помине, а ги има и на други
локации во најурбанизираната општина во Скопје.Граѓаните што живеат во
тој дел од градот се незадоволни од инертноста на надлежните
институции, кои со години не сакаат да го решат овој проблем.
-
Во име на социјалниот мир ништо не се презема. Ја разбирам потребата на
луѓето што продаваат разна стока за да заработат некој денар и немам
ништо против тоа, но имам против хаосот што го создаваат по плочниците.
Стари лица продаваат се' што им дошло под рака, дури и храна. Жално е
да се гледа дека ги продаваат и цвеќињата од дворот за да заработат.
Дали некој од државните служби зборува за оваа сива економија на улица
- вели Васил Цветановски од Аеродром.Тој смета дека местото на овие
продавачи им е на пазарите.
За оваа појава и за
незадоволството на граѓаните одамна се свесни и надлежните во Општина
Аеродром, но решенијата бавно се донесуваат. Градоначалникот Ивица
Коневски вели дека се обидува да најде решение и за продавачите и за
минувачите. Тој објаснува дека нелегалната продажба на стока од секаков
вид и пиратерија е во надлежност на Пазарната инспекција, поради што
Општината постојано ги потсетува да ги преземат законските мерки.
-
Општината Аеродром има подготвено и стратегија за дислоцирање на дивите
пазарџии преку изградба на три нови пазари, кои според деталните
урбанистички планови се предвидени на неколку локации. Еден меѓу
црквата „Свети Пророк Илија“ и амбулантата Јане Сандански, вториот е
зад „Бисер“, а третиот во Горно Лисиче. Проектот за пазарот кај црквата
е готов, а за другите два се изработуваат. Трите пазари ќе служат за
продажба на овошје, зеленчук, кондиторски производи и слично - велат во
одделението за односи со јавност во Општината. Од Државниот пазарен
инспекторат известуваат дека во овој период има засилени инспекциски
надзори на местата каде што се врши нелегална продажба. Сашо Акимовски,
директор во Пазарната инспекција, вели дека активностите ги насочуваат
кон контрола.
- Инспекторатот надлежностите ги врши во
согласност со законските прописи. Многу е сложена „борбата“ со
граѓаните што продаваат стока на црно. Акциите секогаш треба однапред
добро да се организираат зашто штом ќе отидеме на терен кај еден
продавач, другите веднаш ќе се разбегаат. Единствениот лек за
отстранување на овие трговци е инспекторите упорно и континуирано да
вршат контрола и да одземаат стока. Тие вообичаено продаваат филмови,
текстил, овошје и разна стока. Деновиве во една акција пред „Бисер“ беа
одземени 5.000 дивиди-парчиња - вели Акимовски.Тој најавува засилени
инспекциски надзори и во следниот период.
Милион евра за три пазари Општина Аеродром
планира да потроши 60 милиони денари, односно еден милион евра за
изградба на трите пазари. Во службениот гласник на Аеродром од 1 јули
се објавени измени и дополнувања на годишниот план за јавните набавки
за 2009 година, во кој е посочено дека проценетата вредност на
договорот за изведба на три отворени, наткриени пазари изнесува 60
милиони денари, без ДДВ. За изградба на пазарите Општината во септември
ќе објави отворен повик. На прашањето зошто се потребни еден милион
евра за изградба на три пазари, од општината вчера одговорија дека во
меѓувреме направиле ребаланс на буџетот и дека сега сумата за пазарите
е намалена, односно за таа намена се планира да се потрошат 10 милиони
денари.
- Буџетот на општината е проекција, па затоа ако во
касата влезат пари, општината ќе ги намени за изградба на пазарите.
Значи, станува збор за 10 милиони денари, а не за 60 милиони, како што
стои во службениот гласник. Не знам кога точно е донесен ребалансот, но
тоа може да се провери на интернет-страницата на општината Аеродром -
велат во одделението за односи со јавноста.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=587E458C0AAAF94DBB707772A28DA5F9 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#434 Posted: 25-Jun-2009 at 17:48 |
Ја онака генерички ги ѕитнав првите неколку слики и си викам ова рендери се, дај прво да ги постирам!  до сега не ми се десил ваков damage!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#435 Posted: 25-Jun-2009 at 17:41 |
Originally posted by lslcrew
Изложбено-продажен салон на SVEA и MARLES во Ѓорче. Проектот е од 2004-та. Дали е реализиран незнам.
|
Ај ѕирни ги сликите 10 и 11 
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#436 Posted: 25-Jun-2009 at 17:34 |
Изложбено-продажен салон на SVEA и MARLES во Ѓорче. Проектот е од 2004-та. Дали е реализиран незнам. 01.  02.  03.  04.  05.  06.  07.  08.  09.  10.  11.  12.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#437 Posted: 23-Jun-2009 at 02:27 |
„Карфур“ сака да влезе во Македонија?
Нина Нинеска-Фиданска
Најголемиот европски синџир маркети француски „Карфур“ има интерес
да влезе на македонскиот пазар. Оваа информација ја објави порталот
„Проперти експрес“. Во веста на порталот се наведува дека „синџирот за
малопродажба ’Карфур‘ покажа интерес за влез на српскиот пазар, исто
како и на албанскиот и на македонскиот пазар“.
Дека овој
трговски француски гигант имал идеја да го прошири својот бизнис во
некои од балканските држави каде што досега не е распространет, меѓу
кои и во Македонија, за „Утрински весник“ потврдуваат и владини извори,
кои бараат да останат анонимни.
Според овие извори,
претставници на компанијата „Карфур“ веќе имале остварено контакти со
македонски фактори, на кои им ги изложиле своите идеи за влез на
македонскиот пазар. Овие владини извори велат и дека, наводно, луѓе на
„Карфур“ веќе имале остварено неколку посети на земјава. Но, според
нашите соговорници, тоа е работа што е во тек, па засега е рано да се
даваат какви било подетални информации.
Инаку, според
веб-страницата на овој гигант во областа на трговијата, во 2008 година
продажбата преку неговите маркети достигнала 97,6 милијарди евра, што
се смета за здрав и солиден раст. За 2008 година компанијата наведува
дека имала одличен успех на пазарите во развој. На веб-страницата на
компанијата стои дека само минатата година групацијата инвестирала дури
600 милиони евра за пораст на продажбата. „Во последните 40 години
групацијата ’Карфур‘ постојано се зголемуваше и стана една од водечките
дистрибутивни групации во светот. ’Карфур‘ е втора најголема група за
малопродажба во светот и најголема во Европа“, се вели во профилот за
оваа групација што е објавен на нејзината веб-страница.
„Карфур“
оперира со четири вида малопродажни објекти, како што се хипермаркети,
супермаркети, дисконти и продавници за секојдневни производи.
Моментно
групацијата „Карфур“ има над 15.000 продавници. Нејзините најзначајни
пазари се поделени на три сегменти, и тоа Европа, Латинска Америка и
Азија. Во нив таа е распространета во 33 држави. Над 56 проценти од
прометот на групацијата потекнува од маркетите што се надвор од
Франција. На веб-страницата на „Карфур“ стои и дека таа гледа силен
потенцијал за развој на пазарите во Кина, Бразил, Индонезија, Полска и
во Турција.
Инаку, на нашите граѓани маркетите на „Карфур“ им
се познати од соседна Грција, но и од други европски градови, како
места каде што може да се пазарува за пристојни цени, а кои располагаат
со огромен асортиман на производи.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=088FCE2FAC0A84429F4083DB0E4B756D |
|
 |
Шпер
Senior Member
Joined: 13-Jun-2009
Location: Струмица
Online Status: Offline
Posts: 310
|
Quote Reply
#438 Posted: 20-Jun-2009 at 20:06 |
Да, да. Рачно ги впишав бидејќи нема таг на гоогле. Инаку немам поим што ќе биде и чие ќе биде. Кога бев попладнево прашав неколку случајни минувачи ама и тие ништо не знаат. Ако дознаам нешто ќе ве известам.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#439 Posted: 20-Jun-2009 at 19:29 |
Гледам нешто што изгледа како голем паркинг плац. Шпер, дали знаеш во која функција и чив бил тој простор?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#440 Posted: 20-Jun-2009 at 19:24 |
41°26'39.86"N 22°38'45.20"E Еве ги координатите. Шпер ги има куцано вероватно на рака па има нешто утнато во синтаксата!
Edited by lslcrew - 20-Jun-2009 at 19:27
|
 |