Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#481 Posted: 16-Jun-2008 at 17:37 |
Originally posted by lslcrew
Јас сум ги пробал и млекото и јогуртот и чоколадното. Млекото како сите млека исто е. Чоколадното посебно ми се свиќа пошто до сега немаше наше, мораше српско да купувам, а настојувам домашни производи да купувам. Јогуртот е со погодена густина. Незнам дали имаат кисело млеко сакам да го дегустирам у комбинација со краставица.
|
Имаше наше чоколадно млеко. Не си глеал добро. Млекси од Битолска млекара
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#482 Posted: 16-Jun-2008 at 17:34 |
Јас сум ги пробал и млекото и јогуртот и чоколадното. Млекото како сите млека исто е. Чоколадното посебно ми се свиќа пошто до сега немаше наше, мораше српско да купувам, а настојувам домашни производи да купувам. Јогуртот е со погодена густина. Незнам дали имаат кисело млеко сакам да го дегустирам у комбинација со краставица.
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#483 Posted: 16-Jun-2008 at 15:55 |
И млекото, и јогуртот и чоколадното млеко им се ЕКСТРА
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#484 Posted: 16-Jun-2008 at 15:19 |
|
 |
se_manda
Senior Member
Joined: 15-Nov-2007
Online Status: Offline
Posts: 259
|
Quote Reply
#485 Posted: 16-Jun-2008 at 15:10 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#486 Posted: 15-Jun-2008 at 22:14 |
Секогаш е убаво да се чита за Swedmilk
SWEDMILK со 70 млечни производи на македонскиот пазар
Идните
планови на шведската млекарница се поврзани со пласирање на сите 70
производи на пазарот, процес што треба да се заокружи до септември
годинава, а во јужниот дел на земјава се планира отворање на нов центар
за собирање на млекото, што е дополнителна инвестиција за мини фабрика
Млекото
на шведската млекарница "Swedmilk" веќе шест месеци се наоѓа на нашите
трпези. Слоганот "Од најдоброто домашно млеко" даде позитивни ефекти
бидејќи македонските консументи се повеќе го заменуваат увозното млеко
со наше млеко. Тие велат дека го купуваат млекото не само дека е наше,
туку и затоа што е изработено по светските стандарди за квалитет. Од
млекарницата која е лоцирана во современ објект во реонот на
индустриската зона - Илинден најавуваат забрзан развој и инвестирање во
нови млечни производи и мини фабрика на југот. По тој повод деновиве
разговаравме со Роџер Оскарсон, генерален директор на "Swedmilk"
Македонија.
Стартувавте многу агресивно и на домашниот пазар и на
пазарот во регионов. Од неодамна договоривте соработка со Косово и со
фирмата Некст. Каков бенефит Ви донесе извозот на Косово и која е
следната земја што планирате да ја освоите? - "Swedmilk"
од почетокот на работењето, во ноември 2007 година, имаше за цел да го
замени увозот. Во тоа успеваме и следен чекор ни е да се фокусираме на
извозот и тука сакаме да станеме лидери. Сигурни сме дека квалитетното
македонско млеко е одличен производ пред се за регионалниот пазар,
посебно поради брендот на Сведмилк. За нас договорот за извоз на Косово
е првиот чекор за воспоставување на голем извоз надвор од Македонија.
Косово е значаен пазар со два милиони жители, каде конзумирањето на
млеко и јогурт е на доста високо ниво. Во меѓувреме го добивме
извозниот број од Европската унија, број 01, што значи дека и
официјално сме првата компанија од Македонија која доби ваков број за
извоз во земјите од Европската унија.Нашите планови се да започнеме да
ги извезуваме млечните производи и на пазарот во Бугарија. Веќе
склучивме начелни договори и со Србија, Црна Гора, Хрватска.
Вложивте
многу во млекопроизводството, особено во високиот квалитет на млечните
производи. Кога можеме да го очекуваме првото органско млеко на
македонскиот пазар? - Наша цел е да бидеме конкурентни со
земјите од Европската унија. Еден од начините за тоа е токму органското
млеко, кое во Европската унија е најбрзорастечки сегмент. Поради тоа
разговараме со нашите фармери за да направат конверзија од производство
од обично во органско млеко. Но, секој оној фармер кој ќе се согласи со
оваа промена ќе има постојана финансиска поддршка од Владата и од
фондовите на Европската унија. Ние, за почеток, планираме производство
за 20 илјади литри огранско млеко. Тоа е поскапо млеко на пазарот што
значи и поголем профит и за фармерите и за нас.
Дали
"Swedmilk" во моментов има сериозен конкурент на пазарот од страна на
домашните и странските млекопроизводители. Кој е вашиот рецепт за успех
и како се справувате со конкуренцијата? - Ние успешно го
заменивме увозот од сите производители, во моментов последните податоци
велат дека 35% од увозот е заменет со македонското најдобро млеко. Не
велиме дека тука е крајот, во овој дел има се уште работа. За
конкуренцијата во Македонија треба да се напомене дека во земјава има
сериозни млекарници кои одлично работат, но пазарот ќе остане со
ограничен број на играчи. Тоа не е поради нас, туку поради регулативата
која обврзува секој од нас да ги применува стандардите на Европската
унија. Тие се однесуваат на квалитетот, хигиената, производството. На
пример, во изминатиов период во Бугарија која неодамна стана членка на
Унијата се затворија околу 70 мали млекарници токму поради овие
стандарди.
Најавивте модернизација на фармерството во
земјава. Со колку фармери досега имате случено договори и уште колку
можат да се вклучат во вашиот бизнис. Задоволни ли се фармерите од
откупната цена на млекото и дали може да очекуваме намалување на цената
на крајните производи ? - Последните бројки говорат дека
наши партнери се над 1.000 фармери. Исплатите за откуп на млеко се
базирани и врз квалитетот и врз квантитетот. Има класификација според
квалитет на млекото и даваме денар повеќе за подобар квалитет. -
Кога станува збор за производите на пазарот, ние не можеме да бидеме
најевтини на пазарот. Имаме квалитетен производ од македонско млеко со
поевтина цена од увозните производи. Ако до минатата година 55% од
купувачите немаа доверба во македонскиот производ, годинава веќе се
смени сликата.
Каков е рецептот да се произведе
квалитетно млеко што се носи со светските стандарди.Точен ли е
податокот дека вашето млеко се тестира седум пати? - Да,
ние седум пати го тестираме млекото, можеби и повеќе од седум. Првото
тестирање се спроведува во секоја фарма, потоа се тестира и секој
лактофризер.Третото тестирање се реализира при самото пристигнување на
млекото во фабриката, потоа уште еднаш пред неговата пастеризација. Се
тестира и по пастеризацијата и по стерилизацијата, а седмиот пат е по
десет дена во магацинот на готовото млеко. Тоа е начинот на кој мора да
се работи.
Кои се вашите идни планови,може ли да очекуваме на пазарот
да стартувате со нова палета на производи или можеби отворање на уште
еден ваков капацитет во земјава? - Нашите идни планови се
поврзани со пласирање на сите 70 производи на пазарот. Процес што ќе
заврши во септември. Во јужниот дел на Македонија ќе отвориме центар за
собирање на млекото, што е дополнителна инвестиција за мини фабрика,
каде млекото ќе се чува на одредена температура, што е многу значајно
посебно во летниот период. Оваа инвестиција ќе ни овозможи да бидеме
сигурни во квалитетот.
Деновиве последен хит кај
младата генерација е вашата нова реклама за овошните јогурти. Добриот
маркетинг секако дека влијае на зголемувањето на потрошувачката, но
дали вашата компанија е задоволна како се реализира маркетингот во
земјава? - Маркетинг агенциите овде се прилично
професионални. Ние сме задоволни и од адвертајзингот и ПР-от кој за нас
го работат македонски агенции. Имаме коментари дека адвертајзингот е од
Шведска, но не, македонски компании работат на нашите брендови. Ние
вложуваме многу пари во маркетингот, бидејќи нашето млеко не е само
обично млеко, туку млеко препорачано од Здружението на педијатри во
Македонија. Формулите на производите се направени токму во соработка со
педијатрите кои најдобро знаат што им треба на децата. Во нашето млеко
сите вкусови и ароми се природни, нема ништо вештачко. | http://www.vecer.com.mk/?ItemID=1C43749987C4B44C90AF4B54DCCEDB43
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#487 Posted: 14-Jun-2008 at 12:31 |
Домашни инвестиции секогаш ме радуваат 
Месната индустрија “Мега“ ќе гради нов погон вреден три милиони евра
|
|
Месната
индустрија Мега планира да гради нов погон за производство на месни
преработки во село Трубарево во кој ќе бидат инвестирани три милиони
евра. Овој капацитет, на површина од 3.000 квадратни метри, ќе го
зголеми производството од 30 на 60 тони преработено месо на ден.
Причината заради која Мега го зголемува производството е планираниот
извоз на европскиот пазар.
”Со најсовремените производни капацитети што ги има Мега , слободно
може да им конкурира на европските месни компании. Во септември ја
очекуваме посетата на преставниците од Брисел кои ќе го одобрат ,со
сертификат, пласирањето на нашите производи во Европа” , рече Драган
Радосављевиќ од Мега, одговорен за увоз на месни суровини и извоз во
регионот.
Тој вели дека Мега има воведен систем за управување со квалитет ИСО 9001:2000 и системот за безбедност на храна ХАССАП.
Производите на Мега се пласираат во Србија, Албанија, Косово, Босна и
Херцеговина, а се преговара за извоз на хрватскиот и на бугарскиот
пазар.
Со изградбата на новиот погон, Мега ќе го зголеми и бројот на вработени
за уште 50, така ќе биде достигната вкупна бројка од 400 вработени.
Месната индустрија "Мега" е формирана во 1992 година, но со
производство на преработки започнала во 2003 година. Има 20 сопствени
продажни места во Скопје. Околу 80% од суровини за производство, оваа
месна индустрија ги увезува од Шпанија, Германија и Италија, а само 20%
од месната суровина обезбедува од домашните фармери.
(Тотал) |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10995&mid=303&tabId=1&tabindex=0
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#488 Posted: 14-Jun-2008 at 12:30 |
Originally posted by vardar

mala fotka od objektot, prefrlete go vo industriski objekti ako mislie deka treba. |
Pa podobro da nabavime pogolemi sliki...
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#489 Posted: 05-Jun-2008 at 10:11 |

mala fotka od objektot, prefrlete go vo industriski objekti ako mislie deka treba.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#490 Posted: 05-Jun-2008 at 10:04 |
Брилијант инвестираше 9,8 милиони евра во нов погон
|
|
Фабриката за производство на масло за јадење Брилијант од Штип отвори нов погон за производство, во кој се инвестирани 9,8 милиони евра. Новата фабрика е опремена со современа опрема, единствена на Балканот, кој е од светски познатиот производител германската ГЕА Вестфалија. Производствениот капацитет е составен од складиште и терминал за преточување на сурово рафинирано масло со капацитет од 500 илјади литри на ден, рафинерија за масло за јадење со капацитет од 150 илјади литри на ден. Во фабриката е изградена и станица за прочистување на отпадните води со капацитет од 30 кубни метри нa час и нова хемиска лабараторија за комплетна контрола на суровините, фазите на производство и на готови производи. “Најновата германска технологија ни овозможува поквалитетно и поекономично производство, а со само тоа и по конкурентни цени на домашниот и на странските пазари. Изградбата на фабриката се реализирашне етапно, во неколку фази, почна во ноември 2006 година, заврши во мај оваа година. Со заокружување на оваа инвестиција почнува новиот развоен циклус на Брилијант”, изјави Златко Михајлов, комерцијален директор на компанијата. Компанијата планира во периодот од 2009 до 2011 година да изгради и погон за екстракција на растителни масла од маслодајни култури, произведени исклучиво од домашните земјоделци. За ова компанијата планура да инвестира дополнителни пет милиони евра. Брилијант е позната трговска марка, присутна на македонскиот пазар веќе 10 години и успеа од ликален производител да прерасне во успешна компанија. (Тотал)
|
|
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#491 Posted: 03-Jun-2008 at 15:53 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#492 Posted: 03-Jun-2008 at 15:17 |
Сведмилк ќе извезува на косовскиот пазар
|
|
Македонската
млекарница Сведмилк, денеска во Приштина потпиша договор со косовскиот
дистрибутер Некст, за извоз на 500 тони млеко месечно, со интенција за
постојано зголемување.
”Една од главните цели на Сведмилк Македонија е преку понуда на
најквалитетни млечни производи од најдоброто македонски квалитетно
млеко, да биде заменето со сегашниот увоз од соседните земји. Не само
што успеавме во оваа наша цел, туку во исто време правиме се, за
македонскиот производ да биде конкурентен на соседните пазари. Ова
потпишување на договорот е всушност почеток на нашата бизнис
стратегија, Сведмилк да стане лидер извозник во регионот”, изјави Роџер
Оскарсон, генерален менаџер на Сведмилк Македонија.
Трајна определба на Сведмилк Македонија е да им понуди на потрошувачите
широка палета на свежи и здрави млечни производи направени од
најдоброто македонско млеко според најстогите стандарди за квалитет на
Европската Унија, применети во целокупниот производствен процес.
Компанијата Некст со која Сведмилк потпиша договор за извоз е
дистрибутер на Унилевер, Титанија, Пол Коч и производите на Луминарк во
косовскиот регион.
(Тотал) |
|
http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=10831&mid=303&tabId=1&tabindex=0
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#493 Posted: 29-May-2008 at 18:57 |
 Не сум ја пастирал целата информација од официјалниот сајт  Еве дополнување
Product range similar to that in Denmark
The first store is about 1,500 m2 with a range that has 90% of the products found in the Danish store. The store also has a warehouse of about 500 m2. 100,000 papers containing offers will be distributed in both Tetovo and Skopje in connection with the opening.
With this opening the JYSK enterprise, owned by Lars Larsen, is now
represented in the following 32 countries. Denmark, Norway, Sweden,
Finland, Poland, the Czech Republic, Hungary, the Netherlands,
Slovakia, Germany, Austria, Switzerland, Iceland, Canada, Greenland,
the Faeroe Islands, Georgia, Estonia, Latvia, Lithuania, Ukraine,
Spain, Kosovo, Bulgaria, Kazakhstan, Romania, France, Dubai, Albania,
the United Kingdom, Slovenia and now Macedonia. |
Пристојна големина на продавница. Тоа е нешто како Веро Тафталиџе мислам. Инаку еве и каде се наоѓа, во cct центарот во Тетово, каде што се наоѓа Рамстор.
Edited by pbanks - 29-May-2008 at 18:59
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#494 Posted: 29-May-2008 at 18:53 |
Се мислев ова да го постирам во нишката за трговски центри но сепак се работи за продавница и за инвестиција од само милион ЕУР.
„Јуск“ ја отвори првата продавница во Македонија
Данскиот
гигант за мебел, облека и бела техника „Јуск“ ја отвори првата
продавница во Македонија. Конкурентот на „Икеа“ го започна својот
бизнис во Тетово но најави дека ќе го проширува низ цела Македонија со
отворање на салони во Скопје, Струмица и Битола. Инвестицијата е вредна
еден милион евра. Од земјите во регионот данската компанија е присутна
само во Косово и Албанија. Во Европа ова е стотата продавница и 1250 во
светот. Купувачите ќе ги привлекуваат со евтини и квалитетни производи. | http://www.kanal5.com.mk/ShowNews.aspx?ItemID=33730&mid=1500&tabId=1&tabindex=0Еве информација и од официјалниот сајт на JYSK
Today, the first store is opening in Macedonia in the Balkans in the
town of Tetovo, which situated to the west of the capital, Skopje. This
means that JYSK is now represented in 32 countries with more than 1,350
stores– and more stores are opening each week.
The Macedonian market will be operated under a franchise agreement,
which the Kosovo-Albanian owner, Fatmir Zymberi, is behind. He was also
the man behind the opening of JYSK in Kosovo in February 2004 and, last
November, he opened the doors to the first franchise store in Albania.
»This is yet another exciting day for JYSK and the opening in
Macedonia is part of our ambition to move towards increasingly greater
internationalisation. There is great potential in the countries in the
Balkans and we have gained valuable experience from our store in both
Kosovo and Albania. Although purchasing power is small, compared with
European countries, we have great expectations for the Macedonian
market, « says Frederik Kroun, Franchise Manager at JYSK. |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#495 Posted: 20-May-2008 at 10:03 |
Не ме нервира продажбата него тоа што ако веќе се продаваат барем нека се продадат на "познатите" банки 
Холандската ДХБ ја купува ИК банка

Банката Демир Халк, основана во Холандија, потпиша договор за купување 62 отсто од ИК банка
ИК банка доби нов странски газда. Банката вчера соопшти дека веќе е потпишан договор за продажба на нејзиниот мнозински пакет акции на банката Демир Халк. Станува збор за банка основана во Холандија. Според сознанијата на „Утрински“, оваа банка купила пакет од околу 62 процента од акциите на ИК банка, со што практично ја добива управувачката позиција во таа наша банка. Засега не е позната цената што ќе ја плати ДХБ за ИК банка. Европската банка за обнова и развој и натаму ќе биде значаен акционер, со пакет од 25 отсто од акциите. ЕБОР досега поседуваше поголем процент, но таа продаде дел од своите акции, учествувајќи во конзорциумот заедно со други домашни правни и физички лица, кои поседуваа акции во ИК банка.
„Договор за купопродажба на контролниот пакет акции беше потпишан помеѓу конзорциумот од акционери на Извозна и кредитна банка и банката Демир Халк, основана во Ротердам, Холандија“, се вели во соопштението што беше испратено вчера од ИК банка.
Од ИК банка информираат дека банката Демир Халк е основана во 1992 година. Свои филијали и експозитури има во Холандија, Германија, Белгија и претставништво во Турција. Нејзината актива се проценувала на околу 2 милијарди евра. ДХБ е активна во кредитирање правни и физички лица, како и пласмани на пазарите во развојот.
Според веб-страницата на ДХБ, банката се основала во 1992 година според холандските закони како комерцијална банка со турски капитал. Од септември 2005 година нејзиниот капитал ја има следнава структура: 70 отсто поседува ХЦБГ холдинг Б.В., додека 30 отсто од акциите се во сопственост на Турки Халк банкаси. Притоа, ХЦБГ холдинг Б.В. е сто отсто во сопственост на Халит Џингилиоглу, а негова главна дејност е финансиски холдинг. Сега се очекува дозволи за оваа зделка да дадат нашата централна банка и властите во Холандија. „По добивање дозвола од регулаторните власти во Македонија и од Холандија, ДХБ ќе стане мнозински акционер“, информираат од ИК банка. Оттаму уште и додаваат дека досега најголемиот акционер ЕБОР - Европска банка за обнова и развој од Лондон и натаму останува значаен инвеститор во банката со 25 отсто.
ИК банка нагласува дека во изминатата 2007 година постигна особено добри резултати, кои се континуитет на низа исклучително успешни деловни години. Вкупниот капитал (активата) на банката порасна за 33 отсто и изнесуваше 113 милиони евра, кредитното портфолио забележа пораст од 40 проценти, а депозитната база 47 отсто. Моментно мрежата на филијали и експозитури на ИК банка брои вкупно 19, а мрежата на банкомати 42 локации.
„Новиот акционер и стратегиски партнер на ИК банка се очекува да го задржи и зголеми трендот на раст и развој преку своето интернационално искуство и своите ресурси, со што ќе се овозможат додатни можности и поволности за македонските претпријатија и граѓани“, се вели во соопштението од ИК банка. (Н.Н.Ф.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4795FB23FD32074F8D5FCBD01520E3C4
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#496 Posted: 18-May-2008 at 15:08 |
Еве интересно интервју (мада долго) прв пат слушам за ваков договор со метро, ако се паметни можат многу да добијат од вакви соработки. 
Димитар Петрушевски, директор на винарската визба "Сковин"
Инвестираме над милион евра во нов погон!
Договорот со еден од најголемите малопродажни синџири во регионот Метро, што винарската визба Сковин го склучи на крајот од минатата година, годинава на скопската винарија и даде силен залет во конкурентската трка за зголемување на извозот. Така, во првите три месеци Сковин има 30% раст на извозот, а најавите проширување на пазарите во Русија и Јапонија, ветуваат уште поуспешно финансиско работење во периодот што следи
-"Сковин" од неодамна целото производство го префрли во сосема нов погон. Кажете ни повеќе околу оваа инвестиција, од кога се подготвува, колку е вложено и кои беа мотивите за инвестицијата?
Петрушевски: Првото произведено шише во Сковин се појави пред четири години во услови и амбиент какви што тогаш можевме да овозможиме, со оглед на она просторот и машините кои ги имавме затекнато по преземањето на Сковин. И досега имавме вложувања, но за покрупни инвестиции, кои сега ги реализираме, требаше да создадеме одредени предуслови и да спроведеме распоред на активности. Сега е тој момент кога создаваме нови услови, односно нова просторија со дополнителна опрема, за да добиеме што посигурен производ, како во неговото формирање, односно појавување на шишето, така во однос на квалитетното чување, што е од посебно значење во винарството. Знаеме дека виното има третман на жива материја и не е сеедно во каков амбиент и какви услови ќе биде чувано. Освен ова, новиот погон ни овозможува целосно да ги запазиме оние услови што се предвидени со законот, виното да отстои околу три месеци, да го следиме случувањето во самата течност, дали има измени во квалитетот итн. Значи, станува збор за посебни услови, каде што е запазен температурниот режим, влагата, светлината и сите други предуслови. Сето ова го правиме со една комбинација на постоечките машини, но и нови машини. Од аспект на хигиената новиот погон исто така ги задоволува сите услови кои HACCP-от, како стандард за безбедно производство на храна ги бара. Новиот погон работи во две смени, бидејќи со тек на време се создаде потреба од поголемо производство. За таа цел вработивме и 10 нови работници. Од само еден технолог, сега седум стручнаци технолози кои работат на квалитетот на виното. Капацитетот на новото производство е 2.500 шишиња на час, што значи дека сега годишно ќе надминеме производство од еден милион шишиња. Инаку, вкупната инвестиција вреди над еден милион евра.
-Дали подготвувате некои новитети во однос на палетата на вина и до каде е реализација на производството на органско вино, кое го најавивте неодамна?
Петрушевски: Полека ја заокруживме палетата на сковински вина со асортиман каков што е актуелен во светот и во Европа. Во моментов не планираме проширување на асортиманот, туку ќе работиме на онаа втора фаза во производството на вина, односно претворање на квалитетните вина во висококвалитетни вина. Досега се изборивме да имаме три висококвалитетни вина (Марков Манастир, Мускат и Кале) и можам слободно да кажам дека сме единствени производители на висококвалитетни вина во Македонија. Ова навистина го мислам, бидејќи декларирањето на високиот квалитет не се прави само со ставање на етикета на која пишува дека виното е висококвалитетно. Тоа треба да биде пропратено со документ кој ќе наведува дека производството било и соодветно контролирано од надлежните институции. Значи сакаме да продолжиме со надградување на квалитетот и кај другите видови вина, од квалитетни да преминат во висококвалитетни вина. Само така би можеле да се носиме со конкуренцијата во Европа, затоа што знаете дека македонскиот пазар е премал и тоа не прави извозно зависни. Инаку, наша визија, на која работиме веќе трета година, е органското производство на грозје. Целта ни е да станеме првиот производител на органско вино во Македонија и пошироко, што ќе не направи позабележителни на светскиот вински пазар. Веќе сме во фаза на сертификација на производството од страна на реномираниот Институт FIBL од Швајцарија. Тоа го правиме преку нивното претставништво во Бугарија Balkan Biocert, кое пак има филијала во Македонија акредитирана од Министерството за земјоделство. Но, сакам да нагласам дека патот до органско вино воопшто не е лесен, затоа што се потребни многу подготовки, дисциплинирано и стандардизирано одгледување на лозјето. Дури идната година ќе го добиеме првото органско грозје, а во наредните неколку години и првото органско вино. Органските лозја ни се на површина од 20 хектари, каде имаме засадено три сорти вино: Каберне Совињон, Сан Џовезе и уште една сорта која засега не би сакале да ја откриеме, а спаѓа во сортите кои веќе се присутни на ова поднебје. Инаку, за споредба, органските вина на странските пазари се најмалку 50% поскапи од обичните вина.
- На крајот од минатата година Сковин го доби тендерот за избор на винарија која ќе ги снабдува маркетите на малопродажниот синџир Метро на Балканот. Дали беше тешко да се добие еден ваков тендер и како оди соработката со Метро?
Петрушевски: Важно е што успеавме да го добиеме тендерот, кој се одвиваше по електронски пат, во конкуренција на дваесетина винарии од поранешните југословенски простори. Станува збор за договор со Метро Загреб и Метро Белград, што значи дека нашето вино ќе се продава во маркетите на овој малопродажен синџир во Србија и во Хрватска. Првите количини вино веќе се наоѓаат на полиците во маркетите на Метро. Договорот предвидува извоз на вината кои ги имаме во поголеми количини, како што се Вранец, Мерло, Шардоне, кои таму ќе се продаваат во етикета на Метро, а ќе пишува дека се произведени во Македонија. Првично ќе извезуваме 150.000 шишиња годишно, но секако отворено е можноста за неколкукратно зголемување на количините. Со оглед на тоа што потрошувачите веќе се запознаа со квалитетот на сковинските вина, овој месец ќе испорачаме први количини и од нашите амбалажирани вина, под бренд на Сковин. Сознанието дека има интерес за нашето вино е навистина охрабрувачка и ветува успех во оваа соработка со Метро.
-Покрај договорот со Метро, Сковин одамна извезува на повеќе странски пазари. Како се движи вкупната продажба во првите три месеци годинава, во однос на истиот период лани?
Петрушевски: Од вкупната продажба, на македонскиот пазар отпаѓа една четвртина, а другиот дел оди за извоз. Охрабрувачки делува тоа што некако заживува пласманот на нашето вино на рускиот пазар, а се чувствува и мала раздвиженост на чешкиот пазар. Во Јапонија каде досега извезувавме налевно вино, неодамна побараа да купат и висококвалитетно амбалажирано вино. Имаме испратено мостри од нашите на вина и на повеќе други пазари, но морам да кажам дека тоа пробивање оди бавно и сега не би најавувал ништо додека нема конкретни договори. Но, истовремено ни се засилува континуираното присуство и на австрискиот пазар и на словенскиот пазар, така што се на се во првите три месеци имаме 30% раст на извозот. Овде би сакал посебно да го истакнам значењето на српскиот пазар за нашата винарија, кој е на прво место по извоз на амбалажирано вино. Сковин има и претставништво во Белград, каде се вработени 30 луѓе. Побарувачката од српскиот пазар континуирано расте и ние сме задоволни од пласманот. Но, зголемената побарувачка е резултат на тоа што нашето вино е веќе препознатливо меѓу српските консументи, бидејќи и таму применуваме иста техника на промоција како и во Македонија. Значи, работиме вината да ги има на секоја винска карта во белградските ресторани.
-Имате ли планови за зголемување на површините со лозови насади и дали се соочувате со некои проблеми на тој план?
Петрушевски: Сковин користи повеќе од 500 хектари државно земјиште за кое плаќаме концесија и имаме дозвола да го користиме. Но, сега со процесот на децентрализација секојдневно "како печурки по дожд" никнуваат нови сопственици на земјиштето, така што нам ни се јавуваат проблеми и наместо да ги окрупнуваме лозјата, што ни е тендеција, ние сме ставени во ситуација блоковите да ни се уситнуваат така како што некогаш биле формирани. Ова навистина ни е проблем, бидејќи се случува и новопосадените површини да треба да ги ископачиме. Тоа е пропадната инвестиција, која никој не ни ја обесштетува. Сметаме дека државата треба да ја преземе одговорноста по ова прашање и еднаш засекогаш да ја регулира сопственоста. Многу од потенцијалните сопственици сакаат да направат размена на земјиштето или да го продадат, но и за тоа треба некој да им даде документ што ќе ја покаже сопственоста. Затоа апелирам до институциите во државата посериозно да се зафатат со решавање на оваа материја, за да ни биде овозможено како производители да располагаме со поголеми сопствени плантажи на грозје.
-Меѓу земјоделските експерти во државава мислењата околу тоа дали производството на вино треба да биде стратешка земјоделска гранка се поделени. Кој е вашиот став во однос на ова прашање и како сметате дека треба да се развива винарството во Македонија, воопшто?
Петрушевски: Ни требаше многу време за да дојдеме до заклучок дека земјоделството претставува примарна гранка во Македонија, а дека за нејзин развој ќе биде потребна многу работа. Македонија има можност, поради нејзината микролокација, да даде прекрасни и квалитетни црвени вина. Ниту Србија на север од нас, ниту Грција на југ од нас, не можат да произведат вина како нашите. Тоа едноставно го прави природата. Значи ние ја имаме таа компаративна предност и не смееме да не ја искористиме. Мислам дека државните институции веќе почнаа да се освестуваат. Навистина се работи на тој план, се делат субвенции за осовремување на производството на грозје, а мислам дека треба повеќе да се вложи и во оние институции кои се задолжени за контролата на финалниот производ. Ме радува фактот што почна да се прави катастарот на лозови насади, за на крајот да можеме да го увериме и светот дека сме принципиелни производители и достојни на она што го нудиме. Во однос на сортите не се согласувам со некои тврдења дека Смедеревката треба да се ископачи, за сметка на актуелните сорти грозје. Еве нашата винарија чувствува недостаток на таа сорта грозје. Можеби производителите на оваа сорта грешат во начинот на одгледување на таа сорта, затоа што ја форсираат да дава поголеми родови, за сметка на што опаѓа квалитетот на грозјето. Како и да е, факт е дека најголем купувач на македонското вино, во моментов е германскиот пазар кој увезува големи количини налевно вино од Македонија. Гермаците бараат неутрално, заслабено вино, а концетратот за тоа вино се добива токму од Смедеревката. Значи оваа сорта е пожелна и за нас домашните производители и за странските пазари, треба само да се умее да се одгледува за потоа да се пласира соодветно.
Шампионски признанија за три вина!
Винарската визба Сковин продава пет бели вина (Совињон Бланк, Шардоне, Мускат, Македонско бело, Водно Семијон Шардоне), осум црвени (Марков Манастир, Вранец, Кале, Сира Каберне, Македонско црвено, Водно-Мерло-Вранец, Водно-Розе од Pinot Noar и Пинот Ноар) и две пенливи вина (Сковин пенливо суво и Сковин пенливо полусуво). Шампионски признанија имаат добиено висококвалитетните вина Марков Манастир, Кале, Мускат, како и Сковин пенливото вино и за ракијата Марков Манастир. Последно добиени награди се трите златни медали на саемот во Нови Сад минатиот месец, каде што беа наградени вината Вранец, Кале и Шардоне. Винаријата Сковин ги има имплементирано стандардите за производство ISO и HACCP.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#497 Posted: 18-May-2008 at 13:47 |
Еве го
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#498 Posted: 18-May-2008 at 12:57 |
Originally posted by lslcrew
Абе има нешто се гради лево од постојниот терминал, ама тоа како жто знам оддамна се гради и веќе е зарѓана арматаурата, тоа којзнае од кога е во застој. Инаку фали паркинг постор. Сега е намалена цената на паркингот, порано беше 100 ден за саат. А има и коли што се паркирани на патот пред аеродромот.
|
да ама и сето тоа ќе се реши со новиот проект. Објектот со зарѓана арматура мислам дека требаше да биде нова постројка за одмрзнување авиони но не сум сигурен. Почна да се гради во преходниот мандат на ДПМНЕ мислам според еден план на атеље Ајвар. Планот го имам некаде ќе го постирам за пола саат.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#499 Posted: 18-May-2008 at 12:52 |
Абе има нешто се гради лево од постојниот терминал, ама тоа како жто знам оддамна се гради и веќе е зарѓана арматаурата, тоа којзнае од кога е во застој. Инаку фали паркинг постор. Сега е намалена цената на паркингот, порано беше 100 ден за саат. А има и коли што се паркирани на патот пред аеродромот.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#500 Posted: 18-May-2008 at 12:25 |
Originally posted by lslcrew
Денеска баш идев до александар македонски аеродромот, и стално кога идам се се нервирам што е така далеко од градот. А за аеродромот а не праиме муабет, Он можеби е среден, ама по кафиќите нема цени во евра. Поготово не ми се свиѓа делот каде што излагаат патниците. Надвор се прави ептен голема гужва, а со оглед на тоа што се работи за дестинации како цирих и дизелдорф, можете да замислите каква сељачана се збира пред аеродором и бадијала прават гужва. По 100 луѓе чекаат еден патник. Мора барем тука некој минимален ред да се воспостави.
п.с. постов може би не е затука, ама гледам сте спомнале аеродром, па ако треба префрлете го.
|
Незнам зошто е проблем што е Аеродромот далеку??  Мислам дека е 25км точно, во Минхен е на пример 40км од градот. Баш мислам дека локацијата му е супер во однос на Скопје. Другите забелешки ти се на место но џабе ќе ги дискутираме бидејќи и онака овој терминал ќе го снема кога ќе почне да се прави новиот така да со него ќе ги снема и најголемиот дел од овие проблеми.
|
 |