![]() |
![]() |
![]() |
Спомен куќа на Мајка Тереза |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 212223 |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Дали некој го има рендерот за овој фамозен проект? Каде точно треба да се наоѓа? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Искрено не ми е воопшто мило да пишувам на оваа тема, зашто сме исправени пред можноста еден Франкенштајн-објект да ни го нагрди строгиот центар на градот и да стане еден негативен симбол на Скопје поради кој ние Македонците ќе се згрозуваме, а тие од страна ќе се мајтапат. Но сепак е редно да отвориме нишка и за ова, ако не за друго, барем за да помогнеме подобро да се презентираат пред јавноста сите гнасни работи поврзани со спомен куќата.
Јас навистина не знам од каде да почнам со критики... Веројатно ако пишувам за сите глупости, ќе треба да напишам цел роман. Па затоа ќе се трудам да бидам колку што можам пократок... 1. Пред да преминам на приказната со двата конкурси, и проектот на Вангел Божиновски, сакам нешто да спомнам и за локацијата... Добро е што не бидна ништо од оние идиотски барања, спомен куќа да се градела каде што била вистинската куќа на Мајка Тереза (на плоштад, пред Лумикс ![]() 2. Во врска со конкурсите и формалната процедура преку која дојдовме до избор на Вангелштајн проектот - очигледно е дека се работи за дрска и провидна намештаљка. Имено, министерството за култура распиша конкурс на кој пристигнаа многу трудови, а победник беше португалскиот архитект Jorge Marum. Проектот на Марум мене лично не ми се допаѓаше, но во денешна ситуација кога се турка проектот на Вангел, португалскиот ми изгледа како премија. Ако ништо друго не е за потсмев и нема да го нагрди градов. Важно е да се спомне дека Вангел Божиновски учествуваше и на првиот конкурс со истата бурлеска која што е моментално актуелна. Тогаш неговиот проект од комисијата беше оценет како промашување на критериумите. Сепак од министерството по обичај решија да не се гради според победничкиот проект (не ми е јасно зошто воопшто ги прават овие конкурси кога стално после ја разводнуваат работата), туку да имало дополнителен конкурс на кој Вангел воопшто немаше право на учество... Ама после некако ги изманипулираа работите, па типот некако магично конкурираше па уште и победи ![]() Јас не знам какви врски потегнал Вангел, дали се вршени притисоци, дали се менувани членови на комисијата... Но дури и да беше добар неговиот проект, ќе беше прилично јасно дека се работи за наместена работа и за некоја многу валкана игра... 3. Сега да се осврнам на самиот проект, иако е тешко со зборови да се опише колку е тој грд, невкусен, неартикулиран и одвратен во секој можен поглед. Објектот претставува оргија на разноразни невклопливи елементи, бои, форми и материјали... Да не зборам за тоталното невклопување во околниот простор. Сето ова изгледа дури и уште полошо, кога ќе се земе во предвид на кого му е посветен објектот. Мене воопшто не ми е јасно како некои луѓе си дозволиле толкава несовесност и дрскост да го туркаат ова чудо ![]() Од изобилството глупости, ќе ги издвојам моите омилени: - Обавезните куполи без кои во последно време не се може ![]() - Опседнатоста на авторот со риби, бидејќи покрај рибите на фасадата, во внатрешноста требало да има и аквариум ![]() ![]() Тука престанувам со анализите на изгледот на објектот, зашто како што реков, за тоа може да се напише цел роман. Заклучокот во кратки црти ми е дека се работи за хипер-кич кој ретко се гледа. Проектот (и воопшто наместениот конкурс) наидоа на остри реакции кај скоро сите што се запознаени со ова. И стручната јавност и обичните луѓе се згрозени. Имаше и реакции по медиумите, по интернетов, петиции... Не сум сигурен, но можеби тоа вроди со некаков плод, зашто едно време најавија удирање на камен темелник до крајот на 2007, ама како што гледам нешто се стишаа (барем јавно). Ако повторно се размрдаат работите, мислам дека треба и ние да се вклучиме борбата против монструмот на Вангел & Co. Ова едноставно мора да се спречи по секоја цена. Не смееме да дозволиме нешто толку мизерно да ни насадат и тоа на толку важна локација. Ниту градот е нивна приватна сопственост, ниту парите ги даваат од свој џеб, за да им се дозволи да си прават што сакаат. Авторот во меѓувреме изиграва жртва на љубоморни и нестручни архитекти. Неосновано го напаѓале... Неговиот проект бил со невидени вредности... Нормално ние обичните смртници не сме во состојба да сватиме и согледаме колку е возвишена неговата визија ![]() Во ред господине Божиновски, можеби сте во право, можеби вие сте на некое многу повисоко ниво од другите... Но ве молам немојте да ни наметнувате нешто што ние ете едноставно не сме го разбирале. На крајот на краиштата градот и архитектурата се на сите, не се ваша лична сопственост. Оставете не со нашите сваќања кои очигледно не можете да ги промените. Кај огромното мнозинство вашиот проект предизвикува крајно негативни чувства. Во најдобар случај би се квалификувал како карикатура... Покажете доблест и зачувајте го образот, наместо да ве плукаат во иднина... ![]() ![]() За жал ова се најдобрите рендери што ги имам, но со ова му правам услуга на проектов, зашто вака не доаѓа во полн израз неговата одвратност... „Уживајте“: ![]() ![]() ![]() Edited by Cloverstack - 06-Jan-2008 at 01:55 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
...
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 212223 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |