Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#501 Posted: 18-Dec-2009 at 16:14 |
Спринт за да се фати зелено светло
Најголем
проблем се јавува кај семафорот на раскрсницата кај Градска
болница и Зелено пазарче каде што времето за поминување
трае само четири секунди
Половина од
семафорите во градот се прекратки за поминување на пешаци.
На некои раскрсници зеленото светло едвај трае пет секунди,
па за да ја преминат улицата граѓаните мора да трчаат. Најголем
проблем се јавува кај семафорот на раскрсницата кај Градска
болница и Зелено пазарче. Тука времето за поминување трае
само четири секунди. За тоа време, според нашите мерења, не
може да се стаса ниту до половина од булеварот. Дури и да
потрчате за да поминете, ќе ви фалат уште неколку секунди. "Еден
ден, едвај спасив жива глава. Да не беше едно моме да ми
помогне, сигурно сега не ќе бев жива. Буквално правам два
чекора, и зеленото се гаси. А секој ден одам на пазар, се
враќам, одам по внуците. Верувајте, стравувам кога доаѓам до
пешачкиот премин. Ова мора да се среди. Зар треба некој да
загине, па да им текне да го решат проблемот", се жали
65-годишна скопјанка. Ваквата слика е секојдневие на
повеќето раскрсници. Скопјани се жалат на семафорите кај
зградата на Црвен крст на булевар 11 Октомври, на оние кај
постојката "Рекорд", на улицата Илинденска, кај Влада. Од
Град Скопје засега немаат намера да го решат овој проблем,
иако имаат голем број поплаки. Од одделението за односи со
јавност се правдаат дека за да се одржи брза проодност на
возилата на крстосницата кај Градска, семафорите мора да
траат толку кусо. "Градот ги има предвид забелешките за
должината на зеленото светло на семафорите на оваа
локација и на потегот по булеварот 11 Октомври. Во
сообраќајната студија која се изработува, побарано е да
се разработат можни решенија за оптимализирање на
пешачкиот и моторниот сообракај и на оваа важна градска
сообраќајница", објаснуваат од Градот.
http://vest.com.mk/?ItemID=B96DAEED818E894998CFFF55BFC4E048 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#502 Posted: 26-Nov-2009 at 03:27 |
Поставени нови сообраќајни знаци на улиците
Поради
зголемување на безбедноста во сообраќајот, екипите на ЈП "Улици и
патишта", по налог на Градот Скопје, деновиве поставија нови
сообраќајни знаци на улиците Христо Татарчев, Народни херои, Огњан
Прица, Салвадор Аљенде, Манапо и на булеварот 8 Септември. - На
улиците се поставени три знаци за обележување пешачки премини. На
улицата Салвадор Аљенде е наместен сообраќаен знак за забрането
свртување во десно. На булеварот 8 Септември и на улицата Манапо во
населбата Карпош поставени се три сообраќајни знаци триаголник, -
информираат од Град Скопје.
Вертикалната сигнализација минатата недела беше обновена и во
населбите Чаир и Ѓорче Петров. Во функција на регулирање на сообраќајот
се поставија осум сообраќајни знаци и тоа на булеварот Босна и
Херцеговина пет, на улицата Кемал Сејфула еден и на улицата Ѓорче
Петров два. За заштита од паркирање на возила на паркингот на црквата
"Свети Спас", на улицата Самоилова, екипите на ЈП "Улици и патишта" во
наредниве два дена ќе се постават два сообраќајни знаци, како и 20
столбчиња со висина од 1 метар и ф 100 милиметри.
http://vecer.com.mk/?ItemID=2F4F1A668FC35141AE83FE175A71AF29 |
|
 |
FoSsiL
Senior Member
Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
|
Quote Reply
#503 Posted: 22-Nov-2009 at 16:24 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#504 Posted: 20-Nov-2009 at 17:23 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#505 Posted: 20-Nov-2009 at 17:23 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#506 Posted: 09-Nov-2009 at 17:18 |
Редовен изговор е дека се разместени поради исклучување, а ја лично имам приметено неколку раскрници кајшто бројчаниците се соема изместени и од она што лантерните го прикажуваат, па така на рузвелтова/партизанска целено се пали на три секунди и слични ситуации!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#507 Posted: 09-Nov-2009 at 14:59 |
И покрај негативниот тон, во суштина одлична вест - конечно се вградуваат нови контролори  И последните соопштени рокови се погазени, но сепак подобро неколку недели, отколку како досега, по неколку години... Реално, за наши услови и за ваков проект, тоа е занемарливо.
САМО ЗА ШЕСТ МЕСЕЦИ ПО ПОСТАВУВАЊЕТО
Не работат половина од бројачите на семафорите
Градските власти
објаснуваат дека бројачите на семафорите не работат бидејќи се менуваат
контролерите, кои се стари повеќе од десетина години
Половина
од бројачите кои градските власти ги поставија на семафорите веќе
неколку недели не работат. Не се одбројува времето на семафорите на
булеварите Партизански одреди, Климент Охридски, Мито Хаџи Василев
Јасмин и на на дел од семафорите на булеварот Јане Сандански. "Џабе
ги поставија бројачите кога постојано се случува дел од нив да не
работат. Проблем е и тоа што дел од бројачите се многу мали, односно
бројките се многу ситни, па едвај се гледа уште колку секунди
остануваат да се запали црвено или зелено светло на семафорите", велат
скопјани. Од Град Скопје објаснуваат дека бројачите на семафорите не работат бидејќи се менуваат контролерите. "Дел
од контролерите на семафорите се стари повеќе од десетина година и
затоа беше потребна нивна промена. Со замена на контролерите ќе се
регулира и зелениот бран на булеварите. Работите за кратко време ќе
завршат и потоа брајачите пак ќе ги вклучиме", велат од Град Скопје. На
забелешките на граѓаните дека дел од бројачите се многу ситни и дека не
се унифицирани, односно дека на крстосниците има различен тип на
бројачи, градските власти велат дека не ги набавиле тие, туку дека се
донација од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот. (А.А.)
|
http://vest.com.mk/?ItemID=3DF54A272E542544B17E2CD920460A29
Edited by Cloverstack - 09-Nov-2009 at 15:00
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#508 Posted: 22-Oct-2009 at 10:42 |
Одлична е идејата за поставување на кафеава патна сигнализација за историски, културни и споменици на природата.
Еве Ви пример колку е тоа потребно. Сите одиме барем по еднаш во годината накај Охрид. КОлкумина знаат дека Вруток изворот на Вардар е само неколку км после Гостивар? Дека после Кичево има манастир кој е од особено значење?
Нели би било примамливо, доколку на излезот од Кичево, би имало знак за Македонски Брод, упатувајки на тоа дека таму има пештера која се споменува со измислените пештери од Господарот на Прстени?
Тврдината Кастиљо, после Катланово накај Велес ретко кој ќе ја знаеше ако и воопшто теренот не беше потсреден скоро и доколку не беше поставени македонското знаме.
Ај се надевам ќе ја биде работава.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#509 Posted: 22-Oct-2009 at 00:53 |
Во врска со "кафеавите" патокази и најавената стандадизација на сигнализацијата. На прв поглед звучи ветувачки. Редно е да престанеме да измислуваме топла вода јасно е како ова треба да се спроведе без француски јазик, без некакви скаламуции.... Андреј многу убаво го има сето тоа резимирано во овој пост.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#510 Posted: 21-Oct-2009 at 12:00 |
СО ОДЛУКА НА ГРАДСКИОТ СОВЕТ
Старите семафори се селат од Скопје
Градот
ќе им донира дел од скопските стари семафори на општините Кавадарци,
Кочани и Прилеп. Одлуката за донација ја изгласаа градските советници
на последната седница. Станува збор за 39 семафори за возачи и 34 за
пешаци. - Досега се заменети 900 семафорски светилки, од кои половината
може да бидат употребени и донирани. Испративме допис до сите општини,
а како заинтересирани се јавија само овие три - објасни на седницата
Јован Христоски, раководител на Секторот за сообраќај во Градот. Како
што стои во образложението на одлуката, властите ја почнале акцијата за
замена на старите со семафори од најновата генерација поради тоа што
досегашните потешко се одржувале и сервисирале. http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1845&ArticleID=124614 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#511 Posted: 21-Oct-2009 at 11:59 |
Се воведуваат кафеави патокази
Со новата
вертикална сигнализација ќе се означуваат туристичките места и
локалитети, и на патиштата треба да се најде до крајот на 2010
На
патиштата кои водат до туристичките места, националните паркови и до
културно - историските знаменитости, Агенцијата за државни патишта ќе
постави кафеави патокази, исти какви што се користат во земјите од ЕУ.
Вертикалната сигнализација на патиштата треба да се најде до крајот на
2010 и треба да го олесни патувањето од една до друга дестинација. Вакво
означување на туристичките места и знаменитости во Македонија засега
има само на археолошкиот локалитет "Стоби". Кафеавите знаци, на кои е
испишано "Стоби" и оддалеченоста во километри, државата ги постави уште
пред пет години, кога се одржуваше Олимпијадата во Атина за да ги
привлече туристите да запрат барем на едно кафе на пат кон Грција. Од
Агенцијата за државни патишта велат дека проектот за специјално
означување на знаменитостите и на туристичките места е предвиден со
одлуката на Владата за целосна замена на вертикалната сигнализација,
која била усвоена на седница пред десетина дена. "Освен
туристичката сигнализација, и на магистралните и на регионалните
патишта во следните две години ќе поставиме нова сообраќајна
сигнализација која ги исполнува меѓународните барања. Конечно ќе се
постават и знаците за максимално дозволена брзина на автопатиштата до
130 километри на час и за регионалните патишта до 110 км на час, со кои
и во практика ќе се спроведува она што е напишано на хартија", велат од
Агенцијата за државни патишта. Од таму објаснуваат дека следните
неколку месеци ќе се подготвува нова проектна документација со која ќе
се прецизира кој знак точно каде ќе биде поставен.
http://vest.com.mk/?ItemID=C91EAC710875A7469CCAB92BA1E236CE |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#512 Posted: 13-Oct-2009 at 14:46 |
 Македонска класика. Не умри магаре до зелена трева
 А кога некогаш навистина ќе се стигне до реализација, ќе се вчудоневидуваме од содржината на знаците.
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#513 Posted: 13-Oct-2009 at 14:38 |
Новите знаци во 2010 година
На почетокот на
годинава од "Македонија пат" продолжија најавите дека новите знаци и
патокази ќе се најдат на патиштата во текот на 2009 година, но досега
нема реализација
Од
2010 година ќе стартува замената на оштетените сообраќајни знаци и
патокази. ЈП "Македонија пат" веќе две години најавува дека ќе ја
обнови оштетената патна сигнализација со околу 900 нови знаци, но
на отворената владина седница во саботата министерот за транспорт и
врски Миле Јанакиески најави дека знаците и патоказите ќе се
менуваат во период од две години, и тоа од 2010 до крајот на 2011
година. Нема детали колку ќе чини проектот, но, според владиниот
портпарол Мартин Мартиновски, на седницата било посочено дека во
Буџетот за 2010 година ќе се предвидат пари и за оваа намена. Според
познавачите, ова значи дека нови знаци ќе почне да се поставуваат
дури кон втората половина од 2010 година, бидејќи Јавното
претпријатие првин треба да распише тендери за набавка на лим,
специјална фолија и н адршки за изработка на знаците. Во
изминативе десетина години не е направена обнова на патната
сигнализација во земјава. ЈП "Македонски пат" врши замена на
знаците само во ретки случаи, кога старите ознаки се премногу
оштетени. Во текот на 2008 година од ЈП "Македонија пат"
повеќепати најавија дека до крајот на годината ќе ги обноват патоказите
и знаците, но неуспешно завршија тендерите за набавка на материјал
за изработка на знаците. На почетокот на годинава од Јавното
претпријатие продолжија најавите дека новите знаци и патокази ќе се
најдат на патиштата во текот на 2009 година, но досега нема
реализација. (Т.Ј.)
http://vest.com.mk/?ItemID=18C9ACB4B5F8A04DA42BC16624C61737
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#514 Posted: 09-Oct-2009 at 13:21 |
Старите семафори ќе се подарат на градови од внатрешноста |
|
|
Вкупно 73
лантерни,
односно светлосни уреди, градот ќе им додели
на општините
Кавадарци,
Кочани
и Прилеп |
|
|
|
 |
|
Општините
Кавадарци, Кочани и Прилеп ќе ги добијат старите семафори што се
отстрануваат од скопските улици ако градскиот совет в среда ги усвои
одлуките за овие донации. Градот, согласно со своите планови за работа,
веќе ги менува постојните семафорски светилки и поставува лантерни од
најновата генерација. Овие активности се вршат поради
техничко-технолошката застареност на сегашните уреди, што го отежнува
нивното сервисирање и одржување во исправна состојба, но и за да се
унапреди безбедноста на учесниците во сообраќајот. Заменетите светилки
не се планира повторно да се употребуваат и тие се складирани во
просториите на јавното претпријатие „Улици и патишта“.
Но
некои општини се заинтересирале да ги земат застарените лантерни и да
ги постават на раскрсниците кај нив. Затоа градот подготви одлуки за
донации што советниците треба да ги изгласаат, со кои овие уреди ќе се
подарат наместо да се фрлат, а градската управа веќе нема да мора да го
плаќа нивното одржување.
Во Кавадарци ќе се дадат 20 возачки
лантерни со црвено, жолто и со зелено светло, како и 16 пешачки
светилки со црвено и зелено светло, сите со широчина на светлата од по
21 сантиметар. Прилеп треба да добие 14 пешачки лантерни со истата
широчина и уште 14 возачки, од кои половината се широки по 21, а
останатите 30 сантиметри. Пет возачки и четири пешачки лантерни од по
21 сантиметар ќе и се доделат на општината Кочани.
Откако ќе
се изгласаат овие одлуки во градскиот совет, градоначалникот Коце
Трајановски ќе треба да потпише договори за донациите со своите колеги
Ратко Димитровски од Кочани, Марјан Ристески од Прилеп и Александар
Панов од Кавадарци. Општините што ги примаат светилките единствено ќе
треба на свој трошок да ги земат од депото на „Улици и патишта“ и да ги
транспортираат до местата каде што тие ќе се наместат.
Г.Т. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1099102485&id=14&prilog=0&setIzdanie=21808
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#515 Posted: 25-Sep-2009 at 15:44 |
Телеком има оптичка мрежа ширум Скопје. Односно старата жичана инсталација што проаќа низ оние коцкасти ПТТ шахти сега ја има заменето со оптичка. Но кога се поставува оптичка инсталација обично се поставуваат и доста т.н. Dark Fiber односно оптички влакна што не се користат и се оставаат за да се искористат за некои идни потреби. И ова се прави поради ниската цена оптичките кабли, инсклучително малиот волумен на влакната, а и се поширокоата примена на оваа технологија. Така да Supervisor претпоставува дека дел од инсталацијата на Телеком се користи за овие потреби, што е апсолутно логично решение, брзо и ефтино со тоа што град Скопје ќе си откупи неколку влакна колку што сметаат дека им се потребни.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#516 Posted: 25-Sep-2009 at 14:05 |
 Не разбирам што точно сакаш да кажеш. Те молам, може ли малку попрецизно?
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#517 Posted: 24-Sep-2009 at 18:41 |
Оптиката од Телеком и тука врши удел.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#518 Posted: 24-Sep-2009 at 15:50 |
Конечно попрецизна вест. Да видиме дали овој пат ќе се испочитува рокот...
СООБРАЌАЈНИ ПРОЕКТИ НА ГРАД СКОПЈЕ
Зелен бран на 36 улици
Со
зелен бран до крајот на октомври ќе се поврзат 36 сообраќајници во
градот, најави градоначалникот Коце Трајановски, како дел од тековните
градски проекти. Семафорите на овие улици ќе се спојат со оптички кабел
и на тој начин ќе се овозможи зеленото светло да се вклучува
истовремено кај сите. Трајановски вели дека така ќе се избегнат
проблемите што се јавуваат кога сообраќајните полицајци при секое
исклучување и вклучување на семафорите ги изместуваат тајмерите за
светлата.
Покрај овој проект, скопскиот градоначалник најави и проекти
за проширување на неколку булевари и улици. - Булевар Србија ќе
продолжи да се прави од Трета македонска бригада до Првомајска. Има
мали имотни проблеми, кои ќе се решат, а финансиите се обезбедени и
работите ќе завршат во определениот рок. Исто така, тука се прави и
фекалната канализација и“вели Трајановски. Градот ќе ја проширува и
Првомајска на потегот од Рампа до Драчево, со четири ленти. На трасата
од Расадник до општината Кисела Вода за властите се спорни два објекта.
Документацијата би требало да биде готова в година и тогаш да почнат
градежните работи. Во план е да се доврши и булеварот Македонска војска
во Ѓорче Петров, а во општина Гази Баба ќе се прави улицата Маџари, од
семафорите во Ченто до мостот кај населбата Маџари. Според Трајановски,
инвестицијата ќе биде по половина со општината, со тоа што е предвидено
да се направат и тротоари, како и улично осветлување. Булеварските
жардиниери на Партизанска и на 8 Септември треба да бидат завршени до
крајот на октомври. Поради проблеми со снабдувачите на земја, градските
власти ги продолжиле роковите.
Р.П. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122385
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#519 Posted: 16-Sep-2009 at 18:12 |
Повторно бесрамни најави за зелен бран... Колку години ќе ги рециклирате истите лаги, говеда неспособни!  Можеме и сами да видиме како тоа функционира во пракса, не мора вие да ни кажувате. Со вакви дибеци, зелените бранови уште долго само ќе ги сонуваме. Јас би бил пресреќен доколку за почеток се справат со еден многу поедноставен проблем - флексибилни циклуси за различни периоди од денот. До кога ќе бидеме приморани во 3 сабајле да дремеме на семафори исклучително долги периоди? Во меѓувреме немаше ни вест дека опремата (новите контролори и оптичките
кабли) потребна за ефикасно координирање на семафорите низ градов е конечно набавена. И оваа опрема ни ја најавуваат со години...
Од денеска зелен бран и кај МТВ |
|
|
Подготвителниот
период за тестирање
на семафорите
заврши,
и од денеска
кај МТВ ќе
се вози по светлосни
сообраќајни
правила |
|
|
|
 |
|
Зелен
бран од хотелот „Континентал“ до Владата ги очекува скопјани од денеска
по должината на булеварот Гоце Делчев. Градските власти тестирањето го
најавија за петти и шести септември и, откако на седми септември
соопштија дека нема никакви проблеми со функционирањето на семафорите,
сепак тие една недела не беа пуштени во употреба. Граѓаните велат дека
со поставувањето на овие семафори кај Македонската телевизија ќе се
намали времето за чекање при големи метежи, но и ќе се зголеми
безбедноста во сообраќајот.
- Ако се добие ефектот зелен бран
,ќе биде одлично. Ќе се намали метежот кога луѓето ќе си одат накај
дома од своите работни места и обратно, а со самото тоа ќе се заштеди и
многу време. Но најважно е што ќе се зголеми безбедноста како на
пешаците, така и на учесниците во сообраќајот, бидејќи ова место во
минатото беше критично за сите луѓе, без разлика на кој начин
учествуваат во сообраќајот. Знаеме дека во овој дел не се внимаваше на
брзината со која се движеа возилата и мислам дека тој проблем конечно
ќе се реши и ќе спречиме само дел од сообраќајниот хаос што секојдневно
го доживуваме - изјави Владо Ангеловски, возач.
Иван Ставрев,
техничкиот директор на јавното претпријатие „Улици и патишта“, истакна
дека подготвителниот период за тестирање на семафорите што бил побаран
од Министерството за внатрешни работи и градската управа бил завршен.
-
Подготвителниот период заврши. Испитувавме како функционираат
семафорите, но и дали тие на граѓаните ќе им овозможат зелен бран по
должината на булеварот. Од денеска би требало семафорите да бидат
пуштени во употреба, бидејќи нема никаква пречка за да се случи
спротивното - изјави Ставрев. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91691026488&id=14&prilog=0&setIzdanie=21789
Edited by Cloverstack - 16-Sep-2009 at 20:04
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#520 Posted: 14-Sep-2009 at 16:56 |
нема логика ни германски. Доволно е Англиски како интернационална варијанта и локалните јазици како што е пропишано според законите. Единствено можеби би ставил транскрипција на локалните јазици за правци во други земји (на пример Грчка транскрипција за Солун или Албанска за Тирана).
Сепак и тоа е сувишно, знаци треба да се практична работа и да укажуваат на правци а не да бидат незнам какви показатели на мултикултура и да му треба да човек упатство за да го истолкува знакот.
|
 |