![]() |
![]() |
![]() |
Јавен автобуски превоз (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 86> |
Author | ||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
А со што би имало врска?Колку што знам нови автобуси добивме и еднаш се покачи цената. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Не е ова колонијал па да прави намалување на производи секоја недела.Што ако за 2 недели пак порасне?
Ако и понатаму продолжи да паѓа цената на горивата во континуитет би се корегирала.Мислам би требало ама во оваа држава ништо не се знае ![]() Edited by jyvation - 15-Dec-2014 at 15:08 |
||
![]() |
||
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
Дами и господа форумѓии, во последно време ме измачува една дилема.
- Дали принципот на поскапување на јавниот превоз кога цената на горивото расте, важи и обратно ако цената драстично се намали (како на пример денеска)?! Или ќе ги полнат мемињата сега приватните превозници па дури и шпедициите, македонска работа бреееј........ Edited by zdravozivo - 15-Dec-2014 at 14:58 |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
ЈСП ЌЕ ГРАДИ КОМПЛЕКС ЗА ДНЕВНА НЕГА НА АВТОБУСИТЕ
![]() Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе добие нова современа автоперална во базата во Автокоманда, со простор за дневна нега каде што ќе може да се види дали е с` во ред со автобусите, по потреба да се смени филтер и сл. Претпријатието распиша оглас за прибирање најповолна понуда за изработка на идеен и изведбен проект за градба на комплекс за дневна нега на автобусите во базата во Автокоманда, чија вредност е проценета на 500.000 денари без ДДВ. Директорот Мишо Николов вели дека проектот ќе одговори дали ќе се приспособи еден од постојните сервиси во базата или тој ќе биде урнат, па на истото место ќе се гради нов објект. - Миењето на автобусите во новата автоперална ќе биде автоматско. За ден час ќе може да се измијат 30 автобуси, односно за две минути ќе се мие еден автобус. Пералната ќе опслужува 180 автобуси кои се во базата на ЈСП во Автокоманда - вели Николов. Градежните активности би почнале наредната година. Сите заинтересирани, своите понуди со идејните и изведбените проекти треба да ги достават најдоцна до 3 ноември во 12 часот кога ќе се спроведе јавно отворање. Во ноември 2012 година ЈСП пушти во употреба современа автоперална во автобазата во Ѓорче Петров. http://www.dnevnik.mk/?ItemID=E055BC7EF5CDC640B71092D2E86BC71E |
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
Во странство со вакви магнетни картички (RFID card) обично не се наплаќа едно возење, туку еден час возење што прекачувањето од еден во друг автобус е по цена на едно возење.
|
||
![]() |
||
Glava ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 08-Sep-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 78 |
![]() ![]() |
|
http://dnevnik.mk/?ItemID=8C6F73A72A4D5F45BD2E350649E4E175
Датум: 02.10.2014, 18:37 ЈСП ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ ВРЕДЕН ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА „Т-МОБИЛЕ“ СО ПАРТНЕРИ ОД БУГАРИЈА И ОД СЛОВЕНИЈА ЌЕ ВОВЕДЕ УМНИ БИЛЕТИ ВО АВТОБУСИТЕ Електронските билети за јавниот автобуски превоз скопјани ќе ги имаат в раце во јули следната година. Деновиве ЈСП „Скопје“ го потпиша договорот со „Т-мобиле“, вреден 3 милиони евра, според кој компанијата има рок од девет месеци да ги воспостави системите за електронска наплата и за автоматска локација на возилата. Следното лето се очекува во јавните и приватните автобуси да има единствена цена на возење, да се исфрлат од употреба хартиените билети, а патникот на автобуското стојалиште на електронска информативна табла да прочита за колку време ќе пристигне автобусот што го чека. Разни видови плаќања и тарифни системи Од „Т-мобиле“ велат дека сите обврски ќе ги исполнат во предвидените рокови. На прашањето од каде ќе ја набават потребната опрема и каква ќе биде таа за да може да се стават во функција двата система, од компанијата велат дека на тендерот победиле тие, споени во конзорциум со „Маргенто РиД“ ДОО од Марибор, Словенија и ИKОМ ООД од Софија, Бугарија. - Овој проект ќе овозможи подигање на квалитетот на превозните услуги преку запазување на пропишаните возни редови и намалување на времето на чекање во согласност со моментните случувања во сообраќајот во градот. Ќе нуди можност за воспоставување разни видови плаќања и тарифни системи. Предвидена е соодветна хардверска и софтверска опрема, како ГПС-уреди, валидатори, уреди за контрола, сервери итн. Дел од опремата ќе се инсталира во самите автобуси, дел ќе биде во рамките на ЈСП и Град Скопје, а дел ќе лежи во дата-центарот на „Т-мобиле Македонија“ - изјавија од компанијата, од каде што додаваат дека тие се водечки член на конзорциумот. - Имајќи предвид дека станува збор за многу комплексно решение во кое не може да се дефинира каде почнува и каде завршува еден систем, одговорноста за имплементација на целото решение како систем интегратор ќе ја има „Т-мобиле“, кој како водечки член на конзорциумот е задолжен за носење на сите извршни одлуки и давање соодветни гаранции за успешно инсталирање и функционирање на целиот систем - велат во домашната телкомуникациска компанија. Опрема за 500 автобуси Оттаму не прецизираа кога ќе почне инсталирањето на опремата. - Роковите за воведување на системот се дефинирани во рамките на тендерската процедура. За навремено пуштање во продукција на целиот систем, „Т-мобиле“ има изработено детален проектен план по кој ќе се работи. Заедно со партнерите сме организациски и кадровски подготвени да го испорачаме решението во зададениот рок - велат оттаму. Kако што претходно беше најавено од надлежните во ЈСП, валидатори за електронска наплата ќе се постават во 500 автобуси, од кои 150 во приватни автобуси. Ќе бидат поставени три машини за продажба на електронските картички и тоа на пофреквентните автобуски постојки. Електронските билети ќе се продаваат и на 58 продажни места и билетарници. Ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди кои ќе ги користат контролорите. Што се однесува до системот за автоматска локација, „Т-мобиле“ ќе има задача да постави 50 информативни дисплеи на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за колку време ќе пристигне одреден автобус. Во сите автобуси ќе треба да се постават ГПС-уреди за сателитско следење на возилата и да се опреми диспечерски центар на ЈСП во рамките на Студентскиот дом „Kузман Јосифовски - Питу“. Kога ЈСП го распиша јавниот повик за набавка, процени дека се потребни 120 милиони денари, односно два милиона евра за двата система, а понудата на „Т-мобиле“ беше 180 милиони денари, односно околу 3 милиони евра. За да може ЈСП да склучи договор со оваа компанија, на седница на Советот на Град Скопје мораше да се направи измена во Инвестициската програма во која се зголеми предвидениот износ. Тогаш и самиот директор на ЈСП, Мишо Николов изјави дека лошо ја процениле вредноста на набавката. За воведувањето на овие системи беше донесена одлука на Советот на Град Скопје уште во времето кога градоначалник беше Трифун Kостовски. Електронската наплата значи дека патниците ќе имаат една картичка на која ќе ставаат пари колку што сакаат, а при влегување во автобус со читачот ќе им биде одземена сума колку за едно возење. Патниците нема да се задржуваат при влегување во возилото, ниту ќе купуваат билети од возачот. Овој нов тип наплата ќе го намали и времето на стоење на постојките, како и времето што е потребно за патниците да влезат во автобус. Со системот за автоматска локација претпријатието лесно ќе го контролира времето на тргнување и пристигнување, како и на задржување на автобусите на станиците. Анела Петрова http://bukvar.mk/news/za-9-meseci-kje-nema-hartieni-bileti-vo-avtobusite?newsid=x3W1 01.10.2014, 11:40 ЈСП "СКОПЈЕ" ГО ПОТПИША ДОГОВОРОТ СО Т-МОБИЛЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ ЕЛЕКТРОНСКА НАПЛАТА ЗА 9 МЕСЕЦИ ЌЕ НЕМА ХАРТИЕНИ БИЛЕТИ ВО АВТОБУСИТЕ Со електронската наплата, граѓаните што се возат со јавниот превоз ќе си купуваат електронски припејд картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето Од јуни в година, во автобусите на ЈСП "Скопје" нема да се употребуваат книжните билети туку ќе почне да функционира електронскиот систем за наплата. ЈСП "Скопје" вчера го потпиша договорот со компанијата "Т-Мобиле", која има рок од девет месеци да го воспостави новиот систем за наплата. Според деталите во договорот, ќе бидат набавени 200.000 електронски картички, како и 50 уреди кои ќе ги користат контролорите. Ќе се постават 500 валидатори за електронски билети, од кои 150 во приватни автобуси. Ќе бидат поставени три машини за продажба на електронските картички, и тоа на пофреквентните автобуски постојки. Електронските билети ќе се продаваат и на 58 продажни места и билетарници. "Со електронската наплата или воведувањето таканаречени паметни билети, ќе се избегнат билетите од хартија и ќе се скрати времето на влегување на патниците во возилата. Граѓаните што се возат со јавниот превоз, ќе си купуваат електронски припејд картички, кои ќе ги дополнуваат со толку пари колку што сакаат, а при влегувањето во автобус ќе ја приближат картичката до читач, кој од неа ќе им одземе сума колку што чини возењето", вели Мошо Николов, директор на ЈСП"Скопје". Со новиот систем ќе се врши и автоматската локација на автобусите. Патниците на автобуските стојалишта на електронски табли ќе добиваат информации за колку време ќе стаса автобусот кој го чекаат. Возилата ќе бидат следени преку сателит и информациите ќе се проследуваат во реално време. 40 информативни дисплеи треба да бидат поставени на автобуските постојки, преку кои патниците ќе добиваат информации за пристигнувањето на автобусите. За воведување на новиот систем за електронска наплата и автоматско следење на возилата ЈСП "Скопје" ќе потроши 3 милиони евра. (А.А.) |
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Oбид број 3
![]() Во среда стартуваат двете нови градски линии на „Галеб“ кои периферијата ќе ја поврзат со центарот на Охрид ![]() Вести | Охрид | 05.10.2014 15:35Посети : 277 Најголемиот автопревозник АД „Галеб“ -Охрид, во среда, 8-ми октомври воведува две нови градски линии кои ќе ги поврзат периферните делови од градот со централното подрачје. Првата линија ги опфаќа: населбата „Гоце Делчев (Бараки), Стобекс - Видобишта, улица 7- ми Ноември, булевар Туристичка (Од зграда Печијаре до кружниот тек на пресекот со улица АСНОМ), болница, Момчило Јорданоски. На втората линија автобусите на „Галеб“ ќе сообраќаат од Меѓуградската автобуска станица, булевар Железничка, булевар Туристичка (Плаво бели згради), улица Јане Сандански (Гимназија), Питу Гули - автобуска станица, односно Железничка. Автобусите на „Галеб“ на споменатите линии ќе возат по симболична цена од само 20 денари. Воведувањето на двете нови градски линии ќе им овозможи на граѓаните на Охрид од поодалечените населби подобра комуникација со центарот на градот, и ќе им го олесни секојдневното движење до работа, школо, пазар или чаршија. © 2014 Ohridnews.com |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
подобро ќе служам најтешка затворска казна отколку да им дадам 1000 денари на овие неписмени стоки (и тоа 1000 денари на рака, како рекет да е, а не казна, што треба да биде поддржана со некаков вид на документ)
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Па како можете да воведете временски карти ако не ви работат поништувачите?
|
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Не, не, ако не работи поништувачот, си одам горе, си седнувам, па ако дојде контрола можам и јас самиот да си го скинам билетот, ич не го мачам шоферот
![]() |
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
ЗА ШВЕРЦУВАЊЕ ВО АВТОБУС КАЗНА 1.000 ДЕНАРИ
![]() Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе ја зголеми цената на дополнителниот казнен билет, кој ќе чини 1.000 денари и за градските и за приградските линии. Досега оние што се фатени од контролорите на ЈСП без билет плаќаа казнен билет во висина од 200 денари за градските и 300 за приградските линии. Управниот одбор на претпријатието ја донел ваквата одлука, но таа треба да добие зелено светло од членовите на Советот на Град Скопје на седницата в четврток. Одлуката ќе влезе во сила на денот на донесувањето. Да се подобри дисциплината за плаќање билети Причини за зголемување на цената на т.н. казнен билет, според директорот на ЈСП, Мишо Николов, е да се воспостави поголема дисциплина за плаќање билети. Тој смета дека тоа не е висока цена. - За тие што се непринципиелни патници и не плаќаат билети тоа не е многу. На овој начин ќе се подобри наплатата, а тоа ни е и целта. Пониската цента на доплатниот-казнен билет не беше доволна мотивација патниците да си купуваат билети - изјави Николов. И скопскиот градоначалник Kоце Трајановски завчера потенцира дека ЈСП треба да го зголеми процентот на наплата. - Потребно е барем за 15-20 отсто да ја зголемат заработувачката, односно ефикасноста во наплатата - рече тој. За разлика од него, вчера Николов истакна дека имаат наплата од 90 отсто. „Наскоро полнам 65 години“ Според Томе Лазовски, сменоводител на контролорите во ЈСП, неплаќачи се граѓани од сите категории, од повозрасните до помладите. - Најчести неплаќачи се повозрасните, оние што се близу до исполнување на старосната граница кога е дозволен бесплатен превоз, која е 62 години за жени и 64 години за мажи. Тие најчесто се правдаат дека имаат уште два или три месеци до наполнување на потребната возраст и бараат да им се прогледа низ прсти. Има и ученици од приватните училишта кои треба сами да си вадат слободни карти. Исто така има и студенти што не плаќаат. Освен тоа, среќаваме и убаво и елегантно облечени патници, кои се гледа дека имаат пари, а се возат без билет. Таквите, кога ќе бидат фатени од контролор дури и се закануваат: „Знаете ли кој сум јас, ќе летате од работа“ - раскажува Лазовски. Според него, најчест изговор на оние што не го поништиле билетот е дека го ставиле во поништувачот, но тој не го поништил. - Тогаш тие се правдаат дека не се виновни што поништувачот не работи. Точно е дека понекогаш не работат, но тоа не е оправдување. Kога ќе забележи дека не му е поништен билетот, патникот треба да му каже на возачот, за тој да му го поништи, а не да ја чува картата за да има за уште едно возење. Има и такви што се правдаат дека им паднала картата, а други пак намерно не ја поништуваат, ќе си седнат во автобусот, а кога ќе видат дека влегуваат контролори веднаш се упатуваат кон поништувачот. Kога ќе ги прашаме зошто не го поништиле билетот, се правдаат дека се качиле на претходната станица и не стасале, па тоа го прават во моментот - вели Лазовски. Според статистиките на ЈСП, пак, најчесто оние што се шверцуваат во нивните автобуси се на возраст од 25 до 40-годишна возраст. - Најмногу прекршители што не платиле билет во последниве месеци има на линиите „2“, „22“, „9“ и „19“ - информира Ана Груевска од ЈСП. МЕСЕЧНО НАПЛАЌААТ ДО 1.400 КАЗНЕНИ БИЛЕТИ Во првото полугодие од годинава Службата за контрола на ЈСП извршила 90.323 контроли на билети. Во просек, дневно се вршени по 499 контроли. Одземени се 503 претплатни месечни билети и се наплатени 7.674 казнени билети. Дополнително, поднесени се 2.478 прекршочни пријави на оние што не го платиле казнениот билет на самото место. Според Извештајот за работењето на ЈСП за 2013 година, лани биле извршени 156.540 контроли, дневно во просек по 428 контроли. Наплатени 15.635 дополнителни билети, а одземени биле 1352 месечни билети. Биле поднесени 4.900 пријави. Директорот Николов потенцира дека месечно се наплаќаат од 1.200 до 1.400 дополнителни-казнени билети. - Kога контролорот ќе фати патник без билет во автобусот, се составува записник и му се дава дополнителен билет кој може да го плати веднаш. Ако не го плати во рок од 8 дена, тогаш записникот ќе иницира прекршочна постапка пред надлежниот инспекциски орган во Град Скопје, а оттаму до Kомисијата за прекршоци при Министерството за транспорт и тие изрекуваат глоба во износ од 50 евра - вели Николов. ПОЛИЦАЈЦИТЕ ВО УНИФОРМА СЕ ВОЗАТ БЕСПЛАТНО Припадниците на МВР кога се во униформа не плаќаат билет во автобусите, велат во ЈСП. - Доколку е во униформа, полицаецот не плаќа билет, но ако е во цивил, тогаш како и секој граѓанин е должен да си го плати билетот - објасни Томе Лазовски, сменоводител на контролорите во ЈСП. Според директорот на ЈСП, Мишо Николов, на тој начин тие имаат корист бидејќи се зголемува безбедноста во автобусите. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=881F170FFBFE2B4AB28192CD55446FE6 ...Тогаш тие се правдаат дека не се виновни што поништувачот не работи. Точно е дека понекогаш не работат, но тоа не е оправдување. Kога ќе забележи дека не му е поништен билетот, патникот треба да му каже на возачот, за тој да му го поништи...' Еве за што служат возачите.После се чудиме зошто се случуваат сообраќајни незгоди со автобусите ![]() Edited by jyvation - 25-Sep-2014 at 10:08 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
АВТОБУСИТЕ НА ЈСП НАПРАВИЛЕ ОКОЛУ 150 СООБРАЌАЈКИ
Во една од сообраќајните несреќи, животот го загубиле четири лица кои биле во автомобил што директно се судрил со автобус Елена Вељановска Претекнувањето со приватните автобуси кој прв да стигне на постојката и да собере што е можно повеќе патници, сообраќајниот метеж, брзото возење на автомобилите, а особено на таксистите, претрчување на необележан пешачки премин од страна на несовесните пешаци, несовесност на возачите кои превезуваат огромен број патници, се само дел од причините поради кои автобусите на ЈСП „Скопје“, учествувале во сообраќајни несреќи во кои имало материјални штети, повредени патници, но, за жал и жртви. Според информациите добиени од одговорните во претпријатието, во првата половина од оваа година, автобусите на ЈСП „Скопје“ учествувале во вкупно 150 сообраќајни несреќи. ... „Низ цело Скопје сообраќајот е постојано во хаос. Виновници можеме да бараме насекаде, од пешаците до возачите на автомобили, таксистите... Сепак, многу често и возачите на ЈСП знаат да возат брзо и да ја загрозат нашата, а се разбира и нивната безбедност“, вели патничка на ЈСП, која како што кажува, веќе 10 години се вози со автобус секој ден и притоа била сведок на многу непријатни случки поврзани со брзото возење. Сепак, иако станува збор за околу 600 професионални возачи, од кои дури 300 секојдневно се вклучени во сообраќајот и управуваат со 320 нископодни или двокатни автобуси, безбедноста на патниците многу пати до сега била сериозно загрозена. „Во поголем број од сообраќајките во кои учествувале нашите автобуси, направена е само материјална штета. Но, во една имаше и четири жртви кои не беа наши патници, туку се превезуваа во автомобилот кој удри директно во нашето возило. Во последната сообраќајка пак имаше голем број повредени патници“, вели Билјана Јанкуловска- Митова, портпарол на ЈСП „Скопје“. Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=5279A5DA8436954DA5F5EDD61081E185 Edited by Џоле - 25-Sep-2014 at 09:19 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
1. Изедначување на цената кај приватниците и државните автобуси (или приватниците да не возат низ центарот, само на приградските линии, па нека си наплаќаат поскапо).
2. Воведување на електронски систем на наплата, меѓутоа кај приватниците да се исплаќаат фиксни суми месечно, а не според бројот на патници превезени (за да не возат некогаш со 10 km/h, а некогаш со 80 km/h за да фатат што повеќе патници). Евентуално, некоја друга метода, која нема да ги тера да се тепаат за патници - веројатно непоклопување на линиите (кое и онака мора некогаш да се случи бидејќи нема смисла приватен и државен автобус на иста траса, со исти постојки, на најпрометните улици). 3. Возењето на пензионери во толкав број ги одвраќа патниците кои би платиле карта на тој ден. Решение: билети со попуст за студентите, учениците, и пензионерите. Нема зошто некој да се вози бесплатно, освен ако не е хендикепиран, или социјален случај. Edited by гитардемон - 24-Sep-2014 at 17:22 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
|
ЈСП имаат финансиски проблеми. За споредба неколкуте приватни компании работат рентабилно и со кредити за автобусите(ако поволни сепак платени а не поклон), без финанссиска помош од град Скопје и владата и со пониски цениза билети. Плус ретко кој вади месечна а да не е на јсп. Значи прблемот е исклучиво од политички карактер. Се префрлаат пари за разни глупи проекти кои не се во наадлежност на јсп, а градот не секогаш го субвенционира возењето на пензионерите.
инаку, grip=прилепување ![]() |
||
![]() |
||
sanos_a ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 149 |
![]() ![]() |
|
штом кочел на кривина, сигурно едното тркало му повеќе кочило од другото (стара болест на санос, кој сака редовно проверка на кочниците и штел клучевите), плус влажен коловоз и ете ти проблем
|
||
најдобриот форум за автобуси
www.autobusi.net/forum |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Зарем забораваш кои се најлојалните гласачи на избори? |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Ниска цена на билетите, боже што ќе слушнам, ко божем тоа е главниот проблем? Па ај ако не ние останатите смртници (непензионери) да плаќаме по 100 денари, за да тие се возат. Само кај нас, луѓе што немаат приходи (невработени, студенти, стечајци) плаќаат билети, додека ова баграва за до пазари и останато се вози по автобуси и после била крива цената, а не нивната неспособност и превработеноста во нивното претпријатие.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Некој треба да јаде ќотек!
ЈСП ГО ТРЕСЕ ФИНАНСИСКА КРИЗА Градоначалникот Коце Трајановски ја искритикува работата на раководството на претпријатието бидејќи не успева да ја зголеми наплатата и да ги намали загубите Елена Вељановска Големиот број патници кои се возат без пари, ниската цена на билетите, како и лошата наплата се главните причини поради кои ЈСП „Скопје“ трпи финансиски загуби. Според првиот човек на ова јавно претпријатие, Мишо Николов, не може да се очекува да биде рентабилно и да не трпи никакви загуби претпријатието кое работи со ниска цена на билети споредена со големите трошоци кои секојдневно ги има, како и со превезувањето голем број патници кои бесплатно ги користат нивните услуги. Темата за лошата финансиска ситуација на ЈСП повторно стана актуелна откако завчера вработените најавија штрајк поради неисплатена плата. Оваа информација која проструи низ медиумите, експресно беше демантирана од одговорните во претпријатието кои тврдеа дека платите на вработените редовно се исплаќаат. Сепак, за проблемот се огласи градоначалникот Коце Трајановски, кој јавно проговори за финансиската состојба на ЈСП и за загубите што ги трпи. За да се реши проблемот со неисплатената плата, Трајановски префрлил околу 27 милиони денари од градската класа, со цел парите да се поделат за плати за вработените. Освен овие средства, градоначалникот најави дека во наредните денови ќе бидат покриени и останатите загуби кои ги направило јавното претпријатие, бидејќи од потребните 50 милиони денари наменети само за плати, остварило приход од едвај 8 милион денари. Сепак, Трајановски, иако дал согласност за исплата на парите, остро ја искритикува работата на претпријатието и на неговото раководство, од кое побара поголем ангажман и поуспешна наплата за на тој начин претпријатието да почне да работи без загуби и да застане на „свои нозе“. Градоначалникот посочи дека ЈСП „Скопје“ не може постојано да се потпира на субвенциите кои му ги исплаќа Градот. Според него, претпријатието мора да ја зголеми заработувачката барем за 15 до 20 отсто, поточно за толку да ја зголеми ефикасноста во наплатата, за што треба да се потрудат, како што рече „цела армија контролори“ кои не успеваат да обезбедат наплата. Но, првиот човек на ЈСП, Мишо Николов, смета дека претпријатието се соочува со вакви проблеми поради ниската наплата, односно поради тоа што многу патници се возат без пари. „Не може да се очекува да бидеме профитабилни и да немаме загуби кога голем број патници што ги користат нашите услуги плаќаат нула денари за услугата што ја користат, а проблем е и ниската цена на билетот“, вели Николов. Од Градот, пак, објаснуваат дека, како и со останатите јавни претпријатија, тие будно ја следат состојбата и во ЈСП. „Град Скопје од своја страна обезбедува програмски средства за поддршка на јавното претпријатие, но, во основа, мора да се вложат дополнителни напори за обезбедување зголемена наплата на превозот. Ова ќе се обезбеди со поголема ефикасност на контролите во автобусите и со намалување на бројот на патници кои не плаќаат или, пак, се возат со фалсификувани слободни карти. Значи, решението е во зголемување на наплатата, а не во зголемување на цената на јавниот превоз“, информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Според информации од ЈСП, оваа година од градската каса биле префрлени 150 милиони денари на сметка на претпријатието за покривање на трошоци по различни основи. Дополнителни 20 милиони денари им биле искеширани за поставувањето на новите автобуски постојки низ градот. Предвидено е од градската каса да се одлеат дополнително и 60 милиони денари наредната година за финансирање на проектот за системот за автоматска локација на автобусите. Поради лошата финансиска ситуација, останува нејасно зошто Град Скопје одлучи ЈСП да биде инвеститор на проектот за изградба на панорамското тркало кое ќе чини околу 18 милиони евра. „Се надеваме дека ќе има голем број донации со чијашто помош ќе го реализираме проектот за изградба на панорамското тркало на Вардар“, кратко ни одговори Николов. http://www.utrinski.mk/?ItemID=1F2B9341F693034991545331BF84F07F |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
за grip се подобри гуми со што е можно подлабоки шари |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 86> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |