Author |
Topic Search Topic Options
|
OKA
Senior Member
Joined: 11-Dec-2009
Location: Yenni Maalе
Online Status: Offline
Posts: 332
|
Quote Reply
#461 Posted: 21-Oct-2011 at 14:11 |
Хм, на база на искуството од претходниве години, гарант ќе го прават. Лајт мотивот на креаторите на СК2014 еквилибрира во контекстот: да е предизвикувачки возможно, да е уникатно во прилична мерка на зборот, а по самото тоа контроверзно за нашето поднебје и дискутабилно по вкус. П.С.Предлог: Покрај Анкета за оценување на изградените објекти, супер би било Билд да имплементира и Анкета за оценување на идејни решенија.
|
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
 |
Marteen
Newbiе
Joined: 24-Aug-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#462 Posted: 21-Oct-2011 at 14:04 |
Ова заедно со врбите во Вардар се најголемите глупости што ги имам слушнато. Тотално непотребно трошење на пари кои јас би ги пренасочил на довршување на Македонската Филхармонија. Гледано од естетски аспект да не почнувам...
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#463 Posted: 21-Oct-2011 at 13:38 |
|
|
 |
tiberix
Senior Member
Joined: 15-Aug-2011
Location: Sofia
Online Status: Offline
Posts: 284
|
Quote Reply
#464 Posted: 21-Oct-2011 at 11:33 |
Kolku i da sum za Skopje 2014... ova veke gi minuva site granici!!!!!! 
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#465 Posted: 21-Oct-2011 at 11:04 |
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#466 Posted: 21-Oct-2011 at 11:02 |
Панорамското тркало на нов пешачки мостЛокацијата за овој проект е
предвидена со новиот детален урбанистички план за „Мал ринг“, кој сé
уште се изработува во проектантската куќа „Ин-пума“
|
|
|
|
 |
|
Не се знае дали има студија колку е безбедно тркалото да се постави на мост
На пешачки мост, кој ќе почнува меѓу објектите на поштата и идниот
офицерски дом и ќе води кон Музејот на македонската борба и новиот
театар, ќе се постави панорамското тркало. Локацијата за тркалото е
предвидена со новиот детален урбанистички план за „Мал ринг“, кој сé
уште се изработува во проектантската куќа „Ин-пума“. Од општината Центар
не потврдуваат ништо, само велат дека измените и дополнувањата на
планот се во тек и дека сé уште не се знаела новата локација.
- Откако комисија ќе го разгледа планот, ќе имаме точен податок за
новата локација на тркалото - изјави Јовица Ацковски, портпаролот на
општината.
Ова е втора локација за изградба на панорамското тркало. Првата беше
кејот, веднаш до зградата на МЕПСО, но планот се измени поради
подземната сообраќајница, која треба да се гради на истата локација. Од
градот направиле студија што покажала дека врз сообраќајницата не треба
да има тешки објекти. Сé уште не се знае дали од градот, чиј проект е
поставувањето на тркалото, направиле и студија за тоа колку ќе биде
безбедно тркалото да се постави на мост. Дали е побезбедно тркалото да
биде поставено врз подземната сообраќајница или, пак, на мост на река
што, кога има пообилни врнежи од снег и дожд, може многу да надојде.
Горан Марковски, професор на Градежниот факултет, вели дека многу несоодветно решение е да се постави панорамско тркало на мост.
- Факт е дека сé може да се дизајнира, но постојат некои инженерски
логики што треба да се запазат, а да не зборувам за регулацијата на
Вардар и протокот на ветерот. Според мене, ова е многу несоодветно
решение, непотребно силување и на конструкцијата и на просторот. Мостот
ќе треба да биде премасовен, за да може на него да се постави и тркалото
и да се овозможи тој да биде пешачки мост - објаснува професорот
Марковски.
Во огласот пишува дека идејното решение се однесува на панорамското
тркало со придружни елементи, но сé уште не е определено што друго се
планира да се постави. Со тендерската документација од претходниот
конкурс беше предвидено на тркалото да можат да се возат 144 посетители,
по шестмина распоредени во кошници. Дополнително ќе треба да се утврди и
на кого градот ќе му го даде тркалото на стопанисување, дали за возење,
односно за разгледување на градот ќе се наплатуваат билети и колку би
чинело да се види панорамата на Скопје.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=102111920359&id=14&prilog=0&setIzdanie=22411
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#467 Posted: 22-Sep-2011 at 19:48 |
По мое добро е да биде во некој по-рамничарски дел од градот. Нема логика да е близу Водно, Кале, итн.
Може најдобро околу САЕМ или Железничка.
|
 |
gjoko
Senior Member
Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
|
Quote Reply
#468 Posted: 22-Sep-2011 at 18:49 |
panoramsko trkalo vo Singapur,so F.Alonso vo preden plan,mi se cini deka vo svetot se atrakcija,ama da im se najde soodvetno mesto,mozebi na dobro mesto vo Skopje uste poveke ke ja zgolemi posetenosta na centalnoto gradsko podracje,ama kade e toa mesto???????????
|
 |
kultuzin
Senior Member
Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
|
Quote Reply
#469 Posted: 16-Sep-2011 at 11:32 |
Јас сум сеуште против вакво тркало, доколку тоа се смети во централното градско подрачје. Дури мислам дека оваа глупост ќе ја надмине онаа на плажата пред музејот и сплавовите. Најмногу затоа што претендира да покрие некој од постојните објекти и мостови. А неговата намена е дискутабилна затоа што од едната страна го имаме Кале а од другата Портата Македонија. Ако веќе толку се запнати за тркало тогаш нека го направат во Луна Паркот или некое друго место во Паркот пример помеѓу Езерцата.
|
 |
WNBARCH
Groupie
Joined: 15-Apr-2011
Online Status: Offline
Posts: 86
|
Quote Reply
#470 Posted: 16-Sep-2011 at 11:13 |
мислам дека во скопје нема ништо толку високо и далеку да мора да се види од 50 метра.тоа што ке има да се види ке бидат зградите кои ке бидат пак покриени од тркалово..креаторов на сите глупости мора да иде на мегународен суд за креиранје потсмев од светот и за намалување на вредност македонскиот народ и идентитет.сум за градење , со сите невкусни дела се помирив само заради динамиката на рехабилитацијата на скопската и македонската инфраструктура и бизнис атмосфера но ова е веке претерување.ко некој мокен сељак на кока да игра sim city без монитор
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#471 Posted: 16-Sep-2011 at 08:10 |
Еј ова не е лоша идеја. Само да не биде во централниот дел, т.е. нека биде некаде после мостот кај Холидеј ИН, тука кога ќе се изградат и облакодерите на местото на големиот паркинг, ќе биде импозантна глетка.
|
 |
Zoc
Senior Member
Joined: 25-Mar-2009
Online Status: Offline
Posts: 101
|
Quote Reply
#472 Posted: 15-Sep-2011 at 21:42 |
Бог да чува!!!
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#473 Posted: 15-Sep-2011 at 20:28 |
добро бе, ќе има ли трошка разум некогаш во паметот на луѓево
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#474 Posted: 14-Sep-2011 at 11:49 |
Панорамското тркало Ќе се монтира над Вардар?Во деталниот
урбанистички план за малиот ринг, кој сé уште е во изработка, има неколку
локации, но голема е можноста тркалото да се постави на платформа во реката Вардар, иако не е
сигурно дека тоа ќе биде конечното
решение
|
|
|
|
 |
|
Се бара место тркалото да се постави меѓу новите мостови и фонтани во Вардар
Коритото на реката Вардар е една од можните локации за поставување на
панорамското тркало. Како што дознаваме, во деталниот урбанистички план
за малиот ринг, кој сé уште е во изработка, во игра се неколку локации
за овој објект, но голема е можноста тркалото да се постави на платформа
во реката Вардар, иако не е сигурно дека тоа ќе биде конечното решение.
Од градот денеска не беа достапни за да потврдат дали панорамското
тркало ќе се поставува во Вардар, а од општината Центар засега не сакаат
да коментираат ништо околу новата локација за тркалото. Велат дека сега
се работи на новиот план за Малиот ринг, т.е. за строгиот центар и дека
информациите за тркалото и за локацијата каде што ќе се наоѓа, ќе се
знаат откако планот ќе биде готов и ќе се постави на јавна анкета.
Првата идеја за панорамското тркало беше тоа да се изгради покрај кејот
на десниот брег на Вардар, меѓу Камениот мост и мостот „Гоце Делчев“, да
биде атракција за туристите и да служи за разгледување на градот.
Причината поради која градските власти се одлучија да го преместат
тркалото е студијата за изградба на подземната сообраќајница на кејот на
Вардар, која покажала дека врз неа не смее да има тешки објекти. Се
бара ново место за него во строгиот центар, од каде што ќе може да се
гледаат објектите од проектот „Скопје 2014“, но кое ќе биде доволно
пространо за да се смести толку голем објект.
Пред неколку дена градот распиша конкурс за ново идејно решение за
панорамското тркало. Веќе беше избрано идејно решение, а како што кажува
и Јован Стефановски-Жан, победникот на првиот оглас, наскоро требало да
се почне и со проектирањето на тркалото. Стефановски-Жан е познат во
јавноста и по тоа што е автор на идејното решение за Милениумскиот крст
на врвот на Водно.
- Јас бев две недели на одмор и не знам што се случувало во меѓувреме.
Никој не ме известил дека се распишал нов конкурс за панорамското
тркало. Дури и да се менува локацијата на тркалото, не знам зашто би се
сменило и решението, треба да разговарам со градоначалникот Коце
Трајановски или, пак, со некој од градската управа, кој ќе знае да ми
објасни што точно се случува. Требаше да почнеме да го проектираме
тркалото, а сега ќе се менувало решението - вели Стефановски.
Педесетметарското тркало според идејата на Јован и Ивана Стефановски
содржело патека на македонските ѕвезди, цветен и сончев часовник, летни
тераси, фонтана, панорамско тркало и мирни водени површини.
Стефановски вели дека идејата за цветниот часовник да биде поставен на
почетокот на патеката во непосредна близина на Камениот мост е преземена
од часовникот кој бил на Офицерскиот дом, а на патеката на македонските
ѕвезди било предвидено да се напишат најзначајни личности од земјава.
Панорамското тркало според првото идејно решение требало да се изработи
од челик и од стакло, а во неговиот круг од дијаметар од 50 метри да има
три цвета со корпи, кои требало да имаат форми на бисери. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=914111110169&id=14&prilog=0&setIzdanie=22380
|
 |
fichot
Senior Member
Joined: 02-Feb-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2602
|
Quote Reply
#475 Posted: 11-Sep-2011 at 14:14 |
Ха, свашта. Човек да не знае дал да се смее или да плаче на вакви вести.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#476 Posted: 10-Sep-2011 at 15:03 |
Јас мислам тркалово да се смести во дворот на парламентот (во средишниот дел), ионака обично вакви реквизити се ставаат во циркус.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#477 Posted: 10-Sep-2011 at 13:17 |
Подземната улица го истркала панорамското тркало од кејотСтудијата за подземната сообраќајница што треба да се
гради покрај кејот покажала дека врз неа не треба да има тешки објекти, па
сега од почеток ќе
се распишува конкурс за „Скопското око“
и ќе му се бара нова локација |
|
|
|
 |
|
Панорамското тркало ќе овозможи поглед на проектот „Скопје 2014“
Панорамското тркало што беше предвидено да се изгради во зелениот појас
покрај кејот на десниот брег на Вардар, меѓу Камениот мост и мостот
„Гоце Делчев“ ќе се сели. Новата локација на тркалото дефинитивно ќе
биде во централното градско подрачје, но ниту од градот ниту, пак, од
општината Центар, која го изработува деталниот план за Малиот ринг, не
сакаа да прецизираат каде точно ќе се постави „Скопското око“.
- Сега се работи на нов детален урбанистички план за Малиот ринг, со кој
е предвидена и новата локација за панорамското тркало, но бидејќи
планот се уште не е готов, новата локација ќе се знае кога тој ќе биде
поставен на јавна анкета - велат од општината Центар.
Иако градот уште пред неколку месеци го избра идејното решение за
тркалото и на авторите на победничкиот труд Јован и Ивана Стефановски им
даде главна награда од 100 илјади денари, пред неколку дена повторно
распишаа конкурс за изработка на ново идејно решение за панорамското
тркало со придружни елементи. Победниците од претходниот конкурс вчера
не одговараа на мобилните телефони за да кажат дали имаат намера да се
пријават и на овој конкурс.
- Местоположбата на тркалото мораше да се смени, затоа што студијата за
подземната сообраќајница покажа дека не е препорачливо тоа да е сместено
над улицата. Сé уште незнаеме која ќе биде новата локација, затоа што
изработката на деталниот план е во надлежност на општината. Градот нема
никаква обврска кон авторите што победија на претходниот конкурс, затоа
што тие имаат добиено награда, а и не е потпишан никаков договор -
објаснија од градската управа.
Главната награда и за овој конкурс изнесува 100 илјади денари.
Во огласот пишува дека идејното решение се однесува за панорамското
тркало со придружни елементи, но не е определено што друго се планира да
се постави. Со тендерската документација од претходниот конкурс беше
предвидено на тркалото да можат да се возат 144 посетители, по шестмина
распоредени во кошници. Архитекти коментираа дека барокниот стил ќе биде
присутен и во идејните решенија за тркалото со цел тоа да се вклопи со
околните објекти.
Дополнително ќе треба да се утврди и на кого градот ќе му го даде
тркалото на стопанисување, дали за возење, односно за разгледување на
градот ќе се наплатуваат билети и колку би чинело да се види панорамата
на Скопје.
|
Студијата за подземната сообраќајница што треба да се
гради покрај кејот покажала дека врз неа не треба да има тешки објекти, па
сега од почеток ќе
се распишува конкурс за „Скопското око“
и ќе му се бара нова локација |
|
|
|
 |
|
Панорамското тркало ќе овозможи поглед на проектот „Скопје 2014“
Панорамското тркало што беше предвидено да се изгради во зелениот појас
покрај кејот на десниот брег на Вардар, меѓу Камениот мост и мостот
„Гоце Делчев“ ќе се сели. Новата локација на тркалото дефинитивно ќе
биде во централното градско подрачје, но ниту од градот ниту, пак, од
општината Центар, која го изработува деталниот план за Малиот ринг, не
сакаа да прецизираат каде точно ќе се постави „Скопското око“.
- Сега се работи на нов детален урбанистички план за Малиот ринг, со кој
е предвидена и новата локација за панорамското тркало, но бидејќи
планот се уште не е готов, новата локација ќе се знае кога тој ќе биде
поставен на јавна анкета - велат од општината Центар.
Иако градот уште пред неколку месеци го избра идејното решение за
тркалото и на авторите на победничкиот труд Јован и Ивана Стефановски им
даде главна награда од 100 илјади денари, пред неколку дена повторно
распишаа конкурс за изработка на ново идејно решение за панорамското
тркало со придружни елементи. Победниците од претходниот конкурс вчера
не одговараа на мобилните телефони за да кажат дали имаат намера да се
пријават и на овој конкурс.
- Местоположбата на тркалото мораше да се смени, затоа што студијата за
подземната сообраќајница покажа дека не е препорачливо тоа да е сместено
над улицата. Сé уште незнаеме која ќе биде новата локација, затоа што
изработката на деталниот план е во надлежност на општината. Градот нема
никаква обврска кон авторите што победија на претходниот конкурс, затоа
што тие имаат добиено награда, а и не е потпишан никаков договор -
објаснија од градската управа.
Главната награда и за овој конкурс изнесува 100 илјади денари.
Во огласот пишува дека идејното решение се однесува за панорамското
тркало со придружни елементи, но не е определено што друго се планира да
се постави. Со тендерската документација од претходниот конкурс беше
предвидено на тркалото да можат да се возат 144 посетители, по шестмина
распоредени во кошници. Архитекти коментираа дека барокниот стил ќе биде
присутен и во идејните решенија за тркалото со цел тоа да се вклопи со
околните објекти.
Дополнително ќе треба да се утврди и на кого градот ќе му го даде
тркалото на стопанисување, дали за возење, односно за разгледување на
градот ќе се наплатуваат билети и колку би чинело да се види панорамата
на Скопје.
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91011128407&id=14&prilog=0&setIzdanie=22377
|
 |
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#478 Posted: 25-Jul-2011 at 11:09 |
Од Градот 85.000 евра за
првиот круг на панорамското тркало
Со ребалансот на буџетот, се издвоија пари и за почетни активности за
изградба на порта, видиковец и седум скулптури во Градски парк
Градските власти ќе потрошат речиси 250.000 евра за да почне да се реализира
проектот за панорамско тркало пред МЕПСО, како и за изградба на порта, видиковец
„белведере“ и седум скулптури во Градски парк. Овие пари од градската каса се
издвоени со последниот ребаланс на буџетот и, всушност, ќе бидат наменети за
проектирање на предвидените објекти за кои единствено постојат идејни решенија.
Од Градот велат дека се' уште не е завршена процедурата за изработка на
основниот проект за тркалото, иако моделот по кој ќе се гради оваа градска
атракција се избра пред половина година. Засега единствено е познато дека
тркалото ќе се гради по замисла на архитектот Јован Стефановски-Жан, ќе биде
високо педесет метри и ќе има најмалку 16, а најмногу 24 затворени корпи.
Инаку, изградбата на овој објект, чија процедура целосно треба да ја
спроведе Град Скопје, всушност, е негово учество во „Скопје 2014“, покрај
обновата на фасадите и мостовите.
Освен за панормаското тркало како
капитален објект, во ребалансот на градскиот буџет се издвоија и речиси 150.000
евра за изградба на порта и видиковец „белведере“ во Градскиот парк, како и за
поставување седум скулптури. И овие пари ќе се наменат за изготвување на
основните проекти. За портата ќе се потрошат околу 25.000 евра, а за седумте
скулптури што ќе никнат на три локации во паркот се планирани 120.000 евра.
Согласно со ДУП-от, портата ќе се изгради кај фонтаната „Лотосов цвет“, а
видиковецот ќе се наоѓа во првиот дел од паркот каде што ќе се постават
скулптурите.
Како ќе изгледа портата, колку ќе биде висока, од каков
материјал ќе се изработи и чии и со колкава висина скулптури ќе има во паркот,
надлежните не откриваат. Велат дека допрва ќе се изготвуваат идејните решенија,
проектите, односно се' уште не е завршена процедурата што ќе даде одговор на
сите прашања. Тогаш ќе биде познато и колку, всушност, ќе чини изградбата на
терен на сиве овие објекти. (Дс.Т.) http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=8DA3579EB98D5841906DC6B633EA4127
|
 |
kultuzin
Senior Member
Joined: 07-Nov-2010
Online Status: Offline
Posts: 3811
|
Quote Reply
#479 Posted: 23-Jul-2011 at 15:45 |
Јас сум за тоа тркалото како и плажите , одбојкарските игралишта, карпи за качување и слично да се постават во паркот. Нема ама баш никаква потреба од циркуси во строгиот центар.
|
 |
N23
Senior Member
Joined: 03-Feb-2011
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2159
|
Quote Reply
#480 Posted: 23-Jul-2011 at 15:21 |
И 800 000 се малце, ако се сериозни да направат асално тркало, а не некој фушерај. Ако видиме дека нашето е повеќе од дупло помало од лондонското и ако додадеме дека имаме далеку поефтина работна сила и може да се обезбедат поефтини делови и сегменти за изградба, пак мора да биде некоја бројка што ќе биде изразена во милиони. Плус ако веќе се гради нешто вакво во центарот на Скопје, мислам дека е боље да се иде на малку поголема висина, а не да добиеме само поубава и поскапа копија од тоа у Луна Парк.
|
 |