За меѓуградски сообраќај немаме посебна нишка, па овде ќе постирам.
Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици
Министерството
за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за
категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се
овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски
превоз. За целосно категоризирање на автобуските станици во земјава, во
Министерството за транспорт и врски е формирана комисија во која
членуваат и претставници од општините во Македонија.
Како што се вели во соопштението од министерството, врз основа на
поднесени барања од страна на стопанствениците на автобуски станици,
Комисијата за определување на категоризацијата на автобуските станици
врши мониторинг на опременоста на автобуските станици согласно
Правилникот за потребната опрема и начинот на определување на
категоризацијата на автобуските станици кој произлегува од Законот за
превоз во патниот сообраќај.
Во Македонија веќе се категоризирани автобуските станици во Скопје и
Виница, а до Министерството за транспорт и врски барање за определување
на категоризацијата поднеле уште 14 стопанственици на автобуски станици
за кои постапката за категоризација е во тек.
Министерството за транспорт и врски ги повикува сите стопанственици
со автобуски станици во најкус можен рок да достават барање за
определување на категоризацијата со цел доследно применување на Законот
за превоз во патниот сообраќај и целосна имплементација на
категоризацијата на автобуските станици во Македонија со што ќе се
овозможат подобри услови за работење на самите стопанственици, но ќе се
обезбедат и подобри услови за граѓаните кои се корисници на автобускиот
превоз. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=41991&kategorija=1 |