![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 63> |
Author | |||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
На 26.07.2014 година, кога Црквата го празнува соборот на свети Архангел Гаврил, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши мал водосвет и го освети славскиот колач во храмот во изградба на светите Архангели Михаил и Гаврил во Куманово. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://koe.mk/ |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Обнова на митрополитскиот соборен храм на св. Никола во КумановоСо благослов на Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, започна да се реновира митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. http://koe.mk/ |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Црквата „Св. Никола“ во Љубанци ќе добие нова камбанарија
25.05.2014
|
15:43
Црквата „Св. Никола“ во скопското село Љубанци ќе добие камбанарија, која ја донира Јохан Тарчуловски и неговото семејство. Нејзините темели денеска ги освети митрополитот повардарски г. Агатангел со свештеници од Скопската епархија на МПЦ, во присуство на жителите на селото и на голем број гости.Меѓу нив беше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која изјави дека со изградбата на камбанаријата ќе се заокружи целиот комплекс на црквата „Св. Никола“. Најави и реконструкција на конаците од манастирскиот комлекс кој се наоѓа во ова село на Скопска Црна Гора. - Црквата „Св. Никола“ е од 19 век, а до неа има и црквичка од 16 век, која е целосно конзервирана од Националниот конзерваторски центар. Со изградбата на камбанаријата ќе се заокружи целиот комплекс. Министерството за култура со надлежната институција почна и со реконструкција на конаците на манастирскиот комплекс „Св. Никола“ во Љубанци. Веќе се завршени проектите и во јуни ќе се објави тендер за избор на фирма за демонтажа на конаците, се со цел по добивањето на конзерваторското одобрение на проектот за реконструкција во 2015 година да започнеме со целосна реконструкција на манастирските конаци со кои ќе се привлечат и наши граѓани и туристи, рече Канческа-Милевска. Во камбанаријата ќе биде вградено ѕвоно од еден тон што се чува во селото, а денеска беше изложено во дворот на црквата. Ктиторот на камбанаријата Тарчуловски истакна дека таа е голема радост за жителите од неговото село и за црквата зашто од таму, како што рече, почнува убавото и среќата во селото. - Денешниот ден е голема радост за сите нас, за селото Љубанци каде што сум роден, за црквата „Св. Никола“ каде што сум крстен, каде што се венчани моите родители. Од дете сум израснат тука и отсекогаш ми било чест и задоволство да можеме сите заедно нашата црква да ја подигнеме на повисоко ниво и животот во селото да го направиме христијански, уште побогат и повесел, изјави Тарчуловски по чинот на осветување на темелот, на кој присуствуваа и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски. Владиката Агатангел го пренесе благословот на поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан и истакна дека камбанаријата ќе биде дел од секојдневието на жителите на Љубанци зашто ќе ги повикува за радост, за жалост и ќе ги буди за молитва. - Ѕвоното од еден тон ќе го слушаат и околните села, можеби и долу до Радишани и до Бутел. Со неговото ѕвонење и наутро и напладне, народот ќе го повикаат на молитва, а преку молитвата која е разговор со Бога, ќе се смируваат и ќе го најдат мирот во душите и срцата, рече владиката Агатангел. Фото: А.Ивановски извор:Република |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Хортикултурно уредување на манастирот Св. Стефан во КончеПретседателот на Советот на Југоисточниот плански регион и градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов, заедно со градоначалниците на општините Конче и Радовиш, на свечен начин со сечење лента го означија крајот на хортикултурното партнерно уредување на манастирскиот простор на манастирот Св. Стефан во с. Конче. Активноста е дел од регионалниот проект „Уредување на просторот околу манастирските локалитети на Св. Стефан“ во с. Конче општина Конче и Св. Ѓоргија во с.Ораовица општина Радовиш“ финансиран преку Бирото за рамномерен регионален развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2013 година. Цел на проектот е Инфраструктурно уредување и поставување на соодветна урбана опрема на просторот околу локалитетите на Конечки манастир и Ораовичко манастирче. Локалитетите “Ораовичко манастирче – Манастир Св.Горѓи” во с. Ораовица и „Конечки манастир – Манастир Св.Стефан”во с.Конче изградени се во периодот 13 -14 век и претставуваат уникатни природни и културни вредности, со многу историја, легенди, митови, верски обичаи и настани, кои придонеле со текот на времето да станат вековно традиционално собиралиште на луѓето од овој крај и пошироко. Со проектот се овозможува партерно и хортикултурно уредување на овие два локалитети, подобрување на условите за вековното, традиционално собиралиште на луѓето од овој крај и пошироко, а исто така се очекува да се зголеми и туристичката посетеност на овие два манастирски комплекса од граѓаните на Југоисточниот и Источниот плански регион, како и други домашни и странски туристи. Носител на проектот е Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а партнери во реализацијата на проектот се општина Конче и општина Радовиш. |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Продолжува реконструкцијата на конакот во манастирот „Св. Архангел Михаил” во Варош
Трета фаза од реконструкцијата на источниот конак во манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил” во Варош, Прилеп … sveti arhangel mihail varosh 2 Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на третата и претпоследна фаза од темелната реконструкција на источниот конак во еден од нај убавите манастирски комплекси „Св. Архангел Михаил” во Варош, Прилеп. Третата фаза опфаќа изградба на кат, вообличување на објектот со покрив и изработка и вградување на столаријата. Работите се одвиваат според предвидената динамика, а со завршувањето на оваа фаза објектот ќе го добие својот конечен изглед, кој поради изведбата во камен во долниот дел, се добива впечаток како да изникнува од самата карпа. Ваквиот впечаток дополнително визуелно и естетски ја разубавува сликата за целиот манастирски комплекс сместен во подножјето на Марковите кули. sveti arhangel mihail varosh 1 Новиот конак се гради на вкупна површина од 292 м2 и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година. Реализацијата на проектот за обнова на источниот конак од црквата „Свети Архангел Михаил”, која е главната и единствена манастирска црква во варошкиот манастир, претставува потврда за грижата на Министерството за култура за сите непроценливи културни вредности и културното наследството во Република Македонија. http://cooltura.mk/?p=52446&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b6%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d1%2581%25d1%2582%25d1%2580%25d1%2583%25d0%25ba%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b0 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Фала! |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
![]() ![]() ![]() Edited by Makedonij - 03-Aug-2014 at 06:58 |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Imame ja registrirano 10 strani nazad, Sv. Arhangel Gavril - Čento
|
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
||
Се обновува фасадата на Црквата Св.Петнаесет Тивериополски Свештомаченици
Во тек се градежните активности на фасадата на Црквата Св.Петнаесет Тивериополски Свештомаченици во Струмица. Старата фасада на црквата која е изградена во 70-те години од минатиот век ќе биде комплетно заменета со нова фасада. Фасадата треба да биде готово до почетокот на декември. Црквата е направена од бетонски платна, додека новата ќе биде изработена како инспирација од македонското традиционално градителство. Автор на идејното решение за новата фасада на црквата е професорот Кокан Грчев според кој измените нема да имаат влијаат врз физичката структура на објектот. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://strumicadenes.mk/se-obnovuva-fasadata-na-crkavata-sv-petnaeset/ |
|||
![]() |
|||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
||
Почна изградбата на нова црква во селото Спиково, општина Пехчево
Во рамки на традиционалната роднокрајна манифестација „Спикијада“ денеска на големиот државен, национален и верски празник Илинден, со чинот осветување на темели започна изградбата на нова црква во селото Спиково, во општина Пехчево. ![]() На пригодната свеченост на присутните празникот им го честита, ги поздрави и каментемелникот на новата црква го положи градоначалникот Игор Поповски. Со празничната богослужба чиноначалствуваше свештенослужителот Горан Димитковски од Малешевското архиерејсто намесништво на МПЦ- ОА. - Спиково има богата историја, во него постојано но сигурно се враќаат одамна иселените жители. Минатата година изградивме вододвод, годинава планираме реконструкција на патот, а за наредната година и електрификација, изјави Николчо Зафировски, претседател на организациониот одбор на Манифестацијата „Спикијада“. За сите учесници во програмата и за гостите беше приредена илинденска трпеза со познатите малешевски специјалитети. „Спикијадата“ продолжи со општонардона веселба. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=38011 |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Во населба Ченто, Скопје. Нешто наслушнав дека црквава се вика Свети Михаил и Гаврил, или така нешто, ако некој знае подобро, нека ме исправи.
![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
||
Се реновираат две цркви во Куманово
![]() Кумановско-осоговската епархија го започна реновирањето на храмовите свети Мина во Проевце и света Петка во Бедиње во Куманово. Во моментов, се врши подготовката на ѕидовите за фрескоживопис, а се планира целосна обнова на електричната инсталација и поставување на нова кровна конструкција. Двете цркви ќе добијат нови фасади. Исто така, во план е и целосно хортикултурно уредување на дворовите на црквите. Проектите се реализираат со средства на Кумановско-осоговската епархија. http://www.vecer.mk/default.asp?ItemID=B9346CDA686F64449A43435FC0E8BC5C |
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Некој понов мал храм во Битола
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
||
Манастирот се наоѓа на патот кој што води од Струмица кон Берово. Се наоѓа на височинка од која се гледа цела стумичка околина. Особено убаво е навечер. За жал не е осветлено ниту има некој кој би ја одржувал околината. Еден друга самоиницијативно направи таму клупички и го зачистуваше местото така да чат пат одевме таму навечер. Иначе манастирот е прилично нов граден некаде помеѓу 1998 и 2002 мислам дека некаде во околината има и конаци. Штета навистина што црквата не ја среди околината.
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Манастир Свети Климент и Наум Охридски, Хамлази, Струмица
![]() |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Покрај толку многу инфраструктурни проблеми, на Чаир најмалку му се потребни уште една џамија и исламски образовен центар (или црква, сеедно). Пред една недела ја прошетав населбата, и тоа што го видов воопшто не наликуваше на градска населба. Ѓубре имаше насекаде, улиците се полни со дупки, тревници не постојат, нема зграда што не е доградена или надградена - вистински урбан хаос! Мислам дека и во Газа повеќе се почитуваат некои урбани стандарди одошто во Чаир. Многу ми е жал поради тоа, зашто од урбана населба се претвори во страшно гето.
|
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
||
Во Чаир се гради нова џамија и исламски образовен центар
![]() Во општина Чаир ќе се подигне една од поголемите џамии во Македонија. Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити и поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи пред неколку дена ги поставија темелите на новото верско здание, во чии рамки се предвидени научно – едукативен центар, амфитеатар, библиотека, читална и останати содржини што ќе дадат поттик за проучување на исламот. Според тврдењето на веб – страницата на општина Чаир, овој верски храм ќе биде првиот во нашата земја кој ќе има верски и научен карактер. Дел од просториите во идниот објект ќе се користат и за образование на студентите кои ја изучуваат исламската теологија. Новата џамија ќе има трапезоидна форма, со четири минариња и ќе биде лоцирана во населбата Топанско поле, во непосредна близина на Балканскиот универзитет и новиот комплекс на Државниот универзитет во Тетово. http://www.build.mk/?p=37368 |
|||
За сè има вторпат
|
|||
![]() |
|||
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
||
Вчера во Топаанско поле, во близина на тврдината Кале се удри камен темелник на уште една џамија со огромни димензии, прв пат во Скопје со четири минариња! Во Европа, а се плашам и пошироко, вклучувајќи ја и Турција, не постои држава со повеќе џамии на квадратен километар од Македонија! Македонија вртоглаво брзо ита кон судбината која го снајде Либан во 1970те год. кога од земја со христијанско мнозинство стана држава со доминатно муслиманска популација...а знаете што се случи со таа држава: 30 години долга граѓанска војна, која и до денес не е целосно завршена, а сега христијаните не се ни 30% од населението!
Edited by antigona - 28-Jul-2014 at 10:21 |
|||
![]() |
|||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
||
Второто ќе да е. Од 1992 година па наваму, во секоја македонска влада имало и за жал сеуште има коалициски партнер кој ги застапувал и за жал сеуште ги застапува интересите на муслиманското малцинство во Македонија, па затоа поисплатливо е да се задоволат хировите на муслиманското малцинство во корист на политичките и деловните интереси на коалициските партнери, отколку да се негуваат интересите на мнозинството, кое секогаш ќе остане лесно за да биде поделено на предавници и патриоти, а поделено мнозинство секогаш е лесно за дупење во здрав мозок. А религијата која ја форсира актуелната влада - античката религија, е паганска и изумрена, па затоа и сосема разбирливо е тоа што мнозинството граѓани досега не виделе никаква корист од истата. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2014 at 21:29 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |