Author |
Topic Search Topic Options
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#461 Posted: 02-Jul-2008 at 01:45 |
ЃОРЃЕ ВОЈНОВИЌ, ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА „ХИПО ЛИЗИНГ“
Австриски „Хипо“ ќе отвори банка во Македонија
Австријците претпочитаат да купат домашна банка во земјава, но ако не успеат во тоа, ќе одат со гринфилд-инвестиција

Австриската финансиска групација „Хипо“ ќе отвори банка во Македонија. Ова го најави Ѓорѓе Војновиќ, член на Управниот одбор на „Хипо алпе адриа лизинг“, која веќе е присутна на македонскиот пазар. Тој открива дека Австријците претпочитаат да купат домашна банка во земјава, но ако не успеат во тоа, ќе одат со гринфилд-инвестиција. Една од новините во работењето во регионот со која „Хипо“ ќе почне годинава е и инвестициското банкарство. Според Војновиќ, успешното работење на „Хипо лизинг“ во Македонија сигурно е фактор плус за ширење на бизнисот и во банкарскиот сектор.Оперативни сме повеќе од една година и веќе сме лидери на пазарот на лизинг во Македонија. И бројките го кажуваат тоа. Во првата половина од годинава имаме пораст од 250 отсто во однос на 2007. Бројот на договорите и обемот на финансирање доволно кажуваат за успешноста на нашата компанија. Во земјава имаме пласирано над 25 милиони евра во лизинг на возила и на опрема. Над 50 отсто од нашите клиенти се корпоративни, а особено сме задоволни што странските инвеститори соработуваат со „Хипо лизинг“. Најголемите странски компании што се дојдени во земјава се наши клиенти во делот на лизинг на опрема.
МАКЕДОНЦИТЕ НА ЈАХТИ
* Во почетокот на работењето најавивте и лизинг на станови. Се' уште на почнавте. Зошто?
- Има две реални пречки. Едната е двојното оданочување на преносот на сопственоста. Ако една фирма побара да ја финансираме изградбата на погонот, ние прво мора да го купиме земјиштето и да платиме данок за пренос на сопственост. По исплатата на лизингот, земјиштето мора да се пренесе на име на фирмата и повторно да се плати данок. „Хипо лизинг“ не ја гради фабриката за себе, туку се јавува како финансиер. Вториот проблем со кој се соочуваме е ДДВ на камата. Според европските регулативи, банките и лизинг-компаниите се изедначени во однос на третманот на каматите. Во земјава се' уште не' третираат како трговска фирма, како ние да продаваме станови. Но, ние само финансираме, како и банките, за да може граѓаните да дојдат до стан. Особено е проблем што ДДВ на камата треба да се плати однапред. Ако на пример купите стан од 40.000 евра на лизинг на 10 години со учество од 10 отсто, треба однапред да платите 4.000 евра за учество и 8.000-9.000 евра за ДДВ. Тоа го прави лизингот многу неповолен. Постои расположение кај Владата ова да се смени. Ние можеме да гарантираме дека ќе инвестираме на пазарот со недвижности зашто има голем потенцијал и потреба. „Хипо алпе адриа“ веќе е подготвена во наредните години да инвестира половина милијарда евра на овој пазар. Ќе се ангажираат домашни компании како изведувачи и ќе се купуваат домашни градежни материјали.
* Дали ќе понудите лизинг за станови што ги изградил друг инвеститор?
- Да, но секогаш ќе се јавува проблемот со преносот на сопственоста. Ако се регулира лизингот, тоа ќе се промени. Затоа за почеток ќе работиме само со свои станови бидејќи и ситуацијата со имотните листови на тој начин ќе биде најчиста. Со тоа целосно ќе се избегнат станбените афери. Зголемената понуда, верувам и од други лизинг-компании, ќе придонесе за намалување на цените на становите, кои сега се многу високи. „Хипо групацијата“ има и бренд на трговски центри „Куландија“. Тие веќе се градат во регионот, а ќе дојдат и кај нас. Интересен за нас е и туризмот, односно Охрид. Наш клиент е туристичката агенција „Фалкенштајнер“. Голем број од хотелите на јадранската ривиера се финансирани од „Хипо“ во соработка со „Фалкенштајнер“. Веќе преговаравме за да се отвори хотел во Охрид и хотел со казино во Дојран. Ние ќе бидеме финансиери на тие проекти.
* Пуштивте во продажба лизинг на бродови и јахти. Има ли интерес кај Македонците за ваков луксуз?
- Има. „Хипо“ многу долго нуди лизинг на бродови. Бидејќи во Охрид нема марина, нудиме помали бродови. За поголемите одиме со прекуграничен лизинг преку Австрија и Хрватска. Тоа најчесто е оперативен лизинг за изнајмување јахта на одреден период. По завршувањето на договорот, клиентот одлучува дали ќе го доплати лизингот и ќе ја купи јахтата или ќе си земе нова. Веќе 17-18 луѓе од земјава имаат изнајмено јахти, од кои некои се помали и ќе пловат во близина на брегот на Јадранско Море, а некои се поголеми и може да крстосуваат по Медитеранот. Цените се движат од 5.000 до 20.000 евра месечно во зависност од опременоста и големината на јахтата.
* Кои Македонци изнајмија јахти?
- Деловната политика не дозволува да ги откриваме имињата на нашите клиенти.
ИМА ПАЗАР ЗА ЛИЗИНГ
НБМ го стеснува просторот на банките за понуда на кредити за да се справи со растечката инфлација. Со тоа се отвора простор за лизинг-компаниите, особено при продажбата на возила. Како Вие гледате на тоа?
- Банките досега на одреден начин правеа лизинг. Во Австрија, на пример, кога барате кредит за автомобил од 15.000 евра, а имате 2.000 евра, банката нема да ви ги земе тие пари, туку ќе ви даде уште 13.000 евра. Овде банката ќе му ги исплати парите директно на дилерот на автомобили. Таму предмет на обезбедување кредит не е возилото. Секогаш е поголем ризикот кога колатерал е предметот на обезбедување. Затоа и лизинг-компаниите имаат поголеми камати. Ако НБМ ги воведе тие мерки, банките ќе треба да отворат лизинг-фирми, како на Запад.
* Во повеќето земји од регионот лизинг-компаниите придонесоа за намалување на каматите. Кај нас се високи, а поради инфлацијата се очекува уште да одат нагоре. Каква каматна политика подготвувате вие?
- Каматите не зависат само од нас, туку и од кредитниот рејтинг на земјата бидејќи ние парите ги влечеме од матичната компанија и од други странски финансиски институции. Сите збиднувања во земјава влијаат на каматите зашто маргините за ризикот се зголемуваат. Ние не ги подигнавме каматите, но имаше услови за тоа. Иако нашите камати се највисоки на пазарот, сепак сме конкурентни бидејќи сме најдобри.
Од шорцови во вратоврска
* Како Ѓорѓе Војновиќ од кошаркар стана финансиер?
- Долго имав дилема дали да останам во спортот или да одам во друг правец. Во спортот дадов многу и добив многу, не толку пари колку почит и име. Бев малку и во кошаркарската федерација, но видов дека во овој момент спортот во Македонија не може да понуди многу. Затоа се префрлив во бизнис-секторот, прво како директор на „Форд“. Многу ми помогнаа постдипломските на „Шефилд“ и поддршката од сопругата и од семејството. Голема работа е ова. Дваесет години одев на работа во шорцови и во дрес, а сега во вратоврска. Јас сум задоволен од работата и од постигнатите резултати во „Хипо лизинг“. Мислам дека ја фативме вистинската насока на пазарот.
Спасијка Јованова
Dnevnik
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#462 Posted: 28-Jun-2008 at 19:29 |
http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=3E3F28C6F0198A48AB814E3F21C057A3&arc=1
Австријци ќе произведуваат биогориво во Новаци
Фирма од Австрија планира да изгради фабрика за
производство на биогориво во Новаци, Битолско, јави МИА. Во наредната
недела во Австрија ќе разговараме со инвеститорот за деталите околу
фабриката за биогориво. Ова е можност за вработување на голем број
невработени - изјави градоначалникот на Општина Новаци, Лазар
Котевски.Според него, фабриката ќе користи органски отпад за
преработка. Тој информира дека италијански бизнисмени се заинтересирани
за отворање ловни резервати во овој регион. Градоначалникот очекува, по
завршувањето на административните процедури во Министерството за
транспорт, од каде што се очекува дозвола за градба, да продолжи и
инвестирањето во фабриката за етерични масла на „Зегин“. |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#463 Posted: 24-Jun-2008 at 21:45 |
http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=34755&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Пристаништето во Драч опција за македонските транспортни компании
|
 Албанското
пристаниште Драч наскоро ќе го замени солунското за увоз и извоз на
стока, најавија домашните шпедитери. По неколку месечните блокади дел
од домашните компании транспортот го насочија кон Албанија. Помали
трошоци за превоз, намалени такси и развојна инфраструктура. Ова се
бенефитите кои на македонските транспортни компании им ги понуди
менаџментот на пристаништето.
- Пристаништето е алтернатива повеќе и предност за
македонските бизниси. Ние сме дојдени тука за да ги претставиме
можностите, инфраструктурата, сигурноста и потоа македонските
бизнисмени се тие што треба да решат - вели Едуард Андреу, директор на
пристаништето во Драч.
Домашните шпедиции, првично се задоволни од условите кои ги
нуди Драч, но велат дека капацитетот за транспорт е ограничен. Сепак
поради близината со земјава, пристаништето е најверојатна нова опција
за прекуокеански увоз на стока.
- Пристаништето во Драч во моментов е една од најсериозните
алтернативи на солунското и поради својата близина до РМ во скора
иднина очекуваме да биде една од опциите за користење од македонската
економија. Недостига добра инфраструктура, железничка и патна
поврзаност - нагласува Стевица Чарапич, претседател на групација на меѓународни шпедиции.
Поради блокадите во солунското пристаниште, покрај Драч како
дополнителна опција за увоз и извоз на стока се нудат Бар и Бургас. |
|
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#464 Posted: 23-Jun-2008 at 18:54 |
Originally posted by UrbanFreak
И млекото, и јогуртот и чоколадното млеко им се ЕКСТРА
|
sea go probav. Cokoladnoto mleko na bitolska mlekara e podobro po moj vkus
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#465 Posted: 20-Jun-2008 at 00:19 |
А и за моменталните случувања околу велешката топилница не искоментиравме... Еве постирам четири текста во кои можат да се најдат информации од состојбата и размислувањата пред да биде избрана „најповолна“ понуда, па се до сегашниов момент кога имаме очигледна намештаљка и мега-скандал и реакциите кои се надевам нема да бидат во празно. http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3420066,00.html
Што понатаму со велешката Топилница?!?
Во Основниот суд во Велес денеска беа отворени понудите на
потенцијалните купувачи на Металуршко-хемискиот комбинат МХК, во чиј
состав е и Топилницата и Фабриката за вештачки ѓубрива.
Кој ќе биде новиот иден сопственик на Топилницата, кој дирекно
ќе управува и со здравјето и иднината на над 45 илјади граѓани на
Велес и неговата животна средина? Дали и колку ќе вложи во
екологијата, во заштита на Велес од загадување или ќе продолжи
да работи по старо, без заштитни филтри и понатаму ќе им го
уништува здравјето на Велешани? Дали пак можеби ќе ја послуша
нивната молба да ја дислоцира Топилницата надвор од градот,
каде ќе работи, ама нема да им го нарушува здравјето?
Најзаинтересирани купувачи
Најзаинтересираниот за нејзино купување барем досега, е
швајцарско-англиската фирма Минеко која купи 63,7 отсто од
побарувањата на најголемите доверите на МХК. Нејзиниот
претставник во Македонија, колумнистот Џејсон Мико, до сега
неколкупати се сретна со градоначалникот на Велес, Аце
Коцевси. Тој избегнуваше средби со новинарите и не сакаше да
одговори на овие клучни животни прашања за иднината на
граѓаните на Велес.
Најжешка еколошка точка во Македонија
Велес, некогашниот еколошки чист град, одамна не е тоа. Цели
30 години од работењето на Топилницата за олово и цинк и пет
години од затворањето тој беше и се' уште е најзагаден град,
најжешка еколошка точка на Македонија и Балканот. Граѓаните на
Велес се само граѓани од втор ред, кои го немаат основното
уставно право, да живеат во здрава животна средина. Посебно
загрижувачки и алармантно е што нивното здравје и пет години
од затворањето на Топилницата е опасно нарушено, се' како
последица од енормното загадување со тешки метали, ни
појаснува др Ненад Коциќ:
„Во Велес состојбата е навистина катастрофална и многу опасна.
Многу е висок бројот на болни и починати од карцином на бели
дробови, од бубрежни заболувања, од заболувања на црн дроб
и на болни од анемии. И мислам најалармантното: децата во
моментот на раѓање во Велес имаат и денес три пати повеќе
олово во крвта од дозволеното.„
Долгорочни тешки последици
Во Велес пет години откако не работи Топилницата има почист
воздух, но почвата се' уште е загадена со високи концентрации
на тешки метали. Тие преку храната лесно се пренесуваат во
организмот и опасно го загрозуваат здравјето, предупредува
проф. Др. Трајче Стафилов од Хемискиот факултет во Скопје кој
вршеше вакви истражувања:
„Резултатите покажаа енормно загадување на почвата, посебно
со метали кои се произведуваат во Топилницата како што се
кадмиум, жива, арсен, антимон, бакар, селен, индиум и други.„
Оптимално: здравје и работни места
Професор Стафилов смета дека поради економскиот колапс на
градот, добро е Топилницата да проработи, но тоа да не биде на
сметка на здравјето на граѓаните.
„Исто така евентуалното продолжување на работата на
Топилницата со истата технологија и при исти услови, без
преземање соодветни мерки, значи продолжување на ваквото
загадување на почвата. Исто така загадување на земјоделските
производи кои што се произведуваат во таа околина, така што
ефектите се нагативни во секој случај и нужно е преземање на
мерки кои бараат големи финансиски средства.„
Како да се придржуваат еко-стандардите?
Ова мислење го дели и неговиот колега, проф. Др. Свето Хаџи-Јорданов од Природно-математичкиот факултет, но со
препорака да се почитуваат пропишаните еко-стандарди за
работа на Топилницата како во Европската Унија, кон кои треба
да се придржува и Македонија:
„Реактивирањето на Топилницата е од интерес за сите, од
интерес е за градот и населението на Велес, од интерес е за
државата. Меѓутоа, активирањето никако не подразбира да се
повторат грешките од минатото, со емисија на прекумерни
количества на штетни материи.„
Може ли да се спаси застарената технологија?
Билјана Шуркова-Манаскова инспектор по животна средина,
смета дека со застарената Империјал Смелтинг технологија по
која работеше Топилницата, залудно ќе биде секое ново
инвестирање во екологијата, бидејќи според неа нема да го
заштити здравјето на граѓаните.
Луѓето коишто се заинтересирани да ја купат Топилницата при
средбите во општина Велес, не понудија никаква програма,
никаков план за еколошка заштита. Многу, многу тешко оваа
Топилница ќе може да ги достигне најдобрите достапни техники
согласно интегрираното спречување и контрола на загадувањето
и согласно европските директиви.
Големи протести на граѓаните
„Зелената коалиција“ поддржана од најголем процент на
граѓаните на Велес и на минатонеделниот голем еко-митинг
против реактивирањето на Топилницата порачаа: „Некој мора да
се оди, ние или Топилницата.“ Таа нека работи, но на друга
локација и надвор од градот и секако не по цена на нашето веќе
нарушено здравје.
Антоанела Димитриевска
| http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=94263
„Јалим“ сака да гради трговски центри на местото на Топилница
17.06.2008 19:46
Турската фирма „Јалим“ сака да ја купи Велешка топилница, да ја исече и на нејзино место да гради големи трговски центри. Но, доверителите на топилницата ваквата понуда денеска ја дисквалификуваа. Според
образложението, Турците уплатиле 100 евра помалку од бараниот депозит
од еден милион евра, кој мораше да го плати секој фирма за да учествува
на тендерот. Претставниците на „Јалим“ реагираат на ваквата одлука. Велат дека ништо не е спорно со префрлувањето на парите. „Мислам
дека има еден ѕид меѓу Владата на Македонија и стечајните работници,
кои ништо не објавуваат. Се објавува тендер, кој важи седум дена, во
рок од пет дена треба да се уплати милион евра, кои веќе се уплатени“,
изјави Шефчет Демировски, правен застапник на „Јалим“. „Се бара
уплатница од милион евра, која ја имаме дадено. Парите се стигнати веќе
на 11-ти. Значи, ние во рок од четири дена ги имаме уплатено и се е
стигнато навреме“, вели Демировски. Претставниците на турскиот
инвеститор се сомневаат во матни игри во судот, но порачаа дека нема да
се откажат од идејата да ја купат фабриката, која според нив, нема
перспектива. „Како топилница нема шанси да работи, бидејќи треба
големи инвестиции и по стандардите на ЕУ, навистина во град никаде во
светот ова го нема, да има топилница или железара“, рече Шефчет
Демировски. „Јалим“ е компанија од железарскиот бизнис, а освен во Турција, свои топилници за железо имаат и во Либија. Освен
Турците, за Топилница е заинтересирана и фирмата „Метрухем“, зад која
стои најголемиот доверител во топилницата - швајцарски „Минеко“. Оваа
компанија, регистрирана пред неполн месец, а чиј основач е фирма од
Девствените Острови, за топилницата понудила два милиона и 250 илјади
евра, дознава А1. Стечајниот судски совет за три дена треба да реши дали ќе ја прифати понудата на единствениот учесник на тендерот. | http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=34547&mid=1500&tabId=1&tabindex=0
Бизнис групи во Македонија фингираат тендери
|
 Во
Македонија постојат бизнис групи кои однапред организираат и договараат
тендери. Вака се спречуваат странските инвеститори да инвестираат во
Вашата држава, обвини денеска турската групација “Јалим”. Нејзината
понуда вчера ја дисквалификуваа доверителите на велешка Топилница со
образложение дека групацијата навреме не ја доставила банкарската
гаранција и уплатила 100 евра помалку од потребниот лимит од еден
милион евра. Тоа не е грешка туку превид на банката каде се уплатени
парите, велат од “Јалим”. Групацијата соопшти понудила 3 милиони и 300
илјади евра, за купување на велешка Топилница.
- Ќе бидеме тука, нема да се откажеме. За жал во РМ се уште
постојат такви фирми како таа што вчера излезе пред нас и кои се
фиктивни, не дозволувајќи им на сериозните да инвестираат повеќе од нив
- изјави Шефшет Демировски, претставник на Јалим.
Турски “Јалим груп” веќе побарал помош од Министерството за
странски инвестиции. Тие правдата ќе ја бараат и на суд. Но, турскиот
инвеститор не е единствен кој реагира на вчерашната продажба на велешка
Топилница. И Зелената коалиција на Велес е незадоволна. Зелените ги
повикаа Велешани да дојдат вечерва, во 20 часот, пред зградата на
општина Велес каде со Одборот, за спас на градот од повторното
рестартирање на Топилницата, ќе ги соопштат наредните мерки. Вчерашната
продажба на Топилницата е матна, велат Зелените:
- Се ова е толку матно што понатаму нема што да се коментира.
По овој однос ние сметаме дека идните сопственици не се подготвени да
направат што било за граѓаните на Велес.
Реакциите на странскиот инвеститор и Зелените доаѓаат само ден
откако доверителите за 2 милиони и 250 илјади евра ја продадоа велешка
Топилница на Друштво за производство и трговија “Метрудхем” од Скопје. |
(18.06.2008)
|
|
Автор:
Убавка Јаневска
| |
| http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94311
Наместен тендерот за Велешката топилница?
18.06.2008 19:26
Сомнителни
имиња се вртат околу скопската фирма „Метрудхем“, која и официјално е
единствениот учесник на тендерот за купување на Велешка топилница. Нејзин
управител е српскиот бизнисмен Богдан Комленац, чија фирма „УС Стил“
пред четири години ја купи српската челичарница „Сартид“ од Смедерево. А1
дојде до документ кој покажува дека српската Антикорупциска комисија
ваквата приватизација ја прогласила за најголем скандал во Србија. Интересно
е и тоа што „Метрудхем“, која е регистрирана пред неполн месец, има
основачки влог од само еден милион евра, а за топилницата понудила
двојно повеќе. А1 вчера објави
дека зад „Метрудхем“ се крие најголемиот доверител во топилницата,
швајцарски „Минеко“. Оттаму ниту ги потврдуваат, ниту ги негираа овие
наводи, ќе коментирале откако ќе завршела целата тендерска процедура. Реакција
за вчерашното отворање на понудите пристигна и од турската компанија
„Јалим“ која беше дисквалификувана, оти наместо еден милион уплатила
100 евра помалку депозит. „Оваа дисквалификација што ја направија
не ја прифаќаме и сакаме да ја известиме целата јавност на Македонија
дека имаме дадено 50% повисока финансиска понуда од другиот учесник“,
изјави Шефкет Демировски, правен застапник на „Јалим“. „Нашата
идеја беше да ја исчистиме топилницата од градот Велес од загадување и
загадувањето на Велес и да направиме трговски центар“, додаде
Демировски. Турскиот инвеститор жали што во Македонија се уште
постојат однапред договорени тендери од, како што велат, веќе позната
групација. И велешките екологисти се разочарани од вчерашното отворање на понудите за купување на топилницата. „Би
рекол и дека биле крајно несериозни доколку веруваме на фирма која
постои месец дена и којашто може да ни продава шарени лаги“, рече Сашко
Андреевски, член на Зелената коалиција. Во исто време, на
иницијатива на Советот на општина Велес, вечерва ќе биде формиран Одбор
за спас чија цел е пред институциите на државата да ги застапува
интересите на велешани, кои повеќе од 30 години ги загадуваше од
топилницата. |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#466 Posted: 19-Jun-2008 at 23:33 |
Еве една од ретките работи за кои ја подржувам владава. Добро е што не се оди кон намалување на ДДВ-то за горивата, едноставно не е логично тие да имаат повластена стапка и тоа згора на се во момент кога треба да се прави максимум за да се наоѓаат алтернативи. Треба да се искористи вишокот пари што владата го собира токму за да се стимулираат такви алтернативи и поголема ефикасност, а не да се стимулира потрошувачката на прескапите горива за кои сме исклучиво увозно зависни. Пакетот мерки за олеснување е добро насочен и го подржувам. Единствена замерка ми е дека треба во иднина треба да го прошират. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=94339
Пакет мерки за намалување на давачките
19.06.2008 16:16
Владата
нема да ги намали данокот и акцизата за нафтени деривати. Ќе намалува
други давачки за да го ублажи ценовниот удар од горивата. А1 објавува што содржи пакетот владини мерки: - Поевтинување на патарините за автомобилите, камионите, автобусите,
- намалување на цената за технички преглед на тешките товарни возила и
- поевтинување на трошоците на транспортерите по царинските терминали.
За
овие решенија ќе се дебатира на следната седница, се очекува да бидат
прифатени. Транспортерите од здружението „Макамтранс“ потврдуваат дека
дел од овие предлози веќе биле договорени со Министерството за финансии. „Ако
Владата го промени моделот по кој сега плаќаме надомест кон државата за
технички преглед, трошоците од 60.000 денари по возило би се намалиле
на 10.000 до максимални 12.000 денари“, велат од „Макамтранс“. Токму
транспортерите плаќаат и најскапа патарина која се движи од 150 до 330
денари. За колку ќе се намали цената на патарините, се уште не е
познато. Во опција е и поевтинување на царинските давачки на
терминалите од максималните 1.800 денари на 500 денари. Не можеме
да се однесуваме како пијан богаташ, коментираат од Владата, алудирајќи
дека во услови кога трговскиот дефицит галопирачки расте, енергетската
индустрија е неефикасна, земјата увозно зависна од деривати - државата
не смее да ги намалува даноците. Експертите се поделија. Дел
сметаат дека треба да се намалат давачките за деривати, други, пак,
препорачаа со вишокот пари собрани од ДДВ да се субвенционира
земјоделскиот и транспортниот сектор. Во првиот квартал од
годинава Владата собра 6,4 милиона евра повеќе од наплата на ДДВ за
деривати во однос на истиот период лани. |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#467 Posted: 18-Jun-2008 at 15:06 |
Originally posted by lslcrew
Добро бе Кловер ти како по дефаулт мораш да ми се скараш на секој мој поголд пост 
Ја не реков дека грција не ни врши притисок, !!!
Реков дека штрајкот беше штрајк и ништо мање више. А тоа дека се врши
притисок, се врши во огромна мера. Све што сакав да кажам во то подолго
излагање ќе го консолидираму една реченица, а тое е дека Македонија
на долг рок нема друго решение освен Солун, а доколку бараме решение на
среден рок, можат и Драч и Бар да ни завршат работа, ама јас повеќе
се залагам за Драч, зашто би можеле да остенеме во Драч дури и кога ќе
се изгради коридорот. Драч го преферирам и од повеќе други причини.
|
Тоа што се спротиставив на твоето резонирање не треба да го гледаш како „скарување“, а уште помалку по дифолт. Едноставно ти контрирав на аргументите кои мислам дека не држат... Еве и ова последново што го кажуваш (иако не е баш конзистентно со тоа што го велеше до сега), пак мислам дека не држи вода. Зошто побогу долгорочно сме немале друго решение освен Солун??? Зошто Драч е среднорочно решение според тебе? Што би им фалело на пример на Драч или Валона доколку инфраструктурно се беше како што треба (и поврзувањето и самите пристаништа)? На ова да надоврзам дека многупати сум приметил (и на ССЦ) дека Албанците од Албанија се прилично загреани да ја привлечат македонската економија на своите пристаништа. Тој практичен пристап каде што се гледа профитот и заедничкиот интерес е многу подобра долгорочна основа, отколку надмениот став на јужните соседи, кои во своето националистичко слепило се спремни да го жртвуваат големиот профит што лесно го заработуваат од нашиот транзит низ Солун, само за да се пресметаат со нас.
Edited by Cloverstack - 18-Jun-2008 at 15:07
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#468 Posted: 18-Jun-2008 at 14:44 |
Добро бе Кловер ти како по дефаулт мораш да ми се скараш на секој мој поголд пост  Ја не реков дека грција не ни врши притисок,  !!! Реков дека штрајкот беше штрајк и ништо мање више. А тоа дека се врши притисок, се врши во огромна мера. Све што сакав да кажам во то подолго излагање ќе го консолидираму една реченица, а тое е дека Македонија на долг рок нема друго решение освен Солун, а доколку бараме решение на среден рок, можат и Драч и Бар да ни завршат работа, ама јас повеќе се залагам за Драч, зашто би можеле да остенеме во Драч дури и кога ќе се изгради коридорот. Драч го преферирам и од повеќе други причини.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#469 Posted: 18-Jun-2008 at 14:37 |
Originally posted by Cloverstack
Абе лсл, не бил еден штрајк, ниту биле пак само „штрајковите“ на пристаништето што не блокирале и за што сме платиле огромна цена...
До пред малку у нишката за трговски центри не убедуваше дека француската влада му диктира на и на carrefour каде да отворел супермаркет, а ваму не убедуваш дека крајно непријателски настроена држава не ни врши притисок на место каде што сме исклучително ранливи. Така да ти моеш да „настојуваш“ колку сакаш, али ако милите јужни соседи настојуваат обратно, се што ни останува е да бараме правда пред меќународни судови (што секако треба да се направи, ама не ни ја решава долгорочната зависност)
Еве дури и да поверуваме во сите грчки приказни, пак останува фактот дека ни требаат алтернативи, затоа што без разлика дали штрајкот е вистински или лажен, штетите дефинитивно се вистински.
|
Немам што да додадам, одличен пост 
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#470 Posted: 18-Jun-2008 at 14:32 |
Абе лсл, не бил еден штрајк, ниту биле пак само „штрајковите“ на пристаништето што не блокирале и за што сме платиле огромна цена...
До пред малку у нишката за трговски центри не убедуваше дека владите на државите им диктираат на компаниите од своите држави дури и каде да отвореле супермаркет, а ваму не убедуваш дека крајно непријателски настроена држава не ни врши стратешки притисок на место каде што сме исклучително ранливи. Така да ти моеш да „настојуваш“ колку сакаш, али ако милите јужни соседи настојуваат обратно, се што ни останува е да бараме правда пред меќународни судови (што секако треба да се направи, ама не ни ја решава долгорочната зависност)
Еве дури и да поверуваме во сите грчки приказни, пак останува фактот дека ни требаат алтернативи, затоа што без разлика дали штрајкот е вистински или лажен, штетите дефинитивно се вистински.
Edited by Cloverstack - 18-Jun-2008 at 14:37
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#471 Posted: 18-Jun-2008 at 14:24 |
Јас мислам дека мора да се настојува на Солун колку и да е тоа тешко изводливо. Вака со инјекции само може малце ќе се ублажи, ама нема којзнае колку. До Бар нема некој којзнае каков добар пат. А за Грција не би рекол дека некој “наводно“ штрјкува, него напротив мислам дека озбилно се штрајкуваше.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#472 Posted: 18-Jun-2008 at 14:15 |
Originally posted by lslcrew
Премногу е глупо цел сообраќај да го пренасочуваме поради некои политички прашања со краток фитиљ. Имаме прашања на кои им се гледа крајот (на двете), и глупо е сега некој сериозно да размислува за вакви потези, кога утре ќе се реши работава. Ама ние сме земја на чудата, кај нас се мрда мост за една колиба, така да не е чудно и ова.
|
Ако 17 години се прашања со краток фитиљ ок. Наопаку гледаме на работите треба ние државите околу нас со пристаништа да ги тераме да се борат да бидат наше главно приштаниште а не ние да зависиме од грција која со своите потези има докажано дека не може да и се верува за нешто толку важно, а со ваква инфраструктура каква што имаме не можеме никого да тераме да прави ништо.
Сосема друго ќе беше доколку немавме ембарго и не зависевме од тоа дали некој наводно штрајкува во грција
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#473 Posted: 18-Jun-2008 at 14:08 |
Originally posted by lslcrew
Премногу е глупо цел сообраќај да го пренасочуваме поради некои политички прашања со краток фитиљ. Имаме прашања на кои им се гледа крајот (на двете), и глупо е сега некој сериозно да размислува за вакви потези, кога утре ќе се реши работава. Ама ние сме земја на чудата, кај нас се мрда мост за една колиба, така да не е чудно и ова.
|
Никој не може да претскаже колку кратко или долго ќе потраат прашањата за кои што зборуваш. Никој не може да гарантира ни дека некогаш друг пат нема да сме ранливи на ист или сличен начин. Прашањето е стратешко и токму ради неговото игнорирање денеска сме во ваква состојба. И не гледам каква врска има со колиби и мостови... Ако Бар во моментов може да помогне, нека се направи се што се може во тој правец, не заборавајќи и покоренито да се позанимаваме со проблемот и да гледаме долгорочно.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#474 Posted: 18-Jun-2008 at 14:03 |
Originally posted by lslcrew
Ова е некоја ниско-балканско-национал-патрио-сељачка
заврзлама. Демек сега на грциве париве не им ги даваме, ама ни на албанциве, па ај сега ќе си идеме на "наше" море!!!
Мене вака ми изгледа, па сега.....!
Нас освен Солун све друго не ни одговара. Можеби во иднина драч, кога ќе го направиме коридорот. Све друго е виц.
|
Прво, у ситуацијата у која што сме, ова не се однесува на долгорочно решение, туку за каков таков лек, кој барем малку ќе помогне. Второ, кога веќе сме у таква ситуација, не ми е јасно како гледаш завера за тоа на кого ќе сме му ги „дале парите“... Едноставно се бара било какво начин нешто да се закрпи и мисламдека никој не ни помислува на таков луксз да бира на кого ќе му ги „дава парите“ Зошто Бар би бил подобар од Драч дури и за камионски транспорт не знам, можеби Драч не е во топ форма како пристаниште, можеби има други причини. Ама како што реков,, сигурно не е ради некаква дискриминација од македонска страна.
Edited by Cloverstack - 18-Jun-2008 at 14:17
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#475 Posted: 18-Jun-2008 at 13:56 |
Премногу е глупо цел сообраќај да го пренасочуваме поради некои политички прашања со краток фитиљ. Имаме прашања на кои им се гледа крајот (на двете), и глупо е сега некој сериозно да размислува за вакви потези, кога утре ќе се реши работава. Ама ние сме земја на чудата, кај нас се мрда мост за една колиба,  така да не е чудно и ова.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#476 Posted: 18-Jun-2008 at 13:52 |
Ова е некоја ниско-балканско-национал-патрио-сељачка заврзлама. Демек сега на грциве париве не им ги даваме, ама ни на албанциве, па ај сега ќе си идеме на "наше" море!!!
Мене вака ми изгледа, па сега.....!
Нас освен Солун све друго не ни одговара. Можеби во иднина драч, кога ќе го направиме коридорот. Све друго е виц.
Edited by Cloverstack - 18-Jun-2008 at 14:16
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#477 Posted: 18-Jun-2008 at 13:46 |
Каде е владимир
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#478 Posted: 18-Jun-2008 at 13:33 |
Се прашувам во каква состојба се железничките врски, бидејќи за металургијата и челичната индустрија, камиони и онака не вршат работа...
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#479 Posted: 18-Jun-2008 at 12:57 |
Незнам само зошто со години ништо немаме превземено околу ова клучно прашање, изгледа премногу е да се очекува државна/национална стратегија од политичариве  да не бидеме колку толку заложници на нечие самоволие.
Е сега друга работа е што солунското е најпрактично (а можеби и најевтина варијанта со оглед на далечината и инфрасктруктурата до другите пристаништа)
Наместо во Солун, нашите бизнисмени се вртат кон пристаништето во Бар

Грчките блокади ги блокираат црната металургија и челичната индустрија, кои создаваат над 20 отсто од БДП
Александрија Стевковска
Постојаните блокади на железницата и неработењето на солунското пристаниште целосно ги блокираат носечките македонски индустрии - црната металургија и челичната индустрија, кои создаваат над 20 отсто од бруто-домашниот производ и речиси половина од македонскиот извоз. Поради проблемите со транспортот, тие немаат начин како да ги пласираат своите производи на странските партнери и доколку ваквата крајно неповолна ситуација продолжи и во наредниот период, се очекува последиците да се рефлектираат врз целокупната економија на земјата. Поради зголемениот интерес на македонските компании за алтернативно пристаниште, со оглед на големите загуби и непланираните трошоци предизвикани од грчките блокади, стопанствениците почнаа да бараат нови алтернативни патишта, а еден од нив е црногорското пристаниште Бар, кое може да биде перманентно решение за морски транспорт за македонските компании.
„Црногорското пристаниште е оспособено за претовар на сите видови товар и има терминали за сите видови стока. Бидејќи целиот простор во Бар е во режимот на слободна економска зона, тој може да биде дистрибутивен центар за македонската стока, која оттаму може да се превезува кон Македонија или кон други дестинации“, истакна извршниот директор на пристаништето, Слобо Пајовиќ, за време на презентацијата на можностите на Бар пред македонските стопанственици.
Според него, предноста на Бар во однос на солунското пристаниште е тоа што цените може да бидат пониски. „Овој правец е малку подолг, но сигурно е дека цените може да бидат пониски. Можеме да им понудиме на македонските стопанственици стоката да ја оставаат во Бар, бидејќи целиот простор таму е во режимот на слободна економска зона. Сигурни сме дека можеме да одговориме на барањата на македонските стопанственици“, истакна Пајовиќ.
Од пристаништето во Бар стоката може да се транспортира до Македонија преку два патни правца низ Косово и преку Божај. Засега најкратката траса преку Скадар останува неискористена поради руинираноста на мостот кај реката Бојана, каде што не можат да поминат товарни камиони со носивост поголема од пет тони. Токму поради тоа стопанствениците истакнуваат дека мора да се поработи на подобрување на патната инфраструктура.
„Срамота е во почетокот на 21 век да зборуваме за транспортен коридор преку кој треба да се помине дрвен мост изграден во 19 век. Коморите на Балканот се согласни во тоа дека единствен начин е да бараме инфраструктурно поврзување“, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој смета дека тоа е единствен начин за решавање на проблемот со транспорт на стоката предизвикан од блокадите на солунското пристаниште, поради кои македонските компании трпат големи штети и трошоци во секојдневното работење.
Стопанската комора на Македонија во наредните недели ќе организира и презентации на можностите на пристаништата во Драч и Бургас
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#480 Posted: 16-Jun-2008 at 17:44 |
Абе едно српско ли беше босанско ли беше незнам. Ама сега има, Шведско, а наше!  Језда не купувам многу често, ама добро е.
|
 |