![]() |
![]() |
![]() |
Железнички станици |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 41> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Огромен работен успех за железничката инфраструктура во земјава. Уште да пуштат возови само во петок и недела и се` би било во ред. ![]() Ако има некаков приоритет на западната пруга во овој дел, тогаш тоа сигурно би била реконструкцијата на станиците Кичево, Гостивар и Тетово, како и изградба на нова станица во Радуша и можеби слична кај селото Брвеница бидејќи во близина е Штуловиот универзитет. Се разбира, бројот на возови треба да биде поголем од бројката два! |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Започната изградбата на нова железничка постројка во близина на Ратае
НЕДЕЛА, 24 ФЕВРУАРИ 2013 07:27 ![]() Со цел овозможување на железнички услуги од јавен интерес, по барање на Општина Јегуновце и месните заедници од Ратае и Жилче, ЈП за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје со сопствена механизација и градежна екипа отпочна со изградба на нова железничка постројка во близина на населеното место Ратае. Општина Јегуновце во реализација на овој проект учествува со набавка на градежни матријали, песок 40 м? и 5 м? готов бетони др. Со изградба на нова железничка постројка во близина на населеното место Ратае, се очекува подобрување на фреквентноста со главниот град, намалување на транспортните трошоци, времето и зголемувањето на придобивките за животната средина со употреба на железничкиот транспорт. Железничките услугина територијата на Општина Јегуновце се одвиваат преку железничката станица во Јегуновце и железничките постројки во Долно Орашје, Јегуновце (фабрика), и изградбата на нова железничка постројка во близина на населеното место Ратае. http://lokalno.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=13145%3A2013-02-24-09-28-52&catid=149%3Ajegunovce&Itemid=143&lang=mk |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Салата на Транспортниот центар во минатото беше давана на уметнички групи, ама ниту тие ништо не направија. Ми се чини дека неа во моментов ја користат само играорците. Железница треба да покаже малку проактивност, ако ништо друго и чекалните во централната станица можат да се искористат за одигрување на некаква форма на претстави, на поставување на изложби. Да заживее просторот.
|
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
Во продолжение еве како изгледаат некои инспиративни станици и далеку поприступачни за патници.
![]() ![]() ![]() ![]() http://www.bbc.co.uk/news/magazine-21428797 И на крај една статија на BBC за тоа дека железничките станици се многу повеќе место каде возовите запираат за да патниците се качуваат. http://www.bbc.co.uk/news/magazine-21353825 |
||
![]() |
||
makonix ![]() Senior Member ![]() Joined: 08-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 520 |
![]() ![]() |
|
Со оглед на тоа дека се ближи времето на реконструкција на главната железничка станица, мои размислувања се дека овој објект треба да стане иконичен и светла точка на градот.
1. Изобилството на бетон текстура го прави премногу ладен, потребна му е светла боја да се офарба, застакли, реклами, декорации. 2. Кровот е неинспиративен и запуштен 3. Внатре треба некако да се реорганизира и да се создаде поотворен простор со изобилство на лифтови, ескалатори и чекалните треба да бидат далеку посветли и погостуљубиви. 4. Овој објект е сигурно е еден од најнеприступачните за патници што воопшто сум ги исусил во живот. Крајно не е функционален моментално, за еден патник да се качи во воз, треба да се спровира низ тесни коридори, качува скали едно три пати со торби, што воопшто не е едноставно ако не си бодибилдер. И плус на сето тоа екстра качување по возот. Луѓето не се заштитени од студ и сонце на платформите. Не знам со кој памет се дизјнаирал објектов, ама верувам нкоиј од планерите не ја пратиле својата стара мајка на станицава да патува сама |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Со 2,9 милиони евра навистина чуда ќе направат.
То не ескалатори,да не пропуштиле да кажат дека ескалаторите уствари ќе бидат телепорт. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
КОНЕЧНО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК Два лифта, ескалатори и обновени перони за модерна Железничка Проектот за реконструкција на Железничката станица конечно ќе ја обнови оваа градска порта со достоен и модерен изглед. Освен целосното обновување на внатрешноста, станицата ќе добие нов современ информациски разгласен систем кој ќе ги известува патниците Железничката станица во Скопје, конечно, ќе добие нов модерен лик. Проектот за нејзината реконструкција е веќе изработен, а до крајот на следната година предвидено е реновирањето да биде завршено. Консултантска компанија со светско реноме - Гронтмеј" од Холандија, го подготвила планот за реконструкција на Железничката станица, а во претстојниот период треба да се распише тендер за избор на изведувач кој ќе ги заврши градежните работи. Сепак се уште не е одлучено дали ќе се распише еден тендер или пак реконструкцијата ќе се додели на повеќе компании кои ќе треба да реализираат поединечни делови од зафатот. Железничката станица веќе одамна изгледа како да е заборавена во времето. Мермерните плочки изгледаат старо и дотраено, а патниците за да се информираат за термините на тргнување на возовите, мора да се симнуваат од пероните, што понекогаш им претставува проблем на туристите на кои им е тешко таму да се снајдат. Досега инвестиции имаше во јавниот градски превоз, обновен беше и скопскиот аеродром, а железничкиот сообраќај веќе подолго време функционира на постојното ниво. Од Министерството за транспорт и врски засега не излегуваат со официјални информации, додека од Македонски железници - Инфраструктура потврдуваат дека се работи на реализацијата на проектот со кој ќе се подобрат условите за користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби. - Од 1981 кога беше пуштена во употреба железничката станица, до денес, на неа не е направен поголем инвестициски зафат, па забот на времето си го направи своето. Проектот за реновирање на станицата е изработен од холандската фирма "Гронтмеј", а неговата реализација ќе чини 2.9 мил евра и е финансиран од Европската унија преку ИПА-фондовите. Следниот чекор ќе биде распишување на тендерот за избор на изведувач, кој треба да почне со работа оваа година, а да заврши до крајот на 2014 година. Со реализација на овој проект ќе се подобрат условите за користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица. Исто така ќе се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарните чворови и приспособени за лица со посебни потреби, подигнат и реновиран под со плочки на пероните за полесен приод во возот, климатизација и друго со што станицата би добила европски лик, соопштуваат од Македонски железници. Во проектот за целосна реконструкција на станицата, ќе бидат опфатени паркинг-просторот, реконструкција на постоечките чекалници како и нов информациски систем. Пред неколку месеци, како почеток на реконструкцијата, скопската железничка станица доби безжична интернет-мрежа. Бесплатниот интернет пристап можат да го користат патниците и минувачите во холот на станицата, на пероните, како и во чекалниците. Сепак од препријатието објаснуваат дека ќе се работи и ќе се реновира само внатрешниот изглед, а недворешноста ќе остане иста. Железничката станица Скопје, била пуштена во употреба пред точно 32 години, а во тоа време претставуваше модерен сообраќаен центар низ кој дневно поминувале по 70 возови и околу 7.000 патници. вечер |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Подолго време не сум налетал на ниту една информација за реконструкцијата на Железничката станица во Скопје. Холанѓаните требаше да направат проект, се надевам дека нашите архитекти не подготвуваат неокласицистичко надградување на овој објект, иако архитектурата со која се граделе главните железнички станици во европските држави им оди во прилог на тоа ![]() |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Подолго време се најавуваше проектот, но колку што знам прв пат излегоа со рокови тек лани. Тогаш беше најавено дека реконструкцијата ќе почне во последниот квартал на годинава и дека ќе трае до средината на 2014 година. Рокот за почеток е пробиен, а не знам во меѓувреме можеби имало некаква информација со нови рокови, но барем јас не се сеќаам дека сум налетал на таква. Edited by Cloverstack - 30-Dec-2012 at 00:53 |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Кога би требало да започне реконструкцијата на железничката станица во Скопје?
|
||
![]() |
||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
|
Железничка
станица - Кочани 1925 - во градба - една од ретките фотографии од тој
период (благодарност до Слободан Илиќ - Цирих, Швајцарија)
http://oldkocani.do.am/ ![]() |
||
![]() |
||
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
|
![]() Железничката станица во Кочани во периодот на завршување на изградбата во април 1926 година http://oldkocani.do.am/ |
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека оваа индустриска пруга има иднина. Министерството за економија порано или подоцна ќе го даде под концесија рудникот за железо, кој во себе има богатство кое е едно од најголемите во овој дел од Европа. Согласно со планинскиот терен, оваа индустриска пруга е изградена на најтежок терен во Македонија. Рестартирањето на рудников дефинитивно ќе ја оживее оваа пруга. Редовни товарни возови досега има само на потегот Јегуновце-Ѓорче Петров, а сето останато се повремено сообраќања. Конечно, нови прагови се растовараа во железничката станица Кичево, најверојатно ќе се санира дел од пругата, претпоставувам станичниот колосек. |
||
![]() |
||
MIKI1 ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Jan-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 313 |
![]() ![]() |
|
Според прописите за проектирање железнички станици, постојат три вредности/висински разлики помеѓу котата од перонот и ГРШ (горен раб од шина) и тоа: -38 см -76 см и -98 см. По мое сеќавање, пероните не се повисоки од 76 см од шините, со оглед на потребата од користење на скалите од вагоните за влез во нив. За точен податок, згодно е мерење на висинската разлика на лице-место. Edited by MIKI1 - 06-Nov-2012 at 21:52 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
железничката станица во с.Тајмиште(кај Стража) која во времето кога работеше рудникот за железна руда работеше со полн капацитет.објектот е сега населен со некои луѓе кои го претвориле во свој дом зад кој има трло со 130 овци!!!!!!.колосеците работат нормално и доаѓа воз одвреме на време воглавном да превземе овци за транспорт за повардарието
![]() ![]() |
||
![]() |
||
TDT ![]() Newbiе ![]() Joined: 31-Aug-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Edited by TDT - 09-Oct-2012 at 01:50 |
||
![]() |
||
milena ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 184 |
![]() ![]() |
|
ЌЕ СЕ РЕKОНСТРУИРААТ ЖЕЛЕЗНИЧKИТЕ СТАНИЦИ НА KОРИДОРОТ 10
Запустените перони ќе добијат нов лик ![]() Во проектот е опфатено реновирање и модернизирање на станицата во Скопје, како и на оние во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Kапија, Градско и во Неготино Руинирани згради со чекалници кои прокиснуваат, неуредни тоалети, неосветлени перони и искршени табли за возен ред. Ова е денешната слика на македонските железничките станици, која, според најавите, треба да се промени за две години. Дотогаш ќе се спроведе проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на поголемите железнички станици на Kоридорот 10 и кракот 10Д според најдобрите практики во Европската унија, за кој веќе се обезбедени 2,5 милиона евра од ИПА-фондовите. Истовремено ќе се реновира и модернизира и железничката станица во Скопје, каде што ќе се подигнат пероните за полесно да се влегува во возовите, ќе се постават лифтови и патеки за олеснет пристап на лицата со посебни потреби, а ќе се унапреди и енергетската ефикасност со поставување соларни панели на покривот на платформата. За оваа намена се обезбедени 2,7 милиони евра и се очекува јавниот повик за изведувач на градежните работи да се распише до крајот на годината. - Со проектот се опфатени железничките станици во Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка, Табановце, Демир Kапија, Градско и во Неготино. На овие станици има стари убави згради, но тие се запуштени. Зависно од оштетувањата, ќе се трудиме да ги задржиме овие објекти. Некаде ќе се реновира фасадата и ќе се зајакне конструкцијата на објектот, а однатре целосно ќе се обноват. Ако се покаже дека се целосно руинирани, тогаш зградата ќе се урне и ќе се реконструира одново - вели Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Договорот за процена на железничките станици и подготовка на потребната проектна документација за отпочнување на нивна рехабилитација е склучен со компанија „Аланет глобал конзорциум“ во јули оваа година. Kонсултантот треба да изврши процена на моменталната состојба на железничките станици и да подготви анализа за сите потребни активности за нивна обнова. - Целта на проектот е надоградување на станиците, подобрување на пристапноста, безбедноста и сигурноста, како и да го поттикне интересот на патниците за користење на овој вид транспорт. Градежните работи треба да почнат во 2014 година и да бидат комплетирани до крајот на 2015 година - вели Јанакиески. На скопската железничка станица ќе се подига нивото на перонот за да одговара на европските стандарди. За полесен пристап на горната платформа со пероните ќе се постават два нови лифта и ќе се заменат скалилата, а целосно ќе се реконструираат сите тоалети. Со проектот се предвидува реновирање на чекалниците, со што ќе им се подобри удобноста на патниците што чекаат воз. Низ станицата ќе се постават тактилни патеки за полесно движење на слепите лица и платформа за движење на лица со хендикеп по скалилата. Шалтерите за продажба на билети ќе се оспособат на потребите на сите патници. Влезот на станицата ќе се реновира и ќе се постави нов систем за информирање на патниците со информативни ЛЕД-табли, часовници, екрани и разглас. - Целта ни е Скопје да добие модерна, реновирана железничка станица која ќе ги задоволи и естетските и безбедносните потреби на патниците во Македонија. Следствено, ќе се подигне атрактивноста на превозот со железница промовирајќи зелен транспорт, а сепак притоа обрнувајќи особено внимание на потребите на лицата со хендикеп. Од тој аспект, во проектот беше вклучена и НВО „Полиоплус“, а со цел со нејзините предлози и сугестии да се дојде до техничко решение кое соодветно ќе ги рефлектира потребите на сите граѓани - вели министерот Јанакиески. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=501CCFCEFF9EB44891B4CFE21BF76134 Edited by milena - 09-Oct-2012 at 01:51 |
||
![]() |
||
polval ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Feb-2009 Online Status: Offline Posts: 177 |
![]() ![]() |
|
Последен пат кога бев на станицата во Сапотница таму живееја луѓе, а гледам и сега има некој сајбија затоа што има бавча пред станицата, да се надеваме дека нема да се растури зградата.
|
||
![]() |
||
zookisk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Dec-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Добро е што е уште "жива" станицава...Само да не ја дочека истата судбина како Тополка, Слепче, Мажучиште и уште неколку други...Порано Тополка беше станица за пример поседната со отправник на возови и свртничари а сега........
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 41> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |