Author |
Topic Search Topic Options
|
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#461 Posted: 03-Oct-2010 at 23:21 |
Мене не ми е јасно едно нешто. Што добива Македонија од Јужниот ток и каква ќе биде нашата улога (во смисла земја транзит или земја краен потрошувач сме)? Ако сме земја-транзит треба да се прашаме колку и каде би транзитирал тој гас (Албанија верувам е цврсто во преградките на Италија во енергетски смисол, а Косово во сечија друга, но не и во руска) и колку би имала нашата држава парична корист годишно од тоа? Ако сме земја краен потрошувач, би било редно да се направат анализи за перспективната домашна побарувачка од гас. Не велам дека во Македонија гасот допрва треба да го најде своето место (ако не се истроши до тогаш), но премногу еднотипни и површни информации добивам околу ЈТ. Една од главните задачи на ЕУ (кон која целиме и ние) е диверзификација на изворите на енергија (во тој дел и плин), а ние се врзуваме двојно со Русија (што под дифолт не е лошо, но в предвид нашата незначителна позиција и традиционално-никаквите односи со Русија), тоа би можело да биде опасно. Затоа пред да се земе ваква голема одлука треба Владата да излезе со јасни одговори на овие прашања.
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
 |
build.mk
Senior Member
Joined: 13-May-2010
Online Status: Offline
Posts: 216
|
Quote Reply
#462 Posted: 02-Oct-2010 at 18:36 |
Македонското вклучување во „Јужен поток“ станува поизвесноПо
вчерашните разговори со високи претставници на рускиот енергетски
гигант „Газпром“, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески
изјави дека Македонија е чекор поблиску до вклучување во големиот
гасовод „Јужен поток“ и дека останува уште да завршат техничките
анализи, а потоа да се потпише меѓудржавен договор со Русија за
реализација на проектот. Во опција се повеќе варијанти за тоа каде и
како ќе биде изведен приклучокот за земјава и за тоа дали ќе функционира
како крак или и како транзитен вод за Албанија и Косово. Треба да биде
решено и колкаво количество на гас ќе добие Македонија. Поврзувањето на
Македонија со „Јужен поток“ е во тесна врска со подмирувањето на рускиот клириншки долг кон државава и реализацијата на неколку крупни гасификациони проекти во рамки на нашите граници.
Македонија својата гасификација ја започна во деведесетите години на
минатиот век, но позначајни ефекти досега изостанаа, меѓудругото и
поради долготрајниот спор помеѓу државата и „Макпетрол“ за сопственоста
врз гасоводниот оператор „Гама“. Постоечкиот гасовод од Крива Паланка до
Скопје во должина од 160 километри има капацитет од 800.000 кубни метри
годишно, капацитет кој до неодамна беше многу малку искористен. Но
нашите потреби за гас нагло растат и во Владата се надеваат дека
дополнителните потребни количини ќе бидат обезбедени преку „Јужен
поток“. Владата веќе го има формирано претпријатието „Македонија гас“
кое заедно со „Газпром“ ќе работи на реализација на проектот во
Македонија.
„Јужен тек“ е партнерски проект на руски „Газпром“ и италијанската
компанија „Ени“. Гасоводот ќе почнува во Џубга, на рускиот брег на Црно
Море, а потоа под вода ќе се движи до брегот на Бугарија, на чија
територија ќе се двојат двете главни гранки. Едната преку Србија и
Унгарија ќе завршува во Австрија и Словенија, додека другата преку
Грција и Јонското Море ќе завршува во Италија. Капацитетот на гасоводот
ќе биде 63 милијарди кубни метри гас годишно. Се предвидува пуштањето во
употреба да биде до крајот на 2015, а реализацијата на проектот да чини
помеѓу 19 и 24 милијарди евра. |
http://www.build.com.mk/?p=5096
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#463 Posted: 28-Sep-2010 at 20:42 |
Елитата на „Газпром“доаѓа в петок Највисока делегација на руската компанија „Газпром“ в петок доаѓа во Македонија на разговори со Владата за вклучување на нашата држава во трасата на меѓународниот гасовод „Јужен тек“
Дознаваме дека руската делегација ќе ја предводи Леонид Чугунов, прв човек на департментот на гасоводот „Јужен тек“. Нашиот преговарачки тим сé уште не е утврден, иако извесно е дека ќе го предводи вицепремиерот Зоран Ставрески, заедно со Фатмир Бесими и Владимир Пешевски, како и првите луѓе на „Гама“. Од Владата се убедени дека ќе ги убедат гостите да нé примат во нивното енергетско друштво. - Ќе направиме сé да ги убедиме претставниците на „Газпром“ дека постојат можности кои обезбедуваат и финансиска исплатливост на проектот за да се вклучи Македонија како транспортен коридор за „Јужниот тек“ или да биде приклучена во соодветен крак, што е од значење за стабилноста и сигурноста за испораката на гас во иднина - смета вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. За експертите, приклучувањето на нашата земја кон овој гасовод е исплатлива инвестиција за „Газпром“. Според Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација, за Македонија е најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија. - Со крак од „Јужен тек“ низ Македонија се отвора можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем - смета Хаџимишев. Дознаваме дека рускиот енергетски гигант е заинтересиран и за изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ „Неготино“ во гасна електроцентрала. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=928101024448&id=10&prilog=0&setIzdanie=22094
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#464 Posted: 15-Sep-2010 at 00:52 |
Настрана
фактот што приклучувањето на уште еден гасовод во земјава нема никаква
логика од деловна гледна точка. Имено, постоечкиот гасовод, кој поминува
низ земјава, има капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, а ние
користиме само 10 отсто од капацитетот. Пресметките се дека и со целосна
гасификација на земјава, и тоа и на стопанството и на домаќинствата не
би можеле да искористиме повеќе од 70 отсто. Што се мисли да се постигне кон приклучувањето кон
„Јужен тек“ во ситуација кога не можеме да ги искористиме ниту
постоечките капацитети, останува нејасно.
|
Како што стана обичај, многу плитко од страна на Шпиц... Во моментов капацитетот на постоечкиот магистрален гасовод го користиме со само 10% единствено затоа што нивото на гасификација на земјата ни е симболично. Еве само Те-То кога ќе почне да работи ќе користи околу 50% од капацитетот на постоечкиот гасовод. А каде се другите најавени гасни електрани и топлани, каде е индустријата, каде се домаќинствата, каде е транзитот кон Косово и Албанија, каде е резервниот капацитет за пораст на потрошувачката со тек на време...
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#465 Posted: 11-Sep-2010 at 10:28 |
ГАСИФИКАЦИЈА
Македонија заинтересирана за Набуко!
Владата
ги разгледува сите можности за приклучување на Македонија кон проектите
за европската гасификација, односно приклучување кон еден од
стратешките гасоводи. Според министерот за економија, Фатмир Бесими,
заинтересирани сме да учествуваме во проектот "Набуко" доколку има
можност за тоа. -Проектот е на компании од ЕУ земји-членки,
финансиран од Европска инвестициска банка и ИФЦ. Со оглед дека се
дефинирани основачите и финансиерите, наше е да ги искористиме
потенцијалите за транзит преку територијата на Македонија - укажува
Бесими. Според министерот, Македонија треба да ги искористи сите
можности за да се поврземе со регионалните и меѓународните гасоводни
мрежи со цел да се добие епитетот на транзитна зона и во делот на гасот и
во делот на енергетиката.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=C7F2D4B216007E49B243B11BB9674008
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#466 Posted: 08-Sep-2010 at 17:38 |
Природен гас од Македонија кон Косово
published - 08/09/2010 13:20:00
Големина на текст:
Со евентуалното градење на дел од рутата на гасоводот Јужен
Поток низ земјава, тој би можел да продолжи и кон Косово за да понуди
пристап до овој ефтин енергенс и за тамошните компании и домаќинства. За
Алсат-М ова го најавуваат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов од
каде напоменуваат дека сепак она што евентуално ќе се гради низ
Македонија и Косово, нема да биде главната рута на гасоводот, туку негов
крак. Јужен Поток е проект од 2007 година со кој треба да се заобиколи
проблематичната Украина и рускиот гас да се доставува до Италија и
Централна Европа. Главните цевководи треба да минуваат под Црното Море,
Бугарија, Грција, Србија и Унгарија. Се предвидува изградбата да заврши
до 2015 година. Руската енергетска компанија Гаспром која е главен
изведувач на работите во јуни летово веќе се согласи Македонија да се
вклучи во проектот, но нејзини експерти најнапред треба да дојдат да ги
испитаат техничките можности за приклучок на еден крак кон Македонија.
Нивното доаѓање од македонаската Влада го очекуваат кон средината на
месецов. Инаку, во Европа веќе се гради другиот проект на Русија за
испорака на гас кон потрошувачите во ЕУ. Станува збор за Северниот Поток
кој веќе е во напредна фаза, а ќе ги поврзе Русија и Германија,
повторно заобиколувајќи ја Украина. http://alsat.mk/vesti/zemja/1221810.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#467 Posted: 07-Sep-2010 at 18:10 |
Јужен поток ќе се гради и во Македонија ?
Руски
Газпром е подготвен да дојде во Македонија на преговори со македонската
влада, за идејата крак од гасоводот јужен проток да минува и низ
земјата. Ова за канал 5 го потврдија директно од централата на Газпорм.
“Tехничкиот тим што работи на проектот јужен проток е подготвен да дојде
во Македонија и да разговара за можноста крак од транснационалниот
гасовод да поминува низ нашата земја”, стои во одговорот на русите до
канал 5. Дека средба ќе има и тоа во Скопје, потврдува и министерот за
финансии Ставрески како предводник на македонскиот преговарачки тим за
решавање на клириншкиот долг.
Јужниот поток нема да биде единствената причина за доаѓањето на
русите. Извори за канал 5 објаснуваат дека Македонија и Русија ќе
разговараат и за тоа како земјата да добива поголеми количини гас од
сегашните. Проблемот ќе се усложни дополнително, кога Те – ТО ќе биде
пуштено во употреба. Според познавачите, новата гасна централа во
Скопска Керамидница речиси целосно ќе го оптовари постојниот гасовод.
Неискористени би останале до 30 проценти од цевката, што во иднина треба
да трансферираат гас до Албанија, што е многу малку.
Информациите на Kанал 5 се дека Македонија и Газпром ќе договараат
изградба на нов гасовод, паралелен со постојниот со многу поголема
цевка. Македонија има потреба од поголеми количини гас бидејќи веќе се
најави изградба на нови 2 гасни централи, од ЕЛЕМ и од РЖ услуги. Сега
помалку од 30 компании гасот го користат како енергенс. Според
информациите над 100-тина други бараат да се приклучат на овој евтин
извор на енергија. Зголемената потрошувачка во иднина ќе се должи и на
Владините проекти за гасификација на земјата, вклучително и
домаќинствата.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=64602
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#468 Posted: 07-Sep-2010 at 15:19 |
"Јужен тек" неизвесен, „Газпром“ продолжува да ветува
09:00 | 06.09.2010 | Автор: Владимир Петрески
Редица руски медиуми јавија дека руско-кинескиот гасовод Алтај се очекува да почне со работа во периодот од 2015 до 2018 година, додека лансирањето на „Јужен тек“ има временска рамка во периодот од 2015 до 2024 година, според државниот план за развој на гасоводниот сектор на Русија до 2030 година. Но, како и секогаш кога е „Газпром“ во прашање, и овој гасовод, како и „Јужен тек“, е преполн со проблеми. Кина веќе наголемо инвестира во снабдување со природен гас од Туркменистан и Казахстан. Инаку, Русија се согласи да изгради гасовод кон Кина уште во 2002 година, но двете земји се ценкаат за цената уште оттогаш. Русија сака да и го продава гасот на Кина по европски цени, нешто на што Кина не се согласува во ситуација кога веќе добива далеку поевтин гас од централноазиските земји. Инаку, Македонија нема никаков проблем со цената на рускиот гас, иако таа е повисока и од европските. Земјава плаќа дури 100 долари повеќе за 1.000 кубни метри гас од Германија, на пример, а како причина за тоа се смета малата потрошувачка. Надежите се дека со отворањето на двете топлани на гас во земјава цената ќе се намали, иако „Газпром“ не е познат по прифаќање такви промени во цените, па дури е и подготвен да исклучува цели земји од гасоводната мрежа, како што тоа и се случи на Украина пред две години и на Белорусија (инаку, земја која е најголемиот руски сојузник во Европа) ова лето. Во меѓувреме, пак, во земјава се најавува дури и доаѓање на делегација на „Газпром“ и тоа овој месец, која би требало да врши истражувања за трасата на македонскиот крак на „Јужен тек“. Шпекулациите се дека македонскиот крак би дошол од Грција и дека тој крак би требало да влезе во земјава кај Гевгелија. Но, од друга страна, деновиве албанскиот премиер Сали Бериша, без никакво подлабоко објаснување изјави дека е можно да се изгради и крак на „Јужен тек“ од „соседните земји“ во неговата земја до пристаништето во Валона. Иако не е специфицирано за кои соседни земји станува збор, се смета дека Бериша очекува да ги искористи своите добри врски со својот италијански колега Силвио Берлускони. Арно ама, Грција и Русија имаат цврст договор, па дури и
заедничка фирма, која треба да управува со гасоводот на грчка
територија и неговата траса е утврдена да поминува целосно низ Грција и
од грчко копно да продолжи кон Италија. Кога станува збор за Македонија,
покрај фактот што е проблематично понатамошното цврсто врзување со
рускиот државен монопол за природен гас, од стратешка и од политичка
гледна точка, не е многу паметно и извлекување крак за Македонија од
„Јужен тек“ преку Грција, имајќи го предвид спорот за името. Настрана
фактот што приклучувањето на уште еден гасовод во земјава нема никаква
логика од деловна гледна точка. Имено, постоечкиот гасовод, кој поминува
низ земјава, има капацитет од 800 милиони кубни метри годишно, а ние
користиме само 10 отсто од капацитетот. Пресметките се дека и со целосна
гасификација на земјава, и тоа и на стопанството и на домаќинствата не
би можеле да искористиме повеќе од 70 отсто. Ваквите бројки не ни
овозможуваат постоечкиот гасовод да го користиме за транзит на гасот кон
другите земји. Што се мисли да се постигне кон приклучувањето кон
„Јужен тек“ во ситуација кога не можеме да ги искористиме ниту
постоечките капацитети, останува нејасно.
http://www.spic.com.mk/kat/biznis/juzen-tek-neizvesen-gazprom-prodolzuva-da-vetuva.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#469 Posted: 04-Sep-2010 at 11:02 |
„Газпром“ доаѓа во септември Експертите на руската компанија
треба да
одлучат дали точката на поврзување на
„Јужен тек“ кон Македонија ќе
биде од Бугарија или од Грција |
|
|
|
 |
|
Македонија сé уште чека официјална потврда од „Газпром“ на
упатената покана да ја посетат земјава, дознаваме од дипломатски
извори. Руската енергетска компанија уште во јуни се согласи да ја
вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен тек“, за време на
посетата на македонскиот државен врв на Санкт Петербург, кога беше
потпишан и договорот за намирување на клириншкиот долг. Тогаш беше
најавено дека експерти од „Газпром“ ќе дојдат да ги испитаат техничките
можности за приклучок на кракот од гасоводот кон Македонија.
-
Делегација на „Газпром“ се подготвува да дојде во септември во Скопје.
Поканата е упатена, но засега нема точен одговор за терминот на
посетата на која ќе се разговара за клириншкиот долг и кракот на „Јужен
тек“ низ Македонија - најавуваат дипломатски извори од руската
амбасада во Скопје.
Процените се дека посетата најверојатно ќе
се реализира кон средината на месецов. Во нашето дипломатско
претставништво во Москва вчера не успеваме да добиеме информација за
посетата и за текот на разговорите со „Газпром“.
- Амбасадорот е
на аеродром, каде што треба да пречека една делегација. Потоа ќе биде
зафатен со гостите. Јавете се в понеделник - е одговорот што го добивме
од амбасадата.
Според договорот, меѓу двете земји парите од
клириншкиот долг, во износ од 60 милиони долари, Македонија ќе ги
компензира преку стоки и услуги односно гасификација на земјата што
треба да ја спроведе „Газпром“. Рускиот енергетски гигант би се вклучил
и во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на
ТЕЦ „Неготино“ во гасна електроцентрала. Гасификацијата на Македонија
се проценува дека ќе чини повеќе од 300 милиони евра. Во однос на
проектот „Јужен тек“ низ Македонија потребно е да се изработи студија
за оправданост, како и да се потпише меѓудржавен договор. Во моментов
сé уште е нејасно дали точката на поврзување на гасоводниот систем ќе
биде во Бугарија или во Грција.
Според Димитар Хаџимишев,
претседател на Македонската енергетска асоцијација, за Македонија е
најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.
- Со крак од
„Јужен тек“ низ Македонија, се отвора можноста и за поврзување на
Албанија и на Косово кон овој гасоводен систем - вели Хаџимишев.
Сегашниот
гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони кубни
метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат две милијарди
кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да ја
обезбеди онаа една милијарда годишно што недостига, тврдат експертите.
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=9410953248&id=10&prilog=0&setIzdanie=22076
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#470 Posted: 30-Aug-2010 at 08:06 |
Гасификација со јавно-приватно партнерство

Општина Крива Паланка планира гасифицирање на градот преку јавно-приватно партнерство за што веќе се во тек подготвителните
активности. Идејата за заедничка реализација на проектот на општината
со приватен партнер е поттикната од повеќето заинтересирани инвеститори,
кои се подготвени да инвестираат во изградбата на овој инфраструктурен
објект.
- Подготвуваме изработка на студија за јавно-приватно
партнерство за гасификација на градот. Првичната идеја беше да го
гасифицираме само индустрискиот дел, но поради интересот на повеќе
инвеститори, со гасоводот ќе биде опфатено целото градско подрачје.
Според првичните процени целата инвестиција би била 2,5 милиона евра -
вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Уште пред десетина
години Крива Паланка има обезбедено идеен проект за целиот град и главен
проект за гасификација на централното градско подрачје, изработен од
бугарската компанија „Овергас“ од Софија, со што беше првата општина во
државата со готова планска документација за воведување на овој енергенс
во потрошувачката.
- Постојниот проект ќе ни послужи како идеен
за изработка на потребната документација за јавното-приватно
партнерство. Општината ќе учествува во делот на изработка на
документацијата и комуналиите, а ако е законски изводливо и со закуп на
одредени водови. Преку Североисточниот плански регион веќе имаме
аплицирано за средства за потребната документација, а приватниот партнер
би ја презел изградбата на целиот гасовод - вели Алексовски.
Во
оптек се две варијанти за реализацијата на јавното-приватно партнерство.
Според едната, општината би си го наплатила делот за градежните дозволи
и комуналиите, а, според другата, би требало да се откаже од овој дел и
да добие процент од експлоатацијата и продажбата на гасот.
-
Мислам дека за општината е подобро да имаме удел како косопственици во
јавното-приватно партнерство од експлоатацијата на гасоводниот систем,
со што континуирано ќе добиваме процент во општинската каса - истакнува
Алексовски.
Според сегашниот проект, гасоводниот систем опфаќа 5
км од главниот градски колектор и 50 км од градската гасоводна мрежа.
Пред неколку години беше извршено и истражување кај 500 домаќинства и 12
јавни и стопански субјекти од кои речиси сите беа подготвени да го
вклучат гасот во производството и во индивидуалната потрошувачка. Дел од
нив веќе имаат и изградени инсталации, кои само би се преадаптирале за
искористување на овој еколошки и најекономичен енергенс.
- Штета
е Крива Паланка да не го искористи гасот, на кој нашата општина може
најлесно и најбргу да се приспособи. Низ нашето подрачје минува
гасоводната магистрала, а во селото Жидилово се наоѓа главната мерна
станица за државата, која претставува влез на гасот во земјава. Воедно,
веќе имаме и главна мерно-регулациона станица и приклучок за градот, па
затоа ќе гледаме што е можно побргу да го подготвиме овој проект, кој ќе
биде вистински благодат за градот - вели Алексовски.
Со
јавно-приватно партнерство општината веќе реализира проект за изградба
на административно деловна зграда и смета дека овој модел, како светски
тренд, е многу погоден за побрза реализација на потребните проекти, кои
придонесуваат за развој на градот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=BFE219C8A9C4544AA43E4A03E2173625
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#471 Posted: 26-Aug-2010 at 19:55 |
Мерната станицата за приклучок на гасоводната
мрежата на ЈП „Кумановогас“ ќе стигне до крајот на наредниот месец или
најдоцна до 15 октомври.
Одговорните лица во ГАМА, кои две години пролонгираат да отпочне
дистрибуцијата на гас во градо, дале ветување дека ќе ја постават до
почетокот на грејната сезона. Со поставување на оваа станица ќе
се приклучи нашиот гасен систем, кој е испитан и спремен за
приклучување. Се надевам дека конечно ќе почне употребата на гасот и
проширувањето на нашата мрежа до нови потрошувачи-вели Момчило Мирчевски
директор на ЈП„Кумановогас“. Екипите на ЈП „Кумановогас“ моментно
работат на приклучок во гимназијата „Гоце Делчев“, училиштата „Крсте
Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и поранешниот Пионерски дом. Во
нашиот систем ги имаме приклучено позначајните и поголемите
потрошувачи во Куманово. Досега се опфатени осум училишта, градинките,
Поштата, Полицијата, Општината, Судот со што нашите активности за
поврзување на поголемите потрошувачи ќе ги привршиме во овој период -
вели директорот.
Потоа ќе се продолжи со поврзување и на помалите потрошувачи како што се стамбените единици, приватните домаќинства и куќите. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/kumanovogas-uste-ja-ceka-stanicata-na-gama.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#472 Posted: 03-Aug-2010 at 05:22 |
Скопје ќе се изначека за гас

Градските
власти допрва ќе ја кројат стратегијата за работа на „Енергетика
Скопје“, иако претпријатието функционира веќе три години, а директорот
редовно зема плата
Овие летни месеци градската власт требаше да распише меѓународен
конкурс за гасификација на Скопје, но тој, според сегашните изјави на
градоначалникот Коце Трајановски, не е ни на повидок. Напротив, наместо
тендер, наесен градоначалникот допрва ќе отвора тема пред Советот за тоа
како во иднина ќе функционира акционерското друштво „Енергетика
Скопје“. А само пред неколку месеци беше најавувано дека како Град
очекуваат да се пријават многу заинтересирани фирми, како и дека ако
тендерот помине како што треба, ќе биде зацртана целата стратегија за
изградба на мрежата.
„Енергетика Скопје“ беше формирано како
јавно претпријатие во времето на поранешниот градоначалник Трифун
Костовски, а потоа стана акционерско друштво. Постои веќе три години,
има директор и Управен одбор, но и покрај тоа, стратегијата за неговото
работење допрва ќе се крои. Иако без стратегија за работа, неговите
вработени три години редовно земаат плата од градскиот буџет, па затоа
опозицискиот СДСМ на една од последните седници на Советот го праша
градоначалникот Трајановски што работи ова претпријатие, кои се
резултатите и дали некој води евиденција за трошоците.
Скопскиот градоначалник рече дека ќе биде искрен со членовите на Советот.
-
Советот одобри дополнителни средства за „Енергетика“, но не сум среќен
со начинот и работата на ова акционерско друштво. По летните одмори на
седниците ќе дебатираме како ќе функционира во иднина, бидејќи ова сега е
затечена состојба. Имаме трошоци само за директорот, сметководителот и
за управниот одбор. Тие до крајот на годината ќе треба да дадат
стратегија за ангажирање на концесионер кој ќе го стопанисува гасот -
изјави градоначалникот.
Прашањата кои и после три години висат
во воздух, според него, се дали „Енергетика“ да биде акционерско друштво
или јавно претпријатие и дали ќе се распишува оглас за влегување на
странски капитал.
- Не е во ред ваквото однесување од ова
акционерско друштво за решавање на проблемот со гасификацијата на
Скопје. Директорот и сметководителот ги гоиме две години - рече
советникот Драги Давчевски од опозицискиот СДСМ.
Трајановски изрази задоволство од нивната работа и рече дека резултатите зависат од други фактори, а не од нив.
Сумата
што е потребна за градење на гасификациската мрежа во Скопје, според
процените, би требало да изнесува некаде од 30 до 40 милиони евра. Беше
кажано дека меѓу првите општини што ќе бидат приклучени на гас се
планирани Кисела Вода, Ѓорче Петров и Гази баба, имајќи предвид дека
таму се наоѓаат големи заинтересирани потрошувачи.
Благодети од
гасификацијата се намалување на увозот на електрична енергија,
намалување на одливот на пари во други земји, поевтинување на трошоците
на живот на граѓаните, помало загадување итн. Гасификацијата, според
објаснувањата од Градот, не е конкуренција на „Топлификација“, но во
секој случај ќе им понуди на потрошувачите можност за избор. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=9997E32F0760254E9811D72C24486ADB
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#473 Posted: 03-Aug-2010 at 05:18 |
Доцни гасификацијата на Струмица
Градоначалникот
Зоран Заев тврди дека доцнењето е поради тоа што Министерството за
финансии не одговарало на нивното барање за кредитно задолжување, а од
Министерството велат дека од Општината не ја комплетирале
документацијата за овој проект
Проектот за гасификација на Струмица доцни седум месеци и
најверојатно нема да се остварат најавите наесен низ градот да потече
гас. Според градоначалникот Зоран Заев, причина за тоа било
Министерството за финансии, кое повеќе од седум месеци не одговарало ни
позитивно ни негативно на нивното барање за добивање согласност за
кредитно задолжување од 2,8 милиона евра од Светска банка. Општината го
побарала тоа на 5 јануари годинава.
- Навистина е штета што
Општина Струмица е со огромен финансиски капацитет и има одличен
кредитен рејтинг, а не може да добие согласност да подигне кредит. Во
последниот допис што го добивме од Министерството за финансии стои дека
тоа не може да даде ни позитивно мислење ни негативно, со образложение
дека државата имала намера во иднина да гради гасоводна мрежа како
национален гасовод во Република Македонија - вели градоначалникот Заев.
Тој
додава дека на барање на Министерството за финансии била доставена
целокупната документација за проектот, иако за тоа немале законска
обврска бидејќи Општината од Министерството бара само согласност за
кредитно задолжување.
- Министерството треба да ја оцени
финансиската способност на Општината, а не да навлегува во одредени
други барања што не се во нивна надлежност - тврди струмичкиот
градоначалник.
Од Министерството за финансии, на обвинувањата на
Заев, одговорија дека во неколку наврати побарале Општината да ја
комплетира документацијата поврзана со овој проект, бидејќи станувало
збор за голем и специфичен проект што треба да биде оправдан со прецизна
проектна документација. Штом ќе се комплетирала документацијата,
Министерството за финансии ќе се изјаснело околу давањето согласност.
Целиот
проект за гасификација на Струмица чини 3,8 милиони евра, од кои покрај
кредитот, Општината ќе учествува со 1 милион евра.
Градоначалникот
Заев рече дека согласноста за кредитно задолжување од Министерството ќе
ја чека до почетокот на месецов. Ако не ја добие, ќе ја повлече
целокупната документација, а изградбата на гасоводната мрежа низ
Струмица ќе ја реализираат со општински пари и со помош на
бизнис-секторот. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=083AFB3CC4D97242A6B9A8EF7830B190
|
 |
Plugger
Senior Member
Joined: 15-Sep-2008
Online Status: Offline
Posts: 378
|
Quote Reply
#474 Posted: 18-Jul-2010 at 19:14 |
Премиерот Груевски за гасоводната мрежа и за
заштитата на домашните производители на пченица
Проектирањето на гасоводната мрежа во
Македонија почнува наскоро, а можно е со нејзината изградба да се почне
веќе следната година, изјави денска во општина Бутел премиерот Никола
Груевски.
- Министерството за транспорт и врски веќе склучи договор за
проектирање на целиот гасовод во Република Македонија, проект кој што ќе
чини околу 2,5 милиони евра и наскоро треба да почне да се проектира.
Проектирањето ќе трае до следната пролет, а потоа треба да почне
физичката градба. Обзбедено е дел од финанисрањето да оди од клириншкиот
долг на Руската федерација, кој што е договорен. Остатокот ќе биде
финансиран од Европската банка за обнова и развој или од Европската
инвестицона банка кои што на последните состаноци покажаа сериозна
заинтересираност за овој проект. Големи се шансите по завршувањето на
проектот со кој што сега се почнува, следната година да почне и
изградбата на проектот, рече Груевски.
Во однос за пченицата подвлече дека мерките донесени за заштита на
домашните производители на пченица се во рамки на владината посветеност
за поддршка на земјоделството
- Штом се виде дека е можно да постои опасност околу производителите
на пченица, ние останавме доследни на нашите политики и преземавме мерки
за нивна заштита, рече шефот на Владата псоочувајќи дека таквиот начин
на работење ќе продолжи и во иднина.
За изградба на фабрика за монитори во Бунарџик на компаниите ХР и
Тривју, премиерот Никола Груевски рече дека засега постојат најави оти
една од компаниите, кинеската ќе продолжи со инвестициите. Тој информира
и дека постои интерес за влез на нови турски инвестиции во земјава,
односно дека станува збор за подолга листа на компании од Турција
заинтересирани за инвестирање во Македонија, пред се за изградба на
цементарница. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/premierot-gruevski-za-gasovodnata-mreza-i-za-zashtitata-na-domashnite-proizvoditeli-n
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#475 Posted: 17-Jul-2010 at 20:20 |
Заев бара согласност за кредит од владата да ја гасифицира СтрумицаЕдна недела им даде Заев на министерството за финансии да се изјаснат за задолжување на Струмица за проектот гасификација. Тоа е последниот рок кој општината ќе чека одговор од финансии, зашто Штип добил согласност за задолжување за само еден месец, а Струмица ниту по половина година нема одговор.
- За споредба ќе кажам дека Штип побара согласност за задолжување на 15 април и на 15 мај ја доби, ние чекаме од 5 јануари, вели Заев.
Од министерството за финансии велат дека Штип бара согласност за задолжување за изградба на паркинг, за разлика од Струмица која се зафаќа со огромен проект. Велат дека во три наврати барале општина Струмица да ја комплетира документацијата за да се утврди оправданоста за задолжувањето. Заев пак вели дека ги исполнуваат условите и ќе градат со или без согласност.
Според законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ги исполнуваме сите услови да подигнеме кредит. Доколку владата не даде согласност подготвени сме да почнеме да градиме со општински пари, а на владата ова ќе и биде уште еден доказ за заборавеноста на Струмица, рече струмичкиот градоначалник.
Гасификацијата на Струмица чини три милиони и 800 илјади евра, еден милион обезбедува општината.
Сузана Мицева
17.07.2010, 14:46 |
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=62849
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#476 Posted: 16-Jul-2010 at 15:10 |
Изработката на техничка документација за гасоводот чини 2,7 милиони
евра16 јули 2010, 15:18 Извор: Макфакс
Скопје
Министерството за транспорт и врски склучи договори за изработка на
техничка документација на ниво на основен и изведбен проект за
магистралната линија на гасоводен систем во Република Македонија во
вредност од 2,7 милиони евра. Како што е соопштено најповолен
понудувач за изработка на техничка документација за магистралниот
гасовод од Клечовце до Неготино во должина од околу 100 км е скопската
компанија „Прима Инженеринг“ ДОО. За магистралниот гасовод од
Неготино до Битола во должина од околу 100 км, како и од Чвор Штип до
Чвор Хамзали во должина од околу 60 км, е склучен договор со компанијата
ОАД „Укргазпроект“, од Киев, Украина. Техничка документација на
ниво на Основен и Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали
до Стојаково во должина од околу 50 км, ќе подготвува конзорциумот
„DIWI Cosult International GmbH“, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт
Интернационал Македонија“, од Скопје, Република Македонија. Избраните
компании треба да достават банкарски гаранции, а проектите треба да
бидат завршени проектите, кои чинат 166.174.475 денари без ДДВ http://www.makfax.com.mk/#112279;jsessionid=DDBD3F110FC8AC3938B482A67C27C977
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#477 Posted: 14-Jul-2010 at 17:24 |
Директорите на јавните
претпријатија и установи вчера се сретнаа со претставниците на ЈП
„Кумановогас„ и одржаа договорен состанок во врска со понатамошните
активност за гасификација на нивните објекти. На состанокот
присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски.
Целта на овој договорен состанок е распишување на
тендер за избор
на претпријатие кое што ќе изврши адаптација на постопечките системи за
грење од мазут и нафта на гас. Тоа е процес во кој треба да се
адаптираат самите котли и безбедносните системи во околината на самите
котли. Со тоа ќе започнеме со приклучување на дистрибутивната гасна
мрежа во градот и се надевам дека процесот ќе се заврши во предвидени
законски рокови за јавни набавки и со грејната сезона ќе почне
дистрибуцијата на гас до сите јавни установи, големите потрошувачи -
рече
градоначалникот Дамјановски.
Во првата фаза на
приклучување на гасоводната мрежа ќе влезат
институциите и установите од централното градско подрачје, каде е
изградена гасоводната мрежа. Тоа се основните училишта „11 Октомври„,
„Крсте Мисирков„,„Браќа Миладиновци„, гиманазијата „Гоце Делчев„,
детската градинка „Синоличка„, дом за стари лица „Зафир Сајто„, јавните
претпријатија „Чистота и зеленило„, „Водовод„, Општината, Полицијата,
Судот и др.
Нашите финансиски испитувања покажуваат дека гасот ќе направи заштеда
во енергетската ефикасност некаде околу 40 проценти. Мислам дека прво
финансиски издатоци на самите јавни претпријатија ќе бидат намалени, а
втора е еколошката компонента, бидејќи десетпати помало е загадувањето
со овој енергенс- смета Дамјановски.
Градоначалникот
ги повика и граѓаните во индивидуалните или
колективни домувања кои имаат желба и потреба да се приклучат на
гасификациона мрежа на „Кумановогас„ да побараат повеќе ионформации во
самото претпријатие. http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/javnite-ustanovi-ce-se-grejat-na-gas.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#478 Posted: 13-Jul-2010 at 14:11 |
Струмица ќе чека на гасификација
12.07.2010 17:51
Министерството за финансии ја кочи гасификацијата на
Струмица, обвинува градоначалникот Заев. И по шест месеци финансии не
дава ни позитивно, ниту негативно мислење за кредитно задолжување на
општината од 2 милиони и 800 илјади евра од Светска банка. „Би
било навистина штета и жално кога општина Струмица е со огромен
финансиски капацитет, може да подигне кредит да не добие никаква
согласност“ рече Зоран Заев, градоначалник на Струмица. Од
министерството за финансии велат дека ќе се изјаснат кога ќе биде
комплетирана документацијата, бидејќи се работело за голем и специфичен
проект досега тоа неколкупати го побарале од општината. На ова Заев вели
дека доставиле се што било потребно. „Тие мораат да ја оценат
финансиската способност на општината но да навлегуваат во одредени
барања на решенија кон општина Струмица тоа не е нивно право, ниту нивна
обврска“ додаде Заев. Доколку до крајот на овој месец финансии не
даде согласност, Заев најави дека ќе ја повлече документацијата и
заедно со бизнис секторот ќе ја реализираат гасификацијата на Струмица.
Проектот вкупно чини 3 милиони и 800 илјади евра, 1 милион евра
обезбедува општината. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=125247
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#479 Posted: 09-Jul-2010 at 15:05 |
И ПОКРАЈ
ТОА ШТО ТРАЈАНОВСКИ ЈА НАЈАВУВА КАКО ПРИОРИТЕТ
Скопје
се уште далеку од гасификација
Роза Петкова
Ниту
една заинтересирана компанија не влезе во акционерското друштво на Град
Скопје „Енергетика“, иако тоа се формира пред три години, токму со
намера да ја почне гасификацијата на главниот град. Градоначалникот Коце
Трајановски на почетокот на годинава најави дека ќе објави меѓународен
тендер за концесионер што ќе откупи удел од акциите и ќе го гасифицира
градот по реони, но сега од неговиот кабинет велат дека тоа била само
идеја, а тендер воопшто не се распишал. - Гасификацијата на Скопје е
еден од поважните приоритети во програмата на градоначалникот Коце
Трајановски. Најавата на почетокот на оваа година е идеја во која насока
треба да се движи развојот на „Енергетика“, во функција на побрза и на
поквалитетна реализација на програмската заложба. Тендер не беше
распишан затоа што акционерското друштво работи на изработка и на
собирање обемна документација, која е основен предуслов за изработка на
точна техничка спецификација за начинот и за реализацијата на проектот -
велат од градското Одделение за односи со јавност. „Енергетика“ е тема
за која често се интересираат советниците на Градот, од власта и од
опозицијата, со оглед на тоа што токму тие го изгласаа неговото
формирање, а досега од неговата работа се виделе само состаноците што се
одржуваат во Градско собрание. На последната седница на Советот, до
градоначалникот се постави советничко прашање што конкретно работи ова
друштво, што постигнало досега како резултат и дали сработеното
соодветствува на парите, кои за него се наменуваат од градскиот буџет.
Според Трајановски, засега трошоци се правеле само за директорот и за
сметководителот на „Енергетика“. - Ова претпријатие и управниот одбор до
крајот на одморите треба да дадат програма за работа и начин на наоѓање
концесионер кој ќе каже како ќе се воведе гасификацијата. Сигурно, по
летните одмори ќе дискутираме како ќе функционира претпријатието -
изјави скопскиот градоначалник. И пред две години многу се ветуваше за
гасификацијата, кога се зборуваше дека има заинтересирани фирми, меѓу
кои беа „Топлификација“, „Макпетрол“ и „Дуферко“, кои би откупиле акции и
би влегле во проектот. Се ветуваше приклучување на околу 60.000
станбени објекти, кои не биле приклучени на топлификациската мрежа.
Инаку, за идејата за гасификација на Скопје, истанбулското претпријатие
„Игдаш“ направи процена според која целиот град би можел да се
гасифицира дури во 2026 година.
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=2064&ArticleID=144225
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#480 Posted: 07-Jul-2010 at 12:46 |
Во септември параф за „Јужен тек“ низ Македонија Првиот човек на
„Газпром“, Алексеј Милер, доаѓа да го потпише договорот. Вкупниот проект
за гасификација на
Македонија се проценува на 300 милиони евра. Само во делот што ќе се
затвора
со парите од
клириншкиот долг,
предвидено е учество на руски и на
македонски фирми
|
|
|
|
 |
|
Меѓудржавниот договор за изградба на крак од гасоводот „Јужен
тек“ низ Македонија ќе биде потпишан во септември кога во нашата земја
ќе допатува првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, дознаваме од
дипломатски извори од Руската Федерација. Македонија со тоа во последен
час успева да фати приклучок кон еден исклучително важен енергетски
проект, за кој сé повеќе лобира и Романија. Покрај влегувањето во мапата
на европските енергетски коридори, вклучувањето во „Јужен тек“ за
Македонија ќе значи енергетска преродба, поконкуретно производство и
пониски трошоци за сите.
- Првиот човек на „Газпром“ беше особено заинтересиран за овој проект и
во септември се планира негова посета на Македонија, кога ќе биде
потпишан и договорот.
Во
меѓувреме, оперативни групи составени од неколку експерти ќе ја посетат
Македонија, за да направат анализи каде ќе биде приклучокот, за кој
временски рок ќе се изгради кракот, вредноста на инвестицијата,
економската оправданост и слично. До крајот на август треба сé да биде
готово - ни изјави Илија Исајловски, македонски амбасадор во Москва.
Од владини извори дознаваме дека во тек се преговорите со „Газпром“ и
договорот што ќе се постигне мора да се ратификува во парламентот,
бидејќи се работи за меѓудржавен договор. Она на што посочуваат од
амбасадата во Москва е да не се меша затворањето на клириншкиот долг од
60 милиони долари и изградбата на „Јужен тек“ низ Македонија, иако
„Газпром“ учествува и во двете работи.
- Сега партнер на македонската влада е Владата на Русија. Во втората
фаза македонската влада треба да потпише посебен договор или инструмент
со „Газпром“ за целиот проект - објаснува амбасадорот Исајловски.
Во однос на дилемата дали руска компанија може да гради во Македонија,
тој тврди дека тоа е надминато преку договорот за враќање на
клириншкиот долг. Станува збор за поранешен долг што се третира како
стоки и услуги и тука е најдена правната можност „Газпром“ да го гради
кракот кај нас, што исто така се третира како стоки и услуги. Во
втората фаза, токму преку тој инструмент што треба да го потпишат
македонската влада и „Газпром“, ќе се знаат и деталите за тоа кој ќе
биде партнерот од македонска страна и како ќе се затвори финансиската
конструкција - нагласува Исајловски.
За експертите, прашањето за сопственоста на земјиштето каде што ќе
поминува гасоводот не може да биде предмет на договарање со „Газпром“.
Сопственик на земјиштето е македонската влада или некое домашно јавно
претпријатие, задолжено да стопанисува со трасата и со гасоводот. И од
Министерството за финансии нагласуваат дека нема барање од Русија за
сопственост врз земјиштето каде што би поминувал гасоводот.
- Тоа не е ниту правно можно. Во однос на изградбата, само во делот кој
ќе се затвора со парите од клириншкиот долг, предвидено е учество на
руски и на македонски фирми - ни изјави Ивана Билбиловска, портпаролка
во Министерството за финансии.
Реализацијата на вкупниот проект за гасификација на Македонија се
проценува на 300 милиони евра. Со „Газпром“ се преговара и за учество
во изградба на гасни електроцентрали и евентуална трансформација на ТЕЦ
„Неготино“ во гасна електрана. Димитар Хаџимишев, претседател на
Македонската енергетска асоцијација, смета дека за Македонија е
најдобро приклучокот да биде близу Гевгелија.
- Доколку еден крак од „Јужен тек“ оди низ Македонија, се отвора
можноста и за поврзување на Албанија и на Косово кон овој гасоводен
систем. Во ваков случај, Македонија би имала пристап до два гасовода,
постојниот од Бугарија и новиот преку „Јужен тек“ - нагласува тој.
Сегашниот гасоводен систем во Македонија е со капацитет од 800 милиони
кубни метри годишно. Според анализите, на Македонија и требаат 2
милијарди кубни метри гас годишно и токму кракот на „Јужен тек“ може да
го обезбеди тоа количество гас што недостига.
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7710106519&id=10&prilog=0&setIzdanie=22027
|
 |