Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#441 Posted: 12-Aug-2008 at 12:29 |
 Мој новац беше одличен извор на информации но мислам дека нивото на дискусијата и квалитетот на инфромациите во македонската секција страшно опадна од кога македонците го откривме форумот. Сега е помалку или повеќе се сведено на празни шпекулации, попмпезни инвеститорчиња кои се натпреваруваат да се пофалат со кого се (демек) се знаат и од каде ги набавуваат (дез) информациите, ефтини дофрлања итн. Не дека претходно информациите кои хрватската (заедно со словенечката) инвестициска заедница ги сервираше можеше да се зимаат здраво за готово но анализите кои се постирии посебно од неколку посилни форумаши беа далеку поиздржани.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#442 Posted: 12-Aug-2008 at 10:52 |
за оние што сакаат да разберат што се има меѓу редови во нашата ни економија како и за стопански живот мислам дека најдобро е да го разгледаат хрватскиот форум „мој новац“ каде на долго и на широко на разбирлив јазик се објаснети, се објаснуваат и ќе се објаснуваат сите состојби во светската, балканската а и македонската економија, поинаку кажано доколку човек реши во животот да почне да се коцка на големо(берза) а воедно и да разбере како тоа коцкање ќе го уништи и него и сите околу него слободно нека го препрочита подфорумот за македонија на овој форум...
таму ќе најдете доста инсајдерски информации за сите наши фирми од градежништво па се до земјоделство, но има и доста шпекулации кои, што од конкуренцијата што од службите што од инает се протнуваат како би влијаеле на општото мнение и инвестирање. инаку форумот го консултираат и сите наши новинари кои ја третираат економијата, па така доколку сакате јасна слика истражувајте темелно па брзо ќе ви стане јасно кој се треба да го слушате и читате а кој се е убацен како џокер за подкусурување... штета што немаат и подфорум за третмани за релаксирање и регенерирање на зависниците и настраданите од македонската а и светската берза 
има и нешто други форуми каде може да се разбере плус некоја информација за економијата на овие простори, но мој новац е нај разработен и нај веродостоен, бидејќи форумашите се постојани и неуморни! еве уште некој сајт каде можете данајдете инфо за состојбите кај нас и надвор:
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#443 Posted: 11-Aug-2008 at 12:39 |
Технолошкиот центар ќе биде двигател на домашната ИТ-индустрија |
|
|
|
Автор: В.Н. |
|
Среде
Скопје, во близината на Железничката станица, на просторот на
Тутунскиот комбинат, наскоро ќе никне првиот технолошки центар во
Македонија, кој го гради групацијата „Сивус“. Се работи за модерен
објект од 20.000 квадрати и инвестиција што чини повеќе милиони евра.
Можност за специјализација, можност за развој на мали ИТ-компании,
истражување на сосема нови ИТ-технологии се само дел од новините што ќе
ги понуди првиот технолошки центар во Македонија. Во него ќе работат
околу 1.500 лица. За концептот, кој лесно може да доведе до целосно
заживување на информатичката индустрија во Македонија, разговаравме со
Игор Лештар, главен извршен директор на компанијата.
Најавивте дека во технолошкиот парк ќе има центар за обуки. За што станува збор?
- На 3.000 квадрати ќе биде лоциран центарот за обуки каде што ќе
се работи на специјализација на кадри за разни технологии, кои потоа ќе
бидат комерцијално употребливи. Сè уште ја правиме стратегијата во
врска со тоа за какви технологии ќе се обучуваат кадрите. Меѓутоа во
секој случај се работи за обуки на кадри за кои сметаме дека се
потребни на светските пазари каде што ние работиме. Идејата е, по
обуката, кадрите да можат да ги користат компании однадвор. Ставот на
„Сивус“ не е ние да дефинираме какви кадри да се градат во државата.
Државата е потребно сама да дефинира какви кадри се потребни, без оглед
на тоа што им треба во моментот на компаниите. Треба да се размислува
што ќе му треба утре на пазарот. Градиме центар за обуки каде што ќе се
доспецијализираат лицата што ќе излезат од образованиот систем.
Студентите се генерално обучени за разни технологии и знаат од сè по
малку. Меѓутоа за да бидат употребливи во конкретни проекти и за
конкретни технологии им треба специјализација. Со овој центар ќе бидеме
комплемент на активностите што ги прави Владата. Го поздравуваме
вложувањето на државата во информатиката. Со овој центар се
усогласуваме во начинот на размислување.
На кој принцип ќе работи ИТ-инкубаторот, кој ќе биде дел од технолошкиот центар?
- Инкубаторот е замислен како дел во кој ќе им се овозможи
реализација на мали „стартап“-компании, но и на големи компании што
имаат иновативен бизнис-план и потенцијал за напредување и за создавање
капитал. На компаниите што се со широк поглед, визија и идеи ќе им
овозможиме да користат простор за низок трошок. Ќе им овозможиме да ги
користат заедничките служби на центарот, што подразбира менаџмент,
правни служби и слично, сè со цел да можат полесно да ги реализираат
идеите. Се разбира дека тоа ќе им го овозможиме со договор за
отстапување акции, како коинвеститори или некој друг модел. Секој
договор е различен во зависност во која фаза е компанијата и колку таа
идеја може да се реализира. Нашата идеја е во технолошкиот центар,
вакви компании да бидат близу едни до други, да менуваат знаења и на
тој начин да станат попрогресивни. На располагање ќе им биде
меѓународна продажна мрежа. Ќе им отстапиме контакти од странски
компании што инвестираат во нови бизнис-идеи. Докажувањето на концептот
односно дали една идеја може да функционира бара одреден период. Во
почетокот во една компанија се внесува мал капитал за да почне да
живурка и потоа има тест-период. На Запад тоа е скапо. Идејата е
претприемачите, наместо на Запад, да инвестираат кај нас, и тоа во
кадри и на тој начин да имаат поевтин тест-период. Доколку се покаже
дека концептот е успешен, потоа се разбира во таа фирма ќе се вложува
повеќе.
Во објектот ќе има и истражувачки центар. На што ќе се работи во овој дел?
- Во моментов за „Сивус“ 40 лица истражуваат различни софтверски
решенија и технологии. Ние сакаме да ги сублимираме во истражувачкиот
центар во еден ентитет, кој ќе се фокусира на напредни технологии. За
тоа треба критична маса и затоа го правиме истражувачкиот центар.
Капацитетот на домашните образовните центри е мал. Недостасуваат
доволно знаење, компетенција и визионерско размислување.
Со истражувачкиот центар сакаме да ги поттикнеме другите и да се
создаде здрава конкуренција и во овој домен. Зошто да не создаваме нови
технологии во Македонија? Идејата е паркот е да биде главен двигател во
ИТ-индустријата и да ја развива. Да биде засолниште за сите луѓе и
фирми што размислуваат подалеку од границите на Македонија. Владата
многу вложува во информатичкиот сектор и треба да покажеме дека и во
Македонија може. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=155&ArticleID=5244
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#444 Posted: 04-Aug-2008 at 10:09 |
Ве молам да ми одговорите искрено дали и колку компании што имаа намера да вложуваат во Македонија, по неуспехот на земјава да влезе во НАТО, се повлекоа?
|
ИНТЕРВЈУ
Ниедна странска компанија не се повлече поради НАТО

Веле Самак, министер за привлекување странски инвестиции
Нина Нинеска-Фиданоска
Господине Самак, пред две години, кога оваа власт го доби мандатот, ги намали даноците и плати скапи реклами во странски весници, со цел да се привлечат странски инвестиции. Но, се' уште постои впечаток дека тие не' одминуваат. Се согласувате или, во спротивно кој е ефектот на оваа власт?
Пред се', низа активности се направени за да се разниша онаа лежерна активност што постоеше во последните 15 години, на пасивно седење и чекање да дојдат инвеститорите. Имаме постигнато огромни резултати, и тоа со старт од нула, за многу кратко време. Пред се', донесовме две најголеми гринфилд-инвестиции во Македонија, а да не зборуваме за многубројни помали инвеститори кои имаат почнато со активности во последниве две години. „Џонсон Мети“ и „Монтипе“ се двете најголеми гринфилд-инвестиции во Македонија. Со многу компании сме навлезени во финална фаза, каде што останува фирмата да избира меѓу Македонија и уште една конкурентна земја, што е финален индикатор колку добро ја спроведуваме работата. Ги надминуваме сите рекорди постигнати во привлекувањето странски инвестиции во Македонија.
Конкретно за „Џонсон Мети“, требаше да почне да гради во април, но се' уште не се удрени камен-темелниците. Што е проблемот поради кој доцни проектот на „Џонсон Мети“?
Генерално, станува збор за двојна инвестиција од страна на „Џонсон Мети“. Тие потенцираа дека прават експанзија во Европа и во САД, Северна Америка. И паралелно градат две фабрики, една во Пенсилванија и една тука во Македонија, која има иста намена и иста потреба. На почетните дискусии се работеше за една технологија, а сега се работи за исклучиво нова технологија, нов метод на производство и усогласување меѓу овие два погона. И тоа е една од генералните причини поради кои имаше одолжување со стартот. Не е тоа некоја грешка или некој проблем, едноставно, така се одвиваат работите некогаш. Моментално се' е во тек, не само од наша страна како Влада и институции туку и од страна на „Џонсон Мети“, бидејќи се завршени дискусиите околу договорот за закуп, кој е стандарден за зоната и се чека тој да помине на владина седница за да може да се потпише. Во тек се и подготовки на терен од градежната фирма што ја избра „Џонсон Мети“.
Значи, многу е важно да расчистиме со митови дека кога некоја фирма одлучува да инвестира во Македонија, дека тоа се површни трансакции кои се гледаат на филмови. Тука треба да се знае дека станува збор за низа активности. А особено тоа важи за гринфилд-инвестиција, затоа што тоа е најризична инвестиција за секоја фирма, без разлика дали е Македонија или која било земја. „Џонсон Мети“ би требало да почне оваа есен. Така што, ние го сметаме тој проект за почнат.
Со „Монтипе“ се потпиша Меморандум за разбирање, два дена пред изборите, што во јавноста беше доживеано како собирање предизборни поени. Колку Вие како министер можете да ни потврдите дека таа инвестиција сигурно ќе влезе во Македонија?
Кога ќе се потпише Меморандум за разбирање, инвестицијата е 99 проценти сигурна, поради тоа што станува збор за детална одлука во која се проследени, во овој случај конкретно, една и пол година активности. Доколку некоја од тие претпоставки не се смени, на пример фирмата да влезе во стечај или наеднаш и' се откажани порачките или, на пример, Македонија да влезе во некои политички конфликти или нестабилности, таа инвестиција сигурно ќе се реализира. Шансите да се повлече таа одлука се многу мали. Второ, не станува збор за некој предизборен трик, туку едноставно беше добар тајминг. Значи, „Монтипе“ веќе има погон во Бугарија, тие не беа многу задоволни од Бугарија. Во последната една и пол година имавме чести дискусии, две посети кај нив, за да ги разгледаме сите можности и на некој начин да ги разубедиме од експанзија во Бугарија. И кога тие одлучија да дојдат во мај, а таа одлука ја донесоа во јануари, апсолутно никој немаше претстава дека ќе има избори. Моментално разгледуваат понуди од минимум шест градежни фирми и проектантски куќи за реализација на фабриката. Планот е најдоцна до март да се почне со градба.

Кога сме кај „Монтипе“, морам да Ве прашам, што Ви требаше оној „излет“ со францускиот амбасадор кога жестоко реагиравте зошто се кити со туѓи пердуви?
Комуникацијата со амбасадорот на Франција беше исклучиво на службено ниво. Јас и амбасадорот сме имале добри лични односи во последните две години. Не станува збор за некои лични несогласувања, но, едноставно, моја службена одговорност е како министер да ги коригирам фактите, да знае и народот зошто сме тука, што работиме, да не се дава погрешна претстава дека ете сите тие напори што ги вложивме, всушност, се на туѓ кредит. Така што го расчистивме тоа и мислам дека не е потребно дополнително да навлегуваме во тие активности.
Нели мислите дека избрзавте, дека тоа беше погрешно?
Апсолутно не. Мислам дека е важно секој министер, затоа што министерската позиција е јавна функција, да ја информира јавноста конкретно со сите активности што се преземени и да биде транспарентен, а ние го направивме тоа.
ММФ, но и домашните инвеститори имаат многу забелешки дека на странските инвеститори во зоната им се даваат премногу бенефиции. Дали вредат сите тие ослободувања?
Апсолутно. Морам да потенцирам за сите, и за странските лица тука, повеќе да не навлегуваме во тие замки дека кај нас се случува нешто што е чудно. Само за пример, бенефиции за фирми, особено кои инвестираат во нови погони, нови технологии и нови машини, се даваат секаде, низ цел свет. Дури и во Америка, која е огромна и развиена земја, има држави кои се максимално ангажирани да даваат такви бенефиции. На пример, „Мерцедес“ доби над 250 милиони долари бенефиции од Алабама да изгради цел погон за фабрика. Она што го правиме ние во Македонија целосно е во согласност со нормите во ЕУ и не треба тоа да биде заблуда за никого.
Лани, и покрај сите мерки, Македонија оствари странски инвестиции од само 240 милиони евра. Годинава, за четири месеци се влезени 160 милиони евра. Кога конечно Македонија ќе се одлепи од тие 100-200 милиони и кога ќе имаме, на пример, 500 милиони евра, барем половина од она што влегува во земјите од регионот?
За две години. Тоа, исто така, е нов дел заблуди што навлегуваат од таканаречената експертска јавност, затоа што треба да ги земете предвид големината на македонската економија и апсорпционата моќ за нивото на инвестиции, па на таа база да се споредуваат инвестициите во Македонија со инвестициите во регионот. Сепак, ние сме земја од 5,5 милијарди евра бруто-производ и со два милиона жители. Со тие бројки сме неспоредливи во Источна Европа. Единствена земја со таква популација е Словенија, но таа е на сосема друго ниво. Затоа вистинска мерка за нас, всушност, е бројот на странските директни инвестиции како процент од БДП. Во таа ставка ние сме на слично ниво некаде на пет проценти како и голем број источноевропски земји. Единствено Бугарија оди накај 15 проценти. Кога ќе достигнеме бројка од 500 милиони евра, за што мислам дека за две години сме на вистински пат, ќе ги надминеме сите тие источноевропски процеси.
Кои други компании може да очекуваме да инвестираат во Македонија?
Во тек ни се пет проекти со над 200 милиони евра инвестиции, кои обезбедуваат 2.500 вработувања. Проекти кои се во финална фаза, значи оној чекор каде што останува Македонија и една земја за да се донесе одлука.
Ве молам да ми одговорите искрено дали и колку компании што имаа намера да вложуваат во Македонија, по неуспехот на земјава да влезе во НАТО, се повлекоа?
Пред еден месец, кога имавме дискусии со една од овие фирми што се во тие пет проекти, нивното прашање беше - добро, не влеговте во НАТО, но од која земја ве покрива Америка? Да не ве покрива од Грција, од Бугарија или од Србија? Ние им рековме - не, во Скопје се гради една од најголемите американски амбасади на Балканот. Тогаш од компанијата ни одговорија - добро, се' ни е јасно, за еден месец ќе дојдеме во Македонија. Америка ни дава далеку поголема и политичка и безбедносна, па и економска стабилност од тие интеграции. Тоа не значи дека треба да прекинеме со НАТО и со ЕУ. Ама апсолутно ниту една фирма не се заинтересира за одлуката во НАТО. Дури и една данска фирма ни кажа, иако тоа беше малку нашега - ние апсолутно ќе инвестираме во Македонија ако ветите дека нема да го смените името.
Кои се најголемите забелешки на странците за Македонија?
Пред да дојдат инвеститорите во Македонија, најчести се забелешките околу големината на земјата, големината на локалниот или регионалниот пазар, чисто како бизнис. Тоа е во смисла дека ако инвестираат тука, им треба некој голем пазар за да ги оправдаат инвестициите. А кога ќе дојдат, генерално најголемите забелешки кои, за среќа, засега не се критични, се околу автопатиштата. И тоа во смисла на локации надвор од Скопје. Една единствена забелешка е да се изградат повеќе автопатишта. Затоа што на тој начин фирмите можат да инвестираат во кој било град во Македонија, да ја земат таа работна рака и да немаат логистички проблем.
Едно приватно прашање. Дали Вашата сопруга и ќерката се приспособија на животот во Македонија?
Да, тука сум комплетно со фамилијата. Сопругата и ќерката се тука секој ден, така што за нив не е проблем приспособувањето. И сопругата и ќерката зборуваат македонски. Долго време доаѓавме во Македонија, така што не е ништо чудно од тој аспект.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#445 Posted: 25-Jul-2008 at 02:00 |
Комерцијална со профит од 17 милиони евра за шест месеци

Поголемиот износ на остварен позитивен финансиски резултат произлегува од зголемените приходи од редовно работење
Комерцијална банка продолжува да соборува рекорди во поглед на добивката. Во првите шест месеци од годинава таа остварила профит од 17,13 милиони евра или 1.054 милиони денари.
Само за споредба, за цела 2007 година Комерцијална банка оствари добивка од 16,5 милиони евра, а заедно со нераспределената добивка од минатите години, се искачи на 18,6 милиони евра.
Од Комерцијална банка објаснуваат на што се должи профитот остварен во првото полугодие од годинава. „Остварениот финансиски резултат за периодот 1 јануари до 30 јуни 2008 година, во износ од 1.054 милиони денари, е за 65 отсто поголем од остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година“, објаснува банката. Поголемиот износ на остварен позитивен финансиски резултат во однос на минатата година произлегува од зголемените приходи од редовно работење (приходи од камата, провизии и надоместоци), но и од поголем износ на приходи од наплатени сомнителни и спорни побарувања, приходи од работење со хартии од вредност, како и помал обем на издвоена резервација за првата половина од годинава. „Во спомнатиот период нето - приходите од камата се зголемени за 27,5 отсто, остварени се значително повисоки приходи од наплатени билансни и вонбилансни побарувања, а исто така, издвоената резервација во првите шест месеци од 2008 е значително помала во споредба со високиот износ на издвоената резервација во првите шест месеци од 2007. Во периодот 1 јануари до 30 јуни 2008 година се реализираше наплата на билансно побарување од Еј Вај бенк од Лондон, како и наплата на вонбилансно побарување во износ од 236.367.466 денари од должникот „Алумина“ во стечај , по основа на правосилно решение од Основниот суд Скопје 2. Средствата се уплатени по извршена продажба на имотот врз кој на Комерцијална и' е утврдено разлачно право во стечајната постапка“, се вели во коментарот за билансот на успех на Комерцијална. (Н.Н.Ф.)
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#446 Posted: 22-Jul-2008 at 13:40 |
НБРМ даде согласност на Австријците да ја купат „Инвестбанка“
22.07.2008 12:34
Гувернерот
на Народната банка на Република Македонија донесе решение со кое е
издадена претходна согласност на „Штаерска банка и Штедилница“ АД од
Грац, Република Австрија, за стекнување 100% од вкупниот број на акции
на „Инвестбанка“ АД Скопје. Трансакцијата за стекнување на
акциите треба да се изврши во рок од 180 дена од денот на добивањето на
согласноста од гувернерот. „Штаерска банка и Штедилница“ АД
работи од 1825 година како штедна банка. Таа има дозвола за банкарско
работење издадена од Агенцијата за надзор на финансискиот пазар на
Република Австрија. Има учество и контрола во повеќе банки и друштва за
лизинг, недвижности, картично работење и истражување и развој во
Република Австрија и регионот на поранешна Југославија. Банката и најголемиот дел од австриските штедни банки се дел од групацијата на Erste Bank der Oesterreichischen Sparkasse AG. Согласно
ревидираните консолидирани финансиски извештаи за 2007 година, Банката
има финансиски потенцијал од 12,2 милијарди евра, капитал од 942
милиони евра и прикажала позитивен финансиски резултат од 110 милиони
евра. Се очекува влезот на „Штаерска банка и Штедилница“ АД да
придонесе за понатамошно зголемување на финансиското посредување во
Република Македонија, зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот
сектор и зголемување на понудата на банкарски производи и услуги. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=95548
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#447 Posted: 10-Jul-2008 at 09:49 |
Уште две фини вести
Во Битола ќе се гради уште една млекарница
|
|
Во
Битола се зголемува конкуренцијата на преработувачи на млеко и млечни
производи. Фирмата „Сирма“ од Бугарија деновиве ја комплетира
градежната документација за изградба на нова млекарница во овој град.
“Општина Битола излезе во пресрет на барањето на бугарскиот инвеститор
и донесовме одлука за отпочнување постапка за изработка и донесување на
урбанистички план за стопански комплекс, фабрика за млеко и млечни
производи кај месноста „Црвеник“ во селото Братиндол во непосредна
близина на Битола”, потврди Горан Михајловски, прв човек на локалната
комисија за урбанизам во овој град.
Трошоците околу постапката за документацијата на урбанистичкиот план со
опфат од 0,70 хектари, ќе ги преземе бугарскиот инвеститор. Со
инвестицијата во овој сектор, во Битола ќе егзистира трета млекарница
покрај веќе познатите ИМБ-Битола и Идеал Шипка во кои доминира странски
капитал.
(Mиа) |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11469&mid=303&tabId=1&tabindex=0
“Випро“ гради нов производен комплекс во Гевгелија
|
|
Преработувачката
компанија “Випро“ гради нов производствен комплекс составен од фабрика
за производство и простор за складирање и откуп на зеленчук и овошје,
кој ќе чини 380.000 евра. За оваа намена “Випро“ доби и грант од АгБиз
проектот на УСАИД за развој на земјоделството, чија цел е поддршка на
извозно ориентирани проекти и компании и воведување на еколошки
стандарди. Со изградбата на овој комплекс „Випро“ очекува раст на
производството од над 30%.
“Випро“ своите производи, во најголем дел преработки од зеленчук и
овошје, ги извезува на пазарите во Југоисточна Европа, на Косово, во
Србија и Црна Гора, потоа во скандивските земји, Швајцарија, Германија,
САД, Канада, Нов Зеланд, Англија. Сега работат и на освојување на
пазарите во поренешниот Советскиот Сојуз, односно Средна и Источна
Европа. Виктор Петков, директор на “Випро“, вели дека најголем проблем
им е освојувањето на нови пазари кое би се одвивало побргу доколку
македонските производи се произведуваат со посовремена технологија.
Овој откупно-складишен центар ќе се гради во близината на Гевгелија и
се планира да биде завршен до септември 2009 година. Фабриката ќе биде
изградена по најнови стандарди со функционално поврзани згради кои
овозможуваат стандардно и попродуктивно производство. Заради
временското несовпаѓање на откупот на свежите производи и нивната
преработка, во проектот е планирана и изградба на складиштен простор и
простор за откуп.
(Тотал) |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11436&mid=303&tabId=1&tabindex=0
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#448 Posted: 07-Jul-2008 at 03:27 |
 Ako moze bes EU da se ubrza procesot, uste podobro. Eve nesto od A1 Македонската берза неделава лидер во регионот
05.07.2008 16:42
По
рекордниот месечен пад во јуни, Македонската берза неделава е лидер во
регионот по растот. Индексот МБИ 10 се зголеми за 7,2%, што е повеќе од
регионалните пазари на хартии од вредност, па дури и од дел од берзите
во Европа. Белградскиот индекс Белекс 15 и словенечкиот СБТИ
Топ паднаа за повеќе од 4%. Лондонскиот зaгуби 0,96% од својата
вредност, a германскиот ДАКС се намaли за 1%. На Македонската берза, иако се зголеми пазарната вредност, кај најголем дел од компаниите, сепак се намали прометот. Вкупно
се свтреа 2,3 милиона евра, но на официјалниот пазар прометот беше за
29% помал во однос на минатата недела, кога индексот на берзата имаше
надолен тренд. Најголем неделен раст забележа „РЖ Услуги“.
Вредноста се зголеми за 38,4%. Пазарно акцијата чини 567 денари, а
книговодствено 449 денари. Акции со раст | • | „РЖ Услуги“ - 38,4% | • | „Топлификација“ - 33% | • | „Комерцијална банка“ - 13,8% |
Тргувањето
го одбележа акцијата на „Топлификација“. Цената се зголеми за 33%.
Акцијата пазарно чини 8.146 денари, книговодствено 3.576 денари. Голем интерес имаше за акцијата на „Макпетрол“, но продавачите не беа подготвени да продаваат на цена од околу 65.500 денари. Најголем
пад имаше кај „Комуна Скопје“. Вредноста се намали за 5%. Пазарно
акцијата вреди 950 денари, а книговодствено 1.524 денари. За 1,8% падна вредноста на акцијата на „Охридска банка“. Пазарната вредност на акцијата е 5.102, а книговодствено 3.181 денар. Акции со пад | • | „Комуна Скопје“ - 5% | • | „Охридска банка“ - 1,8% |
Најголем
промет забележа акцијата на „Комерцијална банка“. Вредноста порасна за
13,8%, се истргува капитал за сума од 451.000 евра. Пазарно акцијата
чини 5.844, а книговодствено 2.415 денари. Актуелните политички
случувања и натаму ќе бидат меѓу клучните фактори кои ќе влијаат на
идните текови на берзата. Од друга страна, експертите сметаат дека
берзата веќе го допре дното и фондовите повеќе не можат да дозволат
цените на акциите да одат надолу бидејќи така губат од вредноста на
својата актива.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#449 Posted: 07-Jul-2008 at 03:17 |
На скободниот пазар, по систем на сврзани садови, економиите ќе се изедначат. ЕУ го нуди тој слободен пазар без никакви граници, а вака надвор од еу пак го имаме, само што иде поспоро. Едноставно кога ќе влеземе ќе се убрза процесот.
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#450 Posted: 07-Jul-2008 at 03:04 |
 Bravo  ! Kolku uspesni, ili silni mislete mozeme da staneme so nasite domasni kompanii vo regionot?? Koga ke pocnat da investirat po sosednite zemji.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#451 Posted: 06-Jul-2008 at 19:00 |
nekolku pristojni informacii
„ВИТАМИНКА“ ПОЧНА СО ПРОИЗВОДСТВО НА КЕКСИ ВО НОВ ПОГОН
Прилепска „Витаминка“
почна со пробното, а деновиве и со официјалното производство на кекси
во новиот погон. Фабриката паралелно презема мерки и за заштеда од
трошоците.

Со ова, фабриката ја реализира инвестицијата вредна
пет и пол милиони евра од кои четири милиони се кредит од Европската
банка за обнова и развој.
Новата инвестиција е петгодишниот план
за проширување на производството. Погонот сместен во халата на
поранешната текстилна индустрија „Политекс“ со целосно автоматизирани
италијанско-автриски и холандски машини на „Витаминка“ ќе и донесе
месечно производство од 200 тони неколку видови кекси за домашниот и за
странскиот пазар.
- Проширувањето го зголемува пласман на
пазарите. И досега бележиме позитивно салдо во работењето во споредба
со лани, велат од раководството на фабриката.
Неодамна се
валоризира соработката со австралиски партнери кои донесоа нов пласман
на производите на овој далечен континент во вредност од 80.000 евра.
Паралелно
со тоа прилепската прехранбена индустрија се обидува да се носи и со
светските поскапувања. Растот на цените на суровините и на нафтата ја
принудија фирмата со 400 вработени деновиве да формира координативно
тело кое ќе ги направи пресметките за намалување на трошоците на
производството. Како неопходна превентивна мерка, тоа треба да ги
амортизира евентуалните загуби и да ги одржи светските пазари зашто 40
насто од годишното производство е за извоз. |
http://www.sitel.com.mk/?ItemID=5B3F432D9E2FDB418931DA90FF9C0C78
Свислион ќе вложи 10 милиони евра во Агроплод
"Свислион"
планира да вложи 10 милиони евра во ресенската фабрика "Агроплод", во
наредните две години за развој на нови производствени линии, најави
менаџментот на компанијата. По преземањето на "Агроплод" од страна на
брендот "Свислион" во 2006 година, досега се инвестирани осум милиони
евра и изградени се две нови хали за производство на наполитанки и
бисквити.
- Инвестициите се направени во сите производствени погони и во
магацини. Комплетно е констриуран погонот за кексите "ресана", за
чоколадните бомбони "бони топ" и модернизиран е целокупниот технолошки
процес. Дел од парите се вложени и во воведување на нови брендови и на
нови производи во погонот за храна. За еден месец најдоцна се очекува
да се пушти во продажба и новиот производ од брендот "агрокрем" - вели
Олгица Стојчевска, директорка на "Свислион Агроплод".
Во сите производствени погони е инсталиран системот за безбедност на
храна НАССАР бидејќи производите се извезуваат. Сега се работи на
имплементација на стандардите за извоз во земји со муслиманско и
еврејско население. Таму се инсистира на строги правила и норми при
подготовката и производство на храна. - Мора да ги воведеме овие системи за да може да извезуваме во овие земји - вели Стојчевска.
"Свислион Агроплод" со своите производи, освен на македонскиот пазар
е присутен и во земјите од поранешна Југославија. Брендовите на
"Агроплод" се извезуваат и во САД, Австралија, а има интерес и за
пласман во Арапските земји, но и во Израел, Холандија и Јапонија. Во
сопственост на "Свислион Агроплод" се наоѓаат и јаболкови насади во
преспанскиот регион, голема фарма за ноеви и туристичките капацитети во
Претор и Крани.
(Р.Ј.Н.) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DEAC3BA5B793DB4B8ADB0BC6C5BD7BBF
Ингра го купи Маврово инженеринг
Хрватска Ингра од 1 јули е сопственик на скопската компанија
Маврово Инженеринг, во која поседува сто процентен удел. Маврово
Инженеринг не е сопственички поврзана со АД Маврово, компанија која од
неодамна ја презеде Ингра преку јавна понуда. Маврово Инженеринг е
посебна компанија, која беше формирана во време кога АД Маврово имаше
проблеми во работењето.
Како што јавуваат хрватските медиуми, станува збор за нова зделка на
Ингра на македонскиот пазар, која ја чинеше оваа загрепска компанија
дополнителни 2,5 милиони евра. - Со овој дил, Ингра дополнително
ја зајакнува својата позиција во Македонија и регионот, бидејќи Маврово
Инжеринг е компанија со искуство во планирање, проектирање и изведување
на градежни работи во ниско и високоградбата - велат хрватските медиуми. Моментално
Маврово Инженеринг вработува 400 работници, од кои 100 се
високообразовани инженери. Минатата година Маврово Инженеринг оствари
вкупен приход од 15,5 милиони евра и добивка од 235.000 евра. |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A8FEFD8D0A8504418FCC1528089D972F
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#452 Posted: 06-Jul-2008 at 18:59 |
Originally posted by Cloverstack
Ама ако Битолска млекара и Бучен Козјак се сега под иста капа, значи пак се сведува на три поголеми играчи.
|
Pa dobro... sepak zboruvame za razlicni fabriki i linii na proizvodi nezavisno koj e vo pozadina.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#453 Posted: 04-Jul-2008 at 15:52 |
Ама ако Битолска млекара и Бучен Козјак се сега под иста капа, значи пак се сведува на три поголеми играчи.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#454 Posted: 04-Jul-2008 at 15:46 |
Danube Foods (сопствениците на Битолска) го купија и Бучен Козјак (Куманово) неколку месеци пред Битолска млекара. И таму има скок во квалитетот на производите иако они и од порано си беа добри.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#455 Posted: 04-Jul-2008 at 15:18 |
Originally posted by pbanks
за кратко време се профилираа 4 сериозни млекари
|
Битолска млекара, Сведмилк и сега ова со Дукат и Лакталис во Идеал Шипка. Тоа се три што ми текнуваат... Која ја пропуштам?
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#456 Posted: 04-Jul-2008 at 10:28 |
 за кратко време се профилираа 4 сериозни млекари, а има и неколку помали кои одлично работат.
„Дукат“ ќе инвестира девет милиони евра во „Идеал Шипка“
|
|
Хрватската
млечна компанија „Дукат“ го купи целиот капитал на битолската
млекарница „Идеал Шипка“. Новиот сопственик, кој е дел од „Лакталис“,
една од најголемите светски групации во производство на сирење, најави
инвестициски вложувања од девет милиони евра за млекарницата и помош на
кооперантите.
„Лакталис“ е прва млечна индустрија во светот по големина и сила.
Светски лидер во производството на сирење, со 8,8 милијарди литри
откупено млеко на годишно ниво и со вкупен приход од 9,6 милјарди евра,
истакна на денешната прес-конференција во Битола Патрис Филош, директор
за откуп, производство и инвестиции во групацијата „Лакталис“ во чиј
состав е „Дукат.
“Нашата намера е во Битола да се произведуваат врвните сирења од
марката „Президент“, а како бренд познат насекаде во регионот наскоро
ќе го организираме хуманитарниот проект „Млечен пат на добрината“”,
рече, меѓу другото на средбата со новинарите Мато Задро, претседател на
на управата на „Дукат“.
„Идеал Шипка“ во наредниот период очекува забрзан развој и нови вработувања.
“Во следните три години ќе бидат вложени шест милиони евра.
Зголемувањето на производствените капацитети, воведувањето на нови
производствени линии и нови технологии, импелемтирањето на ХАЦЦП
стандардите за производство, како и добивањето ЕУ извознички број, се
приоритетите на „Идеал Шипка“,” потврди Димитар Павлевски, директор на
производство во оваа битолска млекарница.
Млекарницата „Идеал Шипка“ денес е лидер во прозиводството на
традиционалните македонски сирења, кашкавал и бело сирење со 25
проценти удел на пазарот.
(Тотал) |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11367&mid=303&tabId=1&tabindex=0
Идеал шипка со амбиција да биде лидер во регионот
Млекарницата
Идеал Шипка со поддршка на Дукат и Лакталис на македонскиот пазар ќе го
заземе лидерското место во производство на сирење и млечни производи и
ќе стане водечки регионален производител на традиционални македонски и
врвни француски сирења од познатата марка "президент". Ова вчера го
истакна Мато Задро, претседател на Управата на хрватската млечна
компанија "Дукат" во Битола по повод успешното завршување на
интеграцијата на Идеал Шипка во рамките на хрватската компанија. -
Аквизицијата ни овозможи на брз начин да дојдеме на македонскиот пазар
кој за нас е многу важен. Со преземањето на Идеал Шипка, станавме
лидери во производство на сирење во Македонија, а планираме во иднина
да ја зацврстиме и развиеме сегашната позиција - рече Задро.
Директорот за производство во Идеал Шипка, Димитар Павлевски го
претстави планот за развој на оваа битолска млекарница во чие
производство во наредните три години ќе бидат вложени шест милиони
евра. - Зголемувањето на производствените капацитети, нови
производствени линии и технологии, имплементирање на НАССАР стандардите
за производство, како и добивањето ЕУ извознички број се нашите
приоритети во наредниот тригодишен период. Посебно ќе се ориентираме на
развојот на примарното производство на млеко, на зголемувањето на
количината и квалитетот на овој производ, а во периодот до 2010 година
групацијата Лакталис ќе инвестира во подобрување на добрите односи со
кооперантите преку инвестирање во нови штали, молзни крави и во
подобрување на стандардите, бидејќи тие се условот за влез на
европскиот пазар - нагласи Павлевски.
Според него, цената на откупното млеко оваа година е зголемено за 80
проценти во однос на лани, но и покрај тоа Идеал Шипка успеала да ги
намали цените на своите производи за седум проценти. Тој информираше
дека со вака високи откупни цени на млекото не се конкурентни во
регионот и дека тоа мора да се промени. Идеал Шипка во Македонија
држи 25 проценти од пазарот на кашкавал и бело сирење и е втора по
големина млекарница во Македонија со 13 проценти удел на пазарот.
Директорот за откуп, производство и инвестиции во Лакаталис, Патрис
Филош ја претстави групацијата која ги поседува најголемите трговски
марки Президент, Галбани и Дукат. Овој француски лидер годишно откупува
8,8 милијарди литри млеко и остварува приход од 9,6 милијарди евра.
(С.Бл.) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=9C82F7E27E78694CB38C39F36C307E48
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#457 Posted: 03-Jul-2008 at 20:47 |
tocno, ne e samo vo investiciite nego kade vleguvaat tie pari. Greenfield investiciite se najvlijatelni a tokmu niv do pred edna godina gi nemavne. Investicii vo banki kako ohridska banka isto taka pomaga od ocigledni pricini.. no investicii vo shoping centri ne pomagaat mnogu na obicniot graganin.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#458 Posted: 03-Jul-2008 at 12:10 |
Originally posted by GreatMakedon
i jas istoto sekogas go kazuvam... sne bile posledni po investicii? Romanija ima 11 pati poveke ziteli od makedonija, znaci duri lanskite 240milioni pomnozeni so 11 bi bilo ramno na Romanija da dobila investicija od 2.64bilioni. Sega znaeme deka romanija dobiva poveke duri od ovaa brojka, no romanija ima najgolemi stranski investicii od site istocno evropski zemji osven bugarija, koja priznavam vo sporedba so svoeto naselenie ima ogromni investicii.
|
vidi daleku od toa deka sme dobri... Eve naprai esap za hrvatite oni imaat okolu 7 pati povekje investicii po glava na zitel... No definitivno ne sme ni tolku losi. Posebno sto povtoruvam se bese grinfild. Koga se prodade ESM na primer imase okolu 300 milioni investicii taa godina, no samo 70na milioni grinfild ostatokot go nosese taa edinstvena investicija vo ESM.
|
 |
GreatMakedon
Senior Member
Joined: 13-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 186
|
Quote Reply
#459 Posted: 03-Jul-2008 at 12:03 |
i jas istoto sekogas go kazuvam... sne bile posledni po investicii? Romanija ima 11 pati poveke ziteli od makedonija, znaci duri lanskite 240milioni pomnozeni so 11 bi bilo ramno na Romanija da dobila investicija od 2.64bilioni. Sega znaeme deka romanija dobiva poveke duri od ovaa brojka, no romanija ima najgolemi stranski investicii od site istocno evropski zemji osven bugarija, koja priznavam vo sporedba so svoeto naselenie ima ogromni investicii.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#460 Posted: 03-Jul-2008 at 11:47 |
Незнам зошто секогаш пишуваат вакви објави дека сме последни кога единствен логичен начин да се прават овие споредби е по глава на жител (нормално дека Србија со 8 милиони луѓе ќе има под дифот повеќе инвестиции). ОК и по жител сме последни но јазот не е толку голем. Мене бројката од 239 милиони ми изгледа добра бидејќи ако не се лажам се беше гринфилд. Проекцијата од пола милијарда делува уште поубаво  Мора да се признае дека владава стварно ги раздвижи работите на ова поле
Виенски Институт: Годинава во Македонија инвестиции од пола милијарда евра
|
|
Македонија
според странските директни инвестиции ја завршила 2007 година последна
на листата од 20 држави во Централна, Источна и Југоисточна Европа, но
за годинава сепак е предвиден значителен раст.
Ова се наведува во последната анализа на Виенскиот Институт за
меѓународни економски студии, според кој, лани во земјава нивото на
странските директни инвестиции изнесувало 239 милиони евра.
Овој реномиран Институт предвидува дека Македонија ќе ја заврши 2008
година со половина милијарда евра СДИ, што би било најголемо ниво на
странски директни инвестиции од 2001 година. Институтот во 2008
предвидува зголемување на инвестициите во Југоисточна Европа само во
Албанија, Македонија, Полска и во Романија. Лани во регионот биле
инвестирани рекордни девет милијарди евра, а за годинава се проектирани
1,5 милијарда помалку.
Освен Македонија и Албанија, кај сите други земји во регионот е
предвиден пад: Босна и Херцеговина од 1,47 милијарда на 800 милиони,
Хрватска од 3,62 милијарди на 2,8; Црна Гора од една милијарда на 500
милиони и Србија од 2,25 на две милијарди. Во групите земји-членки на
ЕУ, Романија, Бугарија и Словенија, лани привлекле седум, шест, односно
една милијарда евра.
Највисоки инвестиции лани се регистрирани во Русија, над 38 милијарди
евра, додека во Полска биле инвестирани речиси 13 милијарди.
(Toтал) |
| http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11350&mid=303&tabId=1&tabindex=0
|
 |